дарко димовски Archives - Република https://republika.mk/tema/darko-dimovski/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Jun 2023 17:08:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дарко димовски Archives - Република https://republika.mk/tema/darko-dimovski/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ со сочувство до семејството и пријателите по смртта на претседателот на ССМ, Дарко Димовски https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-sochuvstvo-do-semejstvoto-i-prijatelite-po-smrtta-na-pretsedatelot-na-ssm-darko-dimovski/ Sun, 11 Jun 2023 17:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=650204

ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук изразуваат длабоко сочувство до семејството и пријателите на Дарко Димовски, претседателот на ССМ.

– Сочувство до семејството и пријателите на прерано починатиот Дарко Димовски.

Тој беше голем борец за работничките права, праведен, храбар и непоколеблив. Димовски остави свој белег во општеството, по кој ќе остане запаметен засекогаш.

Неговиот ангажман за работниците беше сигнал до секоj работник, дека никогаш нема да остане сам и незаштитен.

Почивај во мир Дарко, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post ВМРО-ДПМНЕ со сочувство до семејството и пријателите по смртта на претседателот на ССМ, Дарко Димовски appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук изразуваат длабоко сочувство до семејството и пријателите на Дарко Димовски, претседателот на ССМ.
– Сочувство до семејството и пријателите на прерано починатиот Дарко Димовски.
Тој беше голем борец за работничките права, праведен, храбар и непоколеблив. Димовски остави свој белег во општеството, по кој ќе остане запаметен засекогаш. Неговиот ангажман за работниците беше сигнал до секоj работник, дека никогаш нема да остане сам и незаштитен. Почивај во мир Дарко, стои во нивниот пост на Фејсбук.

The post ВМРО-ДПМНЕ со сочувство до семејството и пријателите по смртта на претседателот на ССМ, Дарко Димовски appeared first on Република.

]]>
Почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-darko-dimovski-pretsedatelot-na-sojuzot-na-sindikati/ Sun, 11 Jun 2023 10:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=650092

Почина претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.

Веста ја објавија од ССМ, а пријателите и соработниците на социјалните мрежи се збогуваат со синдикалниот лидер.

„Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45 годишна возраст, почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“,

објавија од ССМ.

The post Почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати appeared first on Република.

]]>

Почина претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски. Веста ја објавија од ССМ, а пријателите и соработниците на социјалните мрежи се збогуваат со синдикалниот лидер.
„Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45 годишна возраст, почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, објавија од ССМ.

The post Почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати appeared first on Република.

]]>
Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка https://republika.mk/vesti/skopje/dimovski-objavi-dokumenti-mitovski-izvrshil-krivichno-delo-so-zatvorska-kazna-treba-da-dade-ostavka/ Thu, 27 Oct 2022 14:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=566449

В.Д. директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанчо Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција согласно правосилната пресуда, бидејќи извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје – нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, изјави денеска претседателот на Сојузот на  синдикатите на Македонија (ССМ) и на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

Тој истакна дека доказите од пресудата и решението со кое Митовски се упатува на издржување затворска казна, ќе бидат доставени и до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како и до градскиот Совет.

Затоа го повикувам в.д. директорот Марјанчо Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа знаејќи што направил овој в.д. директор на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка со овој в.д. директор, изјави на денешната прес-конференција Димовски.

Тој ги повика градоначалничката и Советот на Град Скопје веднаш да го разрешат Митовски, доколку сам не поднесе оставка.

Прашан да го коментира тврдењето на Арсовска изнесено на нејзината последна прес-конференција дека во „Водовод и канализација“ има вработени коишто примаат високи плати, а не одат на работа, Димовски рече дека ако е тоа вистина тогаш градоначалничката треба да отвори дисциплински постапки со коишто тие што не работат ќе бидат отстранети од своите работни места.

Ние како Синдикат се залагаме да не постојат неработници во сите јавни и приватни претпријатија и стоиме позади тоа. Инаку, не можеме сите да земеме 18 илјади денари и 60 илјади денари плата е ништо за оваа економска и енергетска криза, нагласи Димовски.

Во врска со прашањето дали ќе започнат постапката за организирање генерален штрајк, откако ноќеска на полноќ истечено рокот поставен на градоначалничката Арсовска за разрешување на Митовски, Димовски повтори дека сегашниот в.д. директор не ги исполнува условите за вршител на јавна функција, затоа што, како што рече, тој е осуден за кривично дело.

Имаме уште една пресуда која ќе ја обелодениме, доколку овој директор не си поднесе оставка или градоначалничката не го разреши. Исто сакам да најавам дека имаме сериозен лекарски извештај каде што кажува дека психичката состојба на овој директор е нарушена и истиот се лечи. Тоа ќе го обелодениме наредната прес-конференција, посочи претседателот на ССМ.

Димовски, исто така, најави дека за утре е закажан состанок во седиштето на ССМ за да се донесе одлука за штрајк, бидејќи членовите на раководството на Синдикатот биле спречени да одржат состанок во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, што, според него, укажува дека Митовски го попречува синдикалното дејствување, кое е загарантирано со Закон и Колективен договор.

The post Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка appeared first on Република.

]]>

В.Д. директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанчо Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција согласно правосилната пресуда, бидејќи извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје – нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, изјави денеска претседателот на Сојузот на  синдикатите на Македонија (ССМ) и на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски. Тој истакна дека доказите од пресудата и решението со кое Митовски се упатува на издржување затворска казна, ќе бидат доставени и до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како и до градскиот Совет.
Затоа го повикувам в.д. директорот Марјанчо Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа знаејќи што направил овој в.д. директор на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка со овој в.д. директор, изјави на денешната прес-конференција Димовски.
Тој ги повика градоначалничката и Советот на Град Скопје веднаш да го разрешат Митовски, доколку сам не поднесе оставка. Прашан да го коментира тврдењето на Арсовска изнесено на нејзината последна прес-конференција дека во „Водовод и канализација“ има вработени коишто примаат високи плати, а не одат на работа, Димовски рече дека ако е тоа вистина тогаш градоначалничката треба да отвори дисциплински постапки со коишто тие што не работат ќе бидат отстранети од своите работни места.
Ние како Синдикат се залагаме да не постојат неработници во сите јавни и приватни претпријатија и стоиме позади тоа. Инаку, не можеме сите да земеме 18 илјади денари и 60 илјади денари плата е ништо за оваа економска и енергетска криза, нагласи Димовски.
Во врска со прашањето дали ќе започнат постапката за организирање генерален штрајк, откако ноќеска на полноќ истечено рокот поставен на градоначалничката Арсовска за разрешување на Митовски, Димовски повтори дека сегашниот в.д. директор не ги исполнува условите за вршител на јавна функција, затоа што, како што рече, тој е осуден за кривично дело.
Имаме уште една пресуда која ќе ја обелодениме, доколку овој директор не си поднесе оставка или градоначалничката не го разреши. Исто сакам да најавам дека имаме сериозен лекарски извештај каде што кажува дека психичката состојба на овој директор е нарушена и истиот се лечи. Тоа ќе го обелодениме наредната прес-конференција, посочи претседателот на ССМ.
Димовски, исто така, најави дека за утре е закажан состанок во седиштето на ССМ за да се донесе одлука за штрајк, бидејќи членовите на раководството на Синдикатот биле спречени да одржат состанок во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, што, според него, укажува дека Митовски го попречува синдикалното дејствување, кое е загарантирано со Закон и Колективен договор.

The post Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка appeared first on Република.

]]>
Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски https://republika.mk/vesti/skopje/direktorot-na-skopski-vodovod-bil-vo-zatvor-za-seriozni-dela-tvrdi-dimovski/ Tue, 25 Oct 2022 20:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=565621

Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски, кој на функцијата е само месец и половина.

Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот. Дарко Димовски од ССМ за „Телма“ посочи и дека директорот на „Водовод“ Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди.

Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права.

Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.

The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.

]]>

Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски, кој на функцијата е само месец и половина. Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот. Дарко Димовски од ССМ за „Телма“ посочи и дека директорот на „Водовод“ Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди. Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права. Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.

The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.

]]>
Димовски: Државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат, тие пак се заборавени од власта https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimovski-drzavata-treba-da-gi-subvencionira-rabotnicite-za-da-preziveat-tie-pak-se-zaboraveni-od-vlasta/ Sun, 09 Oct 2022 19:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=559168

„Работниците никаде не ги слушнавме во предложените мерки на Владата, а знаеме дека согласно порастот на минималната синдикална потрошувачка кошничка само за исхрана и пијалоци ни се потребни 18.890 денари. Знаејќи дека е минималната плата 18.000 денари, треба да знае Владата дека треба да им помогне и на оние работници кои земаат пониски или најниски плати“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Димовски додаде дека ова што денеска Владата го презентираше на прес конференцијата, ССМ првин ќе го изанализира и во среда на економискиот социјален совет ќе даде свои препораки, но и барања.

Бидејќи првото барање на ССМ беше платите на сите работници да го следат порастот на инфлацијата како и порастот на оваа синдикална минимална потрошувачка кошница.

„Во овие барања премиеро кажува никој нема да оставиме сам да се справи со ова што ни се случува, енергетска криза. Еве ние работниците сме оставени. Во пакетот на мерки се обидувам да се прочитам како работник, но не можам да се видам. Во кој дел сме ние тука помогнати? Јас не знам, ќе прашам на економскиот социјален совет“, рече претседателот на ССМ.

Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.

„Знаејќи дека една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат оваа минимална синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот, дали ова е доволен показател дека требаше баш во овие мерки од 350 милиони, како што велат од Владата да бидат вкалкулирани овие работници“, укажа Димовски.

Претседателот на ССМ рече дека државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат.

The post Димовски: Државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат, тие пак се заборавени од власта appeared first on Република.

]]>

„Работниците никаде не ги слушнавме во предложените мерки на Владата, а знаеме дека согласно порастот на минималната синдикална потрошувачка кошничка само за исхрана и пијалоци ни се потребни 18.890 денари. Знаејќи дека е минималната плата 18.000 денари, треба да знае Владата дека треба да им помогне и на оние работници кои земаат пониски или најниски плати“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.
Димовски додаде дека ова што денеска Владата го презентираше на прес конференцијата, ССМ првин ќе го изанализира и во среда на економискиот социјален совет ќе даде свои препораки, но и барања. Бидејќи првото барање на ССМ беше платите на сите работници да го следат порастот на инфлацијата како и порастот на оваа синдикална минимална потрошувачка кошница.
„Во овие барања премиеро кажува никој нема да оставиме сам да се справи со ова што ни се случува, енергетска криза. Еве ние работниците сме оставени. Во пакетот на мерки се обидувам да се прочитам како работник, но не можам да се видам. Во кој дел сме ние тука помогнати? Јас не знам, ќе прашам на економскиот социјален совет“, рече претседателот на ССМ.
Тој посочи дека преку 110.000 работници се на минимална плата согласно податоците на УЈП.
„Знаејќи дека една минимална плата од 18.000 денари и една просечна плата од 31.800 денари не ја покриваат оваа минимална синдикална потрошувачка кошничка која му треба на едно четиричлено семејство да го преживее месецот, дали ова е доволен показател дека требаше баш во овие мерки од 350 милиони, како што велат од Владата да бидат вкалкулирани овие работници“, укажа Димовски.
Претседателот на ССМ рече дека државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат.

The post Димовски: Државата треба да ги субвенционира работниците за да преживеат, тие пак се заборавени од власта appeared first on Република.

]]>
Ако власта продолжи со валканите игри, граѓаните на Македонија ќе излезат на улици, најави првиот синдикалец https://republika.mk/vesti/ekonomija/ako-vlasta-prodolzi-so-valkanite-igri-gragjanite-na-makedonija-kje-izlezat-na-ulici-najavi-prviot-sindikalec/ Fri, 23 Sep 2022 17:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=553611

„Ова што се штрајкуваше, тоа ќе се нотира во Годишниот извештај на Меѓународната организација на труд, ова ќе се нотира пред Европскиот Парламент бидејќи ние таму имаме наши претставници“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Димовски додаде дека во Европскиот Парламент јавно ќе се презентира дека во Македонија се случило да синдикатот и Владата постигнале начелен договор, но не се исполнил од страна на власта. Односно по постигнување на начелен договор Владата на синдикатот рекла „пу пу не важи“.

И децата не можеш да ги излажеш, а не да излажеш за вакво егзистенцијално прашање. Значи ова ќе биде тежок удар према Владата на Македонија, со ова што го направи на работникот и што уште го прави со игнорантскиот однос“, појасни тој.

Тој посочи дека власта не знае со што се игра, ако продолжи со валканите игри, никој нема да може да ги спречи работниците односно македонскиот народ да излезе на улица да ги бара своите права.

Јас еве јавно кажувам без нас не може Владата да прави ништо, ниту пак методологија. И да дојдеме на маса да потпишеме нешто што некој друг го правел, а ние не сме учествувале и не знаејќи ги нашите потреби и нашите барања тоа не оди во обѕир. Ако мислат да флертуваат со стопанските комори, а ние да им бидеме декор, или ако мислат дека треба да се помогне само на работодавачите, а работникот да чека да дојде јануари 2023 година, па ние ако немаме да преживееме октомври – ноември зар мислите дека тогаш некој ќе ги спречи работниците и македонскиот народ да излезат на улица. Власта не знае со што се игра“, рече Димовски.

The post Ако власта продолжи со валканите игри, граѓаните на Македонија ќе излезат на улици, најави првиот синдикалец appeared first on Република.

]]>

„Ова што се штрајкуваше, тоа ќе се нотира во Годишниот извештај на Меѓународната организација на труд, ова ќе се нотира пред Европскиот Парламент бидејќи ние таму имаме наши претставници“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Димовски додаде дека во Европскиот Парламент јавно ќе се презентира дека во Македонија се случило да синдикатот и Владата постигнале начелен договор, но не се исполнил од страна на власта. Односно по постигнување на начелен договор Владата на синдикатот рекла „пу пу не важи“.
И децата не можеш да ги излажеш, а не да излажеш за вакво егзистенцијално прашање. Значи ова ќе биде тежок удар према Владата на Македонија, со ова што го направи на работникот и што уште го прави со игнорантскиот однос“, појасни тој.
Тој посочи дека власта не знае со што се игра, ако продолжи со валканите игри, никој нема да може да ги спречи работниците односно македонскиот народ да излезе на улица да ги бара своите права.
Јас еве јавно кажувам без нас не може Владата да прави ништо, ниту пак методологија. И да дојдеме на маса да потпишеме нешто што некој друг го правел, а ние не сме учествувале и не знаејќи ги нашите потреби и нашите барања тоа не оди во обѕир. Ако мислат да флертуваат со стопанските комори, а ние да им бидеме декор, или ако мислат дека треба да се помогне само на работодавачите, а работникот да чека да дојде јануари 2023 година, па ние ако немаме да преживееме октомври – ноември зар мислите дека тогаш некој ќе ги спречи работниците и македонскиот народ да излезат на улица. Власта не знае со што се игра“, рече Димовски.
 
The post Ако власта продолжи со валканите игри, граѓаните на Македонија ќе излезат на улици, најави првиот синдикалец appeared first on Република.

]]>
Првиот синдикалец Димовски: На 1. мај бевме изиграни и излажани https://republika.mk/vesti/ekonomija/prviot-sindikalec-dimovski-na-1-maj-bevme-izigrani-i-izlazani/ Tue, 20 Sep 2022 18:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=552701

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска укажа дека синдикатите нема да потпишат ништо во што нема да учествуваат.

-Како тоа они работеле? Па ние зошто сме социјални партнери? Нашите потреби треба да ги слушне министерката (Јованка Тренчевска). Ние не идеме кај Бесими пред врата, кај министерката си идеме. Не може да исчезне социјалниот дијалог и пет пратеници да ни менуваат закони и да се укинуваат работнички права. Не оди во обзир тоа. За 100 дена можевте да бидете најуспешна Влада. Да потпишеме минимална плата, каде првпат ги кренав рацете и првпат работникот излезе победник. Место да ги усогласевме платите според Законот за минимална плата и да добијат сите, мене ми е многу криво што на 1-ви мај бевме изиграни и излажани, рече Димовски во емисијата „Топ тема“.

Димовски ја праша министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска „зошто се зголемени платите во култура, ако не важи членот 8 од Законот за минимална плата“.

The post Првиот синдикалец Димовски: На 1. мај бевме изиграни и излажани appeared first on Република.

Мицкоски: Ги подджуваме работниците, но не и омилениот синдикален лидер на власта https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-gi-poddzuvame-rabotnicite-no-ne-i-omileniot-sindikalen-lider-na-vlasta/ Fri, 03 Jun 2022 12:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=510680

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски рече дека ги поддржува работниците, но не и синдикалниот лидер на ССМ.

Ние секогаш поддржуваме работнички права и сме пријатели на работниците. А, омилениот синдикален лидер на власта прави ситни егзибиции со што го манипулира малото членство што сѐ уште го поддржува. Ние не го поддржуваме омилениот синдикален лидер на власта, но ги поддржуваме работничките права и работниците имаат пријател во ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мицкоски.

Претставниците на Сојузот на синдикатите на денешната средба во Владата не постигнале договор за бараното линеарно зголемување на платата во јавниот сектор од 2.806 денари.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата изрази разочараност што нема договор со владата, најавувајќи дека утре ССМ ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.

Ова повеќе не се издржува и разочарани сме од преговорите со владините претставници. Ни понудија само кафе и вода и ни кажаа дека немаат пари, иронично забележа Димовски за тоа на какви одговори наишле во владата за своите барања.

The post Мицкоски: Ги подджуваме работниците, но не и омилениот синдикален лидер на власта appeared first on Република.

Претставниците на Сојузот на синдикатите на денешната средба во Владата не постигнале договор за бараното линеарно зголемување на платата во јавниот сектор од 2.806 денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата изрази разочараност што нема договор со владата, најавувајќи дека утре ССМ ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.

Утре одлука за генерален штрајк: Ни понудија само кафе и вода, Димовски разочаран од Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-odluka-za-generalen-shtrajk-ni-ponudija-samo-kafe-i-voda-dimovski-razocharan-od-vladata/ Thu, 02 Jun 2022 17:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=510377

Претставниците на Сојузот на синдикатите на денешната средба во Владата не постигнале договор за бараното линеарно зголемување на платата во јавниот сектор од 2.806 денари.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата изрази разочараност што нема договор со владата, најавувајќи дека утре ССМ ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.

Ова повеќе не се издржува и разочарани сме од преговорите со владините претставници. Ни понудија само кафе и вода, иронично забележа Димовски за тоа на какви одговори наишле во владата за своите барања.

The post Утре одлука за генерален штрајк: Ни понудија само кафе и вода, Димовски разочаран од Владата appeared first on Република.

]]>

Претставниците на Сојузот на синдикатите на денешната средба во Владата не постигнале договор за бараното линеарно зголемување на платата во јавниот сектор од 2.806 денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата изрази разочараност што нема договор со владата, најавувајќи дека утре ССМ ќе биде донесена одлука за генерален штрајк.
Ова повеќе не се издржува и разочарани сме од преговорите со владините претставници. Ни понудија само кафе и вода, иронично забележа Димовски за тоа на какви одговори наишле во владата за своите барања.

The post Утре одлука за генерален штрајк: Ни понудија само кафе и вода, Димовски разочаран од Владата appeared first on Република.

]]>
Омилениот владин синдикалец Димовски со Ковачевски симулираат социјален дијалог и ги газат правата на наставниците https://republika.mk/vesti/ekonomija/omileniot-vladin-sindikalec-dimovski-so-kovachevski-simuliraat-socijalen-dijalog-i-gi-gazat-pravata-na-nastavnicite/ Fri, 22 Apr 2022 11:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=492215

Омилениот синдикалец на Kовачевски, Дарко Димовски и Ковачевски решија да симулираат социјален дијалог, а во суштина да ги саботираат легитимните барања на СОНК и КСС, ова е уште еден пример како се убива правото и вистината и како се газат правата на наставниците и работниците.

Ова се истакнува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение го проследуваме во целост:

На наставниците и просветниот кадар не им требаат трошките кои ги фрла омилениот синдикалец на власта, туку вистинско покачување согласно Колективниот договор во образованието.

Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник.
Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач , ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари.

Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари.

Ова беше опфатено и во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ ги одби, а се права кои ги следуваат наставниците.

The post Омилениот владин синдикалец Димовски со Ковачевски симулираат социјален дијалог и ги газат правата на наставниците appeared first on Република.

]]>

Омилениот синдикалец на Kовачевски, Дарко Димовски и Ковачевски решија да симулираат социјален дијалог, а во суштина да ги саботираат легитимните барања на СОНК и КСС, ова е уште еден пример како се убива правото и вистината и како се газат правата на наставниците и работниците. Ова се истакнува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение го проследуваме во целост:
На наставниците и просветниот кадар не им требаат трошките кои ги фрла омилениот синдикалец на власта, туку вистинско покачување согласно Колективниот договор во образованието. Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Истото тоа го имаме и во основните училишта, ако започнеме со општ работник кој што има коефициент еден и досега имал минимална плата 15.200 денари сега ќе има 18.000 денари. Тогаш соодветно надоле и хигиеничар, и перачка, сервирка, садомијач, ложач , ракувач на парни котли, возач и така натаму, па се до наставник приправник и наставник платите ќе бидат зголемени односно наставник приправник наместо досегашните 22.764 денари. Во средните училишта од сегашните 25.838 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.594 денари. Ова беше опфатено и во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, кои СДСМ ги одби, а се права кои ги следуваат наставниците.

The post Омилениот владин синдикалец Димовски со Ковачевски симулираат социјален дијалог и ги газат правата на наставниците appeared first on Република.

]]>
Димовски за минималната плата: Владата и ССМ беа „за“, работодавачите гласаа „воздржано“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimovski-za-minimalnata-plata-vladata-i-ssm-bea-za-rabotodavachite-glasaa-vozdrzano/ Tue, 08 Feb 2022 07:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=455474

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски вечерва гостуваше во живо во вестите на ТВ21.

Тој посочи дека ќе има минимална плата, како и скалесто покачување на сите плати согласно членот 8 од Законот за минимална плата каде се вели дека доколку се накачи минималната плата, истите плати треба да се усогласат.

„За жал не гласаа сите. Владата и Сојузот на синдикати на Македонија беа за, додека работодавачите гласаа воздржано“, порача Димовски.

Според него, 18 илјади не е голема плата, но тие мора да се раководат според анализите и потребите, како и тоа што го кажува потрошувачката кошничка, која во моментов изнесува 35.040 денари.

The post Димовски за минималната плата: Владата и ССМ беа „за“, работодавачите гласаа „воздржано“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски вечерва гостуваше во живо во вестите на ТВ21. Тој посочи дека ќе има минимална плата, како и скалесто покачување на сите плати согласно членот 8 од Законот за минимална плата каде се вели дека доколку се накачи минималната плата, истите плати треба да се усогласат. „За жал не гласаа сите. Владата и Сојузот на синдикати на Македонија беа за, додека работодавачите гласаа воздржано“, порача Димовски. Според него, 18 илјади не е голема плата, но тие мора да се раководат според анализите и потребите, како и тоа што го кажува потрошувачката кошничка, која во моментов изнесува 35.040 денари.

The post Димовски за минималната плата: Владата и ССМ беа „за“, работодавачите гласаа „воздржано“ appeared first on Република.

]]>
Димовски: Недела неработен ден е реалност, верувам дека ова законско решение ќе остане https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimovski-nedela-neraboten-den-e-realnost-veruvam-deka-ova-zakonsko-reshenie-kje-ostane/ Sun, 23 Jan 2022 07:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=448263

Недела неработен ден е реалност и работниците веќе ги уживаат бенефитите од ова законско решение. Иницијативата на Стопанската комора беше еден вид изненадување за нас, но лично сметам дека недела како законско решение ќе остане неработен ден за 92 проценти од работниците, вели во интервју за МИА претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

Задоволен е од спроведувањето на ова законско решение, а за сите забележани неправилности вели дека поднеле пријави до Инспекторатот за труд и до Пазарниот инспекторат за што веќе се изречени и првите санкции. Неправилности се констатирани во маркети и пекари, а според синдикатот, спорни се и спортските обложувалници, казината и угостителските објекти од типот на кафичи каде не се служи храна.

Секаде каде имаме поплаки, пријавивме до Државниот инспекторат за труд и до Пазарниот инспекторат и како што гледате веќе има резултати. Четворица работодавачи кои го прекршиле законот, веќе се парично казнети и затворени 15 дена. Дополнително, онаму каде што сметавме, како што се спортските обложувачници и коцкарници кои не се предвидени во дејностите кои можат да работат во недела, пративме претставки до Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за финансии бидејќи очигледно на тие дејности, некој со мислење, а не со законот, им дал да работат. Тоа за нас е неприфатливо бидејќи мислењето не може да го дерогира законот, а законот е јасен дека сите оние дејности кои не се пропишани за работа во недела, не можат да работат. А тоа ни се случува со спортските обложувачници и коцкарниците- посочува Димовски.

Како следен чекор, Димовски најавува дека во текот на февруари синдикатот ќе почне кампања со која секој месец ќе бидат опфатени по две дејности во кои ќе се анализира дали навистина се почитува исплатата на дневница за работа во недела.

The post Димовски: Недела неработен ден е реалност, верувам дека ова законско решение ќе остане appeared first on Република.

]]>

Недела неработен ден е реалност и работниците веќе ги уживаат бенефитите од ова законско решение. Иницијативата на Стопанската комора беше еден вид изненадување за нас, но лично сметам дека недела како законско решение ќе остане неработен ден за 92 проценти од работниците, вели во интервју за МИА претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски. Задоволен е од спроведувањето на ова законско решение, а за сите забележани неправилности вели дека поднеле пријави до Инспекторатот за труд и до Пазарниот инспекторат за што веќе се изречени и првите санкции. Неправилности се констатирани во маркети и пекари, а според синдикатот, спорни се и спортските обложувалници, казината и угостителските објекти од типот на кафичи каде не се служи храна.
Секаде каде имаме поплаки, пријавивме до Државниот инспекторат за труд и до Пазарниот инспекторат и како што гледате веќе има резултати. Четворица работодавачи кои го прекршиле законот, веќе се парично казнети и затворени 15 дена. Дополнително, онаму каде што сметавме, како што се спортските обложувачници и коцкарници кои не се предвидени во дејностите кои можат да работат во недела, пративме претставки до Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за финансии бидејќи очигледно на тие дејности, некој со мислење, а не со законот, им дал да работат. Тоа за нас е неприфатливо бидејќи мислењето не може да го дерогира законот, а законот е јасен дека сите оние дејности кои не се пропишани за работа во недела, не можат да работат. А тоа ни се случува со спортските обложувачници и коцкарниците- посочува Димовски.
Како следен чекор, Димовски најавува дека во текот на февруари синдикатот ќе почне кампања со која секој месец ќе бидат опфатени по две дејности во кои ќе се анализира дали навистина се почитува исплатата на дневница за работа во недела.

The post Димовски: Недела неработен ден е реалност, верувам дека ова законско решение ќе остане appeared first on Република.

]]>
Во март очекуваме минимална плата од 18.000, неприфатливо е тоа да биде подоцна https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-mart-ochekuvame-minimalna-plata-od-18-000-neprifatlivo-e-toa-da-bide-podocna/ Sat, 22 Jan 2022 07:17:41 +0000 https://republika.mk/?p=448007

Потребата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е реална и егзистенцијална за работниците. Аргументите се на наша страна и не гледам причина да не биде прифатено нашето барање, вели во интервју за МИА претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Димовски посочува дека ваквото барање е неминовно имајќи предвид дека потрошувачката кошничка е 35.040 денари и дека на двајца работници кои земаат минимална плата им недостигаат 4.640 денари за да може да ги покријат минималните месечни потреби во семејството.

Работникот тоа го очекува согласно ценовните шокови, енергетската криза…. Ние немаме друга надеж освен да ни се зголемат платите и да преживееме во тековниот месец, нагласува Димовски.

Изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека минималната плата ќе се зголеми најмалку на 18.000 денари, но во вториот квартал од годинава, за ССМ е неприфатлива и нема смисла затоа што законски усогласувањето на минималната плата се прави во март секоја година.

Законот е јасен. Секој март се усогласува минималната плата со три критериуми – пораст на просечната плата, пораст на трошоци и пораст на БДП. Тоа што го кажува министерот за економија за нас е неприфатливо и нема никаква смисла бидејќи во март, и да не сакаме, мора да се усогласи минималната плата, а поради ковид пандемијата и енергетската криза, сметаме дека 18.000 денари е прифатливо решение за работниците кои земаат минимална плата, а ги има над 110.000, подвлекува Димовски во интервјуто.

Паралелно со зголемувањето на минималната плата се бара и скалесто зголемување на сите останати плати. Ова, вели Димовски, е предвидено и во членот 8 од Законот за минимална плата каде е наведено дека согласно растот на минималната плата се усогласуваат и останатите плати, а дополнително во прилог на ваквото барање се и колективните договори во кои се вметнати коефициентите за сложеност на работа и степенот на образование.

Не се почитуваат законите и колективните договори, а зошто е тоа така, ќе ги прашате работодавачите и Владата. Во член 8 од Законот за минимална плата се вели дека согласно растот на минималната плата се усогласуваат и останатите плати, а плус имаме и колективни договори на ниво на сектори и гранки каде се вметнати коефициентите согласно сложеноста на работа и степенот на образование на работникот. Работодавачите треба да кажат зошто не го даваат тој дел, а се обврзани согласно колективните договори да го прават тоа, а и Владата преку инспекциите зошто не им наложува да го сторат тоа бидејќи вака се губат добар дел од даноците што може да се земат по основ на придонеси од платите. Со тоа губат сите – и работниците и државата, потенцира Димовски.

Доколку не се зголеми минималната плата, Синдикатот најавува протести кои ќе траат до исполнување на ова нивно барање.

За зголемувањето на минималната плата, непочитувањето на недела неработен ден и за регресот за годишен одмор за јавниот сектор во понеделник е закажана средба меѓу претставници на ССМ и на Владата.

The post Во март очекуваме минимална плата од 18.000, неприфатливо е тоа да биде подоцна appeared first on Република.

]]>

Потребата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е реална и егзистенцијална за работниците. Аргументите се на наша страна и не гледам причина да не биде прифатено нашето барање, вели во интервју за МИА претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Димовски посочува дека ваквото барање е неминовно имајќи предвид дека потрошувачката кошничка е 35.040 денари и дека на двајца работници кои земаат минимална плата им недостигаат 4.640 денари за да може да ги покријат минималните месечни потреби во семејството.
Работникот тоа го очекува согласно ценовните шокови, енергетската криза…. Ние немаме друга надеж освен да ни се зголемат платите и да преживееме во тековниот месец, нагласува Димовски.
  Изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека минималната плата ќе се зголеми најмалку на 18.000 денари, но во вториот квартал од годинава, за ССМ е неприфатлива и нема смисла затоа што законски усогласувањето на минималната плата се прави во март секоја година.
Законот е јасен. Секој март се усогласува минималната плата со три критериуми – пораст на просечната плата, пораст на трошоци и пораст на БДП. Тоа што го кажува министерот за економија за нас е неприфатливо и нема никаква смисла бидејќи во март, и да не сакаме, мора да се усогласи минималната плата, а поради ковид пандемијата и енергетската криза, сметаме дека 18.000 денари е прифатливо решение за работниците кои земаат минимална плата, а ги има над 110.000, подвлекува Димовски во интервјуто.
Паралелно со зголемувањето на минималната плата се бара и скалесто зголемување на сите останати плати. Ова, вели Димовски, е предвидено и во членот 8 од Законот за минимална плата каде е наведено дека согласно растот на минималната плата се усогласуваат и останатите плати, а дополнително во прилог на ваквото барање се и колективните договори во кои се вметнати коефициентите за сложеност на работа и степенот на образование.
Не се почитуваат законите и колективните договори, а зошто е тоа така, ќе ги прашате работодавачите и Владата. Во член 8 од Законот за минимална плата се вели дека согласно растот на минималната плата се усогласуваат и останатите плати, а плус имаме и колективни договори на ниво на сектори и гранки каде се вметнати коефициентите согласно сложеноста на работа и степенот на образование на работникот. Работодавачите треба да кажат зошто не го даваат тој дел, а се обврзани согласно колективните договори да го прават тоа, а и Владата преку инспекциите зошто не им наложува да го сторат тоа бидејќи вака се губат добар дел од даноците што може да се земат по основ на придонеси од платите. Со тоа губат сите – и работниците и државата, потенцира Димовски.
Доколку не се зголеми минималната плата, Синдикатот најавува протести кои ќе траат до исполнување на ова нивно барање. За зголемувањето на минималната плата, непочитувањето на недела неработен ден и за регресот за годишен одмор за јавниот сектор во понеделник е закажана средба меѓу претставници на ССМ и на Владата.

The post Во март очекуваме минимална плата од 18.000, неприфатливо е тоа да биде подоцна appeared first on Република.

]]>