Борис Џонсон Archives - Република https://republika.mk/tema/boris-dzonson/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 12:51:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борис Џонсон Archives - Република https://republika.mk/tema/boris-dzonson/ 32 32 Макрон сакаше Британија да страда поради Брегзит: Борис Џонсон со скандалозни тврдења во неговите мемоари https://republika.mk/vesti/svet/makron-sakashe-britanija-da-strada-poradi-bregzit-boris-dhonson-so-skandalozni-tvrdena-vo-negovite-memoari/ Mon, 30 Sep 2024 12:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=821077

Францускиот претседател, Емануел Макрон, се обиде да ја натера Британија да страда поради напуштањето на Европската унија, напиша поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите нови мемоари.

Во најновиот извадок од неговите мемоари „Oслободен“, Џонсон го обвини францускиот претседател дека ја користел нередовната миграција како „оружје“ за да го поткопа Брегзит, објави „Политико“.

Тој рече дека Макрон изгледал подготвен да замижи пред бандите кои шверцуваат луѓе преку Каналот и тврди дека францускиот лидер го гледал Брегзит како „ужасно навредлив потег за ЕУ ​​и неговиот поглед на светот“.

Двајцата лидери имаа ладен однос кога Џонсон беше на функцијата, со остри несогласувања околу Брегзит, војната во Украина и правата за риболов, меѓу другите прашања.

The post Макрон сакаше Британија да страда поради Брегзит: Борис Џонсон со скандалозни тврдења во неговите мемоари appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател, Емануел Макрон, се обиде да ја натера Британија да страда поради напуштањето на Европската унија, напиша поранешниот британски премиер Борис Џонсон во своите нови мемоари. Во најновиот извадок од неговите мемоари „Oслободен“, Џонсон го обвини францускиот претседател дека ја користел нередовната миграција како „оружје“ за да го поткопа Брегзит, објави „Политико“. Тој рече дека Макрон изгледал подготвен да замижи пред бандите кои шверцуваат луѓе преку Каналот и тврди дека францускиот лидер го гледал Брегзит како „ужасно навредлив потег за ЕУ ​​и неговиот поглед на светот“. Двајцата лидери имаа ладен однос кога Џонсон беше на функцијата, со остри несогласувања околу Брегзит, војната во Украина и правата за риболов, меѓу другите прашања.

The post Макрон сакаше Британија да страда поради Брегзит: Борис Џонсон со скандалозни тврдења во неговите мемоари appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон наредил напад на холандска фабрика за вакцини против Ковид?! https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-naredil-napad-na-holandska-fabrika-za-vaktsini-protiv-kovid/ Sun, 29 Sep 2024 10:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=820721

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека им наредил на воените команданти да планираат напад на холандска фабрика во март 2021 година за да обезбедат пет милиони вакцини против Ковид, кога Европската унија се закани дека ќе ги забрани извозот во Велика Британија.

Џонсон рече дека тогашниот заменик-началник на одбраната на Велика Британија, генерал-полковник Даг Чалмерс, му кажал дека ќе биде возможен напад со помош на мали чамци за да се премине Ла Манш и да се плови по холандските канали – но го предупредил на дипломатските последици.

Според Џонсон, Чалмерс – кој оттогаш се пензионирал од армијата – му рекол дека нема да биде возможно да се изврши мисијата неоткриено и дека „ако бидеме откриени ќе мора да објасниме зошто напаѓаме долгогодишен сојузник на НАТО. “.

„Тајно се согласив со она што сите го мислеа, но не сакав да кажам гласно: дека целата работа е лудост“, вели Џонсон во извадок од неговите мемоари објавени во саботниот весник „Дејли мејл“.

Ниту британското Министерство за одбрана ниту Чалмерс – кој моментално ја извршува функцијата претседател на владиниот Комитет за стандарди во јавниот живот – сè уште не ги коментирале изјавите на Џонсон.

Спорните вакцини против Ковид беа развиени од Универзитетот во Оксфорд и AstraZeneca, но дозите беа произведени од подизведувачи во Холандија и Велика Британија.

Во март 2021 година, вакцините беа широко користени во Британија, но дозите произведени во холандската фабрика сè уште чекаа одобрение од ЕУ.

И Британија и ЕУ имаа договори со AstraZeneca за вакцините и ЕУ се обиде да ги задржи готовите вакцини во холандската фабрика за нејзина идна употреба.

Џонсон – кој победи на изборите во декември 2019 година со ветување дека ќе ги заврши долготрајните преговори за излез од ЕУ – рече дека верува оти претставниците на ЕУ дејствуваат под притисок на францускиот претседател Емануел Макрон.

„По два месеци залудни преговори, дојдов до заклучок дека ЕУ се однесува со нас злонамерно и пркосно… затоа што го вакциниравме нашето население многу побрзо отколку тие“, рече Џонсон, кој беше принуден да ја напушти функцијата во 2022 година. по скандали, вклучително и прекршување на правилата за заклучување поради болеста КОВИД-19.

The post Борис Џонсон наредил напад на холандска фабрика за вакцини против Ковид?! appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека им наредил на воените команданти да планираат напад на холандска фабрика во март 2021 година за да обезбедат пет милиони вакцини против Ковид, кога Европската унија се закани дека ќе ги забрани извозот во Велика Британија. Џонсон рече дека тогашниот заменик-началник на одбраната на Велика Британија, генерал-полковник Даг Чалмерс, му кажал дека ќе биде возможен напад со помош на мали чамци за да се премине Ла Манш и да се плови по холандските канали – но го предупредил на дипломатските последици. Според Џонсон, Чалмерс – кој оттогаш се пензионирал од армијата – му рекол дека нема да биде возможно да се изврши мисијата неоткриено и дека „ако бидеме откриени ќе мора да објасниме зошто напаѓаме долгогодишен сојузник на НАТО. “. „Тајно се согласив со она што сите го мислеа, но не сакав да кажам гласно: дека целата работа е лудост“, вели Џонсон во извадок од неговите мемоари објавени во саботниот весник „Дејли мејл“. Ниту британското Министерство за одбрана ниту Чалмерс – кој моментално ја извршува функцијата претседател на владиниот Комитет за стандарди во јавниот живот – сè уште не ги коментирале изјавите на Џонсон. Спорните вакцини против Ковид беа развиени од Универзитетот во Оксфорд и AstraZeneca, но дозите беа произведени од подизведувачи во Холандија и Велика Британија. Во март 2021 година, вакцините беа широко користени во Британија, но дозите произведени во холандската фабрика сè уште чекаа одобрение од ЕУ. И Британија и ЕУ имаа договори со AstraZeneca за вакцините и ЕУ се обиде да ги задржи готовите вакцини во холандската фабрика за нејзина идна употреба. Џонсон – кој победи на изборите во декември 2019 година со ветување дека ќе ги заврши долготрајните преговори за излез од ЕУ – рече дека верува оти претставниците на ЕУ дејствуваат под притисок на францускиот претседател Емануел Макрон. „По два месеци залудни преговори, дојдов до заклучок дека ЕУ се однесува со нас злонамерно и пркосно… затоа што го вакциниравме нашето население многу побрзо отколку тие“, рече Џонсон, кој беше принуден да ја напушти функцијата во 2022 година. по скандали, вклучително и прекршување на правилата за заклучување поради болеста КОВИД-19.

The post Борис Џонсон наредил напад на холандска фабрика за вакцини против Ковид?! appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон не ја отфрла можноста да се врати во политиката https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-ne-ja-otfrla-mozhnosta-da-se-vrati-vo-politikata/ Fri, 12 Apr 2024 09:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=765337

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон не ја отфрли можноста за враќање во политиката, но им рече на студентите во Вашингтон дека ќе се врати во јавниот живот во Велика Британија само ако почувствува дека може да биде корисен. Поранешниот премиер, кој во јуни ќе наполни 60 години, зборуваше пред студентите на Универзитетот Џорџтаун, објави лондонски „Тајмс“.

Откако зборуваше за теми како што се глобалната закана за демократијата, веројатноста Доналд Трамп повторно да стане претседател на претстојните избори во ноември, како и прашањето за неговото време како премиер, Џонсон беше прашан дали постои можност тој да се кандидира за пратеник.

Во најскоро време, не. Сметам дека единствени околности во кои некој би се кандидирал за пратеник имплицираат дека тој човек може да придонесе за државата, рече Џонсон

Тој поднесе оставка како пратеник минатата година, 12 месеци откако беше принуден да ја напушти функцијата премиер. Откако формално ја напушти политиката, тој стана голем поддржувач на Украина, а во четвртокот апелираше до американските конгресмени да усвојат нацрт-закон со кој ќе се овозможи американска помош за Киев во износ од 60 милијарди долари. Републиканците лојални на Доналд Трамп ветија дека ќе го отфрлат предлог-законот, кој Џонсон синоќа го нарече „изолационалистичка политика“.

The post Борис Џонсон не ја отфрла можноста да се врати во политиката appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон не ја отфрли можноста за враќање во политиката, но им рече на студентите во Вашингтон дека ќе се врати во јавниот живот во Велика Британија само ако почувствува дека може да биде корисен. Поранешниот премиер, кој во јуни ќе наполни 60 години, зборуваше пред студентите на Универзитетот Џорџтаун, објави лондонски „Тајмс“. Откако зборуваше за теми како што се глобалната закана за демократијата, веројатноста Доналд Трамп повторно да стане претседател на претстојните избори во ноември, како и прашањето за неговото време како премиер, Џонсон беше прашан дали постои можност тој да се кандидира за пратеник. Во најскоро време, не. Сметам дека единствени околности во кои некој би се кандидирал за пратеник имплицираат дека тој човек може да придонесе за државата, рече Џонсон Тој поднесе оставка како пратеник минатата година, 12 месеци откако беше принуден да ја напушти функцијата премиер. Откако формално ја напушти политиката, тој стана голем поддржувач на Украина, а во четвртокот апелираше до американските конгресмени да усвојат нацрт-закон со кој ќе се овозможи американска помош за Киев во износ од 60 милијарди долари. Републиканците лојални на Доналд Трамп ветија дека ќе го отфрлат предлог-законот, кој Џонсон синоќа го нарече „изолационалистичка политика“.

The post Борис Џонсон не ја отфрла можноста да се врати во политиката appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон тајно ја посетил Венецуела на разговори со Мадуро https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-tajno-ja-posetil-venetsuela-na-razgovori-so-maduro/ Sun, 10 Mar 2024 11:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=753261

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон минатиот месец тајно отпатувал во Венецуела на неофицијални разговори со лидерот на таа земја Николас Мадуро, објавија британските медиуми.

Според извештаите, Џонсон разговарал со Мадуро за Русија и Украина, и покрај тоа што Велика Британија не ја признава легитимноста на владата на Мадуро.

Се вели дека разговорите меѓу Џонсон и Мадуро за војната во Украина дошле во услови на загриженост меѓу западните влади и разузнавачката заедница дека Венецуела би можела да и доставува оружје или друга воена помош на Русија.

Џонсон и венецуелскиот претседател разговарале и за условите за нормализирање на меѓудржавните односи, имајќи предвид дека Велика Британија не ја прифаќа легитимноста на 11-годишното владеење на Мадуро.

Од кабинетот на поранешниот британски премиер соопштија дека министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Камерон бил запознаен со посетата на Џонсон, а Џонсон за посетата разговарал и со Колин Дик, британскиот амбасадор во Венецуела.

Неименуван извор од Форин Офисот потврди дека Џонсон го информирал Камерон за средбата со Мадуро, велејќи дека станува збор за приватна посета и бидејќи тоа не е официјална средба „не се бара дозвола“.

Борис Џонсон се сретна со претставници на венецуелската влада со знаење на британскиот министер за надворешни работи за да ја нагласи потребата Венецуела да прифати соодветен демократски процес. Тој неколкупати јасно стави до знаење дека не може да има услови за нормализација на односите додека Венецуела целосно не ја прифати демократијата и почитувањето на територијалниот интегритет на соседите, изјави портпаролот на Борис Џонсон.

 

The post Борис Џонсон тајно ја посетил Венецуела на разговори со Мадуро appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон минатиот месец тајно отпатувал во Венецуела на неофицијални разговори со лидерот на таа земја Николас Мадуро, објавија британските медиуми. Според извештаите, Џонсон разговарал со Мадуро за Русија и Украина, и покрај тоа што Велика Британија не ја признава легитимноста на владата на Мадуро. Се вели дека разговорите меѓу Џонсон и Мадуро за војната во Украина дошле во услови на загриженост меѓу западните влади и разузнавачката заедница дека Венецуела би можела да и доставува оружје или друга воена помош на Русија. Џонсон и венецуелскиот претседател разговарале и за условите за нормализирање на меѓудржавните односи, имајќи предвид дека Велика Британија не ја прифаќа легитимноста на 11-годишното владеење на Мадуро. Од кабинетот на поранешниот британски премиер соопштија дека министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Камерон бил запознаен со посетата на Џонсон, а Џонсон за посетата разговарал и со Колин Дик, британскиот амбасадор во Венецуела. Неименуван извор од Форин Офисот потврди дека Џонсон го информирал Камерон за средбата со Мадуро, велејќи дека станува збор за приватна посета и бидејќи тоа не е официјална средба „не се бара дозвола“.
Борис Џонсон се сретна со претставници на венецуелската влада со знаење на британскиот министер за надворешни работи за да ја нагласи потребата Венецуела да прифати соодветен демократски процес. Тој неколкупати јасно стави до знаење дека не може да има услови за нормализација на односите додека Венецуела целосно не ја прифати демократијата и почитувањето на територијалниот интегритет на соседите, изјави портпаролот на Борис Џонсон.
 

The post Борис Џонсон тајно ја посетил Венецуела на разговори со Мадуро appeared first on Република.

]]>
Taкер Карслон: Борис Џонсон ми бараше милион долари за интервју, и тоа во злато или биткоинти https://republika.mk/vesti/svet/taker-karslon-boris-dhonson-mi-barashe-milion-dolari-za-intervju-i-toa-vo-zlato-ili-bitkointi/ Thu, 22 Feb 2024 08:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=746841

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон побарал од американскиот новинар Такер Карлсон милион долари за интервју во кое ќе ја разјасни својата позиција за конфликтот во Украина.

- Борис Џонсон ме нарече „оружје на Кремљ“ или нешто слично. Испратив барање за интервју со Борис Џонсон. Еден од неговите советници ми одговори: „Ќе разговара со тебе, но тоа ќе чини милион долари. Тој сака милион американски долари во злато или биткоини.  – изјави Карлсон.

Тој објасни дека Џонсон само се согласил да разговара со него за Украина под такви услови и да ја објасни својата позиција.

- Ме напаѓа без да објасни зошто грешам и зошто е во право. А тоа го прави човек кој на барање на американската влада спречи мировен договор во Украина пред една и пол година и кој верувам дека е одговорен за смртта на стотици илјади луѓе. И ништо од тоа нема да ми објасни во интервјуто додека не му платам милион долари.

The post Taкер Карслон: Борис Џонсон ми бараше милион долари за интервју, и тоа во злато или биткоинти appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон побарал од американскиот новинар Такер Карлсон милион долари за интервју во кое ќе ја разјасни својата позиција за конфликтот во Украина.
- Борис Џонсон ме нарече „оружје на Кремљ“ или нешто слично. Испратив барање за интервју со Борис Џонсон. Еден од неговите советници ми одговори: „Ќе разговара со тебе, но тоа ќе чини милион долари. Тој сака милион американски долари во злато или биткоини.  – изјави Карлсон.
Тој објасни дека Џонсон само се согласил да разговара со него за Украина под такви услови и да ја објасни својата позиција.
- Ме напаѓа без да објасни зошто грешам и зошто е во право. А тоа го прави човек кој на барање на американската влада спречи мировен договор во Украина пред една и пол година и кој верувам дека е одговорен за смртта на стотици илјади луѓе. И ништо од тоа нема да ми објасни во интервјуто додека не му платам милион долари.

The post Taкер Карслон: Борис Џонсон ми бараше милион долари за интервју, и тоа во злато или биткоинти appeared first on Република.

]]>
Џонсон ги призна направените грешки и се извини на жртвите од Ковид https://republika.mk/vesti/svet/dhonson-gi-prizna-napravenite-greshki-i-se-izvini-na-zhrtvite-od-kovid/ Wed, 06 Dec 2023 13:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=720362

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека презема лична одговорност за грешките направени во справувањето со пандемијата и им се извини на жртвите во истрагата за Ковид-19 во Обединетото Кралство.

Џонсон рече дека неговата влада „несомнено“ требало да ги направи работите поинаку, но инсистираше на тоа дека го постигнала „најдоброто ниво“ во „многу тешки“ околности.

-Можам ли само да кажам колку ми е мило што сум во оваа истрага и колку ми е жал за болката и загубата и страдањето на жртвите од Ковид, рече Џонсон.

Тој додаде дека неговата влада направила грешки, велејќи: „Толку многу луѓе страдаа, толку многу луѓе ги загубија животите“.

-Неизбежно, во текот на обидот да се справиме со многу, многу тешка пандемија во која моравме да ги балансираме ужасните штети од двете страни на одлуката, можеби сме направиле грешки. Преземам лична одговорност за сите одлуки што ги донесовме, рече Џонсон.

Меѓу одлуките за кои тој ја презема одговорноста се брзината на одговорот на владата на пандемијата во 2020 година, одлуките за карантин, експлозијата на вирусот во секторот за резиденцијална нега, шемата Eat Out to Help Out…

The post Џонсон ги призна направените грешки и се извини на жртвите од Ковид appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон рече дека презема лична одговорност за грешките направени во справувањето со пандемијата и им се извини на жртвите во истрагата за Ковид-19 во Обединетото Кралство. Џонсон рече дека неговата влада „несомнено“ требало да ги направи работите поинаку, но инсистираше на тоа дека го постигнала „најдоброто ниво“ во „многу тешки“ околности. -Можам ли само да кажам колку ми е мило што сум во оваа истрага и колку ми е жал за болката и загубата и страдањето на жртвите од Ковид, рече Џонсон. Тој додаде дека неговата влада направила грешки, велејќи: „Толку многу луѓе страдаа, толку многу луѓе ги загубија животите“. -Неизбежно, во текот на обидот да се справиме со многу, многу тешка пандемија во која моравме да ги балансираме ужасните штети од двете страни на одлуката, можеби сме направиле грешки. Преземам лична одговорност за сите одлуки што ги донесовме, рече Џонсон. Меѓу одлуките за кои тој ја презема одговорноста се брзината на одговорот на владата на пандемијата во 2020 година, одлуките за карантин, експлозијата на вирусот во секторот за резиденцијална нега, шемата Eat Out to Help Out…

The post Џонсон ги призна направените грешки и се извини на жртвите од Ковид appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон им се извини на жртвите во истрагата за прекршување на правилата за време на пандемијата https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-im-se-izvini-na-zhrtvite-vo-istragata-za-prekrshuvane-na-pravilata-za-vreme-na-pandemijata/ Wed, 06 Dec 2023 12:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=720303

На денешното рочиште во истражната постапка за прекршување на правилата воведени за време на пандемијата на корона вирусот, поранешниот британски премиер, кој требаше да се појави пред судот како сведок, даде заклетва и веднаш почна со сведочењето.

Но, веднаш беше прекинат поради предупредување од судскиот совет упатено до неколку демонстранти во публиката дека ќе бидат отстранети поради дофрлања, пренесува Скај њуз.

Џонсон, кој дојде во судницата три часа пред почетокот на судењето, потоа го продолжи сведочењето, велејќи дека ги разбира чувствата на семејствата на жртвите и длабоко жали за нив.

Еден од набљудувачите на судењето кои протестираа против Џонсон држеше натпис „Мртвите не можат да ги слушнат вашите извинувања“, што го направи поранешниот британски премиер видно нервозен, пишува Скај њуз.

Џонсон, меѓу другото, рече дека е „благодарен“ на здравствените работници и државните службеници кои помогнаа да се заштити земјата за време на пандемијата, изразувајќи уверување дека истрагата ќе даде одговори на многу тешките прашања поставени од семејствата на жртвите од коронавирусот.

Британските медиуми непосредно пред почетокот на истражниот процес против Џонсон објавија дека поранешниот премиер ќе изјави дека Крис Вити, главниот медицински службеник во неговата влада, постојано го предупредувал за ризиците од предвремено воведување мерки за изолација поради загриженоста дека луѓето би се умориле од ограничувањата и би ги прекршил правилата, објави Тајмс.

Тој тогаш рече дека предвременото воведување на изолација ќе има лош ефект врз училишните деца, економијата, менталното здравје и животните шанси на луѓето, пишува лондонскиот весник.

Одлуката на Џонсон да го одложи воведувањето на заклучувањето поради пандемијата на коронавирус до 23 март 2020 година најверојатно ќе биде предмет на интензивна контрола во текот на истрагата.

 

The post Борис Џонсон им се извини на жртвите во истрагата за прекршување на правилата за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>

На денешното рочиште во истражната постапка за прекршување на правилата воведени за време на пандемијата на корона вирусот, поранешниот британски премиер, кој требаше да се појави пред судот како сведок, даде заклетва и веднаш почна со сведочењето. Но, веднаш беше прекинат поради предупредување од судскиот совет упатено до неколку демонстранти во публиката дека ќе бидат отстранети поради дофрлања, пренесува Скај њуз. Џонсон, кој дојде во судницата три часа пред почетокот на судењето, потоа го продолжи сведочењето, велејќи дека ги разбира чувствата на семејствата на жртвите и длабоко жали за нив. Еден од набљудувачите на судењето кои протестираа против Џонсон држеше натпис „Мртвите не можат да ги слушнат вашите извинувања“, што го направи поранешниот британски премиер видно нервозен, пишува Скај њуз. Џонсон, меѓу другото, рече дека е „благодарен“ на здравствените работници и државните службеници кои помогнаа да се заштити земјата за време на пандемијата, изразувајќи уверување дека истрагата ќе даде одговори на многу тешките прашања поставени од семејствата на жртвите од коронавирусот. Британските медиуми непосредно пред почетокот на истражниот процес против Џонсон објавија дека поранешниот премиер ќе изјави дека Крис Вити, главниот медицински службеник во неговата влада, постојано го предупредувал за ризиците од предвремено воведување мерки за изолација поради загриженоста дека луѓето би се умориле од ограничувањата и би ги прекршил правилата, објави Тајмс. Тој тогаш рече дека предвременото воведување на изолација ќе има лош ефект врз училишните деца, економијата, менталното здравје и животните шанси на луѓето, пишува лондонскиот весник. Одлуката на Џонсон да го одложи воведувањето на заклучувањето поради пандемијата на коронавирус до 23 март 2020 година најверојатно ќе биде предмет на интензивна контрола во текот на истрагата.  

The post Борис Џонсон им се извини на жртвите во истрагата за прекршување на правилата за време на пандемијата appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон намерно го довел во заблуда Парламентот за „ковид-забавите“, одлучи Британски комитет https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-namerno-go-dovel-vo-zabluda-parlamentot-za-kovid-zabavite-odluchi-britanski-komitet/ Thu, 15 Jun 2023 10:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=651689

Комитетот за привилегии при Долниот дом одлучи дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон треба да биде суспендиран од пратеничката функција на 90 дена поради тоа што намерно го завел Парламентот за забавите што ги приредувал за време на пандемијата.

Комисијата објави дека Џонсон намерно го довел во заблуда Долниот дом и бил соучесник во, како што ја нарече, „кампања на злоупотреба и обид за заплашување на комисијата“, објави Би-Би-Си.

Џонсон намерно го доведе во заблуда парламентот за забавите за кршење на карантинот што ги организираше за време на пандемијата, што го поткопа неговиот кредибилитет и придонесе за неговиот пад, соопшти комисијата на пратеници по едногодишна истрага.

Членовите на персоналот на Џонсон одржаа серија забави во 2020 и 2021 година кога таквите собири беа забранети поради пандемијата.

Долниот дом сега ќе расправа за извештајот на комисијата и ќе одлучи дали се согласува со наодите на комитетот и препорачаните санкции.

Комитетот, исто така, рече дека на Џонсон не треба да му се одобри пропусница до зградата на Парламентот.

The post Борис Џонсон намерно го довел во заблуда Парламентот за „ковид-забавите“, одлучи Британски комитет appeared first on Република.

]]>

Комитетот за привилегии при Долниот дом одлучи дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон треба да биде суспендиран од пратеничката функција на 90 дена поради тоа што намерно го завел Парламентот за забавите што ги приредувал за време на пандемијата. Комисијата објави дека Џонсон намерно го довел во заблуда Долниот дом и бил соучесник во, како што ја нарече, „кампања на злоупотреба и обид за заплашување на комисијата“, објави Би-Би-Си. Џонсон намерно го доведе во заблуда парламентот за забавите за кршење на карантинот што ги организираше за време на пандемијата, што го поткопа неговиот кредибилитет и придонесе за неговиот пад, соопшти комисијата на пратеници по едногодишна истрага. Членовите на персоналот на Џонсон одржаа серија забави во 2020 и 2021 година кога таквите собири беа забранети поради пандемијата. Долниот дом сега ќе расправа за извештајот на комисијата и ќе одлучи дали се согласува со наодите на комитетот и препорачаните санкции. Комитетот, исто така, рече дека на Џонсон не треба да му се одобри пропусница до зградата на Парламентот.

The post Борис Џонсон намерно го довел во заблуда Парламентот за „ковид-забавите“, одлучи Британски комитет appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон одбил да го предаде мобилниот што го користел за време на пандемијата и „локдаунот“ https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-odbil-da-go-predade-mobilniot-shto-go-koristel-za-vreme-na-pandemijata-i-lokdaunot/ Wed, 07 Jun 2023 06:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=648529

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон одбил да им го предаде телефонот што го користел за време на поголемиот дел од пандемијата „Ковид-19“ на британските службеници, иако тие можеби содржеле пораки за заклучувањето, објави лондонскиот „Тајмс“.

Кабинетот му нареди на Џонсон во август 2022 година дека ќе мора да ги предаде „секакви хартиени или електронски записи“ од неговото време во Даунинг стрит за време на истрагата за начинот на кој владата управува со земјата за време на пандемијата „Ковид-19“, истакнувајќи дека мора да се чува ги „безбедни, за да можат да бидат достапни доколку се појави такво барање“.

Сепак, Џонсон не го предаде телефонот што го користеше пред април 2021 година, период кога имаше три заклучувања, како и време кога се одржуваа забави во владини простории, познати како „Партигејт“.

The post Борис Џонсон одбил да го предаде мобилниот што го користел за време на пандемијата и „локдаунот“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон одбил да им го предаде телефонот што го користел за време на поголемиот дел од пандемијата „Ковид-19“ на британските службеници, иако тие можеби содржеле пораки за заклучувањето, објави лондонскиот „Тајмс“. Кабинетот му нареди на Џонсон во август 2022 година дека ќе мора да ги предаде „секакви хартиени или електронски записи“ од неговото време во Даунинг стрит за време на истрагата за начинот на кој владата управува со земјата за време на пандемијата „Ковид-19“, истакнувајќи дека мора да се чува ги „безбедни, за да можат да бидат достапни доколку се појави такво барање“. Сепак, Џонсон не го предаде телефонот што го користеше пред април 2021 година, период кога имаше три заклучувања, како и време кога се одржуваа забави во владини простории, познати како „Партигејт“.

The post Борис Џонсон одбил да го предаде мобилниот што го користел за време на пандемијата и „локдаунот“ appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон ќе стане татко по осми пат! https://republika.mk/zivot/semejstvo/boris-dhonson-ke-stane-tatko-po-osmi-pat/ Sat, 20 May 2023 13:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=642992

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, открила на Инстаграм дека двајцата го очекуваат своето трето дете.

Парот досега ја криеше среќната вест од јавноста, а Кери открила во објавата дека третото бебе пристигнува веќе следниот месец.

Бев прилично исцрпена во последните 8 месеци, но не можеме да дочекаме да го запознаеме ова бебе. Вилф е возбуден бидејќи уште еднаш ќе стане постар брат и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми нема поим што ја чека... Наскоро ќе дознае“, напишала 35-годишната Кери во објавата.

Додека ова за неа е трето дете, за поранешниот британски премиер е осмо. Тој првпат се венчаше во 1987 година со Алегра Мостин-Овен која ја запознал уште како студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година откако се утврди дека Џонсон е во врска со пријателка од детството, Марина Вилер.

Токму со Марина се венчаше во 1993 година, а се разведе во 2018 година. Двајцата имаат две ќерки, Лара Летис и Касија Пичес, и два сина, Мило Артур и Теодор Аполо. Поранешниот премиер има и ќерка која ја добил со уметничката советничка Хелен Мекинтајр.

The post Борис Џонсон ќе стане татко по осми пат! appeared first on Република.

]]>

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, открила на Инстаграм дека двајцата го очекуваат своето трето дете. Парот досега ја криеше среќната вест од јавноста, а Кери открила во објавата дека третото бебе пристигнува веќе следниот месец.
Бев прилично исцрпена во последните 8 месеци, но не можеме да дочекаме да го запознаеме ова бебе. Вилф е возбуден бидејќи уште еднаш ќе стане постар брат и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми нема поим што ја чека... Наскоро ќе дознае“, напишала 35-годишната Кери во објавата.
Додека ова за неа е трето дете, за поранешниот британски премиер е осмо. Тој првпат се венчаше во 1987 година со Алегра Мостин-Овен која ја запознал уште како студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година откако се утврди дека Џонсон е во врска со пријателка од детството, Марина Вилер. Токму со Марина се венчаше во 1993 година, а се разведе во 2018 година. Двајцата имаат две ќерки, Лара Летис и Касија Пичес, и два сина, Мило Артур и Теодор Аполо. Поранешниот премиер има и ќерка која ја добил со уметничката советничка Хелен Мекинтајр.

The post Борис Џонсон ќе стане татко по осми пат! appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-iskren-nikogash-ne-lazhev-za-zabavite-vo-vladata-za-vreme-na-karantinot/ Wed, 22 Mar 2023 20:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=622625

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска под заклетва изјави дека никогаш не ги лажел пратениците за владините забави за време на карантинот, воведен поради пандемијата на Ковид-19.

Тој денеска сведочеше пред Комитетот за стандарди на Долниот дом поради „лажни изјави“ што ги давал во парламентот за собирите во владините згради.

Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва со раката на Библијата.

Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.

Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.

Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“.

После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година.

Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка.

The post Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска под заклетва изјави дека никогаш не ги лажел пратениците за владините забави за време на карантинот, воведен поради пандемијата на Ковид-19. Тој денеска сведочеше пред Комитетот за стандарди на Долниот дом поради „лажни изјави“ што ги давал во парламентот за собирите во владините згради.
Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва со раката на Библијата.
Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.
Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.
Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“. После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година. Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка.

The post Борис Џонсон искрен: Никогаш не лажев за забавите во Владата за време на карантинот appeared first on Република.

]]>
Џонсон: Ако победи Русија, загрозена е и Британија, мора да испратиме борбени авиони https://republika.mk/vesti/svet/dhonson-ako-pobedi-rusija-zagrozena-e-i-britanija-mora-da-ispratime-borbeni-avioni/ Thu, 23 Feb 2023 19:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=612548

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон предупреди дека безбедноста на Велика Британија може да биде загрозена доколку Украина ја загуби војната со Русија.

Во интервју за ,,Скај Њуз”, во пресрет на првата годишнина од војната, Џонсон рече дека Обединетото Кралство треба да го скрши мразот и да стане првата земја што испорачува борбени авиони на Украина.

„Украина сака Ф-16. Ние ги немаме, но имаме тајфуни. Мислам дека Британија треба да го скрши мразот и да испрати тајфуни во Киев. Ако Русија победи, Путин би можел да ги загрози балтичките држави, а безбедноста на Обединетото Кралство би можела да биде загрозена“, рече Џонсон.

Поранешниот британски премиер ја коментираше и ситуацијата со Кина и изјави дека Пекинг ќе направи „историска грешка“ доколку ја снабди Москва со оружје.

Тој додаде дека е многу загрижен поради вчерашната средба меѓу кинескиот врвен дипломат Ванг Ји и Владимир Путин.

Во интервјуто Џонсон го нарече Путин гангстер и рече дека подоцна може да им се заканува на другите земји.

„Влогот е многу голем. Тој може да им се закани на сите делови од поранешната советска империја што сака да ги заплаши. Ова е апсолутно критичен момент за целиот свет“, рече тој,пренесе Индекс.хр.

https://www.youtube.com/watch?v=5l10qllekmI

The post Џонсон: Ако победи Русија, загрозена е и Британија, мора да испратиме борбени авиони appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон предупреди дека безбедноста на Велика Британија може да биде загрозена доколку Украина ја загуби војната со Русија.
Во интервју за ,,Скај Њуз”, во пресрет на првата годишнина од војната, Џонсон рече дека Обединетото Кралство треба да го скрши мразот и да стане првата земја што испорачува борбени авиони на Украина. „Украина сака Ф-16. Ние ги немаме, но имаме тајфуни. Мислам дека Британија треба да го скрши мразот и да испрати тајфуни во Киев. Ако Русија победи, Путин би можел да ги загрози балтичките држави, а безбедноста на Обединетото Кралство би можела да биде загрозена“, рече Џонсон. Поранешниот британски премиер ја коментираше и ситуацијата со Кина и изјави дека Пекинг ќе направи „историска грешка“ доколку ја снабди Москва со оружје. Тој додаде дека е многу загрижен поради вчерашната средба меѓу кинескиот врвен дипломат Ванг Ји и Владимир Путин. Во интервјуто Џонсон го нарече Путин гангстер и рече дека подоцна може да им се заканува на другите земји. „Влогот е многу голем. Тој може да им се закани на сите делови од поранешната советска империја што сака да ги заплаши. Ова е апсолутно критичен момент за целиот свет“, рече тој,пренесе Индекс.хр. https://www.youtube.com/watch?v=5l10qllekmI

The post Џонсон: Ако победи Русија, загрозена е и Британија, мора да испратиме борбени авиони appeared first on Република.

]]>
Песков: Не е точно дека Путин му се заканувал на Џонсон https://republika.mk/vesti/svet/peskov-ne-e-tochno-deka-putin-mu-se-zakanuval-na-dhonson/ Mon, 30 Jan 2023 12:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=602630

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.

Не, тоа што го кажа господинот Џонсон не е вистина, поточно е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека или е свесна лага, тогаш прашање е со која цел избрал таква верзија на презентацијата, или е несвесна, бидејќи всушност не разбрал за што зборува претседателот Путин – рече Песков во одговор на новинарско прашање.

Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.

 

The post Песков: Не е точно дека Путин му се заканувал на Џонсон appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.
Не, тоа што го кажа господинот Џонсон не е вистина, поточно е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека или е свесна лага, тогаш прашање е со која цел избрал таква верзија на презентацијата, или е несвесна, бидејќи всушност не разбрал за што зборува претседателот Путин – рече Песков во одговор на новинарско прашање.
Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.  

The post Песков: Не е точно дека Путин му се заканувал на Џонсон appeared first on Република.

]]>
Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон https://republika.mk/vesti/svet/peskov-laga-e-deka-putin-mu-se-zakanuval-na-dhonson/ Mon, 30 Jan 2023 11:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=602588

ортпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.

Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.

The post Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон appeared first on Република.

]]>

ортпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.
Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.
Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.

The post Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон appeared first on Република.

]]>
Путин му рекол на Борис Џонсон дека му треба една минута да ја ракетира Британија https://republika.mk/vesti/svet/putin-mu-rekol-na-boris-dhonson-deka-mu-treba-edna-minuta-da-ja-raketira-britanija/ Mon, 30 Jan 2023 09:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=602539

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин упатил директна закана кон него лани.

Путин му се заканил на Џонсон со ракетен напад кога телефонски разговарале пред почетокот на војната во Украина. Сепак, екс британскиот премиер смета дека Путин само си поигрувал со него.

Путин ми кажа дека за тоа би била потребна само една минута. Ми го кажа ова откако го предупредив дека војната би била крајна катастрофа, вели Џонсон во документарецот на Би-Би-Си „Путин против западот“.

Џонсон му рекол на Путин дека инвазија на Украина ќе резултира со санкции за Русија и уште повеќе НАТО трупи на нејзините граници. За да го премисли, Џонсон го убедувал дека Украина нема да се придружи на НАТО во блиска иднина.

Руските власти тврделе дека Русија веќе никогаш нема да биде понижувана. Војната почна лани во февруари и уште трае. Украина бара уште оружје од западните партнери.

 

The post Путин му рекол на Борис Џонсон дека му треба една минута да ја ракетира Британија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин упатил директна закана кон него лани. Путин му се заканил на Џонсон со ракетен напад кога телефонски разговарале пред почетокот на војната во Украина. Сепак, екс британскиот премиер смета дека Путин само си поигрувал со него.
Путин ми кажа дека за тоа би била потребна само една минута. Ми го кажа ова откако го предупредив дека војната би била крајна катастрофа, вели Џонсон во документарецот на Би-Би-Си „Путин против западот“.
Џонсон му рекол на Путин дека инвазија на Украина ќе резултира со санкции за Русија и уште повеќе НАТО трупи на нејзините граници. За да го премисли, Џонсон го убедувал дека Украина нема да се придружи на НАТО во блиска иднина. Руските власти тврделе дека Русија веќе никогаш нема да биде понижувана. Војната почна лани во февруари и уште трае. Украина бара уште оружје од западните партнери.  

The post Путин му рекол на Борис Џонсон дека му треба една минута да ја ракетира Британија appeared first on Република.

]]>
Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија https://republika.mk/vesti/svet/boris-dhonson-ke-pishuva-memoari-za-periodot-dodeka-beshe-premier-na-velika-britanija/ Tue, 17 Jan 2023 12:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=597878

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија.

– Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави Арабела Пајк. директорка на издавачката куќа „Харпер Колинс“.

Засега нема детали колкав е хонорарот на Џонсон и кога книгата ќе биде објавена.

Џонсон поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на септември минатата година, откако ја изгуби поддршката од министрите и пратениците поради скандалот кога беше фотографиран на забава додека остатокот од Британија беше во карантин за време на пандемијата.

 

The post Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија. – Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави Арабела Пајк. директорка на издавачката куќа „Харпер Колинс“. Засега нема детали колкав е хонорарот на Џонсон и кога книгата ќе биде објавена. Џонсон поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на септември минатата година, откако ја изгуби поддршката од министрите и пратениците поради скандалот кога беше фотографиран на забава додека остатокот од Британија беше во карантин за време на пандемијата.  

The post Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Зборуваше пред банкари во Њујорк, осигуретилни компании, на состанок во Португалија: Борис Џонсон како говорник заработил повеќе од милион евра https://republika.mk/vesti/svet/zboruvashe-pred-bankari-vo-njujork-osiguretilni-kompanii-na-sostanok-vo-portugalija-boris-dzonson-kako-govornik-zarabotil-povekje-od-milion-evra/ Thu, 15 Dec 2022 18:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=586108

Откако го напушти врвот на Владата, поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, заработил огромни суми пари како говорник. Според новите податоци за дополнителната заработка на британските пратеници, на неговата сметка, со хонорари за говор се наталожиле повеќе од милион фунти (околу 1,12 милиони евра).

Во последните месеци, Џонсон имаше јавни обраќања, меѓу другото, пред банкарите во Њујорк, осигурителните компании во САД, на состанокот организиран од „Си-ен-ен“ во Португалија и на уште една сесија во Индија.

За своите настапи, Џонсон добивал уплати во износ од 215.000 до 277.000 фунти (од околу 249.000 до речиси 322.000 евра), се вели во ажурираните информации во документот објавен на веб-страницата на британскиот парламент, во кој се евидентираат сите дополнителни заработки на пратениците.

Џонсон замина од Даунинг стрит откако ја објави својата оставка од Владата во јули, по низа скандали кои ја поткопаа поддршката што ја имаше во неговата партија. Мандатот официјално му заврши во септември, но 58-годишниот политичар сè уште има место во парламентарните клупи на неговата владејачка конзервативна партија.

Откако неговата наследничка Лиз Трус беше принудена екстремно брзо да ја напушти функцијата поради последиците од најавените даночни промени, дури извесен период се навестуваше и можност за негово враќање на власт, но на крајот, партиските пратеници го поддржаа сегашниот премиер, Риши Сунак.

Џонсон, кој и понатаму е популарен меѓу конзервативците, не ја отфрла можноста за нов обид да ја добие премиерската функција. Следните избори во Велика Британија се очекува да се одржат во 2024 година.

The post Зборуваше пред банкари во Њујорк, осигуретилни компании, на состанок во Португалија: Борис Џонсон како говорник заработил повеќе од милион евра appeared first on Република.

]]>

Откако го напушти врвот на Владата, поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, заработил огромни суми пари како говорник. Според новите податоци за дополнителната заработка на британските пратеници, на неговата сметка, со хонорари за говор се наталожиле повеќе од милион фунти (околу 1,12 милиони евра). Во последните месеци, Џонсон имаше јавни обраќања, меѓу другото, пред банкарите во Њујорк, осигурителните компании во САД, на состанокот организиран од „Си-ен-ен“ во Португалија и на уште една сесија во Индија. За своите настапи, Џонсон добивал уплати во износ од 215.000 до 277.000 фунти (од околу 249.000 до речиси 322.000 евра), се вели во ажурираните информации во документот објавен на веб-страницата на британскиот парламент, во кој се евидентираат сите дополнителни заработки на пратениците. Џонсон замина од Даунинг стрит откако ја објави својата оставка од Владата во јули, по низа скандали кои ја поткопаа поддршката што ја имаше во неговата партија. Мандатот официјално му заврши во септември, но 58-годишниот политичар сè уште има место во парламентарните клупи на неговата владејачка конзервативна партија. Откако неговата наследничка Лиз Трус беше принудена екстремно брзо да ја напушти функцијата поради последиците од најавените даночни промени, дури извесен период се навестуваше и можност за негово враќање на власт, но на крајот, партиските пратеници го поддржаа сегашниот премиер, Риши Сунак. Џонсон, кој и понатаму е популарен меѓу конзервативците, не ја отфрла можноста за нов обид да ја добие премиерската функција. Следните избори во Велика Британија се очекува да се одржат во 2024 година.

The post Зборуваше пред банкари во Њујорк, осигуретилни компании, на состанок во Португалија: Борис Џонсон како говорник заработил повеќе од милион евра appeared first on Република.

]]>
Џонсон: Германија беше за брз пораз на Украина, Франција не ни веруваше дека ќе има напад https://republika.mk/vesti/svet/dzonson-germanija-beshe-za-brz-poraz-na-ukraina-francija-ne-ni-veruvashe-deka-kje-ima-napad/ Wed, 23 Nov 2022 09:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=577226

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон сподели пред јавноста за тоа како некои од европските лидери реагирале на руската инвазија на Украина. Тој истакна дека Германија била за брз пораз на Украина, додека Франција не верувала дека нападот ќе се случи се додека руските војници не ја преминале границата.

Џонсон рече дека имало различни ставови за тензиите меѓу завојуваните страни пред нападот што започна на 24 февруари.

Во изјавата за „Си-Ен-Ен“ тој ги издвои ставовите на трите најистакнати членки на ЕУ.

Германската позиција во една фаза беше дека ако тоа се случи, што би било катастрофа, тогаш би било подобро работата да се заврши брзо и Украина да се откаже. Мислев дека тоа е катастрофален начин на гледање на работите. Но, можам да разберам зошто тие размислуваа така, рече Џонсон.

Кога станува збор за Франција, Џонсон истакна дека воопшто не треба да има сомневање дека Французите и не верувале дека воопшто ќе има напад, се до последниот момент.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше критикуван за неговото справување со кризата, а го посети Кремљ само неколку недели пред руската инвазија на Украина.

Италијанската влада на чело со Марио Драги во една фаза истакнуваше дека нема да може да ја поддржи позицијата што ја зазедовме, вели Џонсон, повторно поврзувајќи ја италијанската рамнодушност со зависноста од рускиот гас.

Поранешниот британски премиер уште изјави дека Западот брзо сфатил оти со Путин не може да се преговара и дека е потребен обединет фронт.

Џонсон посочи дека ЕУ направила сè брилијантно од почетокот на инвазијата, нагласувајќи дека „по моите стравувања, можам само да оддадам почит на начинот на кој делуваше ЕУ“.

The post Џонсон: Германија беше за брз пораз на Украина, Франција не ни веруваше дека ќе има напад appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон сподели пред јавноста за тоа како некои од европските лидери реагирале на руската инвазија на Украина. Тој истакна дека Германија била за брз пораз на Украина, додека Франција не верувала дека нападот ќе се случи се додека руските војници не ја преминале границата. Џонсон рече дека имало различни ставови за тензиите меѓу завојуваните страни пред нападот што започна на 24 февруари. Во изјавата за „Си-Ен-Ен“ тој ги издвои ставовите на трите најистакнати членки на ЕУ. Германската позиција во една фаза беше дека ако тоа се случи, што би било катастрофа, тогаш би било подобро работата да се заврши брзо и Украина да се откаже. Мислев дека тоа е катастрофален начин на гледање на работите. Но, можам да разберам зошто тие размислуваа така, рече Џонсон. Кога станува збор за Франција, Џонсон истакна дека воопшто не треба да има сомневање дека Французите и не верувале дека воопшто ќе има напад, се до последниот момент. Францускиот претседател Емануел Макрон беше критикуван за неговото справување со кризата, а го посети Кремљ само неколку недели пред руската инвазија на Украина. Италијанската влада на чело со Марио Драги во една фаза истакнуваше дека нема да може да ја поддржи позицијата што ја зазедовме, вели Џонсон, повторно поврзувајќи ја италијанската рамнодушност со зависноста од рускиот гас. Поранешниот британски премиер уште изјави дека Западот брзо сфатил оти со Путин не може да се преговара и дека е потребен обединет фронт. Џонсон посочи дека ЕУ направила сè брилијантно од почетокот на инвазијата, нагласувајќи дека „по моите стравувања, можам само да оддадам почит на начинот на кој делуваше ЕУ“.

The post Џонсон: Германија беше за брз пораз на Украина, Франција не ни веруваше дека ќе има напад appeared first on Република.

]]>
Џонсон: Путин ја прави истата грешка како Милошевиќ https://republika.mk/vesti/svet/dzonson-putin-ja-pravi-istata-greshka-kako-miloshevikj/ Wed, 02 Nov 2022 07:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=568551

Поранешниот премиер Борис Џонсон за Sky News го спореди рускиот претседател Владимир Путин со претседателот, Слободан Милошевиќ. Тој рече дека Путин направил „катастрофална грешка“ кога решил да ја нападне Украина.

„Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој фундаментално погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ за Косово“, рече Џонсон.

Милошевиќ веруваше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српскиот народ. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и потеклото на православната вера“, рече поранешниот британски премиер.

Тоа е целосна грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, со свои амбиции и судбина. Тој направи фундаментална грешка“, рече Џонсон.

The post Џонсон: Путин ја прави истата грешка како Милошевиќ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Борис Џонсон за Sky News го спореди рускиот претседател Владимир Путин со претседателот, Слободан Милошевиќ. Тој рече дека Путин направил „катастрофална грешка“ кога решил да ја нападне Украина.
„Сите ние во британската влада го прочитавме неговиот луд есеј за Украина, кој го објави минатото лето. Тој фундаментално погрешно ја процени Украина. Тоа беше како да го читав Слободан Милошевиќ за Косово“, рече Џонсон. Милошевиќ веруваше дека Косово е составен дел на голема Србија и духовна татковина на српскиот народ. Мислам дека Путин го мисли истото за Киев и потеклото на православната вера“, рече поранешниот британски премиер. Тоа е целосна грешка. Украина е слободна и независна европска култура со свој идентитет, со свои амбиции и судбина. Тој направи фундаментална грешка“, рече Џонсон.

The post Џонсон: Путин ја прави истата грешка како Милошевиќ appeared first on Република.

]]>
Џонсон: Путин не е луд, нема да употреби нуклеарно оружје во Украина https://republika.mk/vesti/svet/dzonson-putin-ne-e-lud-nema-da-upotrebi-nuklearno-oruzje-vo-ukraina/ Tue, 01 Nov 2022 21:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=568473

Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, во интевјуто за „Скај њуз“ изјави дека не верува оти рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Ваквиот став на Џонсон доаѓа откако во западните медиуми се појавија сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку руските сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно заземената територија.

Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа. Таков чин би значел дека Русија во истата секунда се повлекува од клубот цивилизирани земји. Тоа би била целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш потоа би била замрзната - порача Џонсон.

The post Џонсон: Путин не е луд, нема да употреби нуклеарно оружје во Украина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер, Борис Џонсон, во интевјуто за „Скај њуз“ изјави дека не верува оти рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина. Ваквиот став на Џонсон доаѓа откако во западните медиуми се појавија сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку руските сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно заземената територија.
Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа. Таков чин би значел дека Русија во истата секунда се повлекува од клубот цивилизирани земји. Тоа би била целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш потоа би била замрзната - порача Џонсон.

The post Џонсон: Путин не е луд, нема да употреби нуклеарно оружје во Украина appeared first on Република.

]]>