Недобивањето датум за преговори со Европската унија, за што се поизвесно е дека во јуни нема да ги отпочнеме преговорите, треба да биде последниот знак дека оваа Влада на чело со премиерот Димитар Ковачевски, треба да си замине.

Ова го вели Секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во неговото интервју за македонското радио, при што истакна дека впрочем токму на надежите за добивање датум за преговори се спасија оваа Влада и ова парламентарно мнозинство од распаѓање после минатогодишните локални избори.

Недобивањето датум, за жал очекуваме дека нема да добиеме преговори би требало да биде последниот знак на оваа Влада дека таа треба да замине. Затоа што треба да се сетиме дека оваа Влада и ова владејачко мнозинство, така и се спасија од распаѓање. Со дојавата на фамилијата на еден од пратениците дека и се јавиле на сопругата од Париз или од Вашингтон дека само што не сме добиле преговори и никако да не излегуваат од Владата и да почека. Истото тоа го кажаа и некои помали партии и од етничките Албанци и од другите политички партии и за очекување е, барем такви беа нивните најави, дека ако не се случи тој процес тие ќе ја напуштат оваа коалиција, рече Андоновски.

Тој додаде дека актуелната влада и парламентарно мнозинство се брод што тоне, затоа што немаат исполнето ниту едно ветување кон граѓаните, меѓу кои клучно беше датумот за преговори со ЕУ.

Освен кон граѓаните, Андоновски потсети дека власта нема исполнето ниту едно ветување и кон помалите партии кои што се дел од владината коалиција, како што е барањето за една изборна единица кое што требаше да се донесе до април месец. Но, не само април туку и мај помина а законското решение за една изборна единица никаде го нема.

Ова е брод што тоне. Нема испорачано ниту едно ветување за граѓаните. Сите ветувања кои што беа дадени, не се испорачани и тоа граѓаните го гледаат. А, не само кон граѓаните, не е испорачано ни едното единствено ветување кон, условно речено, помалите партии во рамки на владејачката коалиција кои што бараа една изборна единица до април. Април помина, мај помина, истакна Андоновски.

Во однос на одбивањето на премерот Ковачевски да се сретне со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на која средба ќе се разговара за да се изнајдат решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија, како економски-финансиската криза, енергетската криза, здравствената состојба како и преговорите со Бугарија, го смета за несериозно за човек кој што се претставува себеси за лидер на државата, извршувајќи ја функцијата премиер.

Несериозно е за човек кој што сака себеси да се претставува како лидер на оваа нација како претседател на владата и Социјалдемократскиот сојуз да најави средба со лидерот на опозицијата и во моментов убедливо најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и во локалната самоуправа и потоа да го снема човекот и да наоѓа изговори зошто не можел сега, зошто не можел подоцна, па тоа да било во друг формат, да било тајно, да било надвор од очите на јавноста и да не било со агенда. Тоа е многу несериозно затоа што државата можат да ја водите само ако зад вас имате поддршка за основните национални барања и опозицијата, посочи Андоновски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.