цивили Archives - Република https://republika.mk/tema/civili/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 09:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цивили Archives - Република https://republika.mk/tema/civili/ 32 32 Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни https://republika.mk/vesti/svet/tsivilite-vo-pojasot-gaza-se-gladni-zhedni-i-bolni/ Fri, 30 Aug 2024 09:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=811491

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Џојс Мсуја изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади, е „повеќе од безнадежна“, пренесува Анадолија.

Во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на ОН, Мсуја предупреди на тешката хуманитарна ситуација со која се соочуваат палестинските цивили во Газа.

Таа ја повтори длабоката загриженост на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата на окупираниот Западен Брег и неговиот повик за итен прекин на сите израелски операции.

„Од 7 октомври 2023 година, повеќе од десет пати известувавме до Советот за безбедност на ОН за страдањата на цивилите, жените, мажите и децата“, рече Мсуја.

Таа потсети дека се почести се вестите за злоупотреба на палестински затвореници во Израел.

Мсуја, исто така, истакна дека хуманитарните работници на ОН се „соочени со предизвик без преседан“ поради различните опструкции на Израел.

Таа нагласи дека настаните во Појасот Газа во последните 11 месеци ја доведоа во прашање посветеноста на светот кон меѓународниот правен поредок, кој е дизајниран да спречи токму такви трагедии.

„Ова не тера да се запрашаме: Што се случи со нашето основно чувство за хуманост“, рече Мсуја.

Таа уште еднаш го предупреди светот дека цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни, болни и без покрив на главата.

The post Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни appeared first on Република.

]]>

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Џојс Мсуја изјави дека ситуацијата во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади, е „повеќе од безнадежна“, пренесува Анадолија. Во обраќањето пред членовите на Советот за безбедност на ОН, Мсуја предупреди на тешката хуманитарна ситуација со која се соочуваат палестинските цивили во Газа. Таа ја повтори длабоката загриженост на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата на окупираниот Западен Брег и неговиот повик за итен прекин на сите израелски операции. „Од 7 октомври 2023 година, повеќе од десет пати известувавме до Советот за безбедност на ОН за страдањата на цивилите, жените, мажите и децата“, рече Мсуја. Таа потсети дека се почести се вестите за злоупотреба на палестински затвореници во Израел. Мсуја, исто така, истакна дека хуманитарните работници на ОН се „соочени со предизвик без преседан“ поради различните опструкции на Израел. Таа нагласи дека настаните во Појасот Газа во последните 11 месеци ја доведоа во прашање посветеноста на светот кон меѓународниот правен поредок, кој е дизајниран да спречи токму такви трагедии. „Ова не тера да се запрашаме: Што се случи со нашето основно чувство за хуманост“, рече Мсуја. Таа уште еднаш го предупреди светот дека цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни, болни и без покрив на главата.

The post Цивилите во Појасот Газа се гладни, жедни и болни appeared first on Република.

]]>
САД побараа од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилите во Рафа https://republika.mk/vesti/svet/sad-pobaraa-od-izrael-da-prezeme-merki-na-pretpazlivost-za-zashtita-na-tsivilite-vo-rafa/ Tue, 28 May 2024 16:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=782488

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилното население по нападот во Рафа, при што загинаа десетици Палестинци.

- Израел има право да го гони Хамас и ние разбираме дека како резултат на тој напад загина двајца високопозиционирани терористи на Хамас одговорни за нападите на израелските граѓани, изјави синоќа претставник на Советот за национална безбедност во Белата куќа.

- Но ние јасно дадовме до знаење дека Израел треба да ги презема сите можни мерки на претпазливост за да се заштити цивилното население.

Од советот укажаа дека владата на САД „активно соработува“ на местото на настанот со израелски воени и други лица за да се оцени што се случило.

Администрација на Бајден се судира со незадоволство од демократите поради дејствијата на владата поврзани со војната помеѓу Израел и Хамас и тоа уште пред израелскиот напад во неделата врз Рафа, кога изби пожар во бегалски камп при што загинаа 45 луѓе.

Според најновата анкета на Ипсос речиси половина од демократските избирачи не ја одобруваат политиката на Бајден.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека цивилното население не било цел на нападот но „настаните зазеле друга, трагична насока“ што довело до цивилни жртви.

The post САД побараа од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилите во Рафа appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилното население по нападот во Рафа, при што загинаа десетици Палестинци. - Израел има право да го гони Хамас и ние разбираме дека како резултат на тој напад загина двајца високопозиционирани терористи на Хамас одговорни за нападите на израелските граѓани, изјави синоќа претставник на Советот за национална безбедност во Белата куќа. - Но ние јасно дадовме до знаење дека Израел треба да ги презема сите можни мерки на претпазливост за да се заштити цивилното население. Од советот укажаа дека владата на САД „активно соработува“ на местото на настанот со израелски воени и други лица за да се оцени што се случило. Администрација на Бајден се судира со незадоволство од демократите поради дејствијата на владата поврзани со војната помеѓу Израел и Хамас и тоа уште пред израелскиот напад во неделата врз Рафа, кога изби пожар во бегалски камп при што загинаа 45 луѓе. Според најновата анкета на Ипсос речиси половина од демократските избирачи не ја одобруваат политиката на Бајден. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека цивилното население не било цел на нападот но „настаните зазеле друга, трагична насока“ што довело до цивилни жртви.

The post САД побараа од Израел да преземе мерки на претпазливост за заштита на цивилите во Рафа appeared first on Република.

]]>
ОН: Бројот на загинати цивили во Украина надмина 10 илјади https://republika.mk/vesti/svet/on-brojot-na-zaginati-tsivili-vo-ukraina-nadmina-10-iljadi/ Tue, 21 Nov 2023 14:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=714845

Бројот на загинати цивили во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи над 10 илјади, соопшти канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.

Огромното мнозинство на смртни случаи, според ОН, се предизвикани од експлозивно оружје со влијание на широк простор, како што се гранати, проектили и касетна муниција.

Мисијата на ОН за човекови права, која има десетици набљудувачи во Украина очекува конечниот број на загинати да биде „значително поголем“. Работата за потврдување е во тек.

Москва негира дека намерно цели цивили.

The post ОН: Бројот на загинати цивили во Украина надмина 10 илјади appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати цивили во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи над 10 илјади, соопшти канцеларијата за човекови права на Обединетите нации. Огромното мнозинство на смртни случаи, според ОН, се предизвикани од експлозивно оружје со влијание на широк простор, како што се гранати, проектили и касетна муниција. Мисијата на ОН за човекови права, која има десетици набљудувачи во Украина очекува конечниот број на загинати да биде „значително поголем“. Работата за потврдување е во тек. Москва негира дека намерно цели цивили.

The post ОН: Бројот на загинати цивили во Украина надмина 10 илјади appeared first on Република.

]]>
Тројца цивили загинале во украинско гранатирање на руската област Брјанск https://republika.mk/vesti/svet/trojtsa-tsivili-zaginale-vo-ukrainsko-granatirane-na-ruskata-oblast-brjansk/ Thu, 10 Aug 2023 19:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=670920

Во украинското гранатирање на селото Чауси во руската област Брјанск, загинале двајца цивили, а други двајца се повредени, соопшти гувернерот Александар Богомаз на својот канал Телеграм.

Вооружените сили на Украина го гранатираа селото Чауси, округот Погарски. За жал, како резултат на гранатирањето, еден човек загина, а двајца селани се повредени. Повредените се префрлени во окружната болница, каде ја добиваат целата неопходна медицинска нега“, напиша Богомаз.

Подоцна, гувернерот објави дека уште еден човек починал од раните.

Според гувернерот, во гранатирањето бил оштетен имотот на земјоделското претпријатие, а оперативните и итните служби се на лице место.

Округот Погарски се наоѓа во југозападниот дел на Брјанската област, во близина на границата со украинскиот регион Чернигов.

Вооружените сили на Украина редовно ја гранатираат областа и другите погранични области и лансираат беспилотни летала со експлозив.

Од 3 февруари годинава во регионот Брјанск на сила е високо, жолто ниво на терористичка закана. На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да пријават во полиција сомнителни лица, автомобили и напуштени предмети.

The post Тројца цивили загинале во украинско гранатирање на руската област Брјанск appeared first on Република.

]]>

Во украинското гранатирање на селото Чауси во руската област Брјанск, загинале двајца цивили, а други двајца се повредени, соопшти гувернерот Александар Богомаз на својот канал Телеграм.
Вооружените сили на Украина го гранатираа селото Чауси, округот Погарски. За жал, како резултат на гранатирањето, еден човек загина, а двајца селани се повредени. Повредените се префрлени во окружната болница, каде ја добиваат целата неопходна медицинска нега“, напиша Богомаз.
Подоцна, гувернерот објави дека уште еден човек починал од раните. Според гувернерот, во гранатирањето бил оштетен имотот на земјоделското претпријатие, а оперативните и итните служби се на лице место. Округот Погарски се наоѓа во југозападниот дел на Брјанската област, во близина на границата со украинскиот регион Чернигов. Вооружените сили на Украина редовно ја гранатираат областа и другите погранични области и лансираат беспилотни летала со експлозив. Од 3 февруари годинава во регионот Брјанск на сила е високо, жолто ниво на терористичка закана. На граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да пријават во полиција сомнителни лица, автомобили и напуштени предмети.

The post Тројца цивили загинале во украинско гранатирање на руската област Брјанск appeared first on Република.

]]>
Британски новинар од Доњецк: Западот треба да биде свесен дека оружјето што го испорачуваат во Украина доведува до смрт на цивили во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/britanski-novinar-od-donjeck-zapadot-treba-da-bide-svesen-deka-oruzjeto-shto-go-isporachuvaat-vo-ukraina-doveduva-do-smrt-na-civili-vo-donbas/ Tue, 19 Jul 2022 12:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=531039

Британскиот новинар, Џон Милер, во јавување во живо од Доњецк, порача дека Западот треба да знае дека оружјето со којашто западните земји и НАТО ја снабдуваат Украина доведува до смрт на цивили и деца во Донбас.

Стојам пред тоа што е или некогаш беше училиште. Се наоѓа само зад аголот од станот каде што престојувам овде во Доњецк и тоа беше гранатирано од украинската армија, веројатно со оружје што доаѓа од НАТО. Тоа е само едно од многуте училишта што беа гранатирани од украинската армија во обид да го заплашат локалното население - изјави Милер.

The post Британски новинар од Доњецк: Западот треба да биде свесен дека оружјето што го испорачуваат во Украина доведува до смрт на цивили во Донбас appeared first on Република.

Пет цивили повредени во украински бомбардирање во ДНР https://republika.mk/vesti/svet/pet-civili-povredeni-vo-ukrainski-bombardiranje-vo-dnr/ Mon, 06 Jun 2022 07:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=511618

Пет цивили биле ранети во украинското бомбардирање во Доњецката Народна Република (ДНР), соопшти мисијата на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

Според последните достапни информации, пет цивили се повредени во бомбардирањето на украинската армија во ослободените области на ДНР - се наведува во соопштението, пренесе ТАС.

The post Пет цивили повредени во украински бомбардирање во ДНР appeared first on Република.

Почна извекувањето на цивилите од Азовстал https://republika.mk/vesti/svet/pochna-izvekuvanjeto-na-civilite-od-azovstal/ Sun, 01 May 2022 11:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=495987

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека вчера од челичарницата Азовстал во Мариупол евакуирани се 46 цивили.

– По воспоставувањето на примирје и отворање на хуманитарен коридор вчера две групи цивили ги напуштија станбените згради на територијата на металуршката фабрика Азосвстал, објави рускот Министерство за одбранра на Телеграм.

https://republika.mk/vesti/svet/poglednete-shto-fati-dronot-vo-azovstal/

Прво група од 25 цивили биле евакуирани од Азовстал, а во текот на вчерашниот ден биле евакуирани уште 21 лице меѓу кои и шест деца.

– Сите цивили добија сместување, храна и неопходна медицинска помош, соопштија руските власти, без да прецизираат каде е однесена првата група, додека втората група е префрлена во населбата Безименоја, што се наоѓа на половина пат помеѓу Мариупол и руската граница.

The post Почна извекувањето на цивилите од Азовстал appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека вчера од челичарницата Азовстал во Мариупол евакуирани се 46 цивили. – По воспоставувањето на примирје и отворање на хуманитарен коридор вчера две групи цивили ги напуштија станбените згради на територијата на металуршката фабрика Азосвстал, објави рускот Министерство за одбранра на Телеграм. https://republika.mk/vesti/svet/poglednete-shto-fati-dronot-vo-azovstal/ Прво група од 25 цивили биле евакуирани од Азовстал, а во текот на вчерашниот ден биле евакуирани уште 21 лице меѓу кои и шест деца. – Сите цивили добија сместување, храна и неопходна медицинска помош, соопштија руските власти, без да прецизираат каде е однесена првата група, додека втората група е префрлена во населбата Безименоја, што се наоѓа на половина пат помеѓу Мариупол и руската граница.

The post Почна извекувањето на цивилите од Азовстал appeared first on Република.

]]>
Русите не дозволуваат евакуација на ранетите борци од „Азовстал“, отвораат коридори за извлекување на цивилите https://republika.mk/vesti/svet/rusite-ne-dozvoluvaat-evakuacija-na-ranetite-borci-od-azovstal-otvoraat-koridori-za-izvlekuvanje-na-civilite/ Thu, 28 Apr 2022 12:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=494802

Гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко, изјави дека Русија не дозволува евакуација на ранетите украински борци од фабриката за челик „Азовстал во Мариупол“, каде што се под опсада.

Руското Министерство за одбрана наведува дека првенствено е неопходно извлекување на цивилите што се затворени во индустрискиот комплекс и дека руските сили постојано прогласувало „режим на молчење“, односно целосен прекин на огнот, со цел да се извлечат цивилите од „Азовстал“.

The post Русите не дозволуваат евакуација на ранетите борци од „Азовстал“, отвораат коридори за извлекување на цивилите appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко, изјави дека Русија не дозволува евакуација на ранетите украински борци од фабриката за челик „Азовстал во Мариупол“, каде што се под опсада. Руското Министерство за одбрана наведува дека првенствено е неопходно извлекување на цивилите што се затворени во индустрискиот комплекс и дека руските сили постојано прогласувало „режим на молчење“, односно целосен прекин на огнот, со цел да се извлечат цивилите од „Азовстал“.

The post Русите не дозволуваат евакуација на ранетите борци од „Азовстал“, отвораат коридори за извлекување на цивилите appeared first on Република.

]]>
Во градот Чернихив досега загинаа 700 цивили https://republika.mk/vesti/svet/vo-gradot-chernihiv-dosega-zaginaa-700-civili/ Sat, 23 Apr 2022 13:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=492723

Повеќе од 700 цивили се убиени во северниот град Чернихив, изјави за Би-Би-Си шефот на градскиот совет Александар Ломако.

Три недели откако руските трупи поставија опсада на градот, на главните гробишта сè уште се копаат нови гробници. Две ниви се полни со гробови, а третата ја ископаа копачи кога бевме таму, пишува Би-Би-Си.

На околу една четвртина од гробовите покрај нив имало поставени цвеќиња, надгробни споменици, овошје и други предмети, што сугерира дека биле посетени од роднини на починатиот. Но, другите беа означени со табли на дрвени стапчиња со имиња, како и датуми на раѓање и смрт. Запознавме жена која ги бараше гробовите на нејзината сестра и сопругот, кои беа убиени во гранатирањето.

Тие беа мирни луѓе, беа танчери, рече таа.

Таа не знаеше дали нивните тела се пронајдени и каде се закопани.

The post Во градот Чернихив досега загинаа 700 цивили appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 700 цивили се убиени во северниот град Чернихив, изјави за Би-Би-Си шефот на градскиот совет Александар Ломако. Три недели откако руските трупи поставија опсада на градот, на главните гробишта сè уште се копаат нови гробници. Две ниви се полни со гробови, а третата ја ископаа копачи кога бевме таму, пишува Би-Би-Си. На околу една четвртина од гробовите покрај нив имало поставени цвеќиња, надгробни споменици, овошје и други предмети, што сугерира дека биле посетени од роднини на починатиот. Но, другите беа означени со табли на дрвени стапчиња со имиња, како и датуми на раѓање и смрт. Запознавме жена која ги бараше гробовите на нејзината сестра и сопругот, кои беа убиени во гранатирањето.
Тие беа мирни луѓе, беа танчери, рече таа.
Таа не знаеше дали нивните тела се пронајдени и каде се закопани.

The post Во градот Чернихив досега загинаа 700 цивили appeared first on Република.

]]>
Руските сили бараат Украинците да ги пуштат сите цивили од „Азовстал“, доколку ги има https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-baraat-ukraincite-da-gi-pushtat-site-civili-od-azovstal-dokolku-gi-ima/ Tue, 19 Apr 2022 17:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=490720

Шефот на рускиот центар за национална одбранбена контрола, генерал полковник Михаил Мизинцев, истакна дека Русија бара на цивилите да им биде дозволено да ја напуштат фабриката „Азовстал“ во Мариупол, доколку таму навистина ги има.

Пораката на Мизинцев доаѓа откако во последните ден-два, неколку официјални претставници на Киев изјавија дека, наводно, во „Азовстал“ имало голем број цивили.

Мизинцев истакна дека смета оти ова е уште еден „информативен спин“ на Украинеците.

Сигурни сме дека ова е уште еден информативен спин, измислен исклучиво за спас на националистите - порача Мизинцев.

Тој повтори дека Русија го гарантира животот и безбедноста на сите кои ќе се предадат.

Доколку некој од цивилното население е во „Азовстал“, бараме да се преземат сите мерки за негово ослободување и излегување низ отворените хуманитарни коридори. Раководството на Руската Федерација гарантира живот, целосна безбедност и обезбедување квалификувана медицинска помош на сите оние кои ќе го положат оружјето и ќе излезат од „Азовстал“ - порача генерал Мизинцев.

Тој нагласи дека руското раководство ќе обезбеди безбедна евакуација на сите цивили без исклучок и нивно движење во хуманитарните конвои во која било насока што ќе ја изберат.

Министерството за одбрана на Руската Федерација, претходно, соопшти дека руската армија го запрела огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето можат да ја напуштат фабриката „Азовстал“.

За таа цел беше воведен „режим на целосен молк“, односно прекинати се сите воени акции на руските вооружени сили и Доњецката Народна Република, по целиот периметар на „Азовстал“, а единиците беа повлечени на безбедно растојание - изјави генерал-полковник Мизинцев

The post Руските сили бараат Украинците да ги пуштат сите цивили од „Азовстал“, доколку ги има appeared first on Република.

]]>

Шефот на рускиот центар за национална одбранбена контрола, генерал полковник Михаил Мизинцев, истакна дека Русија бара на цивилите да им биде дозволено да ја напуштат фабриката „Азовстал“ во Мариупол, доколку таму навистина ги има. Пораката на Мизинцев доаѓа откако во последните ден-два, неколку официјални претставници на Киев изјавија дека, наводно, во „Азовстал“ имало голем број цивили. Мизинцев истакна дека смета оти ова е уште еден „информативен спин“ на Украинеците.
Сигурни сме дека ова е уште еден информативен спин, измислен исклучиво за спас на националистите - порача Мизинцев.
Тој повтори дека Русија го гарантира животот и безбедноста на сите кои ќе се предадат.
Доколку некој од цивилното население е во „Азовстал“, бараме да се преземат сите мерки за негово ослободување и излегување низ отворените хуманитарни коридори. Раководството на Руската Федерација гарантира живот, целосна безбедност и обезбедување квалификувана медицинска помош на сите оние кои ќе го положат оружјето и ќе излезат од „Азовстал“ - порача генерал Мизинцев.
Тој нагласи дека руското раководство ќе обезбеди безбедна евакуација на сите цивили без исклучок и нивно движење во хуманитарните конвои во која било насока што ќе ја изберат. Министерството за одбрана на Руската Федерација, претходно, соопшти дека руската армија го запрела огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето можат да ја напуштат фабриката „Азовстал“.
За таа цел беше воведен „режим на целосен молк“, односно прекинати се сите воени акции на руските вооружени сили и Доњецката Народна Република, по целиот периметар на „Азовстал“, а единиците беа повлечени на безбедно растојание - изјави генерал-полковник Мизинцев

The post Руските сили бараат Украинците да ги пуштат сите цивили од „Азовстал“, доколку ги има appeared first on Република.

]]>
Во подрум во зграда во Киев пронајдени шест цивили , меѓу кои едно дете https://republika.mk/vesti/svet/vo-podrum-vo-zgrada-vo-kiev-pronajdeni-shest-civili-megju-koi-edno-dete/ Tue, 12 Apr 2022 15:30:05 +0000 https://republika.mk/?p=487466

Пронајдени се телата на шест лица кои биле застрелани во подрум на зграда надвор од Киев, во местото Бровари, се вели во денешното соопштение на украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова.

„Нови ѕверства на руската армија се откриени во регионот на Киев: нападнат е конвој за евакуација на деца. Во подрум на куќата се пронајдени тела на шест застрелани цивили. Обвинителите веќе го оценуваат обемот на убиствата на цивили како злосторства против човештвото“, напиша на Твитер Венедиктова.

Таа објави фотографии од телата, меѓу кои има најмалку едно дете

The post Во подрум во зграда во Киев пронајдени шест цивили , меѓу кои едно дете appeared first on Република.

]]>

Пронајдени се телата на шест лица кои биле застрелани во подрум на зграда надвор од Киев, во местото Бровари, се вели во денешното соопштение на украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова. „Нови ѕверства на руската армија се откриени во регионот на Киев: нападнат е конвој за евакуација на деца. Во подрум на куќата се пронајдени тела на шест застрелани цивили. Обвинителите веќе го оценуваат обемот на убиствата на цивили како злосторства против човештвото“, напиша на Твитер Венедиктова. Таа објави фотографии од телата, меѓу кои има најмалку едно дете

The post Во подрум во зграда во Киев пронајдени шест цивили , меѓу кои едно дете appeared first on Република.

]]>
Тела на петмина мажи со врзани раце пронајдени во подрумот на детската болница во Буча https://republika.mk/vesti/svet/tela-na-petmina-mazi-so-vrzani-race-pronajdeni-vo-podrumot-na-detskata-bolnica-vo-bucha/ Tue, 05 Apr 2022 08:18:22 +0000 https://republika.mk/?p=483444

Во подрумот на детската болница во Буча, во близина на Киев, пронајдени се тела на петмина мажи со врзани раце, соопшти канцеларијата на укринската државна обвинителка Ирина Венедиктова.

„Невооружените цивили чии тела беа пронајдени од украинските редарски сили, биле претепани, а потоа убиени од вооружените сили на Руската Федерација“ – објави истиот извор на Телеграм.

Заедно со соопштението се објавени и фотографии од телата.

Од канцеларијата на обвинителката соопштија и дека е покрената истрага за утврдување на околностите за нивната смрт.

Западните земји вчера побараа истрага за „воените злосторства“ кои им се припишуваат на руските воници во околината на Киев. Москва сето тоа одлучно ги негира, а Украинаго нарече „геноцид“.

Десетици трупови во цивилна облека се пронајдени на почетокот од минатиот викенд во Була, северозападно од главниот град на Украина, на улиците и во заеднички масовни гробници, по повлекувањето на руските војницу. Откриени се уште стотина мртви во масовните гробници во подрачјето на Киев.

Руската војска последните денови го попушта обрачот околу Киев и на северниот дел, за да ја насочи својата воена офанзијава на истокот на Украина.

The post Тела на петмина мажи со врзани раце пронајдени во подрумот на детската болница во Буча appeared first on Република.

]]>

Во подрумот на детската болница во Буча, во близина на Киев, пронајдени се тела на петмина мажи со врзани раце, соопшти канцеларијата на укринската државна обвинителка Ирина Венедиктова.
„Невооружените цивили чии тела беа пронајдени од украинските редарски сили, биле претепани, а потоа убиени од вооружените сили на Руската Федерација“ – објави истиот извор на Телеграм. Заедно со соопштението се објавени и фотографии од телата. Од канцеларијата на обвинителката соопштија и дека е покрената истрага за утврдување на околностите за нивната смрт. Западните земји вчера побараа истрага за „воените злосторства“ кои им се припишуваат на руските воници во околината на Киев. Москва сето тоа одлучно ги негира, а Украинаго нарече „геноцид“. Десетици трупови во цивилна облека се пронајдени на почетокот од минатиот викенд во Була, северозападно од главниот град на Украина, на улиците и во заеднички масовни гробници, по повлекувањето на руските војницу. Откриени се уште стотина мртви во масовните гробници во подрачјето на Киев. Руската војска последните денови го попушта обрачот околу Киев и на северниот дел, за да ја насочи својата воена офанзијава на истокот на Украина.

The post Тела на петмина мажи со врзани раце пронајдени во подрумот на детската болница во Буча appeared first on Република.

]]>
Украина соопшти дека досега се убиени околу 400 цивили во околината на Киев https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-soopshti-deka-dosega-se-ubieni-okolu-400-civili-vo-okolinata-na-kiev/ Mon, 04 Apr 2022 08:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=482953

Телата на цивилите во регионот на Киев продолжуваат да се откриваат по заминувањето на руските сили, а досега се пронајдени најмалку 400, соопштија украинските власти, повикувајќи се на прелиминарни информации.

Напорите да се пронајдат локални жители се отежнати од мини, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирскиj.

„Разговарав со спасувачите. Тие направија патеки до некои куќи“, рече тој.

Во другите градови патиштата се минирани. Спасувачите велат дека сега се движат чекор по чекор и не го кажуваат бројот на загинати цивили. Оваа бројка очигледно ќе биде стотици. Многу локални жители се водат како исчезнати. Се утврдува колкумина Русите киднапирале или ги мачеле, вели тој.

Цитирајќи локации како Буча, Ирпин и Хостомел, советникот на Министерството за внатрешни работи, Вадим Денисенко, рече дека околу 400 цивили се пронајдени мртви во регионот на Киев, но доаде дека тие бројки се прелиминарни и ќе бидат ажурирани.

The post Украина соопшти дека досега се убиени околу 400 цивили во околината на Киев appeared first on Република.

]]>

Телата на цивилите во регионот на Киев продолжуваат да се откриваат по заминувањето на руските сили, а досега се пронајдени најмалку 400, соопштија украинските власти, повикувајќи се на прелиминарни информации. Напорите да се пронајдат локални жители се отежнати од мини, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирскиj. „Разговарав со спасувачите. Тие направија патеки до некои куќи“, рече тој.
Во другите градови патиштата се минирани. Спасувачите велат дека сега се движат чекор по чекор и не го кажуваат бројот на загинати цивили. Оваа бројка очигледно ќе биде стотици. Многу локални жители се водат како исчезнати. Се утврдува колкумина Русите киднапирале или ги мачеле, вели тој.
Цитирајќи локации како Буча, Ирпин и Хостомел, советникот на Министерството за внатрешни работи, Вадим Денисенко, рече дека околу 400 цивили се пронајдени мртви во регионот на Киев, но доаде дека тие бројки се прелиминарни и ќе бидат ажурирани.

The post Украина соопшти дека досега се убиени околу 400 цивили во околината на Киев appeared first on Република.

]]>
ОН: Во Украина убиени 1.276 цивили https://republika.mk/vesti/svet/on-vo-ukraina-ubieni-1-276-civili/ Sat, 02 Apr 2022 09:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=482253

Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХЦР).

ОХЦР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат потврда, се вели во документот на ОН.

Агенцијата при ОН наведува дека повеќето луѓе загинале од експлозивни направи, поточно гранатирање и ракетирање.

Меѓу нив има 260 мажи, 184 жени, 36 момчиња, 18 девојчиња, додека полот на 61 дете и 717 лица се уште не е познат.

Потврдено е и дека досега се ранети 1.981 цивил.

The post ОН: Во Украина убиени 1.276 цивили appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХЦР).
ОХЦР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат потврда, се вели во документот на ОН.
Агенцијата при ОН наведува дека повеќето луѓе загинале од експлозивни направи, поточно гранатирање и ракетирање. Меѓу нив има 260 мажи, 184 жени, 36 момчиња, 18 девојчиња, додека полот на 61 дете и 717 лица се уште не е познат. Потврдено е и дека досега се ранети 1.981 цивил.

The post ОН: Во Украина убиени 1.276 цивили appeared first on Република.

]]>
Кличко тврди дека во Киев загинале 264 цивили, меѓу нив има и деца https://republika.mk/vesti/svet/klichko-tvrdi-deka-vo-kiev-zaginale-264-civili-megju-niv-ima-i-deca/ Wed, 23 Mar 2022 16:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=477264

За време на руската инвазија врз Украина во главниот град Киев загинаа 264 цивили, меѓу кои и деца, изјави денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Тој истакна дека борбите се водат во Лиутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин.

Украина ја врати контролата врз западниот град Макариов, тврди киевскиот градоначалник.

Кличко разговараше со новинарите во Киев на отворено, додека зад него се слушаа експлозии и истрели.

The post Кличко тврди дека во Киев загинале 264 цивили, меѓу нив има и деца appeared first on Република.

]]>

За време на руската инвазија врз Украина во главниот град Киев загинаа 264 цивили, меѓу кои и деца, изјави денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Тој истакна дека борбите се водат во Лиутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин.
Украина ја врати контролата врз западниот град Макариов, тврди киевскиот градоначалник.
Кличко разговараше со новинарите во Киев на отворено, додека зад него се слушаа експлозии и истрели.

The post Кличко тврди дека во Киев загинале 264 цивили, меѓу нив има и деца appeared first on Република.

]]>
Во Украина се убиени 516 цивили https://republika.mk/vesti/svet/vo-ukraina-se-ubieni-516-civili/ Wed, 09 Mar 2022 20:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=470293

Канцеларијата за човекови права на ОН потврди дека најмалку 516 цивили загинале, а 908 се ранети во војната во Украина, која започна пред две недели.

Канцеларијата соопшти дека реалните бројки се „веројатно значително повисоки“.

Повеќето од жртвите загинале како резултат на гранатирање и воздушни напади, соопшти канцеларијата на ОН.

The post Во Украина се убиени 516 цивили appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата за човекови права на ОН потврди дека најмалку 516 цивили загинале, а 908 се ранети во војната во Украина, која започна пред две недели. Канцеларијата соопшти дека реалните бројки се „веројатно значително повисоки“. Повеќето од жртвите загинале како резултат на гранатирање и воздушни напади, соопшти канцеларијата на ОН.

The post Во Украина се убиени 516 цивили appeared first on Република.

]]>
ОН: Досега убиени 227 цивили во Украина https://republika.mk/vesti/svet/on-dosega-ubieni-227-civili-vo-ukraina/ Wed, 02 Mar 2022 21:33:10 +0000 https://republika.mk/?p=466688

Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека досега е потврдено оти во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени.

– Најголемиот број жртви се должат на употребата на експлозиви, гранатирања и тешка артилерија, но и како резултат на напади од повеќецевни ракетни фрлачи и воздушни напади, се наведува во соопштението на ОН од Женева.

ОН сметаат дека реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат со задоцнување од областите каде што се водат интензивни борби.

The post ОН: Досега убиени 227 цивили во Украина appeared first on Република.

]]>

Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека досега е потврдено оти во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени. – Најголемиот број жртви се должат на употребата на експлозиви, гранатирања и тешка артилерија, но и како резултат на напади од повеќецевни ракетни фрлачи и воздушни напади, се наведува во соопштението на ОН од Женева. ОН сметаат дека реалниот биланс е „значително поголем“, особено затоа што извештаите пристигнуваат со задоцнување од областите каде што се водат интензивни борби.

The post ОН: Досега убиени 227 цивили во Украина appeared first on Република.

]]>
ОН: Во Украина се загинати најмалку 64 цивили https://republika.mk/vesti/svet/on-vo-ukraina-se-zaginati-najmalku-64-civili/ Sun, 27 Feb 2022 10:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=464635

Aгенцијата за помош на ОН, соопшти дека најмалку 64 цивили агинале, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела.

Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати - се вели во статусниот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (U.N. Office for the Coordination of Humanitarian Affairs – OCHA).

Во извештајот се додава дека вистинските бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“.

Оштетувања на цивилната инфраструктура оставија стотици илјади луѓе без струја и вода. Стотици домови беа оштетени или уништени, додека мостови и патишта погодени од гранатирање оставија некои заедници отсечени од пазарите - се вели во извештајот.

Спореед УНХЦР, повеќе од 160.000 луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 116.000 биле принудени да избегаат во соседните земји.

The post ОН: Во Украина се загинати најмалку 64 цивили appeared first on Република.

]]>

Aгенцијата за помош на ОН, соопшти дека најмалку 64 цивили агинале, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела. Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати - се вели во статусниот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (U.N. Office for the Coordination of Humanitarian Affairs – OCHA).
Во извештајот се додава дека вистинските бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“.
Оштетувања на цивилната инфраструктура оставија стотици илјади луѓе без струја и вода. Стотици домови беа оштетени или уништени, додека мостови и патишта погодени од гранатирање оставија некои заедници отсечени од пазарите - се вели во извештајот.
Спореед УНХЦР, повеќе од 160.000 луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 116.000 биле принудени да избегаат во соседните земји.

The post ОН: Во Украина се загинати најмалку 64 цивили appeared first on Република.

]]>
Украина: Загинати најмалку 10 цивили https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-zaginati-najmalku-10-civili/ Thu, 24 Feb 2022 10:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=463010

Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби, изјави Арестович.

The post Украина: Загинати најмалку 10 цивили appeared first on Република.

Русија: Цел на нападите не се украинските градови и цивилите https://republika.mk/vesti/svet/rusija-cel-na-napadite-ne-se-ukrainskite-gradovi-i-civilite/ Thu, 24 Feb 2022 09:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=462964

Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите, пренесе новинската агенција РИА

Главниот штаб на украинската армија на Фејсбук објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но ситуацијата е „под контрола“.

Штабот додаде дека нема слетувања на руски војници во пристанишниот град Одеса.

Украина претходно соопшти дека најмалку осум лица загинале, а девет се ранети во руското гранатирање.

Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина во четвртокот изјави дека нивната главна цел е да ја вратат контролата во регионите Луганск и Доњецк каде се наоѓаат отцепените територии, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Операцијата за ослободување ќе заврши прилично наскоро“, вети таканаречениот лидер на Народна Република Доњецк, неколку часа откако Русија започна инвазија на Украина за да ја поддржи независноста на украинските региони Доњецк и Луганск под контрола на проруските бунтовници.

„Можам да кажам дека наскоро ќе заврши“, рече Денис Пушилин, истакнувајќи дека воениот потфат е во полна сила и дека сите градови и села во регионот „наскоро ќе бидат ослободени“.

Сепаратистите во Украина соопштија дека ги зазеле малите градови Луганск и Шчастија, додека властите во Киев потврдуваат дека проруските сили напреднале на територијата контролирана од владините сили.

The post Русија: Цел на нападите не се украинските градови и цивилите appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека нивните воздушни напади не биле насочени кон цивили и не претставуваат закана за цивилите, пренесе новинската агенција РИА Главниот штаб на украинската армија на Фејсбук објави дека руските воени сили ја гранатираат источна Украина, но ситуацијата е „под контрола“. Штабот додаде дека нема слетувања на руски војници во пристанишниот град Одеса. Украина претходно соопшти дека најмалку осум лица загинале, а девет се ранети во руското гранатирање. Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина во четвртокот изјави дека нивната главна цел е да ја вратат контролата во регионите Луганск и Доњецк каде се наоѓаат отцепените територии, пренесе новинската агенција Интерфакс.
Операцијата за ослободување ќе заврши прилично наскоро“, вети таканаречениот лидер на Народна Република Доњецк, неколку часа откако Русија започна инвазија на Украина за да ја поддржи независноста на украинските региони Доњецк и Луганск под контрола на проруските бунтовници. „Можам да кажам дека наскоро ќе заврши“, рече Денис Пушилин, истакнувајќи дека воениот потфат е во полна сила и дека сите градови и села во регионот „наскоро ќе бидат ослободени“.