Декамерон Archives - Република https://republika.mk/tema/dekameron/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 11:30:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Декамерон Archives - Република https://republika.mk/tema/dekameron/ 32 32 „Декамерон“ во режија на Дејан Пројковски, а во копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис вечерва на фестивалот „РУТА“ на Бриони https://republika.mk/vesti/kultura/dekameron-vo-rezhija-na-dejan-projkovski-a-vo-koproduktsija-na-gradsko-pozorishte-podgoritsa-narodno-pozorishte-nish-i-barski-letopis-vecherva-na-festivalot-ruta-na-brioni/ Mon, 19 Aug 2024 11:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=807932

Претставата „Декамерон“ во режија на Дејан Пројковски е копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис, а вечерва ќе биде изведена во рамките на фестивалот „РУТА“ на Бриони.

Чумата коси низ Европа, милиони мртви, годината е 1348, нема лек, надеж, утеха, нема рационално промислување. Социјалната изолација е единствениот начин да се преживее (преживување). Бокачо сместува во изолација група млади луѓе, кои ќе ѝ се спротивстават на болеста со раскажување приказни, уживајќи во животот и во подарените мигови на среќа во апокалиптичното опкружување. Кога Бокачо тоа го направил, нема причина зошто и ние да не го направиме во театарското читање на „Декамерон“, со цел да се обидеме да ги побараме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца. Неверојатно е колку од мотивите се преклопуваат, колку симиларии има, колку има непотребно механицистичко и насилно преведување во сегашноста. Хумористичниот пристап, иронијата и апсурдот се поетични средства кон кои прибегнавме со цел да го одбраниме Човекот пред Болеста, Догмата, Глупоста и манипулативните понижувања, велат тандемот Дејан Пројковски и Стеван Копривица.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, кој направи три идентични сценографии за изведбите во Црна Гора, Македонија и Ниш, така што во зависност од понатамошните изведби на претставата оној театар кој е најблиску ќе ја опслужува претставата во следните гостувања.
Костимите се на Марија Пупучевска, која го задржа современиот момент во костимографијата во комбинација средновековните елементи.

Композитор: Горан Трајковски, сценски движења и кореографија: Тамара Вујошевиќ – Мандиќ
корепетитор: Рената Перазиќ, асистент на режија: Бранка Кнежевиќ, асистент на драматург: Сашо Димоски, дизајн на промотивен материјал: Ена Вучковиќ.

Актерската екипа ја сочинуваат актери од помладата и постарата генерација: Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ, Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ.

The post „Декамерон“ во режија на Дејан Пројковски, а во копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис вечерва на фестивалот „РУТА“ на Бриони appeared first on Република.

]]>

Претставата „Декамерон“ во режија на Дејан Пројковски е копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис, а вечерва ќе биде изведена во рамките на фестивалот „РУТА“ на Бриони.
Чумата коси низ Европа, милиони мртви, годината е 1348, нема лек, надеж, утеха, нема рационално промислување. Социјалната изолација е единствениот начин да се преживее (преживување). Бокачо сместува во изолација група млади луѓе, кои ќе ѝ се спротивстават на болеста со раскажување приказни, уживајќи во животот и во подарените мигови на среќа во апокалиптичното опкружување. Кога Бокачо тоа го направил, нема причина зошто и ние да не го направиме во театарското читање на „Декамерон“, со цел да се обидеме да ги побараме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца. Неверојатно е колку од мотивите се преклопуваат, колку симиларии има, колку има непотребно механицистичко и насилно преведување во сегашноста. Хумористичниот пристап, иронијата и апсурдот се поетични средства кон кои прибегнавме со цел да го одбраниме Човекот пред Болеста, Догмата, Глупоста и манипулативните понижувања, велат тандемот Дејан Пројковски и Стеван Копривица.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, кој направи три идентични сценографии за изведбите во Црна Гора, Македонија и Ниш, така што во зависност од понатамошните изведби на претставата оној театар кој е најблиску ќе ја опслужува претставата во следните гостувања. Костимите се на Марија Пупучевска, која го задржа современиот момент во костимографијата во комбинација средновековните елементи. Композитор: Горан Трајковски, сценски движења и кореографија: Тамара Вујошевиќ – Мандиќ корепетитор: Рената Перазиќ, асистент на режија: Бранка Кнежевиќ, асистент на драматург: Сашо Димоски, дизајн на промотивен материјал: Ена Вучковиќ. Актерската екипа ја сочинуваат актери од помладата и постарата генерација: Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ, Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ.

The post „Декамерон“ во режија на Дејан Пројковски, а во копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис вечерва на фестивалот „РУТА“ на Бриони appeared first on Република.

]]>
Со „Декамерон“ на прилепски театар вечер почнува 48. издание на МОТ https://republika.mk/vesti/kultura/so-dekameron-na-prilepski-teatar-vecher-pochnuva-48-izdanie-na-mot/ Wed, 08 Nov 2023 08:06:22 +0000 https://republika.mk/?p=699368

Со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, вечерва во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје почнува 48. издание на Млад отворен театар – МОТ.

На програмата на годинашното издание, што ќе се одржува до 18 ноември, има вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас-предавања.

„Декамерон“ е претстава полна живот. За жал, секојдневието не е.

Специфичната природа на односи, која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството што сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството, нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста – велат организаторите.

Следниот ден на сцена ќе има руски реализам, односно „Браќа Карамазови“, во режија на Оливер Фрљиќ на „Загребско казалиште младих“ – ЗКМ од Хрвстаска. На 10 ноември ќе се одржи претставата „Омаж за Каталин Ладик“ од театарот од Словенија, во режија на Ирена З. Томажин, Јуле Флирл.

Како дел од ова програма, меѓудругото, премиерата ќе има и претставата „Поол“ во режија на Шенај Мандек, а во копродукција меѓу минатогодишните добитници на наградата „Биш“ – „Артопиа“ и „Хибрид“. Исто така, ќе биде прикажана и претставата „Геа“ во продукција на „ErosAntEros“ од Италија, меѓународна копродукција во која учествува и МКЦ/МОТ фестивалот, а која е реализирана како најдобар проект на EFFEA-програмата за 2023 година. Во рамките на официјалната програма се уште и продукции од Естонија, Словенија, Германија, Чешка, Турција и Македонија.

Од 16 до 18 ноември, на сцената во Железничката зграда во Скопје ќе биде претставен перформансот/тетараската инсталација во три дела „Градот како сцена II – приказна за шетачот“ на Филип Јовановски.

На 17 ноември пак, ќе се одржи претставата „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српски народен театар од Нови Сад, Србија.

Мастерклас ќе одржи долгогодишен продуцентот и менаџер за турнеи на Словенско младинско гледалишче од Љубљана Душан Пернат, насловен „Скриената улога на продуцентот“. Како дел од придружната програма е промоција на монографијата за Коле Чашуле на проф. Ана Стојаноска, работилница на режисерот Мираз Метин, а во соработка со „Локомотива“ од Скопје ќе биде реализирана и дискусија – кураторски разговори „Институција која недостасува / Дијалог кој недостасува“.

МОТ и оваа година ќе ја доделува наградата „Биш“, како дел од заложбите на фестивалот за поддршка и промоција на домашната независна сцена.

The post Со „Декамерон“ на прилепски театар вечер почнува 48. издание на МОТ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, вечерва во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје почнува 48. издание на Млад отворен театар – МОТ. На програмата на годинашното издание, што ќе се одржува до 18 ноември, има вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас-предавања. „Декамерон“ е претстава полна живот. За жал, секојдневието не е.
Специфичната природа на односи, која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството што сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството, нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста – велат организаторите.
Следниот ден на сцена ќе има руски реализам, односно „Браќа Карамазови“, во режија на Оливер Фрљиќ на „Загребско казалиште младих“ – ЗКМ од Хрвстаска. На 10 ноември ќе се одржи претставата „Омаж за Каталин Ладик“ од театарот од Словенија, во режија на Ирена З. Томажин, Јуле Флирл. Како дел од ова програма, меѓудругото, премиерата ќе има и претставата „Поол“ во режија на Шенај Мандек, а во копродукција меѓу минатогодишните добитници на наградата „Биш“ – „Артопиа“ и „Хибрид“. Исто така, ќе биде прикажана и претставата „Геа“ во продукција на „ErosAntEros“ од Италија, меѓународна копродукција во која учествува и МКЦ/МОТ фестивалот, а која е реализирана како најдобар проект на EFFEA-програмата за 2023 година. Во рамките на официјалната програма се уште и продукции од Естонија, Словенија, Германија, Чешка, Турција и Македонија. Од 16 до 18 ноември, на сцената во Железничката зграда во Скопје ќе биде претставен перформансот/тетараската инсталација во три дела „Градот како сцена II – приказна за шетачот“ на Филип Јовановски. На 17 ноември пак, ќе се одржи претставата „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ во режија на Јернеј Лоренци, а во изведба на Српски народен театар од Нови Сад, Србија. Мастерклас ќе одржи долгогодишен продуцентот и менаџер за турнеи на Словенско младинско гледалишче од Љубљана Душан Пернат, насловен „Скриената улога на продуцентот“. Како дел од придружната програма е промоција на монографијата за Коле Чашуле на проф. Ана Стојаноска, работилница на режисерот Мираз Метин, а во соработка со „Локомотива“ од Скопје ќе биде реализирана и дискусија – кураторски разговори „Институција која недостасува / Дијалог кој недостасува“. МОТ и оваа година ќе ја доделува наградата „Биш“, како дел од заложбите на фестивалот за поддршка и промоција на домашната независна сцена.

The post Со „Декамерон“ на прилепски театар вечер почнува 48. издание на МОТ appeared first on Република.

]]>
Со „Декамерон“ ги побаравме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца https://republika.mk/vesti/kultura/so-dekameron-gi-pobaravme-zaednichkite-imeniteli-na-nasheto-vreme-i-srednovekovna-firentsa/ Wed, 04 Oct 2023 11:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=687813

На прес конференцијата за медиуми по повод преставата „Декамерон“ на режисерот Дејан Пројковски, режисерот и актерската екипа проговорија за соработката, инспирацијата и енергијата која ја споделиле во текот на подготовката на претставата.

Претставата е копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис, а во рамките на фестивалот „РУТА“ претставата ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје.

Чумата коси низ Европа, милиони мртви, годината е 1348, нема лек, надеж, утеха, нема рационално промислување. Социјалната изолација е единствениот начин да се преживее (преживување). Бокачо сместува во изолација група млади луѓе, кои ќе ѝ се спротивстават на болеста со раскажување приказни, уживајќи во животот и во подарените мигови на среќа во апокалиптичното опкружување. Кога Бокачо тоа го направил, нема причина зошто и ние да не го направиме во театарското читање на „Декамерон“, со цел да се обидеме да ги побараме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца. Неверојатно е колку од мотивите се преклопуваат, колку симиларии има, колку има непотребно механицистичко и насилно преведување во сегашноста. Хумористичниот пристап, иронијата и апсурдот се поетични средства кон кои прибегнавме со цел да го одбраниме Човекот пред Болеста, Догмата, Глупоста и манипулативните понижувања, велат тандемот Дејан Пројковски и Стеван Копривица.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, кој појасни дека се направени три идентични сценографии за изведбите во Црна Гора, Македонија и Ниш, така што во зависност од понатамошните изведби на претставата оној театар кој е најблиску ќе ја опслужува претставата во следните гостувања.
Костимите се на Марија Пупучевска. Таа рече дека го задржала современиот момент во костимографијата во комбинација средновековните елементи и дека актерите ги чувствувале како сопствена кожа.

Композитор: Горан Трајковски, сценски движења и кореографија: Тамара Вујошевиќ – Мандиќ
корепетитор: Рената Перазиќ, асистент на режија: Бранка Кнежевиќ, асистент на драматург: Сашо Димоски, дизајн на промотивен материјал: Ена Вучковиќ.

Актерската екипа ја сочинуваат актери од помладата и постарата генерација кои беа едногласни дека соработката течела одлично, и дека за помладите ова било огромен предизвик и задоволство да се работи со Пројковски и постарите колеги, а постарите, пак, подвлекоа дека црпеле енергија од своите помлади колеги.

Улогите ги толкуваат: Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ
Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ.

The post Со „Декамерон“ ги побаравме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца appeared first on Република.

]]>

На прес конференцијата за медиуми по повод преставата „Декамерон“ на режисерот Дејан Пројковски, режисерот и актерската екипа проговорија за соработката, инспирацијата и енергијата која ја споделиле во текот на подготовката на претставата. Претставата е копродукција на Градско позориште Подгорица, Народно позориште Ниш и Барски љетопис, а во рамките на фестивалот „РУТА“ претставата ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје.
Чумата коси низ Европа, милиони мртви, годината е 1348, нема лек, надеж, утеха, нема рационално промислување. Социјалната изолација е единствениот начин да се преживее (преживување). Бокачо сместува во изолација група млади луѓе, кои ќе ѝ се спротивстават на болеста со раскажување приказни, уживајќи во животот и во подарените мигови на среќа во апокалиптичното опкружување. Кога Бокачо тоа го направил, нема причина зошто и ние да не го направиме во театарското читање на „Декамерон“, со цел да се обидеме да ги побараме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца. Неверојатно е колку од мотивите се преклопуваат, колку симиларии има, колку има непотребно механицистичко и насилно преведување во сегашноста. Хумористичниот пристап, иронијата и апсурдот се поетични средства кон кои прибегнавме со цел да го одбраниме Човекот пред Болеста, Догмата, Глупоста и манипулативните понижувања, велат тандемот Дејан Пројковски и Стеван Копривица.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, кој појасни дека се направени три идентични сценографии за изведбите во Црна Гора, Македонија и Ниш, така што во зависност од понатамошните изведби на претставата оној театар кој е најблиску ќе ја опслужува претставата во следните гостувања. Костимите се на Марија Пупучевска. Таа рече дека го задржала современиот момент во костимографијата во комбинација средновековните елементи и дека актерите ги чувствувале како сопствена кожа. Композитор: Горан Трајковски, сценски движења и кореографија: Тамара Вујошевиќ – Мандиќ корепетитор: Рената Перазиќ, асистент на режија: Бранка Кнежевиќ, асистент на драматург: Сашо Димоски, дизајн на промотивен материјал: Ена Вучковиќ. Актерската екипа ја сочинуваат актери од помладата и постарата генерација кои беа едногласни дека соработката течела одлично, и дека за помладите ова било огромен предизвик и задоволство да се работи со Пројковски и постарите колеги, а постарите, пак, подвлекоа дека црпеле енергија од своите помлади колеги. Улогите ги толкуваат: Милош Пејовиќ, Сања Крстовиќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Душан Ковачевиќ, Маја Вукојевиќ – Цветковиќ, Павле Поповиќ, Евгенија Станковиќ, Уна Лучиќ Стефан Вуковиќ, Драгана Јовановиќ, Лара Драговиќ и Драгиша Вељковиќ.

The post Со „Декамерон“ ги побаравме заедничките именители на нашето време и средновековна Фиренца appeared first on Република.

]]>
„Декамерон“ – претстава за човековата кревкост но и за силата на човечкиот дух https://republika.mk/vesti/kultura/dekameron-pretstava-za-chovekovata-krevkost-no-i-za-silata-na-chovechkiot-duh/ Tue, 15 Aug 2023 10:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=672269

Прилепските актери од Театарот „Војдан Чернодрински“  вчеравечер на фестивалската сцена Долни Сарај во рамки на драмската програма на „Охридско лето“  ја донесоа театарската претстава „Декамерон” од Џовани Бокачо, во режија Мартин Кочовски.

Станува збор за претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. Таа се базира врз хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за човековата  кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичност.

Претставата, според драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиевска има фрагментарна драмартургија затоа што, како што вели,  секоја сцена е посебна приказна.

Напорна работа беше изборот на сцените, односно кои новели да се направат во сцени затоа што сами по себе не се поврзани. Публиката обично очекува да има приказна со континуитет но овде нема такво нешто. Кај нас приказните се поврзани на друго ниво, повеќе би рекла, на емоционално ниво . Претставата беше голем зафат, мојата подготовка траеше подолго време, речиси цела година пред да започнеме со пробите. Тоа што јас го напишав, режисерот Мартин го облагороди. Тоа што јас успеав да го извлечам,тој  го употреби но го оплемени и од целата драматизација ја извади на површина радоста што мене тоа многу ми значи. Се чувствувам благословено што работам со припепската актерска екипа затоа што има што да понуди. Секој актер е посебен , има посебни таленти и сензибилитет и сето тоа ја прави целината да биде богата, вели драматургот на претставата „Декамерон“,Лидија Митоска Ѓорѓиевска.

Според  актерот Илија Волчески, „Декамерон“  бара огромна концентрација и прецизност зашто и мала грешка може да ја потоне претставата надолу.

Секој од нас актерите во различни сцени се појавува со различни улоги. Секој има најмалку една до две сцени каде што се појавува во водечка улога, а во останатите има споредни улоги. Претставата се подготвуваше  повеќе од три месеци. Комплексна,  зависна од многу технички работи како базени, рефлектори, платна и сѐ треба да биде на точна позиција. Треба огромна концентрација и прецизност затоа што ако некој во одреден момент се најде на погрешно место или каже погрешна реплика, може целата енергија од сцената и претставата  да ја потоне надолу, објаснува Волчески.

Театарската претстава „Декамерон“  не е прва соработка на прилепските актери со режисерот Мартин Кочовски.

Со режисерот Мартин Кочовски досега сме сорботувале многу пати. Затоа ни е многу  полесно да се прочитаме меѓу себе, која е неговата идеја, како ние како актери сметаме дека треба да ја реализираме и да ја надградиме таа идеја. Но и покрај тоа што сме имале заеднички проекти, сепак ни е предизвик да работиме со него. Кога станува збор за Прилепски театар и Мартин Кочовски во комбинација, тоа е секогаш голем број актери, голема екипа и добра претстава. Прилепскиот театар  беше на „Охридско лето“ последен пат во 2015 година исто така со претстава режирана од Мартин Кочовски, и еве, речиси по осум години се враќаме на фестивалската сцена.  Кога ги работиме претставите, се трудиме да се забавуваме во нив за да можеме да си ја сакаме работата и да ни биде забавно, а  не да сметаме дека одиме на работа. А кога станува збор за Мартин, тоа значи дека не само што ќе биде забавно, туку ќе биде и напорно и нервозно, но на крајот сѐ има совршени резултати, додава актерката Ангела Наумоска.

До крајот на годинешното 63-то издание,  драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе понуди уште две театарски претстави,  „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на МГЛ  Градски театар Љубљана од Словенија, како и претставата „Лагата“ од  Флориан Зелер во режија на Никола Љуца што на свеченото свеченото затворање ќе ја одиграат актерите од Драмски театар Белград, Србија.

The post „Декамерон“ – претстава за човековата кревкост но и за силата на човечкиот дух appeared first on Република.

]]>

Прилепските актери од Театарот „Војдан Чернодрински“  вчеравечер на фестивалската сцена Долни Сарај во рамки на драмската програма на „Охридско лето“  ја донесоа театарската претстава „Декамерон” од Џовани Бокачо, во режија Мартин Кочовски. Станува збор за претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. Таа се базира врз хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за човековата  кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичност. Претставата, според драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиевска има фрагментарна драмартургија затоа што, како што вели,  секоја сцена е посебна приказна.
Напорна работа беше изборот на сцените, односно кои новели да се направат во сцени затоа што сами по себе не се поврзани. Публиката обично очекува да има приказна со континуитет но овде нема такво нешто. Кај нас приказните се поврзани на друго ниво, повеќе би рекла, на емоционално ниво . Претставата беше голем зафат, мојата подготовка траеше подолго време, речиси цела година пред да започнеме со пробите. Тоа што јас го напишав, режисерот Мартин го облагороди. Тоа што јас успеав да го извлечам,тој  го употреби но го оплемени и од целата драматизација ја извади на површина радоста што мене тоа многу ми значи. Се чувствувам благословено што работам со припепската актерска екипа затоа што има што да понуди. Секој актер е посебен , има посебни таленти и сензибилитет и сето тоа ја прави целината да биде богата, вели драматургот на претставата „Декамерон“,Лидија Митоска Ѓорѓиевска.
Според  актерот Илија Волчески, „Декамерон“  бара огромна концентрација и прецизност зашто и мала грешка може да ја потоне претставата надолу.
Секој од нас актерите во различни сцени се појавува со различни улоги. Секој има најмалку една до две сцени каде што се појавува во водечка улога, а во останатите има споредни улоги. Претставата се подготвуваше  повеќе од три месеци. Комплексна,  зависна од многу технички работи како базени, рефлектори, платна и сѐ треба да биде на точна позиција. Треба огромна концентрација и прецизност затоа што ако некој во одреден момент се најде на погрешно место или каже погрешна реплика, може целата енергија од сцената и претставата  да ја потоне надолу, објаснува Волчески.
Театарската претстава „Декамерон“  не е прва соработка на прилепските актери со режисерот Мартин Кочовски.
Со режисерот Мартин Кочовски досега сме сорботувале многу пати. Затоа ни е многу  полесно да се прочитаме меѓу себе, која е неговата идеја, како ние како актери сметаме дека треба да ја реализираме и да ја надградиме таа идеја. Но и покрај тоа што сме имале заеднички проекти, сепак ни е предизвик да работиме со него. Кога станува збор за Прилепски театар и Мартин Кочовски во комбинација, тоа е секогаш голем број актери, голема екипа и добра претстава. Прилепскиот театар  беше на „Охридско лето“ последен пат во 2015 година исто така со претстава режирана од Мартин Кочовски, и еве, речиси по осум години се враќаме на фестивалската сцена.  Кога ги работиме претставите, се трудиме да се забавуваме во нив за да можеме да си ја сакаме работата и да ни биде забавно, а  не да сметаме дека одиме на работа. А кога станува збор за Мартин, тоа значи дека не само што ќе биде забавно, туку ќе биде и напорно и нервозно, но на крајот сѐ има совршени резултати, додава актерката Ангела Наумоска.
До крајот на годинешното 63-то издание,  драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе понуди уште две театарски претстави,  „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на МГЛ  Градски театар Љубљана од Словенија, како и претставата „Лагата“ од  Флориан Зелер во режија на Никола Љуца што на свеченото свеченото затворање ќе ја одиграат актерите од Драмски театар Белград, Србија.

The post „Декамерон“ – претстава за човековата кревкост но и за силата на човечкиот дух appeared first on Република.

]]>
„Декамерон“ на прилепски театар вечерва на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/dekameron-na-prilepski-teatar-vecherva-na-ohridsko-leto/ Mon, 14 Aug 2023 07:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=671839

Драмската програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со изведбата на поставката на претставата „Декамерон“ на Џовани Бокачо, во изведба на актерската екипа на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.

Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е.

Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.

Улогите во претставата ги толкуваат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов.

За „Декамерон“ резервирана е отворената фестивалска сцена „Долни Сарај“ од 21 часот.

The post „Декамерон“ на прилепски театар вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Драмската програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со изведбата на поставката на претставата „Декамерон“ на Џовани Бокачо, во изведба на актерската екипа на Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух. Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин. „Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста. Улогите во претставата ги толкуваат Александар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска-Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски, Андон Јованоски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Цветанка Чавлеска, Сара Спиркоска и Леонардо Лазов. За „Декамерон“ резервирана е отворената фестивалска сцена „Долни Сарај“ од 21 часот.  

The post „Декамерон“ на прилепски театар вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
„Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски премиерно во прилепски театар https://republika.mk/vesti/kultura/dekameron-vo-rezija-na-martin-kochovski-premierno-vo-prilepski-teatar/ Fri, 18 Mar 2022 07:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=474719

Прилепскиот театар во сабота премиерно ќе ја изведе претставата „Декамерон“  според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски. Оваа е првата премиера годинава во театарот.

Според режисерот Мартин Кочовски, во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот, наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. „Декамерон“ е претстава полна со живот.

Во оваа претстава станува збор за филозофската идеја за сакањето на животот, ценењето и радувањето на животот, додека сме сега и овде, а не некаде и некогаш. Мора да кажам дека талентот и посветеноста на екипата успеа да направат една од најважите работи што сум ги режирал. Затоа претставата  е биографска, интимна, многу важна за мене, додаде режисерот Кочовски.

Лидија Митоска Ѓорѓиевска целосно драматуршки го приспособи делото на Бокачо.

Ова беше огромен предизвик за мене бидејќи ја правев целосната драматизација. Тоа е огромна задача. Во почетокот во процесот влегов со страв, но со секоја проба и на крајот ќе излезам со воодушевување. Понудивме едно современо читање на таканаречената „човечка комедија“ , која е различна од „Божествената комедија“, зашто овде човекот е во центарот. Се среќаваме и со комични и со трагични ситуации, но и со натприродни нишки. Се занимаваме со комплексни меѓучовечки односи, со кревкоста наспроти нашата издржливост и со очајот во кој некогаш нѐ фрлаат животот и светот. Се занимаваме и со нашата способност повторно да најдеме радост, посочи Митоска Ѓорѓиевска.

За актерот Александар Степанулески, во ова време на „темно“ живеење, повеќе од добредојдена е претставата „Декамерон“.

Како театарска екипа со режисерот Кочовски се во добар „брак“ веќе 15 години, со љубов соработуваме. Кога станува збор за претставата „Декамерон“, би рекол дека по темен среден век, се создаде ренесанса во која народот сакаше и водеше љубов отворено, се противеше на „божјите закони“. Но, секој век подоцна, до денес, имаше, и има „свој темен среден век“. Ние само што излеговме, или сѐ не, од еден „темен среден век“ и добредојдена е потребата да се направи „Декамерон“ од каква било причина: сексуална, животна, животно-изворна. Издвоено е сето што му треба на човекот на овој земен свет, изјави Степанулески.

Актерката Наташа Ачански потенцира дека во оваа претстава на Кочовски има силни емоции.

Одлично работевме, ја имаме одличната соработка веќе 15 години со режисерот Кочовски. Овојпат нема кревање на железа, гласна музика, но има многу силни емоции. Обработуваме дел: што може човек да посака, колку е слободен да каже што сака, што го прави среќен. Мислам дека сето тоа ќе успееме да го доловиме во претставата и да ѝ го пренесеме на публиката, додаде Ачански.

Сценографот Филип Јовановски смета дека сценографијата во претставата повеќе зборува „во слики“.

За темата – ренесанса со режисерот сме размислувале со години, сега се даде шанса да ја оствариме во претставата „Декамерон“ и да ја преточиме во „театарски јазик“ : Многу е различна со другите претстави на Кочовски со сценографските решенија и повеќе „зборува“ во слики. Со сценографијата произведуваме слика како дополнување на актерската игра, рече Јовановски.

Во претставата „Декамерон“ изграат Александар Степанулески, Александар Тодески, Ангела Наумоска, Андон Јованоски, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Здравко Стојмиров, Игор Трпчески, Илија Волчески, Леонардо Лазов, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Сара Спиркоска и Цветанка Чавлеска.  Драматизацијата е на Лидија Митоска Ѓорѓиевска, сценографијата на Филип Јовановски, костимите се на Јулијана Војкова Нојман.

The post „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски премиерно во прилепски театар appeared first on Република.