Бранко Азески Archives - Република https://republika.mk/tema/branko-azeski/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 13:17:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бранко Азески Archives - Република https://republika.mk/tema/branko-azeski/ 32 32 Азески: Оптимист сум дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот на средбата меѓу Владата и банките во недела https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-optimist-sum-deka-ke-se-najde-reshenie-vo-interes-na-biznisot-na-sredbata-megu-vladata-i-bankite-vo-nedela/ Wed, 13 Nov 2024 13:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=837233

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот за каматата и провизиите за унгарскиот кредит наменет за компаниите на состанокот меѓу Владата и банките што ќе се одржи во недела во Министерството за финансии. Иако не е поканет на состанокот, како што вели, оптимист е дека ќе се најде решение и апелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Доколку го поканат на состанокот подготвен е да оди.

Досега не сум поканет, а време има да ме поканат. Кога се работи за интересите на бизнисот на полноќ да ми јават ќе станам и ќе одам, и во недела. Го пратам процесот како и сите заинтересирани луѓе и јас во колумна го изнесов својот став. Може тој да се коментира и вака и така, но ние бизнисмените не можеме да се согласиме, односно да содејствуваме во една состојба во која што имаш пари на сметката, а не знаеш што да правиш со нив. Значи, еден ден да седат за нас е тоа изгубено време. Мислам дека е време да се разреши тоа прашање и дека имаат капацитет и Владата и банките да го разрешат тоа прашање и се надеваме дека тоа ќе биде во интерес на фирмите, бидејќи овие средства се наменети баш за нив - рече Азески во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за соработка со Транспаренси Интернешнл – Македонија.

На таков начин, додаде, ќе се помогне на стопанството да се преброди периодот до почетокот на следната година, кога имаме сериозна обврска за враќање на обврзницата за која што се резервирани пари и нема да се подјадуваат капиталните инвестиции или други со ребаланс на буџетот, туку ќе се искористат за развој на бизнисот.

Прашан колкава банкарска провизија бараат банките за заемот, рече дека не знае, но додаде дека ако е каматата 3,25 проценти не може да се земе некоја баснословна сума за провизија.

Се знае колку е провизијата во однос на каматата. Така што, ќе биде тоа во рамките на очекувањата на бизнисот. Бизнисот има потреба од пари секогаш за инвестиции и од она што го знаеме од анкетите ќе има инвестициски програми коишто чекаат на реализација. Заеднички банките со смалување на нивните редовни каматни стапки за инвестициски активности и државата со оваа помош треба да помогнат бизнисот да направи чекор и да не се срамиме веќе од бројките од 1,8 проценти раст на БДП, туку да се дигне како што е предвидено на 3-4 отсто за да можеме да бидеме во рамноправна трка со сите. Вака со просек којшто е на ниско ниво 30 години практично ја загрозуваме иднината на нашите деца и не можеме да го спречиме процесот на иселување - потенцира Азески.

Тврдам, посочи, дека банките во делот на бизнисот се со најпрофесионална структура, а Владата има голема одговорност сега на почетокот на мандатот да направи добар потез.

Така што мислам дека бизнисот овој пат ќе ќари, нема каде да се оди, едните треба постојано да се докажуваат, другите се на почеток на мандатот, а ние сме тие што треба да ги искористиме тие средства на најадекватен начин. Тоа значи, и понатаму извозот да остане приоритет број еден, со тоа да се подобри продуктивноста и иновативноста и можеме на тој начин да создадеме додадена вредност со која што ќе ги враќаме долговите којшто ги направил некој пред нас - порача Азески.

На барање на премиерот Христијан Мицкоски во недела во Министерството за финансии ќе се одржи состанок со банките за одредување на трошоците кои ќе треба да ги платат фирмите за префрлање на парите од унгарскиот заем наменет за поддршка на компаниите.

The post Азески: Оптимист сум дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот на средбата меѓу Владата и банките во недела appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот за каматата и провизиите за унгарскиот кредит наменет за компаниите на состанокот меѓу Владата и банките што ќе се одржи во недела во Министерството за финансии. Иако не е поканет на состанокот, како што вели, оптимист е дека ќе се најде решение и апелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Доколку го поканат на состанокот подготвен е да оди.
Досега не сум поканет, а време има да ме поканат. Кога се работи за интересите на бизнисот на полноќ да ми јават ќе станам и ќе одам, и во недела. Го пратам процесот како и сите заинтересирани луѓе и јас во колумна го изнесов својот став. Може тој да се коментира и вака и така, но ние бизнисмените не можеме да се согласиме, односно да содејствуваме во една состојба во која што имаш пари на сметката, а не знаеш што да правиш со нив. Значи, еден ден да седат за нас е тоа изгубено време. Мислам дека е време да се разреши тоа прашање и дека имаат капацитет и Владата и банките да го разрешат тоа прашање и се надеваме дека тоа ќе биде во интерес на фирмите, бидејќи овие средства се наменети баш за нив - рече Азески во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за соработка со Транспаренси Интернешнл – Македонија.
На таков начин, додаде, ќе се помогне на стопанството да се преброди периодот до почетокот на следната година, кога имаме сериозна обврска за враќање на обврзницата за која што се резервирани пари и нема да се подјадуваат капиталните инвестиции или други со ребаланс на буџетот, туку ќе се искористат за развој на бизнисот. Прашан колкава банкарска провизија бараат банките за заемот, рече дека не знае, но додаде дека ако е каматата 3,25 проценти не може да се земе некоја баснословна сума за провизија.
Се знае колку е провизијата во однос на каматата. Така што, ќе биде тоа во рамките на очекувањата на бизнисот. Бизнисот има потреба од пари секогаш за инвестиции и од она што го знаеме од анкетите ќе има инвестициски програми коишто чекаат на реализација. Заеднички банките со смалување на нивните редовни каматни стапки за инвестициски активности и државата со оваа помош треба да помогнат бизнисот да направи чекор и да не се срамиме веќе од бројките од 1,8 проценти раст на БДП, туку да се дигне како што е предвидено на 3-4 отсто за да можеме да бидеме во рамноправна трка со сите. Вака со просек којшто е на ниско ниво 30 години практично ја загрозуваме иднината на нашите деца и не можеме да го спречиме процесот на иселување - потенцира Азески.
Тврдам, посочи, дека банките во делот на бизнисот се со најпрофесионална структура, а Владата има голема одговорност сега на почетокот на мандатот да направи добар потез.
Така што мислам дека бизнисот овој пат ќе ќари, нема каде да се оди, едните треба постојано да се докажуваат, другите се на почеток на мандатот, а ние сме тие што треба да ги искористиме тие средства на најадекватен начин. Тоа значи, и понатаму извозот да остане приоритет број еден, со тоа да се подобри продуктивноста и иновативноста и можеме на тој начин да создадеме додадена вредност со која што ќе ги враќаме долговите којшто ги направил некој пред нас - порача Азески.
На барање на премиерот Христијан Мицкоски во недела во Министерството за финансии ќе се одржи состанок со банките за одредување на трошоците кои ќе треба да ги платат фирмите за префрлање на парите од унгарскиот заем наменет за поддршка на компаниите.

The post Азески: Оптимист сум дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот на средбата меѓу Владата и банките во недела appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора бара од Бектел и Енка домашни компании да бидат вклучени во израдба на коридорите https://republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-bara-od-bektel-i-enka-domashni-kompanii-da-bidat-vklucheni-vo-izradba-na-koridorite/ Wed, 15 May 2024 09:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=778230

Стопанската комора на Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д,  било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“.

Двете страни, како што соопшти Стопанската комора на Македонија, се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект.

На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.

Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.

Договорот со  „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа - Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

„Бехтел-Енка" во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка" имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови

The post Стопанската комора бара од Бектел и Енка домашни компании да бидат вклучени во израдба на коридорите appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д,  било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“. Двете страни, како што соопшти Стопанската комора на Македонија, се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект. На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко. Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности. Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).
-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.
Договорот со  „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа - Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д. „Бехтел-Енка" во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка" имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови

The post Стопанската комора бара од Бектел и Енка домашни компании да бидат вклучени во израдба на коридорите appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот на Стопанската комора https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-izjavi-na-liderot-na-vmro-dpmne-i-na-pretsedatelot-na-stopanskata-komora/ Wed, 27 Mar 2024 09:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=759212

Изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

The post ВО ЖИВО: Изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот на Стопанската комора appeared first on Република.

Од СКМ велат Азески не кажал така за Ковачевски, но видеото зборува нешто друго https://republika.mk/vesti/makedonija/od-skm-velat-azeski-ne-kazhal-taka-za-kovachevski-no-videoto-zboruva-neshto-drugo/ Sat, 17 Feb 2024 09:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=745060

Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески никогаш не изјавил дека актуелниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата Димитар Ковачевски му рекол „Имам итен состанок“, а на тоа господинот Азески прокоментирал „а после го гледаш во кафеана“, велат денеска во рекација од Комората.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/jas-ke-si-odam-imam-iten-sostanok-a-posle-go-gledash-vo-tribeka-sednat-azeski-go-opisha-odnesuvaneto-na-kovachevski/

Нагласуваме дека господинот Ковачевски бил премиер кој секогаш и во секое време бил на располагање на бизнис-заедницата, обединета во СКСМ, велат од Комората.

Станува збор за реакција на текст од промоцијата на книга во СКМ, на која Азески преку пуштање тонска снимка, се обиде накусо да објасни како изгледа една средба со владини претставници на која бизнисот сака да ги каже приоритетите и проблемите.

Што точно кажа Азески може да слушнете во видеото од 52 минута:

The post Од СКМ велат Азески не кажал така за Ковачевски, но видеото зборува нешто друго appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески никогаш не изјавил дека актуелниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата Димитар Ковачевски му рекол „Имам итен состанок“, а на тоа господинот Азески прокоментирал „а после го гледаш во кафеана“, велат денеска во рекација од Комората. https://republika.mk/vesti/ekonomija/jas-ke-si-odam-imam-iten-sostanok-a-posle-go-gledash-vo-tribeka-sednat-azeski-go-opisha-odnesuvaneto-na-kovachevski/
Нагласуваме дека господинот Ковачевски бил премиер кој секогаш и во секое време бил на располагање на бизнис-заедницата, обединета во СКСМ, велат од Комората.
Станува збор за реакција на текст од промоцијата на книга во СКМ, на која Азески преку пуштање тонска снимка, се обиде накусо да објасни како изгледа една средба со владини претставници на која бизнисот сака да ги каже приоритетите и проблемите. Што точно кажа Азески може да слушнете во видеото од 52 минута:

The post Од СКМ велат Азески не кажал така за Ковачевски, но видеото зборува нешто друго appeared first on Република.

]]>
„Јас ќе си одам имам итен состанок“, а после го гледаш во Трибека седнат – Азески го опиша однесувањето на Ковачевски https://republika.mk/vesti/ekonomija/jas-ke-si-odam-imam-iten-sostanok-a-posle-go-gledash-vo-tribeka-sednat-azeski-go-opisha-odnesuvaneto-na-kovachevski/ Fri, 16 Feb 2024 18:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=744964

Претседателот на Комората Бранко Азески денеска  преку пуштање тонска снимка, се обиде накусо да објасни како изгледа една средба со владини претставници на која бизнисот сака да ги каже приоритетите и проблемите. Тој се пожали дека владата, но и поранешниот премиер Димтар Ковачевски биле незаинтресирани за нивните проблеми.

-Ќе си одам јас ама ќе останат министрите тука, му рекол премиерот, но министрите.Не може таков однос, треба да имаш респект за да влезеш во оваа куќа, а ако немаш, не влегувај. Ако не ти требаа оваа куќа, избриши ја, рече Азески.

Премиерот дури во една прилика излегол порано а подоцна бил виден во популарниот ресторан „Трибека“.

Знаете јас имам некој состанок во Завод за статистика а после ќе го најдеш во „Трибека“-рече Азески за популарниот Таче.

Видето каде Азески објаснува за средбите со премиерот и министрите и нивниот однос кон бизнисмените е на 52 ра минута

The post „Јас ќе си одам имам итен состанок“, а после го гледаш во Трибека седнат – Азески го опиша однесувањето на Ковачевски appeared first on Република.

Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/biznisot-sektorot-bara-pet-otsto-od-budhetot-za-obrazovanieto-i-revizija-na-raboteneto-na-site-fakulteti-vo-drzhavata/ Tue, 30 Jan 2024 14:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=738644

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии.

Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.

Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.

Според него, земјава е мала и има потреба за специјализирани кадри.

Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.

Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура.

The post Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата appeared first on Република.

]]>

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.
Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.
Според него, земјава е мала и има потреба за специјализирани кадри.
Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.
Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура.  

The post Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора ќе го даде Законот за солидарен данок пред Уставниот суд https://republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-ke-go-dade-zakonot-za-solidaren-danok-pred-ustavniot-sud/ Wed, 20 Sep 2023 20:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=683608

Стопанската комора ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок, најави претседателот на Комората, Бранко Азески.

Азески во интерју за ТВ „Телма“ порача дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд.

Како што вели првиот човек на Стопанската комора, бизнис секторот направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и власта, но, во услови кога партиските интереси се поважни, тој повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите, медиумите, синдикатите и невладините организации.

Ги молиме и сакаме да ја продлабочиме соработката со секого кој што е на оваа линија, да допринесеме за доброто на оваа држава. Тоа можеме да го направиме ако одиме заедно на овие цели и со оваа методологија, медиумите, бизнис организациите, синдикалните организации, невладиниот сектор, универзитетите, сите треба да се обединиме под таа платформа, која што дури и да дојде до застранување на политичките елити во одреден период, ќе можат да ги тргнат за рака и да им кажат „Чекај, вратете се“. Затоа што, очигледно е дека ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности да практично егзистираат во овој момент, рече Азески.

Претседателот на Стопанската комора, меѓу другото, рече и дека забрзано се носат закони за потребите на изборите.

Ние сме вчудоневидени од состојбата што ја гледаме во моментот, што на едноставен и прост начин значи дека над масава сега има ситуација во која што гледаш никаква активност освен некаква лична и партиска што постои, а под масава врие. Затоа што секој трет ден добиваме некој закон од епохални размери, којшто некој го работи. На пример законот за трговски друштва во моментов. Како на сцената горе не гледаме активност, а гледаме долу закони што се во интерес на предизборието. Тоа значи машинеријата што се наоѓа внатре, усидрена, во администрацијата функционира веројатно беспрекорно и прекувремено во овој период. И туку оп, одма ќе го добиеш одговорот. Па ваква законска активност, ние не сме имале во последниве 10 години, додаде Азески.

Тој рече дека државните интереси мора да бидат поважни од партиските.

За јавниот долг, Азески кажа дека во 2008 година бил 23 отсто, а дека сега е зголемен на 56 отсто и оти тоа мора да е ставено под алармантна ситуација.

Меѓутоа, ние не можеме и не треба да престанеме со задолжувањата, но тие мораат да бидат во продуктивна насока ставани, порача претседателот на Стопанската комора.

The post Стопанската комора ќе го даде Законот за солидарен данок пред Уставниот суд appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок, најави претседателот на Комората, Бранко Азески. Азески во интерју за ТВ „Телма“ порача дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд. Како што вели првиот човек на Стопанската комора, бизнис секторот направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и власта, но, во услови кога партиските интереси се поважни, тој повикува на заедничка платформа на бизнисот со универзитетите, медиумите, синдикатите и невладините организации.
Ги молиме и сакаме да ја продлабочиме соработката со секого кој што е на оваа линија, да допринесеме за доброто на оваа држава. Тоа можеме да го направиме ако одиме заедно на овие цели и со оваа методологија, медиумите, бизнис организациите, синдикалните организации, невладиниот сектор, универзитетите, сите треба да се обединиме под таа платформа, која што дури и да дојде до застранување на политичките елити во одреден период, ќе можат да ги тргнат за рака и да им кажат „Чекај, вратете се“. Затоа што, очигледно е дека ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности да практично егзистираат во овој момент, рече Азески.
Претседателот на Стопанската комора, меѓу другото, рече и дека забрзано се носат закони за потребите на изборите.
Ние сме вчудоневидени од состојбата што ја гледаме во моментот, што на едноставен и прост начин значи дека над масава сега има ситуација во која што гледаш никаква активност освен некаква лична и партиска што постои, а под масава врие. Затоа што секој трет ден добиваме некој закон од епохални размери, којшто некој го работи. На пример законот за трговски друштва во моментов. Како на сцената горе не гледаме активност, а гледаме долу закони што се во интерес на предизборието. Тоа значи машинеријата што се наоѓа внатре, усидрена, во администрацијата функционира веројатно беспрекорно и прекувремено во овој период. И туку оп, одма ќе го добиеш одговорот. Па ваква законска активност, ние не сме имале во последниве 10 години, додаде Азески.
Тој рече дека државните интереси мора да бидат поважни од партиските. За јавниот долг, Азески кажа дека во 2008 година бил 23 отсто, а дека сега е зголемен на 56 отсто и оти тоа мора да е ставено под алармантна ситуација.
Меѓутоа, ние не можеме и не треба да престанеме со задолжувањата, но тие мораат да бидат во продуктивна насока ставани, порача претседателот на Стопанската комора.

The post Стопанската комора ќе го даде Законот за солидарен данок пред Уставниот суд appeared first on Република.

]]>
Одите таму, ги лижете во Владата: Бизнис секторот се жали дека цената на струјата им го урнисува работењето https://republika.mk/vesti/ekonomija/odite-tamu-gi-lizhete-vo-vladata-biznis-sektorot-se-zhali-deka-tsenata-na-strujata-im-go-urnisuva-raboteneto/ Tue, 25 Apr 2023 13:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=633988

Големите индустриски капацитети, бараат одговорност од Владата. Ја обвинуваат дека биле оставени сами да се борат со енергетската криза. Членките на Стопанската комора најавија дека ќе бараат и оштета за претрпената штета и никогаш повеќе нема да чекаат државата да им ги решава проблемите.

Ако ние како компании навремено реагиравме во тој момент како што треба, и не верувавме во лагите на државата, ние ќе си имавме струја по 118 евра. Епа, еднаш се изгоревме, сега јас прашувам и знам дека во животот е дозволено еднаш да згрешиш, два пати си будала, а трет пат си идиот…“ Сега втор пат ќе згрешиме. Ми доаѓаат бизнисмени и ми велат – од цел свет носите суровини, а не сте способни струја да набавите - рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.

Податоците на бизнисмените покажале дека од 100 анкетирани компании, на некои, сметките за струја им биле повисоки и за речиси 500 отсто.

Во земјоделско – прехранбениот сектор, 75 отсто од анкетираните навеле дека трошокот за електрична енергија им бил зголемен над 100 проценти, потоа 60 отсто од хемискиот сектор навеле дека тоа зголемување е над 250 отсто, а најголемо зголемување на трошоците за електрична енергија има металуршкиот сектор кое се движи и до 470 проценти - рече Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор на Стопанска комора.

Поради енергетската криза, дел од големите индустриски капацитети затворија, дел привремено, а некои и трајно. Од бизнис-секторот се децидни дека најголемиот дел од мерките Владата ги носела избрзано, без стратегија или помошта воопшто не стигала до фирмите кои се носечки за домашната економија.

The post Одите таму, ги лижете во Владата: Бизнис секторот се жали дека цената на струјата им го урнисува работењето appeared first on Република.

Отворено писмо на претседателот на СКСМ Бранко Азески до премиерот Димитар Ковачевски https://republika.mk/vesti/ekonomija/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-sksm-branko-azeski-do-premierot-dimitar-kovachevski/ Tue, 18 Apr 2023 09:48:19 +0000 https://republika.mk/?p=631681

Премиере,

Пред една година прашав што се случува со европската програма „Лајф“. Сега Ве информирам дека сѐ уште не е потпишана

СКСМ веќе доби два проекта од програмата „Лајф“, во вредност поголема од два и пол милиони евра, во областа на енергетската ефикасност, од кои едниот е национално поврзан со активностите кои треба да ги дефинираат новите цели за енергетска ефикасност до 2050 година

Европска програма „Лајф“, една од клучните европски програми за финансирање на климатските промени, енергетската ефикасност, на транзицијата кон чиста енергија, циркуларната економија и на природата на биодиверзитетот.

Оваа програма е исклучително важна и за реализирање на преговарачкиот процес, во кој цел еден кластер два им е посветен на зелената агенда и на одржливата поврзаност и е од исклучително значење за македонските компании, бидејќи примената, која ќе се цени на крајот на денот, значително ќе ги намали финансиските импликации поврзани со нивната примена.

Јас се извинувам што упорно ја користам јавноста, а не нашата лична комуникација, затоа што ценам дека преку тоа ги анимираме нашите компании спрема европските програми, што за мене како претседател на најстарата и најголема бизнис-асоцијација во државата е од исклучителна важност.

Токму поради тоа во оваа прилика сакам да Ве информирам дека активностите на Комората кон евроатлантските интеграции се одвиваат со несмалено темпо, бидејќи нам ни е сосема јасно дека политичките елити можат да го кочат тој процес, но не и нас, кои и технички и професионално мораме да ги завршуваме работите навреме. Тргнувајќи од премисата дека бизнис-заедницата е значаен фактор во создавањето на БДП, во плаќањата на даноците, во вработувањето и во создавањето нови работни места; согледувајќи ја потребата од поддршка и од јакнење на претприемништвото, реиндустријализацијата и на конкурентноста; воочувајќи дека прашањата со правосудниот систем, администрацијата и со кадарот се од клучна важност за поттикнување на економскиот раст и развој, Ви предлагам да се склучи договор за уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор, со кој ќе се регулираат нашите исклучително важни релации.

Во него би биле застапени задолжителната консултација на бизнисот при донесувањето на законските и на подзаконските акти, развивањето модел на економски развој, подигнувањето на квалитетот на јавната администрација, на социјалното партнерство и на трипартитниот дијалог и подобрувањето на состојбите во правосудството. Јас не сум идеалист, ниту, пак, сум приврзаник на теоријата дека бизнисот е сѐ. Јас само верувам дека можеме да се обидеме да го направиме ваквиот чекор зашто тој е неминовен. Глобализацијата е маркетиншка алатка за големите земји и корпорации, кои ја користат идеологијата на слободниот пазар за да влезат во нови земји и за да освојат нови пазари. Соработката меѓу нас е нужност и е во интерес на државата, а тоа, се разбира, повлекува и повеќе одговорности.

Да, јас сум тој што верува во таквиот договор. Верувам во знаење и во ревносно работење, но работењето 24 часа на ден од личните идеи и знаења не е доволно. Тоа се приказни за мали деца. За успех се потребни инфраструктура, политичка волја и институционален капацитет. Ајде заедно и да ги изградиме!

Стопанска комора на Македонија

The post Отворено писмо на претседателот на СКСМ Бранко Азески до премиерот Димитар Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Премиере, Пред една година прашав што се случува со европската програма „Лајф“. Сега Ве информирам дека сѐ уште не е потпишана СКСМ веќе доби два проекта од програмата „Лајф“, во вредност поголема од два и пол милиони евра, во областа на енергетската ефикасност, од кои едниот е национално поврзан со активностите кои треба да ги дефинираат новите цели за енергетска ефикасност до 2050 година Европска програма „Лајф“, една од клучните европски програми за финансирање на климатските промени, енергетската ефикасност, на транзицијата кон чиста енергија, циркуларната економија и на природата на биодиверзитетот. Оваа програма е исклучително важна и за реализирање на преговарачкиот процес, во кој цел еден кластер два им е посветен на зелената агенда и на одржливата поврзаност и е од исклучително значење за македонските компании, бидејќи примената, која ќе се цени на крајот на денот, значително ќе ги намали финансиските импликации поврзани со нивната примена. Јас се извинувам што упорно ја користам јавноста, а не нашата лична комуникација, затоа што ценам дека преку тоа ги анимираме нашите компании спрема европските програми, што за мене како претседател на најстарата и најголема бизнис-асоцијација во државата е од исклучителна важност. Токму поради тоа во оваа прилика сакам да Ве информирам дека активностите на Комората кон евроатлантските интеграции се одвиваат со несмалено темпо, бидејќи нам ни е сосема јасно дека политичките елити можат да го кочат тој процес, но не и нас, кои и технички и професионално мораме да ги завршуваме работите навреме. Тргнувајќи од премисата дека бизнис-заедницата е значаен фактор во создавањето на БДП, во плаќањата на даноците, во вработувањето и во создавањето нови работни места; согледувајќи ја потребата од поддршка и од јакнење на претприемништвото, реиндустријализацијата и на конкурентноста; воочувајќи дека прашањата со правосудниот систем, администрацијата и со кадарот се од клучна важност за поттикнување на економскиот раст и развој, Ви предлагам да се склучи договор за уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор, со кој ќе се регулираат нашите исклучително важни релации. Во него би биле застапени задолжителната консултација на бизнисот при донесувањето на законските и на подзаконските акти, развивањето модел на економски развој, подигнувањето на квалитетот на јавната администрација, на социјалното партнерство и на трипартитниот дијалог и подобрувањето на состојбите во правосудството. Јас не сум идеалист, ниту, пак, сум приврзаник на теоријата дека бизнисот е сѐ. Јас само верувам дека можеме да се обидеме да го направиме ваквиот чекор зашто тој е неминовен. Глобализацијата е маркетиншка алатка за големите земји и корпорации, кои ја користат идеологијата на слободниот пазар за да влезат во нови земји и за да освојат нови пазари. Соработката меѓу нас е нужност и е во интерес на државата, а тоа, се разбира, повлекува и повеќе одговорности. Да, јас сум тој што верува во таквиот договор. Верувам во знаење и во ревносно работење, но работењето 24 часа на ден од личните идеи и знаења не е доволно. Тоа се приказни за мали деца. За успех се потребни инфраструктура, политичка волја и институционален капацитет. Ајде заедно и да ги изградиме! Стопанска комора на Македонија

The post Отворено писмо на претседателот на СКСМ Бранко Азески до премиерот Димитар Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Советничките на Азески именувани за олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово https://republika.mk/vesti/balkan/sovetnichkite-na-azeski-imenuvani-za-olesnuvachi-na-pregovorite-megu-srbija-i-kosovo/ Tue, 28 Mar 2023 07:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=624502

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ги именуваше своите советници од кабинетот д-р Елена Милевска Штрбевска и Јадранка Аризанковска за модератори и олеснувачи на преговарачкиот процес за надминување на административните бариери во економската соработка меѓу Србија и Косово, што ќе се одвиваат меѓу тимови од стопанските комори на двете земји.

Првиот состанок ќе се одржи во четврток, на 30.03.2023 година во Скопје и ќе се одвива во утврдена динамика, со цел што побрзо разрешување на сите спорни прашања поврзани со административните бариери кои ја кочат економската соработка меѓу овие две земји.

Веќе 12 години се одвива дијалогот Белград – Приштнина, со посредство на Европската унија, во кој на политички план сѐ уште не се постигнати значителни резултати.

Од прогласувањето на независноста на Косово, во 2008 година, помеѓу двете земји постојат различни предизвици во однос на економската размена, имајќи предвид дека официјален Белград не ги признава документите кои ги издаваат косовските институции, како на пример сертификатите за потекло на производите од Косово.

Усогласувањето на спорните прашања во трговската соработка меѓу Србија и Косово е исклучително важно економско, но и политичко прашање, од причина што тоа може да доведе до нормализација на односите помеѓу овие две земји, како нов исчекор во децениските тензични односи. Постојат и веќе потпишани договори кои треба да обезбедат основа и инструменти за значајно подобрување на конкурентноста, економската кохезија и поврзаноста на целиот регион на Западен Балкан. Од тие причини и Стопанската комора на Македонија, како активен учесник во процесите на унапредување на регионалната соработка, посветено се вклучи и во овој процес чии придобивки би значеле и поттикнување на креативниот, економскиот и научниот потенцијал на регионот во целина.

За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговската размена, сега е вистинско време да се повлечат мудри потези, во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговската соработка, што ќе обезбеди економски просперитет на двете земји, но и на Западен Балкан во целина. Затоа, за почеток е потребно отстранување на сите административни бариери и создавање услови за подобрување на економската соработка, доколку сакаме странските партнери и меѓународните институции да гледаат на регионот како просперитетен иден политички и економски партнер.
Обемот на соработката во рамките на регионот се намалува, земјите се слабо интегрирани во светската трговија, а наспроти тоа светскиот извоз во изминатиот период забележува значителен пораст. За илустрација, земјите од Западен Балкан со извоз на добра и услуги од близу 40% од БДП далеку заостануваат во однос на другите земји, како, на пример, Словачка, Естонија, Латвија и Словенија, чиј извоз достигнува и до 80% од БДП.

Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквата неизвесност е смрт за инвестициските активности и за нивниот развој.

The post Советничките на Азески именувани за олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ги именуваше своите советници од кабинетот д-р Елена Милевска Штрбевска и Јадранка Аризанковска за модератори и олеснувачи на преговарачкиот процес за надминување на административните бариери во економската соработка меѓу Србија и Косово, што ќе се одвиваат меѓу тимови од стопанските комори на двете земји. Првиот состанок ќе се одржи во четврток, на 30.03.2023 година во Скопје и ќе се одвива во утврдена динамика, со цел што побрзо разрешување на сите спорни прашања поврзани со административните бариери кои ја кочат економската соработка меѓу овие две земји. Веќе 12 години се одвива дијалогот Белград – Приштнина, со посредство на Европската унија, во кој на политички план сѐ уште не се постигнати значителни резултати. Од прогласувањето на независноста на Косово, во 2008 година, помеѓу двете земји постојат различни предизвици во однос на економската размена, имајќи предвид дека официјален Белград не ги признава документите кои ги издаваат косовските институции, како на пример сертификатите за потекло на производите од Косово. Усогласувањето на спорните прашања во трговската соработка меѓу Србија и Косово е исклучително важно економско, но и политичко прашање, од причина што тоа може да доведе до нормализација на односите помеѓу овие две земји, како нов исчекор во децениските тензични односи. Постојат и веќе потпишани договори кои треба да обезбедат основа и инструменти за значајно подобрување на конкурентноста, економската кохезија и поврзаноста на целиот регион на Западен Балкан. Од тие причини и Стопанската комора на Македонија, како активен учесник во процесите на унапредување на регионалната соработка, посветено се вклучи и во овој процес чии придобивки би значеле и поттикнување на креативниот, економскиот и научниот потенцијал на регионот во целина. За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговската размена, сега е вистинско време да се повлечат мудри потези, во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговската соработка, што ќе обезбеди економски просперитет на двете земји, но и на Западен Балкан во целина. Затоа, за почеток е потребно отстранување на сите административни бариери и создавање услови за подобрување на економската соработка, доколку сакаме странските партнери и меѓународните институции да гледаат на регионот како просперитетен иден политички и економски партнер. Обемот на соработката во рамките на регионот се намалува, земјите се слабо интегрирани во светската трговија, а наспроти тоа светскиот извоз во изминатиот период забележува значителен пораст. За илустрација, земјите од Западен Балкан со извоз на добра и услуги од близу 40% од БДП далеку заостануваат во однос на другите земји, како, на пример, Словачка, Естонија, Латвија и Словенија, чиј извоз достигнува и до 80% од БДП. Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквата неизвесност е смрт за инвестициските активности и за нивниот развој.

The post Советничките на Азески именувани за олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-odrzhliviot-ekonomski-rast-i-razvoj-e-vozmozhen-samo-so-strukturni-i-sistemski-promeni-kakvi-shto-sproveduva-ovaa-vlada/ Tue, 31 Jan 2023 07:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=602815

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, го отвори третиот панел насловен „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ кој се одржа во рамките на годишната владина конференција „Година на нови можности“.

Вицепремиерот Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.

Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е рестуктурирањето на нашата економија. Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст којшто е првата мерка коишто ние како Влада ја поставивме со среднорочна развојна компонентна и којашто секако влијае на менување на реструктуирање на нашата економија. За прв пат тогаш почнавме наместо поддршка на инвестициите и само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите, бизнисот, дали бизнисот е спремен да одговори на предизвиците за да го донесе толку посакуваниот раст и развој. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура, истакна Битиќи.

Системската работа, рече вицепремиерот влијае и на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите.

Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на странските директни инвестиции.

Минатата година, според Централната банка имавме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме нула средства на нашите граѓани за да се промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш и да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста. Тоа е тоа што го правиме, истакна Битиќи.

На дел од панелот беа и Кире Наумов, директор на Развојна банка на Македонија, Таки Фити, Академик - МАНУ, Илија Господинов од МАСИТ како претставник на Платформата за јавно приватен дијалог, и Бранко Азески потпретседател на Коморско инвестицискиот форум на Западен Балкан, кој се обрати на конференцијата преку видео обраќање.

Во своето видео обраќање тој потенцираше дека формалната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е во добра корелација но дека суштински може да се подобри. Тој истакна дека е важно да продолжат реформските процеси како и зголемуњето на регионалната конкурентност, развојот на производството со додадена вредност како и зголемување на квотите за увоз на работна сила.

Согласни сме со ставот на Владата за зголемување на квотите за увоз на работна сила, секако имајќи ги предвид националните интереси но и интересите на бизнис секторот и неговиот развој. На 100 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, донесовме еден суштински документ, тоа е декларацијата за Општествен консензус за економските политики и мерки во наредниот период кој се совпаѓа со Националната развојна стратегија и ќе направиме сè за заедно со Владата да ги усогласиме тие два документи да станат окосница за нашето работење и утврдување на нашите приоритети, истакна Азески.

Во своето обраќање академикот Таки Фити се осврна на Националната развојна стратегија, инклузивниот процес на нејзиното креирање и значење.

Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвици и визии на Република Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевантни чинители во Македонија, рече академик Фити.

Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година вршела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците.

Извршниот директор на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот.

За три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти. Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности. НОколу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност. Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места.

На оваа тема се осврна и вицепремиерот Битиќи кој потенцираше дека Владата умешно успеа во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка во финансискиот систем, која воведе нови механизми и инструменти кои би требало да го поддржуваат развојот на нашата земја.

Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму развојната банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, потенцираше Битиќи.

Илија Господинов, претседател на управниот одбор на МАСИТ, како претставник на Платформата за јавно приватен дијалот се осврна на напорите на владата во однос на подобрување на продуктивноста на нашите работници, која секако треба да биде основа за зголемување на аутпутот на бизнисите, и секако на крај на денот да резултира со повисоки плати и повисок стандард за работниците.

Со луѓето кои ги имаме, добро образовани и добро тренирани можеме да постигнеме одлични резултати и веќе ги постигнуваме. Кога зборуваме за продуктивноста мораме двострано да ја гледаме. Продуктивноста на страна на приватниот сектор се покажува со обезбедување на добри услови, продуктивноста на страна на државата мора да биде фокусирана кон темелите за сè да може да расте. А темелите се инфраструктура и образование. Со што ќе се потрудиме да имаме национален пристап за задржување на добрите кадри во земјата, истакна Господинов.

The post Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, го отвори третиот панел насловен „Инвестиции и економски раст во услови на кризи“ кој се одржа во рамките на годишната владина конференција „Година на нови можности“. Вицепремиерот Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.
Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е рестуктурирањето на нашата економија. Во 2018 година беше одобрен планот за економски раст којшто е првата мерка коишто ние како Влада ја поставивме со среднорочна развојна компонентна и којашто секако влијае на менување на реструктуирање на нашата економија. За прв пат тогаш почнавме наместо поддршка на инвестициите и само на странските инвестиции да ги поддржуваме сите видови на инвестиции без разлика дали се тие домашни или странски и можам со гордост да кажам денеска дека навистина имаме што да покажаме како исход на оваа променета политика. Ова покажува дека Владата не е фокусирана само во еден од параметрите во економијата, а тоа е растот на БДП како макроекономска категорија, туку клучно е дали се поддржуваат компаниите, бизнисот, дали бизнисот е спремен да одговори на предизвиците за да го донесе толку посакуваниот раст и развој. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура, истакна Битиќи.
Системската работа, рече вицепремиерот влијае и на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите. Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на странските директни инвестиции.
Минатата година, според Централната банка имавме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме нула средства на нашите граѓани за да се промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш и да ги поттикнеш компаниите да инвестираат е добриот збор од уста. Тоа е тоа што го правиме, истакна Битиќи.
На дел од панелот беа и Кире Наумов, директор на Развојна банка на Македонија, Таки Фити, Академик - МАНУ, Илија Господинов од МАСИТ како претставник на Платформата за јавно приватен дијалог, и Бранко Азески потпретседател на Коморско инвестицискиот форум на Западен Балкан, кој се обрати на конференцијата преку видео обраќање. Во своето видео обраќање тој потенцираше дека формалната соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор е во добра корелација но дека суштински може да се подобри. Тој истакна дека е важно да продолжат реформските процеси како и зголемуњето на регионалната конкурентност, развојот на производството со додадена вредност како и зголемување на квотите за увоз на работна сила.
Согласни сме со ставот на Владата за зголемување на квотите за увоз на работна сила, секако имајќи ги предвид националните интереси но и интересите на бизнис секторот и неговиот развој. На 100 годишнината од постоењето на Стопанската комора на Македонија, донесовме еден суштински документ, тоа е декларацијата за Општествен консензус за економските политики и мерки во наредниот период кој се совпаѓа со Националната развојна стратегија и ќе направиме сè за заедно со Владата да ги усогласиме тие два документи да станат окосница за нашето работење и утврдување на нашите приоритети, истакна Азески.
Во своето обраќање академикот Таки Фити се осврна на Националната развојна стратегија, инклузивниот процес на нејзиното креирање и значење.
Ова е многу значаен, визионерски стратегиски документ за основните развојни правци, предизвици и визии на Република Македонија во сите сфери на општественото живеење. Пристапот мора да биде научен и објективен и да се постигне широк консензус од сите релевантни чинители во Македонија, рече академик Фити.
Тој додаде дека кога МАНУ се вклучила во составувањето на Стратегијата во 2022 година вршела ревизија во студиите, преку актуелизација на податоците. Извршниот директор на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот.
За три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти. Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности. НОколу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност. Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места.
На оваа тема се осврна и вицепремиерот Битиќи кој потенцираше дека Владата умешно успеа во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка во финансискиот систем, која воведе нови механизми и инструменти кои би требало да го поддржуваат развојот на нашата земја.
Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, туку тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кој ги пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму развојната банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, потенцираше Битиќи.
Илија Господинов, претседател на управниот одбор на МАСИТ, како претставник на Платформата за јавно приватен дијалот се осврна на напорите на владата во однос на подобрување на продуктивноста на нашите работници, која секако треба да биде основа за зголемување на аутпутот на бизнисите, и секако на крај на денот да резултира со повисоки плати и повисок стандард за работниците.
Со луѓето кои ги имаме, добро образовани и добро тренирани можеме да постигнеме одлични резултати и веќе ги постигнуваме. Кога зборуваме за продуктивноста мораме двострано да ја гледаме. Продуктивноста на страна на приватниот сектор се покажува со обезбедување на добри услови, продуктивноста на страна на државата мора да биде фокусирана кон темелите за сè да може да расте. А темелите се инфраструктура и образование. Со што ќе се потрудиме да имаме национален пристап за задржување на добрите кадри во земјата, истакна Господинов.

The post Битиќи: Одржливиот економски раст и развој е возможен само со структурни и системски промени какви што спроведува оваа влада appeared first on Република.

]]>
Азески: Во 2022 година преживеавме, во 2023 година или одиме напред или потонуваме https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-vo-2022-godina-prezhiveavme-vo-2023-godina-ili-odime-napred-ili-potonuvame/ Mon, 26 Dec 2022 10:32:48 +0000 https://republika.mk/?p=590040

Во екот на најголемата и најтешка криза кај нас, во 1999 година, во хотелот Александар Палас, точно во 19 часот започна седница на Советот на НАТО со која претседаваше генералниот секретар Џорџ Робертсон. Кога стигна дојавата за бомба, во салата имаше 19 акредитирани амбасадори на НАТО ви Брисел, целокупниот нивен генералштаб и комплетното раководство на Република Македонија. Како генерален директор на Александар Палас, бев повикан да издадам наредба за евакуација. Нормално, не ја потпишав и го презедов целокупниот ризик врз себе. Сето тоа траеше 8 минути, кои, ако ја потпишев наредбата, ќе имаа 800 дена последици. Во мојот мандат имав пет вакви ситуации и реагирав на ист начин. Ризикувањето и одговорноста се составен дел на лидерството.

Зашто треба поединецот да реагира вака, спротивно на општествените норми? Затоа што тој мора да ги има предвид сите информации што се поврзани со конкретната дејност и на крајот, да донесе одлука сам, со целокупниот ризик. Јас тоа го правев, затоа што ги знаев тешките последици што би настанале врз работењето на штотуку изградениот објект, но и врз серија нелогичности коишто беа видливи од месечината. На пример, повикот за поставена бомба беше регистриран на рецепцискиот идентификатор, што е невообичаено затоа што таа работа се прави од телефонска говорница. Второ, веста беше пласирана како прва вест во 19 часот при гледаност од 38%, а дојавата за бомба беше 3 минути подоцна, во 19:03 мин. Се на се, треба многу ризик, треба многу знаење, за да се спротивставиш на вакви појави, кои просто „ја разнесуваат” Македонија секојдневно и економски ја осакатуваат.

Бидејќи кај нас во државата, никој не ризикува, нормално е и дека нема да напредува. Страшно е што овие наши глупости се мултиплицираат и на секое друго рамниште. Наместо отворени граници, од 2023 година ќе очекуваме „војна за таблици”. Наместо војни во вселената, добивме уништување на „зелената” (агенда ли е, платформа ли е, трева ли е…).

Што сево ова зборува? За граѓаните не знам. За компаниите, непредвидливост и катастрофа. За Западниот Балкан – наместо Брисел, пензионираниот Волгфанг Шисел. И сега што да кажам за моите очекувања за 2023 година. Преку 40 години одговарам на вакви прашања, и од целото мое искуство, би им предложил на медиумите да ги остават отворени, доколку има некој нешто паметно да каже, а другите сите ги фрли во оган бидејќи дефинитивно на Балканот идеи и предлози не му се потребни.

2022 година ќе остане запаметена како година на успешна соработка со УСАИД, една од најпрофесионалните организации со кои соработуваме. Проектите и активностите се плод на долгогодишна работа со целиот тим на Стопанската комора особено со госпоѓата Аризанковска која во меѓувреме е унапредена на многу поодговорна задача во водење на интеграционите процеси со Европската Унија.

На социјалните мрежи деновиве забележав еден интересен сегмент. Јас на 9 различите фотографии и 9те македонски премиери. Јасно, ставена во негативна конотација. Ете одличен предлог во сериозна дебата околу мандатите. Наместо околу ЈСП. Во последните 100 години не ни чинеше ни кралот кој имаше доживотен мандат. Не ни чинеше ни Тито кој имаше долг мандат. А не ни чинеше ни Синан Хасани кој имаше краток мандат. А сега не ни чинат ни претседателите кои имаат просечни мандати. Дајте поразговарајте околу ова прашање кое е од суштински карактер, а ние со „долгите” мандати ќе седиме на страна.

ð Таму каде што ви ветуваат многу, понесете си мала торба (уште еден интересен фрагмент од социјалните мрежи)

ð Бранко Азески – Нели е подобро да си понесе секој алат и нешто да сработи ?

ð Македонска даночна реформа, земаш од работливиот, да даваш на мрзеливиот кој гласа за грабливиот.

ð Бранко Азески: работите мора да се потурнат во спротивно остануваме на Балканските меѓници кои не се ништо подобри од 1991 година.

На 100 годишнината (14 јули 2022 година), Комората донесе „Декларација за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки”, што ја усвои Собранието како највисок орган.

Прво, во Декларацијата покрај другото е наведено и дека неповолните состојби во економијата во најголем дел се должат на нефункционирањето на правната држава, непочитувањето на пазарните вредности, севкупната политизација на секоја пора од општеството и на доминацијата на интересот на политичките партии над државниот интерес. Затоа бизнисот бара враќање од партиска кон државна агенда (да запрат фиктивните вработувања во јавниот сектор, да се стави стручниот кадар пред партиските вработувања, да се ревидира потребата од постоење 1322 државни институции со армија од партиски вработени итн.).

Второ, за бизнисот да функционира како што треба и за да ја остварува својата функција, потребно е да се потврди единствениот пат за евроатлантски интеграции; без оглед на исходот од преговорите со ЕУ, да се донесе заеднички акциски план за формирање работни тимови за преговори; да се работи на обезбедување, институционална и правна држава; пазарно ориентирани услови и почитување на човековите права и слободи.

Трето, таа е плод на широка дискусија и демократски водена процедура.

Четврто, таа декларација досега ја потпишаа повеќе од 150 субјекти, компании членки на Комората, а од надворешните институции прв потписник е Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), следеше потпишување и од ректорите на државните универзитети во Македонија: СВ. “КИРИЛ И МЕТОДИЈ”, “КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА.

Првпат е спомената нејзината суштина на настапите на Хари Костов како поранешен премиер на прославите на рамковниот договор на 13-ти август 2021 и 2011. „Нас ни треба нов Рамковен доховор, или само договор, за економските реформи кои во земјава треба да се спроведуваат најмалку во следните 10 години, и тоа да се направи во соработка со науката и бизнисот. Новиот рамковен би значел договор меѓу сите релевантни политички партии со учество на науката и бизнисот за мерки за кои ќе постои согласност дека ќе мора да применуваат независно кој ќе биде на власт. Политичките партии се толку поделени, што за ништо не можат да постигнат консензус. Ни за една мерка, ни за тоа на која страна изгрева и заоѓа сонцето во земјава”.

На годишнината од оваа Влада во средината на јануари 2023 година СКСМ ќе организира традиционална конференција на која треба политичките партии да го потпишат тој значаен документ.

Со заокружувањето на тој процес Македонија добива значаен приоритет покрај членството во НАТО И ЕУ околу кој може да се обедини и да го направи потребниот напредок за нејзин развој.

П.С. Покрај овој генерален таргет еве уште неколку други, кои СКСМ ги позиционира како ВРВНИ ПРИОРИТЕТИ:

C БРОБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА;

C ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ГАСИФИКАЦИЈАТА;

C УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СОРАБОТКАТА СО МЕДИУМИТЕ;

C ДИРЕКТНА ПОДРШКА НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ;

C БРЗО ИЗДАВАЊЕ ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ОД БИЗНИСОТ;

The post Азески: Во 2022 година преживеавме, во 2023 година или одиме напред или потонуваме appeared first on Република.

]]>

Во екот на најголемата и најтешка криза кај нас, во 1999 година, во хотелот Александар Палас, точно во 19 часот започна седница на Советот на НАТО со која претседаваше генералниот секретар Џорџ Робертсон. Кога стигна дојавата за бомба, во салата имаше 19 акредитирани амбасадори на НАТО ви Брисел, целокупниот нивен генералштаб и комплетното раководство на Република Македонија. Како генерален директор на Александар Палас, бев повикан да издадам наредба за евакуација. Нормално, не ја потпишав и го презедов целокупниот ризик врз себе. Сето тоа траеше 8 минути, кои, ако ја потпишев наредбата, ќе имаа 800 дена последици. Во мојот мандат имав пет вакви ситуации и реагирав на ист начин. Ризикувањето и одговорноста се составен дел на лидерството. Зашто треба поединецот да реагира вака, спротивно на општествените норми? Затоа што тој мора да ги има предвид сите информации што се поврзани со конкретната дејност и на крајот, да донесе одлука сам, со целокупниот ризик. Јас тоа го правев, затоа што ги знаев тешките последици што би настанале врз работењето на штотуку изградениот објект, но и врз серија нелогичности коишто беа видливи од месечината. На пример, повикот за поставена бомба беше регистриран на рецепцискиот идентификатор, што е невообичаено затоа што таа работа се прави од телефонска говорница. Второ, веста беше пласирана како прва вест во 19 часот при гледаност од 38%, а дојавата за бомба беше 3 минути подоцна, во 19:03 мин. Се на се, треба многу ризик, треба многу знаење, за да се спротивставиш на вакви појави, кои просто „ја разнесуваат” Македонија секојдневно и економски ја осакатуваат. Бидејќи кај нас во државата, никој не ризикува, нормално е и дека нема да напредува. Страшно е што овие наши глупости се мултиплицираат и на секое друго рамниште. Наместо отворени граници, од 2023 година ќе очекуваме „војна за таблици”. Наместо војни во вселената, добивме уништување на „зелената” (агенда ли е, платформа ли е, трева ли е…). Што сево ова зборува? За граѓаните не знам. За компаниите, непредвидливост и катастрофа. За Западниот Балкан – наместо Брисел, пензионираниот Волгфанг Шисел. И сега што да кажам за моите очекувања за 2023 година. Преку 40 години одговарам на вакви прашања, и од целото мое искуство, би им предложил на медиумите да ги остават отворени, доколку има некој нешто паметно да каже, а другите сите ги фрли во оган бидејќи дефинитивно на Балканот идеи и предлози не му се потребни. 2022 година ќе остане запаметена како година на успешна соработка со УСАИД, една од најпрофесионалните организации со кои соработуваме. Проектите и активностите се плод на долгогодишна работа со целиот тим на Стопанската комора особено со госпоѓата Аризанковска која во меѓувреме е унапредена на многу поодговорна задача во водење на интеграционите процеси со Европската Унија. На социјалните мрежи деновиве забележав еден интересен сегмент. Јас на 9 различите фотографии и 9те македонски премиери. Јасно, ставена во негативна конотација. Ете одличен предлог во сериозна дебата околу мандатите. Наместо околу ЈСП. Во последните 100 години не ни чинеше ни кралот кој имаше доживотен мандат. Не ни чинеше ни Тито кој имаше долг мандат. А не ни чинеше ни Синан Хасани кој имаше краток мандат. А сега не ни чинат ни претседателите кои имаат просечни мандати. Дајте поразговарајте околу ова прашање кое е од суштински карактер, а ние со „долгите” мандати ќе седиме на страна. ð Таму каде што ви ветуваат многу, понесете си мала торба (уште еден интересен фрагмент од социјалните мрежи) ð Бранко Азески – Нели е подобро да си понесе секој алат и нешто да сработи ? ð Македонска даночна реформа, земаш од работливиот, да даваш на мрзеливиот кој гласа за грабливиот. ð Бранко Азески: работите мора да се потурнат во спротивно остануваме на Балканските меѓници кои не се ништо подобри од 1991 година. На 100 годишнината (14 јули 2022 година), Комората донесе „Декларација за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки”, што ја усвои Собранието како највисок орган. Прво, во Декларацијата покрај другото е наведено и дека неповолните состојби во економијата во најголем дел се должат на нефункционирањето на правната држава, непочитувањето на пазарните вредности, севкупната политизација на секоја пора од општеството и на доминацијата на интересот на политичките партии над државниот интерес. Затоа бизнисот бара враќање од партиска кон државна агенда (да запрат фиктивните вработувања во јавниот сектор, да се стави стручниот кадар пред партиските вработувања, да се ревидира потребата од постоење 1322 државни институции со армија од партиски вработени итн.). Второ, за бизнисот да функционира како што треба и за да ја остварува својата функција, потребно е да се потврди единствениот пат за евроатлантски интеграции; без оглед на исходот од преговорите со ЕУ, да се донесе заеднички акциски план за формирање работни тимови за преговори; да се работи на обезбедување, институционална и правна држава; пазарно ориентирани услови и почитување на човековите права и слободи. Трето, таа е плод на широка дискусија и демократски водена процедура. Четврто, таа декларација досега ја потпишаа повеќе од 150 субјекти, компании членки на Комората, а од надворешните институции прв потписник е Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), следеше потпишување и од ректорите на државните универзитети во Македонија: СВ. “КИРИЛ И МЕТОДИЈ”, “КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА. Првпат е спомената нејзината суштина на настапите на Хари Костов како поранешен премиер на прославите на рамковниот договор на 13-ти август 2021 и 2011. „Нас ни треба нов Рамковен доховор, или само договор, за економските реформи кои во земјава треба да се спроведуваат најмалку во следните 10 години, и тоа да се направи во соработка со науката и бизнисот. Новиот рамковен би значел договор меѓу сите релевантни политички партии со учество на науката и бизнисот за мерки за кои ќе постои согласност дека ќе мора да применуваат независно кој ќе биде на власт. Политичките партии се толку поделени, што за ништо не можат да постигнат консензус. Ни за една мерка, ни за тоа на која страна изгрева и заоѓа сонцето во земјава”. На годишнината од оваа Влада во средината на јануари 2023 година СКСМ ќе организира традиционална конференција на која треба политичките партии да го потпишат тој значаен документ. Со заокружувањето на тој процес Македонија добива значаен приоритет покрај членството во НАТО И ЕУ околу кој може да се обедини и да го направи потребниот напредок за нејзин развој. П.С. Покрај овој генерален таргет еве уште неколку други, кои СКСМ ги позиционира како ВРВНИ ПРИОРИТЕТИ: C БРОБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА; C ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ГАСИФИКАЦИЈАТА; C УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СОРАБОТКАТА СО МЕДИУМИТЕ; C ДИРЕКТНА ПОДРШКА НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ; C БРЗО ИЗДАВАЊЕ ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ОД БИЗНИСОТ;

The post Азески: Во 2022 година преживеавме, во 2023 година или одиме напред или потонуваме appeared first on Република.

]]>
Азески со македонски бизнисмени на средби со американски, норвешки, германски и јапонски компании во Белград и Берлин https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-so-makedonski-biznismeni-na-sredbi-so-amerikanski-norveshki-germanski-i-japonski-kompanii-vo-belgrad-i-berlin/ Tue, 01 Nov 2022 16:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=568406

Стопанската комора на Македонија продолжува со редовните, но најавува и повеќе меѓународни активности. Во Белград, Берлин и Скопје, како што информира, ќе се одржат состаноци, дебати и средби за инвестиции, како и за проширување на соработката во енергетиката, дигитализацијата, напредните технологии и иновациите.

И во услови кога енергетската криза е во полн ек со сериозни проблеми во деловното функционирање на компаниите, Комората ги продолжува останатите редовни активности кои се од интерес за нашите компании. Фокусот во претстојниот период е на меѓународните активности. Утре во Белград ќе се одржи средба со 100 влијателни американски компании на тема „Нов пат и можности: Регионот на Западен Балкан во однос на Соединетите Американски Држави“, на која бизнис познавачи од регионот и учесниците од САД ќе имаат можност да разговараат за нивните планови и за тоа како да се соочат, да се прилагодат и да одговорат на новите глобални трендови во ИТ и енергетскиот сектор, обезбедувајќи јасна слика за тековните изгледи на пазарот и идните можности за соработка, вели претседател на Комората, Бранко Азески.

Во Белград ќе се одржи и седница на Управниот одбор на КИФ, каде Азески е копретседател. На седницата, меѓу другото, ќе се разгледува вториот годишен извештај за мерење на постигнувањата во спроведувањето на акцискиот план за заеднички регионален пазар – колку фирмите на терен ги чувствуваат придобивките од одлуките што се носат за регионалното поврзување, во насока на воспоставување единствен регионален економски пазар. На седницата ќе се разговара и за претстојната инвестициска конференција на 22 ноември 2022 година во Љубљана што КИФ ја организира заедно со Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево, на кој заеднички ќе се претстават инвестициските потенцијали на регионот на Западен Балкан пред потенцијални инвеститори од Словенија, Хрватска Италија и Австрија.

Во четврток, на 4 ноември, во Берлин, Азески заедно со претседателот на Асоцијацијата за напредни технологии при Комората, Виктор Мизо ќе има средба со германските компании кои потенцијално разгледуваат можности за инвестиции или проширување на нивните инвестициски активности во Македонија.

На 17 ноември, пак, Норвешката амбасада во Белград организира инвестициска конференција за енергетика на тема „Инвестициските можности во обновлива енергија“, на која ќе учествуваат 50-тина норвешки фирми и сите претседатели на влади и министри за економија на балканските земји, но и бизнисмените кои веќе имаат искуства во оваа област.

Во Скопје на 18 ноември ќе се одржи Балкански економски форум, поддржан од Стопанската комора со фокус на развој и имплементација на иновативни стратегии и креативни решенија за тековните економски предизвици со кои се соочуваат балканските земји за да се стимулира економскиот раст кој, пак, ја зајакнува регионалната соработка, мир и безбедност.

Комората информира и дека почнуваат активностите за основање јапонско-македонска стопанска комора, преку која ќе се спроведат програми специјализирани за Комората како најголема и најбројна бизнис заедница, а се работи и на продолжување на договорот со Јапонската агенција за меѓународната соработка (JICA), која нуди грантови за поддршка на приватниот сектор во развој на инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени и заштита на животната средина, програми за зголемување на менаџментниот капацитет преку обуки, тренинзи и посети на нашите компании, организирани од страна на Јапонија.

The post Азески со македонски бизнисмени на средби со американски, норвешки, германски и јапонски компании во Белград и Берлин appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на Македонија продолжува со редовните, но најавува и повеќе меѓународни активности. Во Белград, Берлин и Скопје, како што информира, ќе се одржат состаноци, дебати и средби за инвестиции, како и за проширување на соработката во енергетиката, дигитализацијата, напредните технологии и иновациите.
И во услови кога енергетската криза е во полн ек со сериозни проблеми во деловното функционирање на компаниите, Комората ги продолжува останатите редовни активности кои се од интерес за нашите компании. Фокусот во претстојниот период е на меѓународните активности. Утре во Белград ќе се одржи средба со 100 влијателни американски компании на тема „Нов пат и можности: Регионот на Западен Балкан во однос на Соединетите Американски Држави“, на која бизнис познавачи од регионот и учесниците од САД ќе имаат можност да разговараат за нивните планови и за тоа како да се соочат, да се прилагодат и да одговорат на новите глобални трендови во ИТ и енергетскиот сектор, обезбедувајќи јасна слика за тековните изгледи на пазарот и идните можности за соработка, вели претседател на Комората, Бранко Азески.
Во Белград ќе се одржи и седница на Управниот одбор на КИФ, каде Азески е копретседател. На седницата, меѓу другото, ќе се разгледува вториот годишен извештај за мерење на постигнувањата во спроведувањето на акцискиот план за заеднички регионален пазар – колку фирмите на терен ги чувствуваат придобивките од одлуките што се носат за регионалното поврзување, во насока на воспоставување единствен регионален економски пазар. На седницата ќе се разговара и за претстојната инвестициска конференција на 22 ноември 2022 година во Љубљана што КИФ ја организира заедно со Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево, на кој заеднички ќе се претстават инвестициските потенцијали на регионот на Западен Балкан пред потенцијални инвеститори од Словенија, Хрватска Италија и Австрија. Во четврток, на 4 ноември, во Берлин, Азески заедно со претседателот на Асоцијацијата за напредни технологии при Комората, Виктор Мизо ќе има средба со германските компании кои потенцијално разгледуваат можности за инвестиции или проширување на нивните инвестициски активности во Македонија. На 17 ноември, пак, Норвешката амбасада во Белград организира инвестициска конференција за енергетика на тема „Инвестициските можности во обновлива енергија“, на која ќе учествуваат 50-тина норвешки фирми и сите претседатели на влади и министри за економија на балканските земји, но и бизнисмените кои веќе имаат искуства во оваа област. Во Скопје на 18 ноември ќе се одржи Балкански економски форум, поддржан од Стопанската комора со фокус на развој и имплементација на иновативни стратегии и креативни решенија за тековните економски предизвици со кои се соочуваат балканските земји за да се стимулира економскиот раст кој, пак, ја зајакнува регионалната соработка, мир и безбедност. Комората информира и дека почнуваат активностите за основање јапонско-македонска стопанска комора, преку која ќе се спроведат програми специјализирани за Комората како најголема и најбројна бизнис заедница, а се работи и на продолжување на договорот со Јапонската агенција за меѓународната соработка (JICA), која нуди грантови за поддршка на приватниот сектор во развој на инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени и заштита на животната средина, програми за зголемување на менаџментниот капацитет преку обуки, тренинзи и посети на нашите компании, организирани од страна на Јапонија.

The post Азески со македонски бизнисмени на средби со американски, норвешки, германски и јапонски компании во Белград и Берлин appeared first on Република.

]]>
На стопанството му се потребни субвениции за да ги задржи вработените https://republika.mk/vesti/ekonomija/na-stopanstvoto-mu-se-potrebni-subvenicii-za-da-gi-zadrzi-vrabotenite/ Fri, 14 Oct 2022 07:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=560903

На работните средби со претседателот на Комората Бранко Азески, менаџментите на компаниите „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци и Металопромет – Струмица ја споделија загриженоста за високите трошоци за електрична енергија кои се неколкукратно повисоки и најавуваат дека без поддршка од државата прашање е на време кога ќе затворат.

И двете компании, на работните состаноци дадоа силна поддршка и застанаа зад Комората во нејзините барања стопанството да добие брза и ефикасна поддршка од државата.

Мора брзо да се дејствува, изгубивме многу време чекајќи ги мерките коишто треба да ги намалат негативните последици и ефекти по економијата што ги носи енергетската криза, потенцираше Азески на средбите.

Од „Кожувчанка“ нагласуваат дека скапата енергија ги зголеми цените и на репроматеријалите, во просек за 30%, и сето тоа придонесува за намалување на конкурентноста на домашниот пазар, во однос на увозните производи, кои имаат доста пониски трошоци за електрична енергија, а следствено на тоа и пониски трошоци за производство.

Следува зима кога за прв пат не знаеме ниту како да го испланираме производниот процес, а за начин на продажба и конкуренција на пазарот и остварување на приход не станува ниту збор. Ова е време кога е потребно да се задржиме како компанија на пазарот и да ги задржиме вработените сѐ со цел да се почекаат подобри времиња. Но без субвенции тоа ќе биде невозможно, ќе бидеме принудени да го прекинеме производството или да го сведеме на минимум и да го намалиме бројот на вработени, информираше Јанинка Чупаркоска, управител и сопственик на „Кожувчанка“.

И компанијата Металопромет – Струмица, која е на листата на големи потрошувачи на електрична енергија бара Владата итно да преземе мерки за ублажување на кризата предизвикана од високите цени на струјата. Во спротивно, велат од компанијата, прашање на време е уште колку долго можат така да издржат.

Нашата компанија е 95% извозно ориентирана, но сме целосно неконкурентни на пазарите на Европа затоа што конкуренти од регионот плаќаат многу поевтина цена на струјата, вели Митко Шапковски, сопственик.

Од компанијата, чија основна дејност е производство на заварени цевки и профили додаваат и дека продажбата сега, во споредба со првиот квартал од 2022 година, им е намалена за 80%.

The post На стопанството му се потребни субвениции за да ги задржи вработените appeared first on Република.

Азески од Пробиштип: Рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност, потребна е поголема поддршка https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-od-probishtip-rudarstvoto-e-edna-od-grankite-koi-shto-moze-da-donese-dodadena-vrednost-potrebna-e-pogolema-poddrshka/ Thu, 13 Oct 2022 07:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=560396

“Булмак 2016”, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово” – Пробиштип и “Тораница” – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета на делегацијата на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески.

На работниот состанок од страна на претседателот на Комората беше потенцирано дека рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност и затоа Комората ќе го отвори прашањето за реорганизација на надлежните институции за овој сектор.

„За да се подигне нивото и значење на рударскиот сектор, потребно е формирање на ново министерство за рударство и енергетика, да се изготви долго очекуваната стратегија за развој на рударството, како и преиспитување на законската регулатива која ги уредува издавањето на дозволите за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини”, потенцираше Азески.

Од страна на управителот на рудниците Мојсоски беше нагласено дека во двата рудника работат 800 лица и во овој период целокупниот човечки потенцијал е максимално фокусиран во изнаоѓање решенија за рационализација на трошоците.

„Во континуитет ги следиме настаните и трендовите од кои ни зависи деловната активност и следствено на анализите кои ги правиме и од добиените резултати , креираме соодветни деловни политики за ублажување на штетите. Во таа смисла, секако дека очекуваме и националните органи и институции, во нивниот домен, да ја вршат улогата на креатори на национални политики и стратегии со кои на директен начин ќе биде поддржана гранката рударство која преставува еден од поголемите извори на приходи во државниот буџет”, информираше Мојсоски.

Тој нагласи дека информациите и укажувањата од Комората се секогаш добредојдени, посебно во вакви специфични и екстремно сложни услови за работа и од таа гледна точка ги охрабрува сите нејзини чинители и авторитети уште поинтензивно да ја продолжат таа деловна мисија.

Компанијата „Булмак 2016″ е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 % во вкупната потрошувачка на енергија

The post Азески од Пробиштип: Рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност, потребна е поголема поддршка appeared first on Република.

]]>

“Булмак 2016”, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово” – Пробиштип и “Тораница” – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета на делегацијата на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески. На работниот состанок од страна на претседателот на Комората беше потенцирано дека рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност и затоа Комората ќе го отвори прашањето за реорганизација на надлежните институции за овој сектор.
„За да се подигне нивото и значење на рударскиот сектор, потребно е формирање на ново министерство за рударство и енергетика, да се изготви долго очекуваната стратегија за развој на рударството, како и преиспитување на законската регулатива која ги уредува издавањето на дозволите за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини”, потенцираше Азески.
Од страна на управителот на рудниците Мојсоски беше нагласено дека во двата рудника работат 800 лица и во овој период целокупниот човечки потенцијал е максимално фокусиран во изнаоѓање решенија за рационализација на трошоците.
„Во континуитет ги следиме настаните и трендовите од кои ни зависи деловната активност и следствено на анализите кои ги правиме и од добиените резултати , креираме соодветни деловни политики за ублажување на штетите. Во таа смисла, секако дека очекуваме и националните органи и институции, во нивниот домен, да ја вршат улогата на креатори на национални политики и стратегии со кои на директен начин ќе биде поддржана гранката рударство која преставува еден од поголемите извори на приходи во државниот буџет”, информираше Мојсоски.
Тој нагласи дека информациите и укажувањата од Комората се секогаш добредојдени, посебно во вакви специфични и екстремно сложни услови за работа и од таа гледна точка ги охрабрува сите нејзини чинители и авторитети уште поинтензивно да ја продолжат таа деловна мисија. Компанијата „Булмак 2016″ е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 % во вкупната потрошувачка на енергија

The post Азески од Пробиштип: Рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност, потребна е поголема поддршка appeared first on Република.

]]>
Азески: Да се дозволи фирмите и граѓаните да купат дел од акциите на ЕСМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-da-se-dozvoli-firmite-i-gragjanite-da-kupat-del-od-akciite-na-esm/ Tue, 11 Oct 2022 21:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=559842

Најевтина струја е таа која што ќе си ја произведеш сам, порача претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, критикувајќи затоа што државата не го искористи периодот за да го зголеми домашното производство.

Тој во вечерашното гостување на Топ тема на Телма, истакна дека стопанствениците имаа неколку предлози за Владата, меѓу кои се формирање на заеднички фонд за набавка на енергенси и да се дозволи купување на дел од акциите на ЕСМ од страна на компании и физички лица. Со тоа, според Азески, сите би имале интерес од доброто функционирање на АД ЕСМ.

Кај стопанствениците уште пред една година имало идеја, доколку Вадата не успее навреме да ја реши енергетската криза, тие самите да соберат средства и поради набавка на поголема количина, да добијат пониска цена. Предлогот повторно бил даден пред 7 месеци, кога цената била 118 евра, додаде Азески.

Тој истакна дека се разгледуваат два начини како стопанството би можело да закупи поевтина струја, формирање на заеднички фонд или пак би влегле во некекви сопственички структури на компании кои што продаваат струја.

Според него во штедни вогови во банките граѓаните моментално чуваат 7 милијарди денари. Доколку ЕСМ дели повисоки дивиденти, тие би ги префрлиле средствата таму, сите би имале интерес за доброто работење на компанијата.

Втората работа, според претседателот на Комората, е создавање на посебен фонд, со државата, или самите, преку кој што ќе може да се интервенира со купување на други енергенси.

– Ако сакаме добивка, мораме да преземеме ризик – порачува Азески.

The post Азески: Да се дозволи фирмите и граѓаните да купат дел од акциите на ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Најевтина струја е таа која што ќе си ја произведеш сам, порача претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, критикувајќи затоа што државата не го искористи периодот за да го зголеми домашното производство.
Тој во вечерашното гостување на Топ тема на Телма, истакна дека стопанствениците имаа неколку предлози за Владата, меѓу кои се формирање на заеднички фонд за набавка на енергенси и да се дозволи купување на дел од акциите на ЕСМ од страна на компании и физички лица. Со тоа, според Азески, сите би имале интерес од доброто функционирање на АД ЕСМ.
Кај стопанствениците уште пред една година имало идеја, доколку Вадата не успее навреме да ја реши енергетската криза, тие самите да соберат средства и поради набавка на поголема количина, да добијат пониска цена. Предлогот повторно бил даден пред 7 месеци, кога цената била 118 евра, додаде Азески.
Тој истакна дека се разгледуваат два начини како стопанството би можело да закупи поевтина струја, формирање на заеднички фонд или пак би влегле во некекви сопственички структури на компании кои што продаваат струја. Според него во штедни вогови во банките граѓаните моментално чуваат 7 милијарди денари. Доколку ЕСМ дели повисоки дивиденти, тие би ги префрлиле средствата таму, сите би имале интерес за доброто работење на компанијата. Втората работа, според претседателот на Комората, е создавање на посебен фонд, со државата, или самите, преку кој што ќе може да се интервенира со купување на други енергенси.
– Ако сакаме добивка, мораме да преземеме ризик – порачува Азески.

The post Азески: Да се дозволи фирмите и граѓаните да купат дел од акциите на ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско https://republika.mk/vesti/ekonomija/marichikj-azeski-zaednichki-kje-go-transformirame-makedonskoto-stopanstvo-vo-evropsko/ Wed, 07 Sep 2022 20:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=548464

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.

- Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ. Со Стопанската комора ја зајакнуваме соработката, на полето на евроинтеграциите, со цел што е можно подобро исполнување на обврските, но и подготовка за можностите што ќе ги донесе идното членство за македонската економија и општество во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Претседателот Азески посочи дека Стопанската комора на Македонија го поздравува отпочнувањето на процесот и го прифаќа предлог барањето за вклучување на бизнис заедницата во преговарачкиот тим. Коморите вели Азески мора да бидат вклучени во преговарачкиот процес од самиот почеток кога се моделираат промените, како клучна врска со компаниите која ќе обезбеди транспарентност на процесот кон бизнисот и олеснување на примената (која не секогаш ќе биде лесна и ќе бара драстични промени во работењето на бизнисите). За таа цел претседателот на Комората ја предложи Јадранка Аризанковска за координатор на преговарачкиот тим од Стопанската комора која има 33 години работно искуство во коморско работење, сертифициран менаџмент консултант, инструктор и ментор за проекти и менаџмент процесите во компаниите, проект менаџер на повеќе од 10-тици проекти во Комората реализирани од европските програми преку Европската комисија и повеќе од 20 години работно искуство од директна соработка со европските институции за теми кои придонесуваат за приближување на македонската економија кон европското законодавство.

- Верувам дека експертите од Стопанската комора, кои ќе бидат вклучени во работата на преговарачките работни групи од почетокот на пристапните преговори, ќе дадат значаен придонес во исполнувањето на европските обврски, како со професионално знаење, така и со директни контакти и инпути од бизнис заедницата, истакна Маричиќ, посакувајќи ѝ успех на Аризанковска и добра соработка со Секретаријатот за европски прашања.

На средбата вицепремиерот и главниот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, го информираше претседателот Азески дека преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно побргу, во согласност со новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Истите треба да овозможат сериозни промени во економијата и во другите области (правосудство, владеење на право, животна средина, институции) кои не можат да се постигнат без ставање во некаква рамка и доследно спроведување. Преговарачката структура од македонска страна ќе вклучува експерти, државни службеници со долгогодишно работно искуство на ова поле, експерти и стручни лица од бизнисот, надвор од институциите, но и надвор од државата, кои имаат искуство со водење преговори и пристапување други држави во ЕУ, со цел ефикасни и успешни преговори за справување со сите предизвици.

Улогата на Стопанската комора на Македонија во процесот на преговарање со ЕУ е од голема важност бидејќи ќе придонесува за подигање на свеста во деловното опкружување што значи да се биде дел од единствениот европски пазар, и влијанието за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др. Одредниците коишто ги покриваат поглавјата од економија се однесуваат на критериумот на функционална пазарна економија. Дополнително Европската комисија, а сега и земјите членки, ќе воведат нови индикатори преку коишто ќе го мерат прогресот и ќе има еден позасилен двонасочен комуникациски канал во иднина.

The post Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско appeared first on Република.

]]>

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.
- Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ. Со Стопанската комора ја зајакнуваме соработката, на полето на евроинтеграциите, со цел што е можно подобро исполнување на обврските, но и подготовка за можностите што ќе ги донесе идното членство за македонската економија и општество во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.
Претседателот Азески посочи дека Стопанската комора на Македонија го поздравува отпочнувањето на процесот и го прифаќа предлог барањето за вклучување на бизнис заедницата во преговарачкиот тим. Коморите вели Азески мора да бидат вклучени во преговарачкиот процес од самиот почеток кога се моделираат промените, како клучна врска со компаниите која ќе обезбеди транспарентност на процесот кон бизнисот и олеснување на примената (која не секогаш ќе биде лесна и ќе бара драстични промени во работењето на бизнисите). За таа цел претседателот на Комората ја предложи Јадранка Аризанковска за координатор на преговарачкиот тим од Стопанската комора која има 33 години работно искуство во коморско работење, сертифициран менаџмент консултант, инструктор и ментор за проекти и менаџмент процесите во компаниите, проект менаџер на повеќе од 10-тици проекти во Комората реализирани од европските програми преку Европската комисија и повеќе од 20 години работно искуство од директна соработка со европските институции за теми кои придонесуваат за приближување на македонската економија кон европското законодавство.
- Верувам дека експертите од Стопанската комора, кои ќе бидат вклучени во работата на преговарачките работни групи од почетокот на пристапните преговори, ќе дадат значаен придонес во исполнувањето на европските обврски, како со професионално знаење, така и со директни контакти и инпути од бизнис заедницата, истакна Маричиќ, посакувајќи ѝ успех на Аризанковска и добра соработка со Секретаријатот за европски прашања.
На средбата вицепремиерот и главниот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, го информираше претседателот Азески дека преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно побргу, во согласност со новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Истите треба да овозможат сериозни промени во економијата и во другите области (правосудство, владеење на право, животна средина, институции) кои не можат да се постигнат без ставање во некаква рамка и доследно спроведување. Преговарачката структура од македонска страна ќе вклучува експерти, државни службеници со долгогодишно работно искуство на ова поле, експерти и стручни лица од бизнисот, надвор од институциите, но и надвор од државата, кои имаат искуство со водење преговори и пристапување други држави во ЕУ, со цел ефикасни и успешни преговори за справување со сите предизвици. Улогата на Стопанската комора на Македонија во процесот на преговарање со ЕУ е од голема важност бидејќи ќе придонесува за подигање на свеста во деловното опкружување што значи да се биде дел од единствениот европски пазар, и влијанието за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др. Одредниците коишто ги покриваат поглавјата од економија се однесуваат на критериумот на функционална пазарна економија. Дополнително Европската комисија, а сега и земјите членки, ќе воведат нови индикатори преку коишто ќе го мерат прогресот и ќе има еден позасилен двонасочен комуникациски канал во иднина.

The post Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско appeared first on Република.

]]>
Aзески за новите даноци: Oчекував разговори за проблемот број еден, а тоа е цената на електричната енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-za-novite-danoci-ochekuvav-razgovori-za-problemot-broj-eden-a-toa-e-cenata-na-elektrichnata-energija/ Tue, 09 Aug 2022 12:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=538379

Пред почетокот на расправата за нацрт даночната реформа, бизнис секторот бара одговор на четири прашања кои денеска јавно ги соопшти претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Од Владата се бара одговор за тоа до каде се постапките за задолжувањето преку еврообврзница и кредитната линија од Меѓународниот монетарен фонд и што е со барањата и предлозите од Македонската енергетска асоцијација. Во делот за даночните реформи, од Комората сметаат дека треба да има прецизни рокови и услови на кои ќе се обврзе државата за поквалитетни услуги кон приватниот сектор, за укинување на парафискалните давачки и за намалување на сивата економија.

– Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период. Малку чудно, бидејќи очекував разговори околу нашите предлози за проблемот број еден, а тоа е цената на електричната енергија. Нормално, додека не пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, разменив и мислења со одговорните луѓе во Комората, кои како договорени ми поставија четири прашања. Ценејќи дека тие прашања се од суштинска важност, пред да започне расправата одлучив јавно да ги изнесам, бидејќи самиот предлагач се залага за транспарентност на оваа расправа. Покрај нив, првичните реакции се однесуваа и на прашањата од даночната евазија и што се презема на тој план, сугерирајќи прво да се искористат внатрешните можности пред да се отвори расправата, која доаѓа во еден исклучително тежок момент за бизнисот, вели Азески во отвореното писмо до јавноста.

Предлозите на МЕА за излез од енергетската криза, како што наведува Азески, биле наменети за компаниите и бараат итна и одлучна реакција на носителите на економски политики за спас на реалниот сектор.

– Нели е нормално во нацрт-концепт за даночни реформи да се предвидат и прецизни рокови и услови на кои ќе се обврзе државата за понуда на поквалитетни услуги спрема приватниот сектор; рокови за дигитализација на нејзините процеси, за укинување на парафискалните давачки, како и за намалување на сивата економија и на корупцијата? Односно бизнисот очекува понуда на пинг-понг решение, што значи дека пред државата да одлучи да ги зголеми даноците треба да им докаже на даночните обврзници дека е ефикасна, ефективна, транспарентна и дека нуди квалитетни услуги, наведува Азески.

На државата, додава Азески, и е потребен рамковен економски договор, за кој Собранието на Комората повикува на консензус и на поддршка од сите субјекти во државава за нејзино што поскоро применување.

The post Aзески за новите даноци: Oчекував разговори за проблемот број еден, а тоа е цената на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на расправата за нацрт даночната реформа, бизнис секторот бара одговор на четири прашања кои денеска јавно ги соопшти претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Од Владата се бара одговор за тоа до каде се постапките за задолжувањето преку еврообврзница и кредитната линија од Меѓународниот монетарен фонд и што е со барањата и предлозите од Македонската енергетска асоцијација. Во делот за даночните реформи, од Комората сметаат дека треба да има прецизни рокови и услови на кои ќе се обврзе државата за поквалитетни услуги кон приватниот сектор, за укинување на парафискалните давачки и за намалување на сивата економија. – Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период. Малку чудно, бидејќи очекував разговори околу нашите предлози за проблемот број еден, а тоа е цената на електричната енергија. Нормално, додека не пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, разменив и мислења со одговорните луѓе во Комората, кои како договорени ми поставија четири прашања. Ценејќи дека тие прашања се од суштинска важност, пред да започне расправата одлучив јавно да ги изнесам, бидејќи самиот предлагач се залага за транспарентност на оваа расправа. Покрај нив, првичните реакции се однесуваа и на прашањата од даночната евазија и што се презема на тој план, сугерирајќи прво да се искористат внатрешните можности пред да се отвори расправата, која доаѓа во еден исклучително тежок момент за бизнисот, вели Азески во отвореното писмо до јавноста. Предлозите на МЕА за излез од енергетската криза, како што наведува Азески, биле наменети за компаниите и бараат итна и одлучна реакција на носителите на економски политики за спас на реалниот сектор. – Нели е нормално во нацрт-концепт за даночни реформи да се предвидат и прецизни рокови и услови на кои ќе се обврзе државата за понуда на поквалитетни услуги спрема приватниот сектор; рокови за дигитализација на нејзините процеси, за укинување на парафискалните давачки, како и за намалување на сивата економија и на корупцијата? Односно бизнисот очекува понуда на пинг-понг решение, што значи дека пред државата да одлучи да ги зголеми даноците треба да им докаже на даночните обврзници дека е ефикасна, ефективна, транспарентна и дека нуди квалитетни услуги, наведува Азески. На државата, додава Азески, и е потребен рамковен економски договор, за кој Собранието на Комората повикува на консензус и на поддршка од сите субјекти во државава за нејзино што поскоро применување.

The post Aзески за новите даноци: Oчекував разговори за проблемот број еден, а тоа е цената на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Азески испрати сочувство по смртта на бизнисменот Палигора https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-isprati-sochuvstvo-po-smrtta-na-biznismenot-paligora/ Mon, 01 Aug 2022 07:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=535534

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, испрати телеграма со сочувство по повод смртта на Никола Палигора, македонски бизнисмен и добитник на повеќе врвни признанија кој има значајно место и во новата Монографија издадена по повод 100 годишнината од постоењето на Комората.

Личното другарување со Нико остави големи траги во политиките на Комората во делот на надворешно-трговското работење на нашите членки, за што ќе му бидеме вечно благодарни - наведува Азески во телеграмата.

Никола Палигора е роден во Битола 1953 година. Како стопанственик од областа на надворешната трговија, бил директор на фирмата „Битолски металец“, а потоа на сектор во трговско извозно–увозно претпријатие „Технометал Вардар“. Професионалниот живот го продолжува како директор на заедничката македонска фирма „Македонија стил“ во Лондон и директор на трговското претставништво „Технометал Варадр“ во Москова.

Работел и како координатор на македонските стопански претставништва во Москва од 1985 до 1989 година, кога трговската размена помеѓу Социјалистичка Република Македонија и Советскиот сојуз од 60 милиони се зголемила на 700 милиони. Основач бил и на фирмата „Метал Сивас“ во Виена. Стекнатиот капитал го инвестирал во производство и промет со текстилни производи во „Палтекс“ АД, Делчево, а дел во фабриката за производство на пластична амбалажа во „Палпласт про“ Куманово, сопственост на неговата ќерка.

The post Азески испрати сочувство по смртта на бизнисменот Палигора appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, испрати телеграма со сочувство по повод смртта на Никола Палигора, македонски бизнисмен и добитник на повеќе врвни признанија кој има значајно место и во новата Монографија издадена по повод 100 годишнината од постоењето на Комората. Личното другарување со Нико остави големи траги во политиките на Комората во делот на надворешно-трговското работење на нашите членки, за што ќе му бидеме вечно благодарни - наведува Азески во телеграмата.
Никола Палигора е роден во Битола 1953 година. Како стопанственик од областа на надворешната трговија, бил директор на фирмата „Битолски металец“, а потоа на сектор во трговско извозно–увозно претпријатие „Технометал Вардар“. Професионалниот живот го продолжува како директор на заедничката македонска фирма „Македонија стил“ во Лондон и директор на трговското претставништво „Технометал Варадр“ во Москова. Работел и како координатор на македонските стопански претставништва во Москва од 1985 до 1989 година, кога трговската размена помеѓу Социјалистичка Република Македонија и Советскиот сојуз од 60 милиони се зголемила на 700 милиони. Основач бил и на фирмата „Метал Сивас“ во Виена. Стекнатиот капитал го инвестирал во производство и промет со текстилни производи во „Палтекс“ АД, Делчево, а дел во фабриката за производство на пластична амбалажа во „Палпласт про“ Куманово, сопственост на неговата ќерка.

The post Азески испрати сочувство по смртта на бизнисменот Палигора appeared first on Република.

]]>
Азески: Владата да се однесува одговорно и да им помогне на компаниите https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-vladata-da-se-odnesuva-odgovorno-i-da-im-pomogne-na-kompaniite/ Fri, 27 May 2022 11:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=507616

Во ваква ситуација да донесеш ребаланс на Буџетот значи да се прилагодиш на ситуацијата и во тоа не гледам ништо друго освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Ние однапред кажавме дека ситуацијата е тешка, па не знам кој би можел и нешто друго да изведе, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Азески апелира Владата максимално одговорно да се однесува и да им помогне на компаниите, а тоа може да се реализира само ако, рече, сите се движат кон утврдените приоритети.

Чекаме да видиме што ќе се случи со ребалансот, па да седнеме со Владата и да разговараме. Мерките што ќе ги предлагаме ќе бидат во насока да се задржи постојното ниво на економска активност и на работните места. Не загрижува проблемот со скапите суровини и нивната набавка, но и цената на струјата. Треба да се подигне степенот на домашно производство и рационално да се троши енергијата. Понудивме и други решенија како јавно-приватно партнерство во електропроизводството, а имаме и предлози како да се менаџираат јавните набавки. До крајот на годината не треба да се носат нови даночни задолжувања, треба да има и предвидливост, потенцира Азески.

Тој подвлече и дека стопанството покажа дека може да се носи со вакви предизвици.

Од 2008 година сме во криза, но бизнисот жилаво се држи, рече Азески.

The post Азески: Владата да се однесува одговорно и да им помогне на компаниите appeared first on Република.

]]>

Во ваква ситуација да донесеш ребаланс на Буџетот значи да се прилагодиш на ситуацијата и во тоа не гледам ништо друго освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Ние однапред кажавме дека ситуацијата е тешка, па не знам кој би можел и нешто друго да изведе, рече денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Азески апелира Владата максимално одговорно да се однесува и да им помогне на компаниите, а тоа може да се реализира само ако, рече, сите се движат кон утврдените приоритети.