Дали „кракенот“ е присутен во земјава ќе дознаеме во текот на денот. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ утрово во гостување на Утрински печат вели дека нема промена во третманот и оваа варијанта е иста на омикрон. Истакна дека не очекува исполнување на болничките капацитети, но со тоа што е лесно пренослив и го заобиколува веќе стекнатиот имунитет очекуваат зголемен број на ковид-случаи, со симптоми налик на омикрон сојот.

Најголемиот товар ќе биде на примарното здравство, кога сите коишто ќе се пожалат на тоа дека имаат горнореспираторни проблеми, течење на носот, покачена телесна температура и болки во грло. КЗБ веќе даде препорака за тоа доколку матичните лекари не можат да постигнат со прегледите на дневно ниво, да се ангажираат и ковид-амбулантите, појасни д-р Мехмедовиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.