брзи кредити Archives - Република https://republika.mk/tema/brzi-krediti/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 16:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брзи кредити Archives - Република https://republika.mk/tema/brzi-krediti/ 32 32 Кире, Пандев, Иџе и Антиќ веќе нема да рекламираат брзи кредити и обложувалници https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kire-pandev-idhe-i-antik-veke-nema-da-reklamiraat-brzi-krediti-i-oblozhuvalnitsi/ Wed, 09 Oct 2024 16:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=824815

Македонските спортски легенди се откажаа од рекламирање компании кои приредуваат игри на среќа или брзи кредити, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Во една негова изјава дадена пред извесен период, тој ги искритикува истакнатите спортисти што се претставуваат како лица на компании од овој тип.

Ристовски исто така појасни дека не е проблематично што овие компании сакаат да финансираат во спортот, односно во клубовите или федерациите, но смета дека не им доликува на нашите легенди да бидат дел од ваквите реклами.

The post Кире, Пандев, Иџе и Антиќ веќе нема да рекламираат брзи кредити и обложувалници appeared first on Република.

]]>

Македонските спортски легенди се откажаа од рекламирање компании кои приредуваат игри на среќа или брзи кредити, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада. Во една негова изјава дадена пред извесен период, тој ги искритикува истакнатите спортисти што се претставуваат како лица на компании од овој тип. Ристовски исто така појасни дека не е проблематично што овие компании сакаат да финансираат во спортот, односно во клубовите или федерациите, но смета дека не им доликува на нашите легенди да бидат дел од ваквите реклами.

The post Кире, Пандев, Иџе и Антиќ веќе нема да рекламираат брзи кредити и обложувалници appeared first on Република.

]]>
Таравари: Ќе ги забраниме коцкањето и брзите кредити https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ke-gi-zabranime-kotskaneto-i-brzite-krediti/ Tue, 16 Apr 2024 14:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=766799

Претседателскиот кандидат, Арбен Таравари, оствари посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до граѓаните.

На средбите тој беше соочен со загриженоста на граѓаните за здравјето, а особено за коцкањето и штетните практики на брзите банки. Тој ја изразува својата посветеност да се запрат овие негативни појави и да се изнајдат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Македонија.

Денеска имавме посета на градот Струга и населените места во Струга. Средбата ја започнав со моите колеги, лекари од Струга, со кои разговаравме за ВЛЕН програмата за здравство, како тие ги гледаат проблемите, како може да се подобрат и како може да се најдат решенија за здравството во Република Македонија. Потоа продолживме со средби со граѓани, мали и средни бизниси. Бев сведок на големиот број на казина во Струга, како и на банките за брзи кредити, а колку тоа и наштетува на економијата на граѓаните на Струга. Ние како коалиција ВЛЕН во идната влада веднаш ќе преземеме итни мерки за забрана на коцкањето во Македонија како што се случи во Косово, но и за стопирање на работата на брзите банки кои нанесуваат голема штета на буџетот на граѓаните. Сериозно ќе им помогнеме и на граѓаните кои имаат долгови кон овие банки, овие долгови да ги покрие државата или владата“, изјави Таравари.

The post Таравари: Ќе ги забраниме коцкањето и брзите кредити appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат, Арбен Таравари, оствари посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до граѓаните. На средбите тој беше соочен со загриженоста на граѓаните за здравјето, а особено за коцкањето и штетните практики на брзите банки. Тој ја изразува својата посветеност да се запрат овие негативни појави и да се изнајдат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Македонија.
Денеска имавме посета на градот Струга и населените места во Струга. Средбата ја започнав со моите колеги, лекари од Струга, со кои разговаравме за ВЛЕН програмата за здравство, како тие ги гледаат проблемите, како може да се подобрат и како може да се најдат решенија за здравството во Република Македонија. Потоа продолживме со средби со граѓани, мали и средни бизниси. Бев сведок на големиот број на казина во Струга, како и на банките за брзи кредити, а колку тоа и наштетува на економијата на граѓаните на Струга. Ние како коалиција ВЛЕН во идната влада веднаш ќе преземеме итни мерки за забрана на коцкањето во Македонија како што се случи во Косово, но и за стопирање на работата на брзите банки кои нанесуваат голема штета на буџетот на граѓаните. Сериозно ќе им помогнеме и на граѓаните кои имаат долгови кон овие банки, овие долгови да ги покрие државата или владата“, изјави Таравари.

The post Таравари: Ќе ги забраниме коцкањето и брзите кредити appeared first on Република.

]]>
Скопјанка со туѓи податоци аплицирала за брзи кредити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-so-tugi-podatotsi-aplitsirala-za-brzi-krediti/ Tue, 05 Mar 2024 13:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=751527

СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје.

- Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари, информира портпаролот Стефан Димоски.

The post Скопјанка со туѓи податоци аплицирала за брзи кредити appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје. - Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари, информира портпаролот Стефан Димоски.

The post Скопјанка со туѓи податоци аплицирала за брзи кредити appeared first on Република.

]]>
Грковска: Неопходна е поголема одговорност на финансиските друштва и поголема контрола врз издавањето на „брзите кредити“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/grkovska-neophodna-e-pogolema-odgovornost-na-finansiskite-drushtva-i-pogolema-kontrola-vrz-izdavaneto-na-brzite-krediti/ Tue, 12 Sep 2023 07:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=681100

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа координативен состанок со надлежните институции и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва, со цел да се преземат брзи и зајакнати мерки за справување со злоупотребата на личните податоци на граѓаните и нивно незаконско задолжување со таканаречените „брзи кредити“.

На состанокот присуствуваа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик министерот за финансии, Филип Николовски, вицегувернерката на Народната банка на Република Македонија, Ана Митреска, заменичката на Народниот правобранител, Соња Трифуновска, директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци, Имер Алиу, како и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека е неопходен координиран и ефикасен пристап на сите надлежни институции, но и зголемена одговорност за финансиските друштва со цел да се спречат сите можности за натамошни злоупотреби со брзите кредити кои директно се вршат на грбот на граѓаните.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Спасовски, во 2022 година евидентирани се 43 случаи на злоупотреба на лични податоци/измами со брзи кредити, за што до Основното јавно обвинителство поднесени се 16 кривични пријави за 24 сторители. Од почетокот на оваа година заклучно со месец јули пријавени се 65 случаи на вакви злоупотреби, за кои, по преземени мерки и активности поднесени се девет кривични пријави, а во рамки на реализираните случаи кривично се пријавени 15 сторители.

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) Алиу, информираше дека во Агенцијата во 2023 година, граѓаните имаат поднесено пет барања за утврдување на повреда на правото на заштита на нивните лични податоци при процес на спроведување на брз кредит. Во однос на сите барања спроведени се вонредни супервизии од страна на Секторот за супервизија и во сите случаи утврдени се повреди по правото на заштита на личните податоци. Во претходната 2022 година, имало вкупно 1 пријава, додека пак во 2021 година имало седум пријави.

И покрај преземените чекори и изрекување на казни од страна на АЗЛП и покренати кривични постапки од страна на МВР, неподелено е мислењето дека неопходно е итно зајакнување на механизмите за контрола на идентитетот на барателите на брзи кредити и зголемување на транспарентноста на финансиските друштва од една страна, и брза имплементација на новите законски решенија со кои се зајакнати критериумите за работење на финансиските друштва.

Од тие причини, беше заклучено финансиските друштва во рок од еден месец да спроведат соодветна едукација на вработените за примена на системот на идентификација при воспоставување деловен однос, согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Истовремено, финансиските друштва се должни да утврдат процедура за постапување со која ќе се гарантира дека податоците од личните документи соодветствуваат со лицето кое што е барател на кредитот.

Во однос на онлајн аплицирањето, потребна е идентификација на клиентот и потврдување на неговиот идентитет со користење на документи, податоци и информации од сигурни и независни извори, вклучително и со употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Во насока на зајакнување на транспарентноста, во рок од три дена финансиските друштва на своите веб страни треба да ги објавата тарифниците за трошоци за брзи кредити усогласени со новото законско решение кое ја лимитира вкупната сума за тарифирање, а по истекот на тој рок Министерството за финансии да изврши контрола. За оние финансиски друштва што нема да ги објават тарифниците, предвидени се казни согласно Закон.

На состанокот меѓудругото беше заклучено Министерството за финансии во рок од 30 дена да подготви подзаконски акти за подобра операционализација на новото законско решение, кои ќе овозможат надминување на детектираните слабости.

The post Грковска: Неопходна е поголема одговорност на финансиските друштва и поголема контрола врз издавањето на „брзите кредити“ appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа координативен состанок со надлежните институции и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва, со цел да се преземат брзи и зајакнати мерки за справување со злоупотребата на личните податоци на граѓаните и нивно незаконско задолжување со таканаречените „брзи кредити“. На состанокот присуствуваа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик министерот за финансии, Филип Николовски, вицегувернерката на Народната банка на Република Македонија, Ана Митреска, заменичката на Народниот правобранител, Соња Трифуновска, директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци, Имер Алиу, како и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва. Вицепремиерката Грковска нагласи дека е неопходен координиран и ефикасен пристап на сите надлежни институции, но и зголемена одговорност за финансиските друштва со цел да се спречат сите можности за натамошни злоупотреби со брзите кредити кои директно се вршат на грбот на граѓаните. Како што информираше министерот за внатрешни работи Спасовски, во 2022 година евидентирани се 43 случаи на злоупотреба на лични податоци/измами со брзи кредити, за што до Основното јавно обвинителство поднесени се 16 кривични пријави за 24 сторители. Од почетокот на оваа година заклучно со месец јули пријавени се 65 случаи на вакви злоупотреби, за кои, по преземени мерки и активности поднесени се девет кривични пријави, а во рамки на реализираните случаи кривично се пријавени 15 сторители. Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) Алиу, информираше дека во Агенцијата во 2023 година, граѓаните имаат поднесено пет барања за утврдување на повреда на правото на заштита на нивните лични податоци при процес на спроведување на брз кредит. Во однос на сите барања спроведени се вонредни супервизии од страна на Секторот за супервизија и во сите случаи утврдени се повреди по правото на заштита на личните податоци. Во претходната 2022 година, имало вкупно 1 пријава, додека пак во 2021 година имало седум пријави. И покрај преземените чекори и изрекување на казни од страна на АЗЛП и покренати кривични постапки од страна на МВР, неподелено е мислењето дека неопходно е итно зајакнување на механизмите за контрола на идентитетот на барателите на брзи кредити и зголемување на транспарентноста на финансиските друштва од една страна, и брза имплементација на новите законски решенија со кои се зајакнати критериумите за работење на финансиските друштва. Од тие причини, беше заклучено финансиските друштва во рок од еден месец да спроведат соодветна едукација на вработените за примена на системот на идентификација при воспоставување деловен однос, согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Истовремено, финансиските друштва се должни да утврдат процедура за постапување со која ќе се гарантира дека податоците од личните документи соодветствуваат со лицето кое што е барател на кредитот. Во однос на онлајн аплицирањето, потребна е идентификација на клиентот и потврдување на неговиот идентитет со користење на документи, податоци и информации од сигурни и независни извори, вклучително и со употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Во насока на зајакнување на транспарентноста, во рок од три дена финансиските друштва на своите веб страни треба да ги објавата тарифниците за трошоци за брзи кредити усогласени со новото законско решение кое ја лимитира вкупната сума за тарифирање, а по истекот на тој рок Министерството за финансии да изврши контрола. За оние финансиски друштва што нема да ги објават тарифниците, предвидени се казни согласно Закон. На состанокот меѓудругото беше заклучено Министерството за финансии во рок од 30 дена да подготви подзаконски акти за подобра операционализација на новото законско решение, кои ќе овозможат надминување на детектираните слабости.

The post Грковска: Неопходна е поголема одговорност на финансиските друштва и поголема контрола врз издавањето на „брзите кредити“ appeared first on Република.

]]>
Жена од Кочани пријавила злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-od-kochani-prijavila-zloupotreba-na-lichna-karta-za-podigane-brzi-krediti/ Fri, 04 Aug 2023 15:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=668777

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити.

Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

The post Жена од Кочани пријавила злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити. Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва. Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.
Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

The post Жена од Кочани пријавила злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>
Внимавајте со кого ги споделувате податоците, сè повеќе брзи кредити се подигнуваат лажно https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimavajte-so-kogo-gi-spodeluvate-podatotsite-se-poveke-brzi-krediti-se-podignuvaat-lazhno/ Fri, 14 Jul 2023 07:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=661178

СВР-Битола информира дека евидентирани се зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци.

Најчестите измами пријавени и пристигнати во СВР Битола, се во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени.

Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации. Исто така, предупредуваме, посебно помладите, да бидат особено внимателни при посредување за работа надвор од државата. Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата,компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават, нагласуваат во јавниот апел од СВР-Битола.

The post Внимавајте со кого ги споделувате податоците, сè повеќе брзи кредити се подигнуваат лажно appeared first on Република.

]]>

СВР-Битола информира дека евидентирани се зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци. Најчестите измами пријавени и пристигнати во СВР Битола, се во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени.
Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации. Исто така, предупредуваме, посебно помладите, да бидат особено внимателни при посредување за работа надвор од државата. Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата,компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават, нагласуваат во јавниот апел од СВР-Битола.

The post Внимавајте со кого ги споделувате податоците, сè повеќе брзи кредити се подигнуваат лажно appeared first on Република.

]]>
Со туѓи лични карти успеале да присвојат над седум илјади евра: Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-tugi-lichni-karti-uspeale-da-prisvojat-nad-sedum-iljadi-evra-od-zatvor-daval-instruktsii-za-podigane-brzi-krediti/ Mon, 19 Jun 2023 11:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=653067

Три лица се уапсени и против нив е поднесена кривична пијава откако тие успеале да украдат податоци од три лица од Радовиш и со нивните податоци, без нивно знаење, да подигаат пари од нивните сметки или да плаќаат.

По пат на измама, со подигање кредити во име на оштетените и префрлање на средствата на други сметки, тројцата обвинети успеале да приграбат над 7,5 илјади евра.

Како што соопштува Основното јавно обвинителство, одделението за внатрешни работи Радовиш до ОЈО Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско.

Како што посочуваат од обвинителство, П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

З.А. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“.

Додека, Ц.С. се сомничи дека сторила кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

– Во периодот од септември до декември 2022 година, П.С. користејќи ја социјалната мрежа фејсбук и со телефонска комуникација стапил во контакт со З.А., на кого му дал насоки да собира лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички од лица од Радовиш, по што З.А. обезбедил податоци од три лица од Радовиш и му ги доставил на П.С.

Со податоците П.С. аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и ги менувал нивни податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име, односно со нивни платежни картички – појаснуваат од обвинителство.

Од ОЈО додаваат дека поголемиот дел од паричните средства кои осомничениот З.А. ги подигал од сметки на оштетените му ги доставувал на П.С., кој во тој момент издржувал затворска казна во Затвор Издризово, а мал процент задржувал за себе.

– Третоосомничената Ц.С. со ставање на располагање на нејзината банкарска сметка му овозможила на првосомничениот П.С. да располага со средствата стекнати на противзаконски начин, односно да врши електронски трансфер на парични средства од трансакциските сметки на оштетените, неовластено користејќи ги нивните платежни картички. На ваквиот начин П.С. и З.А. противправно се стекнале со имотна корист од 463.959 денари на штета на три лица од Радовиш – се појаснува во соопштението од ОЈО.

The post Со туѓи лични карти успеале да присвојат над седум илјади евра: Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>

Три лица се уапсени и против нив е поднесена кривична пијава откако тие успеале да украдат податоци од три лица од Радовиш и со нивните податоци, без нивно знаење, да подигаат пари од нивните сметки или да плаќаат. По пат на измама, со подигање кредити во име на оштетените и префрлање на средствата на други сметки, тројцата обвинети успеале да приграбат над 7,5 илјади евра. Како што соопштува Основното јавно обвинителство, одделението за внатрешни работи Радовиш до ОЈО Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско. Како што посочуваат од обвинителство, П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. З.А. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“. Додека, Ц.С. се сомничи дека сторила кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. – Во периодот од септември до декември 2022 година, П.С. користејќи ја социјалната мрежа фејсбук и со телефонска комуникација стапил во контакт со З.А., на кого му дал насоки да собира лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички од лица од Радовиш, по што З.А. обезбедил податоци од три лица од Радовиш и му ги доставил на П.С. Со податоците П.С. аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и ги менувал нивни податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име, односно со нивни платежни картички – појаснуваат од обвинителство. Од ОЈО додаваат дека поголемиот дел од паричните средства кои осомничениот З.А. ги подигал од сметки на оштетените му ги доставувал на П.С., кој во тој момент издржувал затворска казна во Затвор Издризово, а мал процент задржувал за себе. – Третоосомничената Ц.С. со ставање на располагање на нејзината банкарска сметка му овозможила на првосомничениот П.С. да располага со средствата стекнати на противзаконски начин, односно да врши електронски трансфер на парични средства од трансакциските сметки на оштетените, неовластено користејќи ги нивните платежни картички. На ваквиот начин П.С. и З.А. противправно се стекнале со имотна корист од 463.959 денари на штета на три лица од Радовиш – се појаснува во соопштението од ОЈО.  

The post Со туѓи лични карти успеале да присвојат над седум илјади евра: Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>
Зголемен број поплаки кај Народниот правобранител за злоупотреби со брзите кредити https://republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemen-broj-poplaki-kaj-narodniot-pravobranitel-za-zloupotrebi-so-brzite-krediti/ Mon, 22 May 2023 09:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=643520

Зголемен бројот на поплаки кај Народниот правобранител во Југозападниот регион за измами поврзани со брзи кредити. Состојбата е алармантна ,брзите кредити намамуваат голем број граѓани и ги фаќаат во мрежата на должници при што поединци цел живот да работат неможат да се раздолжат па се соочуваат со извршители.

Граѓани, кои се недоволно информирани и наивни се доведуваат во ситуација лесно да заглават во тешки задолжувања.Народниот правобранител апелира граѓаните добро да ги читаат договорите за брз кредит пред да ги потпишат.

Брз кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет.

Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

The post Зголемен број поплаки кај Народниот правобранител за злоупотреби со брзите кредити appeared first on Република.

]]>

Зголемен бројот на поплаки кај Народниот правобранител во Југозападниот регион за измами поврзани со брзи кредити. Состојбата е алармантна ,брзите кредити намамуваат голем број граѓани и ги фаќаат во мрежата на должници при што поединци цел живот да работат неможат да се раздолжат па се соочуваат со извршители. Граѓани, кои се недоволно информирани и наивни се доведуваат во ситуација лесно да заглават во тешки задолжувања.Народниот правобранител апелира граѓаните добро да ги читаат договорите за брз кредит пред да ги потпишат. Брз кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет. Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.

The post Зголемен број поплаки кај Народниот правобранител за злоупотреби со брзите кредити appeared first on Република.

]]>
Како брзите кредити ве водат до должничко ропство, објаснува адвокатот Митровски https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-brzite-krediti-ve-vodat-do-dolzhnichko-ropstvo-objasnuva-advokatot-mitrovski/ Sun, 30 Apr 2023 16:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=635577

Финансиските друштва ги ставаат граѓаните во должничко ропство користејќи ги празнините во законите па додека каматите ги држат во нормални рамки, долговите се билдаат со разни други трошоци како на пример за администрирање на кредитот или за негово одобрување кои во некои ситуации се и над 30% од самиот износ на кредитот, вели за Детектор Јанаки Митровски.

Јас имам тука договор кој што е на кредит од  155.000 денари каде трошоците за одобрување на кредитот се 66.000 денари што е 35% од вредноста на договорот и има една одредба која што е супер спорна вика месечен надоместок за администрирање на кредит од 155.000 денари е 41.850 денари месечно. Тоа ве доведува до едно должничко ропство. Пропагирано ви е дека 7.800 денари ќе враќате месечно и вие немате ни теоретска шанса да ги враќате тие пари. Дополнително се билда и законот за жал тоа го дозволува, со трошоци за прва опомена, втора опомена и внимавајте добро со опомена пред раскинување на договор која е 4.800 денари, а овие друштва никогаш нема да го раскинат договорот и да се лишат себе си од вака лесна заработувачка, објаснува Митровски за Детектор

The post Како брзите кредити ве водат до должничко ропство, објаснува адвокатот Митровски appeared first on Република.

Знаете ли дека имате рок од 14 дена во кој може да се откажете од кредитот? https://republika.mk/vesti/ekonomija/znaete-li-deka-imate-rok-od-14-dena-vo-koj-mozhe-da-se-otkazhete-od-kreditot/ Sun, 30 Apr 2023 15:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=635559

Економската криза заедно со инфлацијата ги натера граѓаните дополнително да се задолжуваат, вели за Детектор Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи. Таа апелира да се внимава на условите кога се земаат кредити за да бидат заштитени при нивното отплаќање.

За брзите кредити потенцираше дека надлежните треба да посветат повеќе внимание на начинот на кој тие се рекламираат пред граѓаните.

Таа им објаснува на граѓаните дека имаат законско право 14 дена по земањето на кредитот да се откажат од него без трошоци.

Кога ќе го земете кредитот, прво може да се откажете од него по 14 дена. Ретко кој од нив тоа го знае, а финансиските друштва тоа никаде не го објавуваат. Секој може да ги направи тоа. Тоа е според Законот за заштита на потрошувачи. Точно тоа го вели. Има таков период од 14 дена, дали е тоа за овие, важи за сите кредити. Тука има трошоци само за одобрувањето на кредитот. Само тие трошоци. Меѓутоа и тие треба да се на разумно ниво, да не бидат енормни, објаснува Лончар за Детектор.

The post Знаете ли дека имате рок од 14 дена во кој може да се откажете од кредитот? appeared first on Република.

]]>

Економската криза заедно со инфлацијата ги натера граѓаните дополнително да се задолжуваат, вели за Детектор Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи. Таа апелира да се внимава на условите кога се земаат кредити за да бидат заштитени при нивното отплаќање. За брзите кредити потенцираше дека надлежните треба да посветат повеќе внимание на начинот на кој тие се рекламираат пред граѓаните. Таа им објаснува на граѓаните дека имаат законско право 14 дена по земањето на кредитот да се откажат од него без трошоци.
Кога ќе го земете кредитот, прво може да се откажете од него по 14 дена. Ретко кој од нив тоа го знае, а финансиските друштва тоа никаде не го објавуваат. Секој може да ги направи тоа. Тоа е според Законот за заштита на потрошувачи. Точно тоа го вели. Има таков период од 14 дена, дали е тоа за овие, важи за сите кредити. Тука има трошоци само за одобрувањето на кредитот. Само тие трошоци. Меѓутоа и тие треба да се на разумно ниво, да не бидат енормни, објаснува Лончар за Детектор.

The post Знаете ли дека имате рок од 14 дена во кој може да се откажете од кредитот? appeared first on Република.

]]>
Внимателно: Измамници може да ги злоупотребат вашите лични податоци за подигнување на брзи кредити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vnimatelno-izmamnici-moze-da-gi-zloupotrebat-vashite-lichni-podatoci-za-podignuvanje-na-brzi-krediti/ Fri, 09 Dec 2022 08:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=583496

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека зачестиле пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци, односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати.

Битолчани се измамени со сомнителни електронски пораки, со лажни наградни игри, т.н. лотарии и писма за наследства.

Со цел спречување на злоупотребата на лични податоци, кражбата на идентитет, како и злоупотребата на дебитните и кредитните картички, во пресрет на празниците, кога се очекуваат зголемен број трансакции, ги предупредуваме граѓаните да бидат исклучително внимателни во делот на компјутерските измами и злоупотребата на личните податоци. Апелираме до граѓаните да внимаваат каде и со кого ги споделуваат или ги изложуваат на увид личните и патните исправи. Исто така, при плаќањата со платежни картички, доколку е потребно да биде внесен пин, задолжително да го внесуваат лично и да не дозволуваат некој друг да го внесува нивниот пин кој треба да се чува во тајност. При плаќањата и купувањето преку интернет, задолжително да се проверува кредибилитетот на продавачот, имајќи ги предвид позитивните и негативните коментари кои ги има на самиот профил, страна, група и слично, појаснуваат од СВР-Битола.

За зголемена претпазливост и безбедност, од СВР-Битола апелираат да се внимава при ажурирањата на податоците, особено кога од корисниците се бара да се внесат лични податоци и број на картичка, односно да се проверува дали е основано барањето за ажурирање на бараните податоци.

При регистрирањата на одредени интернет страни, особено да се посвети внимание на полисите, односно да се читаат до крај, со цел да се избегне граѓаните да бидат изложени на месечни трошоци во облик на претплата, најчесто назначени на крајот на полисата – најчести примери се при купување на видео игри, инсталирање на канали за игри, филмови и слично, каде купувачите еднаш купуваат видео игра или програма, а подоцна секој месец им се наплатува истиот износ. За време на контактите со непознати преку социјалните мрежи да се внимава да не им се доставуваат податоци од личните исправи како трансакциски сметки од банки, лични фотографии и други лични документи, посочуваат од СВР-Битола.

Во последен период се забележани голем број поплаки од граѓани кои при купување на интернет производи и нивна достава до врата, вообичаено се измамени во делот на квалитетот, но и дека порачале еден производ, а друг им пристигнал по брза пошта. При обидот продавачот повторно да е контактиран, најчесто тој е недостапен, информираа од СВР-Битола.

The post Внимателно: Измамници може да ги злоупотребат вашите лични податоци за подигнување на брзи кредити appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека зачестиле пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци, односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати. Битолчани се измамени со сомнителни електронски пораки, со лажни наградни игри, т.н. лотарии и писма за наследства.
Со цел спречување на злоупотребата на лични податоци, кражбата на идентитет, како и злоупотребата на дебитните и кредитните картички, во пресрет на празниците, кога се очекуваат зголемен број трансакции, ги предупредуваме граѓаните да бидат исклучително внимателни во делот на компјутерските измами и злоупотребата на личните податоци. Апелираме до граѓаните да внимаваат каде и со кого ги споделуваат или ги изложуваат на увид личните и патните исправи. Исто така, при плаќањата со платежни картички, доколку е потребно да биде внесен пин, задолжително да го внесуваат лично и да не дозволуваат некој друг да го внесува нивниот пин кој треба да се чува во тајност. При плаќањата и купувањето преку интернет, задолжително да се проверува кредибилитетот на продавачот, имајќи ги предвид позитивните и негативните коментари кои ги има на самиот профил, страна, група и слично, појаснуваат од СВР-Битола.
За зголемена претпазливост и безбедност, од СВР-Битола апелираат да се внимава при ажурирањата на податоците, особено кога од корисниците се бара да се внесат лични податоци и број на картичка, односно да се проверува дали е основано барањето за ажурирање на бараните податоци.
При регистрирањата на одредени интернет страни, особено да се посвети внимание на полисите, односно да се читаат до крај, со цел да се избегне граѓаните да бидат изложени на месечни трошоци во облик на претплата, најчесто назначени на крајот на полисата – најчести примери се при купување на видео игри, инсталирање на канали за игри, филмови и слично, каде купувачите еднаш купуваат видео игра или програма, а подоцна секој месец им се наплатува истиот износ. За време на контактите со непознати преку социјалните мрежи да се внимава да не им се доставуваат податоци од личните исправи како трансакциски сметки од банки, лични фотографии и други лични документи, посочуваат од СВР-Битола.
Во последен период се забележани голем број поплаки од граѓани кои при купување на интернет производи и нивна достава до врата, вообичаено се измамени во делот на квалитетот, но и дека порачале еден производ, а друг им пристигнал по брза пошта. При обидот продавачот повторно да е контактиран, најчесто тој е недостапен, информираа од СВР-Битола.

The post Внимателно: Измамници може да ги злоупотребат вашите лични податоци за подигнување на брзи кредити appeared first on Република.

]]>
Воен инвалид од кочанско Оризари барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voen-invalid-od-kochansko-orizari-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/ Thu, 28 Jul 2022 11:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=534234

Личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, кој е воен инвалид од конфликтот во 2001 година, биле злоупотребени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити.

Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите. Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кредитите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година.

Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари. Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде блокирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот. Дознав дека има и други граѓани кои биле измамени на ист начин, но веројатно им е срам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги злоупотребува луѓето во неволја, истакна Ангелов.

Вработен како инвалидно лице, Ангелов додава дека месечните лични примања не му се доволни за да може да ги користи како гаранција за земање брзи кредити, а поради злоупотребата е загрижен дека може да остане без скромниот дом.

Случајот веќе е пријавен во полиција, а оштетениот почнал граѓанска постапка со која ќе бара судска заштита.

The post Воен инвалид од кочанско Оризари барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>

Личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, кој е воен инвалид од конфликтот во 2001 година, биле злоупотребени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити. Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите. Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кредитите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година.
Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари. Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде блокирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот. Дознав дека има и други граѓани кои биле измамени на ист начин, но веројатно им е срам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги злоупотребува луѓето во неволја, истакна Ангелов.
Вработен како инвалидно лице, Ангелов додава дека месечните лични примања не му се доволни за да може да ги користи како гаранција за земање брзи кредити, а поради злоупотребата е загрижен дека може да остане без скромниот дом. Случајот веќе е пријавен во полиција, а оштетениот почнал граѓанска постапка со која ќе бара судска заштита.

The post Воен инвалид од кочанско Оризари барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити appeared first on Република.

]]>