црно море Archives - Република https://republika.mk/tema/crno-more/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Aug 2024 11:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црно море Archives - Република https://republika.mk/tema/crno-more/ 32 32 Турист се удави на плажа во Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/turist-se-udavi-na-plazha-vo-bugarija/ Tue, 20 Aug 2024 11:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=808271

Србин се удави на море во туристичкото место Обзор во Бугарија, пренесува бугарскиот сајт „Факти“. Телото на 54-годишниот маж било извлечено од водата во понеделникот. Според првичните информации, на телото немало траги на насилство, а било пренесено во во Одделот за судска медицина во Бургас за обдукција.

Обзор е приморско одморалиште јужно од Варна на Црното Море, кое го посетуваат туристи од регионот.

The post Турист се удави на плажа во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Србин се удави на море во туристичкото место Обзор во Бугарија, пренесува бугарскиот сајт „Факти“. Телото на 54-годишниот маж било извлечено од водата во понеделникот. Според првичните информации, на телото немало траги на насилство, а било пренесено во во Одделот за судска медицина во Бургас за обдукција.
Обзор е приморско одморалиште јужно од Варна на Црното Море, кое го посетуваат туристи од регионот.

The post Турист се удави на плажа во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Танкер полн со нафта налета на мина во Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/tanker-poln-so-nafta-naleta-na-mina-vo-tsrnoto-more/ Mon, 16 Oct 2023 18:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=691799

Танкер полн со нафта, што пловел под знамето на Либерија, налетал на мина во Црното Море во близина на брегот на Романија. Танкерот „Али Најафов“ претрпел мала штета, а екипажот е безбеден.

Во време на инцидентот, бродот пловел во близина на каналот Сулина, изјави Јорук Исик, шеф на консултантската компанија „Босфор Обсервер“.

Ова е втор танкер овој месец што налета на пловечка мина во Црното Море.

 

The post Танкер полн со нафта налета на мина во Црното Море appeared first on Република.

]]>

Танкер полн со нафта, што пловел под знамето на Либерија, налетал на мина во Црното Море во близина на брегот на Романија. Танкерот „Али Најафов“ претрпел мала штета, а екипажот е безбеден.
Во време на инцидентот, бродот пловел во близина на каналот Сулина, изјави Јорук Исик, шеф на консултантската компанија „Босфор Обсервер“.
Ова е втор танкер овој месец што налета на пловечка мина во Црното Море.  

The post Танкер полн со нафта налета на мина во Црното Море appeared first on Република.

]]>
Драматични поплави во неколку бугарски градови на Црното Море https://republika.mk/vesti/balkan/dramatichni-poplavi-vo-nekolku-bugarski-gradovi-na-tsrnoto-more/ Tue, 05 Sep 2023 16:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=679081

Крајбрежниот регион на јужна Бугарија е погоден од обилни врнежи од дожд, што резултираше со големи поплави во туристичките места на Црното Море, јави ДПА.

Многу хотели и куќи денеска биле поплавени, јавуваат бугарските медиуми.

Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека излеа од коритото. Според БТА во Царево загинале две лица. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места.

Според извештаите поплавени се патишта, автомобили потонале во вода, а надојдената вода однела неколку мостови. Неколку поморски одморалишта се отсечени.

Неколку кампови во регионот исто така се поплавени, а автомобили и камп приколки биле однесени во морето. Летувачите биле донесени на безбедно, пренесе ДПА.

Во приморското одморалиште Синеморец прекинато е напојувањето со електрична енергија, а малото село Кости е евакуирано.

Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места.

The post Драматични поплави во неколку бугарски градови на Црното Море appeared first on Република.

]]>

Крајбрежниот регион на јужна Бугарија е погоден од обилни врнежи од дожд, што резултираше со големи поплави во туристичките места на Црното Море, јави ДПА. Многу хотели и куќи денеска биле поплавени, јавуваат бугарските медиуми. Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека излеа од коритото. Според БТА во Царево загинале две лица. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места. Според извештаите поплавени се патишта, автомобили потонале во вода, а надојдената вода однела неколку мостови. Неколку поморски одморалишта се отсечени. Неколку кампови во регионот исто така се поплавени, а автомобили и камп приколки биле однесени во морето. Летувачите биле донесени на безбедно, пренесе ДПА. Во приморското одморалиште Синеморец прекинато е напојувањето со електрична енергија, а малото село Кости е евакуирано. Властите во Царево ги повикаа луѓето да се префрлат на повисоки места.

The post Драматични поплави во неколку бугарски градови на Црното Море appeared first on Република.

]]>
Романија подготвува амбизиозен проект за вадење природен гас од Црното Море https://republika.mk/vesti/balkan/romanija-podgotvuva-ambiziozen-proekt-za-vadene-priroden-gas-od-tsrnoto-more/ Tue, 27 Jun 2023 18:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=653797

Во Романија повторно серизоно се разгледува прашањето за развој на полиња за природен гас во Црното Море. Енергетските компании ОМВ Петром и Ромгаз планираат инвестиции до 4 милијарди евра во проектот Нептун Дип, кој ќе произведе околу 100 милијарди кубни метри природен гас за десет години.

Извршниот директор на Ромгаз, Разван Попеску, понуди гас за извоз во целиот регион, вклучително и Молдавија, чии власти во последно време се обидуваат да ја намалат зависноста од руски Газпром.

За наоѓалишта на енергетски ресурси во Црното Море, во Министерството за енергетика на Романија, првпат се разговараше во мај минатата година.

Романија ќе произведува повеќе гас отколку што троши и ќе го извезува во Бугарија, Грција, Унгарија, но пред се во Молдавија“, вети тогаш Попеску.

Проектот за истражување и производство на јаглеводороди во Романија почна пред неколку години од австриската ОМВ Петром и американскиот Ексон Мобил. Сепак, по првичните испитувања, проектот беше оценет како економски нецелисходен, а производството на гас од Црното Море непрофитабилно, на што влијашепе и локалното законодавство.

Конечната одлука за инвестирање беше одложена, а Американците почнаа да бараат некој да го преземе нивниот удел (50%) во полето на Нептун. Романската државна енергетска компанија Ромгаз минатата година се согласи да купи акции за 1,06 милијарди долари, а како дел од конзорциумот со ОМВ Петром вети дека ќе обезбеди „енергетска сигурност“ за цела Европа.

Романија го зазема второто место на листата на земји-членки на ЕУ кои самостојно произведуваат природен гас. Земјата произведува околу 10,5 милијарди кубни метри гас годишно, а најголемиот дел го произведува на копно. Истовремено, троши околу 12 милијарди кубни метри, односно за разлика од соседите во источна Европа, земјата е практично независна од увоз.

Површината на романските полиња е 22 илјади квадратни километри, а под Црното Море, наводно, лежат од 170 до 200 милијарди кубни метри неоткриени резерви - и теоретски, тие можат да се експлозтираат до 2040 година. Самото поле Нептун се проценува на 50 милијарди кубни метри вели романскиот министер за енергетика. Сепак, во споредба со копненото дупчење, морските проекти се многу поскапи и вклучуваат долгорочно планирање. Покрај тоа, тие носат голем број специфични ризици, особено во првата фаза на истражување.

Романскиот национален ГТС е дизајниран во 60-тите години на минатиот век и теоретски е дизајниран за испораки на сино гориво кои се трипати повисоки од денешните волумени. Но, Романија сè уште нема развиена инфраструктура за производство, транспорт, подземно складирање и дистрибуција. А, планот за модернизација на мрежата за пренос на гас е дизајниран за период до 2027 година.

Во случајот со Молдавија и нејзиното напуштање на гасот од Русија преку гасоводот Јаши-Унгени-Кишињев, за кој романските власти имаа намера да понудат алтернатива, тој беше пуштен во употреба во октомври 2021 година. Овој гасовод може да транспортира 6,5 милиони кубни метри гас дневно, што теоретски ги покрива потребите на Молдавија, со исклучок на Придњестровје. Сепак, засега нема начин како да се напушти руската испорака на природен гас по атрактивни цени, а, засега, на ниво на разговор останува и снабдувањето со романски гас за целиот регион.

The post Романија подготвува амбизиозен проект за вадење природен гас од Црното Море appeared first on Република.

]]>

Во Романија повторно серизоно се разгледува прашањето за развој на полиња за природен гас во Црното Море. Енергетските компании ОМВ Петром и Ромгаз планираат инвестиции до 4 милијарди евра во проектот Нептун Дип, кој ќе произведе околу 100 милијарди кубни метри природен гас за десет години. Извршниот директор на Ромгаз, Разван Попеску, понуди гас за извоз во целиот регион, вклучително и Молдавија, чии власти во последно време се обидуваат да ја намалат зависноста од руски Газпром. За наоѓалишта на енергетски ресурси во Црното Море, во Министерството за енергетика на Романија, првпат се разговараше во мај минатата година.
Романија ќе произведува повеќе гас отколку што троши и ќе го извезува во Бугарија, Грција, Унгарија, но пред се во Молдавија“, вети тогаш Попеску.
Проектот за истражување и производство на јаглеводороди во Романија почна пред неколку години од австриската ОМВ Петром и американскиот Ексон Мобил. Сепак, по првичните испитувања, проектот беше оценет како економски нецелисходен, а производството на гас од Црното Море непрофитабилно, на што влијашепе и локалното законодавство. Конечната одлука за инвестирање беше одложена, а Американците почнаа да бараат некој да го преземе нивниот удел (50%) во полето на Нептун. Романската државна енергетска компанија Ромгаз минатата година се согласи да купи акции за 1,06 милијарди долари, а како дел од конзорциумот со ОМВ Петром вети дека ќе обезбеди „енергетска сигурност“ за цела Европа. Романија го зазема второто место на листата на земји-членки на ЕУ кои самостојно произведуваат природен гас. Земјата произведува околу 10,5 милијарди кубни метри гас годишно, а најголемиот дел го произведува на копно. Истовремено, троши околу 12 милијарди кубни метри, односно за разлика од соседите во источна Европа, земјата е практично независна од увоз. Површината на романските полиња е 22 илјади квадратни километри, а под Црното Море, наводно, лежат од 170 до 200 милијарди кубни метри неоткриени резерви - и теоретски, тие можат да се експлозтираат до 2040 година. Самото поле Нептун се проценува на 50 милијарди кубни метри вели романскиот министер за енергетика. Сепак, во споредба со копненото дупчење, морските проекти се многу поскапи и вклучуваат долгорочно планирање. Покрај тоа, тие носат голем број специфични ризици, особено во првата фаза на истражување. Романскиот национален ГТС е дизајниран во 60-тите години на минатиот век и теоретски е дизајниран за испораки на сино гориво кои се трипати повисоки од денешните волумени. Но, Романија сè уште нема развиена инфраструктура за производство, транспорт, подземно складирање и дистрибуција. А, планот за модернизација на мрежата за пренос на гас е дизајниран за период до 2027 година. Во случајот со Молдавија и нејзиното напуштање на гасот од Русија преку гасоводот Јаши-Унгени-Кишињев, за кој романските власти имаа намера да понудат алтернатива, тој беше пуштен во употреба во октомври 2021 година. Овој гасовод може да транспортира 6,5 милиони кубни метри гас дневно, што теоретски ги покрива потребите на Молдавија, со исклучок на Придњестровје. Сепак, засега нема начин како да се напушти руската испорака на природен гас по атрактивни цени, а, засега, на ниво на разговор останува и снабдувањето со романски гас за целиот регион.

The post Романија подготвува амбизиозен проект за вадење природен гас од Црното Море appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена https://republika.mk/vesti/svet/erdogan-dogovorot-za-izvoz-na-zhitoto-preku-tsrno-more-prodolzhen-za-ushte-60-dena/ Wed, 17 May 2023 17:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=641891

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека договорот за жито ќе биде продолжен за 60 дена.

Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на генералниот секретар на Обединетите нации за постигнатиот договор.

-Продолжувањето на договорот дојде благодарение на конструктивноста на руската и украинската страна, рече Ердоган.

Договорот за извоз на жито се однесува на извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучувајќи ја и Одеса.

Во јули минатата година договорот го потпишаа претставници на Русија, Украина, Турција и ОН.

The post Ердоган: Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека договорот за жито ќе биде продолжен за 60 дена. Тој им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин, на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на генералниот секретар на Обединетите нации за постигнатиот договор. -Продолжувањето на договорот дојде благодарение на конструктивноста на руската и украинската страна, рече Ердоган. Договорот за извоз на жито се однесува на извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, вклучувајќи ја и Одеса. Во јули минатата година договорот го потпишаа претставници на Русија, Украина, Турција и ОН.

The post Ердоган: Договорот за извоз на житото преку Црно Море продолжен за уште 60 дена appeared first on Република.

]]>
Американскиот дрон падна поради остар маневар, соопшти руското Министерство за одбрана https://republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-dron-padna-poradi-ostar-manevar-soopshti-ruskoto-ministerstvo-za-odbrana/ Tue, 14 Mar 2023 20:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=619707

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека американскиот дрон MQ-9 паднал во Црното Море поради остар маневар, како и дека руските ловци не отвориле оган врз американското летало, ниту имале каков било контакт со него.

Во соопштението се наведува дека американското летало ги нарушило границите на подрачјето на режимот за користење на воздушниот простор над Црното Море, поради што биле испратени руски борбени авиони да го пресретнат.

Како што наведува Министерството, дронот со исклучени транспондери летал во насока на руската граница во регионот на Крим, пренесува РИА Новости.

Во соопштението се наведува дека поради остро маневрирање, американскиот дрон летал неконтролирано, изгубил височина и паднал во водата.

Европската команда на американските вооружени сили соопшти претходно денеска дека американски дрон MQ-9 се урна во Црното Море по судир со руски борбен авион Су-27 во меѓународниот воздушен простор над Црното Море.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, денеска е повикан во Стејт департментот по инцидентот со американското беспилотно летало кое се урна во Црното Море.

Тој додаде дека САД директно комуницираат со руската страна на високо ниво за да го пренесат својот став во врска со инцидентот.

The post Американскиот дрон падна поради остар маневар, соопшти руското Министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека американскиот дрон MQ-9 паднал во Црното Море поради остар маневар, како и дека руските ловци не отвориле оган врз американското летало, ниту имале каков било контакт со него. Во соопштението се наведува дека американското летало ги нарушило границите на подрачјето на режимот за користење на воздушниот простор над Црното Море, поради што биле испратени руски борбени авиони да го пресретнат. Како што наведува Министерството, дронот со исклучени транспондери летал во насока на руската граница во регионот на Крим, пренесува РИА Новости. Во соопштението се наведува дека поради остро маневрирање, американскиот дрон летал неконтролирано, изгубил височина и паднал во водата. Европската команда на американските вооружени сили соопшти претходно денеска дека американски дрон MQ-9 се урна во Црното Море по судир со руски борбен авион Су-27 во меѓународниот воздушен простор над Црното Море. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, денеска е повикан во Стејт департментот по инцидентот со американското беспилотно летало кое се урна во Црното Море. Тој додаде дека САД директно комуницираат со руската страна на високо ниво за да го пренесат својот став во врска со инцидентот.

The post Американскиот дрон падна поради остар маневар, соопшти руското Министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>
Рускиот амбасадор во САД повикан во Стејт департментот по инцидентот над Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/ruskiot-ambasador-vo-sad-povikan-vo-stejt-departmentot-po-intsidentot-nad-tsrnoto-more/ Tue, 14 Mar 2023 19:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=619699

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов денеска е повикан во Стејт департментот по инцидентот со американскиот дрон кој се урна во Црното Море.

Го повикавме рускиот амбасадор, очекуваме состанок подоцна денеска, рече тој.

Додаде дека САД директно комуницираат со руската страна на високо ниво за да го пренесат својот став во врска со инцидентот.

Европската команда на американските вооружени сили соопшти претходно денеска дека американски дрон MQ-9 се урна во Црното Море по судир со руски борбен авион Су-27 во меѓународниот воздушен простор над Црното Море.

The post Рускиот амбасадор во САД повикан во Стејт департментот по инцидентот над Црното Море appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов денеска е повикан во Стејт департментот по инцидентот со американскиот дрон кој се урна во Црното Море.
Го повикавме рускиот амбасадор, очекуваме состанок подоцна денеска, рече тој.
Додаде дека САД директно комуницираат со руската страна на високо ниво за да го пренесат својот став во врска со инцидентот. Европската команда на американските вооружени сили соопшти претходно денеска дека американски дрон MQ-9 се урна во Црното Море по судир со руски борбен авион Су-27 во меѓународниот воздушен простор над Црното Море.

The post Рускиот амбасадор во САД повикан во Стејт департментот по инцидентот над Црното Море appeared first on Република.

]]>
Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/kirbi-sad-i-ponatamu-ke-operiraat-vo-vodite-na-tsrnoto-more/ Tue, 14 Mar 2023 18:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=619673

САД оперираат во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.

Изјавата на Кирби доаѓа откако два руски ловци Су-27 принудија американски дрон М-Кју 9 „Рипер“ да се урне во водите на Црното Море.

Ќе оперираме и понатаму во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави тој на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Пентагон инцидентот го опиша како „непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување“ на Русија.

Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни, во време кога се водат борби во источна Украина.

The post Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море appeared first on Република.

]]>

САД оперираат во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа. Изјавата на Кирби доаѓа откако два руски ловци Су-27 принудија американски дрон М-Кју 9 „Рипер“ да се урне во водите на Црното Море.
Ќе оперираме и понатаму во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави тој на денешниот телефонски брифинг за новинарите.
Пентагон инцидентот го опиша како „непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување“ на Русија. Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни, во време кога се водат борби во источна Украина.

The post Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море appeared first on Република.

]]>
Инцидент над Црно Море: Руски авион ловец се судри со американски дрон https://republika.mk/vesti/svet/intsident-nad-tsrno-more-ruski-avion-lovets-se-sudri-so-amerikanski-dron/ Tue, 14 Mar 2023 17:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=619665

Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper денеска над Црното Море, соопшти Европската команда на американската војска.

Нашиот MQ-9 вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и погоден од руски авион, што резултираше со пад и целосно губење на MQ-9. Овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку ќе предизвикаше пад на двете летала, изјави генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Хекер, командант на американските ВВС во Европа и Африка.

The post Инцидент над Црно Море: Руски авион ловец се судри со американски дрон appeared first on Република.

]]>

Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper денеска над Црното Море, соопшти Европската команда на американската војска.
Нашиот MQ-9 вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и погоден од руски авион, што резултираше со пад и целосно губење на MQ-9. Овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку ќе предизвикаше пад на двете летала, изјави генералот на американските воздухопловни сили Џејмс Хекер, командант на американските ВВС во Европа и Африка.

The post Инцидент над Црно Море: Руски авион ловец се судри со американски дрон appeared first on Република.

]]>
Три лица загинаа откако влегоа да пливаат во Црно Море https://republika.mk/vesti/svet/tri-lica-zaginaa-otkako-vlegoa-da-plivaat-vo-crno-more/ Tue, 16 Aug 2022 07:21:17 +0000 https://republika.mk/?p=540738

Три лица загинаа, а две се повредени по експлозијата на непозната направа додека пливале во Црното Море во јужниот украински регион Одеса, соопшти локалната полиција.

Несреќата се случила вчера кога неколку лица, кои работеле на градилиште, ги игнорирале предупредувачките знаци на плажата и влегле да пливаат во морето.

Тројца мажи на возраст од 25, 32 и 53 години загинале во водата поради експлозија на непознат предмет, се вели во писменото соопштение на полицијата.

Се додава дека уште еден маж и една жена се ранети.


Украинските власти ги затворија морските плажи поради мини или артилериски гранати од војната со Русија и гранатирањето од руските сили. Украинската војска, исто така, постави мини долж брегот во случај на руски амфибиски напад по инвазијата на Москва на 24 февруари, затворајќи ги влезовите на плажата со црвена и бела лента за да се осигура дека цивилите нема да бидат повредени.

Уште еднаш нагласуваме – пливањето во регионот на Одеса сега е опасно и забрането. На плажите и бреговите на регионот се поставени експлозивни направи, соопшти регионалната полиција.

The post Три лица загинаа откако влегоа да пливаат во Црно Море appeared first on Република.

]]>

Три лица загинаа, а две се повредени по експлозијата на непозната направа додека пливале во Црното Море во јужниот украински регион Одеса, соопшти локалната полиција. Несреќата се случила вчера кога неколку лица, кои работеле на градилиште, ги игнорирале предупредувачките знаци на плажата и влегле да пливаат во морето.
Тројца мажи на возраст од 25, 32 и 53 години загинале во водата поради експлозија на непознат предмет, се вели во писменото соопштение на полицијата.
Се додава дека уште еден маж и една жена се ранети. Украинските власти ги затворија морските плажи поради мини или артилериски гранати од војната со Русија и гранатирањето од руските сили. Украинската војска, исто така, постави мини долж брегот во случај на руски амфибиски напад по инвазијата на Москва на 24 февруари, затворајќи ги влезовите на плажата со црвена и бела лента за да се осигура дека цивилите нема да бидат повредени.
Уште еднаш нагласуваме – пливањето во регионот на Одеса сега е опасно и забрането. На плажите и бреговите на регионот се поставени експлозивни направи, соопшти регионалната полиција.

The post Три лица загинаа откако влегоа да пливаат во Црно Море appeared first on Република.

]]>
Украина тврди дека ја потиснала руската флота од Црното Mоре https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-tvrdi-deka-ja-potisnala-ruskata-flota-od-crnoto-more/ Mon, 06 Jun 2022 14:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=511844

Украинската армија денеска соопшти дека ја потиснала руската флота на околу сто километри од украинското лрајбрежје во Црното Море, каде руските бродови со недели спроведуваат поморска блокада.

„По нашите дејствија насочени кон попречување на непријателските воени сили, група бродови на руската флота во Црното Море беа потиснати од украинскиот брег на растојание од повеќе од сто километри“, соопшти украинското Министерство за одбрана преку Телеграм.

Информацијата не може да се провери од независен извор.

Според украинското Министерство, поради тоа руските трупи биле принудени да распоредат крајбрежни одбранбени системи на Крим и јужниот украински регион Херсон, кои се под нивна контрола.

Русите испратија засилување и на Змискиот остров, мала територија во Црното Море што ја окупираа на првиот ден од инвазијата.

„Ја лишивме руската флота од целосна контрола над северозападниот дел на Црното Море, кој стана „сива зона““, соопшти украинското Министерство, додавајќи дека Москва сега се обидува да ја врати контролата.

Киев додаде дека останува заканата од руско истрелување ракети од море, како и дека руските бродови продолжуваат да ја блокираат цивилната пловидба во таа зона.

Поморската блокада на украинските пристаништа ги зголемува стравувањата од глобална прехранбена криза, бидејќи извозот на жито од Украина е блокиран, а светските цени се надвор од контрола

The post Украина тврди дека ја потиснала руската флота од Црното Mоре appeared first on Република.

]]>

Украинската армија денеска соопшти дека ја потиснала руската флота на околу сто километри од украинското лрајбрежје во Црното Море, каде руските бродови со недели спроведуваат поморска блокада. „По нашите дејствија насочени кон попречување на непријателските воени сили, група бродови на руската флота во Црното Море беа потиснати од украинскиот брег на растојание од повеќе од сто километри“, соопшти украинското Министерство за одбрана преку Телеграм. Информацијата не може да се провери од независен извор. Според украинското Министерство, поради тоа руските трупи биле принудени да распоредат крајбрежни одбранбени системи на Крим и јужниот украински регион Херсон, кои се под нивна контрола. Русите испратија засилување и на Змискиот остров, мала територија во Црното Море што ја окупираа на првиот ден од инвазијата. „Ја лишивме руската флота од целосна контрола над северозападниот дел на Црното Море, кој стана „сива зона““, соопшти украинското Министерство, додавајќи дека Москва сега се обидува да ја врати контролата. Киев додаде дека останува заканата од руско истрелување ракети од море, како и дека руските бродови продолжуваат да ја блокираат цивилната пловидба во таа зона. Поморската блокада на украинските пристаништа ги зголемува стравувањата од глобална прехранбена криза, бидејќи извозот на жито од Украина е блокиран, а светските цени се надвор од контрола

The post Украина тврди дека ја потиснала руската флота од Црното Mоре appeared first on Република.

]]>
Гори рускиот воен брод „Адмирал Макаров“ во близина на Одеса https://republika.mk/vesti/svet/gori-ruskiot-voen-brod-admiral-makarov-vo-blizina-na-odesa/ Fri, 06 May 2022 12:45:00 +0000 https://republika.mk/?p=498587

На социјалните мрежи се појавија неколку се уште непотврдени информации дека руски воен брод гори во близина на Змискиот остров во Црното Море.

Според објавите, станува збор за руската фрегата „Адмирал Макаров“ која била погодена украински противбродски проектили кај брегот на Одеса.

Наводно, голем број руски спасувачки бродови и авиони се во областа, додека американски дронови за набљудување го следат нивното движење.

The post Гори рускиот воен брод „Адмирал Макаров“ во близина на Одеса appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појавија неколку се уште непотврдени информации дека руски воен брод гори во близина на Змискиот остров во Црното Море. Според објавите, станува збор за руската фрегата „Адмирал Макаров“ која била погодена украински противбродски проектили кај брегот на Одеса. Наводно, голем број руски спасувачки бродови и авиони се во областа, додека американски дронови за набљудување го следат нивното движење.

The post Гори рускиот воен брод „Адмирал Макаров“ во близина на Одеса appeared first on Република.

]]>
Официјален Лондон: Руската морнарица сè уште е закана од Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/oficijalen-london-ruskata-mornarica-se-ushte-e-zakana-od-crnoto-more/ Thu, 28 Apr 2022 06:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=494502

Црноморската флота на Русија сè уште може да нападне украински цели, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.

Наводно, поморската сила на Русија во Црното Море вклучува околу 20 бродови, со подморници како дел од флотата.

Како што пишува во извештајот, затворањето на Босфорскиот теснец за нетурски воени бродови, предизвика руската морнарица да не може да го замени својот брод, предводникот „Москва“.

https://twitter.com/DefenceHQ/status/1519542694200188928?cxt=HHwWgIC9zfGBwJYqAAAA

The post Официјален Лондон: Руската морнарица сè уште е закана од Црното Море appeared first on Република.

]]>

Црноморската флота на Русија сè уште може да нападне украински цели, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана. Наводно, поморската сила на Русија во Црното Море вклучува околу 20 бродови, со подморници како дел од флотата. Како што пишува во извештајот, затворањето на Босфорскиот теснец за нетурски воени бродови, предизвика руската морнарица да не може да го замени својот брод, предводникот „Москва“. https://twitter.com/DefenceHQ/status/1519542694200188928?cxt=HHwWgIC9zfGBwJYqAAAA

The post Официјален Лондон: Руската морнарица сè уште е закана од Црното Море appeared first on Република.

]]>
САД ги повлекува воените бродови од Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/sad-gi-povlekuva-voenite-brodovi-od-crnoto-more/ Thu, 31 Mar 2022 07:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=481199

САД ги повлекуваат своите воени бродови од Црното Море.

Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, американската воена команда ги распоредила бродовите како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Нека им биде јасно на сите: САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување сили - порача Кирби.

Тој додаде дека засега нема детали за времето на враќање на американските бродови во Црното Море.

The post САД ги повлекува воените бродови од Црното Море appeared first on Република.

]]>

САД ги повлекуваат своите воени бродови од Црното Море. Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, американската воена команда ги распоредила бродовите како мерка на претпазливост кога увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“, пренесе агенцијата РИА Новости.
Нека им биде јасно на сите: САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување сили - порача Кирби.
Тој додаде дека засега нема детали за времето на враќање на американските бродови во Црното Море.

The post САД ги повлекува воените бродови од Црното Море appeared first on Република.

]]>
Мини од Украина пловат кон Бугарија и Турција преку Црно Море https://republika.mk/vesti/balkan/mini-od-ukraina-plovat-kon-bugarija-i-turcija-preku-crno-more/ Mon, 28 Mar 2022 17:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=479989

По објавата дека морска мина од Украина стигнала до Босфор, откриена е уште една овој пат во близина на Бугарија. Се претпоставува дека оваа мина пристигнала и од Украина, односно од Одеса, каде поради дејство на морски струи се откачила котвата на контактна мина и тргнала на пат кон излезот од Црното Море кон Медитеранот.

Турција испрати експерти за неутрализирање на морските мини, за кои велат дека претставуваат зголемена опасност за поморскиот сообраќај во Црното Море, особено кога се минува низ Босфор и Дарданелите, бидејќи експлозија на морска мина би предизвикала прекин на поморскиот сообраќај.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека е откриена пловечка мина во близина на градот Игнеада во близина на бугарската граница во Црното Море.

- Мината е веќе обезбедена и започната е интервенцијата за нејзино неутрализирање - се наведува во соопштението. Првата мина беше пронајдена и неутрализирана од турската морнарица во саботата, откако рибар пријавил дека видел мина на околу два километри од влезот во Босфорското Море, северно од Истанбул-велат турските власти.

 

The post Мини од Украина пловат кон Бугарија и Турција преку Црно Море appeared first on Република.

]]>

По објавата дека морска мина од Украина стигнала до Босфор, откриена е уште една овој пат во близина на Бугарија. Се претпоставува дека оваа мина пристигнала и од Украина, односно од Одеса, каде поради дејство на морски струи се откачила котвата на контактна мина и тргнала на пат кон излезот од Црното Море кон Медитеранот. Турција испрати експерти за неутрализирање на морските мини, за кои велат дека претставуваат зголемена опасност за поморскиот сообраќај во Црното Море, особено кога се минува низ Босфор и Дарданелите, бидејќи експлозија на морска мина би предизвикала прекин на поморскиот сообраќај. Турското Министерство за одбрана соопшти дека е откриена пловечка мина во близина на градот Игнеада во близина на бугарската граница во Црното Море.
- Мината е веќе обезбедена и започната е интервенцијата за нејзино неутрализирање - се наведува во соопштението. Првата мина беше пронајдена и неутрализирана од турската морнарица во саботата, откако рибар пријавил дека видел мина на околу два километри од влезот во Босфорското Море, северно од Истанбул-велат турските власти.
 

The post Мини од Украина пловат кон Бугарија и Турција преку Црно Море appeared first on Република.

]]>
Морски мини од Украина лутаат пo Црно Море и се приближуваат кон брегот на Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/morski-mini-od-ukraina-lutaat-po-crno-more-i-se-priblizuvaat-kon-bregot-na-bugarija/ Mon, 21 Mar 2022 14:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=476194

Морски мини, поставени во водите на Црно Море крај брегот на Украина, биле однесени од невреме и тие сега слободно пловат и се приближуваат до брегот на Бугарија, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите во близина на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци.

Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море. Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но се уште има услови за опасност.

Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето.

Бугарските власти се уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност.

Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето - објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци.

Поморксите власти во Бургас и Варна веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација.

Претходно, официјална Москва објави соопштение во кое предупреди дека морските мини поставени од украинските сили во Црното и во Азовското Море предизвикуваат опасност да заталкаат кон отворено море.

The post Морски мини од Украина лутаат пo Црно Море и се приближуваат кон брегот на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Морски мини, поставени во водите на Црно Море крај брегот на Украина, биле однесени од невреме и тие сега слободно пловат и се приближуваат до брегот на Бугарија, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите во близина на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци. Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море. Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но се уште има услови за опасност. Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето. Бугарските власти се уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност.
Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето - објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци.
Поморксите власти во Бургас и Варна веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација. Претходно, официјална Москва објави соопштение во кое предупреди дека морските мини поставени од украинските сили во Црното и во Азовското Море предизвикуваат опасност да заталкаат кон отворено море.

The post Морски мини од Украина лутаат пo Црно Море и се приближуваат кон брегот на Бугарија appeared first on Република.

]]>
„Гугл мапс“ ја покажа луксузната вила на Путин на Црното море од милијарда долари https://republika.mk/vesti/svet/gugl-maps-ja-pokaza-luksuznata-vila-na-putin-na-crnoto-more-od-milijardi-dolari/ Thu, 10 Mar 2022 17:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=470521

„Гугл мапс“ ја прикажа тајната луксузна вила на рускиот претседател Владимир Путин на Црното Море вредна милијарда долари.

Прекрасната вила на руското крајбрежје на Црното Море има огромен мермерен базен украсен со бисти на грчки богови, салон за наргиле со танц бар, винарска визба, театар и други содржини.

Кремљ тврди дека домот е деловен потфат на различни бизнисмени, но матниот свет на руски мегабогаташи доведе до шпекулации дека тој всушност би можел да му припаѓа на самиот Путин.

 

The post „Гугл мапс“ ја покажа луксузната вила на Путин на Црното море од милијарда долари appeared first on Република.

]]>

„Гугл мапс“ ја прикажа тајната луксузна вила на рускиот претседател Владимир Путин на Црното Море вредна милијарда долари. Прекрасната вила на руското крајбрежје на Црното Море има огромен мермерен базен украсен со бисти на грчки богови, салон за наргиле со танц бар, винарска визба, театар и други содржини. Кремљ тврди дека домот е деловен потфат на различни бизнисмени, но матниот свет на руски мегабогаташи доведе до шпекулации дека тој всушност би можел да му припаѓа на самиот Путин.  

The post „Гугл мапс“ ја покажа луксузната вила на Путин на Црното море од милијарда долари appeared first on Република.

]]>
Би-Би-Си: Зошто окупацијата на Херсон е важна за Русија? https://republika.mk/vesti/svet/bi-bi-si-zoshto-okupacijata-na-herson-e-vazna-za-rusija/ Wed, 02 Mar 2022 10:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=466360

Доколку тоа се потврди, а засега има само тврдења на руското Министерство за одбрана, тогаш заземањето на овој Херсон, град на југот на Украина со речиси 300.000 жители, би било голема победа за руската армија, пишува Би-Би-Си.

Тоа ќе биде најголемиот град што ќе падне во рацете на Русија и ќе биде стратешка база за војската додека се обидува да турка понатаму во внатрешноста и на запад по должината на брегот до големиот пристанишен град Одеса. Херсон сам по себе е важно пристаниште на Црното Море и индустриски центар.

Контрола на Херсон значи и контрола на голем извор на вода. Украина го блокираше северниот дел на Кримскиот канал откако Русија го окупираше полуостровот Крим, така што најголемиот дел од снабдувањето со свежа вода за Крим беше прекинато, што предизвика недостиг на вода во анектираниот регион.

Една од првите цели на руската воена инвазија беше деблокирањето на тој воден пат и обновувањето на водоснабдувањето на Крим, наведува Би-Би-Си.

Инаку, градоначалникот Игор Коликаев (Ихор Колихајев) рече дека руски возила влегле во центарот на Керсон преку ноќ и дека на градот му треба чудо за да им се спротивстави на руските војници.

The post Би-Би-Си: Зошто окупацијата на Херсон е важна за Русија? appeared first on Република.

]]>

Доколку тоа се потврди, а засега има само тврдења на руското Министерство за одбрана, тогаш заземањето на овој Херсон, град на југот на Украина со речиси 300.000 жители, би било голема победа за руската армија, пишува Би-Би-Си. Тоа ќе биде најголемиот град што ќе падне во рацете на Русија и ќе биде стратешка база за војската додека се обидува да турка понатаму во внатрешноста и на запад по должината на брегот до големиот пристанишен град Одеса. Херсон сам по себе е важно пристаниште на Црното Море и индустриски центар. Контрола на Херсон значи и контрола на голем извор на вода. Украина го блокираше северниот дел на Кримскиот канал откако Русија го окупираше полуостровот Крим, така што најголемиот дел од снабдувањето со свежа вода за Крим беше прекинато, што предизвика недостиг на вода во анектираниот регион. Една од првите цели на руската воена инвазија беше деблокирањето на тој воден пат и обновувањето на водоснабдувањето на Крим, наведува Би-Би-Си. Инаку, градоначалникот Игор Коликаев (Ихор Колихајев) рече дека руски возила влегле во центарот на Керсон преку ноќ и дека на градот му треба чудо за да им се спротивстави на руските војници.

The post Би-Би-Си: Зошто окупацијата на Херсон е важна за Русија? appeared first on Република.

]]>
Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/turcija-go-zatvori-preminot-na-ruskite-voeni-brodovi-niz-crnoto-more/ Sat, 26 Feb 2022 16:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=464338

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Им благодарам на мојот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка за Украина се исклучително важни денес. Луѓето од Украина никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Зеленски на Твитер.

Турција претходно одговори дека не може да го спречи минувањето на руските воени бродови низ нејзините теснеци кои излегуваат на Црното Море.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за турскиот весник „Хуриет“ изјави дека Турција не може да го запре минувањето на бродовите, повикувајќи се на клаузула од Конвенцијата од Монтре која им дозволува на бродовите да се вратат во нивната матична база на тој начин.

Украина во четвртокот побара од Турција да ги затвори каналите Босфор и Дарданели за руските воени бродови.

Во случај на војна во која Турција не учествува, постојат мерки што може да се преземат во однос на земјите што учествуваат во војната, рече Чавушоглу.

Сепак, тој објасни дека „доколку има барање бродовите на завојуваните земји да се вратат во своите бази, тогаш тоа мора да се дозволи“.

The post Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море appeared first on Република.

]]>

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Им благодарам на мојот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка за Украина се исклучително важни денес. Луѓето од Украина никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Зеленски на Твитер.
Турција претходно одговори дека не може да го спречи минувањето на руските воени бродови низ нејзините теснеци кои излегуваат на Црното Море. Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за турскиот весник „Хуриет“ изјави дека Турција не може да го запре минувањето на бродовите, повикувајќи се на клаузула од Конвенцијата од Монтре која им дозволува на бродовите да се вратат во нивната матична база на тој начин. Украина во четвртокот побара од Турција да ги затвори каналите Босфор и Дарданели за руските воени бродови.
Во случај на војна во која Турција не учествува, постојат мерки што може да се преземат во однос на земјите што учествуваат во војната, рече Чавушоглу.
Сепак, тој објасни дека „доколку има барање бродовите на завојуваните земји да се вратат во своите бази, тогаш тоа мора да се дозволи“.

The post Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море appeared first on Република.

]]>