Чарлс Archives - Република https://republika.mk/tema/charls/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 11:13:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чарлс Archives - Република https://republika.mk/tema/charls/ 32 32 Му го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува https://republika.mk/vesti/svet/mu-go-planiraat-pogrebot-zdravjeto-na-kralot-charls-se-vloshuva/ Fri, 26 Apr 2024 11:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=771371

Здравствената состојба на кралот Чарлс ги загрижи кралското семејство и неговите симпатизери, а 75-годишниот крал продолжува да се бори со еден вид рак за кој не се знае многу, објави Дејли бист.

„Зборував со пријателите на кралот за неговото здравје, а ‘Не е добро’ е нивниот најчест одговор“, објави во четвртокот Том Сајкс од Дејли Бист.

Имено, близок пријател на монархот тврдел дека Чарлс е „решен да го победи ракот“, додавајќи дека „сите се оптимисти, но нему навистина му е лошо“.

И британската кралска новинарка Тина Браун навести за здравствените проблеми на монархот, а неодамна напиша дека ракот на Чарлс ги ставил принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во страшна положба.

Имено, токму кога се надевале дека ќе можат да ги воспитуваат своите деца надвор од очите на јавноста, здравствените компликации на 75-годишниот крал им ги пореметиле плановите.

Сајкс објави и дека во моментов се разгледуваат плановите за погребот на кралот, со кодно име „Операција Менаи Бриџ“.

Дополнително, циркулира посебен документ кој наведува што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета и што би можело да се подобри следниот пат кога монархот ќе умре, пишува Пејџ сикс.

Сите извори нагласиле дека плановите за погреб на кралот „постојано се проверуваат и се ажурираат“, а еден поранешен вработен во Палатата призна дека здравствените проблеми на Чарлс ги ставиле неговите планови во поинаква перспектива.

– Плановите активно се ажурираат. Што да очекуваме со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак – рече тој и објасни дека многу очи се вперени во споменатите планови за погреб.

The post Му го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува appeared first on Република.

]]>

Здравствената состојба на кралот Чарлс ги загрижи кралското семејство и неговите симпатизери, а 75-годишниот крал продолжува да се бори со еден вид рак за кој не се знае многу, објави Дејли бист. „Зборував со пријателите на кралот за неговото здравје, а ‘Не е добро’ е нивниот најчест одговор“, објави во четвртокот Том Сајкс од Дејли Бист. Имено, близок пријател на монархот тврдел дека Чарлс е „решен да го победи ракот“, додавајќи дека „сите се оптимисти, но нему навистина му е лошо“. И британската кралска новинарка Тина Браун навести за здравствените проблеми на монархот, а неодамна напиша дека ракот на Чарлс ги ставил принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во страшна положба. Имено, токму кога се надевале дека ќе можат да ги воспитуваат своите деца надвор од очите на јавноста, здравствените компликации на 75-годишниот крал им ги пореметиле плановите. Сајкс објави и дека во моментов се разгледуваат плановите за погребот на кралот, со кодно име „Операција Менаи Бриџ“. Дополнително, циркулира посебен документ кој наведува што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета и што би можело да се подобри следниот пат кога монархот ќе умре, пишува Пејџ сикс. Сите извори нагласиле дека плановите за погреб на кралот „постојано се проверуваат и се ажурираат“, а еден поранешен вработен во Палатата призна дека здравствените проблеми на Чарлс ги ставиле неговите планови во поинаква перспектива. – Плановите активно се ажурираат. Што да очекуваме со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак – рече тој и објасни дека многу очи се вперени во споменатите планови за погреб.

The post Му го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс прв пат ќе ги отвори вратите на Балморал, билетите од 100 фунти распродадени за 24 часа https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kralot-charls-prv-pat-ke-gi-otvori-vratite-na-balmoral-biletite-od-100-funti-rasprodadeni-za-24-chasa/ Sat, 06 Apr 2024 12:14:53 +0000 https://republika.mk/?p=763043

Британскиот крал Чарлс летово ќе ги за посетители отвори вратите на замокот Балморал, а како што пренесуваат медиумите, сите билети по цена од 100 фунти биле распродадени за 24 часа, пренесува Си-ен-ен.

Посетите ќе бидат дозволени од 4 јули до 11 август, а ова лето, за прв пат по завршувањето на изградбата на замокот во 1856 година, на посетителите ќе им биде дозволен пристап до делови од кралскиот дом кои никогаш досега не биле отворени за јавноста.

Сместен на брегот на реката Ди во националниот парк Кернгормс, имотот Балморал е шкотска резиденција од 1852 година, кога принцот Алберт ја купил за својата сопруга, кралицата Викторија.

Ова лето за првпат за јавноста ќе биде отворено и источното крило на Бакингемската палата, кое го опфаќа познатиот централен балкон каде што членовите на кралското семејство се собираат за јавни настапи.

Делови од други кралски имоти како Виндзор, Сандрингам, Холирудхаус и Хајгроув и претходно беа достапни на јавноста за различни настани.

The post Кралот Чарлс прв пат ќе ги отвори вратите на Балморал, билетите од 100 фунти распродадени за 24 часа appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс летово ќе ги за посетители отвори вратите на замокот Балморал, а како што пренесуваат медиумите, сите билети по цена од 100 фунти биле распродадени за 24 часа, пренесува Си-ен-ен. Посетите ќе бидат дозволени од 4 јули до 11 август, а ова лето, за прв пат по завршувањето на изградбата на замокот во 1856 година, на посетителите ќе им биде дозволен пристап до делови од кралскиот дом кои никогаш досега не биле отворени за јавноста. Сместен на брегот на реката Ди во националниот парк Кернгормс, имотот Балморал е шкотска резиденција од 1852 година, кога принцот Алберт ја купил за својата сопруга, кралицата Викторија. Ова лето за првпат за јавноста ќе биде отворено и источното крило на Бакингемската палата, кое го опфаќа познатиот централен балкон каде што членовите на кралското семејство се собираат за јавни настапи. Делови од други кралски имоти како Виндзор, Сандрингам, Холирудхаус и Хајгроув и претходно беа достапни на јавноста за различни настани.

The post Кралот Чарлс прв пат ќе ги отвори вратите на Балморал, билетите од 100 фунти распродадени за 24 часа appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс се чувстува исклучително добро, вели кралицата Камила https://republika.mk/zivot/semejstvo/kralot-charls-se-chuvstuva-iskluchitelno-dobro-veli-kralitsata-kamila/ Thu, 08 Feb 2024 21:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=742001

Кралицата Камила вечерва и се обрати на публиката на музичката вечер во катедралата во Солсбери, велејќи дека кралот Чарлс се чувствува „исклучително добро“ и оти продолжува со лекувањето.

Тој многу добро се снаоѓа во овие околности. Тој е многу трогнат од сите писма и пораки испратени од јавноста од целиот свет, рече кралицата.

Лекувањето на кралот од рак почна на почетокот на оваа недела, а тој и кралицата се вратија во нивниот дом во Сандрингам во Норфолк во вторникот, откако се виде со синот Хари.

Војводата од Сасекс се врати кај своето семејство во Калифорнија откако наводно поминал околу 45 минути со својот татко.

Во меѓувреме, принцот од Велс за првпат се врати на кралските должности по операцијата на абдоменот на неговата сопруга Кејт, како и дијагнозата на кралот.

Пристигнувајќи на гала вечера за лондонската служба за брза помош во Лондон во центарот на Лондон синоќа вечер, принцот од Велс и мафна на толпата надвор и рече: „Навистина ги цениме љубезните пораки на сите, ви благодариме“.

Внатре тој одржа говор и повторно им се заблагодари на сите за „љубезните пораки“.

Кралот ги одложи сите јавни обврски, иако продолжува да работи на државните документи.

 

The post Кралот Чарлс се чувстува исклучително добро, вели кралицата Камила appeared first on Република.

]]>

Кралицата Камила вечерва и се обрати на публиката на музичката вечер во катедралата во Солсбери, велејќи дека кралот Чарлс се чувствува „исклучително добро“ и оти продолжува со лекувањето.
Тој многу добро се снаоѓа во овие околности. Тој е многу трогнат од сите писма и пораки испратени од јавноста од целиот свет, рече кралицата.
Лекувањето на кралот од рак почна на почетокот на оваа недела, а тој и кралицата се вратија во нивниот дом во Сандрингам во Норфолк во вторникот, откако се виде со синот Хари. Војводата од Сасекс се врати кај своето семејство во Калифорнија откако наводно поминал околу 45 минути со својот татко. Во меѓувреме, принцот од Велс за првпат се врати на кралските должности по операцијата на абдоменот на неговата сопруга Кејт, како и дијагнозата на кралот. Пристигнувајќи на гала вечера за лондонската служба за брза помош во Лондон во центарот на Лондон синоќа вечер, принцот од Велс и мафна на толпата надвор и рече: „Навистина ги цениме љубезните пораки на сите, ви благодариме“. Внатре тој одржа говор и повторно им се заблагодари на сите за „љубезните пораки“. Кралот ги одложи сите јавни обврски, иако продолжува да работи на државните документи.  

The post Кралот Чарлс се чувстува исклучително добро, вели кралицата Камила appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари итно пристигна во Лондон https://republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-hari-itno-pristigna-vo-london/ Tue, 06 Feb 2024 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=741108

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помлад син на кралот Чарлс III, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му бил дијагностициран рак.

Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот.

Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста.

Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон.

Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментно се наоѓа во Кларенс Хаус.

Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка, пишува „Телеграф“.

 

The post Принцот Хари итно пристигна во Лондон appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари, војводата од Сасекс, и помлад син на кралот Чарлс III, итно отпатува од Америка во Велика Британија за да биде со својот татко, кому му бил дијагностициран рак. Бакингемската палата вчера објави соопштение, во кое се наведува дека на кралот Чарлс му е дијагностициран рак, но не е прецизирано од кој вид рак боледува кралот. Според извори блиски до семејството, кралот Чарлс лично ги известил своите синови Вилијам и Хари дека е болен, како и својата сестра и браќата, пред светската јавност да дознае за болеста. Хари, кога дознал дека татко му е болен, итно организирал патување и синоќа полетал од Лос Анџелес, а денес пристигнал во Лондон. Тој наводно веднаш тргнал да го види својот татко, кој моментно се наоѓа во Кларенс Хаус. Хари пристигна сам во Лондон, а неговата сопруга Меган Маркл остана со нивните две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, во Америка, пишува „Телеграф“.  

The post Принцот Хари итно пристигна во Лондон appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс Трети се огласи по обвинувањата дека тој и Кејт Мидлтон се расисти https://republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-treti-se-oglasi-po-obvinuvanata-deka-toj-i-kejt-midlton-se-rasisti/ Thu, 30 Nov 2023 12:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=717992

Се крена голема прашина откако Пирс Морган ги прозва кралот Чарлс и Кејт Мидлтон поради коментарите за бојата на кожата на синот на принцот Хари и Меган Маркл, а потоа се огласи и британскиот крал.

Експертите од британското кралско семејство тврдеа дека кралот мора да биде бесен поради скандалот и дека гневот е неизбежен откако Мораган синоќа откри две имиња на кралското семејство и директно ги поврза со расизам.

Кралот Чарлс слета во Дубаи каде ќе го одржи воведниот говор на конференцијата за климатски промени COP28.

Кога нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу го прашал како е, монархот одговорил:

„Многу сум добро, така отприлика“, рече Чарлс Трети

Да потсетиме, холандската верзија на книгата „Крајна игра“ на Омид Скоби за британското кралско семејство беше повлечена од продажба откако наводно случајно откри како кралското семејство ја коментира бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи, а синоќа Пирс Морган одлучи да се прекине тишината.

The post Кралот Чарлс Трети се огласи по обвинувањата дека тој и Кејт Мидлтон се расисти appeared first on Република.

]]>

Се крена голема прашина откако Пирс Морган ги прозва кралот Чарлс и Кејт Мидлтон поради коментарите за бојата на кожата на синот на принцот Хари и Меган Маркл, а потоа се огласи и британскиот крал. Експертите од британското кралско семејство тврдеа дека кралот мора да биде бесен поради скандалот и дека гневот е неизбежен откако Мораган синоќа откри две имиња на кралското семејство и директно ги поврза со расизам. Кралот Чарлс слета во Дубаи каде ќе го одржи воведниот говор на конференцијата за климатски промени COP28. Кога нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу го прашал како е, монархот одговорил: „Многу сум добро, така отприлика“, рече Чарлс Трети Да потсетиме, холандската верзија на книгата „Крајна игра“ на Омид Скоби за британското кралско семејство беше повлечена од продажба откако наводно случајно откри како кралското семејство ја коментира бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи, а синоќа Пирс Морган одлучи да се прекине тишината.

The post Кралот Чарлс Трети се огласи по обвинувањата дека тој и Кејт Мидлтон се расисти appeared first on Република.

]]>
Нов скандал го тресе британското кралство: Кралот Чарлс е обвинет дека се збогатил на сметка на мртвите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-skandal-go-trese-britanskoto-kralstvo-kralot-charls-e-obvinet-deka-se-zbogatil-na-smetka-na-mrtvite/ Fri, 24 Nov 2023 09:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=715757

Имотот на илјадници луѓе во северозападна Англија благодарение на древниот обичај, стана дел од имотот на кралот.

Кралот профитира од смртта на илјадници луѓе во северозападниот дел на Англија, чии средства тајно се користат како дополнителен приход за комерцијалните средства на круната управувани од неговиот наследен имот, открива Гардијан.

Војводството Ланкастер, контроверзна земја и имот што му донесе огромни профити на кралот Чарлс III, собра десетици милиони фунти во последниве години според застарениот систем кој датира од феудално време.

Средствата познати како bona vacantia, во сопственост на луѓе кои умреле без тестамент или познати блиски роднини, ги собира војводството. Во последните 10 години, се собраче повеќе од 60 милиони фунти во средства. Долго време се расправаше дека, по одбивањето на трошоците, паричните средства се донираат во добротворни цели.

Сепак, само мал процент од овој приход се дава во добротворни цели. Внатрешните документи на војводството, до кои Гардијан имал пристап, откриваат како средствата тајно се користат за финансирање на реновирање на имотите што се во сопственост на кралот и се издаваат за комерцијални цели.

Наместо за добротворни цели, средствата биле користени за одржување на имотот на кралот

Војводствата во суштина ги наследуваат слободните средства од луѓе чија последна позната адреса била на територијата позната во средниот век како округот Палатин Ланкашир и управувана од војвода. Денес оваа област вклучува Ланкашир и делови од Мерсисајд, Голем Манчестер, Чешир и Камбрија.

Попустливата внатрешна политика на војводството во 2020 година им даде дозвола на службениците на кралскиот имот да користат доброволни средства за различни цели во портфолиото за остварување профит. Извештајот со кодно име „SA9“ признава дека трошењето пари на овој начин може да доведе до „случајна“ корист за личниот доход на кралот.

Имотите идентификувани во други документи како подобни за користење вклучуваат градски куќи, викендички, селски куќи, фарми, поранешна бензинска пумпа и штали, вклучително и онаа што се користи за одгледување фазани и еребици во Јоркшир.

Извршените работи вклучуваат нови покриви, двојни застаклени прозорци, нови котли и замена на врати и настрешници. Еден документ се однесува на реновирање на стара фарма во Јоркшир, која е претворена во луксузна станбена единица. Во друг проект, зграда на фарма беше претворена во канцеларии за изнајмување.

Директна заработка за кралот
Тројца извори запознаени со расходите на војводството потврдија дека имотот ги користел приходите собрани од мртвите граѓани за да го обнови своето портфолио на профитабилни имоти, со што донел значителни заштеди на имотот.

Пренасочувањето на така стекнатите средства донесе финансиски придобивки за имотот на кралот. Практиката помага да се направат имотите за изнајмување попрофитабилни, што индиректно му користи на кралот, кој добива десетици милиони профити на војводството секоја година - приход за кој Бакингемската палата вели дека е „приватен“. Претходно оваа година, во првата годишна исплата откако го наследи имотот од неговата мајка, Чарлс доби 26 милиони фунти од Војводството Ланкастер.

Гардијан идентификуваше десетици луѓе чии пари биле префрлени на кралскиот имот откако тие починале на места како што се Престон, Манчестер, Барнли, Блекбурн, Ливерпул, Улверстон и Олдам. Неколку од нив живееле во запуштени имоти или социјални станови кои биле во контраст со луксузните имоти на војводството кои биле реновирани со парите што ги оставиле зад себе.

Некои од нивните преживеани пријатели биле преплашени кога дознале дека нивниот имот се користи за реновирање на имотот на кралот, нарекувајќи ја оваа практика „одвратна“, „шокантна“ и „неморална“.

Бакингемската палата одби да ги коментира наводите.

Портпаролот на Војводството Ланкастер посочи дека, по смртта на неговата мајка, кралот го поддржал продолжувањето на политиката на користење на слободни пари за „реставрација и поправка на квалификуваните згради за да ги заштити и зачува за идните генерации“.

The post Нов скандал го тресе британското кралство: Кралот Чарлс е обвинет дека се збогатил на сметка на мртвите appeared first on Република.

]]>

Имотот на илјадници луѓе во северозападна Англија благодарение на древниот обичај, стана дел од имотот на кралот. Кралот профитира од смртта на илјадници луѓе во северозападниот дел на Англија, чии средства тајно се користат како дополнителен приход за комерцијалните средства на круната управувани од неговиот наследен имот, открива Гардијан. Војводството Ланкастер, контроверзна земја и имот што му донесе огромни профити на кралот Чарлс III, собра десетици милиони фунти во последниве години според застарениот систем кој датира од феудално време. Средствата познати како bona vacantia, во сопственост на луѓе кои умреле без тестамент или познати блиски роднини, ги собира војводството. Во последните 10 години, се собраче повеќе од 60 милиони фунти во средства. Долго време се расправаше дека, по одбивањето на трошоците, паричните средства се донираат во добротворни цели. Сепак, само мал процент од овој приход се дава во добротворни цели. Внатрешните документи на војводството, до кои Гардијан имал пристап, откриваат како средствата тајно се користат за финансирање на реновирање на имотите што се во сопственост на кралот и се издаваат за комерцијални цели. Наместо за добротворни цели, средствата биле користени за одржување на имотот на кралот Војводствата во суштина ги наследуваат слободните средства од луѓе чија последна позната адреса била на територијата позната во средниот век како округот Палатин Ланкашир и управувана од војвода. Денес оваа област вклучува Ланкашир и делови од Мерсисајд, Голем Манчестер, Чешир и Камбрија. Попустливата внатрешна политика на војводството во 2020 година им даде дозвола на службениците на кралскиот имот да користат доброволни средства за различни цели во портфолиото за остварување профит. Извештајот со кодно име „SA9“ признава дека трошењето пари на овој начин може да доведе до „случајна“ корист за личниот доход на кралот. Имотите идентификувани во други документи како подобни за користење вклучуваат градски куќи, викендички, селски куќи, фарми, поранешна бензинска пумпа и штали, вклучително и онаа што се користи за одгледување фазани и еребици во Јоркшир. Извршените работи вклучуваат нови покриви, двојни застаклени прозорци, нови котли и замена на врати и настрешници. Еден документ се однесува на реновирање на стара фарма во Јоркшир, која е претворена во луксузна станбена единица. Во друг проект, зграда на фарма беше претворена во канцеларии за изнајмување. Директна заработка за кралот Тројца извори запознаени со расходите на војводството потврдија дека имотот ги користел приходите собрани од мртвите граѓани за да го обнови своето портфолио на профитабилни имоти, со што донел значителни заштеди на имотот. Пренасочувањето на така стекнатите средства донесе финансиски придобивки за имотот на кралот. Практиката помага да се направат имотите за изнајмување попрофитабилни, што индиректно му користи на кралот, кој добива десетици милиони профити на војводството секоја година - приход за кој Бакингемската палата вели дека е „приватен“. Претходно оваа година, во првата годишна исплата откако го наследи имотот од неговата мајка, Чарлс доби 26 милиони фунти од Војводството Ланкастер. Гардијан идентификуваше десетици луѓе чии пари биле префрлени на кралскиот имот откако тие починале на места како што се Престон, Манчестер, Барнли, Блекбурн, Ливерпул, Улверстон и Олдам. Неколку од нив живееле во запуштени имоти или социјални станови кои биле во контраст со луксузните имоти на војводството кои биле реновирани со парите што ги оставиле зад себе. Некои од нивните преживеани пријатели биле преплашени кога дознале дека нивниот имот се користи за реновирање на имотот на кралот, нарекувајќи ја оваа практика „одвратна“, „шокантна“ и „неморална“. Бакингемската палата одби да ги коментира наводите. Портпаролот на Војводството Ланкастер посочи дека, по смртта на неговата мајка, кралот го поддржал продолжувањето на политиката на користење на слободни пари за „реставрација и поправка на квалификуваните згради за да ги заштити и зачува за идните генерации“.

The post Нов скандал го тресе британското кралство: Кралот Чарлс е обвинет дека се збогатил на сметка на мртвите appeared first on Република.

]]>
Зошто Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75. роденден? https://republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-den-porano-go-proslavi-75-rodenden/ Tue, 14 Nov 2023 15:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=701284

Британскиот крал Чарлс Трети ден пoрaно го прослави својот 75. роденден, со торта на три ката и забава одржана во негова чест.

Свеченоста се одржа вчера на кралскиот имот во Хајгроув, во jугозападна Англија. На прославата присуствуваа претставници на Националната здравствена служба, како и други организации и на околните општини. Хор ја изведе песната „Среќен роденден“ за шефот на државата.

Неговиот син, принцот Хари, кој живее во САД, не е во Лондон, но ќе оствари прекуокеански „трансатлантски“ телефонски повик со татко сѝ, јави „Би-би-си“.

Трпезата за забавата беше дело на готварскиот виртуоз Рејмонд Бланк, а расположението го одржуваа настапите на Ли Џон од составот „Имаџинејшн“ од 1980-тите.

На крајот кралот требаше да ја пресече роденденската торта, па присутните почнаа „дебата“ за тоа - од кој кат од тортата да се почне? Кралот го избра долниот слој - пандишпанот „Викторија“, направен во негова чест, а публиката „го бодреше“...

Кралот Чарлс е роден на 14 ноември 1948 година. Денеска ќе биде нормален работен ден за монархот.

The post Зошто Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75. роденден? appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс Трети ден пoрaно го прослави својот 75. роденден, со торта на три ката и забава одржана во негова чест. Свеченоста се одржа вчера на кралскиот имот во Хајгроув, во jугозападна Англија. На прославата присуствуваа претставници на Националната здравствена служба, како и други организации и на околните општини. Хор ја изведе песната „Среќен роденден“ за шефот на државата. Неговиот син, принцот Хари, кој живее во САД, не е во Лондон, но ќе оствари прекуокеански „трансатлантски“ телефонски повик со татко сѝ, јави „Би-би-си“. Трпезата за забавата беше дело на готварскиот виртуоз Рејмонд Бланк, а расположението го одржуваа настапите на Ли Џон од составот „Имаџинејшн“ од 1980-тите. На крајот кралот требаше да ја пресече роденденската торта, па присутните почнаа „дебата“ за тоа - од кој кат од тортата да се почне? Кралот го избра долниот слој - пандишпанот „Викторија“, направен во негова чест, а публиката „го бодреше“... Кралот Чарлс е роден на 14 ноември 1948 година. Денеска ќе биде нормален работен ден за монархот.

The post Зошто Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75. роденден? appeared first on Република.

]]>
Во своето прво обраќање во британскиот Парламент, кралот Чарлс ги поддржа Украина, Израел и НАТО https://republika.mk/vesti/svet/vo-svoeto-prvo-obrakane-vo-britanskiot-parlament-kralot-charls-gi-poddrzha-ukraina-izrael-i-nato/ Tue, 07 Nov 2023 13:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=699211

Британскиот крал Чарлс денеска, во своето прво обраќање во британскиот Парламент по неговото стапување на тронот, изјави дека Лондон ќе ја поддржи Украина, ќе работи на зајакнување на НАТО, но и дека одговорните „ќе ги сносат последиците од варварскиот тероризам против народот на Израел“.

Кралот, кој служеше и во Кралската морнарица и во воздухопловните сили, и оддаде почит на својата мајка Елизабета за нејзината служба и посветеност на нацијата, објави Би-Би-Си.

„Моите министри ќе соработуваат тесно со меѓународните партнери за да ја поддржат Украина, да гo зајакнат НАТО сојузот и да ги решат најтешките безбедносни прашања. Во ова влегуваат и последиците од варварските терористички акти извршени врз израелскиот народ, потоа, обезбедувањето хуманитарна помош за Газа и поддршка и стабилност на Блискиот исток“, порача британскиот крал Чарлс

The post Во своето прво обраќање во британскиот Парламент, кралот Чарлс ги поддржа Украина, Израел и НАТО appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс денеска, во своето прво обраќање во британскиот Парламент по неговото стапување на тронот, изјави дека Лондон ќе ја поддржи Украина, ќе работи на зајакнување на НАТО, но и дека одговорните „ќе ги сносат последиците од варварскиот тероризам против народот на Израел“. Кралот, кој служеше и во Кралската морнарица и во воздухопловните сили, и оддаде почит на својата мајка Елизабета за нејзината служба и посветеност на нацијата, објави Би-Би-Си.
„Моите министри ќе соработуваат тесно со меѓународните партнери за да ја поддржат Украина, да гo зајакнат НАТО сојузот и да ги решат најтешките безбедносни прашања. Во ова влегуваат и последиците од варварските терористички акти извршени врз израелскиот народ, потоа, обезбедувањето хуманитарна помош за Газа и поддршка и стабилност на Блискиот исток“, порача британскиот крал Чарлс

The post Во своето прво обраќање во британскиот Парламент, кралот Чарлс ги поддржа Украина, Израел и НАТО appeared first on Република.

]]>
Тензиите не се смируваат: Хари е поканет на роденденската прослава на Чарлс, но не сака да дојде… https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tenziite-ne-se-smiruvaat-hari-e-pokanet-na-rodendenskata-proslava-na-charls-no-ne-saka-da-dojde/ Tue, 07 Nov 2023 10:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=699101

Прославата на 75-тиот роденден на кралот Чарлс Трети се ближи, поточно на 14 ноември, а на неа нема да присуствува неговиот помал син, принцот Хари (39).

Иако избеганиот војвода од Сасекс добил покана за прославата, според извори за Дејли Мејл, доаѓањето во Лондон не му паѓа на памет.

Duesseldorf: Princ Harry stigao na otvaranje natjecanja Invictus Games

Наводно, односите меѓу него и неговиот татко воопшто не се подобриле, па не се виделе ниту кога принцот бил во британската престолнина на почетокот на септември за да и оддаде почит на неговата покојна баба, кралицата Елизабета Втора на првата годишнина од нејзината смрт.

Тогаш Чарлс беше со Камила во шкотската резиденција во Балморал, каде што почина кралицата, и тој го покани да му се придружи, но тој одби и се поклони на својата баба на нејзиниот гроб во капелата во Бакингемската палата.

Раздорот во кралското семејство започна кога Хари и Меган решија да ги напуштат службените обврски во кралското семејство и да се преселат во Америка.

Тие додадоа масло на огнот со интервјуто што и го дадоа на Опра Винфри, а мемоарите на Хари, само го разгореа огнот.

Очигледно, Чарлс бил навреден и од тоа како неговиот син ја опишал неговата сакана Камила, тврдејќи дека денешната британска кралица е пресметана придружничка и дека таа е таа која на медиумите им открила многу кралски тајни за него и неговиот брат Вилијам.

The post Тензиите не се смируваат: Хари е поканет на роденденската прослава на Чарлс, но не сака да дојде… appeared first on Република.

]]>

Прославата на 75-тиот роденден на кралот Чарлс Трети се ближи, поточно на 14 ноември, а на неа нема да присуствува неговиот помал син, принцот Хари (39). Иако избеганиот војвода од Сасекс добил покана за прославата, според извори за Дејли Мејл, доаѓањето во Лондон не му паѓа на памет. Duesseldorf: Princ Harry stigao na otvaranje natjecanja Invictus Games Наводно, односите меѓу него и неговиот татко воопшто не се подобриле, па не се виделе ниту кога принцот бил во британската престолнина на почетокот на септември за да и оддаде почит на неговата покојна баба, кралицата Елизабета Втора на првата годишнина од нејзината смрт. Тогаш Чарлс беше со Камила во шкотската резиденција во Балморал, каде што почина кралицата, и тој го покани да му се придружи, но тој одби и се поклони на својата баба на нејзиниот гроб во капелата во Бакингемската палата. Раздорот во кралското семејство започна кога Хари и Меган решија да ги напуштат службените обврски во кралското семејство и да се преселат во Америка. Тие додадоа масло на огнот со интервјуто што и го дадоа на Опра Винфри, а мемоарите на Хари, само го разгореа огнот. Очигледно, Чарлс бил навреден и од тоа како неговиот син ја опишал неговата сакана Камила, тврдејќи дека денешната британска кралица е пресметана придружничка и дека таа е таа која на медиумите им открила многу кралски тајни за него и неговиот брат Вилијам.

The post Тензиите не се смируваат: Хари е поканет на роденденската прослава на Чарлс, но не сака да дојде… appeared first on Република.

]]>
Шкотска со голема процесија ќе го одбележи крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила https://republika.mk/vesti/svet/shkotska-so-golema-protsesija-ke-go-odbelezhi-krunisuvaneto-na-kralot-charls-i-kralitsata-kamila/ Wed, 05 Jul 2023 07:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=658208

Шкотска денеска со голема поворка, парада и служба на благодарност ќе го одбележи крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга Камила.

Народната поворка, која вклучува околу 100 луѓе кои ги претставуваат различните аспекти на шкотскиот живот и Кралската поворка, во која учествуваат стотици вработени, ќе се одржи по должината на Кралската милја во Единбург, главниот центар на стариот град.

На службата за благодарност во градската катедрала Св. Џајлс, на Чарлс ќе му бидат врачени почестите на Шкотска - накит на шкотската круна, вклучувајќи го и новиот меч на Елизабета, именуван по неговата мајка и направен да го замени оној што папата Јулиј го дал на шкотскиот крал Јаков IV во 1507 година.

Почестите на Шкотска имаат огромно историско значење бидејќи беа присутни на многу големи свечени настани во изминатите 500 години, рече шкотскиот премиер Хумза Јусаф.

Каменот на судбината, историски симбол на шкотската монархија и државност, ќе биде преместен во катедралата за службата, за која кралот нарачал пет нови музички дела.

На Чарлс ќе му се придружат неговиот најстар син и наследник принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Пукања од 21 топ ќе одекнат во замокот Единург, додека поворката ќе се враќа до Палатата Холирудхаус.

Во меѓувреме, ќе има републикански протести на Кралската милја.

Оваа бесмислена парада на суета во Единбург ќе ги чини шкотските даночни обврзници милиони фунти, и за што? Така Чарлс може повторно да биде во центарот на вниманието на еден ден, рече Греам Смит, шеф на антимонархиската група Република, кој беше уапсен за време на крунисувањето во мај.

Чарлс и Камила беа крунисани во мај во лондонската Вестминстерска опатија, пред околу 100 светски лидери, на најголемиот британски свечен настан во последните седум децении.

Чарлс (74) ја наследи својата мајка како крал на Обединетото Кралство и на 14 други територии кога кралицата Елизабета почина во септември

The post Шкотска со голема процесија ќе го одбележи крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила appeared first on Република.

]]>

Шкотска денеска со голема поворка, парада и служба на благодарност ќе го одбележи крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга Камила. Народната поворка, која вклучува околу 100 луѓе кои ги претставуваат различните аспекти на шкотскиот живот и Кралската поворка, во која учествуваат стотици вработени, ќе се одржи по должината на Кралската милја во Единбург, главниот центар на стариот град. На службата за благодарност во градската катедрала Св. Џајлс, на Чарлс ќе му бидат врачени почестите на Шкотска - накит на шкотската круна, вклучувајќи го и новиот меч на Елизабета, именуван по неговата мајка и направен да го замени оној што папата Јулиј го дал на шкотскиот крал Јаков IV во 1507 година.
Почестите на Шкотска имаат огромно историско значење бидејќи беа присутни на многу големи свечени настани во изминатите 500 години, рече шкотскиот премиер Хумза Јусаф.
Каменот на судбината, историски симбол на шкотската монархија и државност, ќе биде преместен во катедралата за службата, за која кралот нарачал пет нови музички дела. На Чарлс ќе му се придружат неговиот најстар син и наследник принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Пукања од 21 топ ќе одекнат во замокот Единург, додека поворката ќе се враќа до Палатата Холирудхаус. Во меѓувреме, ќе има републикански протести на Кралската милја.
Оваа бесмислена парада на суета во Единбург ќе ги чини шкотските даночни обврзници милиони фунти, и за што? Така Чарлс може повторно да биде во центарот на вниманието на еден ден, рече Греам Смит, шеф на антимонархиската група Република, кој беше уапсен за време на крунисувањето во мај.
Чарлс и Камила беа крунисани во мај во лондонската Вестминстерска опатија, пред околу 100 светски лидери, на најголемиот британски свечен настан во последните седум децении. Чарлс (74) ја наследи својата мајка како крал на Обединетото Кралство и на 14 други територии кога кралицата Елизабета почина во септември

The post Шкотска со голема процесија ќе го одбележи крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила appeared first on Република.

]]>
Признание за Ана Винтур од Британскиот крал Чарлс за заслуги во модната индустрија https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/priznanie-za-ana-vintur-od-britanskiot-kral-charls-za-zaslugi-vo-modnata-industrija/ Mon, 19 Jun 2023 09:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=653031

Британскиот крал Чарлс им оддаде признание на модната дизајнерка Рокснада Илинчиќ и новинарката Ана Винтур за нивните заслуги во модната индустрија.

Како што пренесува порталот Women Wears Daily, по повод својот прв официјален роденден, кралот им оддал почит и на други јавни личности од светот на уметноста, меѓу кои и поетите Мартин Амис, Иан Мекјуан и Бен Окри.

The post Признание за Ана Винтур од Британскиот крал Чарлс за заслуги во модната индустрија appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс им оддаде признание на модната дизајнерка Рокснада Илинчиќ и новинарката Ана Винтур за нивните заслуги во модната индустрија. Како што пренесува порталот Women Wears Daily, по повод својот прв официјален роденден, кралот им оддал почит и на други јавни личности од светот на уметноста, меѓу кои и поетите Мартин Амис, Иан Мекјуан и Бен Окри.

The post Признание за Ана Винтур од Британскиот крал Чарлс за заслуги во модната индустрија appeared first on Република.

]]>
Крунисан британскиот крал Чарлс Трети https://republika.mk/vesti/svet/krunisan-britanskiot-kral-charls-treti/ Sat, 06 May 2023 11:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=637660

Британскиот крал Чарлс Tрети беше крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија со круната на Свети Едвард ставена на главата, моментот обележан со плотуни низ Обединетото Кралство.

Чинот на крунисувањето се одржа на половина од двочасовната церемонија предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.

Пред тоа, Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе ги почитува законите и Англиската црква за време на неговото владеење и дека е „верен протестант“.

По седнувањето на историскиот крунисувачки престол, на кралот му бил врачен кралскиот меч за да ги заштити правдата, Црквата и народот, а доби и други кралски обележја, како што се жезло, палка, златно јаболко, ракавици и прстен.

Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица.

The post Крунисан британскиот крал Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс Tрети беше крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија со круната на Свети Едвард ставена на главата, моментот обележан со плотуни низ Обединетото Кралство. Чинот на крунисувањето се одржа на половина од двочасовната церемонија предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби. Пред тоа, Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе ги почитува законите и Англиската црква за време на неговото владеење и дека е „верен протестант“. По седнувањето на историскиот крунисувачки престол, на кралот му бил врачен кралскиот меч за да ги заштити правдата, Црквата и народот, а доби и други кралски обележја, како што се жезло, палка, златно јаболко, ракавици и прстен. Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица.

The post Крунисан британскиот крал Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>
Меган Маркл му испратила писмо на кралот Чарлс поради расизам во кралското семејство https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/megan-markl-mu-ispratila-pismo-na-kralot-charls-poradi-rasizam-vo-kralskoto-semejstvo/ Sun, 23 Apr 2023 11:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=633223

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, му напишала писмо на британскиот крал Чарлс Трети поради „расизмот“ и малтретирањето во кралското семејство, објави „Телеграф“.

Британскиот весник наведува дека војвотката од Сасекс испратила писма до кралот Чарлс по интервјуто со Опра Винфри. Меган во интервју во 2021 година тврдеше дека имало „загриженост и разговори“ во кралското семејство за тоа колку темна може да биде кожата на нејзиниот син кога ќе се роди.

Винфри потоа праша дали би било проблем ако нејзиниот син е „премногу кафеав“, на што Меган одговори:

Ако тоа е твојата претпоставка, сосема е сигурно“.

По тврдењата, Меган наводно добила писмо од тогашниот принц од Велс во кое тој ја изразил својата тага поради разделбата. Кралот исто така рекол дека е разочаран што Хари и Меган чувствуваат потреба да упатуваат такви гласни и штетни обвинувања, објави „Сан“.

Чарлс, наводно, бил единствениот постар член од семејството кој стапил во контакт со војвотката по тоа интервју. Се смета дека Меган (41) му возвратила на Чарлс, велејќи дека никогаш немала намера да го обвини постариот член на семејството во нејзиното писмо како расист. Но, и покрај таа кореспонденција, Меган чувствува дека не добила задоволителен одговор на нејзината загриженост, вели извор за „Телеграф“.

Принцот Хари на 6 мај ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс трети, но без Меган и нивните две деца, Арчи, кој наполни четири години на денот на крунисувањето на неговиот дедо и Лилибет, која има 22 месеци.

The post Меган Маркл му испратила писмо на кралот Чарлс поради расизам во кралското семејство appeared first on Република.

]]>

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, му напишала писмо на британскиот крал Чарлс Трети поради „расизмот“ и малтретирањето во кралското семејство, објави „Телеграф“. Британскиот весник наведува дека војвотката од Сасекс испратила писма до кралот Чарлс по интервјуто со Опра Винфри. Меган во интервју во 2021 година тврдеше дека имало „загриженост и разговори“ во кралското семејство за тоа колку темна може да биде кожата на нејзиниот син кога ќе се роди. Винфри потоа праша дали би било проблем ако нејзиниот син е „премногу кафеав“, на што Меган одговори:
Ако тоа е твојата претпоставка, сосема е сигурно“.
По тврдењата, Меган наводно добила писмо од тогашниот принц од Велс во кое тој ја изразил својата тага поради разделбата. Кралот исто така рекол дека е разочаран што Хари и Меган чувствуваат потреба да упатуваат такви гласни и штетни обвинувања, објави „Сан“. Чарлс, наводно, бил единствениот постар член од семејството кој стапил во контакт со војвотката по тоа интервју. Се смета дека Меган (41) му возвратила на Чарлс, велејќи дека никогаш немала намера да го обвини постариот член на семејството во нејзиното писмо како расист. Но, и покрај таа кореспонденција, Меган чувствува дека не добила задоволителен одговор на нејзината загриженост, вели извор за „Телеграф“. Принцот Хари на 6 мај ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс трети, но без Меган и нивните две деца, Арчи, кој наполни четири години на денот на крунисувањето на неговиот дедо и Лилибет, која има 22 месеци.

The post Меган Маркл му испратила писмо на кралот Чарлс поради расизам во кралското семејство appeared first on Република.

]]>
Крунисувањето на британскиот крал ќе се одржи со најголемата воена церемонија во последните 70 години https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/krunisuvaneto-na-britanskiot-kral-ke-se-odrzhi-so-najgolemata-voena-tseremonija-vo-poslednite-70-godini/ Sun, 16 Apr 2023 11:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=631208

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ќе биде придружувано од најголемата воена церемонија во последните 70 години, со повеќе од 6 000 мажи и жени од вооружените сили кои ќе учествуваат на историскиот кралски настан.

Морнари, војници и воздухопловци од Велика Британија и Комонвелтот, сојуз на земји претежно составени од британски колонии, ќе ги придружуваат Чарлс и Камила до Вестминстерската опатија во Лондон, каде што ќе се одржи крунисувањето на 6 мај.

Подоцна, истиот ден, повеќе од 60 авиони на британската морнарица, армија и воздухопловни сили ќе летаат над трговскиот центар во центарот на Лондон шест минути.

Ќе се слушаат почесни пукотници за да се одбележи моментот на крунисувањето на кралот низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст.

Распоредените бродови на морнарицата и повеќе од 400 луѓе на 13 локации ќе испукаат 21 истрел, додека 62 истрели ќе бидат испукани во лондонската кула, а шест топови ќе бидат испукани на Парадата на гардата на коњите.

Во одбележувањето на историскиот момент ќе учествуваат и речиси 400 припадници на вооружените сили од најмалку 35 земји-членки на Комонвелтот.

The post Крунисувањето на британскиот крал ќе се одржи со најголемата воена церемонија во последните 70 години appeared first on Република.

]]>

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила ќе биде придружувано од најголемата воена церемонија во последните 70 години, со повеќе од 6 000 мажи и жени од вооружените сили кои ќе учествуваат на историскиот кралски настан. Морнари, војници и воздухопловци од Велика Британија и Комонвелтот, сојуз на земји претежно составени од британски колонии, ќе ги придружуваат Чарлс и Камила до Вестминстерската опатија во Лондон, каде што ќе се одржи крунисувањето на 6 мај. Подоцна, истиот ден, повеќе од 60 авиони на британската морнарица, армија и воздухопловни сили ќе летаат над трговскиот центар во центарот на Лондон шест минути. Ќе се слушаат почесни пукотници за да се одбележи моментот на крунисувањето на кралот низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст. Распоредените бродови на морнарицата и повеќе од 400 луѓе на 13 локации ќе испукаат 21 истрел, додека 62 истрели ќе бидат испукани во лондонската кула, а шест топови ќе бидат испукани на Парадата на гардата на коњите. Во одбележувањето на историскиот момент ќе учествуваат и речиси 400 припадници на вооружените сили од најмалку 35 земји-членки на Комонвелтот.

The post Крунисувањето на британскиот крал ќе се одржи со најголемата воена церемонија во последните 70 години appeared first on Република.

]]>
Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД https://republika.mk/zivot/semejstvo/printsot-hari-ke-dojde-na-krunisuvaneto-na-negoviot-tatko-megan-ke-gi-chuva-detsata-vo-sad/ Thu, 13 Apr 2023 12:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=630590

Вчера официјално беше објавено дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, додека Меган Маркл ќе остане во Калифорнија.

До „Daily Mail“ пристигнала информација дека преговорите биле тешки и долги, и дека Бакингемската палата најавила дека војводата од Сасекс сепак сам ќе присуствува на крунисувањето.

Од друга страна војвотката од Сасекс ќе остане дома со принцот Арчи и принцезата Лилибет.

Сепак, иако на сите им изгледа дека Хари и Меган се условени на ова, од дворот пристигнува информација дека ова е своевидно „маслиново гранче“ кое претходни на смирување на семејството.

 

The post Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД appeared first on Република.

]]>

Вчера официјално беше објавено дека принцот Хари сам ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс, додека Меган Маркл ќе остане во Калифорнија. До „Daily Mail“ пристигнала информација дека преговорите биле тешки и долги, и дека Бакингемската палата најавила дека војводата од Сасекс сепак сам ќе присуствува на крунисувањето. Од друга страна војвотката од Сасекс ќе остане дома со принцот Арчи и принцезата Лилибет. Сепак, иако на сите им изгледа дека Хари и Меган се условени на ова, од дворот пристигнува информација дека ова е своевидно „маслиново гранче“ кое претходни на смирување на семејството.  

The post Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на неговиот татко, Меган ќе ги чува децата во САД appeared first on Република.

]]>
Хари пристигна во Лондон неколку недели пред крунисувањето на Чарлс https://republika.mk/zivot/hari-pristigna-vo-london-nekolku-nedeli-pred-krunisuvaneto-na-charls/ Tue, 28 Mar 2023 08:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=624533

Војводата од Сасекс пристигна во Високиот суд во Лондон, бидејќи вчера (понеделник) започна четиридневното рочиште за случајот околу заштита на приватноста против издавачот на „Дејли Меил“.

Само неколку часа пред тоа, се појавија фотографии од принцот Хари како патува во авион кон Лондон, и изгледа релаксирано облечен во поло маичка и носејќи бејзбол капа со натпис „ Coop Hair, Don’t Care“.

Ова е неговото прво доаѓање во Британија откако неговата баба, кралицата Елизабета, беше погребана минатиот септември.

Ова негово патување е на само шест недели пред да биде крунисан неговиот татко. Курнисувањето ќе се оддржи на 6-ти Мај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revista Clase (@revistaclase)

The post Хари пристигна во Лондон неколку недели пред крунисувањето на Чарлс appeared first on Република.

]]>

Војводата од Сасекс пристигна во Високиот суд во Лондон, бидејќи вчера (понеделник) започна четиридневното рочиште за случајот околу заштита на приватноста против издавачот на „Дејли Меил“. Само неколку часа пред тоа, се појавија фотографии од принцот Хари како патува во авион кон Лондон, и изгледа релаксирано облечен во поло маичка и носејќи бејзбол капа со натпис „ Coop Hair, Don’t Care“. Ова е неговото прво доаѓање во Британија откако неговата баба, кралицата Елизабета, беше погребана минатиот септември. Ова негово патување е на само шест недели пред да биде крунисан неговиот татко. Курнисувањето ќе се оддржи на 6-ти Мај.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Revista Clase (@revistaclase)

The post Хари пристигна во Лондон неколку недели пред крунисувањето на Чарлс appeared first on Република.

]]>
Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! https://republika.mk/scena/muzika/charls-iii-gi-pokanil-adel-i-ed-shiran-na-krunisuvaneto-tie-odbile-toj-den-sme-zafateni/ Mon, 20 Feb 2023 08:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=610877

На 6 мај ќе се одржи важна британска церемонија, крунисувањето на Кралот Чарлс Трети а во врска со протоколот веќе се објавени многу информации. Сепак, списокот на музичари се уште не е финализиран, a некои не ја прифатија поканата за оваа голема чест.

На програмата ќе учествуваат многу клучни британски музичари, но не и Адел и Ед Ширан. Имено, иако тие добиле покани да пеат на концертот во чест на новиот крал, сепак тие не ја прифатиле поканата, пишува Daily Mail.

Тие се извиниле што се зафатени и што не можеле да настапат на таа голема церемонија тој ден.

Tимот што се грижи за музиката им испрати покана, но тие рекоа дека не се во можност, што е големо разочарување. Тие се суштински членови на шоубиз индустријата и се суштински Британци, но и познати низ целиот свет. Штета што не можат да настапат – изјавил изворот за медиумите.

Сепак, тој ден засега не им е резервиран. Ед Ширан има концерт ден пред тој концерт, додека Адел нема ништо што е јавно.

Ако Ед Ширан има концерт во Тексас, на 6 мај, би можел да лета за Лондон со приватен авион, велат неговите обожаватели. Адел има концерти во Лас Вегас, но тие траат до 25 март.

Не е познато ниту дали Хари Стајлс добил покана, но британските таблоиди наведуваат дека и Чарлс би сакал да го види и слушне на тој концерт.

Во меѓувреме, на концерото по повод крунисувањето на британскиот крал се согласиле да пеат Лајонел Ричи и Спајс Грлс. На концертот ќе можат да учествуваат и граѓани, ѐ ќе бидат продадени неколку илјади билети.

The post Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! appeared first on Република.

]]>

На 6 мај ќе се одржи важна британска церемонија, крунисувањето на Кралот Чарлс Трети а во врска со протоколот веќе се објавени многу информации. Сепак, списокот на музичари се уште не е финализиран, a некои не ја прифатија поканата за оваа голема чест. На програмата ќе учествуваат многу клучни британски музичари, но не и Адел и Ед Ширан. Имено, иако тие добиле покани да пеат на концертот во чест на новиот крал, сепак тие не ја прифатиле поканата, пишува Daily Mail. Тие се извиниле што се зафатени и што не можеле да настапат на таа голема церемонија тој ден. Tимот што се грижи за музиката им испрати покана, но тие рекоа дека не се во можност, што е големо разочарување. Тие се суштински членови на шоубиз индустријата и се суштински Британци, но и познати низ целиот свет. Штета што не можат да настапат – изјавил изворот за медиумите. Сепак, тој ден засега не им е резервиран. Ед Ширан има концерт ден пред тој концерт, додека Адел нема ништо што е јавно. Ако Ед Ширан има концерт во Тексас, на 6 мај, би можел да лета за Лондон со приватен авион, велат неговите обожаватели. Адел има концерти во Лас Вегас, но тие траат до 25 март. Не е познато ниту дали Хари Стајлс добил покана, но британските таблоиди наведуваат дека и Чарлс би сакал да го види и слушне на тој концерт. Во меѓувреме, на концерото по повод крунисувањето на британскиот крал се согласиле да пеат Лајонел Ричи и Спајс Грлс. На концертот ќе можат да учествуваат и граѓани, ѐ ќе бидат продадени неколку илјади билети.

The post Чарлс III ги поканил Адел и Ед Ширан на крунисувањето, тие одбиле: Тој ден сме зафатени! appeared first on Република.

]]>
Кога Чарлс Трети ќе биде крунисан за крал, Британците нема да работат https://republika.mk/vesti/svet/koga-charls-treti-kje-bide-krunisan-za-kral-britancite-nema-da-rabotat/ Sun, 06 Nov 2022 16:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=570433

Празникот ќе биде во понеделник, 8 мај, два дена по церемонијата организирана во Вестминстерската опатија на 6 мај, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

„Крунисувањето на новиот монарх е посебен момент за нашата земја“, рече премиерот Риши Сунак во соопштението. Премиерот, исто така, вели дека се надева оти луѓето ќе му оддадат почит на кралот Чарлс Трети и ќе учествуваат на локални и национални настани низ целата земја.

Крунисувањето на Елизабета Втора на 2 јуни 1953 година исто така беше неработен ден., како и 19 септември 2022 година кога се одржа погребот на кралицата.

Бакингемската палата најави церемонија која гледа напред, додека ја одржува врската со долгата традиција и раскошот на монархијата.

Според британскиот печат, во согласност со желбата на кралот Чарлс Трети за поштедлива монархија, крунисувањето ќе биде пократко и поштедливо од она на неговата мајка, со оглед на економската криза.

Крунисувањето на Елизабета Втора траеше повеќе од три часа и имаше 8.251 гости во Вестминстерската опатија.

The post Кога Чарлс Трети ќе биде крунисан за крал, Британците нема да работат appeared first on Република.

]]>

Празникот ќе биде во понеделник, 8 мај, два дена по церемонијата организирана во Вестминстерската опатија на 6 мај, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот. „Крунисувањето на новиот монарх е посебен момент за нашата земја“, рече премиерот Риши Сунак во соопштението. Премиерот, исто така, вели дека се надева оти луѓето ќе му оддадат почит на кралот Чарлс Трети и ќе учествуваат на локални и национални настани низ целата земја. Крунисувањето на Елизабета Втора на 2 јуни 1953 година исто така беше неработен ден., како и 19 септември 2022 година кога се одржа погребот на кралицата. Бакингемската палата најави церемонија која гледа напред, додека ја одржува врската со долгата традиција и раскошот на монархијата. Според британскиот печат, во согласност со желбата на кралот Чарлс Трети за поштедлива монархија, крунисувањето ќе биде пократко и поштедливо од она на неговата мајка, со оглед на економската криза. Крунисувањето на Елизабета Втора траеше повеќе од три часа и имаше 8.251 гости во Вестминстерската опатија.

The post Кога Чарлс Трети ќе биде крунисан за крал, Британците нема да работат appeared first on Република.

]]>
Чарлс остави едно празно место во првиот ред на погребот на кралицата: Еве зошто https://republika.mk/vesti/svet/charls-ostavi-edno-prazno-mesto-vo-prviot-red-na-pogrebot-na-kralicata-eve-zoshto/ Tue, 20 Sep 2022 09:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=552505

Стотици гости присуствуваа на погребот на кралицата во меморијалната капела на кралот Џорџ VI. Членовите на кралското семејство, нивниот персонал и важни политички фигури присуствуваа на погребната церемонија, при што кралот Чарлс остави празно место во првиот ред во симболична почит на традицијата што ја започна неговата мајка.

Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не ѝ го блокира погледот, а оваа традиција ќе ја продолжи и новиот крал. Капелата на кралот Џорџ VI, беше приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствуваше удобно да седи во првиот ред.

Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не ѝ го блокира погледот. Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за Ковид-19.

Кралот Чарлс ѝ оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.

The post Чарлс остави едно празно место во првиот ред на погребот на кралицата: Еве зошто appeared first on Република.

]]>

Стотици гости присуствуваа на погребот на кралицата во меморијалната капела на кралот Џорџ VI. Членовите на кралското семејство, нивниот персонал и важни политички фигури присуствуваа на погребната церемонија, при што кралот Чарлс остави празно место во првиот ред во симболична почит на традицијата што ја започна неговата мајка. Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не ѝ го блокира погледот, а оваа традиција ќе ја продолжи и новиот крал. Капелата на кралот Џорџ VI, беше приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствуваше удобно да седи во првиот ред. Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не ѝ го блокира погледот. Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за Ковид-19. Кралот Чарлс ѝ оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.

The post Чарлс остави едно празно место во првиот ред на погребот на кралицата: Еве зошто appeared first on Република.

]]>
Австралиец тврди дека е син на кралот Чарлс и Камила, бара ДНК тест https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/avstraliec-tvrdi-deka-e-sin-na-kralot-charls-i-kamila-bara-dnk-test/ Wed, 14 Sep 2022 20:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=550851

Човек кој тврди дека е „таен син“ на кралот Чарлс III повторно бара ДНК тест.

Сајмон Доранте-Деј (56) со години тврди дека е син на кралот Чарлс Трети и Камила Паркер Боулс, откако рече дека тоа што принцот Вилијам го добил името Принц од Велс е „шлаканица во лице“, пренесува Дејли Стар.

Тој дури рече дека разговарал со многу адвокати за начините како да се покрене случај против новиот крал и кралица.

ДНК тестирањето би можело да биде поблиску од очекуваното, а неговиот правен тим вели дека не гледаат „никаква причина“ зошто Доранте-Деј да одбие ДНК тест.

-Имаше расправија меѓу судијата, мене и неговиот адвокат за правниот статус на Чарлс и дали монархот е заштитен со закон или е над законот. И одговорот на тоа беше не – тие ми рекоа дека не гледаат причина зошто Чарлс и Камила и нивното семејство треба да бидат над законот. Така, тој аргумент веќе беше решен, изјави Доранте-Деј за „News 7“.

-Многу луѓе беа загрижени дека кога Чарлс ќе стане монарх, тоа ќе му наштети на мојот случај. Но, тоа нема да направи никаква правна разлика, сè уште се одвива на ист начин, додаде Доранте-Деј, кој јасно стави до знаење дека ќе се врати на суд за да направи ДНК тест што може да докаже дека е крвно сродство со кралот на Велика Британија. .

-Тешко е да не се сфати назначувањето на Вилијам од страна на Чарлс за принц од Велс како нешто друго освен шлаканица. Не сакам да се чувствувам така, но се чувствувам. Мислам дека најмалку што може да направи Чарлс е да ми даде одговор – признај ме. На Вилијам му дава таква титула, па каде е мојот одговор? Каде е мојот ДНК тест? Ако не си ми татко, докажи дека не си, рече тој.

The post Австралиец тврди дека е син на кралот Чарлс и Камила, бара ДНК тест appeared first on Република.

]]>

Човек кој тврди дека е „таен син“ на кралот Чарлс III повторно бара ДНК тест. Сајмон Доранте-Деј (56) со години тврди дека е син на кралот Чарлс Трети и Камила Паркер Боулс, откако рече дека тоа што принцот Вилијам го добил името Принц од Велс е „шлаканица во лице“, пренесува Дејли Стар. Тој дури рече дека разговарал со многу адвокати за начините како да се покрене случај против новиот крал и кралица. ДНК тестирањето би можело да биде поблиску од очекуваното, а неговиот правен тим вели дека не гледаат „никаква причина“ зошто Доранте-Деј да одбие ДНК тест. -Имаше расправија меѓу судијата, мене и неговиот адвокат за правниот статус на Чарлс и дали монархот е заштитен со закон или е над законот. И одговорот на тоа беше не – тие ми рекоа дека не гледаат причина зошто Чарлс и Камила и нивното семејство треба да бидат над законот. Така, тој аргумент веќе беше решен, изјави Доранте-Деј за „News 7“. -Многу луѓе беа загрижени дека кога Чарлс ќе стане монарх, тоа ќе му наштети на мојот случај. Но, тоа нема да направи никаква правна разлика, сè уште се одвива на ист начин, додаде Доранте-Деј, кој јасно стави до знаење дека ќе се врати на суд за да направи ДНК тест што може да докаже дека е крвно сродство со кралот на Велика Британија. . -Тешко е да не се сфати назначувањето на Вилијам од страна на Чарлс за принц од Велс како нешто друго освен шлаканица. Не сакам да се чувствувам така, но се чувствувам. Мислам дека најмалку што може да направи Чарлс е да ми даде одговор – признај ме. На Вилијам му дава таква титула, па каде е мојот одговор? Каде е мојот ДНК тест? Ако не си ми татко, докажи дека не си, рече тој.

The post Австралиец тврди дека е син на кралот Чарлс и Камила, бара ДНК тест appeared first on Република.

]]>