Д-р Злате Мехмедовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-zlate-mehmedovikj/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 14:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Злате Мехмедовиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-zlate-mehmedovikj/ 32 32 Сите 18 заразени со голема кашлица се изолирани случаи, нема пренос од случај на случај вели д-р Мехмедовиќ https://republika.mk/zivot/zdravje/site-18-zarazeni-so-golema-kashlitsa-se-izolirani-sluchai-nema-prenos-od-sluchaj-na-sluchaj-veli-d-r-mehmedovik/ Wed, 07 Feb 2024 14:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=741544

Според инфорамциите од Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) сите досега потврдени 18 случаи на пертусис, односно голема кашлица се изолирани случи, нема пренос на заразата од еден на друг, кажа денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ.

Сите 18 се засебни случаи и во основа, за нас е охрабрувачки во овој период да проласиме епидемија за да не дозволиме да имаме кластери. Прогласувањето на епидемија ќе ни даде можност многу полесно да ја ублажиме епидемијата. Дневно имаме по два нови случаи. До каде ќе оди, не знаеме, но ова е вистинско време за прогласување епидемија, рече д-р Мехмедовиќ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-da-se-proglasi-epidemija-na-golema-kashlitsa-vo-skopje/

Претседателот на Комисијата за заразни болести проф. д-р Александар Петличковски рече дека сигурно има неотркиени случаи на голема кашлица, можеби три или четири пати од она што е откриено досега. Освен деца, има и возрасни хоспитализирани.

Во однос на 4-годишното дете што примило три вакцини и е на Детската клиника, Петличковски рече дека кај него се работи за некоја состојба која индицира примена на имуносупресивна терапија, која дава простор и луѓе што се вакцинирани да имаат можност да бидат заразени.

Кај него инфекцијата ќе помине полесно отколку ако не бил имунизиран. И самата вакцинација има ефикасност меѓу 80 и 90 проценти“, рече Петличковски.

„Во Србија ситуацијата е таква што од речиси 700 потврдени случаи на голема кашлица, дури 64 проценти се вакцинирани. Постои опаѓање на имунитетот по десет години во просек. Се размислува за освежување на имунитетот кај критично болни, кај лица над 65-годишна возраст. Ова се првични препораки затоа што сме во добра состојба во споредба со регионот. Имаме 18 случаи, немаме смртни случаи“, објасни Петличковски.

The post Сите 18 заразени со голема кашлица се изолирани случаи, нема пренос од случај на случај вели д-р Мехмедовиќ appeared first on Република.

]]>

Според инфорамциите од Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) сите досега потврдени 18 случаи на пертусис, односно голема кашлица се изолирани случи, нема пренос на заразата од еден на друг, кажа денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ.
Сите 18 се засебни случаи и во основа, за нас е охрабрувачки во овој период да проласиме епидемија за да не дозволиме да имаме кластери. Прогласувањето на епидемија ќе ни даде можност многу полесно да ја ублажиме епидемијата. Дневно имаме по два нови случаи. До каде ќе оди, не знаеме, но ова е вистинско време за прогласување епидемија, рече д-р Мехмедовиќ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-da-se-proglasi-epidemija-na-golema-kashlitsa-vo-skopje/ Претседателот на Комисијата за заразни болести проф. д-р Александар Петличковски рече дека сигурно има неотркиени случаи на голема кашлица, можеби три или четири пати од она што е откриено досега. Освен деца, има и возрасни хоспитализирани. Во однос на 4-годишното дете што примило три вакцини и е на Детската клиника, Петличковски рече дека кај него се работи за некоја состојба која индицира примена на имуносупресивна терапија, која дава простор и луѓе што се вакцинирани да имаат можност да бидат заразени.
Кај него инфекцијата ќе помине полесно отколку ако не бил имунизиран. И самата вакцинација има ефикасност меѓу 80 и 90 проценти“, рече Петличковски.
„Во Србија ситуацијата е таква што од речиси 700 потврдени случаи на голема кашлица, дури 64 проценти се вакцинирани. Постои опаѓање на имунитетот по десет години во просек. Се размислува за освежување на имунитетот кај критично болни, кај лица над 65-годишна возраст. Ова се првични препораки затоа што сме во добра состојба во споредба со регионот. Имаме 18 случаи, немаме смртни случаи“, објасни Петличковски.    

The post Сите 18 заразени со голема кашлица се изолирани случаи, нема пренос од случај на случај вели д-р Мехмедовиќ appeared first on Република.

]]>
Комисијата за заразни болести засега нема да заседава, упатен апел децата да се вакцинираат https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-zasega-nema-da-zasedava-upaten-apel-detsata-da-se-vaktsiniraat/ Wed, 10 Jan 2024 17:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=731689

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА истакна оти нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести.

– Претседателот на Комисијата решава дали ќе има или не. Треба да се апелира, да се вакцинираат децата согласно редовниот календар за имунизација. Тоа е најдобрата заштита. Минатата година имаше три случаи на голема кашлица, подвлече Мехмедовиќ.

На вакцинација денеска повика и министерот за здравство Фатмир Меџити.

– Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече Меџити на новинарско прашање дали појавата на големата кашлица во државава се должи на тоа што не се вакцинираат децата.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за МИА изјави дека од почетокот на годинава евидентирани се два случаја – едното дете е од Кичево, а другото е шестмесечно бебе хоспитализирано на Детската клиника „Козле“ во Скопје.

– Станува збор за невакцинирани деца. Едното е во „Козле“, а другото е на домашно лекување, појасни Мемети.

Кај невакцинираните доенчиња во текот на катаралната фаза – 1-2 недели, има незначителна кашлица, зацрвенети очи и ринитис, понекогаш и умерено покачена температура. Во текот на периодот на кашлица, има напади на кашлица кои обично се јавуваат ноќе и често се придружени со повраќање на мукус. Нападите продолжуваат во регуларни интервали во текот на 1-4 недели, а потоа стануваат поретки. Може да се повторат при нова респираторна инфекција. Во текот на фазата на кашлица пациентот е афебрилен. Ц- реактивниот протеин (ЦРП) и седиментацијата обично се нормални. Температура или покачени ЦРП сугерираат на некоја друга инфекција или секундарна бактериска инфекција. Кај невакцинирани доенчиња се јавува леукоцитоза, кај некои и лимфоцитоза.

Пертусис не е секогаш болест на школските деца, може да се јави и кај возрасни. Периодот на изолација треба да е пет дена од започнување со антибиотскиот третман. Ако симптомите траат повеќе од 3 недели, изолација е непотребна.

The post Комисијата за заразни болести засега нема да заседава, упатен апел децата да се вакцинираат appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА истакна оти нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести.
– Претседателот на Комисијата решава дали ќе има или не. Треба да се апелира, да се вакцинираат децата согласно редовниот календар за имунизација. Тоа е најдобрата заштита. Минатата година имаше три случаи на голема кашлица, подвлече Мехмедовиќ.
На вакцинација денеска повика и министерот за здравство Фатмир Меџити.
– Повикуваме на вакцинација затоа што вакцините спасуваат животи, рече Меџити на новинарско прашање дали појавата на големата кашлица во државава се должи на тоа што не се вакцинираат децата.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за МИА изјави дека од почетокот на годинава евидентирани се два случаја – едното дете е од Кичево, а другото е шестмесечно бебе хоспитализирано на Детската клиника „Козле“ во Скопје.
– Станува збор за невакцинирани деца. Едното е во „Козле“, а другото е на домашно лекување, појасни Мемети.
Кај невакцинираните доенчиња во текот на катаралната фаза – 1-2 недели, има незначителна кашлица, зацрвенети очи и ринитис, понекогаш и умерено покачена температура. Во текот на периодот на кашлица, има напади на кашлица кои обично се јавуваат ноќе и често се придружени со повраќање на мукус. Нападите продолжуваат во регуларни интервали во текот на 1-4 недели, а потоа стануваат поретки. Може да се повторат при нова респираторна инфекција. Во текот на фазата на кашлица пациентот е афебрилен. Ц- реактивниот протеин (ЦРП) и седиментацијата обично се нормални. Температура или покачени ЦРП сугерираат на некоја друга инфекција или секундарна бактериска инфекција. Кај невакцинирани доенчиња се јавува леукоцитоза, кај некои и лимфоцитоза. Пертусис не е секогаш болест на школските деца, може да се јави и кај возрасни. Периодот на изолација треба да е пет дена од започнување со антибиотскиот третман. Ако симптомите траат повеќе од 3 недели, изолација е непотребна.

The post Комисијата за заразни болести засега нема да заседава, упатен апел децата да се вакцинираат appeared first on Република.

]]>
Се сомневаат во вакцините, а никој не прашува каков е квалитетот на вакцина за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува, вели проф. д-р Грозданова https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/ Thu, 19 Oct 2023 12:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=692794

Вакцинацијата спасува животи и го спречува ширењето на болестите. Тоа е научен факт. Но, има недоверба и постојат митови поврзани со вакцинацијата од различни болести, а тоа  е предизвикано од лажните вести кои не се засновани врз научна вистина, вели проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.

Денеска на брифиног со новинарите беше презентиран Извештајот за реализација на имунизацијата на населението за 2022 година. Проф. д-р Грозданова  се осврна на МПР вакцината (мали сипаници) и ХПВ вакцината која во Македонија ја примаат само девојчињата. Според податоците од Извештајот за задолжителна имунизација на населението, во однос на примарната вкцинација не е констатиран препорачаниот опфат на над 95 отсто вакцинирани граѓани за ниту една вакцина.

Проф. д-р Грозданова смета дека граѓаните не веруваат во вакцините бидејќи имаат недоверба во здравствениот и во државниот систем. Перцепцијата е колку системот ќе ги наметне тие ограничувања или побарувања, вели д-р Грозданова.

Ние имаме здравствени работници кои одат да работат во странство, и за два месеци треба да примат 10 вакцини. Како тогаш работеле како здравствени работци? Кај нас многу често се случува да кажат немате вакцини за жолта треска. Тогаш никој не прашува каков е квалитетот на вакцината за жолта треска зошто треба на Малдиви да се патува. Кога студентите се запишуват на студии надвор, примаат по 4-5 вакцини за три месеци, затоа што тие универзитети таму ги бараат тие вакцини, а нашата држава во континитет ги обезбедува, вели д-р Грозданова, додавајќи дека вакцинацијата во цел свет исто се одвива. Тоа е универзална медицинска интервенција.

Проф. д-р Грозданова посебно говореше за епидемијата на мали сипаници што беше прогласена во февруари 2019 година во Макеоднија.

[caption id="attachment_692845" align="alignnone" width="793"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]

Најмал процент на вакцинација со МПР вакцината беше во 2018 година. Во февруари 2019 беше прогласена епидемија по што процентот на вакцинација се зголеми. Преовладува страв дека оваа вакцина предизвикува аутизам. Во тој период од шест месеци тогаш вакциниравме 42.000 деца. Ако имаше тренд на заболување од аутизам зарем мислите дека тоа немше да биде евидентирано. Немаме ние антиваксери, имаме збунети родители“, вели проф. д-р Грозаданова, додавајќи дека исклучително е важно на родителите да им се објаснува дека таа вакцина се дава со децении наназад.

На новинарско прашање околу тоа дали постои опасност од мал процент на вакцинираноста, особено во некои места, таа нагласи дека загрижуваат податоците околу вакцинираноста.

Во 2022 и 2023 веќе има зголемување на падот на вакцинираноста. Се надевам дека апелите ќе стигнат до родителите. Бидејќи во моментот кога ќе се намали опфатот, ризикот за појава на морбили е исклучително висок, рече Грозданова.

Таа смета дека стереотипите и стигмите е тешко да се искоренат, но потенцираше дека здравствените работници мора да бидат свесни дека кога излегуваат во јавност се што ќе кажат мора да го потврдат со научни факти.

Не е научен факт, детето да прооди или да прозори, па да прими вакцина. Затоа постои календар за имунизација, вели д-р Грозданова.

Ако сте вакцинирани од грип, ќе го поминете полесно, а ако се вакцинирани бабата и дедото, тие ќе може да го чуваат внучето. Ама ако се разболат бабата и дедето, внучето нема кој да го чува. Тоа се најосновни информации. Вакцината не штити 100 отсто ама штити од тешки форми на болести и смрт, додава д-р Грозданова.

Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, кажа дека процентот на вакцинирани со неколку вакцини задилжителни за деца е со мал опфат во Куманово, но 60 проценти е вакцинацијата со ХПВ вакцината, што пак во Скопје е само 13 проценти.

[caption id="attachment_692844" align="alignnone" width="896"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]

Во основа треба да се работи на детекција на проблемите што се јавуваат, во редовна комуникација помеѓу здравствените работници и помеѓу родителите, додаде тој, нагласувајќи дека е многу важно да се пренесува пораката за тоа колку се важни вакцините.

Тој подвлече дека единствено бројка од 95 проценти вакцинираност гарантира дека при појава на случаи на морбили, ќе нема епидемија.

Бојан Кордалов, виш комуникациски специјалист, се осврна на тоа колку е важно да се спречат лажните вести и ненаучните информации околу вакцинацијата, затоа што предизвикуваат страв и низок опфат со вакцинирање. Важно е правилното информирање, со цел да не се загрози сопственото и здравјето на другите.

Токму поради високата стапка на вакцинација во минатото, голем дел од луѓето, родителите од мојата генерација, не доживеле смртен случај на блиско лице во семејството затоа што сите беа порано вакцинирани. Токму поради тоа лицата кои сега се родители, сметаат дека оние болести коишто може да се спречат со вакцинација, веќе не претставуваат закана, вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

Ди Џовани се смета за среќна, бидејќи за време на ковид-пандемијата се нашла во Македонија, каде што се искоренети болести како полио, морбили и слично.

Македонија има добра традиција кога станува збор за детската имунизација. Меѓутоа, во текот на поново време, последните години дојде до двоумење, се појави несигурност поврзана со вакцините, се појави таа инфодемија која ги одвраќа родителите во однос на имунизацијата. Сметам дека без никакво сомневање, тоа треба да биде императив, сите треба да бидат вакцинирани, вели ди Џовани.

Со помал опфат на вакцинираноста беа споменати делови од Скопје и Струмица, додека во Кочани, со одредени вакцини, опфатот бил и над 95 проценти. Беше кажано дека треба да се следи примерот и искуството на општините што имаат поголем процент на вакцинираност.

The post Се сомневаат во вакцините, а никој не прашува каков е квалитетот на вакцина за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува, вели проф. д-р Грозданова appeared first on Република.

]]>

Вакцинацијата спасува животи и го спречува ширењето на болестите. Тоа е научен факт. Но, има недоверба и постојат митови поврзани со вакцинацијата од различни болести, а тоа  е предизвикано од лажните вести кои не се засновани врз научна вистина, вели проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација. Денеска на брифиног со новинарите беше презентиран Извештајот за реализација на имунизацијата на населението за 2022 година. Проф. д-р Грозданова  се осврна на МПР вакцината (мали сипаници) и ХПВ вакцината која во Македонија ја примаат само девојчињата. Според податоците од Извештајот за задолжителна имунизација на населението, во однос на примарната вкцинација не е констатиран препорачаниот опфат на над 95 отсто вакцинирани граѓани за ниту една вакцина. Проф. д-р Грозданова смета дека граѓаните не веруваат во вакцините бидејќи имаат недоверба во здравствениот и во државниот систем. Перцепцијата е колку системот ќе ги наметне тие ограничувања или побарувања, вели д-р Грозданова.
Ние имаме здравствени работници кои одат да работат во странство, и за два месеци треба да примат 10 вакцини. Како тогаш работеле како здравствени работци? Кај нас многу често се случува да кажат немате вакцини за жолта треска. Тогаш никој не прашува каков е квалитетот на вакцината за жолта треска зошто треба на Малдиви да се патува. Кога студентите се запишуват на студии надвор, примаат по 4-5 вакцини за три месеци, затоа што тие универзитети таму ги бараат тие вакцини, а нашата држава во континитет ги обезбедува, вели д-р Грозданова, додавајќи дека вакцинацијата во цел свет исто се одвива. Тоа е универзална медицинска интервенција.
Проф. д-р Грозданова посебно говореше за епидемијата на мали сипаници што беше прогласена во февруари 2019 година во Макеоднија. [caption id="attachment_692845" align="alignnone" width="793"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]
Најмал процент на вакцинација со МПР вакцината беше во 2018 година. Во февруари 2019 беше прогласена епидемија по што процентот на вакцинација се зголеми. Преовладува страв дека оваа вакцина предизвикува аутизам. Во тој период од шест месеци тогаш вакциниравме 42.000 деца. Ако имаше тренд на заболување од аутизам зарем мислите дека тоа немше да биде евидентирано. Немаме ние антиваксери, имаме збунети родители“, вели проф. д-р Грозаданова, додавајќи дека исклучително е важно на родителите да им се објаснува дека таа вакцина се дава со децении наназад.
На новинарско прашање околу тоа дали постои опасност од мал процент на вакцинираноста, особено во некои места, таа нагласи дека загрижуваат податоците околу вакцинираноста.
Во 2022 и 2023 веќе има зголемување на падот на вакцинираноста. Се надевам дека апелите ќе стигнат до родителите. Бидејќи во моментот кога ќе се намали опфатот, ризикот за појава на морбили е исклучително висок, рече Грозданова.
Таа смета дека стереотипите и стигмите е тешко да се искоренат, но потенцираше дека здравствените работници мора да бидат свесни дека кога излегуваат во јавност се што ќе кажат мора да го потврдат со научни факти. Не е научен факт, детето да прооди или да прозори, па да прими вакцина. Затоа постои календар за имунизација, вели д-р Грозданова.
Ако сте вакцинирани од грип, ќе го поминете полесно, а ако се вакцинирани бабата и дедото, тие ќе може да го чуваат внучето. Ама ако се разболат бабата и дедето, внучето нема кој да го чува. Тоа се најосновни информации. Вакцината не штити 100 отсто ама штити од тешки форми на болести и смрт, додава д-р Грозданова.
Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, кажа дека процентот на вакцинирани со неколку вакцини задилжителни за деца е со мал опфат во Куманово, но 60 проценти е вакцинацијата со ХПВ вакцината, што пак во Скопје е само 13 проценти. [caption id="attachment_692844" align="alignnone" width="896"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]
Во основа треба да се работи на детекција на проблемите што се јавуваат, во редовна комуникација помеѓу здравствените работници и помеѓу родителите, додаде тој, нагласувајќи дека е многу важно да се пренесува пораката за тоа колку се важни вакцините.
Тој подвлече дека единствено бројка од 95 проценти вакцинираност гарантира дека при појава на случаи на морбили, ќе нема епидемија. Бојан Кордалов, виш комуникациски специјалист, се осврна на тоа колку е важно да се спречат лажните вести и ненаучните информации околу вакцинацијата, затоа што предизвикуваат страв и низок опфат со вакцинирање. Важно е правилното информирање, со цел да не се загрози сопственото и здравјето на другите.
Токму поради високата стапка на вакцинација во минатото, голем дел од луѓето, родителите од мојата генерација, не доживеле смртен случај на блиско лице во семејството затоа што сите беа порано вакцинирани. Токму поради тоа лицата кои сега се родители, сметаат дека оние болести коишто може да се спречат со вакцинација, веќе не претставуваат закана, вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.
Ди Џовани се смета за среќна, бидејќи за време на ковид-пандемијата се нашла во Македонија, каде што се искоренети болести како полио, морбили и слично.
Македонија има добра традиција кога станува збор за детската имунизација. Меѓутоа, во текот на поново време, последните години дојде до двоумење, се појави несигурност поврзана со вакцините, се појави таа инфодемија која ги одвраќа родителите во однос на имунизацијата. Сметам дека без никакво сомневање, тоа треба да биде императив, сите треба да бидат вакцинирани, вели ди Џовани.
Со помал опфат на вакцинираноста беа споменати делови од Скопје и Струмица, додека во Кочани, со одредени вакцини, опфатот бил и над 95 проценти. Беше кажано дека треба да се следи примерот и искуството на општините што имаат поголем процент на вакцинираност.

The post Се сомневаат во вакцините, а никој не прашува каков е квалитетот на вакцина за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува, вели проф. д-р Грозданова appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ не очекува да има повеќе случаи: Не е првпат да се јавува во државава конго-кримска хеморагична треска https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-ne-ochekuva-da-ima-poveke-sluchai-ne-e-prvpat-da-se-javuva-vo-drzhavava-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ Tue, 08 Aug 2023 13:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=670054

За случаите со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во комуникација сме со Светската здравствена организација, ги црпиме сите искуства што светот ги има, што во нашиот регион се лимитирани, во комуникација сме со колеги од регионот и од Албанија и од Косово, Бугарија, изјави за МИА, директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ.

Со Светската здравствена организација сме на линија, така што, правиме сѐ што е во наша моќ, нагласи Стевановиќ.

Претходно денеска, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска.

Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.

Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот, болничарка од Инфективната клиника, е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.

Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж.

The post Д-р Мехмедовиќ не очекува да има повеќе случаи: Не е првпат да се јавува во државава конго-кримска хеморагична треска appeared first on Република.

]]>

За случаите со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во комуникација сме со Светската здравствена организација, ги црпиме сите искуства што светот ги има, што во нашиот регион се лимитирани, во комуникација сме со колеги од регионот и од Албанија и од Косово, Бугарија, изјави за МИА, директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ. Со Светската здравствена организација сме на линија, така што, правиме сѐ што е во наша моќ, нагласи Стевановиќ. Претходно денеска, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска.
Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.
Oд она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот, болничарка од Инфективната клиника, е веројатно на пренесување преку контаминирана крв. Во првиот случај со директно заразување, почина 27-годишна пациентка, по инфекција со каснување од крлеж.

The post Д-р Мехмедовиќ не очекува да има повеќе случаи: Не е првпат да се јавува во државава конго-кримска хеморагична треска appeared first on Република.

]]>
Нема простор за паника за конго-кримска хеморагична треска, вели д-р Мехмедовиќ по веста за заболената сестра https://republika.mk/vesti/nema-prostor-za-panika-za-kongo-krimska-hemoragichna-treska-veli-d-r-mehmedovik-po-vesta-za-zabolenata-sestra/ Tue, 08 Aug 2023 09:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=669913

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.

Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, мислам дека од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.

Од она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.

Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.

Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска.

Оттаму појаснија дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид, „која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“.

По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.

Здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до четврток.

Како што се потенцираше во соопштението, „должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена“.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, пишува во соопштението на Министерството за здравство.

The post Нема простор за паника за конго-кримска хеморагична треска, вели д-р Мехмедовиќ по веста за заболената сестра appeared first on Република.

]]>

Не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска, изјави за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина.
Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се евентуалните компликации, што може да се направи во насока на тоа да се превенира болеста, мислам дека од Институтот за јавно здравје излегоа со информации за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето тоа што е направено од страна на Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, нагласи тој.
Од она што го виделе, како што додаде тој, првиот случај е случај на директно заразување, а вториот е веројатно на пренесување преку контаминирана крв.
Не очекуваме да има повеќе случаи, меѓутоа ова не е првпат да се јавува во државава ваков тип на заболување, зборуваме конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека го имало во минатото – го имало, дека се појавува во регионот – се појавува, дека ќе има вакви инцидентни појавувања – ќе има. Меѓутоа тоа не значи дека сме на раб на избивање на нова епидемија што ќе ги загрози сериозно животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.
Од Министерството за здравство вчера информираа дека по потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, вработено лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), идентификувано како контакт со среден ризик, на деветтиот ден од надзорот, пројавило симптоми. Согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, бил утврден позитивен случај на конго-кримска хеморагична треска. Оттаму појаснија дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид, „која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“.
По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.
Здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до четврток. Како што се потенцираше во соопштението, „должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена“.
Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, пишува во соопштението на Министерството за здравство.

The post Нема простор за паника за конго-кримска хеморагична треска, вели д-р Мехмедовиќ по веста за заболената сестра appeared first on Република.

]]>
Педијатрите и инфектолозите да ги следат осипите на децата, по појавата на првиот случај на морбили по 2019 години, апелираат од Комисијата за заразни болести https://republika.mk/zivot/zdravje/pedijatrite-i-infektolozite-da-gi-sledat-osipite-na-detsata-po-pojavata-na-prviot-sluchaj-na-morbili-po-2019-godini-apeliraat-od-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Tue, 04 Apr 2023 14:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=627186

13-месечно бебе од Свети Николе, кое лежеше на Инфективното одделение во болницата во Штип поради зараза со морбили е на домашно лекување, во добра општа состојба. Матичните педијатри и инфектолозите да бидат повнимателни во следењето на осипите на децата и да ги пријавуват до надлежните центри за јавно здравје, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портарпол на Комисијата за заразни болести која денеска имаше состанок откако по 2019 одина првпат во Македонија се појави случај на морбили.

Како што кажа д-р Мехмедовиќ, 13-месечното бебе пред 13 дена било на преглед на Очната клиника во Скопје и на Институтот за микробиологија и во тек се епидемиолошки анализи да се види дали има ризик за појава на нови случаи.

Д-р Мехмедовиќ рече дека Комисијата донела повеќе препораки за следење и менаџирање на евентуално нови случаите со морбили во нашата земја.

Прво е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески. Второ е да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоењето на морбили. Третото е педијатрите да ги испраќаат суспектните случаи до специјалисти, а сите материјали треба да се испраќаат до лабораторијата на Институтот за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се напрви преглед во документацијата на сите оние деца кои не се вакцинирани или не се комплетно вакицнирани со цел да се покријат тие дупки во системот кои може да бидат причина за појава на нови случаи. Да се засили процесот на едукација на населението за важноста на МРП вакцината затоа пто претстваува најефискаен начин за ублажување на последиците од морбили, изјави денеска по состанокот на Комисијата д-р Мехмедовиќ.

The post Педијатрите и инфектолозите да ги следат осипите на децата, по појавата на првиот случај на морбили по 2019 години, апелираат од Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

13-месечно бебе од Свети Николе, кое лежеше на Инфективното одделение во болницата во Штип поради зараза со морбили е на домашно лекување, во добра општа состојба. Матичните педијатри и инфектолозите да бидат повнимателни во следењето на осипите на децата и да ги пријавуват до надлежните центри за јавно здравје, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портарпол на Комисијата за заразни болести која денеска имаше состанок откако по 2019 одина првпат во Македонија се појави случај на морбили. Како што кажа д-р Мехмедовиќ, 13-месечното бебе пред 13 дена било на преглед на Очната клиника во Скопје и на Институтот за микробиологија и во тек се епидемиолошки анализи да се види дали има ризик за појава на нови случаи.
Д-р Мехмедовиќ рече дека Комисијата донела повеќе препораки за следење и менаџирање на евентуално нови случаите со морбили во нашата земја. Прво е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески. Второ е да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и популацијата за постоењето на морбили. Третото е педијатрите да ги испраќаат суспектните случаи до специјалисти, а сите материјали треба да се испраќаат до лабораторијата на Институтот за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се напрви преглед во документацијата на сите оние деца кои не се вакцинирани или не се комплетно вакицнирани со цел да се покријат тие дупки во системот кои може да бидат причина за појава на нови случаи. Да се засили процесот на едукација на населението за важноста на МРП вакцината затоа пто претстваува најефискаен начин за ублажување на последиците од морбили, изјави денеска по состанокот на Комисијата д-р Мехмедовиќ.

The post Педијатрите и инфектолозите да ги следат осипите на децата, по појавата на првиот случај на морбили по 2019 години, апелираат од Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: Ако има преоптоварување на здравствениот систем, постепено ќе воведеме превентивни мерки https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mehmedovik-ako-ima-preoptovaruvane-na-zdravstveniot-sistem-postepeno-ke-vovedeme-preventivni-merki/ Fri, 20 Jan 2023 10:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=599037

Дали „кракенот“ е присутен во земјава ќе дознаеме во текот на денот. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ утрово во гостување на Утрински печат вели дека нема промена во третманот и оваа варијанта е иста на омикрон. Истакна дека не очекува исполнување на болничките капацитети, но со тоа што е лесно пренослив и го заобиколува веќе стекнатиот имунитет очекуваат зголемен број на ковид-случаи, со симптоми налик на омикрон сојот.

Најголемиот товар ќе биде на примарното здравство, кога сите коишто ќе се пожалат на тоа дека имаат горнореспираторни проблеми, течење на носот, покачена телесна температура и болки во грло. КЗБ веќе даде препорака за тоа доколку матичните лекари не можат да постигнат со прегледите на дневно ниво, да се ангажираат и ковид-амбулантите, појасни д-р Мехмедовиќ.

The post Д-р Мехмедовиќ: Ако има преоптоварување на здравствениот систем, постепено ќе воведеме превентивни мерки appeared first on Република.

Д-р Мехмедовиќ апелира: Децата да се вакцинираат против морбили, задолжително е https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovik-apelira-detsata-da-se-vaktsiniraat-protiv-morbili-zadolzhitelno-e/ Wed, 18 Jan 2023 17:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=598471

Во моментов состојбата со респираторните болести што циркулираат периодов е стабилна информираше денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ по состанок на Комисијата, потенцирајќи дека со цел да се задоволат потребите на граѓаните, Институтот за микробиологија почна со тестирање, а исто така Министерството за здравство ќе достави брзи антигени тестови до сите здравствени институции со цел пациентите да не бидат изложени на дополнителни трошоци.

Матичните лекари знаат како да постапат во однос на третирање и давање терапија кога е во прашање вирусот на инфлуенца. Ова како дијагностичка процедура во насока на тоа да се утврди дали се работи за КОВИД или грип, ќе им ја олесни работата да знаат која терапија е посоодветна за пациентите, изјави д-р Мехмедовиќ.

Апелираше до родителите да ги вакцинираат децата против морбили, бидејќи како што посочи, процентот на вакцинирани деца е далеку од посакуваното ниво од 95 проценти.

Можно е да се појави епидемија на морбили, вакцинацијата е задолжителна, а родителите треба да го испочитуваат тоа и да го заштитат здравјето на своите деца, додаде портпаролот на КЗБ и информираше дека во моментов нема потврден случај на морбили, со што е безбедно децата од понеделник да се вратат во училиштата.

The post Д-р Мехмедовиќ апелира: Децата да се вакцинираат против морбили, задолжително е appeared first on Република.

Мехмедовиќ: Кичевчанецот е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација https://republika.mk/vesti/makedonija/mehmedovikj-kichevchanecot-e-testiran-za-majmunski-sipanici-vo-momentov-e-vo-izolacija/ Fri, 12 Aug 2022 13:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=539678

Лицето од Кичево денеска е тестирано од мајмунски сипаници и во моментов е во изолација, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот, додаде Мехмедовиќ.

Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање, бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но, како што рече, постои можност да се побара здравствен надзор.

The post Мехмедовиќ: Кичевчанецот е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација appeared first on Република.

]]>

Лицето од Кичево денеска е тестирано од мајмунски сипаници и во моментов е во изолација, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот, додаде Мехмедовиќ.
Ова беше првиот пациент кај кого постоеше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, но тој одбиваше да се тестира. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски на последната прес-конференција во врска со овој случај потенцираше дека нема законска можност лицето да се присили за тестирање, бидејќи ова не е болест со која следи задолжителна изолација, туку има само препорака. Но, како што рече, постои можност да се побара здравствен надзор.  

The post Мехмедовиќ: Кичевчанецот е тестиран за мајмунски сипаници, во моментов е во изолација appeared first on Република.

]]>
Засега нема нови ковид-мерки, пет нови амбуланти ќе почнат со работа од наредната недела во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/zasega-nema-novi-kovid-merki-pet-novi-ambulanti-kje-pochnat-so-rabota-od-narednata-nedela-vo-skopje/ Thu, 21 Jul 2022 14:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=531868

Во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот Скопје. Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и за сега нема да има дополнителни превентивни мерки, рече денеска на прес-конференцијата портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

На денешниот состанок на Комисијата се анализирала епидемиолошката состојба, при што е констатирано дека има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но оти состојбата во болниците е стабилна. Мехмедовиќ посочи дека нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците.

Тоа значи, потенцира Мехмедовиќ, дека болничките капацитети сè уште се доволни за да можат да ги згрижат сите оние граѓани кои имаат потреба.

Градот Скопје, како што рече портпаролот, во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено новите пет ковид амбуланти да се наоѓаат на територијата на главниот град. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Горче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.

Со постоењето на КОВИД амбуланти вака дисперзирани, ќе биде покриена целата територија на градот и граѓаните ќе можат најблиску до своето место на живеење да добијат и дијагностика и третман за КОВИД -19, што сметаме дека ќе го олесни товарот и на матичните лекари, меѓутоа ќе ги направи и услугите во насока на потребата за КОВИД дијагностика и третман за граѓаните на градот Скопје подостапни, рече Мехмедовиќ.

Тој додаде дека најголемиот дел од оптовареноста на системот се наоѓа на примарно ниво, односно е на грбот на матичните лекари и Комисијата работи во насока на тоа да го зајакне примарниот дел од здравствениот систем.

Работиме и на тоа да обезбедиме опрема, персонал и кадар за останатите градови, меѓутоа ова е нешто што сметавме дека е ургентно и заради тоа започнавме со оваа реорганизација во рамките на град Скопје, рече Мехмедовиќ.

Поради тоа што епидемиолошката состојба е стабилна, а според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона, за сега нема потреба од дополнителни нови мерки.

Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.

Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Но, рече, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи.

Тој додаде дека стомачните проблеми не се толку чести кај БА5 ковид варијанта, согласно извештајот од Институтот за јавно здравје што го имаат добиено изминативе два дена.

Стомачните проблеми не се точку чести кај оваа варијанта. Најчести проблеми кои се врзани со ковид и со омикрон варијантата и БA5 варијанта не подразбираат дигестивни проблеми. Тие се едни од поретки што ги имаме, рече Мехмедовиќ одговарајќи на новинарско прашање.

The post Засега нема нови ковид-мерки, пет нови амбуланти ќе почнат со работа од наредната недела во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот Скопје. Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и за сега нема да има дополнителни превентивни мерки, рече денеска на прес-конференцијата портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. На денешниот состанок на Комисијата се анализирала епидемиолошката состојба, при што е констатирано дека има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но оти состојбата во болниците е стабилна. Мехмедовиќ посочи дека нема зголемување на бројот на хоспитализирани во болниците. Тоа значи, потенцира Мехмедовиќ, дека болничките капацитети сè уште се доволни за да можат да ги згрижат сите оние граѓани кои имаат потреба. Градот Скопје, како што рече портпаролот, во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено новите пет ковид амбуланти да се наоѓаат на територијата на главниот град. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Горче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.
Со постоењето на КОВИД амбуланти вака дисперзирани, ќе биде покриена целата територија на градот и граѓаните ќе можат најблиску до своето место на живеење да добијат и дијагностика и третман за КОВИД -19, што сметаме дека ќе го олесни товарот и на матичните лекари, меѓутоа ќе ги направи и услугите во насока на потребата за КОВИД дијагностика и третман за граѓаните на градот Скопје подостапни, рече Мехмедовиќ.
Тој додаде дека најголемиот дел од оптовареноста на системот се наоѓа на примарно ниво, односно е на грбот на матичните лекари и Комисијата работи во насока на тоа да го зајакне примарниот дел од здравствениот систем.
Работиме и на тоа да обезбедиме опрема, персонал и кадар за останатите градови, меѓутоа ова е нешто што сметавме дека е ургентно и заради тоа започнавме со оваа реорганизација во рамките на град Скопје, рече Мехмедовиќ.
Поради тоа што епидемиолошката состојба е стабилна, а според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона, за сега нема потреба од дополнителни нови мерки.
Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ.
Според портпаролот на Комисијата, трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Но, рече, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи. Тој додаде дека стомачните проблеми не се толку чести кај БА5 ковид варијанта, согласно извештајот од Институтот за јавно здравје што го имаат добиено изминативе два дена.
Стомачните проблеми не се точку чести кај оваа варијанта. Најчести проблеми кои се врзани со ковид и со омикрон варијантата и БA5 варијанта не подразбираат дигестивни проблеми. Тие се едни од поретки што ги имаме, рече Мехмедовиќ одговарајќи на новинарско прашање.

The post Засега нема нови ковид-мерки, пет нови амбуланти ќе почнат со работа од наредната недела во Скопје appeared first on Република.

]]>
Мехмедовиќ: Има зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника, ама засега нема нови мерки против ковид-19 https://republika.mk/vesti/mehmedovikj-ima-zgolemen-broj-na-ambulantski-pregledi-na-infektivnata-klinika-ama-zasega-nema-novi-merki-protiv-kovid-19/ Thu, 07 Jul 2022 13:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=525415

Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот. Состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно дневните Ковиц статистики, вели Мехмедовиќ.

Согласно анализите во последниот извештај, тој истакна дека во моментов актуелни се мерките за носење маска во јавен превоз, аптеки, здравствени установи и старечките домови и домови за лица со попреченост.

Доколку има промена во епидемиолошката состојба, како што посочи Мехмедовиќ, ќе бидат разгледани параметрите и Комисијата ќе препорача нови мерки за заштита од вирусот.

Во однос на исполнетоста на болничките капацитети, тој информираше дека согласно податоците од Клиниката за инфективни болести, сè уште има доволно болнички капацитети што можат да се стават на располагање, но забележан е зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника.

Во текот на изминатото деноноќие од вкупно 1.129 тестирања, регистрирани се 355 нови случаи на Ковид-19, од кои 89 се реинфекции. Починато е едно лице од Скопје во болнички услови и едно лице од Струга во домашни услови. Во моментов активни се 1.474 случаи на вирусот.

The post Мехмедовиќ: Има зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника, ама засега нема нови мерки против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот. Состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно дневните Ковиц статистики, вели Мехмедовиќ.
Согласно анализите во последниот извештај, тој истакна дека во моментов актуелни се мерките за носење маска во јавен превоз, аптеки, здравствени установи и старечките домови и домови за лица со попреченост. Доколку има промена во епидемиолошката состојба, како што посочи Мехмедовиќ, ќе бидат разгледани параметрите и Комисијата ќе препорача нови мерки за заштита од вирусот. Во однос на исполнетоста на болничките капацитети, тој информираше дека согласно податоците од Клиниката за инфективни болести, сè уште има доволно болнички капацитети што можат да се стават на располагање, но забележан е зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника. Во текот на изминатото деноноќие од вкупно 1.129 тестирања, регистрирани се 355 нови случаи на Ковид-19, од кои 89 се реинфекции. Починато е едно лице од Скопје во болнички услови и едно лице од Струга во домашни услови. Во моментов активни се 1.474 случаи на вирусот.

The post Мехмедовиќ: Има зголемен број на амбулантски прегледи на Инфективната клиника, ама засега нема нови мерки против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Ќе се набавуват посебни тестови за дијагностицирање на мајмунските сипаници https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-nabavuvat-posebni-testovi-za-dijagnosticiranje-na-majmunskite-sipanici/ Wed, 25 May 2022 12:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=506789

Комисијата е загрижена од ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и од појавените случаи надвор од ендемичните басени во централна и западна Африка.  Состојбата внимателно се следи, но не треба да има паника зашто оваа епидемија, од која во светот има стотина случаи, не е идентична и пропорционална со сѐ уште актуелната пандемијата со КОВИД-19, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Соопшти дека на денешниот состанок на Комисијата се разговарало за дефинирање клинички патеки за следење, скрининг и дијагностика на пациентите кои евентуално ќе бидат заболени од мајмунски сипаници со цел здравствениот систем да биде подготвен и, како што рече, колку што е можно подобро да одговори на евентуална епидемија и во нашата земја.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) веќе контактирал со Светската здравствена организација да се набави посебна опрема за дијагностицирање на овој вирус, а со СЗО се разговара и за набавка на потребната терапија.

На состанокот договоривме внимателно да ја следиме ситуацијата и да обезбедиме сѐ што е потребно за навремена дијагностика и третман на евентуални пациенти коишто би биле во нашата држава.  Вирусот на мајмунски сипаници иако во светот постои речиси половина век, многу ретко се наоѓаше на овие простори и, практично, дијагностичките и терапевтските процедури коишто се достапни се некако оскудни во овој дел од Европа. Така што сите земји во моментот имаат проблеми за да обезбедат квалитетна дијагностика и третман на своите пациенти. Меѓутоа,  Институтот за јавно здравје уште минатата недела стапи во контакт со Светската здравствена организација за да се обезбедат посебни дијагностички китови за ПЦР-тестирање за мајмунските сипаници, рече Мехмедовиќ на прес-конференција.

На веб-страницата на ИЈЗ е објавена информација за симптомите на вирусот на мајмунски сипаници (monkeypox), за начинот на кој се пренесува, а за хоспитализирање дополнително ќе биде соопштено откако ќе бидат дефинирани клиничките патеки за кои се разговарало на денешниот состанок на КЗБ.

Карактеристичен симптом е промена на кожата во форма на егзем и појава на мали испакнатани и меурчиња, придружено со висока температура од над 38 степени, болки во мускулите, грбот и премаленост. Симптомите не се разликуваат од останатите инфекции поврзани со сипаници и вирусот се потврдува со посебни ПЦР-тестови и опрема што се очекуваат во земјава, а наскоро, рече Мехмедовиќ, ќе биде целосно функционален и системот за справување со евентуална епидемија.

Не би сакале да креваме паника. Загрижени сме, но редовно ја следиме состојбата и доколку има какви било промени навремено ќе интервенираме, додаде портпаролот на Комисијата за заразни болести. 

The post Ќе се набавуват посебни тестови за дијагностицирање на мајмунските сипаници appeared first on Република.

]]>

Комисијата е загрижена од ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и од појавените случаи надвор од ендемичните басени во централна и западна Африка.  Состојбата внимателно се следи, но не треба да има паника зашто оваа епидемија, од која во светот има стотина случаи, не е идентична и пропорционална со сѐ уште актуелната пандемијата со КОВИД-19, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Соопшти дека на денешниот состанок на Комисијата се разговарало за дефинирање клинички патеки за следење, скрининг и дијагностика на пациентите кои евентуално ќе бидат заболени од мајмунски сипаници со цел здравствениот систем да биде подготвен и, како што рече, колку што е можно подобро да одговори на евентуална епидемија и во нашата земја. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) веќе контактирал со Светската здравствена организација да се набави посебна опрема за дијагностицирање на овој вирус, а со СЗО се разговара и за набавка на потребната терапија.
На состанокот договоривме внимателно да ја следиме ситуацијата и да обезбедиме сѐ што е потребно за навремена дијагностика и третман на евентуални пациенти коишто би биле во нашата држава.  Вирусот на мајмунски сипаници иако во светот постои речиси половина век, многу ретко се наоѓаше на овие простори и, практично, дијагностичките и терапевтските процедури коишто се достапни се некако оскудни во овој дел од Европа. Така што сите земји во моментот имаат проблеми за да обезбедат квалитетна дијагностика и третман на своите пациенти. Меѓутоа,  Институтот за јавно здравје уште минатата недела стапи во контакт со Светската здравствена организација за да се обезбедат посебни дијагностички китови за ПЦР-тестирање за мајмунските сипаници, рече Мехмедовиќ на прес-конференција.
На веб-страницата на ИЈЗ е објавена информација за симптомите на вирусот на мајмунски сипаници (monkeypox), за начинот на кој се пренесува, а за хоспитализирање дополнително ќе биде соопштено откако ќе бидат дефинирани клиничките патеки за кои се разговарало на денешниот состанок на КЗБ. Карактеристичен симптом е промена на кожата во форма на егзем и појава на мали испакнатани и меурчиња, придружено со висока температура од над 38 степени, болки во мускулите, грбот и премаленост. Симптомите не се разликуваат од останатите инфекции поврзани со сипаници и вирусот се потврдува со посебни ПЦР-тестови и опрема што се очекуваат во земјава, а наскоро, рече Мехмедовиќ, ќе биде целосно функционален и системот за справување со евентуална епидемија.
Не би сакале да креваме паника. Загрижени сме, но редовно ја следиме состојбата и доколку има какви било промени навремено ќе интервенираме, додаде портпаролот на Комисијата за заразни болести. 

The post Ќе се набавуват посебни тестови за дијагностицирање на мајмунските сипаници appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: Нека останат маските уште некое време, да не ја повториме грешката која ја направија Британија, Шведска, Данска https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovikj-neka-ostanat-maskite-ushte-nekoe-vreme-da-ne-ja-povtorime-greshkata-koja-ja-napravija-britanija-shvedska-danska/ Thu, 31 Mar 2022 08:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=481259

Се уште е висока инциденцата кај оние кои се одговри за трансмисија на вирусот во затворени простории, а тоа се повозрасните лица, се уште имаме релативно висок број на новозаразени и кога би ги тргнале маските во овој момен би оставиле голема група на луѓе незаштитени и експонирани на вирусот, а знаеме дека маската штити, вели доктор Злате Мехмедовиќ во Утрински Брифинг.

Се уште сме на ставот и имаме задршка дека во овој дел не треба да се прават промени, нека останат маските уште некое време, да не ја повториме гршката која ја направија осанатите земји, како Британија, Шведска, Данска…., појаснува Мехмедовиќ.

The post Д-р Мехмедовиќ: Нека останат маските уште некое време, да не ја повториме грешката која ја направија Британија, Шведска, Данска appeared first on Република.

ВО ЖИВО: Изјава на портпаролот на Комисијата за заразни болести https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-izjava-na-portparolot-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/ Wed, 30 Mar 2022 11:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=480857

Во тек е изјавата на портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

The post ВО ЖИВО: Изјава на портпаролот на Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>

Во тек е изјавата на портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

The post ВО ЖИВО: Изјава на портпаролот на Комисијата за заразни болести appeared first on Република.

]]>
Сертификатите на сила додека се намали бројот на заразени https://republika.mk/zivot/zdravje/sertifikatite-na-sila-dodeka-se-namali-brojot-na-zarazeni/ Wed, 16 Feb 2022 07:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=459077

Невакцинираните граѓани ќе може да пијат кафе во кафеана или да влезат во трговските центри кога ќе се намали бројот на заразени лица.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.

-Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, истакна Мехмедовиќ.

Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие кои го немаат имунитет.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 1.269 случаи на КОВИД-19 од направени 4.047 тестови или 31 процент, вкупно евидентирани 25 починати лица и тоа 14 во последните 24 часа и 11 преку системот „Мој термин“, а оздравени 848 пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.

The post Сертификатите на сила додека се намали бројот на заразени appeared first on Република.

]]>

Невакцинираните граѓани ќе може да пијат кафе во кафеана или да влезат во трговските центри кога ќе се намали бројот на заразени лица. Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.
-Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, истакна Мехмедовиќ.
Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие кои го немаат имунитет. Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 1.269 случаи на КОВИД-19 од направени 4.047 тестови или 31 процент, вкупно евидентирани 25 починати лица и тоа 14 во последните 24 часа и 11 преку системот „Мој термин“, а оздравени 848 пациенти. Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.

The post Сертификатите на сила додека се намали бројот на заразени appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: Вакцинацијата кај нас требаше да биде спринт, а испадна маратон, доцниме со сериозна кампања за вакцинација https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mehmedovikj-vakcinacijata-kaj-nas-trebashe-da-bide-sprint-a-ispadna-maraton-docnime-so-seriozna-kampanja-za-vakcinacija/ Thu, 10 Feb 2022 21:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=456961

Новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ, вели дека проценките на здравствените власти биле дека ќе вакцинираат над 70% од населението, со што би се дошло до колективен имунитет.

Ова требаше да биде спринт, а не маратон. Ние се уште се убедуваме, а требаше да биде брза реакција. Сметам дека година дена доцниме со сериозна кампања за вакцинација - вели д-р Мехмедовиќ, во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според Мехмедовиќ, во моментов постои сериозен интерес од Министерството за здравство за една таква кампања, а тоа го покажува и средбата на министерот Сали со верските лидери.

Од нас како Комисија се уште не е побарано за поефективна кампања за вакцинација. Со таква кампања низ светот беа потистнати теориите на заговор и шпекулациите за квалитетот на вакцините - вели д-р Мехмедовиќ.

The post Д-р Мехмедовиќ: Вакцинацијата кај нас требаше да биде спринт, а испадна маратон, доцниме со сериозна кампања за вакцинација appeared first on Република.

Д-р Мехмедовиќ на Фејсбук се дообјасни што значела „манипулацијата“ со бројките на починати од ковид-19 https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mehmedovikj-na-fejsbuk-se-doobjasni-shto-znachela-manipulacijata-so-brojkite-na-pochinati-od-kovid-19/ Wed, 02 Feb 2022 10:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=452889

Новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ зборувајќи за високата смртност од ковид-19 во Македонија денеска изјави дека имало манипулација со бројките на починати и дека новиот состав на Комисијата ќе ги преразгледа сите досегашни извештаи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mehmedovikj-imashe-manipuliranje-so-brojkite-na-pochinati-od-kovid/

Оваа изјава предизвика бура во јавноста. Д-р Мехмедовиќ не прецизираше на каква манипулација со бројки мислел. Поради тоа, тој се огласи на Фејсбук.

Во денешното гостување на Утрински брифинг на прашањето за високата смртност во нашата земја од ковид одговорив:” Има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаме, затоа што да имаше манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност”
Би сакал да појаснам, пред се поради големиот интерес на новинарите што точно значи „манипулацијата” со бројките. Не се работи за манипулација на бројките од страна на претходната комисија за заразни болести, туку за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста. Долго време се разговараше на темата дека во ковид евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажан присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на КЗБ.
Комисијата за заразни болести водела точна евиденција согласно препораките на СЗО за смртноста и не станува збор за манипулации на тие бројки, туку за манипулациите и дезинформациите во јавноста поврзани со смртноста за која основната причина е ковид. Зборот манипулација беше погрешно употребен и требаше да биде дообјаснет, на Комисијата за заразни болести и се извинувам за недоразбирањето, напиша д-р Мехмедовиќ на Фејсбук.

The post Д-р Мехмедовиќ на Фејсбук се дообјасни што значела „манипулацијата“ со бројките на починати од ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Новиот портпарол на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ зборувајќи за високата смртност од ковид-19 во Македонија денеска изјави дека имало манипулација со бројките на починати и дека новиот состав на Комисијата ќе ги преразгледа сите досегашни извештаи. https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mehmedovikj-imashe-manipuliranje-so-brojkite-na-pochinati-od-kovid/ Оваа изјава предизвика бура во јавноста. Д-р Мехмедовиќ не прецизираше на каква манипулација со бројки мислел. Поради тоа, тој се огласи на Фејсбук.
Во денешното гостување на Утрински брифинг на прашањето за високата смртност во нашата земја од ковид одговорив:” Има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаме, затоа што да имаше манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност” Би сакал да појаснам, пред се поради големиот интерес на новинарите што точно значи „манипулацијата” со бројките. Не се работи за манипулација на бројките од страна на претходната комисија за заразни болести, туку за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста. Долго време се разговараше на темата дека во ковид евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажан присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на КЗБ. Комисијата за заразни болести водела точна евиденција согласно препораките на СЗО за смртноста и не станува збор за манипулации на тие бројки, туку за манипулациите и дезинформациите во јавноста поврзани со смртноста за која основната причина е ковид. Зборот манипулација беше погрешно употребен и требаше да биде дообјаснет, на Комисијата за заразни болести и се извинувам за недоразбирањето, напиша д-р Мехмедовиќ на Фејсбук.

The post Д-р Мехмедовиќ на Фејсбук се дообјасни што значела „манипулацијата“ со бројките на починати од ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Мехмедовиќ: Ако сега не постигнеме колективен имунитет, ќе го стиснеме копчето за ресет и ќе се вратиме во 2020 година https://republika.mk/zivot/zdravje/mehmedovikj-ako-sega-ne-postigneme-kolektiven-imunitet-kje-go-stisneme-kopcheto-za-reset-i-kje-se-vratime-vo-2020-godina/ Wed, 02 Feb 2022 09:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=452824

Во текот на овие две години вирусот се измени, а вакцината е создадена врз основа на првиот сој. Ако сега не постигнеме колективен имунитет, ќе го стиснеме копчето за ресет и ќе се вратиме во јануари 2020 година, вели доктор Злате Мехмедовиќ во Утрински Брифинг.

The post Мехмедовиќ: Ако сега не постигнеме колективен имунитет, ќе го стиснеме копчето за ресет и ќе се вратиме во 2020 година appeared first on Република.

Д-р Мехмедовиќ: Имаше манипулирање со брoјките на починати од ковид https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-mehmedovikj-imashe-manipuliranje-so-brojkite-na-pochinati-od-kovid/ Wed, 02 Feb 2022 07:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=452726

Вчера од ковид-19 имавме 22 починати и дополнително 12 починати од „Мој термин“. Во јавноста се шират различни шпекулации за тоа зошто се водат два регистра на починати. За што станува збор во „Утрински брифинг“ зборува д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести како советодавно тело на министерот за здравство.

Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, вели д-р Мехмедовиќ.

На прашањето зошто во Македонија има загрижувачки бројки на починати д-р Мехмедовиќ вели дека ќе бидат преразгледани сите бројки.

Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, вели д-р Мехедовиќ.

The post Д-р Мехмедовиќ: Имаше манипулирање со брoјките на починати од ковид appeared first on Република.