датум Archives - Република https://republika.mk/tema/datum/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 10:48:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png датум Archives - Република https://republika.mk/tema/datum/ 32 32 Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/veligden-zoshto-ne-e-sekoja-godina-na-ist-den-i-kako-se-presmetuva-datumot-2/ Sun, 05 May 2024 15:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=774474

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.

 

 

Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.

Зошто во недела?

Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет.

Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.

На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот?

Зошто на полноќ веднаш, а не дента?

Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.

А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.

Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.

Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.

Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

The post Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот appeared first on Република.

]]>

Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми. Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.
 
 
Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела. Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха. Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет. Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот. На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот? Зошто на полноќ веднаш, а не дента? Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение. А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот. Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг. Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век. Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

The post Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот appeared first on Република.

]]>
Се верува дека ова е најлошиот датум за свадба во 2024 година! https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-veruva-deka-ova-e-najloshiot-datum-za-svadba-vo-2024-godina/ Tue, 13 Feb 2024 10:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=743544

Еден датум во 2024 година е особено лош за свадба, според астролозите.

Поволните денови за брак може да се изберат според различни критериуми, дали е тоа одлична шанса за убаво време, убав датум, годишнина од запознавање… Сепак, многумина тој датум го избираат и според астролошките случувања.

Но, има денови во кои строго не се препорачува стапување во брак, за да се избегне развод.

Ако сакате успешна свадба, тогаш прво погледнете го лунарниот календар. Луѓето од различни култури во секое време ги почитувале лунарните циклуси и живееле во согласност со нив. Се верува дека затемнувањето на Сонцето или Месечината е најнеповолното време за брак. Во некои култури, на бремените жени им било забрането да излегуваат надвор за време на затемнувањето, бидејќи се верувало дека тоа има негативно влијание врз нејзиното здравје. Во грчката митологија, затемнувањето на Сонцето е симбол на гневот на боговите.

Најдобро е да не планирате свадба на 8 април 2024 година.

Свадбата може да се чувствува како неочекувано губење на независноста и може да доведе до насилни изливи на гнев. На 8 април нè очекуваат неколку астролошки настани одеднаш: младата месечина во Овен, првото затемнување на Сонцето во годината, кое исто така ќе биде целосно, спојувањето на Венера со Нептун, како и транзитот на Сонцето, Месечината, Меркур и Венера преку хороскопскиот знак Овен.

Младата месечина обично се смета за почетна точка на лунарниот циклус. Месечината сè уште не е видлива на небото, само што почнува да ја „добива својата сила“. И иако овој период е одлично време за „сеење“ на вашите идни плодови, подобро е да се венчате во втората фаза од лунарниот циклус. Се верува дека енергијата на младата месечина не е доволна за долг и силен брак. Згора на тоа, младата месечина во Овен на 8 април ќе предизвика внатрешни конфликти: желбата за независност ќе дојде до израз. Целосното затемнување на Сонцето во Овен исто така се смета дека не е најдобар почеток за брак.

Спојот на Венера со Нептун ја прави сликата на светот заматена: постои голема шанса за прекумерна идеализација на партнерот, што ќе доведе до конфликт за време на бракот. На тој ден во 2024 година, подобро е да не се венчате, бидејќи ќе привлечете развод, пишува wday.ru. Импулсивноста на Овенот во овој период негативно ќе влијае на сферата на комуникацијата: зборовите ќе летаат од јазикот, нема да има можност правилно да ги размислите.

The post Се верува дека ова е најлошиот датум за свадба во 2024 година! appeared first on Република.

]]>

Еден датум во 2024 година е особено лош за свадба, според астролозите. Поволните денови за брак може да се изберат според различни критериуми, дали е тоа одлична шанса за убаво време, убав датум, годишнина од запознавање… Сепак, многумина тој датум го избираат и според астролошките случувања. Но, има денови во кои строго не се препорачува стапување во брак, за да се избегне развод. Ако сакате успешна свадба, тогаш прво погледнете го лунарниот календар. Луѓето од различни култури во секое време ги почитувале лунарните циклуси и живееле во согласност со нив. Се верува дека затемнувањето на Сонцето или Месечината е најнеповолното време за брак. Во некои култури, на бремените жени им било забрането да излегуваат надвор за време на затемнувањето, бидејќи се верувало дека тоа има негативно влијание врз нејзиното здравје. Во грчката митологија, затемнувањето на Сонцето е симбол на гневот на боговите. Најдобро е да не планирате свадба на 8 април 2024 година. Свадбата може да се чувствува како неочекувано губење на независноста и може да доведе до насилни изливи на гнев. На 8 април нè очекуваат неколку астролошки настани одеднаш: младата месечина во Овен, првото затемнување на Сонцето во годината, кое исто така ќе биде целосно, спојувањето на Венера со Нептун, како и транзитот на Сонцето, Месечината, Меркур и Венера преку хороскопскиот знак Овен. Младата месечина обично се смета за почетна точка на лунарниот циклус. Месечината сè уште не е видлива на небото, само што почнува да ја „добива својата сила“. И иако овој период е одлично време за „сеење“ на вашите идни плодови, подобро е да се венчате во втората фаза од лунарниот циклус. Се верува дека енергијата на младата месечина не е доволна за долг и силен брак. Згора на тоа, младата месечина во Овен на 8 април ќе предизвика внатрешни конфликти: желбата за независност ќе дојде до израз. Целосното затемнување на Сонцето во Овен исто така се смета дека не е најдобар почеток за брак. Спојот на Венера со Нептун ја прави сликата на светот заматена: постои голема шанса за прекумерна идеализација на партнерот, што ќе доведе до конфликт за време на бракот. На тој ден во 2024 година, подобро е да не се венчате, бидејќи ќе привлечете развод, пишува wday.ru. Импулсивноста на Овенот во овој период негативно ќе влијае на сферата на комуникацијата: зборовите ќе летаат од јазикот, нема да има можност правилно да ги размислите.

The post Се верува дека ова е најлошиот датум за свадба во 2024 година! appeared first on Република.

]]>
Треба да ги знаете: Ова се најопасните датуми во август https://republika.mk/zivot/astro/treba-da-gi-znaete-ova-se-najopasnite-datumi-vo-avgust/ Mon, 01 Aug 2022 19:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=535889

Август нема да биде полн со важни астролошки настани како што беше јули, но според сите пресметки, може да биде помалку погоден за важни одлуки

Во текот на август 2022 година ќе има неколку исклучително влијателни и моќни планетарни транзити, а ќе има и полна Месечина во Водолија. Астролозите објаснуваат што ни носи сето ова.

1-ви август

Спој на Марс и Уран

Се очекува овој ден да донесе многу непријатности бидејќи најлошото може да излезе на површина – кај луѓето, во нивните меѓусебни односи.

Пред се, благодарение на Уран се очекуваат пресврти и значајни промени, а воинствениот Марс би можел се да направи неповолно. Можни се бурни реакции, па добро размислете за се на првиот ден од август и измерете двапати.

11-ти август

Венера во Лав

Сите хороскопски знаци ќе го почувствуваат негативното влијание на оваа транзиција, а најтешко ќе биде на самиот ден на транзит. Очекувајте и највеликодушните да покажат себичност, да почувствуваат ароганција таму каде што обично ја нема. Сè што е негативно ќе биде уште понегативно!

Не е добро време за нови познанства, а 11-ти август е и ден кога треба малку повеќе да размислиме што ќе кажеме бидејќи ненамерно може да повредиме некого.

12-ти август

Супер-Месечина во Водолија

Полната месечина во август ќе биде во знакот на Водолија, што и не е толку лоша положба, но важните работи дефинитивно треба да ги одложите за подоцна бидејќи ваквата месечина може лошо да влијае на повеќето знаци од Зодијакот.

Ни случајно не преземајте поголеми ризици на денот на почетокот на полната месечина.

20-ти август

Марс во Близнаци

Уште еден многу негативен ден, кој особено ќе влијае на се што бара концентрација и мир. Марс ќе ни овозможи да бидеме опуштени и мирни, а ова е многу лош период за интелектуална работа.

The post Треба да ги знаете: Ова се најопасните датуми во август appeared first on Република.

]]>

Август нема да биде полн со важни астролошки настани како што беше јули, но според сите пресметки, може да биде помалку погоден за важни одлуки Во текот на август 2022 година ќе има неколку исклучително влијателни и моќни планетарни транзити, а ќе има и полна Месечина во Водолија. Астролозите објаснуваат што ни носи сето ова. 1-ви август Спој на Марс и Уран Се очекува овој ден да донесе многу непријатности бидејќи најлошото може да излезе на површина – кај луѓето, во нивните меѓусебни односи. Пред се, благодарение на Уран се очекуваат пресврти и значајни промени, а воинствениот Марс би можел се да направи неповолно. Можни се бурни реакции, па добро размислете за се на првиот ден од август и измерете двапати. 11-ти август Венера во Лав Сите хороскопски знаци ќе го почувствуваат негативното влијание на оваа транзиција, а најтешко ќе биде на самиот ден на транзит. Очекувајте и највеликодушните да покажат себичност, да почувствуваат ароганција таму каде што обично ја нема. Сè што е негативно ќе биде уште понегативно! Не е добро време за нови познанства, а 11-ти август е и ден кога треба малку повеќе да размислиме што ќе кажеме бидејќи ненамерно може да повредиме некого. 12-ти август Супер-Месечина во Водолија Полната месечина во август ќе биде во знакот на Водолија, што и не е толку лоша положба, но важните работи дефинитивно треба да ги одложите за подоцна бидејќи ваквата месечина може лошо да влијае на повеќето знаци од Зодијакот. Ни случајно не преземајте поголеми ризици на денот на почетокот на полната месечина. 20-ти август Марс во Близнаци Уште еден многу негативен ден, кој особено ќе влијае на се што бара концентрација и мир. Марс ќе ни овозможи да бидеме опуштени и мирни, а ова е многу лош период за интелектуална работа.

The post Треба да ги знаете: Ова се најопасните датуми во август appeared first on Република.

]]>
Денес е 07.07 – чудесен ден кога сè се менува: Што ни носи енергијата на овие броеви? https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/denes-e-07-07-chudesen-den-koga-se-se-menuva-shto-ni-nosi-energijata-na-ovie-broevi/ Thu, 07 Jul 2022 07:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=525156

Броевите на огледалото се истите броеви кои се повторуваат во датуми, знаци, симболи – нумеролозите веруваат дека тие имаат посебно значење.

Денес е 7 јули – датумот во кој енергијата владее две недели.

Што ни носи серијата 7-7 и како да ја искористиме нејзината моќ?

7 отсекогаш бил исклучително среќен број сам по себе, што укажува на поволни околности, а кога ќе се спојат двете недели, тоа е симбол за наоѓање повисока цел.

Ова е денот кога можеме да бидеме страсни, динамични, аналитички. Иако може да се појават некои сомнежи и ранливости – но штом ќе одлучите во која насока сакате да одите, енергијата може сама да ве води.

Редоследот на броевите 7-7 е особено поволен на полето на љубовта. Романтичните души можат да имаат нова храброст, ќе бидат отворени во искажувањето на своите емоции, што може да ја промени љубовната ситуација во која се наоѓате моментално. Тие се водени од своето срце, а тоа е она што им го покажува вистинскиот пат денес.

Пораката на овој ден е да го почитувате она што ви го кажува срцето, да ги следите патиштата што ве води и да откриете што е тоа што треба да го промените.

Станете свесни за тоа кои работи во животот треба да се променат за да живеете подобро, посреќно, порадосно. Ваквите шанси ви се нудат под покровителство на енергијата на низата 7 – 7: искористете ги и зачекорете во реалноста што е достојна за исполнување, надвор од илузиите.

The post Денес е 07.07 – чудесен ден кога сè се менува: Што ни носи енергијата на овие броеви? appeared first on Република.

]]>

Броевите на огледалото се истите броеви кои се повторуваат во датуми, знаци, симболи – нумеролозите веруваат дека тие имаат посебно значење. Денес е 7 јули – датумот во кој енергијата владее две недели. Што ни носи серијата 7-7 и како да ја искористиме нејзината моќ? 7 отсекогаш бил исклучително среќен број сам по себе, што укажува на поволни околности, а кога ќе се спојат двете недели, тоа е симбол за наоѓање повисока цел. Ова е денот кога можеме да бидеме страсни, динамични, аналитички. Иако може да се појават некои сомнежи и ранливости – но штом ќе одлучите во која насока сакате да одите, енергијата може сама да ве води. Редоследот на броевите 7-7 е особено поволен на полето на љубовта. Романтичните души можат да имаат нова храброст, ќе бидат отворени во искажувањето на своите емоции, што може да ја промени љубовната ситуација во која се наоѓате моментално. Тие се водени од своето срце, а тоа е она што им го покажува вистинскиот пат денес. Пораката на овој ден е да го почитувате она што ви го кажува срцето, да ги следите патиштата што ве води и да откриете што е тоа што треба да го промените. Станете свесни за тоа кои работи во животот треба да се променат за да живеете подобро, посреќно, порадосно. Ваквите шанси ви се нудат под покровителство на енергијата на низата 7 – 7: искористете ги и зачекорете во реалноста што е достојна за исполнување, надвор од илузиите.

The post Денес е 07.07 – чудесен ден кога сè се менува: Што ни носи енергијата на овие броеви? appeared first on Република.

]]>
Николоски до Бујар Османи: Вистината боли ама мора да се кажува https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-do-bujar-osmani-vistinata-boli-ama-mora-da-se-kazuva/ Sun, 26 Jun 2022 14:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=519921

Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е, коментира потпретседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Исто како што пред четири години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е „научна фантастика“. По неколку месеци таа „научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија.

 

Исто така, уште тогаш, во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори.

 

Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот - порачува Николоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-pravi-obid-da-se-napravi-etnichki-jaz-po-strateshkite-prashanja-i-da-se-oslabne-pozicijata-na-drzavata/

The post Николоски до Бујар Османи: Вистината боли ама мора да се кажува appeared first on Република.

]]>

Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е, коментира потпретседателот на ВМРо-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Исто како што пред четири години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е „научна фантастика“. По неколку месеци таа „научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија.   Исто така, уште тогаш, во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори.   Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот - порачува Николоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-pravi-obid-da-se-napravi-etnichki-jaz-po-strateshkite-prashanja-i-da-se-oslabne-pozicijata-na-drzavata/

The post Николоски до Бујар Османи: Вистината боли ама мора да се кажува appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Недобивањето датум за преговори со ЕУ треба да биде последниот знак дека оваа Влада треба да си замине https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-nedobivanjeto-datum-za-pregovori-so-eu-treba-da-bide-posledniot-znak-deka-ovaa-vlada-treba-da-si-zamine/ Sat, 21 May 2022 12:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=505181

Недобивањето датум за преговори со Европската унија, за што се поизвесно е дека во јуни нема да ги отпочнеме преговорите, треба да биде последниот знак дека оваа Влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски, треба да си замине.

Ова го вели Секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во неговото интервју за македонското радио, при што истакна дека впрочем токму на надежите за добивање датум за преговори се спасија оваа Влада и ова парламентарно мнозинство од распаѓање после минатогодишните локални избори.

Недобивањето датум, за жал очекуваме дека нема да добиеме преговори би требало да биде последниот знак на оваа Влада дека таа треба да замине. Затоа што треба да се сетиме дека оваа Влада и ова владејачко мнозинство, така и се спасија од распаѓање. Со дојавата на фамилијата на еден од пратениците дека и се јавиле на сопругата од Париз или од Вашингтон дека само што не сме добиле преговори и никако да не излегуваат од Владата и да почека. Истото тоа го кажаа и некои помали партии и од етничките Албанци и од другите политички партии и за очекување е, барем такви беа нивните најави, дека ако не се случи тој процес тие ќе ја напуштат оваа коалиција, рече Андоновски.

Тој додаде дека актуелната влада и парламентарно мнозинство се брод што тоне, затоа што немаат исполнето ниту едно ветување кон граѓаните, меѓу кои клучно беше датумот за преговори со ЕУ.

Освен кон граѓаните, Андоновски потсети дека власта нема исполнето ниту едно ветување и кон помалите партии кои што се дел од владината коалиција, како што е барањето за една изборна единица кое што требаше да се донесе до април месец. Но, не само април туку и мај помина а законското решение за една изборна единица никаде го нема.

Ова е брод што тоне. Нема испорачано ниту едно ветување за граѓаните. Сите ветувања кои што беа дадени, не се испорачани и тоа граѓаните го гледаат. А, не само кон граѓаните, не е испорачано ни едното единствено ветување кон, условно речено, помалите партии во рамки на владејачката коалиција кои што бараа една изборна единица до април. Април помина, мај помина, истакна Андоновски.

Во однос на одбивањето на премерот Ковачевски да се сретне со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на која средба ќе се разговара за да се изнајдат решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија, како економски-финансиската криза, енергетската криза, здравствената состојба како и преговорите со Бугарија, го смета за несериозно за човек кој што се претставува себеси за лидер на државата, извршувајќи ја функцијата премиер.

Несериозно е за човек кој што сака себеси да се претставува како лидер на оваа нација како претседател на владата и Социјалдемократскиот сојуз да најави средба со лидерот на опозицијата и во моментов убедливо најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и во локалната самоуправа и потоа да го снема човекот и да наоѓа изговори зошто не можел сега, зошто не можел подоцна, па тоа да било во друг формат, да било тајно, да било надвор од очите на јавноста и да не било со агенда. Тоа е многу несериозно затоа што државата можат да ја водите само ако зад вас имате поддршка за основните национални барања и опозицијата, посочи Андоновски.

 

The post Андоновски: Недобивањето датум за преговори со ЕУ треба да биде последниот знак дека оваа Влада треба да си замине appeared first on Република.

]]>

Недобивањето датум за преговори со Европската унија, за што се поизвесно е дека во јуни нема да ги отпочнеме преговорите, треба да биде последниот знак дека оваа Влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски, треба да си замине. Ова го вели Секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во неговото интервју за македонското радио, при што истакна дека впрочем токму на надежите за добивање датум за преговори се спасија оваа Влада и ова парламентарно мнозинство од распаѓање после минатогодишните локални избори.
Недобивањето датум, за жал очекуваме дека нема да добиеме преговори би требало да биде последниот знак на оваа Влада дека таа треба да замине. Затоа што треба да се сетиме дека оваа Влада и ова владејачко мнозинство, така и се спасија од распаѓање. Со дојавата на фамилијата на еден од пратениците дека и се јавиле на сопругата од Париз или од Вашингтон дека само што не сме добиле преговори и никако да не излегуваат од Владата и да почека. Истото тоа го кажаа и некои помали партии и од етничките Албанци и од другите политички партии и за очекување е, барем такви беа нивните најави, дека ако не се случи тој процес тие ќе ја напуштат оваа коалиција, рече Андоновски.
Тој додаде дека актуелната влада и парламентарно мнозинство се брод што тоне, затоа што немаат исполнето ниту едно ветување кон граѓаните, меѓу кои клучно беше датумот за преговори со ЕУ. Освен кон граѓаните, Андоновски потсети дека власта нема исполнето ниту едно ветување и кон помалите партии кои што се дел од владината коалиција, како што е барањето за една изборна единица кое што требаше да се донесе до април месец. Но, не само април туку и мај помина а законското решение за една изборна единица никаде го нема.
Ова е брод што тоне. Нема испорачано ниту едно ветување за граѓаните. Сите ветувања кои што беа дадени, не се испорачани и тоа граѓаните го гледаат. А, не само кон граѓаните, не е испорачано ни едното единствено ветување кон, условно речено, помалите партии во рамки на владејачката коалиција кои што бараа една изборна единица до април. Април помина, мај помина, истакна Андоновски.
Во однос на одбивањето на премерот Ковачевски да се сретне со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на која средба ќе се разговара за да се изнајдат решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија, како економски-финансиската криза, енергетската криза, здравствената состојба како и преговорите со Бугарија, го смета за несериозно за човек кој што се претставува себеси за лидер на државата, извршувајќи ја функцијата премиер.
Несериозно е за човек кој што сака себеси да се претставува како лидер на оваа нација како претседател на владата и Социјалдемократскиот сојуз да најави средба со лидерот на опозицијата и во моментов убедливо најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и во локалната самоуправа и потоа да го снема човекот и да наоѓа изговори зошто не можел сега, зошто не можел подоцна, па тоа да било во друг формат, да било тајно, да било надвор од очите на јавноста и да не било со агенда. Тоа е многу несериозно затоа што државата можат да ја водите само ако зад вас имате поддршка за основните национални барања и опозицијата, посочи Андоновски.
 

The post Андоновски: Недобивањето датум за преговори со ЕУ треба да биде последниот знак дека оваа Влада треба да си замине appeared first on Република.

]]>
Зошто Велигден не е секоја година на ист ден – како се пресметува датумот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zoshto-veligden-ne-e-sekoja-godina-na-ist-den-kako-se-presmetuva-datumot/ Sat, 23 Apr 2022 09:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=492541

Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа?

Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн.

Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува?

Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот.

Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.

Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха.

Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела.

Зошто во недела?

Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела.

Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“.

Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови.

Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа.

Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет;  денски, сонцев знак – пролетната рамнодневницаноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.

Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет. Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста.

Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века.

Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот).

Оттогаш настанала истовременост на празнувањето.

Започнала секаде еднообразност за Велигден.

Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.

 

На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците.

Зошто така одлучил Соборот?

Зошто на полноќ веднаш, а не дента?

– Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност.

Тогаш, како определувале на Соборот?

Какво е објаснувањето?

Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема.

Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе.

За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово.

Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение.

А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден?

Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна.

Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе!

Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе!

На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа.

Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот.

Велигденските таблици

Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш.

Формиран е Велигденски кругПасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот.

Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност?

Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во  вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг.

Како е добиен бројот 532?

Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532).

Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година.

Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа.

Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден.

Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај.

Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268).

Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега.

Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век.

*        *        *

Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените  дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно.

Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога!

Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред.

Христос воскресе! – Вистина воскресе!

(За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски)

The post Зошто Велигден не е секоја година на ист ден – како се пресметува датумот appeared first on Република.

]]>

Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Празник неврзан за датум. Тој е секогаш во недела, но која недела и на кој датум? Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Зошто е така и како се определува тоа? Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми. Велигден е Празник над празниците. Тој не се вбројува во ниедна група на празници, бидејќи му нема рамен на него – тој е над сите. Но, со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Тие произлегуваат од него – или му претходат, како подготовка за празникот. Тие постојат од неговото постоење. И едните и другите се датираат според Велигден. На пример, најконкретно и неиздвоиво се поврзани со Велигден празниците 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Дуовден (Педесетница). Потоа, празниците по Дуовден се нарекуваат недели по Дуовден, од првата до триесет и првата – втората, но зар не е и тоа поврзано со Велигден, кога Дуовден се определува според Велигден? Тој му ги отстапил тие недели на Дуовден. А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Е сега, замислете, сите тие празници – толкав број на празнувања, зависат од определената дата за Велигден. Тие постојат за него и ќе се празнуваат кога ќе каже тој. А кој кажува кога ќе биде Велигден и како тоа го определува? Светата Црква кажува кога ќе биде Велигден и тоа го определила за сите и за секогаш, на два Вселенски собора: на Првиот и на Шестиот. Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија: Ерусалимската, Антиохиската и Александриската црква го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Тоа бил датумот на Старозаветната Пасха. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Значи, Велигден можело да падне и во петок и во вторник… А, уште повеќе што тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, пак, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела. Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. Поделбата започнала. Настанале спорови, расправии, кавги, непријателства и прекари, именувања едни кон други: едните ги викале „кватродецими“, на латински, што значи „четиринаестодневници“, другите „доминикани“ – „неделници“. Значи, календарското неединство е од дамнина. Не е нешто ново и нешто што ни се случува нам, сега, туку постоело со векови. Овие две различни празнувања на Велигден постоеле во првите три века, па дури на Првиот вселенски собор, во 325 година, било поставено и решавано прашањето за едно и заедничко празнување на Велигден за сите христијани. Соборот донел одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Тоа, веднаш значело дека Велигден ќе биде секогаш по јудејската Пасха. Не треба да биде заедно со неа. Значи, Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет;  денски, сонцев знак – пролетната рамнодневницаноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха. Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Тоа не се темели на ничија мудрост или било каква поврзаност со нешто и со некого, освен со законите на вселената. Богомудро решиле светите отци и го поврзале Христовото воскресение со вселената, што значи дека тоа е од вселенско значење – за сите луѓе и за цел свет. Велигден е дел од космосот и тој е неодвоиво поврзан со космичките движења, од дневното вртење на Земјата околу Сонцето. Тоа движење е непрестајно и ни ја претставува вечноста, и најголемиот христијански празник Велигден е слика на вечноста. Воскресението Христово и Распнувањето е со значење за целата вселена, за сето време и за вечноста. Тоа се решило така и започнале сите да празнуваат на ист ден. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Спореле: Кога да почне празникот? Во недела, ама кога во недела? Имено, западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден. Буквално, на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, пак, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Дури на Шестиот вселенски собор, во 680/81 година, повторно било поставено за решавање разногласието за почетокот на Велигден. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш, штом влегува во недела (89 Правило на Соборот). Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Започнала секаде еднообразност за Велигден. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Големината на Најголемиот празник се зголемила и со единството во празнувањето на празникот.   На полноќ, Црквата ги собира христијаните во едно празнување на Празникот над празниците. Зошто така одлучил Соборот? Зошто на полноќ веднаш, а не дента? – Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Тоа не го пишува во Библијата. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. Тогаш, како определувале на Соборот? Какво е објаснувањето? Точно е дека во евангелските текстови не се спомнува часот на Христовото воскресение, но се даваат одредени временски ориентири. На пример, за жените мироносици се вели дека „во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето“ (Марко 16,2). Во Евангелието според Матеј пишува: „Кога измина саботата, на осамнување“ (Матеј 28,1). А Лука запишал: „Многу рано тие дојдоа на гробот“ (Лука 24,1). И најпосле, Јован, којшто последен го напишал Евангелието и ги прочитал претходните, запишал: „уште дури беше темно“ (Јован 20,1). Но, никој не вели: на полноќ. Можно е целото време од полноќ до 3-4 часот наутро, пред да зазори. Така е. Временска точност нема. Тогаш што нè води кон полноќта? Еве што. Прво, сигурно е дека тоа не се случило денски. Ова е јасно, бидејќи жените мироносици пошле „уште во темно“, а Христовото тело веќе не било во гробот и ангелот Божји што стоел кај влезниот камен рекол: Христос воскресе. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: „Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви “ (Матеј 28,2-4). Ним им е допуштено да го видат само ангелот и тоа во неопислив страв и трепет, а не и воскресението. Тоа и не можеле да го видат, не само тие, туку и никој со човечко око. Дури и најизбраните тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован, кои ги зел Христос со Себе на Преображението, биле заслепени од Божјата светлина и ничкосани до земја, не можеле да видат ништо, а не стражарите. И, сепак, тоа било само Неговото преображение, а не Воскресението. Кој можел да ја поднесе таа светлина? Стражарите одвај го издржале јавувањето на ангелот Божји, а не… Потоа, во страв избегале и право отрчале кај првосвештениците да им кажат. Кога дошле жените, нив веќе ги немало таму. Сето ова траело некое време. Изминале неколку часа. В зори веќе било сè готово. Значи, настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ, вели светата Црква. Не пред полноќ, затоа што рекол Христос дека ќе остане во срцето на земјата, како што беше Јона во утробата на китот три дни (Матеј 12,40; Јона 3,5 сп. Матеј 26,61; 27,40; Јован 2,19). Бројот три има симболика на потполност, целина и довршеност. Народите на Исток, па и Евреите, верувале дека душата на покојниот два дена останува во близина на телото, а во третиот ден заминува. Тоа е уште еден доказ дека Он бил мртов и душата си заминала од кај телото. Не било тоа клиничка смрт или времена несвесност, туку вистинска смрт и умирање, вистинско погребение на мртвото тело и висинско воскресение. А зошто воскреснал во почетокот на третиот ден? Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскресна. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог и Спасител не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! А отпоздравот значи потврдување на вистината за Христовото воскресение и потврдување на својата вера во тоа. Велигден е денот на најмасовното и најсилното јавно исповедање на верата христијанска, од сите христијани во светот: дека Христос воскресе. Но, тоа не е само меѓусебно кажување на христијаните, туку и нивно најголемо заедничко кажување на светот дека Христос воскресе. Тоа му го објавуваат на целиот свет и на сите луѓе во светот. Велигденските таблици Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. На почетокот, тоа право ѝ го дале на Александриската црква, затоа што таа имало најмногу учени луѓе. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 г. и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, пак, римскиот монах Дионисиј Мали ги зел новите пресметки од учениот александриски монах Анијан, ги преработил, ги прилагодил со јулијанскиот календар и ги направил конечните Велигденски таблици, со сите правила и редослед – точно и неизменливо. Тоа важи и до денес, и за секогаш. Формиран е Велигденски кругПасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт (а станува збор за целосниот круг на Сонцето и Месечината, од еден до нов почеток, кога нивните кругови започнуваат заедно). Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Следат нови 532 години со истите дати за Велигден како во претходниот. Зошто се определени 532 години во кругот и како тие остануваат неизменети до бесконечност? Тоа е чиста астрономија и математика. Направено е според поставените закони во  вселената. Монасите пресметале дека по 532 години, Сонцето и Месечината почнуваат заедно, а Велигден паѓа во ист ден како пред 532 години и сè се повторува од тој петвековен круг. Како е добиен бројот 532? Со множење на кругот на Сонцето и на Месечината. Сончевиот круг има 28 години и потоа, пак во истите денови се паѓа недела. Кругот на Месечината трае 19 години и потоа исто се повторуваaт месечевите мени во следните 19 години итн. Помножени се овие години и добиен е Велигденскиот круг (28х19=532). Ние сега сме во 15 индикт – 15 Велигденски круг. Тој започнал 1941 година, а ќе заврши 2472 година. Зошто дури 15 круг? Па нема толку години и кругови од Христовото раѓање наваму. Да, нема. Но, пресметката на круговите е започната не од Христа наваму, туку од создавањето на светот, затоа сега е 15 круг. Почетна година е земена 5508 пред Христа. Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај. Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268). Откако е направена формулата, започнале да се прават и повеќегодишни таблици. Објавуван е датумот за Велигден за целиот последен Велигденски круг, во којшто сме и ние сега. Сега, откако е пронајдено компјутерското пресметување, има можност брзо да се задоволат љубопитствата и да се добие точниот датум за Велигден, за било која година и век. *        *        * Православните цркви го слават Велигден сите на ист датум. За среќа, овде не се направи поделба и Велигден остана заеднички празник, а тоа значи и сите празници поврзани со Велигден, иако црквите се раководат според два различни календари: јулијанскиот и грегоријанскиот. Празниците со одредените  дати ги празнуваме различно, а Велигден и велигденските празници – заедно. Со новиот календар започнаа први Грците, од 1924 година и во почетокот го прифатија сите цркви кои имаат Грци поглавари, освен Ерусалимската патријаршија и Света Гора. Потоа, го прифатија и други цркви, но не сите, туку пола-пола, останувајќи поделени и до денес. Но, Велигден е во заеднички датум за сите православни цркви. И добро е што е така. Слава на Бога! Во Македонија, на ист датум со православните, го слават Велигден и протестантите од Евангелско-методистичката црква и католиците од источен обред. Христос воскресе! – Вистина воскресе! (За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски)

The post Зошто Велигден не е секоја година на ист ден – како се пресметува датумот appeared first on Република.

]]>
Борел не сакаше да најави датум за преговори со Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/borel-ne-sakashe-da-najavi-datum-za-pregovori-so-makedonija/ Mon, 14 Mar 2022 11:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=472604

Не можам да ви ветам датум, но можем да ви ветам волја, а таму каде што има волја има и начин да се најде решение,  порача денес околу преговорите за членство на Македонија со ЕУ високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Тој освен тврдењето дека почетокот на преговорите со Македонија и со Албанија е приоритет за ЕУ не сакаже да се обврзе за никакво ветување или најава, наспроти инсистирањето на премиерот Димитар Ковачевски дека војната во Украина бара стратешки одлуки од страна на Унијата и дека одлуката да почнат преговорите со нашата земја треба да биде донесена час поскоро.

Сосема го разбирам разочарувањето што многумина го чувствуваат овде во Македонија. Доаѓам од Шпанија која исто така мораше долго да чека. Но, ќе повторам дека преговорите за пристапување со Македонија и со Албанија се висок приоритет за ЕУ и постојано проценуваме дека земјата е подготвена да ги започне. Тоа не е реторичка изјава туку цврста проценка и заложба, всушност изјава за намера која вели дека тоа е приоритет за нас. Одлуките на владата на Македонија ја поврзуваат уште повеќе земјата со ЕУ, но постои проблем и вие знаете кој, што се обидуваме да го решиме со сите наши капацитети за наговарање и уверување. Еврокомесарот Вархеји е целосно вклучен во овој процес и разговараме со Бугарија се додека не се се разреши ова прашање. Позитивно е што гледам многу подобро сега дека меѓу двата премиера има поцврста волја да се постигне решение. Билатералните прашања не смеат веќе да загрозуваат никаков процес на пристапување дури и кога се засновани на етничко-лингвистички разидувањеа.Не можам да ви ветам датум, но можам да ви ветам волја, а ако има волја има и начин да се решат, рече Борел.

The post Борел не сакаше да најави датум за преговори со Македонија appeared first on Република.

]]>

Не можам да ви ветам датум, но можем да ви ветам волја, а таму каде што има волја има и начин да се најде решение,  порача денес околу преговорите за членство на Македонија со ЕУ високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел. Тој освен тврдењето дека почетокот на преговорите со Македонија и со Албанија е приоритет за ЕУ не сакаже да се обврзе за никакво ветување или најава, наспроти инсистирањето на премиерот Димитар Ковачевски дека војната во Украина бара стратешки одлуки од страна на Унијата и дека одлуката да почнат преговорите со нашата земја треба да биде донесена час поскоро.
Сосема го разбирам разочарувањето што многумина го чувствуваат овде во Македонија. Доаѓам од Шпанија која исто така мораше долго да чека. Но, ќе повторам дека преговорите за пристапување со Македонија и со Албанија се висок приоритет за ЕУ и постојано проценуваме дека земјата е подготвена да ги започне. Тоа не е реторичка изјава туку цврста проценка и заложба, всушност изјава за намера која вели дека тоа е приоритет за нас. Одлуките на владата на Македонија ја поврзуваат уште повеќе земјата со ЕУ, но постои проблем и вие знаете кој, што се обидуваме да го решиме со сите наши капацитети за наговарање и уверување. Еврокомесарот Вархеји е целосно вклучен во овој процес и разговараме со Бугарија се додека не се се разреши ова прашање. Позитивно е што гледам многу подобро сега дека меѓу двата премиера има поцврста волја да се постигне решение. Билатералните прашања не смеат веќе да загрозуваат никаков процес на пристапување дури и кога се засновани на етничко-лингвистички разидувањеа.Не можам да ви ветам датум, но можам да ви ветам волја, а ако има волја има и начин да се решат, рече Борел.

The post Борел не сакаше да најави датум за преговори со Македонија appeared first on Република.

]]>
Петков: Во Скопје доаѓам со подготвеност за нов почеток, а не со анекс на Договорот https://republika.mk/vesti/makedonija/petkov-vo-skopje-doagjam-so-podgotvenost-za-nov-pochetok-a-ne-so-aneks-na-dogovorot/ Sun, 16 Jan 2022 07:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=445157

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во вторник пристигнува во земјава, на средби со новата Влада, вели дека со себе не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји.

Петков, кој ќе биде првиот странски државник, кој доаѓа во посета на Македонија, по изборот на новата Влада, во интервју за МИА говори за тоа дали со себе ќе донесе некаков анекс на договор, нешто за што се шпекулираше изминатиов период.

Не, не. Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ или нешто, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во следниот документ. Инаку, опасноста е дека ние ќе напишеме документ и после што од тоа. Тука, задачата е да направиме програма, да ги направиме работните групи, да започнеме со дијалог, да имаме чувство на меѓусебна доверба и дека од двете страни има добри намери и да си ги поставиме целите, кои што сакаме да ги постигнеме за максимално краток период - нагласува Петков за МИА.

Бугарскиот премиер, кој го оцени како мошне конструктивен телефонскиот разговор, што го имал со мандатарот Димитар Ковечевки и изрази уверување дека тие двајцата како луѓе од економската и бизнис сферата имаат слична енергија за да ги придвижат работите, изрази надеж дека за време на посетата ќе се договорат околу формирањето на петте работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја.

Петков вели дека соработката и добрососедството треба да ги зајакнат интересните групи во одредена сфера, а не политичарите. Тој додава дека целта на посетата е да се направи програма за средбите на тие работни групи, кои би се состанувале секоја од нив еднаш месечно, со што би се остварил напредок по сите прашања.

Ние треба постојано да комуницираме, да напредуваме. Моите надежи се дека во следните месеци реално и тоа се обидувам да го договорам за време на нашата посета, кога ќе дојдам е да ги направиме тие пет работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја. Не сакам само политичарите да доаѓаат и да говорат, кога говорам за економија сакам да ги видиме сите наши фирми кои сакаат и имаат интерес за Македонија, сите фирми од вашата земја, кои имаат интерес за Бугарија. На таа средба политичарите не се потребни, на таа средба се потребни луѓе, кои сакаат да работат, да прават бизнис заедно - додава Петков, кој напоменува дека тој лично како премиер не може да разбере како се уште меѓу Скопје и Софија нема директна авионска линија.

Петков говори и за седницата на бугарскиот Совет за безбедност, која беше свикана специјално на тема Македонија и за тоа дека се создава впечаток дека соседната земја на Бугарија е најголемиот проблем за безбедност во време на пандемија, енергетска криза, влошени руско-украински односи…Тој во интервјуто за МИА се осврнува и на роковите, на претходно од него поставениот рок од шест месеци за решавање на спорот, а сега по Констултативниот совет за безбедност за ставот кој го изнесе бугарскиот претседател Румен Радев дека рокови не се потребни, туку потребни се реални резултати.

Всушност можеме за времето за кое ќе си ја завршиме работата. Јас тоа сакам да го кажам. Значи сега ако кажам одреден рок, шест месеци, почнуваме со истата декларативност. Треба да видиме какви се прашањата, како ќе ги решаваме. Рокот зависи само единствено од подготвеноста секоја од страни да си подаде рака и заедно да ја завршиме работата - вели Петков.

Бугарскиот премиер во интервјуто за МИА нагласува дека има лесни работи, но и потешки и почувствителни, кои треба да се адресираат.

Јас сметам дека еден пријателски, конструктивен пристап треба да може да ги решава и лесните и потешките теми. Но, затоа најважно е да имаме доверба и таа доверба се надевам дека ќе ја изградиме и тоа со оние работи кои ги правиме заедно - нагласува Петков, кој додава дека со конструктивен дијалог сите тие прашања се решливи.

Петков во интервјуто за МИА говори и за деструктивните сили и во Македонија и во Бугарија, кои тежнеат кон назадување и работат против добрососедството, за борбата против корупцијата во неговата земја, но и во еден поширок контекст во регионот на Балканот.

Ние треба да ги исчистиме сите оние кои заработуваат на грбовите на нашите народи. Затоа што има една мала група на луѓе, кои преку корупцијата заработуваат на сметка на сите останати. И јас мислам дека тие се дел од деструктивните елементи кои се поврзани и кои го поставуваат прашањето дали е добро или не е добро добрососедството меѓу двете земји - вели Петков.

Бугарскиот премиер се осврнува и на очекувањата неговата земја да влезе во еврозоната, за притисоците врз Бугарија да се реши спорот, за состојбата на Балканот...

The post Петков: Во Скопје доаѓам со подготвеност за нов почеток, а не со анекс на Договорот appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во вторник пристигнува во земјава, на средби со новата Влада, вели дека со себе не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји. Петков, кој ќе биде првиот странски државник, кој доаѓа во посета на Македонија, по изборот на новата Влада, во интервју за МИА говори за тоа дали со себе ќе донесе некаков анекс на договор, нешто за што се шпекулираше изминатиов период.
Не, не. Доаѓам со конструктивен тон и подготвеност да почнеме да работиме заедно. Немам подготвен документ или нешто, бидејќи сите тие документи немаат поента, ако не им дадеме вистинска мотивација дека мора да ја завршиме работата. Јас предлагам документите да ги оставиме како втор чекор, а прво да почнеме, за да има нешто за што ќе пишуваме во следниот документ. Инаку, опасноста е дека ние ќе напишеме документ и после што од тоа. Тука, задачата е да направиме програма, да ги направиме работните групи, да започнеме со дијалог, да имаме чувство на меѓусебна доверба и дека од двете страни има добри намери и да си ги поставиме целите, кои што сакаме да ги постигнеме за максимално краток период - нагласува Петков за МИА.
Бугарскиот премиер, кој го оцени како мошне конструктивен телефонскиот разговор, што го имал со мандатарот Димитар Ковечевки и изрази уверување дека тие двајцата како луѓе од економската и бизнис сферата имаат слична енергија за да ги придвижат работите, изрази надеж дека за време на посетата ќе се договорат околу формирањето на петте работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја. Петков вели дека соработката и добрососедството треба да ги зајакнат интересните групи во одредена сфера, а не политичарите. Тој додава дека целта на посетата е да се направи програма за средбите на тие работни групи, кои би се состанувале секоја од нив еднаш месечно, со што би се остварил напредок по сите прашања.
Ние треба постојано да комуницираме, да напредуваме. Моите надежи се дека во следните месеци реално и тоа се обидувам да го договорам за време на нашата посета, кога ќе дојдам е да ги направиме тие пет работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја. Не сакам само политичарите да доаѓаат и да говорат, кога говорам за економија сакам да ги видиме сите наши фирми кои сакаат и имаат интерес за Македонија, сите фирми од вашата земја, кои имаат интерес за Бугарија. На таа средба политичарите не се потребни, на таа средба се потребни луѓе, кои сакаат да работат, да прават бизнис заедно - додава Петков, кој напоменува дека тој лично како премиер не може да разбере како се уште меѓу Скопје и Софија нема директна авионска линија.
Петков говори и за седницата на бугарскиот Совет за безбедност, која беше свикана специјално на тема Македонија и за тоа дека се создава впечаток дека соседната земја на Бугарија е најголемиот проблем за безбедност во време на пандемија, енергетска криза, влошени руско-украински односи…Тој во интервјуто за МИА се осврнува и на роковите, на претходно од него поставениот рок од шест месеци за решавање на спорот, а сега по Констултативниот совет за безбедност за ставот кој го изнесе бугарскиот претседател Румен Радев дека рокови не се потребни, туку потребни се реални резултати.
Всушност можеме за времето за кое ќе си ја завршиме работата. Јас тоа сакам да го кажам. Значи сега ако кажам одреден рок, шест месеци, почнуваме со истата декларативност. Треба да видиме какви се прашањата, како ќе ги решаваме. Рокот зависи само единствено од подготвеноста секоја од страни да си подаде рака и заедно да ја завршиме работата - вели Петков.
Бугарскиот премиер во интервјуто за МИА нагласува дека има лесни работи, но и потешки и почувствителни, кои треба да се адресираат.
Јас сметам дека еден пријателски, конструктивен пристап треба да може да ги решава и лесните и потешките теми. Но, затоа најважно е да имаме доверба и таа доверба се надевам дека ќе ја изградиме и тоа со оние работи кои ги правиме заедно - нагласува Петков, кој додава дека со конструктивен дијалог сите тие прашања се решливи.
Петков во интервјуто за МИА говори и за деструктивните сили и во Македонија и во Бугарија, кои тежнеат кон назадување и работат против добрососедството, за борбата против корупцијата во неговата земја, но и во еден поширок контекст во регионот на Балканот.
Ние треба да ги исчистиме сите оние кои заработуваат на грбовите на нашите народи. Затоа што има една мала група на луѓе, кои преку корупцијата заработуваат на сметка на сите останати. И јас мислам дека тие се дел од деструктивните елементи кои се поврзани и кои го поставуваат прашањето дали е добро или не е добро добрососедството меѓу двете земји - вели Петков.
Бугарскиот премиер се осврнува и на очекувањата неговата земја да влезе во еврозоната, за притисоците врз Бугарија да се реши спорот, за состојбата на Балканот...

The post Петков: Во Скопје доаѓам со подготвеност за нов почеток, а не со анекс на Договорот appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот професор Ивајло Дичев: Бугарија против Македонија – има ли пат напред? https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-profesor-ivajlo-dichev-bugarija-protiv-makedonija-ima-li-pat-napred/ Fri, 07 Jan 2022 19:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=441777

Професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија, Ивајло Дичев, во анализа за „Дојче Веле“ прави анализа дали новата про-европска влада во Софија ветува дека ќе најде начин да го надмине ќорсокакот поради ветото за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ. Професорот Дичев го поставува прашањето „Какви се шансите за компромис“?

Во анилизата тој оценува дека не постои рационално објаснување за бугарското вето за отворањето пристапни преговори на Македонија.

Националистите во претходната влада едноставно сакаа да си ја зголемат популарноста. Но од каде тој ентузијастички консензус? Се чини дека Бугарите очекуваа дека Македонците, сега „ослободени“ од српската хегемонија, ќе им се вратат, и затоа беа разочарани кога открија дека нивните соседи развиле сопствен солиден национален идентитет.

 

Грчкото одбивање да го прифатат државното име на новата држава веројатно го нахрани и бугарското национално его. Но, за разлика од Атина која на Скопје му претстави јасни услови, денешниот бугарски бес се чини неодреден и нелогичен. Тој претставува опасен преседан кој несомнено ќе биде искористен и во контроверзите меѓу Србите и Косоварите, Полјаците и Украинците и сите други земји со различни погледи на нивната заедничка историја.

 

Надежите на Македонија дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија да го тргне ветото се претерани: Франција се залага за продлабочување на Унијата пред натамошното проширување, додека екстремно десните партии се скептични за приемот на нови членки со големо муслиманско население- како Македонија - вели професорот Дичев.

Чија верзија на историјата?

Професорот Дичев вели дека наоѓањето решение за ќорсокакот подразбира компромис кој ќе им овозможи на двете страни да прогласат победа. Но, професорот го поставува прашањерто: Кои се бугарските барања?

Прво, тие сакаат нивните македонски соседи да го признаат своето бугарско потекло.

 

Официјалната формулација за „заедничка историја“ одеднаш беше напуштена, а Македонците беа обвинети за крадење на бугарската историја. Несреќниот спој на историски факти и национален идентитет значи дека двете страни претпоставуваат дека признавањето на некои настани од минатото автоматски ве прави или Бугарин или Македонец.

 

Новото либерално раководство во Софија вети дека ќе ја прошири рамката за преговори. Досега разговорите се сведуваа на билатералната комисија за историја која е поставена пред невозможна задача да ја утврди вистината за минатото.

 

Планот на премиерот Петков сега е да се отворат преговори за транспортот, економијата, културата, безбедноста – полиња кои се далеку порелевантни за процесот на проширување. Се очекува експертските тимови да ги остварат првите резултати до крајот на француското претседателство со ЕУ во јули 2022. За историската комисија нема краен рок и таа ќе треба да продолжи да работи во текот на пристапниот процес - вели професорот.

Говор на омраза

Професорот Дичев вели дека едно од нејасните бугарски барања е спречувањето на говорот на омраза. Тој посочува дека примерите варираат од навредливи графити на ѕидовите во Скопје до уништување на гробовите на бугарските војници од Втората светска војна.

Не е изненадувачки тоа што ветото само ги зголеми негативните чувства: неодамнешна анкета покажува дека над 50% од Македонците во својот источен сосед гледаат непријателска земја. Тенденцијата на Бугарите да ги прогласуваат соседната нација и нејзиниот јазик за „измислени“ само придонесува кон взаемната нетрпеливост.

 

Доколку постои проблем со историјата, тој е поврзан со профашистичкиот режим во Бугарија- соучесник во злосторствата на нацистите- и раниот период на југословенскиот комунизам, кога бројни Бугари во југословенска Македонија биле присилно асимилирани. Но во моментов, ниту една страна не е подготвена да ја преземе својата историска вина и затоа претпочита да ја префрла вината - вели професорот Дичев.

Во малцинство

Третата поплака на Софија се однесува на човековите права. Дискриминацијата на луѓето кои се идентификуваат како Бугари во Македонија можеби е сериозна причина за загриженост, но недостасува суштински доказ за тоа.

 

Ниту еден случај досега не стигнал до Европскиот суд за човекови права; а примерите кои се даваат досега се за луѓе со двојно државјанство, како градоначалничката на Скопје или учесникот на натпреварот за Песна на евровизија, и покрај фактот што никој од нив не беше спречен да ги оствари своите амбиции.

 

Истовремено, и самиот премиер Петков е ставен под притисок затоа што има двојно државјанство - канадско.

 

Како и да е, барањата на Софија не се без основа. Околу 120.000 граѓани на Македонија имаат бугарско државјанство, и таа бројка е 12 пати поголема од онаа на Власите кои уживаат статус на малцинство согласно македонскиот Устав.

 

Па каде се тие 120.000? Сите го знаат одговорот: во западна Европа. Бугарските пасоши често се добиваат преку поткуп на бугарските функционери и лажирање на семејните документи.

 

Но, што ќе се случи доколку, како што се проценува, само 3.000 луѓе се идентификуваат како Бугари во Македонија на пописот чии податоци се уште се утврдуваат? Софија го има одговорот: тие биле дискриминирани и заплашени.

 

Вметнувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија пред „и другите“ можеби личи лесно, но ќе бара двотретинско мнозинство во парламентот. Може со сигурност да се прогнозира дека македонската опозиција ќе се спротивстави, а нештата не се сигурни ниту на бугарска страна. Имено, признавањето на бугарско малцинство во Македонија би имплицирало дека преостанатото мнозинство не се Бугари, што би им го уништило сонот на националистите. Поради тесната поврзаност на нацијата и етносот на Балканот, етничките прашања остануваат високо исполитизирани.

 

Конечно, кревкиот политички баланс во Софија може лесно да биде нарушен со нови избори, четврти во кус временски период. Популистот Слави Трифонов, лидер на една од четирите партии во коалицијата со директна надлежност во Министерството за надворешни работи, неодамна излезе со следниот апсурден предлог: Бугарија ќе го тргне ветото под услов да биде примена во Шенген зоната, а САД да ги укина визите за бугарските државјани.

 

Од кога е воопшто можно да се уценува некој со закана дека ќе си пукате во сопствената нога, прашува професор Ивајло Дичев, кој е гостин предавач на бројни универзитети во Германија, Франција и САД - вели бугарскиот професор Дичев, во анализата за „Дојче Веле“.

The post Бугарскиот професор Ивајло Дичев: Бугарија против Македонија – има ли пат напред? appeared first on Република.

]]>

Професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија, Ивајло Дичев, во анализа за „Дојче Веле“ прави анализа дали новата про-европска влада во Софија ветува дека ќе најде начин да го надмине ќорсокакот поради ветото за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ. Професорот Дичев го поставува прашањето „Какви се шансите за компромис“? Во анилизата тој оценува дека не постои рационално објаснување за бугарското вето за отворањето пристапни преговори на Македонија.
Националистите во претходната влада едноставно сакаа да си ја зголемат популарноста. Но од каде тој ентузијастички консензус? Се чини дека Бугарите очекуваа дека Македонците, сега „ослободени“ од српската хегемонија, ќе им се вратат, и затоа беа разочарани кога открија дека нивните соседи развиле сопствен солиден национален идентитет.   Грчкото одбивање да го прифатат државното име на новата држава веројатно го нахрани и бугарското национално его. Но, за разлика од Атина која на Скопје му претстави јасни услови, денешниот бугарски бес се чини неодреден и нелогичен. Тој претставува опасен преседан кој несомнено ќе биде искористен и во контроверзите меѓу Србите и Косоварите, Полјаците и Украинците и сите други земји со различни погледи на нивната заедничка историја.   Надежите на Македонија дека ЕУ ќе ја принуди Бугарија да го тргне ветото се претерани: Франција се залага за продлабочување на Унијата пред натамошното проширување, додека екстремно десните партии се скептични за приемот на нови членки со големо муслиманско население- како Македонија - вели професорот Дичев.

Чија верзија на историјата?

Професорот Дичев вели дека наоѓањето решение за ќорсокакот подразбира компромис кој ќе им овозможи на двете страни да прогласат победа. Но, професорот го поставува прашањерто: Кои се бугарските барања?
Прво, тие сакаат нивните македонски соседи да го признаат своето бугарско потекло.   Официјалната формулација за „заедничка историја“ одеднаш беше напуштена, а Македонците беа обвинети за крадење на бугарската историја. Несреќниот спој на историски факти и национален идентитет значи дека двете страни претпоставуваат дека признавањето на некои настани од минатото автоматски ве прави или Бугарин или Македонец.   Новото либерално раководство во Софија вети дека ќе ја прошири рамката за преговори. Досега разговорите се сведуваа на билатералната комисија за историја која е поставена пред невозможна задача да ја утврди вистината за минатото.   Планот на премиерот Петков сега е да се отворат преговори за транспортот, економијата, културата, безбедноста – полиња кои се далеку порелевантни за процесот на проширување. Се очекува експертските тимови да ги остварат првите резултати до крајот на француското претседателство со ЕУ во јули 2022. За историската комисија нема краен рок и таа ќе треба да продолжи да работи во текот на пристапниот процес - вели професорот.

Говор на омраза

Професорот Дичев вели дека едно од нејасните бугарски барања е спречувањето на говорот на омраза. Тој посочува дека примерите варираат од навредливи графити на ѕидовите во Скопје до уништување на гробовите на бугарските војници од Втората светска војна.
Не е изненадувачки тоа што ветото само ги зголеми негативните чувства: неодамнешна анкета покажува дека над 50% од Македонците во својот источен сосед гледаат непријателска земја. Тенденцијата на Бугарите да ги прогласуваат соседната нација и нејзиниот јазик за „измислени“ само придонесува кон взаемната нетрпеливост.   Доколку постои проблем со историјата, тој е поврзан со профашистичкиот режим во Бугарија- соучесник во злосторствата на нацистите- и раниот период на југословенскиот комунизам, кога бројни Бугари во југословенска Македонија биле присилно асимилирани. Но во моментов, ниту една страна не е подготвена да ја преземе својата историска вина и затоа претпочита да ја префрла вината - вели професорот Дичев.

Во малцинство

Третата поплака на Софија се однесува на човековите права. Дискриминацијата на луѓето кои се идентификуваат како Бугари во Македонија можеби е сериозна причина за загриженост, но недостасува суштински доказ за тоа.   Ниту еден случај досега не стигнал до Европскиот суд за човекови права; а примерите кои се даваат досега се за луѓе со двојно државјанство, како градоначалничката на Скопје или учесникот на натпреварот за Песна на евровизија, и покрај фактот што никој од нив не беше спречен да ги оствари своите амбиции.   Истовремено, и самиот премиер Петков е ставен под притисок затоа што има двојно државјанство - канадско.   Како и да е, барањата на Софија не се без основа. Околу 120.000 граѓани на Македонија имаат бугарско државјанство, и таа бројка е 12 пати поголема од онаа на Власите кои уживаат статус на малцинство согласно македонскиот Устав.   Па каде се тие 120.000? Сите го знаат одговорот: во западна Европа. Бугарските пасоши често се добиваат преку поткуп на бугарските функционери и лажирање на семејните документи.   Но, што ќе се случи доколку, како што се проценува, само 3.000 луѓе се идентификуваат како Бугари во Македонија на пописот чии податоци се уште се утврдуваат? Софија го има одговорот: тие биле дискриминирани и заплашени.   Вметнувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија пред „и другите“ можеби личи лесно, но ќе бара двотретинско мнозинство во парламентот. Може со сигурност да се прогнозира дека македонската опозиција ќе се спротивстави, а нештата не се сигурни ниту на бугарска страна. Имено, признавањето на бугарско малцинство во Македонија би имплицирало дека преостанатото мнозинство не се Бугари, што би им го уништило сонот на националистите. Поради тесната поврзаност на нацијата и етносот на Балканот, етничките прашања остануваат високо исполитизирани.   Конечно, кревкиот политички баланс во Софија може лесно да биде нарушен со нови избори, четврти во кус временски период. Популистот Слави Трифонов, лидер на една од четирите партии во коалицијата со директна надлежност во Министерството за надворешни работи, неодамна излезе со следниот апсурден предлог: Бугарија ќе го тргне ветото под услов да биде примена во Шенген зоната, а САД да ги укина визите за бугарските државјани.   Од кога е воопшто можно да се уценува некој со закана дека ќе си пукате во сопствената нога, прашува професор Ивајло Дичев, кој е гостин предавач на бројни универзитети во Германија, Франција и САД - вели бугарскиот професор Дичев, во анализата за „Дојче Веле“.

The post Бугарскиот професор Ивајло Дичев: Бугарија против Македонија – има ли пат напред? appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот професор Инџов: Бугарија би можела да ја омекне својата позиција кон Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-profesor-indzov-bugarija-bi-mozela-da-ja-omekne-svojata-pozicija-kon-makedonija/ Wed, 05 Jan 2022 12:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=440948

Професорот на Универзитетот во Велико Трново, Иво Инџов, во традиционалната политичка анкета што софискиот весник „Дневник“ ја направи на стартот на новата 2022 година, вели дека Бугарија во одредени околности може да ја омекне својата позиција кон Македонија и во текот на годината најверојатно ќе се согласи на старт на преговорите на земјата со ЕУ.

Инџов вели дека не верува дека бугарската Влада ќе се распадне поради некој надворешно-политички предизвик, како што се односите НАТО-Русија или преговорите за членство на Република Македонија со ЕУ.

Според Инџов, во врска со темата со Македонија може да се шпекулира за продлабочување на поделбите меѓу Промената продолжува (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ), кои имаат попрагматичен пристап, од една страна, и Има таков народ (ИТН), но и Бугарската социјалистичка партија (БСП), од друга страна, кои застапуваат идеи на романтичниот национализам.

Инџов, кој е политиколог и експерт за политичка комуникација, смета дека е можно Бугарија во одредени околности да ја омекне својата позиција кон Македонија, потенцирајќи дека на ниво на политичка реторика, бугарската позиција веќе еволуирала.

За Брисел и за Вашингтон е несфатливото главното бугарско барање, општо кажано – Македонија да ја признае историската вистина на нашата заедничка историја, нашиот заеднички јазик до 1944 година – и тоа не може да се земе како сериозен аргумент за членство во ЕУ - смета Инџов.

Според него, овој „суштински елемент на бугарската позиција не отпаднал од преговарачкиот пакет“, туку Софија сега се фокусира на прашања кои имаат „мерливо“ решение.

Такви се почитувањето на правата на граѓаните со бугарско национално чувство во Република Македонија, нивно вклучување во Уставот на државата, рехабилитација на жртвите на комунизмот со бугарско чувство. Политиката на Македонија во овие области има сериозни дефицити, а прашањето за човековите права е универзално и ЕУ не може да го игнорира -  додава универзитетскиот професор.

Според него, на Бугарија ќе и биде потешко да ја натера Македонија да го исклучи „говорот на омраза“ од учебниците, медиумите и спомениците.

Бугарија била „ослободител“ за значителен дел од локалното население за време на Втората светска војна и формално не е „фашистички окупатор“. Но, според меѓународното право, таа, сепак, е само окупатор - вели Инџов, додавајќи дека во тоа време Бугарија била „авторитарна држава со фашистички тенденции во општеството и сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија“.

Во врска со плановите на бугарскиот премиер Кирил Петков за издигнувањето на економијата како приоритет во односите меѓу Софија и Скопје, Инџов вели дека таквиот пристап може да придонесе за подобрување на билатералната клима.

И покрај сериозните внатрешно-политички ризици од таквиот политички потег, во услови на зголемен меѓународен притисок и некои македонски компромиси, во 2022 година Бугарија најверојатно ќе ја пушти Македонија – нејзината на историски план најблиска земја на Балканот, да преговара за членство во ЕУ - предвидува професорот Инџов.

The post Бугарскиот професор Инџов: Бугарија би можела да ја омекне својата позиција кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Професорот на Универзитетот во Велико Трново, Иво Инџов, во традиционалната политичка анкета што софискиот весник „Дневник“ ја направи на стартот на новата 2022 година, вели дека Бугарија во одредени околности може да ја омекне својата позиција кон Македонија и во текот на годината најверојатно ќе се согласи на старт на преговорите на земјата со ЕУ. Инџов вели дека не верува дека бугарската Влада ќе се распадне поради некој надворешно-политички предизвик, како што се односите НАТО-Русија или преговорите за членство на Република Македонија со ЕУ. Според Инџов, во врска со темата со Македонија може да се шпекулира за продлабочување на поделбите меѓу Промената продолжува (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ), кои имаат попрагматичен пристап, од една страна, и Има таков народ (ИТН), но и Бугарската социјалистичка партија (БСП), од друга страна, кои застапуваат идеи на романтичниот национализам. Инџов, кој е политиколог и експерт за политичка комуникација, смета дека е можно Бугарија во одредени околности да ја омекне својата позиција кон Македонија, потенцирајќи дека на ниво на политичка реторика, бугарската позиција веќе еволуирала.
За Брисел и за Вашингтон е несфатливото главното бугарско барање, општо кажано – Македонија да ја признае историската вистина на нашата заедничка историја, нашиот заеднички јазик до 1944 година – и тоа не може да се земе како сериозен аргумент за членство во ЕУ - смета Инџов.
Според него, овој „суштински елемент на бугарската позиција не отпаднал од преговарачкиот пакет“, туку Софија сега се фокусира на прашања кои имаат „мерливо“ решение.
Такви се почитувањето на правата на граѓаните со бугарско национално чувство во Република Македонија, нивно вклучување во Уставот на државата, рехабилитација на жртвите на комунизмот со бугарско чувство. Политиката на Македонија во овие области има сериозни дефицити, а прашањето за човековите права е универзално и ЕУ не може да го игнорира -  додава универзитетскиот професор.
Според него, на Бугарија ќе и биде потешко да ја натера Македонија да го исклучи „говорот на омраза“ од учебниците, медиумите и спомениците.
Бугарија била „ослободител“ за значителен дел од локалното население за време на Втората светска војна и формално не е „фашистички окупатор“. Но, според меѓународното право, таа, сепак, е само окупатор - вели Инџов, додавајќи дека во тоа време Бугарија била „авторитарна држава со фашистички тенденции во општеството и сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија“.
Во врска со плановите на бугарскиот премиер Кирил Петков за издигнувањето на економијата како приоритет во односите меѓу Софија и Скопје, Инџов вели дека таквиот пристап може да придонесе за подобрување на билатералната клима.
И покрај сериозните внатрешно-политички ризици од таквиот политички потег, во услови на зголемен меѓународен притисок и некои македонски компромиси, во 2022 година Бугарија најверојатно ќе ја пушти Македонија – нејзината на историски план најблиска земја на Балканот, да преговара за членство во ЕУ - предвидува професорот Инџов.

The post Бугарскиот професор Инџов: Бугарија би можела да ја омекне својата позиција кон Македонија appeared first on Република.

]]>