црн дроб Archives - Република https://republika.mk/tema/crn-drob/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 17:07:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црн дроб Archives - Република https://republika.mk/tema/crn-drob/ 32 32 Појадок за здрав црн дроб и силно тело https://republika.mk/zivot/zdravje/pojadok-za-zdrav-tsrn-drob-i-silno-telo/ Sun, 11 Aug 2024 17:07:45 +0000 https://republika.mk/?p=805529

Најдобро ќе забележите дека црниот дроб не ви работи како што треба, ако чувствувате хроничен умор, ако имате лошо здравје, ако често чувствувате горчлив и метален вкус во устата и ако имате жолта наслага на јазикот.

Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол или земате јаки лекови, можно е да го изложувате вашиот црн дроб на дополнителен напор.

Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден за појадок јадете каша. Но ако не ви се допаѓа ова јадење, доволно е да го појадувате само 2 пати неделно.

Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб:

1 чаша овесно брашно.
Овесот ја блокира апсорпцијата на штетни материи и ја забрзува елиминацијата на токсини. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото.
20 до 40 г тиква, исчистена и исечкана на коцки.
Ги обновува клеточните структури на црниот дроб и подмладува. Помага во прочистувањето на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.
Грст суво грозје, со добро измиени и раздвоени зрна.
Ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага во обновувањето на клетките.
Бадеми, по желба.
Ја нормализираат функцијата на црниот дроб.


Приготвување:

Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете го да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, поклопете и оставете го да отстои малку.

Се препорачува да ја приготвувате оваа каша најмалку 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира, дава енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.

The post Појадок за здрав црн дроб и силно тело appeared first on Република.

]]>

Најдобро ќе забележите дека црниот дроб не ви работи како што треба, ако чувствувате хроничен умор, ако имате лошо здравје, ако често чувствувате горчлив и метален вкус во устата и ако имате жолта наслага на јазикот. Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол или земате јаки лекови, можно е да го изложувате вашиот црн дроб на дополнителен напор. Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден за појадок јадете каша. Но ако не ви се допаѓа ова јадење, доволно е да го појадувате само 2 пати неделно. Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб: 1 чаша овесно брашно. Овесот ја блокира апсорпцијата на штетни материи и ја забрзува елиминацијата на токсини. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото. 20 до 40 г тиква, исчистена и исечкана на коцки. Ги обновува клеточните структури на црниот дроб и подмладува. Помага во прочистувањето на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт. Грст суво грозје, со добро измиени и раздвоени зрна. Ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага во обновувањето на клетките. Бадеми, по желба. Ја нормализираат функцијата на црниот дроб. Приготвување: Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете го да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, поклопете и оставете го да отстои малку. Се препорачува да ја приготвувате оваа каша најмалку 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира, дава енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.

The post Појадок за здрав црн дроб и силно тело appeared first on Република.

]]>
Вообичаен симптом често е скриен знак дека црниот дроб страда https://republika.mk/zivot/zdravje/voobichaen-simptom-chesto-e-skrien-znak-deka-tsrniot-drob-strada/ Sun, 11 Aug 2024 14:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=805470

Црниот дроб е витален орган без кој нема живот, а состојбата во која се наоѓа може значително да влијае на чувството на постојан замор и исцрпеност.

Црниот дроб игра клучна улога во многу физиолошки процеси кои се директно поврзани со енергијата и општата состојба на телото. Ако постојано се чувствувате уморни и исцрпени, дури и по добар сон, проблемот може да биде во овој орган.

Следниве се причините зошто тоа е можно:

Детоксикација и метаболизам

Црниот дроб е главниот орган за детоксикација во телото. Доколку не функционира правилно, ефикасното исфрлање на токсините се намалува, а нивното акумулирање на токсини може да доведе до чувство на замор и слабост.

Производство на енергија

Овој орган игра клучна улога во метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини, што е основа за производство на енергија. Доколку не функционира правилно, доаѓа до нарушување на регулацијата на нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до чувство на замор.

Регулација на хормони

Црниот дроб е одговорен за разградување и елиминирање на хормоните, вклучувајќи го кортизолот (хормонот на стрес) и естрогенот. Нарушувањата во овие процеси може да доведат до хормонална нерамнотежа, што резултира со замор, депресија и намалена енергија.

Апсорпција и складирање на витамини и минерали

Оваа најголема „лабораторија“ во телото е клучна за апсорпција, складирање и метаболизам на витамини и минерали. Оштетувањето на црниот дроб може да доведе до недостаток на важни хранливи материи, што предизвикува чувство на замор и исцрпеност.

Воспалителни процеси

Заболувањата на црниот дроб често се придружени со хронични воспалителни процеси во телото, кои можат да предизвикаат замор, болки во мускулите и чувство на исцрпеност.

Анемија

Црниот дроб игра улога во складирањето на железо и го поддржува производството на црвени крвни зрнца. Оштетениот црн дроб може да доведе до анемија, што го намалува капацитетот на крвта да носи кислород, што резултира со чувство на замор и слабост.

The post Вообичаен симптом често е скриен знак дека црниот дроб страда appeared first on Република.

]]>

Црниот дроб е витален орган без кој нема живот, а состојбата во која се наоѓа може значително да влијае на чувството на постојан замор и исцрпеност. Црниот дроб игра клучна улога во многу физиолошки процеси кои се директно поврзани со енергијата и општата состојба на телото. Ако постојано се чувствувате уморни и исцрпени, дури и по добар сон, проблемот може да биде во овој орган. Следниве се причините зошто тоа е можно: Детоксикација и метаболизам Црниот дроб е главниот орган за детоксикација во телото. Доколку не функционира правилно, ефикасното исфрлање на токсините се намалува, а нивното акумулирање на токсини може да доведе до чувство на замор и слабост. Производство на енергија Овој орган игра клучна улога во метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини, што е основа за производство на енергија. Доколку не функционира правилно, доаѓа до нарушување на регулацијата на нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до чувство на замор. Регулација на хормони Црниот дроб е одговорен за разградување и елиминирање на хормоните, вклучувајќи го кортизолот (хормонот на стрес) и естрогенот. Нарушувањата во овие процеси може да доведат до хормонална нерамнотежа, што резултира со замор, депресија и намалена енергија. Апсорпција и складирање на витамини и минерали Оваа најголема „лабораторија“ во телото е клучна за апсорпција, складирање и метаболизам на витамини и минерали. Оштетувањето на црниот дроб може да доведе до недостаток на важни хранливи материи, што предизвикува чувство на замор и исцрпеност. Воспалителни процеси Заболувањата на црниот дроб често се придружени со хронични воспалителни процеси во телото, кои можат да предизвикаат замор, болки во мускулите и чувство на исцрпеност. Анемија Црниот дроб игра улога во складирањето на железо и го поддржува производството на црвени крвни зрнца. Оштетениот црн дроб може да доведе до анемија, што го намалува капацитетот на крвта да носи кислород, што резултира со чувство на замор и слабост.

The post Вообичаен симптом често е скриен знак дека црниот дроб страда appeared first on Република.

]]>
Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор https://republika.mk/zivot/zdravje/chetvoritsa-patsienti-dobija-zdravi-organi-i-shansa-za-nov-zhivot-napravena-ushte-edna-transplantatsija-na-srtse-tsrn-drob-i-bubrezi-od-pochinat-donor/ Thu, 14 Mar 2024 09:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=754652

Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, откако вчера била направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор.

Во текот на вчерашниот ден е направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, соопштија од Министерството за здравство.

Министерот Илир Демири упати огромна благодарност до семејството на донорот коешто одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку четири животи.

По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

The post Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>

Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, откако вчера била направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор.
Во текот на вчерашниот ден е направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, соопштија од Министерството за здравство.
Министерот Илир Демири упати огромна благодарност до семејството на донорот коешто одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку четири животи.
По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.
Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

The post Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>
Алкохолот е најмалиот проблем: Овие работи го уништуваат црниот дроб https://republika.mk/zivot/zdravje/alkoholot-e-najmaliot-problem-ovie-raboti-go-unishtuvaat-tsrniot-drob/ Sat, 02 Dec 2023 17:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=718749

Доколку сакате црниот дроб да ви биде здрав, покрај здравата исхрана и редовна хидратација, многу е важно да се грижите и за тоа што внесувате во вашето тело.

Веројатно веќе знаете дека честото или прекумерното консумирање алкохол сериозно го оштетува вашиот црн дроб. Но, оваа конкретна навика не е единствената што може да го саботира функционирањето на овој скапоцен орган. Црниот дроб е одговорен за повеќе од 500 функции на телото, вклучувајќи складирање на гликоза, регулирање на згрутчувањето на крвта и многу повеќе, но неговата главна задача е да ја филтрира крвта.

Поточно, црниот дроб ја обработува крвта од дигестивниот систем и ја ослободува од штетните материи како алкохол, дрога и други токсини. Тоа е во суштина природен систем за детоксикација на нашето тело.

Овој витален орган произведува и холестерол кога му е потребен на телото и го регулира неговото ниво во телото, учествува во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите. Иако ниту една храна сама по себе нема да ја подобри функцијата на црниот дроб, генерално балансираната исхрана сигурно нема да му наштети.

Конзумирате многу шеќер

Премногу шеќер не само што е штетно за забите туку може да го оштети и вашиот црн дроб. Овој орган користи еден вид шеќер наречен фруктоза за да создаде маснотии. Премногу преработен шеќер предизвикува акумулација на масти, што може да доведе до заболување на црниот дроб.

Некои истражувања покажуваат дека шеќерот може да биде подеднакво штетен за црниот дроб како и алкохолот, дури и ако немате прекумерна тежина. Тоа е уште една причина да се ограничи храната со додаден шеќер.

Прекумерната тежина е штетна за вашиот црн дроб

Дополнителните масти може да се наталожат во клетките на црниот дроб и да доведат до замастен црн дроб. Како резултат на тоа, црниот дроб може да отече и на крајот може да се појави цироза на црниот дроб. Замастен црн дроб е почест кај дебели луѓе, средовечни луѓе или пациенти со дијабетес.

Добивате премногу витамин А од суплементите

Нашето тело има потреба од витамин А, но според експертите, конзумирањето свежо овошје и зеленчук (особено црвено, портокалово и жолто) е најдобриот начин да го добиеме. Ако земате додатоци кои содржат високи дози на витамин А, тоа може да предизвика проблеми со црниот дроб. Пред да земете дополнителни витамини, консултирајте се со вашиот лекар.

Парацетамолот може да го оштети вашиот црн дроб

Имате главоболка или настинка и барате лек за болка. Но, ако земате премногу лекови против болки кои содржат парацетамол, може несвесно да го оштетите вашиот црн дроб. Затоа внимателно следете ги упатствата за дозирање, тие се таму со причина.

Конзумирате многу транс-масти

Транс-мастите се незаситени масни киселини кои содржат најмалку една двојна врска во транс формата. Постојат транс масти кои природно се наоѓаат во некои намирници и оние кои се индустриски произведени. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува внесот на транс-масти да биде помал од 1% од вкупниот дневен внес на калории. Исхраната богата со транс-масти го зголемува нивото на „лошиот“ холестерол и ризикот од коронарна срцева болест.

 

The post Алкохолот е најмалиот проблем: Овие работи го уништуваат црниот дроб appeared first on Република.

]]>

Доколку сакате црниот дроб да ви биде здрав, покрај здравата исхрана и редовна хидратација, многу е важно да се грижите и за тоа што внесувате во вашето тело. Веројатно веќе знаете дека честото или прекумерното консумирање алкохол сериозно го оштетува вашиот црн дроб. Но, оваа конкретна навика не е единствената што може да го саботира функционирањето на овој скапоцен орган. Црниот дроб е одговорен за повеќе од 500 функции на телото, вклучувајќи складирање на гликоза, регулирање на згрутчувањето на крвта и многу повеќе, но неговата главна задача е да ја филтрира крвта. Поточно, црниот дроб ја обработува крвта од дигестивниот систем и ја ослободува од штетните материи како алкохол, дрога и други токсини. Тоа е во суштина природен систем за детоксикација на нашето тело. Овој витален орган произведува и холестерол кога му е потребен на телото и го регулира неговото ниво во телото, учествува во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите. Иако ниту една храна сама по себе нема да ја подобри функцијата на црниот дроб, генерално балансираната исхрана сигурно нема да му наштети. Конзумирате многу шеќер Премногу шеќер не само што е штетно за забите туку може да го оштети и вашиот црн дроб. Овој орган користи еден вид шеќер наречен фруктоза за да создаде маснотии. Премногу преработен шеќер предизвикува акумулација на масти, што може да доведе до заболување на црниот дроб. Некои истражувања покажуваат дека шеќерот може да биде подеднакво штетен за црниот дроб како и алкохолот, дури и ако немате прекумерна тежина. Тоа е уште една причина да се ограничи храната со додаден шеќер. Прекумерната тежина е штетна за вашиот црн дроб Дополнителните масти може да се наталожат во клетките на црниот дроб и да доведат до замастен црн дроб. Како резултат на тоа, црниот дроб може да отече и на крајот може да се појави цироза на црниот дроб. Замастен црн дроб е почест кај дебели луѓе, средовечни луѓе или пациенти со дијабетес. Добивате премногу витамин А од суплементите Нашето тело има потреба од витамин А, но според експертите, конзумирањето свежо овошје и зеленчук (особено црвено, портокалово и жолто) е најдобриот начин да го добиеме. Ако земате додатоци кои содржат високи дози на витамин А, тоа може да предизвика проблеми со црниот дроб. Пред да земете дополнителни витамини, консултирајте се со вашиот лекар. Парацетамолот може да го оштети вашиот црн дроб Имате главоболка или настинка и барате лек за болка. Но, ако земате премногу лекови против болки кои содржат парацетамол, може несвесно да го оштетите вашиот црн дроб. Затоа внимателно следете ги упатствата за дозирање, тие се таму со причина. Конзумирате многу транс-масти Транс-мастите се незаситени масни киселини кои содржат најмалку една двојна врска во транс формата. Постојат транс масти кои природно се наоѓаат во некои намирници и оние кои се индустриски произведени. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува внесот на транс-масти да биде помал од 1% од вкупниот дневен внес на калории. Исхраната богата со транс-масти го зголемува нивото на „лошиот“ холестерол и ризикот од коронарна срцева болест.  

The post Алкохолот е најмалиот проблем: Овие работи го уништуваат црниот дроб appeared first on Република.

]]>
Појадок за здрав црн дроб: Многу е лесен, а ќе му даде огромна енергија на телото https://republika.mk/zivot/zdravje/pojadok-za-zdrav-tsrn-drob-mnogu-e-lesen-a-ke-mu-dade-ogromna-energija-na-teloto/ Sun, 05 Nov 2023 17:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=698521

Најдобро ќе забележите дека црниот дроб не работи како што треба ако чувствувате хроничен замор, ако здравјето ви е лошо, ако често имате горчлив и метален вкус в уста или имате жолта наслага на јазикот…

Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол или земате јаки лекови, можно е да го изложувате црниот дроб на дополнителен напор.

Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден јадете овесна каша за појадок.

Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб:

*1 чаша овесно брашно – овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи и ја забрзува елиминацијата на токсините. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото.
*20 до 40 г тиква (исечкана на коцки) – ги обновува клеточните структури на црниот дроб и го подмладува. Помага за прочистувањето на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.
*Грст суво грозје (добро измиено и раздвоено) – ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага при обновување на клетките.
*Бадеми (по желба) – го нормализираат црниот дроб.

Приготвување:
Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете да зоврие. Може да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, поклопете и оставете да отстои малку.

Се препорачува оваа каша да се приготвува два до три пати неделно. Брзо се апсорбира. Дава леснотија, енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.


Извор: Убавина и здравје

The post Појадок за здрав црн дроб: Многу е лесен, а ќе му даде огромна енергија на телото appeared first on Република.

]]>

Најдобро ќе забележите дека црниот дроб не работи како што треба ако чувствувате хроничен замор, ако здравјето ви е лошо, ако често имате горчлив и метален вкус в уста или имате жолта наслага на јазикот… Ако постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол или земате јаки лекови, можно е да го изложувате црниот дроб на дополнителен напор. Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден јадете овесна каша за појадок. Рецепт за каша што го подобрува здравјето на црниот дроб: *1 чаша овесно брашно – овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи и ја забрзува елиминацијата на токсините. Го олеснува процесот на варење и му ја дава потребната енергија на телото. *20 до 40 г тиква (исечкана на коцки) – ги обновува клеточните структури на црниот дроб и го подмладува. Помага за прочистувањето на сите органи. Јадењето свежа тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт. *Грст суво грозје (добро измиено и раздвоено) – ја оптимизира функцијата на црниот дроб и помага при обновување на клетките. *Бадеми (по желба) – го нормализираат црниот дроб. Приготвување: Ставете ги сите состојки во мало тенџере. Додајте вода или млеко, па оставете да зоврие. Може да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го од рингла, поклопете и оставете да отстои малку. Се препорачува оваа каша да се приготвува два до три пати неделно. Брзо се апсорбира. Дава леснотија, енергија и го отстранува непријатниот плак од јазикот.
Извор: Убавина и здравје

The post Појадок за здрав црн дроб: Многу е лесен, а ќе му даде огромна енергија на телото appeared first on Република.

]]>
Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива https://republika.mk/zivot/zdravje/utrinava-na-hirurshkite-kliniki-izvrshena-ushte-edna-transplantatsija-na-tsrn-drob-bubrezi-i-na-koskeni-tkiva/ Wed, 04 Jan 2023 11:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=593525

Утринава на Хируршките клиники е извршена уште една трансплантација на црн дроб, потоа на бубрези и на коскени ткива, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Експлантацијата на органите почнала рано утрово на Хируршките клиники, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт дало согласнот за донирање, велат од МЗ.

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, откако вчера попчадне семејство на пациентска со мозочна смрт даде согласност за донирање органи. Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

На 25 ноември минатата година првпат во историјата на македонското здравство беше извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите.

https://republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-makedonskoto-zdravstvo-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/

Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб.

https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/

По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушти Клиниката и си замина дома.

https://republika.mk/zivot/zdravje/pacientot-si-zaminuva-doma-bevme-uigrani-kako-da-ni-e-100-ta-intervencija-kaza-prof-d-r-karadzov-koj-go-predvodeshe-timot-koj-ja-izvrshi-prvata-transplantacija-na-crn-drob/

The post Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива appeared first on Република.

]]>

Утринава на Хируршките клиники е извршена уште една трансплантација на црн дроб, потоа на бубрези и на коскени ткива, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Експлантацијата на органите почнала рано утрово на Хируршките клиники, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт дало согласнот за донирање, велат од МЗ.
Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, откако вчера попчадне семејство на пациентска со мозочна смрт даде согласност за донирање органи. Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.
Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.
Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.
На 25 ноември минатата година првпат во историјата на македонското здравство беше извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите. https://republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-makedonskoto-zdravstvo-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/ Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/ По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушти Клиниката и си замина дома. https://republika.mk/zivot/zdravje/pacientot-si-zaminuva-doma-bevme-uigrani-kako-da-ni-e-100-ta-intervencija-kaza-prof-d-r-karadzov-koj-go-predvodeshe-timot-koj-ja-izvrshi-prvata-transplantacija-na-crn-drob/

The post Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива appeared first on Република.

]]>
Опасна вирусна болест која го напаѓа црниот дроб, се шири меѓу децата во Европа и САД https://republika.mk/zivot/zdravje/opasna-virusna-bolest-koja-go-napagja-crniot-drob-se-shiri-megju-decata-vo-evropa-i-sad/ Fri, 22 Apr 2022 15:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=492352

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера издаде предупредување до здравствените власти во кое се наведува дека во државата Алабама е забележана појава на невообичаени педијатриски случаи на хепатитис.

Досега официјално се пријавени најмалку девет вакви случаи во земјата, според ЦДЦ, а може да има повеќе низ целата земја. Се додава дека воспалението на црниот дроб кај децата било предизвикано од аденовирус, а не од инфекција со Ковид-19.

Првите такви случаи биле идентификувани во САД во октомври 2021 година во детска болница во Алабама. До ноември, пет млади пациенти претрпеле значително оштетување на црниот дроб, од кои тројца имале акутна органска инсуфициенција. На двајца пациенти им била потребна трансплантација на црн дроб. Немало смртни случаи, изјавиле надлежните.

Одделот за здравство на Алабама на 14 април соопшти дека сите заразени деца се на возраст под 10 години, објави „Business Insider“.

Слични случаи биле пријавени во Велика Британија во април, а Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела објави дека исти такви случаи биле пријавени во Шпанија и Ирска.

Британската агенција за здравствена безбедност на 12 април објави дека потврдила 49 вакви случаи во Англија, 13 во Шкотска и останатите во Велс и Северна Ирска.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека повеќето случаи се однесуваат на деца на возраст од 2 до 5 години. Беше кажано дека некои деца страдаат од акутна црнодробна инсуфициенција и дека на мал број им треба трансплантација.

Експертите веруваат дека аденовирус 41, вирус кој се шири преку близок контакт и капки, е одговорен за оваа болест на црниот дроб. Аденовирусите можат да се шират и преку столицата, така што миењето на рацете е од големо значење и во овој случај, особено кај малите деца.

Децата со овој тип на хепатитис биле здрави и не биле заразени со Ковид-19, според ЦДЦ, додавајќи дека ова е невообичаено бидејќи аденовирусот 41 обично ги погодува децата со ослабен имунолошки систем.

Аденовирусот 41 често предизвикува акутен гастроентеритис кај деца со симптоми вклучувајќи дијареа, повраќање, треска и респираторни тешкотии, велат упатените.

 

The post Опасна вирусна болест која го напаѓа црниот дроб, се шири меѓу децата во Европа и САД appeared first on Република.

]]>

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера издаде предупредување до здравствените власти во кое се наведува дека во државата Алабама е забележана појава на невообичаени педијатриски случаи на хепатитис. Досега официјално се пријавени најмалку девет вакви случаи во земјата, според ЦДЦ, а може да има повеќе низ целата земја. Се додава дека воспалението на црниот дроб кај децата било предизвикано од аденовирус, а не од инфекција со Ковид-19. Првите такви случаи биле идентификувани во САД во октомври 2021 година во детска болница во Алабама. До ноември, пет млади пациенти претрпеле значително оштетување на црниот дроб, од кои тројца имале акутна органска инсуфициенција. На двајца пациенти им била потребна трансплантација на црн дроб. Немало смртни случаи, изјавиле надлежните. Одделот за здравство на Алабама на 14 април соопшти дека сите заразени деца се на возраст под 10 години, објави „Business Insider“. Слични случаи биле пријавени во Велика Британија во април, а Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела објави дека исти такви случаи биле пријавени во Шпанија и Ирска. Британската агенција за здравствена безбедност на 12 април објави дека потврдила 49 вакви случаи во Англија, 13 во Шкотска и останатите во Велс и Северна Ирска. Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека повеќето случаи се однесуваат на деца на возраст од 2 до 5 години. Беше кажано дека некои деца страдаат од акутна црнодробна инсуфициенција и дека на мал број им треба трансплантација. Експертите веруваат дека аденовирус 41, вирус кој се шири преку близок контакт и капки, е одговорен за оваа болест на црниот дроб. Аденовирусите можат да се шират и преку столицата, така што миењето на рацете е од големо значење и во овој случај, особено кај малите деца. Децата со овој тип на хепатитис биле здрави и не биле заразени со Ковид-19, според ЦДЦ, додавајќи дека ова е невообичаено бидејќи аденовирусот 41 обично ги погодува децата со ослабен имунолошки систем. Аденовирусот 41 често предизвикува акутен гастроентеритис кај деца со симптоми вклучувајќи дијареа, повраќање, треска и респираторни тешкотии, велат упатените.  

The post Опасна вирусна болест која го напаѓа црниот дроб, се шири меѓу децата во Европа и САД appeared first on Република.

]]>
Оваа намирница ја јадеме сите, а има многу негативни дејства https://republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-namirnica-ja-jademe-site-a-ima-mnogu-negativni-dejstva/ Thu, 14 Apr 2022 10:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=488387

На многумина омиленото јадење за појадок им е сендвич, во кој покрај салатата мора да се стави малку месо, а најчесто тоа е шунка.

Сепак, експертите советуваат дека треба да бидете внимателни со оваа храна. Зошто?

Покрај тоа што шунката содржи добри хранливи материи, има и негативни, односно има еден несакан ефект – ја задржува водата во организмот.

За да има убав вкус, на шунката при изработката ѝ се додава многу сол, односно, како што извести американското Министерство за земјоделство, во 85 грама чадена шунка содржи околу 830 милиграми натриум.

Така, при честото консумирање шунка, тоа доведува до задржување на водата во телото, па затоа стапалата, рацете или зглобовите може да отечат.

Но, тоа не е се… Последицата е многу повеќе од оток. Кога прекумерниот внес на сол влегува во телото, се јавува задржување на водата, што врши притисок врз крвните садови, што може да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.

Може да дојде и до губење на калциум од коските, што долгорочно може да предизвика сериозни проблеми со коските.

Исто така, голема количина сол може негативно да влијае на црниот дроб и бубрезите. Нутриционистите препорачуваат дека е неопходно умерено да се јаде шунка, но и да се пие повеќе вода.

The post Оваа намирница ја јадеме сите, а има многу негативни дејства appeared first on Република.

]]>

На многумина омиленото јадење за појадок им е сендвич, во кој покрај салатата мора да се стави малку месо, а најчесто тоа е шунка.
Сепак, експертите советуваат дека треба да бидете внимателни со оваа храна. Зошто?
Покрај тоа што шунката содржи добри хранливи материи, има и негативни, односно има еден несакан ефект – ја задржува водата во организмот. За да има убав вкус, на шунката при изработката ѝ се додава многу сол, односно, како што извести американското Министерство за земјоделство, во 85 грама чадена шунка содржи околу 830 милиграми натриум. Така, при честото консумирање шунка, тоа доведува до задржување на водата во телото, па затоа стапалата, рацете или зглобовите може да отечат. Но, тоа не е се… Последицата е многу повеќе од оток. Кога прекумерниот внес на сол влегува во телото, се јавува задржување на водата, што врши притисок врз крвните садови, што може да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар. Може да дојде и до губење на калциум од коските, што долгорочно може да предизвика сериозни проблеми со коските. Исто така, голема количина сол може негативно да влијае на црниот дроб и бубрезите. Нутриционистите препорачуваат дека е неопходно умерено да се јаде шунка, но и да се пие повеќе вода.

The post Оваа намирница ја јадеме сите, а има многу негативни дејства appeared first on Република.

]]>
Намирница која секојдневно ја конзумираме, е штетна за црниот дроб и крвта https://republika.mk/zivot/zdravje/namirnica-koja-sekojdnevno-ja-konzumirame-e-shtetna-za-crniot-drob-i-krvta/ Wed, 06 Apr 2022 16:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=484195

Црниот дроб е исклучително важен орган во нашето тело бидејќи ги чисти и обработува сите материи кои ги внесуваме преку храната, па со право го носи епитетот на чистач на телото. За да го одржувате што подолго во добра состојба и за да може непречено да работи, важно е да избегнувате храна која може лошо да влијае на него.
Намирницата која може да делува исклучително лошо е фруктозата. Добро познат факт е дека прекумерното внесување на фруктоза го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но малку е познат факт дека може да го загрози и здравјето на црниот дроб.

Фруктозата е шеќер кој се наоѓа во овошјето како јаболка, банани, цреши, лубеници, круши итн. Покрај тоа, таа е составен дел на многу видови индустриски преработена храна. Ја има во купените сокови, но и во млечните производи, дури и во солената храна. Ако обрнете внимание, тоа ќе го видите на многу декларации, дури и на оние на кои не би помислиле.
АХА (Американската асоцијација за срце) препорачала само 6. отсто од вкупниот број калории да се додаваат од шеќерот. Постои мислење дека жените треба да внесуваат околу 100 калории дополнителен шеќер дневно (тоа е приближно 25 грама), а мажите 150 калории (или 36 грама).
Некои од другите намирници кои негативно влијаат на црниот дроб и можат да го оштетат се алкохолот, пржената храна, пецивата што содржи бело брашно, храната богата со сол итн.

The post Намирница која секојдневно ја конзумираме, е штетна за црниот дроб и крвта appeared first on Република.

]]>

Црниот дроб е исклучително важен орган во нашето тело бидејќи ги чисти и обработува сите материи кои ги внесуваме преку храната, па со право го носи епитетот на чистач на телото. За да го одржувате што подолго во добра состојба и за да може непречено да работи, важно е да избегнувате храна која може лошо да влијае на него. Намирницата која може да делува исклучително лошо е фруктозата. Добро познат факт е дека прекумерното внесување на фруктоза го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2, но малку е познат факт дека може да го загрози и здравјето на црниот дроб. Фруктозата е шеќер кој се наоѓа во овошјето како јаболка, банани, цреши, лубеници, круши итн. Покрај тоа, таа е составен дел на многу видови индустриски преработена храна. Ја има во купените сокови, но и во млечните производи, дури и во солената храна. Ако обрнете внимание, тоа ќе го видите на многу декларации, дури и на оние на кои не би помислиле. АХА (Американската асоцијација за срце) препорачала само 6. отсто од вкупниот број калории да се додаваат од шеќерот. Постои мислење дека жените треба да внесуваат околу 100 калории дополнителен шеќер дневно (тоа е приближно 25 грама), а мажите 150 калории (или 36 грама). Некои од другите намирници кои негативно влијаат на црниот дроб и можат да го оштетат се алкохолот, пржената храна, пецивата што содржи бело брашно, храната богата со сол итн.

The post Намирница која секојдневно ја конзумираме, е штетна за црниот дроб и крвта appeared first on Република.

]]>
Најраните знаци дека црниот дроб ви откажува: Овие, навидум, безопасни симптоми се знак на предупредување! https://republika.mk/zivot/zdravje/najranite-znaci-deka-crniot-drob-vi-otkazuva-ovie-navidum-bezopasni-simptomi-se-znak-na-predupreduvanje/ Thu, 17 Mar 2022 22:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=474655

Без здрав црн дроб, нема ни добро здравје на целиот организам, велат лекарите. Овој орган е задолжен за прочистување на токсините од крвта. Исто така, тоа е и орган што може да ги регенерира клетките до одреден степен. Па затоа, доколку здравјето на црниот дроб е нарушено, тоа автоматски се одразува и на целото тело.

Болестите на црниот дроб не покажуваат јасни симптоми, па пациентите честопати не ги забележуваат или му ги припишуваат на некој друг, помалку опасен здравствен проблем.

Ова се промените на кои треба да обрнете внимание, бидејќи тие може да бидат најраните знаци дека црниот дроб не работи како што треба…

Замор – докторите не се сигурни како точно оштетувањето на црниот дроб предизвикува замор, но тоа е еден од почестите симптоми.

Мачнина – се појавува затоа што токсините се насобираат во крвотокот, поради намалената способност на црниот дроб да ги филтрира токсините.

Бледа столица – темната боја на столицата ја даваат жолчните соли што црниот дроб вообичаено ги ослободува. Ако столицата е бледа, тоа може да укажува на проблем со црниот дроб или со некој друг дел од билијарниот тракт (билијарен тракт е дренажниот систем за црниот дроб и жолчната кеса). Црната столица што личи на катран може да се појави кај прогресивно заболување на црниот дроб и е предизвикана од минувањето крв низ гастроинтестиналниот тракт. Во овој случај неопходна е итна медицинска помош.

Жолта кожа или очи – жолтицата е последица на насобирањето билирубин (жолчен пигмент) во крвта, бидејќи не може ефикасно да се обработи. Од истата причина може да се појави и осип на кожата.

Пајак ангиом – пајаковидно деформирани крвни садови. Пајак ангиомите изгледаат како црвени точки со крвни садови што се прошируваат од центарот како пајакови нозе. Може да бидат чести кај здрави жени, додека кај мажите и ако се појават во поголем број на горната половина од женското тело, може да укажуваат на заболување на црниот дроб.

Лесно настанување модринки – ова може да се случи поради намалената способност на црниот дроб да произведува фактори на згрутчување.

Црвени дланки – околу четвртина од луѓето со цироза на црниот дроб развиваат палмарен еритем, односно црвенило на кожата на дланките.

Урина со темна боја – урината со темнопортокалова, жолта, кафеава или боја на кока-кола, може да биде знак на болест на црниот дроб. Промената во нијансата настанува поради преголемо насобирање билирубин, бидејќи црниот дроб не го разложува нормално.

Отечен стомак – асцитес се појавува затоа што се задржува течност во стомакот. Нозете и зглобовите исто така може да отечат поради задржување течности.

The post Најраните знаци дека црниот дроб ви откажува: Овие, навидум, безопасни симптоми се знак на предупредување! appeared first on Република.

]]>

Без здрав црн дроб, нема ни добро здравје на целиот организам, велат лекарите. Овој орган е задолжен за прочистување на токсините од крвта. Исто така, тоа е и орган што може да ги регенерира клетките до одреден степен. Па затоа, доколку здравјето на црниот дроб е нарушено, тоа автоматски се одразува и на целото тело. Болестите на црниот дроб не покажуваат јасни симптоми, па пациентите честопати не ги забележуваат или му ги припишуваат на некој друг, помалку опасен здравствен проблем. Ова се промените на кои треба да обрнете внимание, бидејќи тие може да бидат најраните знаци дека црниот дроб не работи како што треба… Замор – докторите не се сигурни како точно оштетувањето на црниот дроб предизвикува замор, но тоа е еден од почестите симптоми. Мачнина – се појавува затоа што токсините се насобираат во крвотокот, поради намалената способност на црниот дроб да ги филтрира токсините. Бледа столица – темната боја на столицата ја даваат жолчните соли што црниот дроб вообичаено ги ослободува. Ако столицата е бледа, тоа може да укажува на проблем со црниот дроб или со некој друг дел од билијарниот тракт (билијарен тракт е дренажниот систем за црниот дроб и жолчната кеса). Црната столица што личи на катран може да се појави кај прогресивно заболување на црниот дроб и е предизвикана од минувањето крв низ гастроинтестиналниот тракт. Во овој случај неопходна е итна медицинска помош. Жолта кожа или очи – жолтицата е последица на насобирањето билирубин (жолчен пигмент) во крвта, бидејќи не може ефикасно да се обработи. Од истата причина може да се појави и осип на кожата. Пајак ангиом – пајаковидно деформирани крвни садови. Пајак ангиомите изгледаат како црвени точки со крвни садови што се прошируваат од центарот како пајакови нозе. Може да бидат чести кај здрави жени, додека кај мажите и ако се појават во поголем број на горната половина од женското тело, може да укажуваат на заболување на црниот дроб. Лесно настанување модринки – ова може да се случи поради намалената способност на црниот дроб да произведува фактори на згрутчување. Црвени дланки – околу четвртина од луѓето со цироза на црниот дроб развиваат палмарен еритем, односно црвенило на кожата на дланките. Урина со темна боја – урината со темнопортокалова, жолта, кафеава или боја на кока-кола, може да биде знак на болест на црниот дроб. Промената во нијансата настанува поради преголемо насобирање билирубин, бидејќи црниот дроб не го разложува нормално. Отечен стомак – асцитес се појавува затоа што се задржува течност во стомакот. Нозете и зглобовите исто така може да отечат поради задржување течности.

The post Најраните знаци дека црниот дроб ви откажува: Овие, навидум, безопасни симптоми се знак на предупредување! appeared first on Република.

]]>