болни Archives - Република https://republika.mk/tema/bolni/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 10:48:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png болни Archives - Република https://republika.mk/tema/bolni/ 32 32 Овие намирници треба да ги избегнувате кога сте болни https://republika.mk/zivot/zdravje/ovie-namirnitsi-treba-da-gi-izbegnuvate-koga-ste-bolni/ Mon, 19 Feb 2024 10:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=745665

Овие популарни намирници ќе направат повеќе штета отколку корист за време на сезоната на болести.

Во текот на зимската сезона, може да изгледа невозможно да се избегнат болести како што се настинки и грип. И во последниве години, ковидот стана уште една сезонска болест за која треба да бидеме свесни.

Тоа е затоа што овие типови на инфекции напредуваат во ладни услови, како и тоа што поминуваме многу повеќе време во затворен простор со други луѓе.

Се разбира, постојат многу начини на кои можеме да ги ублажиме симптомите, вклучително и лекови против болки, користејќи пареа и спрејови за нос. Сепак, секогаш е најдобро да се спречи болеста.

Имајќи го тоа на ум, еден експерт ги сподели своите совети за тоа што да се јаде во текот на зимата. Роберт Лав откри три популарни намирници кои треба да ги избегнувате.

Тој предупреди дека тие не само што ќе го забават вашето закрепнување, туку може да ја влошат вашата болест.

Рафиниран шеќер

Шеќерот природно се наоѓа во многу намирници, како што се овошјето, зеленчукот, млечните производи, јаткастите плодови и семките.

Меѓутоа, рафинираниот шеќер се добива со екстракција на природен шеќер од храна како што се шеќерна трска, шеќерна репка или пченка.

Често се додава во преработената храна за да им даде вкус.

Алкохол

Многу луѓе ќе пијат алкохол кога ќе се чувствуваат лошо.

Тој вели: „Алкохолот го нарушува имунолошкиот систем. Алкохолот, исто така, доведува до проблеми со спиењето и ја нарушува меморијата и им штети на цревните бактерии.“

Пржена храна

Знаеме дека е вкусно, но не треба да го јадеме.

„Зошто? Затоа што во голема мера го зголемува воспалението кога сте болни.“

 

The post Овие намирници треба да ги избегнувате кога сте болни appeared first on Република.

]]>

Овие популарни намирници ќе направат повеќе штета отколку корист за време на сезоната на болести. Во текот на зимската сезона, може да изгледа невозможно да се избегнат болести како што се настинки и грип. И во последниве години, ковидот стана уште една сезонска болест за која треба да бидеме свесни. Тоа е затоа што овие типови на инфекции напредуваат во ладни услови, како и тоа што поминуваме многу повеќе време во затворен простор со други луѓе. Се разбира, постојат многу начини на кои можеме да ги ублажиме симптомите, вклучително и лекови против болки, користејќи пареа и спрејови за нос. Сепак, секогаш е најдобро да се спречи болеста. Имајќи го тоа на ум, еден експерт ги сподели своите совети за тоа што да се јаде во текот на зимата. Роберт Лав откри три популарни намирници кои треба да ги избегнувате. Тој предупреди дека тие не само што ќе го забават вашето закрепнување, туку може да ја влошат вашата болест. Рафиниран шеќер Шеќерот природно се наоѓа во многу намирници, како што се овошјето, зеленчукот, млечните производи, јаткастите плодови и семките. Меѓутоа, рафинираниот шеќер се добива со екстракција на природен шеќер од храна како што се шеќерна трска, шеќерна репка или пченка. Често се додава во преработената храна за да им даде вкус. Алкохол Многу луѓе ќе пијат алкохол кога ќе се чувствуваат лошо. Тој вели: „Алкохолот го нарушува имунолошкиот систем. Алкохолот, исто така, доведува до проблеми со спиењето и ја нарушува меморијата и им штети на цревните бактерии.“ Пржена храна Знаеме дека е вкусно, но не треба да го јадеме. „Зошто? Затоа што во голема мера го зголемува воспалението кога сте болни.“  

The post Овие намирници треба да ги избегнувате кога сте болни appeared first on Република.

]]>
Нема парно во детската болница „Козле“: Децата наместо да се лекуваат, се доразболуваат https://republika.mk/vesti/skopje/nema-parno-vo-detskata-bolnitsa-kozle-detsata-namesto-da-se-lekuvaat-se-dorazboluvaat/ Wed, 18 Oct 2023 16:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=692585

Наместо да се лекуваат, дополнително се разболуваат. Мајки кои со своите деца лежат во детската болница „Козле“, се жалат дека со денови нема парно. Зад камера, полни со поплаки се и лекарите во болницата.

Екипа на Алфа беше во „Козле“. Не дочекаа студени ходници и амбуланти, но и ветување од менаџментот дека наскоро проблемот ќе бил надминат.

Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња. Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши. Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат. Рече дека немало парно греење ниту во болничките соби, ниту пак во амбулантите.

Нема парно. Веќе три дена како сме тука нема, а грејната сезона почна. Јас сум со мало бебе од три месеци и мислам дека е некоректно ова да ни се случува. Наместо да оздрави бебето, ние се доразболуваме, и мислам дека треба ова да го решат веднаш, зашто ноќите се навистина студени, реагира мајка на бебе кои се на лекување во „Козле“.

Целата сторија на Алфа телевизија. 

The post Нема парно во детската болница „Козле“: Децата наместо да се лекуваат, се доразболуваат appeared first on Република.

]]>

Наместо да се лекуваат, дополнително се разболуваат. Мајки кои со своите деца лежат во детската болница „Козле“, се жалат дека со денови нема парно. Зад камера, полни со поплаки се и лекарите во болницата. Екипа на Алфа беше во „Козле“. Не дочекаа студени ходници и амбуланти, но и ветување од менаџментот дека наскоро проблемот ќе бил надминат. Смрзнувачка во детската болница „Козле“. Пациенти се жалат дека нема греење во собите каде што лежат заедно со своите бебиња. Мајка на три месечно бебе реагира дека ова е нечовечки чин и бара овој проблем да се реши. Во изјава за Алфа вели дека во болницата повеќе се разболуваат, отколку што оздравуваат. Рече дека немало парно греење ниту во болничките соби, ниту пак во амбулантите.
Нема парно. Веќе три дена како сме тука нема, а грејната сезона почна. Јас сум со мало бебе од три месеци и мислам дека е некоректно ова да ни се случува. Наместо да оздрави бебето, ние се доразболуваме, и мислам дека треба ова да го решат веднаш, зашто ноќите се навистина студени, реагира мајка на бебе кои се на лекување во „Козле“.
Целата сторија на Алфа телевизија. 

The post Нема парно во детската болница „Козле“: Децата наместо да се лекуваат, се доразболуваат appeared first on Република.

]]>
Во Англија се отпуштаат пациенти од болници поради недостиг на болнички кревети https://republika.mk/vesti/svet/vo-anglija-se-otpushtaat-patsienti-od-bolnitsi-poradi-nedostig-na-bolnichki-kreveti/ Mon, 09 Jan 2023 07:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=594759

Во најкритичниот зимски период досега, Националната здравствена служба на Англија (НХС) планира итно отпуштање илјадници пациенти од болниците и домовите за стари лица во следните неколку недели, во обид да ги ослободи потребните капацитети за други пациенти.

Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година е под притисок од пандемијата на коронавирусот и е погодена од недоволни инвестиции и чести штрајкови на медицинските работници незадоволни од ниските плати.

Некои пациенти се лекуваат во ходници и во амбулантни возила, други чекаат во редици надвор од болниците или итните служби, а болниците се обидуваат порано да ги отпуштат посериозните пациенти поради недостаток на персонал и кревети, јавија медиуми во Лондон.

Владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 200 милиони фунти средства за здравствена заштита и подобрување на работните услови и уште 50 милиони фунти за подобрување на постоечките капацитети.

Во соопштението на владата не се наведува дали НХС во Шкотска, Велс и Северна Ирска, исто така, ќе инвестира повеќе во зголемување на капацитетот на болниците.

„НХС е под огромен притисок од Ковид-19, сезонскиот грип и најавените штрајкови. Оваа зима претставува екстремен предизвик“, нагласи Стив Баркли, британски министер за здравство

The post Во Англија се отпуштаат пациенти од болници поради недостиг на болнички кревети appeared first on Република.

]]>

Во најкритичниот зимски период досега, Националната здравствена служба на Англија (НХС) планира итно отпуштање илјадници пациенти од болниците и домовите за стари лица во следните неколку недели, во обид да ги ослободи потребните капацитети за други пациенти. Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година е под притисок од пандемијата на коронавирусот и е погодена од недоволни инвестиции и чести штрајкови на медицинските работници незадоволни од ниските плати. Некои пациенти се лекуваат во ходници и во амбулантни возила, други чекаат во редици надвор од болниците или итните служби, а болниците се обидуваат порано да ги отпуштат посериозните пациенти поради недостаток на персонал и кревети, јавија медиуми во Лондон. Владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 200 милиони фунти средства за здравствена заштита и подобрување на работните услови и уште 50 милиони фунти за подобрување на постоечките капацитети. Во соопштението на владата не се наведува дали НХС во Шкотска, Велс и Северна Ирска, исто така, ќе инвестира повеќе во зголемување на капацитетот на болниците. „НХС е под огромен притисок од Ковид-19, сезонскиот грип и најавените штрајкови. Оваа зима претставува екстремен предизвик“, нагласи Стив Баркли, британски министер за здравство

The post Во Англија се отпуштаат пациенти од болници поради недостиг на болнички кревети appeared first on Република.

]]>
Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/glasaat-bolnite-i-zatvorenicite-vo-mavrovo-rostushe-centar-zupa-i-tetovo/ Fri, 19 Aug 2022 09:13:24 +0000 https://republika.mk/?p=541915

Започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово.

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови кои се пријавиле како болни или немоќни. Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово.

Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи.

Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми.

Гласањето во овие три општини ќе се одива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19:00 часот.

The post Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово appeared first on Република.

]]>

Започна гласањето за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на општина Тетово. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека 93 лица денеска гласаат во своите домови кои се пријавиле како болни или немоќни. Од нив 29 во Центар Жупа, 40 во Маврово и Ростуше и 24 во Тетово. Денеска гласаат и 94 гласачи кои се издржување казна затвор или се во притвор во некоја од казнено-поправните установи, и тоа во КПД Идризово 56 гласачи, во Затвор Тетово 23 гласачи, во КПД Штип двајца гласачи, во Затвор Струга еден гласач и во Затвор Скопје – Шуто Оризари 12 гласачи. Гласачките места во казнено поправните установи се отворени на време и гласањето тече без проблеми. Гласањето во овие три општини ќе се одива утре на 172 избирачки места, коишто треба да бидат отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19:00 часот.

The post Гласаат болните и затворениците во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово appeared first on Република.

]]>
Нови 85 случаи на ковид-19 од 1.334 тестови, нема пријавено починати пациенти https://republika.mk/zivot/zdravje/novi-85-sluchai-na-kovid-19-od-1-334-testovi-nema-prijaveno-pochinati-pacienti/ Tue, 31 May 2022 11:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=509253

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 60, Битола - 7, Охрид – 4, Неготино – 3, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 48 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, Охрид, Куманово и Прилеп – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направени се 1.334 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-30, Авицена-39, Биотек-71, Систина-32, лабораторија Лаор-24, Синлаб-16, Ремедика - 15, Плодност-12, Генеа-8, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-16, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 596.

Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146918, Активни 393
Куманово 16676, Активни 5
Битола 15654, Активни 50
Прилеп 14210, Активни 9
Тетово 13479, Активни 6
Кавадарци 10685, Активни 7
Велес 9792, Активни 6
Гостивар 9608, Активни 5
Охрид 8919, Активни 23
Струмица 8073, Активни 1
Штип 8070, Активни 25
Кичево 5651, Активни 8
Кочани 5093, Активни 3
Струга 4728, Активни 2
Гевгелија 4421, Активни 3
Неготино 3694, Активни 7
Ресен 2751, Активни 3
Свети Николе 2634, Активни 3
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2416, Активни 1
Делчево 1986, Активни 2
Берово 1682, Активни 4
Дебар 1677, Активни 1
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1394, Активни 1
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0

The post Нови 85 случаи на ковид-19 од 1.334 тестови, нема пријавено починати пациенти appeared first on Република.

]]>

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 60, Битола - 7, Охрид – 4, Неготино – 3, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (85), регистрирани се 19 реинфекции. Регистрирани сe 48 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, Охрид, Куманово и Прилеп – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица. Направени се 1.334 тестови преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-30, Авицена-39, Биотек-71, Систина-32, лабораторија Лаор-24, Синлаб-16, Ремедика - 15, Плодност-12, Генеа-8, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-16, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 596. Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572. Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 146918, Активни 393 Куманово 16676, Активни 5 Битола 15654, Активни 50 Прилеп 14210, Активни 9 Тетово 13479, Активни 6 Кавадарци 10685, Активни 7 Велес 9792, Активни 6 Гостивар 9608, Активни 5 Охрид 8919, Активни 23 Струмица 8073, Активни 1 Штип 8070, Активни 25 Кичево 5651, Активни 8 Кочани 5093, Активни 3 Струга 4728, Активни 2 Гевгелија 4421, Активни 3 Неготино 3694, Активни 7 Ресен 2751, Активни 3 Свети Николе 2634, Активни 3 Радовиш 2531, Активни 1 Крива Паланка 2416, Активни 1 Делчево 1986, Активни 2 Берово 1682, Активни 4 Дебар 1677, Активни 1 Валандово 1488, Активни 0 Виница 1394, Активни 1 Пробиштип 1267, Активни 0 Богданци 1021, Активни 0 Кратово 965, Активни 0 Крушево 929, Активни 1 Демир Хисар 835, Активни 0 Македонски Брод 738, Активни 1 Демир Капија 593, Активни 0 Македонска Каменица 525, Активни 1 Пехчево 486, Активни 0 Дојран 347, Активни 0

The post Нови 85 случаи на ковид-19 од 1.334 тестови, нема пријавено починати пациенти appeared first on Република.

]]>
Во Србија се полнат болниците со пациенти од Ковид, бројот на починати се зголемува https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-srbija-se-polnat-bolnicite-so-pacienti-od-kovid-brojot-na-pochinati-se-zgolemuva/ Mon, 07 Feb 2022 14:37:11 +0000 https://republika.mk/?p=455224

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 1.768.343 случаи на заразени со коронавирус, а починале 13.991 заразено лице. Стапката на смртност е 0,79 отсто, објавено е на официјалната веб-страница, пишуваат медиумите во оваа соседна земја.

Епидемиолошката состојба во Србија анализираат медиумите не стивнува. Бројот на пациенти во болниците за ковид и оние што се на респиратори продолжува да расте, а се зголемува и бројот на смртни случаи.

На болничко лекување, во најтешка состојба, повеќето се постари од 70 години. Со поблага клиничка слика има сè повеќе заболени деца – кај најмалите често без симптоми.

Според последниот пресек, регистрирани се 10.602 случаи на инфекција со коронавирус меѓу 22.013 тестирани примероци, покажуваат податоците на веб-страницата covid19.rs. Како резултат на инфекцијата, починале 63 лица. Во болниците има 4.295 пациенти со ковид, од кои 154 се на респиратор.

Поради тешката епидемиска состојба, училиштата работат уште оваа недела, а потоа ќе започне продолжениот распуст кој ќе трае до 21 февруари.

Денеска учениците одат на училиште на стариот начин – пониските одделенија од основното училиште се во училишните клупи, а постарите основци и средношколци наставата ја следат по комбиниран модел – директно и онлајн наизменично.

The post Во Србија се полнат болниците со пациенти од Ковид, бројот на починати се зголемува appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 1.768.343 случаи на заразени со коронавирус, а починале 13.991 заразено лице. Стапката на смртност е 0,79 отсто, објавено е на официјалната веб-страница, пишуваат медиумите во оваа соседна земја. Епидемиолошката состојба во Србија анализираат медиумите не стивнува. Бројот на пациенти во болниците за ковид и оние што се на респиратори продолжува да расте, а се зголемува и бројот на смртни случаи. На болничко лекување, во најтешка состојба, повеќето се постари од 70 години. Со поблага клиничка слика има сè повеќе заболени деца – кај најмалите често без симптоми. Според последниот пресек, регистрирани се 10.602 случаи на инфекција со коронавирус меѓу 22.013 тестирани примероци, покажуваат податоците на веб-страницата covid19.rs. Како резултат на инфекцијата, починале 63 лица. Во болниците има 4.295 пациенти со ковид, од кои 154 се на респиратор. Поради тешката епидемиска состојба, училиштата работат уште оваа недела, а потоа ќе започне продолжениот распуст кој ќе трае до 21 февруари. Денеска учениците одат на училиште на стариот начин – пониските одделенија од основното училиште се во училишните клупи, а постарите основци и средношколци наставата ја следат по комбиниран модел – директно и онлајн наизменично.

The post Во Србија се полнат болниците со пациенти од Ковид, бројот на починати се зголемува appeared first on Република.

]]>
За 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, 54 починаа https://republika.mk/vesti/balkan/za-24-chasa-vo-hrvatska-se-zabelezani-10-003-novi-sluchai-na-zaraza-so-korona-virusot-54-pochinaa/ Wed, 02 Feb 2022 13:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=453041

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 60.264.

Меѓу нив 2.067 пациенти на болничко лекување, а на респиратор има 190 пациенти. Починаа 54 лица.

На брзите тестови позитивни се повеќе од 5.000 луѓе.

До денеска тестирани се вкупно 4.267.694, а 19.734 во последните 24 часа, па уделот на позитивни изнесува околу 50 отсто. Во хрватска од последиците од корона вирус, досега починаа 13.947 пациенти.

The post За 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, 54 починаа appeared first on Република.

]]>

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 60.264. Меѓу нив 2.067 пациенти на болничко лекување, а на респиратор има 190 пациенти. Починаа 54 лица. На брзите тестови позитивни се повеќе од 5.000 луѓе. До денеска тестирани се вкупно 4.267.694, а 19.734 во последните 24 часа, па уделот на позитивни изнесува околу 50 отсто. Во хрватска од последиците од корона вирус, досега починаа 13.947 пациенти.

The post За 24 часа во Хрватска се забележани 10.003 нови случаи на зараза со корона вирусот, 54 починаа appeared first on Република.

]]>
Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори, болните со ковид ќе може лично да гласаат https://republika.mk/vesti/svet/vo-portugalija-utre-kje-se-odrzat-parlamentarni-izbori-bolnite-so-kovid-kje-moze-lichno-da-glasaat/ Sat, 29 Jan 2022 18:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=451305

Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори, каде се преземени дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.

Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на утрешното гласање. Изборната комисија на денешната прес-конференција соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови“.

Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со корона, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација.

Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи.

The post Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори, болните со ковид ќе може лично да гласаат appeared first on Република.

]]>

Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори, каде се преземени дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани. Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на утрешното гласање. Изборната комисија на денешната прес-конференција соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови“. Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со корона, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација. Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи.

The post Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори, болните со ковид ќе може лично да гласаат appeared first on Република.

]]>
Нагло порасна бројот на заразени со ковид-19 во Јапонија https://republika.mk/vesti/svet/naglo-porasna-brojot-na-zarazeni-so-kovid-19-vo-japonija/ Sun, 16 Jan 2022 16:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=445352

Бројот на нови случаи на коронавирус во Јапонија е зголемен за 50 пати од почетокот на годината.

Локалните медиуми објавија дека бројот на дневни случаи на Ковид-19 во Јапонија надмина 25.000, првпат од август 2021 година.

Во последните 24 часа, во Јапонија се евидентирани 25.630 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број на случаи на Ковид-19 се искачи на 1.859,973.

Некои региони ги соборија сопствените рекорди. Имаше 3.692 случаи во југоисточниот град Осака, 1.829 на најјужниот остров Окинава и повеќе од 1.000 во Хирошима.

Со оглед на тоа дека бројот на нови случаи на 1 јануари 2022 година изнесуваше 457, бројот на дневни случаи на Ковид-19 е зголемен за дури 50 пати во последните две недели.

Најголемиот дневен број на случаи на Ковид-19 некогаш регистриран во Јапонија беше 25.992, а бил регистриран на 20 август 2021 година.

The post Нагло порасна бројот на заразени со ковид-19 во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Бројот на нови случаи на коронавирус во Јапонија е зголемен за 50 пати од почетокот на годината. Локалните медиуми објавија дека бројот на дневни случаи на Ковид-19 во Јапонија надмина 25.000, првпат од август 2021 година. Во последните 24 часа, во Јапонија се евидентирани 25.630 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број на случаи на Ковид-19 се искачи на 1.859,973. Некои региони ги соборија сопствените рекорди. Имаше 3.692 случаи во југоисточниот град Осака, 1.829 на најјужниот остров Окинава и повеќе од 1.000 во Хирошима. Со оглед на тоа дека бројот на нови случаи на 1 јануари 2022 година изнесуваше 457, бројот на дневни случаи на Ковид-19 е зголемен за дури 50 пати во последните две недели. Најголемиот дневен број на случаи на Ковид-19 некогаш регистриран во Јапонија беше 25.992, а бил регистриран на 20 август 2021 година.

The post Нагло порасна бројот на заразени со ковид-19 во Јапонија appeared first on Република.

]]>