борче јовчески Archives - Република https://republika.mk/tema/borche-jovcheski/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Nov 2023 18:09:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png борче јовчески Archives - Република https://republika.mk/tema/borche-jovcheski/ 32 32 Јовчески: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе помогне во остварување на многу проекти за подобрување на животот на прилепчани https://republika.mk/vesti/makedonija/jovcheski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-pomogne-vo-ostvaruvane-na-mnogu-proekti-za-podobruvane-na-zhivotot-na-prilepchani/ Sat, 04 Nov 2023 18:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=698231

„Денеска имавме можност како што најави претседателот на Советот на Општина да посетиме повеќе места каде што навистина досега и догледно ќе бидат сработени и изведени нашите проекти кои што ги имавме за време на изборите, но и со годишната развојна програма ветено. Се она што остана несработено од претходната власт ние во интерес на граѓаните сакам да направиме многу, многу повеќе и многу подобро“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на денешната средба со граѓани во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Јовчески додаде дека ќе бидат асфалтирани повеќе од 60 улици, односно 80.000 квадратни метри. Тоа на Прилеп е неминовно потребно за сигурен и безбеден сообраќај.

„Воено можеме да се пофалиме дека нашите проекти што до Нова година треба да бидат и започнати, што со гордост ќе се гордееме, што за првпат го објавувам е спортска сала во основното училиште „Блаже Конески“, најави градоначалникот на Прилеп.

Тој посочи дека во најскоро време ќе има и катна гаража.

„Во иднина ќе продолжиме и да субвенционираме и да помагаме. Ќе креираме и други проекти во интерес за подобро живеење на граѓаните“, рече Јовчески.

Тој нагласи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе помогне во остварување на многу проекти за подобрување на животот на прилепчани.

The post Јовчески: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе помогне во остварување на многу проекти за подобрување на животот на прилепчани appeared first on Република.

]]>

Јовчески: Прилеп е домаќинска општина и враќаме долгови, а паралелно ги реализираме проектите за граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/jovcheski-prilep-e-domakinska-opshtina-i-vrakame-dolgovi-a-paralelno-gi-realizirame-proektite-za-graganite/ Tue, 06 Jun 2023 17:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=648553

Борче Јовчески, градоначалник на град Прилеп на денешната трибина на тема земјоделие, а во рамки на активностите на „Ова е Македонија“ за сите рече дека Прилеп е град на можности во кој има активности.

„Нашата одлука беше да ги слушнеме граѓаните и ги реализираме нивните идеи. Делуваме транспарентно и ни останува уште малку да реализираме од она што е предвидено за до крај на годинава. Наследивме голем долг и затоа побаравме општинска обврзница за да се реализираат предвидените проекти“, рече Јовчески.

Според градоначалникот граѓаните се задоволни затоа што се слуша нивниот глас и оти се работи транспарентно.

„Вративме 120 милиони денари долг и покажавме дека работиме домаќински. Прилеп е град меѓу првите десет општини кој е пример за домаќинско работење. Значи работиме и проекти, а враќаме и долгови“, рече градоначалникот.

Јовчески информираше и за тековните проекти.

„Почнавме градежна офанзива и со свои средства ќе се асфалтираме повеќе од 60 улици. Не постои училиште кое не е реновирано како внатрешните простории, така и спортските терени на отворено. Се одвојува многу и за културата и спортот, ни следи театарскиот фестивал Војдан Чернодрински“, информираше Јовчески.

The post Јовчески: Прилеп е домаќинска општина и враќаме долгови, а паралелно ги реализираме проектите за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Борче Јовчески, градоначалник на град Прилеп на денешната трибина на тема земјоделие, а во рамки на активностите на „Ова е Македонија“ за сите рече дека Прилеп е град на можности во кој има активности.
„Нашата одлука беше да ги слушнеме граѓаните и ги реализираме нивните идеи. Делуваме транспарентно и ни останува уште малку да реализираме од она што е предвидено за до крај на годинава. Наследивме голем долг и затоа побаравме општинска обврзница за да се реализираат предвидените проекти“, рече Јовчески.
Според градоначалникот граѓаните се задоволни затоа што се слуша нивниот глас и оти се работи транспарентно.
„Вративме 120 милиони денари долг и покажавме дека работиме домаќински. Прилеп е град меѓу првите десет општини кој е пример за домаќинско работење. Значи работиме и проекти, а враќаме и долгови“, рече градоначалникот.
Јовчески информираше и за тековните проекти. „Почнавме градежна офанзива и со свои средства ќе се асфалтираме повеќе од 60 улици. Не постои училиште кое не е реновирано како внатрешните простории, така и спортските терени на отворено. Се одвојува многу и за културата и спортот, ни следи театарскиот фестивал Војдан Чернодрински“, информираше Јовчески.

The post Јовчески: Прилеп е домаќинска општина и враќаме долгови, а паралелно ги реализираме проектите за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Прилеп покажа дека промени се можни https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-prilep-pokazha-deka-promeni-se-mozhni/ Mon, 09 Jan 2023 08:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=594823

Мои прилепчани, заедно минавме една исклучително тешка година. Се соочивме со сите недостатоци и негрижата на минатата администрација, но и со последиците од економската и енергетската криза како продолжение на здравствениот хаос. Сепак со посветеност, љубов, разбирање и чесна работа многу направивме и заедно го вративме Прилеп на колосекот на урбано живеење. Прилеп повеќе не е град на сивилото и безнадежноста, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Јовчески истакна дека со добро менаџирање и домаќинско работење исплатени се речиси половина од вкупно 300 милиони денари наследени обврски и го трасира патот кон исполнување на дадените ветувања.

– Рекоструиравме и саниравме голем дел од улиците. Исчистени се над 6.000 метри квадратни отпад од дивите депонии и обновени се парковските површини, ги вративме фонтаните. Со чесна работа го завршивме виталниот проект за водоснабдување на градот, а особено сум горд што ги подобривме условите за работа во сите училишта во Прилеп, рече тој.

Јовчески нагласи дека тука не застанува и за следната година планирано е уште повеќе.

– Во буџетот кој заедно се планираше најмногу се посветивме на инфраструктурата. Речиси 2 милиони евра за рехабилитација на прилепските улици како и за изградба на два кружни трка, зафат вреден 1,5 милиони евра со што значително ќе се подобри сообраќајот во градот. Тука е и вашето барање за повеќе подземни контејнери за што одвоивме 6 милиони денари, проект произлезен од акцијата за заедничко креирање на буџетот на Прилеп.  Благодарен сум за вашата доверба. Заедно ќе направиме многу за наш Прилеп. За иднината на Прилеп, изјави Јовчески.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Прилеп годинава ќе отпочне со рехабилитација на влезот во градот од страна на Македонски Брод, капитален проект вреден речиси 2,5 милиони евра, Прилеп се менува и ги живее промените.

– Прилеп покажа дека промени се можни. Секој еден ден,  секоја една промена значи нова победа на надежта, победа на чесноста и победа на граѓаните, наспроти апатијата и безнадежноста. Стоевме зад секое ветување така ќе биде и понатаму со проектите што го подобруваат животот во Прилеп, а прилепчани ги живеат Промените на дело, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Прилеп покажа дека промени се можни appeared first on Република.

]]>

Мои прилепчани, заедно минавме една исклучително тешка година. Се соочивме со сите недостатоци и негрижата на минатата администрација, но и со последиците од економската и енергетската криза како продолжение на здравствениот хаос. Сепак со посветеност, љубов, разбирање и чесна работа многу направивме и заедно го вративме Прилеп на колосекот на урбано живеење. Прилеп повеќе не е град на сивилото и безнадежноста, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Јовчески истакна дека со добро менаџирање и домаќинско работење исплатени се речиси половина од вкупно 300 милиони денари наследени обврски и го трасира патот кон исполнување на дадените ветувања.
– Рекоструиравме и саниравме голем дел од улиците. Исчистени се над 6.000 метри квадратни отпад од дивите депонии и обновени се парковските површини, ги вративме фонтаните. Со чесна работа го завршивме виталниот проект за водоснабдување на градот, а особено сум горд што ги подобривме условите за работа во сите училишта во Прилеп, рече тој.
Јовчески нагласи дека тука не застанува и за следната година планирано е уште повеќе.
– Во буџетот кој заедно се планираше најмногу се посветивме на инфраструктурата. Речиси 2 милиони евра за рехабилитација на прилепските улици како и за изградба на два кружни трка, зафат вреден 1,5 милиони евра со што значително ќе се подобри сообраќајот во градот. Тука е и вашето барање за повеќе подземни контејнери за што одвоивме 6 милиони денари, проект произлезен од акцијата за заедничко креирање на буџетот на Прилеп.  Благодарен сум за вашата доверба. Заедно ќе направиме многу за наш Прилеп. За иднината на Прилеп, изјави Јовчески.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Прилеп годинава ќе отпочне со рехабилитација на влезот во градот од страна на Македонски Брод, капитален проект вреден речиси 2,5 милиони евра, Прилеп се менува и ги живее промените.
– Прилеп покажа дека промени се можни. Секој еден ден,  секоја една промена значи нова победа на надежта, победа на чесноста и победа на граѓаните, наспроти апатијата и безнадежноста. Стоевме зад секое ветување така ќе биде и понатаму со проектите што го подобруваат животот во Прилеп, а прилепчани ги живеат Промените на дело, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Прилеп покажа дека промени се можни appeared first on Република.

]]>
Јовчески: Слушнавме одлични идеи и предлози за многу проекти кои што ги засегаат сите граѓани на Прилеп https://republika.mk/vesti/makedonija/jovcheski-slushnavme-odlichni-idei-i-predlozi-za-mnogu-proekti-koi-shto-gi-zasegaat-site-gragjani-na-prilep/ Sat, 03 Dec 2022 21:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=581521

Прилепчани денес активно зедоа учество во првиот од четирите предвидени денови „Отворен ден во твојата општина, биди дел од промените што носат иднина“.
Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со граѓаните го креира буџетот за 2023 година.

Слушнавме одлични идеи и предлози за многу проекти кои што ги засегаат сите наши сограѓани, во сите населби и Урбани заедници и сигурен сум дека голем дел од нив успешно ќе ги реализираме. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот. Целта на овие средби е да ги слушнеме нашите сограѓани и да им излезиме во пресрет на нивните потреби, барања и предлози-вели градоначалникот Јовчески.

Денес во посета, а на наше огромно задоволство беше пратеникот Зоран Јованчев.
Исто така денешниот отворен ден во Општина Прилеп го искористија и група на млади од Пелагонискиот регион кои што во рамките на нивната обука за „Известувачи на заедницата“ имаа прилика да ме прашуваат а јас со задоволство одговарав на нивните интересни прашања поврзани со тоа како функционира една Локална самоуправа.

The post Јовчески: Слушнавме одлични идеи и предлози за многу проекти кои што ги засегаат сите граѓани на Прилеп appeared first on Република.

]]>

Прилепчани денес активно зедоа учество во првиот од четирите предвидени денови „Отворен ден во твојата општина, биди дел од промените што носат иднина“. Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со граѓаните го креира буџетот за 2023 година.
Слушнавме одлични идеи и предлози за многу проекти кои што ги засегаат сите наши сограѓани, во сите населби и Урбани заедници и сигурен сум дека голем дел од нив успешно ќе ги реализираме. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш со народот. Целта на овие средби е да ги слушнеме нашите сограѓани и да им излезиме во пресрет на нивните потреби, барања и предлози-вели градоначалникот Јовчески.
Денес во посета, а на наше огромно задоволство беше пратеникот Зоран Јованчев. Исто така денешниот отворен ден во Општина Прилеп го искористија и група на млади од Пелагонискиот регион кои што во рамките на нивната обука за „Известувачи на заедницата“ имаа прилика да ме прашуваат а јас со задоволство одговарав на нивните интересни прашања поврзани со тоа како функционира една Локална самоуправа.  

The post Јовчески: Слушнавме одлични идеи и предлози за многу проекти кои што ги засегаат сите граѓани на Прилеп appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Прилеп побара смена на командирот на полицијата, Спасовски го остави за да се палат автомобили на опозицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnikot-na-prilep-pobara-smena-na-komandirot-na-policijata-spasovski-go-ostavi-za-da-se-palat-avtomobili-na-opozicijata/ Wed, 20 Jul 2022 08:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=531303

Припеп под контрола на полицијата на Оливер Спасовски станува небезбеден град. Сите оние кои не се согласуваат со политиката на СДСМ се или заплашувани или пак им ги палат автомобилите.

Откако пратеникот Петар Ристовски изјави дека нема да гласа за промена на Уставот му беше запален автомобилот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/javno-kaza-deka-nema-da-glasa-za-promena-na-ustavot-nokjva-mu-goreshe-avtomobilot/

На ова пред нецел месец предупреди градоначалникот Борче Јовчески откако на  директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го запалија  автомобилот пред неговата куќа.

Затоа советот градот побара оставка од командирот на прилепската полиција кого го сметаа за највиновен за безбедносната состојба во Прилеп.

The post Градоначалникот на Прилеп побара смена на командирот на полицијата, Спасовски го остави за да се палат автомобили на опозицијата appeared first on Република.

]]>

Припеп под контрола на полицијата на Оливер Спасовски станува небезбеден град. Сите оние кои не се согласуваат со политиката на СДСМ се или заплашувани или пак им ги палат автомобилите. Откако пратеникот Петар Ристовски изјави дека нема да гласа за промена на Уставот му беше запален автомобилот. https://republika.mk/vesti/makedonija/javno-kaza-deka-nema-da-glasa-za-promena-na-ustavot-nokjva-mu-goreshe-avtomobilot/ На ова пред нецел месец предупреди градоначалникот Борче Јовчески откако на  директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го запалија  автомобилот пред неговата куќа. Затоа советот градот побара оставка од командирот на прилепската полиција кого го сметаа за највиновен за безбедносната состојба во Прилеп.

The post Градоначалникот на Прилеп побара смена на командирот на полицијата, Спасовски го остави за да се палат автомобили на опозицијата appeared first on Република.

]]>
Јовчески: Прилеп за 100 дена доби нов детски парк, се асфалтираа улици, а ќе се пушти и нова автобуска приградска линија до населени места https://republika.mk/vesti/makedonija/jovcheski-prilep-za-100-dena-dobi-nov-detski-park-se-asfaltiraa-ulici-a-kje-se-pushti-i-nova-avtobuska-prigradska-linija-do-naseleni-mesta/ Sat, 19 Feb 2022 13:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=460804

Да се биде градоначалник на сограѓани од кои извираат идеи, конкретни решенија на проблеми и проекти кои значително ќе ги подобрат условите за живот во Прилеп, не е само предизвик, туку претставува и голема одговорност затоа што имаме иста и заедничка цел, а тоа е просперитет и напредок во сите области на нашиот град. Мојата првична цел беше да се согледа состојбата во локалната самоуправа за да утврдиме со какви можности располагаме со цел остварување на ветеното во првите 100 дена“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Јовчески укажа дека кога ја презел локалната власт, на општината вкупните обврски, во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваа висок износ од 292.562.164,00 денари или околу 5 милиони евра. Односно тековните обврски изнесуваа 32.196.697,00 денари, долгорочни обврски изнесуваа 112.415.339,00 денари и превземените обврски по јавни набавки се 147.950.128,00 денари.

– Почнувајќи од 01.01.2022 година воведовме и еднократна финансиска помош за секое новоредно дете во општина Прилеп, нешто што досега не се случило и претставува нов проект и голема помош за сите прилепчани. Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семесјтвата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца, исто така ќе влијае и на поттикнување на наталитетот а со тоа и зголемување на природниот прираст во нашата општина. За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари, појасни Јовчески.

Јовчески додаде дека досега се изведени 3.040 метри од новиот цевковод. Вкупно проектот изнесува 3.840 метри. Со градежните работи односно доизработка на 213 метри ќе се продолжи од 10-ти февруари, а ќе се завршат до крајот на месец февруари, за кои што има обезбедено финансиски средства. Во понатамошниот период останува ЈКП „Водовод и канализација“ во соработка со Општина Прилеп да ги заврши преостанатите 587 метри.

– Најголемо внимание ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во координација со локалната самоуправа, посвети на чистење на дивите депонии. И покрај тоа што временските услови не ни овозможија непречена работа, сепак успеавме да исчистиме над 1.200 м3 мешан комунален отпад и градежен шут од многу локации низ градот и околните викенд населби каде што долго време не било исчистено и реагирано по однос на овој проблем. Изградивме нов детски парк на јавна површина во кругот на градската болница во Прилеп. Детскиот парк се изгради на барање на жителите од овој дел на градот затоа што немаат вакво катче во близина, а со оглед на тоа што во тој реон нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се изгради во кругот на болницата. Паркот е со површина од 200м2, и содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност, истакна Јовчески.

Јовчески посочи дека во делот на патната инфраструктура се започна со асфалтирање на улиците кои не беа асфалтирани. Во месец ноември и декември беа асфалтирани 4 улици со вкупна должина од 950 метри.

– За прв пат од постоењето, јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање се наоѓа во фаза на пуштање на приградска линија на автобускиот градски превоз за превоз на патници до населените места: Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол. Добиена е согласност од Советот за трасата на движење, се чека на наредна седница потврдување на ценовникот за патниците, нагласи Јовчески.

Јовчески укажа дека во следниве неколку месеци интензивно се започнува со реализација на повеќе клучни проекти за Прилеп и за сите сограѓани со кои што ќе се најават промените кои што ќе следат.

• Реконструкција на Плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот.

• „Пеце Атанасоски“ до ООУ„Кочо Рацин“ со површина од 2.800 м2 која треба да започне во втората половина на месец март.

• Kомплетна реконструкција на влезот на градот во правец Крушево – Прилеп, односно улица „Леце Котески” која покрај постоечките сообраќајни ленти опфаќа и дополнителни пешачки и велосипедски патеки со предвидена должина од 2.130 метри.

• Вградување на завршен слој на асфалт на улиците во индустриска зона „Металец“.

• Изградба на катна гаража помеѓу зградата на Поштата и Општинската зграда со капацитет од 76 возила.

• Изградба на монтажна катна гаража со капацитет од 74 возила, на ул. Илка Присаѓанка.

• Партерно уредување со паркови и зеленила во населба Точила околу К-зградите каде што жителите од оваа населба ќе можат да се рекреираат.

• Изградба на голем парк до црквата Св.Петка во населбата Точила

• Доизградба на детската градинка во населба Точила со капацитет од 250 деца.

– Овие 100 денa се нормално само почеток. Континуитетот на работа ќе го продолжиме и засилиме со реализација на сите проекти кои што ги ветивме пред прилепчани: инфраструктурни, локален економски развој, животна средина, комунална и водоводна мрежа, земјоделие, образование, спорт, култура како и во делот на социјална и здравствена заштита. Во сите овие сфери имаме детално разработени и остварливи проекти кои што плански и етапно заедно со граѓаните ќе ги реализираме во текот на мојот мандат, потенцира Јовчески.

The post Јовчески: Прилеп за 100 дена доби нов детски парк, се асфалтираа улици, а ќе се пушти и нова автобуска приградска линија до населени места appeared first on Република.

]]>

Да се биде градоначалник на сограѓани од кои извираат идеи, конкретни решенија на проблеми и проекти кои значително ќе ги подобрат условите за живот во Прилеп, не е само предизвик, туку претставува и голема одговорност затоа што имаме иста и заедничка цел, а тоа е просперитет и напредок во сите области на нашиот град. Мојата првична цел беше да се согледа состојбата во локалната самоуправа за да утврдиме со какви можности располагаме со цел остварување на ветеното во првите 100 дена“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Јовчески укажа дека кога ја презел локалната власт, на општината вкупните обврски, во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваа висок износ од 292.562.164,00 денари или околу 5 милиони евра. Односно тековните обврски изнесуваа 32.196.697,00 денари, долгорочни обврски изнесуваа 112.415.339,00 денари и превземените обврски по јавни набавки се 147.950.128,00 денари. – Почнувајќи од 01.01.2022 година воведовме и еднократна финансиска помош за секое новоредно дете во општина Прилеп, нешто што досега не се случило и претставува нов проект и голема помош за сите прилепчани. Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семесјтвата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца, исто така ќе влијае и на поттикнување на наталитетот а со тоа и зголемување на природниот прираст во нашата општина. За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари, појасни Јовчески. Јовчески додаде дека досега се изведени 3.040 метри од новиот цевковод. Вкупно проектот изнесува 3.840 метри. Со градежните работи односно доизработка на 213 метри ќе се продолжи од 10-ти февруари, а ќе се завршат до крајот на месец февруари, за кои што има обезбедено финансиски средства. Во понатамошниот период останува ЈКП „Водовод и канализација“ во соработка со Општина Прилеп да ги заврши преостанатите 587 метри. – Најголемо внимание ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во координација со локалната самоуправа, посвети на чистење на дивите депонии. И покрај тоа што временските услови не ни овозможија непречена работа, сепак успеавме да исчистиме над 1.200 м3 мешан комунален отпад и градежен шут од многу локации низ градот и околните викенд населби каде што долго време не било исчистено и реагирано по однос на овој проблем. Изградивме нов детски парк на јавна површина во кругот на градската болница во Прилеп. Детскиот парк се изгради на барање на жителите од овој дел на градот затоа што немаат вакво катче во близина, а со оглед на тоа што во тој реон нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се изгради во кругот на болницата. Паркот е со површина од 200м2, и содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност, истакна Јовчески. Јовчески посочи дека во делот на патната инфраструктура се започна со асфалтирање на улиците кои не беа асфалтирани. Во месец ноември и декември беа асфалтирани 4 улици со вкупна должина од 950 метри. – За прв пат од постоењето, јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање се наоѓа во фаза на пуштање на приградска линија на автобускиот градски превоз за превоз на патници до населените места: Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол. Добиена е согласност од Советот за трасата на движење, се чека на наредна седница потврдување на ценовникот за патниците, нагласи Јовчески. Јовчески укажа дека во следниве неколку месеци интензивно се започнува со реализација на повеќе клучни проекти за Прилеп и за сите сограѓани со кои што ќе се најават промените кои што ќе следат. • Реконструкција на Плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот. • „Пеце Атанасоски“ до ООУ„Кочо Рацин“ со површина од 2.800 м2 која треба да започне во втората половина на месец март. • Kомплетна реконструкција на влезот на градот во правец Крушево – Прилеп, односно улица „Леце Котески” која покрај постоечките сообраќајни ленти опфаќа и дополнителни пешачки и велосипедски патеки со предвидена должина од 2.130 метри. • Вградување на завршен слој на асфалт на улиците во индустриска зона „Металец“. • Изградба на катна гаража помеѓу зградата на Поштата и Општинската зграда со капацитет од 76 возила. • Изградба на монтажна катна гаража со капацитет од 74 возила, на ул. Илка Присаѓанка. • Партерно уредување со паркови и зеленила во населба Точила околу К-зградите каде што жителите од оваа населба ќе можат да се рекреираат. • Изградба на голем парк до црквата Св.Петка во населбата Точила • Доизградба на детската градинка во населба Точила со капацитет од 250 деца. – Овие 100 денa се нормално само почеток. Континуитетот на работа ќе го продолжиме и засилиме со реализација на сите проекти кои што ги ветивме пред прилепчани: инфраструктурни, локален економски развој, животна средина, комунална и водоводна мрежа, земјоделие, образование, спорт, култура како и во делот на социјална и здравствена заштита. Во сите овие сфери имаме детално разработени и остварливи проекти кои што плански и етапно заедно со граѓаните ќе ги реализираме во текот на мојот мандат, потенцира Јовчески.

The post Јовчески: Прилеп за 100 дена доби нов детски парк, се асфалтираа улици, а ќе се пушти и нова автобуска приградска линија до населени места appeared first on Република.

]]>