Борис Бекер Archives - Република https://republika.mk/tema/boris-beker/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 07:00:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Борис Бекер Archives - Република https://republika.mk/tema/boris-beker/ 32 32 Ова е ќерката на Борис Бекер којашто ја направи во тоалет https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ova-e-kerkata-na-boris-beker-kojashto-ja-napravi-vo-toalet/ Sat, 18 May 2024 20:22:07 +0000 https://republika.mk/?p=779660

Цел свет знае дека Ана Бекер е резултат на петминутна афера на скалите на еден клуб на поранешнот тенисер Борис Бекер.

Борис ја добии Ана со манекенката Ангела Ермакова, а самиот факт што девојчето го носи презимето на нејзината мајка укажува на одредени проблеми. Не е родена во брак, па дури ни во врска.

Анџела забременила случајно за време на петминутнот страсен секс  во ресторан во Лондон. Во времето на оваа врска тој беше во брак со Барбара Фелтус, која тогаш беше бремена и очекуваше второ дете со него.

За целиот скандал отворено зборуваше и самиот Бекер, кој на почетокот не сакаше ниту да ја признае својата ќерка.

Сепак тенисерот ја призна Ана, и се обиде да биде добар татко и истакна дека успеал да ја нормализира врската, па денес често се во контакт.

Оваа необична 22-годишна девојка со црвена коса, кадрава коса и полни усни има голем успех во светот на манекенството.

The post Ова е ќерката на Борис Бекер којашто ја направи во тоалет appeared first on Република.

]]>

Цел свет знае дека Ана Бекер е резултат на петминутна афера на скалите на еден клуб на поранешнот тенисер Борис Бекер. Борис ја добии Ана со манекенката Ангела Ермакова, а самиот факт што девојчето го носи презимето на нејзината мајка укажува на одредени проблеми. Не е родена во брак, па дури ни во врска. Анџела забременила случајно за време на петминутнот страсен секс  во ресторан во Лондон. Во времето на оваа врска тој беше во брак со Барбара Фелтус, која тогаш беше бремена и очекуваше второ дете со него. За целиот скандал отворено зборуваше и самиот Бекер, кој на почетокот не сакаше ниту да ја признае својата ќерка. Сепак тенисерот ја призна Ана, и се обиде да биде добар татко и истакна дека успеал да ја нормализира врската, па денес често се во контакт. Оваа необична 22-годишна девојка со црвена коса, кадрава коса и полни усни има голем успех во светот на манекенството.

The post Ова е ќерката на Борис Бекер којашто ја направи во тоалет appeared first on Република.

]]>
Борис Бекер излезе од затвор https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/boris-beker-izleze-od-zatvor/ Thu, 15 Dec 2022 15:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=586015

Поранешниот светски рекет број еден Борис Бекер е ослободен од затвор. Оваа информација денес ја објави „PA Media“.

Според изворот, во блиска иднина 55-годишниот германски специјалист ќе биде депортиран од Велика Британија во Германија.

Во април 2022 година, лондонскиот суд го осуди Бекер на две и пол години затвор за банкарска измама. Тој одлежа во затворот Вандсворт во Лондон.

Бекер е шесткратен победник на Грен слем, двократен победник на Дејвис купот и олимписки шампион во двојки во 1992 година.

Од 2017 година работи како експерт на ТВ каналот Еуроспорт.

The post Борис Бекер излезе од затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот светски рекет број еден Борис Бекер е ослободен од затвор. Оваа информација денес ја објави „PA Media“. Според изворот, во блиска иднина 55-годишниот германски специјалист ќе биде депортиран од Велика Британија во Германија. Во април 2022 година, лондонскиот суд го осуди Бекер на две и пол години затвор за банкарска измама. Тој одлежа во затворот Вандсворт во Лондон. Бекер е шесткратен победник на Грен слем, двократен победник на Дејвис купот и олимписки шампион во двојки во 1992 година. Од 2017 година работи како експерт на ТВ каналот Еуроспорт.

The post Борис Бекер излезе од затвор appeared first on Република.

]]>
Борис Бекер се расплака: Го допрев дното https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/boris-beker-se-rasplaka-go-doprev-dnoto/ Thu, 15 Dec 2022 13:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=585975

Легендарниот тенисер Борис Бекер ја отвори душата во документарен филм кој беше сниман пред неговото заминување во затвор поради банкрот.

Бекер беше осуден дека сокрил имот вреден 2,5 милиони фунти, а наскоро се очекува да излезе на слобода по осум месеци поминати во затвор.

Го допрев дното, не знам што да правам. Ќе се соочам со својата казна, нема да се сокријам или да избегам. Ќе ја прифатам казната без разлика на тоа каква е, вели расплаканиот Бекер.

Покрај Бекер, во овој документарец ќе се појават уште и Мекинро, Виландер, Штих, а тука е и Новак Ѓоковиќ, на кого Бекер му беше тренер од 2013 до 2016 година.

Поранешниот тенисер прогласи банкрот во 2017 година поради долг од речиси 50 милиони фунти.

 

The post Борис Бекер се расплака: Го допрев дното appeared first on Република.

]]>

Легендарниот тенисер Борис Бекер ја отвори душата во документарен филм кој беше сниман пред неговото заминување во затвор поради банкрот. Бекер беше осуден дека сокрил имот вреден 2,5 милиони фунти, а наскоро се очекува да излезе на слобода по осум месеци поминати во затвор.
Го допрев дното, не знам што да правам. Ќе се соочам со својата казна, нема да се сокријам или да избегам. Ќе ја прифатам казната без разлика на тоа каква е, вели расплаканиот Бекер.
Покрај Бекер, во овој документарец ќе се појават уште и Мекинро, Виландер, Штих, а тука е и Новак Ѓоковиќ, на кого Бекер му беше тренер од 2013 до 2016 година. Поранешниот тенисер прогласи банкрот во 2017 година поради долг од речиси 50 милиони фунти.  

The post Борис Бекер се расплака: Го допрев дното appeared first on Република.

]]>
Ги нервирал чуварите и затворениците: „Поради недисциплина“ Борис Бекер префрлен во друг затвор https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gi-nerviral-chuvarite-i-zatvorenicite-poradi-nedisciplina-boris-beker-prefrlen-vo-drug-zatvor/ Thu, 26 May 2022 07:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=507072

Германските медиуми објавија дека поранешниот тенисер Борис Бекер бил префрлен во нов затвор во близина на Лондон, а тоа го потврдил и неговиот адвокат.

Причината за преселбата на Бекер е тоа што постојано се жалел на условите во затворот и ги нервирал чуварите со тоа што имал посебни барања.

https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/droga-staorci-i-nasilstvo-ova-e-zloglasniot-britanski-zatvor-vo-koj-kje-lezi-boris-beker/

Во новиот затвор, каде што ќе биде сместен Бекер, има околу 480 затвореници во посебни и заеднички ќелии, а тие имаат можност да го продолжат образованието или да се занимаваат со спорт.

Суд во Лондон, на крајот на април, го осуди Бекер на две ипол години затвор поради лажен банкрот и проневера.

The post Ги нервирал чуварите и затворениците: „Поради недисциплина“ Борис Бекер префрлен во друг затвор appeared first on Република.

]]>

Германските медиуми објавија дека поранешниот тенисер Борис Бекер бил префрлен во нов затвор во близина на Лондон, а тоа го потврдил и неговиот адвокат. Причината за преселбата на Бекер е тоа што постојано се жалел на условите во затворот и ги нервирал чуварите со тоа што имал посебни барања. https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/droga-staorci-i-nasilstvo-ova-e-zloglasniot-britanski-zatvor-vo-koj-kje-lezi-boris-beker/ Во новиот затвор, каде што ќе биде сместен Бекер, има околу 480 затвореници во посебни и заеднички ќелии, а тие имаат можност да го продолжат образованието или да се занимаваат со спорт. Суд во Лондон, на крајот на април, го осуди Бекер на две ипол години затвор поради лажен банкрот и проневера.

The post Ги нервирал чуварите и затворениците: „Поради недисциплина“ Борис Бекер префрлен во друг затвор appeared first on Република.

]]>
Дрога, стаорци и насилство: Ова е злогласниот британски затвор во кој ќе лежи Борис Бекер https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/droga-staorci-i-nasilstvo-ova-e-zloglasniot-britanski-zatvor-vo-koj-kje-lezi-boris-beker/ Mon, 02 May 2022 18:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=496383

Поранешниот најдобар светски тенисер, Германецот Борис Бекер, првостепено е осуден на две и пол години затвор, за лажен банкртот.

Бекер (54) прогласил банкрот пред пет години, а во моментот на банкрот неговите долгови биле проценети на 50 милиони фунти. Тој е осуден за обид да прикрие пари, сопственост на недвижен имот и тениски трофеи во стечајната постапка.

Иако во кариерата, но и после неа престојуваше во бројни скапи хотели, сега ќе мора да се пресели во еден од најлошите затвори во Велика Британија. Како што пренесуваат британските медиуми, условите во затворот наречен Вандсворт се, во најмала рака, ужасни.

Станува збор за 170-годишна викторијанска зграда, што е полна со нечистотија и стаорци, а нејзините капацитети одамна се пробиени. Во овој објект во моментов казната ја издржуваат дури 1.300 осуденици, а условите не би биле одлични дури и да ги има многу помалку.

Бекер првично е ставен во самица, но се очекува наскоро да биде префрлен во една од собите што ќе ги дели со своите „цимери“. Таму ќе го пречекаат голем број затвореници кои имаат огромни проблеми со управувањето и почитувањето на затворските правила, како и многу ниско ниво на хигиена, пишува „Дејли мејл“.

Исто така, тоалетите во ќелиите не нудат никаква приватност, а овој затвор е на самиот врв на листата по бројот на инциденти кога е Велика Британија во прашање. Чуварите користат сила во просек четири пати на ден, а физички пресметки меѓу затворениците се случуваат речиси секој ден. Ова се должи на проблемите што затворот ги има со употребата на наркотици, но и поради менталното здравје на луѓето внатре меѓу ѕидовите.

Според извештаите на комисиите за условите во британските затвори, на затворениците во Вандсворт им е ужасно досадно, а на чист воздух поминуваат само два часа дневно. Поради тоа огромен процент од затворениците се обиделе да се самоубијат, додека други побарале стручна помош поради психички проблеми.

За работите да бидат почудни, затворот Вандсворт се наоѓа во југозападен Лондон, на само три километри од Вимблдон, култно место во историјата на тенисот каде што Борис Бекер стигна до својата прва Грен слем титула на 17-годишна возраст и најави импресивна кариера која траеше 15 години.

The post Дрога, стаорци и насилство: Ова е злогласниот британски затвор во кој ќе лежи Борис Бекер appeared first on Република.

]]>

Поранешниот најдобар светски тенисер, Германецот Борис Бекер, првостепено е осуден на две и пол години затвор, за лажен банкртот. Бекер (54) прогласил банкрот пред пет години, а во моментот на банкрот неговите долгови биле проценети на 50 милиони фунти. Тој е осуден за обид да прикрие пари, сопственост на недвижен имот и тениски трофеи во стечајната постапка. Иако во кариерата, но и после неа престојуваше во бројни скапи хотели, сега ќе мора да се пресели во еден од најлошите затвори во Велика Британија. Како што пренесуваат британските медиуми, условите во затворот наречен Вандсворт се, во најмала рака, ужасни. Станува збор за 170-годишна викторијанска зграда, што е полна со нечистотија и стаорци, а нејзините капацитети одамна се пробиени. Во овој објект во моментов казната ја издржуваат дури 1.300 осуденици, а условите не би биле одлични дури и да ги има многу помалку. Бекер првично е ставен во самица, но се очекува наскоро да биде префрлен во една од собите што ќе ги дели со своите „цимери“. Таму ќе го пречекаат голем број затвореници кои имаат огромни проблеми со управувањето и почитувањето на затворските правила, како и многу ниско ниво на хигиена, пишува „Дејли мејл“. Исто така, тоалетите во ќелиите не нудат никаква приватност, а овој затвор е на самиот врв на листата по бројот на инциденти кога е Велика Британија во прашање. Чуварите користат сила во просек четири пати на ден, а физички пресметки меѓу затворениците се случуваат речиси секој ден. Ова се должи на проблемите што затворот ги има со употребата на наркотици, но и поради менталното здравје на луѓето внатре меѓу ѕидовите. Според извештаите на комисиите за условите во британските затвори, на затворениците во Вандсворт им е ужасно досадно, а на чист воздух поминуваат само два часа дневно. Поради тоа огромен процент од затворениците се обиделе да се самоубијат, додека други побарале стручна помош поради психички проблеми. За работите да бидат почудни, затворот Вандсворт се наоѓа во југозападен Лондон, на само три километри од Вимблдон, култно место во историјата на тенисот каде што Борис Бекер стигна до својата прва Грен слем титула на 17-годишна возраст и најави импресивна кариера која траеше 15 години.

The post Дрога, стаорци и насилство: Ова е злогласниот британски затвор во кој ќе лежи Борис Бекер appeared first on Република.

]]>
Борис Бекер ќе оди во затвор https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/boris-beker-kje-odi-vo-zatvor/ Fri, 29 Apr 2022 15:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=495464

Прославениот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор.

Причина е прикривањето имот и кредити во вкупна вредност од 2,5 милиони фунти.

Бекер беше прогласен за виновен по четири точки од Законот за несолвентност, иако тој негираше дека го прекршил законот.

Легендарниот тенисер прогласи банкрот во 2017 година, а во четвртокот се прости од семејството, бидејќи насетуваше дека ќе оди во затвор.

The post Борис Бекер ќе оди во затвор appeared first on Република.

]]>

Прославениот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор. Причина е прикривањето имот и кредити во вкупна вредност од 2,5 милиони фунти. Бекер беше прогласен за виновен по четири точки од Законот за несолвентност, иако тој негираше дека го прекршил законот. Легендарниот тенисер прогласи банкрот во 2017 година, а во четвртокот се прости од семејството, бидејќи насетуваше дека ќе оди во затвор.

The post Борис Бекер ќе оди во затвор appeared first on Република.

]]>
Борис Бекер е прогласен за виновен за прикривање на долг, прикривање на имот и непријавување имот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/boris-beker-e-proglasen-za-vinoven-za-prikrivanje-na-dolg-prikrivanje-na-imot-i-neprijavuvanje-imot/ Fri, 08 Apr 2022 16:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=485465

Германската тениска легенда, Борис Бекер е прогласен за виновен за четири обвиненија, а ослободен за дополнителни 20 обвиненија околу неговото банкротирање во 2017 година и ќе треба да се врати пред судот во Саутворк, Лондон за одредување на казната на 29 април.

Бекер е виновен за прикривање на долг, прикривање на имот и за две обвинувања за непријавување имот. Германецот банкротираше на 27 јуни 2017 за неплатен долг од 3 милиони фунти за неговата вила на Мајорка, по што беше обвинет дека прикривал милиони фунти во имот и во поседи, како двата трофеи од Вимблдон за да избегне да ги плати своите долгови.

Бекер, кој живее во Велика Британија од 2012 година, тврдеше дека соработувал со доверителите и дека постапувал по совети на експерти.

The post Борис Бекер е прогласен за виновен за прикривање на долг, прикривање на имот и непријавување имот appeared first on Република.

]]>

Германската тениска легенда, Борис Бекер е прогласен за виновен за четири обвиненија, а ослободен за дополнителни 20 обвиненија околу неговото банкротирање во 2017 година и ќе треба да се врати пред судот во Саутворк, Лондон за одредување на казната на 29 април. Бекер е виновен за прикривање на долг, прикривање на имот и за две обвинувања за непријавување имот. Германецот банкротираше на 27 јуни 2017 за неплатен долг од 3 милиони фунти за неговата вила на Мајорка, по што беше обвинет дека прикривал милиони фунти во имот и во поседи, како двата трофеи од Вимблдон за да избегне да ги плати своите долгови. Бекер, кој живее во Велика Британија од 2012 година, тврдеше дека соработувал со доверителите и дека постапувал по совети на експерти.

The post Борис Бекер е прогласен за виновен за прикривање на долг, прикривање на имот и непријавување имот appeared first on Република.

]]>
На Бекер му се суди: Tренерот на Ноле прикривал имот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-beker-mu-se-sudi-trenerot-na-nole-prikrival-imot/ Tue, 22 Mar 2022 09:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=476480

Во Лондон започна судскиот процес против Борис Бекер, обвинет за непочитување на законската обврска за откривање финансиски информации. Станува збор за периодот од мај до октомври 2017 година, кога се водеше случајот за стечај на поранешниот прв рекет на светот.

Бекер ги негира обвинувањата за сите 24 точки, кои вклучуваат криење тениски трофеи, недвижен имот во Германија и Англија, акции, повеќе од 2 милиони евра, вклучително и 1,14 милиони од продажбата на автосалон и долг од 825 илјади евра.

Германецот прогласи банкрот во јуни 2017 година, откако не беше во можност да го отплати заемот од 3,5 милиони евра што му беше одобрен за купување на недвижен имот во Мајорка.

На судењето на присуствуваше шесткратниот Грен слем шампион. Процесот се очекува да трае три недели

The post На Бекер му се суди: Tренерот на Ноле прикривал имот appeared first on Република.

]]>

Во Лондон започна судскиот процес против Борис Бекер, обвинет за непочитување на законската обврска за откривање финансиски информации. Станува збор за периодот од мај до октомври 2017 година, кога се водеше случајот за стечај на поранешниот прв рекет на светот. Бекер ги негира обвинувањата за сите 24 точки, кои вклучуваат криење тениски трофеи, недвижен имот во Германија и Англија, акции, повеќе од 2 милиони евра, вклучително и 1,14 милиони од продажбата на автосалон и долг од 825 илјади евра. Германецот прогласи банкрот во јуни 2017 година, откако не беше во можност да го отплати заемот од 3,5 милиони евра што му беше одобрен за купување на недвижен имот во Мајорка. На судењето на присуствуваше шесткратниот Грен слем шампион. Процесот се очекува да трае три недели

The post На Бекер му се суди: Tренерот на Ноле прикривал имот appeared first on Република.

]]>
На Борис Бекер му се заканува затворска казна до седум години за измама и прикривање имот https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/na-boris-beker-mu-se-zakanuva-zatvorska-kazna-do-sedum-godini-za-izmama-i-prikrivanje-imot/ Mon, 21 Mar 2022 14:31:32 +0000 https://republika.mk/?p=476168

На легендарниот германски тенисер Борис Бекер (54) во Лондон му почна судскиот процес за измама при личен банкрот, за што му се заканува казна затвор до седум години.

Во повеќе од 20 точки од обвинението, британското правосудство го обвинува Бекер дека во стечајна постапка се обидел да прикрие пари и други вредни предмети, вклучително и тениски трофеи, како и за прикривање поседување на недвижен имот.

Според обвинението, Бекер им предал пари и други предмети на поранешната сопруга Барбара и ќерката и на тој начин го прикрил поседувањето на имотот. Според обвинението, тој криел и акции во една од компаниите.

Трикратниот победник на Вимблдон ги отфрла сите обвиненија. На првото рочиште тој се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвинението. Одлуката ќе биде позната по три недели.

Во суштина сум позитивна личност и секогаш верувам во доброто. Верувам и во британската правда - изјави Бекер, додавајќи дека ќе се обиде да ја докаже својата невиност.

Во 2002 година, судот во Минхен го осуди Бекер на две години условно и парична казна од 300.000 евра поради даночно затајување од речиси 1,7 милиони евра.

Бекер прогласи банкрот пред пет години, а во момент на банкротот неговите долгови беа проценети на близу 60 милиони евра.

The post На Борис Бекер му се заканува затворска казна до седум години за измама и прикривање имот appeared first on Република.

]]>

На легендарниот германски тенисер Борис Бекер (54) во Лондон му почна судскиот процес за измама при личен банкрот, за што му се заканува казна затвор до седум години. Во повеќе од 20 точки од обвинението, британското правосудство го обвинува Бекер дека во стечајна постапка се обидел да прикрие пари и други вредни предмети, вклучително и тениски трофеи, како и за прикривање поседување на недвижен имот. Според обвинението, Бекер им предал пари и други предмети на поранешната сопруга Барбара и ќерката и на тој начин го прикрил поседувањето на имотот. Според обвинението, тој криел и акции во една од компаниите. Трикратниот победник на Вимблдон ги отфрла сите обвиненија. На првото рочиште тој се изјасни дека не е виновен по ниту една точка од обвинението. Одлуката ќе биде позната по три недели.
Во суштина сум позитивна личност и секогаш верувам во доброто. Верувам и во британската правда - изјави Бекер, додавајќи дека ќе се обиде да ја докаже својата невиност.
Во 2002 година, судот во Минхен го осуди Бекер на две години условно и парична казна од 300.000 евра поради даночно затајување од речиси 1,7 милиони евра. Бекер прогласи банкрот пред пет години, а во момент на банкротот неговите долгови беа проценети на близу 60 милиони евра.

The post На Борис Бекер му се заканува затворска казна до седум години за измама и прикривање имот appeared first on Република.

]]>
Борис Бекер се соочува со затвор од седум години https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/boris-beker-se-soochuva-so-zatvor-od-sedum-godini/ Mon, 07 Feb 2022 22:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=455421

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се соочува со седум години затвор поради прикривање на имот, откако пред пет години прогласил банкрот.

Бекер во 2017 година објави дека банкротирал, но сокрил имот во Велика Британија и Германија, а според законите за банкрот на физичко лице морал да ги открие сите свои финансиски податоци, меѓу кои и имотот што го има пред стечајните управници.

Германецот пред судот во Лозана истакнал дека не е виновен за банкротот, но сега се соочува со дури 24 обвиненија во врска со стечајната постапка и ќе треба да одговара пред британскиот суд за несоработка со властите околу неоткриен имот.

„Јас сум позитивна личност и верувам во англиската јурисдикција. Нормално дека сум нервозен и напнат, но не паничам. Успеавме да го искористиме земјиштето кое го имав на Мајорка за во потполност да го исплатиме долгот кон банката“, вели Бекер.

Тој се соочува со седум годишна казна затвор ако судот пресуди дека е виновен, а тој посочи дека е изигран од т.н. советници и менаџери.

„Јас бев тенисер и не студирав администрација или право. После тениската кариера, а и за време на неа, зависев од разно-разни советници и менаџери, кои очигледно не ми даваа добри совети. И која алтернатива ја имав? Направени се многу грешки, а само јас сѐ уште ги плаќам сметките за тоа“, додаде Бекер.

Судењето на германската легенда е закажано за 21 март.

The post Борис Бекер се соочува со затвор од седум години appeared first on Република.

]]>

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се соочува со седум години затвор поради прикривање на имот, откако пред пет години прогласил банкрот.
Бекер во 2017 година објави дека банкротирал, но сокрил имот во Велика Британија и Германија, а според законите за банкрот на физичко лице морал да ги открие сите свои финансиски податоци, меѓу кои и имотот што го има пред стечајните управници. Германецот пред судот во Лозана истакнал дека не е виновен за банкротот, но сега се соочува со дури 24 обвиненија во врска со стечајната постапка и ќе треба да одговара пред британскиот суд за несоработка со властите околу неоткриен имот.
„Јас сум позитивна личност и верувам во англиската јурисдикција. Нормално дека сум нервозен и напнат, но не паничам. Успеавме да го искористиме земјиштето кое го имав на Мајорка за во потполност да го исплатиме долгот кон банката“, вели Бекер.
Тој се соочува со седум годишна казна затвор ако судот пресуди дека е виновен, а тој посочи дека е изигран од т.н. советници и менаџери.
„Јас бев тенисер и не студирав администрација или право. После тениската кариера, а и за време на неа, зависев од разно-разни советници и менаџери, кои очигледно не ми даваа добри совети. И која алтернатива ја имав? Направени се многу грешки, а само јас сѐ уште ги плаќам сметките за тоа“, додаде Бекер.
Судењето на германската легенда е закажано за 21 март.

The post Борис Бекер се соочува со затвор од седум години appeared first on Република.

]]>
Бекер: Ѓоковиќ не е идиот да се качи во авион ако нема документи https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/beker-gjokovikj-ne-e-idiot-da-se-kachi-vo-avion-ako-nema-dokumenti/ Sun, 09 Jan 2022 21:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=442292

Tрикратниот освојувач на Вимблдон и поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер застана во одбрана на српскиот тенисер откако беше затворен во хотел во Мелбурн. Бекер порача дека е со него со целото срце!

Мора да ја почитувате својата одлука. Тоа што не сте вакцинирани, не значи дека сте лош човек. Новак имаше медицински исклучок, заедно со уште петмина други. Тие контактирале директно со Австралијан опен и тоа било професионално завршено, кажа Бекер во интервју за „Билд“.

Борис кажа дека ги разбира Австралијанците кои во претходните две години се наоѓаат во спефицична ситуација.

Не ги прекршил правилата, на сите ни е познато дека може да игра, но очигледно некои Австралијанци не си ги виделе семејствата цела година и ја разбирам нивната реакција, но сакам да го одбранам Ѓоковиќ зашто тој немаше да оди во Мелбурн ако немаше соодветни документи. Новак не е идиот, вели Бекер.

Бекер уште еднаш се осврна на неговите неодамнешни зборови дека најдобро е Ѓоковиќ да се вакцинира.

Новак речиси го сметам за член на семејството, но како и во сите други семејства, понекогаш имате несогласувања. Во овој случај мислам дека прави голема грешка што не се вакцинира. Тоа е нешто што го загрозува остатокот од неговата кариера и шансата да се зацементира како најдобар играч на сите времиња.

The post Бекер: Ѓоковиќ не е идиот да се качи во авион ако нема документи appeared first on Република.

]]>

Tрикратниот освојувач на Вимблдон и поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер застана во одбрана на српскиот тенисер откако беше затворен во хотел во Мелбурн. Бекер порача дека е со него со целото срце!
Мора да ја почитувате својата одлука. Тоа што не сте вакцинирани, не значи дека сте лош човек. Новак имаше медицински исклучок, заедно со уште петмина други. Тие контактирале директно со Австралијан опен и тоа било професионално завршено, кажа Бекер во интервју за „Билд“.
Борис кажа дека ги разбира Австралијанците кои во претходните две години се наоѓаат во спефицична ситуација.
Не ги прекршил правилата, на сите ни е познато дека може да игра, но очигледно некои Австралијанци не си ги виделе семејствата цела година и ја разбирам нивната реакција, но сакам да го одбранам Ѓоковиќ зашто тој немаше да оди во Мелбурн ако немаше соодветни документи. Новак не е идиот, вели Бекер.
Бекер уште еднаш се осврна на неговите неодамнешни зборови дека најдобро е Ѓоковиќ да се вакцинира.
Новак речиси го сметам за член на семејството, но како и во сите други семејства, понекогаш имате несогласувања. Во овој случај мислам дека прави голема грешка што не се вакцинира. Тоа е нешто што го загрозува остатокот од неговата кариера и шансата да се зацементира како најдобар играч на сите времиња.

The post Бекер: Ѓоковиќ не е идиот да се качи во авион ако нема документи appeared first on Република.

]]>