На многумина омиленото јадење за појадок им е сендвич, во кој покрај салатата мора да се стави малку месо, а најчесто тоа е шунка.

Сепак, експертите советуваат дека треба да бидете внимателни со оваа храна. Зошто?

Покрај тоа што шунката содржи добри хранливи материи, има и негативни, односно има еден несакан ефект – ја задржува водата во организмот.

За да има убав вкус, на шунката при изработката ѝ се додава многу сол, односно, како што извести американското Министерство за земјоделство, во 85 грама чадена шунка содржи околу 830 милиграми натриум.

Така, при честото консумирање шунка, тоа доведува до задржување на водата во телото, па затоа стапалата, рацете или зглобовите може да отечат.

Но, тоа не е се… Последицата е многу повеќе од оток. Кога прекумерниот внес на сол влегува во телото, се јавува задржување на водата, што врши притисок врз крвните садови, што може да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.

Може да дојде и до губење на калциум од коските, што долгорочно може да предизвика сериозни проблеми со коските.

Исто така, голема количина сол може негативно да влијае на црниот дроб и бубрезите. Нутриционистите препорачуваат дека е неопходно умерено да се јаде шунка, но и да се пие повеќе вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.