бојко борисов Archives - Република https://republika.mk/tema/bojko-borisov/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 13:02:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бојко борисов Archives - Република https://republika.mk/tema/bojko-borisov/ 32 32 Борисов: На сите им е јасно дека ќе има нови избори https://republika.mk/vesti/svet/borisov-na-site-im-e-jasno-deka-ke-ima-novi-izbori/ Fri, 08 Nov 2024 13:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=835583

Бугарија е веќе во состојба во која не се зборува за перспектива, стабилност, безбедност и цели“, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на почетокот на Националната конференција на партијата, пренесува БГНЕС.

Вчера потпретседателката рече дека изборот на овој парламент е нелегитимен. Тоа значи дека според претседателската институција сите одлуки што се носат се нелегитимни. Тогаш зошто ние се собираме во понеделник да дадеме заклетва, зошто е даден овој ден и време? Тоа е во надлежност на претседателот да го свика Уставниот суд и да ги откаже изборите, а не да ги продолжи овие игри со делумните откажувања, коментира тој.

На сите им е јасно дека ќе има нови избори. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна кампања. Ова е последен обид од моја страна до понеделник да имаме помудра политичка класа - рече Борисов.

Тој ја повика потпретседателката Илијана Јотова да се извини за вчерашниот коментар дека изборите за 51. Народно собрание биле нелегитимни, или претседателот Радев да го повлече указот.

Тоа значи борба меѓу властите, рече Борисов, а со тоа и уште потешка политичка криза. Тој изјави дека верува оти води легитимно избрана партија.

The post Борисов: На сите им е јасно дека ќе има нови избори appeared first on Република.

]]>

Бугарија е веќе во состојба во која не се зборува за перспектива, стабилност, безбедност и цели“, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на почетокот на Националната конференција на партијата, пренесува БГНЕС. Вчера потпретседателката рече дека изборот на овој парламент е нелегитимен. Тоа значи дека според претседателската институција сите одлуки што се носат се нелегитимни. Тогаш зошто ние се собираме во понеделник да дадеме заклетва, зошто е даден овој ден и време? Тоа е во надлежност на претседателот да го свика Уставниот суд и да ги откаже изборите, а не да ги продолжи овие игри со делумните откажувања, коментира тој.
На сите им е јасно дека ќе има нови избори. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна кампања. Ова е последен обид од моја страна до понеделник да имаме помудра политичка класа - рече Борисов.
Тој ја повика потпретседателката Илијана Јотова да се извини за вчерашниот коментар дека изборите за 51. Народно собрание биле нелегитимни, или претседателот Радев да го повлече указот. Тоа значи борба меѓу властите, рече Борисов, а со тоа и уште потешка политичка криза. Тој изјави дека верува оти води легитимно избрана партија.

The post Борисов: На сите им е јасно дека ќе има нови избори appeared first on Република.

]]>
Мицкоски телефонски разговарал со Борисов, очекува Бојко да формира влада со која ќе се остранат пречките на македонскиот пат кон ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-telefonski-razgovaral-so-borisov-ochekuva-bojko-da-formira-vlada-so-koja-ke-se-ostranat-prechkite-na-makedonskiot-pat-kon-eu/ Mon, 28 Oct 2024 15:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=831780

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал телефонски разговор со Бојко Борисов, лидер на Десничарската партија ГЕРБ која освои најмногу гласови на парламентарните избори во Бугарија, при што изразил уверување дека ќе се формира стабилна влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија.

Остварив искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија. Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

Тој очекува дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени, како што вели, од почит и разбирање, за доброто на сите нас.

The post Мицкоски телефонски разговарал со Борисов, очекува Бојко да формира влада со која ќе се остранат пречките на македонскиот пат кон ЕУ appeared first on Република.

Другарите на Заев и Ковачевски освоија најмногу гласови на изборите, што ќе значи тоа за односите со Македонија? https://republika.mk/vesti/balkan/drugarite-na-zaev-i-kovachevski-osvoija-najmnogu-glasovi-na-izborite-shto-ke-znachi-toa-za-odnosite-so-makedonija/ Mon, 28 Oct 2024 10:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=831586

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој освои 26,42 отсто од гласовите.На второ место е „продолжуваме со промените“ на Кирил Петков со 14,31 процент.

Изненадувачки трета сила е проруската „Възраждане“ на ултранационалистот Волен Сидеров кој има отворени проруски ставови.

Што значат резултатите во Бугарија за односите со Македонија

Кој и да формира влада, Борисов или Петков не може да се очекува подобрување на односите со Македонија ако се знае нивното однесување во минатото.

Бојко Борисов со Зоран Заев го потпишаа Договорот за добрососедство со кој се прифати дека имаме заедничка историја.Овој договор кој требаше да биде за пријателство стана извор на сите проблеми меѓу двете земји.

Ништо подобар за Македонија не е ниту Кирил Петков. Тој иако наликуваше на модерен, европски политичар сепак имаше радикални ставови слични како Каракачанов. Тој ја посети Македонија кога премиер беше Димитар Ковачевски. Во време на нивното владеење дојде францускиот предлог со кој се бара да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав.

Изненадувачки некогаш најпопуларната партија во Бугарија „Има таков народ“ на тв водителот Слави Трифонов сега е трета одзади со само 6.8 отсто подршка.

The post Другарите на Заев и Ковачевски освоија најмногу гласови на изборите, што ќе значи тоа за односите со Македонија? appeared first on Република.

]]>

Објавени се првите неофицијални резултати на парламентарни избори во Бугарија, седми за две години. Очекувано, победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов кој освои 26,42 отсто од гласовите.На второ место е „продолжуваме со промените“ на Кирил Петков со 14,31 процент. Изненадувачки трета сила е проруската „Възраждане“ на ултранационалистот Волен Сидеров кој има отворени проруски ставови.

Што значат резултатите во Бугарија за односите со Македонија

Кој и да формира влада, Борисов или Петков не може да се очекува подобрување на односите со Македонија ако се знае нивното однесување во минатото. Бојко Борисов со Зоран Заев го потпишаа Договорот за добрососедство со кој се прифати дека имаме заедничка историја.Овој договор кој требаше да биде за пријателство стана извор на сите проблеми меѓу двете земји. Ништо подобар за Македонија не е ниту Кирил Петков. Тој иако наликуваше на модерен, европски политичар сепак имаше радикални ставови слични како Каракачанов. Тој ја посети Македонија кога премиер беше Димитар Ковачевски. Во време на нивното владеење дојде францускиот предлог со кој се бара да ги внесеме Бугарите во македонскиот Устав. Изненадувачки некогаш најпопуларната партија во Бугарија „Има таков народ“ на тв водителот Слави Трифонов сега е трета одзади со само 6.8 отсто подршка.

The post Другарите на Заев и Ковачевски освоија најмногу гласови на изборите, што ќе значи тоа за односите со Македонија? appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ на Борисов победи на изборите, ќе успее ли да формира влада? https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-na-borisov-pobedi-na-izborite-ke-uspee-li-da-formira-vlada/ Mon, 28 Oct 2024 06:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=831517

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето.

ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.сд/

Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени

The post ГЕРБ на Борисов победи на изборите, ќе успее ли да формира влада? appeared first on Република.

]]>

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето. ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет. Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори. На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии. Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.сд/ Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија. Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет. Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори. На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии. Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени

The post ГЕРБ на Борисов победи на изборите, ќе успее ли да формира влада? appeared first on Република.

]]>
Борисов прогласи победа и тврди дека овојпат ќе формира влада https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-proglasi-pobeda-i-tvrdi-deka-ovojpat-ke-formira-vlada/ Sun, 27 Oct 2024 21:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=831491

Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов вечерва на прес-конференцијата што ја одржаа во седиштето на партијата. Тој им се заблагодари на сите негови колеги и на сите Бугари кои го подигнаа одѕивот на гласачите.

Можеме да прифатиме многу компромиси, но не можеме да го замениме гласот на народот, изјави лидерот на ГЕРБ.

Тој рече дека нивната програма ќе биде основна за сите што сакаат да бидат во влада, но нема да се борат со невозможното, бидејќи некои од партиите уште вечерва започнале да им поставуваат услови.

Собранието е математика, бројот на партии е од големо значење. Ако влезат сите партии во влада, нема да има влада, предупреди Борисов.

Во 51. Национално собрание ќе влезат осум формации, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, направено со 90%.

ГЕРБ-СДС продолжува да води со повеќе од 10 проценти разлика. Во вториот има промена – засега „Вазраждане“ е пред ПП-ДБ со 2 процентни поени. „ДПС – Нов почеток“ и „Aлијанса за права и слободи“ се рангирани на четврто и петто место со разлика помала од процент. По нив се БСП и „Има таков народ“.

ГЕРБ-СДС – 25%
ПП-ДБ – 14,2%
„Преродба“ – 14%
„ДПС – Нов почеток“ – 10,3%
Алијанса за права и слободи – 8,6%
„БСП – Обединета левица“ – 8,1 отсто
„Има таков народ“ – 6,9%
МЕЧ – 4,8%

The post Борисов прогласи победа и тврди дека овојпат ќе формира влада appeared first on Република.

]]>

Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов вечерва на прес-конференцијата што ја одржаа во седиштето на партијата. Тој им се заблагодари на сите негови колеги и на сите Бугари кои го подигнаа одѕивот на гласачите.
Можеме да прифатиме многу компромиси, но не можеме да го замениме гласот на народот, изјави лидерот на ГЕРБ.
Тој рече дека нивната програма ќе биде основна за сите што сакаат да бидат во влада, но нема да се борат со невозможното, бидејќи некои од партиите уште вечерва започнале да им поставуваат услови.
Собранието е математика, бројот на партии е од големо значење. Ако влезат сите партии во влада, нема да има влада, предупреди Борисов.
Во 51. Национално собрание ќе влезат осум формации, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, направено со 90%. ГЕРБ-СДС продолжува да води со повеќе од 10 проценти разлика. Во вториот има промена – засега „Вазраждане“ е пред ПП-ДБ со 2 процентни поени. „ДПС – Нов почеток“ и „Aлијанса за права и слободи“ се рангирани на четврто и петто место со разлика помала од процент. По нив се БСП и „Има таков народ“. ГЕРБ-СДС – 25% ПП-ДБ – 14,2% „Преродба“ – 14% „ДПС – Нов почеток“ – 10,3% Алијанса за права и слободи – 8,6% „БСП – Обединета левица“ – 8,1 отсто „Има таков народ“ – 6,9% МЕЧ – 4,8%

The post Борисов прогласи победа и тврди дека овојпат ќе формира влада appeared first on Република.

]]>
Борисов води на изборите во Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-vodi-na-izborite-vo-bugarija/ Sun, 27 Oct 2024 20:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=831475

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети.

Според податоците на агенцијата Алфа Рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови.

Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 отсто, БСП-Обединета левица со 7,8 отсто од гласовите и Има таков народ со 6,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети.

Заклучно со 19:00 часот, излезноста на гласачите беше над 33%. Право на глас имаа 6.601.262 лица. На изборите учествуваат 19 партии, 9 коалиции и 1 независен кандидат, кои се борат за 240 пратенички места во бугарскиот Парламент.

The post Борисов води на изборите во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети. Според податоците на агенцијата Алфа Рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови. Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 отсто, БСП-Обединета левица со 7,8 отсто од гласовите и Има таков народ со 6,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети.
Заклучно со 19:00 часот, излезноста на гласачите беше над 33%. Право на глас имаа 6.601.262 лица. На изборите учествуваат 19 партии, 9 коалиции и 1 независен кандидат, кои се борат за 240 пратенички места во бугарскиот Парламент.

The post Борисов води на изборите во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи-внесување на Бугарите во Уставот или затворање https://republika.mk/vesti/makedonija/borisov-i-petkov-skopje-treba-da-odluchi-vnesuvane-na-bugarite-vo-ustavot-ili-zatvorane/ Thu, 26 Sep 2024 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=819807

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен.

Лидерот на ГЕРБ Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент, истакна дека Бугарија и Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување, и никој не може да отстапи од него.

Борисов смета дек Софија треба да остане и мирна и трпелива, да не изгледа агресивна бидејќи како што наведе „вината е кај колегите во Скопје“.

Посочи дека „секој што ќе го прекрши добриот тон, а Бугарија тоа не го направи, ќе ги трпи последиците“.

- Сè што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија, беше многу добро слушнато. Така функционираат европските институции. Не се закануваат, не навредуваат, а резултатот е Албанија оди напред. Таа го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги од Македонија треба да ги понесат последиците од нивното досегашно однесување, рече Борисов во пресрет на разгледувањето на декларацијата за Македонија поднесена од крајнодесничарската партија „Преродба“. Борисов вели дека ќе се обиде да ги убеди колегите во Комисијата за надворешна политика да не се однесуваат емотивно, туку да прагматично и разумно.

И лидерот на ПП-ДБ Кирил Петков, вели дека Скопје треба да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во својот устав или да го запре патот кон ЕУ.

- Времето покажа дека договорот што го направивме во времето на нашата влада - францускиот предлог - се покажа многу добар за Бугарија. Реално, целата Европска унија застана на страната на Бугарија. Република Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во нејзиниот устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен. Многу се надевам дека ќе се преиспитаат, бидејќи она што се случи во моментов е дека Албанија се одделува од нив и побрзо ќе го продолжи патот кон ЕУ, изјави Петков.

Одвојувањето на Албанија и Макеоднија на патотот кон ЕУ, го поздрави првиот човек на „Преродба“ Костадин Костадинов. Тоа според него се случи откако „Тирана го признала бугарското малцинство и му ги гарантирала сите уставни права“.

- Отсега, Република Македонија има два пата – или ќе го признае присуството на Бугарите како државотворен елемент на својата земја и ќе ги вклучи во Уставот или ќе остане надвор од преговарачкиот процес, рече Костадинов.

Во врска со Договорот за добрососедство, Костадинов смета дека откако Скопје одби да го почитува, и Софија веќе не треба да се држи до обврските што прозилегуваат од него.

The post Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи-внесување на Бугарите во Уставот или затворање appeared first on Република.

]]>

Поранешните премиери на Бугарија, Бојко Борисов и Кирил Петков, денеска изјавија дека Договорот за доброседство мора да се почитува и ги повикаа властите во Македонија да одлучат дали ќе ги внесат Бугарите во Уставот или нејзиниот пат кон ЕУ ќе остане затворен. Лидерот на ГЕРБ Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент, истакна дека Бугарија и Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување, и никој не може да отстапи од него. Борисов смета дек Софија треба да остане и мирна и трпелива, да не изгледа агресивна бидејќи како што наведе „вината е кај колегите во Скопје“. Посочи дека „секој што ќе го прекрши добриот тон, а Бугарија тоа не го направи, ќе ги трпи последиците“.
- Сè што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија, беше многу добро слушнато. Така функционираат европските институции. Не се закануваат, не навредуваат, а резултатот е Албанија оди напред. Таа го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги од Македонија треба да ги понесат последиците од нивното досегашно однесување, рече Борисов во пресрет на разгледувањето на декларацијата за Македонија поднесена од крајнодесничарската партија „Преродба“. Борисов вели дека ќе се обиде да ги убеди колегите во Комисијата за надворешна политика да не се однесуваат емотивно, туку да прагматично и разумно.
И лидерот на ПП-ДБ Кирил Петков, вели дека Скопје треба да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во својот устав или да го запре патот кон ЕУ.
- Времето покажа дека договорот што го направивме во времето на нашата влада - францускиот предлог - се покажа многу добар за Бугарија. Реално, целата Европска унија застана на страната на Бугарија. Република Македонија мора да одлучи дали сака да ги прифати Бугарите во нејзиниот устав или нејзиниот пат кон Европа е затворен. Многу се надевам дека ќе се преиспитаат, бидејќи она што се случи во моментов е дека Албанија се одделува од нив и побрзо ќе го продолжи патот кон ЕУ, изјави Петков.
Одвојувањето на Албанија и Макеоднија на патотот кон ЕУ, го поздрави првиот човек на „Преродба“ Костадин Костадинов. Тоа според него се случи откако „Тирана го признала бугарското малцинство и му ги гарантирала сите уставни права“.
- Отсега, Република Македонија има два пата – или ќе го признае присуството на Бугарите како државотворен елемент на својата земја и ќе ги вклучи во Уставот или ќе остане надвор од преговарачкиот процес, рече Костадинов.
Во врска со Договорот за добрососедство, Костадинов смета дека откако Скопје одби да го почитува, и Софија веќе не треба да се држи до обврските што прозилегуваат од него.

The post Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи-внесување на Бугарите во Уставот или затворање appeared first on Република.

]]>
Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство – никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-albanija-odi-napred-go-prifati-bugarskoto-maltsinstvo-nikoj-ne-mozhe-da-otstapi-od-dogovorot-za-dobrososedstvo/ Thu, 26 Sep 2024 09:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=819773

Бугарија и Република Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ.

Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.

„Затоа што тактиката на нашите колеги во Македонија е ние да бидеме виновниците. Имаме Договор за добрососедство кој е вметнат во Планот за проширување и никој не може да отстапи од него. Така функционираат европските институции. Резултатот е дека Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Македонија мора да го издржат или толерираат она што нивното однесување им го создаде досега“, рекол Борисов.

На денешната седница на Комисијата за надворешна политика се очекува да се разговара за Предлог-декларација во врска со, како што пишуваат бугарските медиуми, „систематското и методично уништување на дијалогот меѓу РСМ и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од страна на владејачките политички фактори во Република Македонија“.

Според Борисов, Бугарија не го нарушува добриот тон – побарана е само оставка од вицепремиерот Александар Николоски, што, за него, е нешто многу нормално.

„Ние како држава мора да се исправиме и да не бидеме во тонот на еден министер. Сакам да го уверам бугарскиот народ дека за се што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија сме многу добро слушнати“, додал Борисов во изјава за бугарските медиуми.

The post Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство – никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство appeared first on Република.

]]>

Бугарија и Република Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ. Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда. „Затоа што тактиката на нашите колеги во Македонија е ние да бидеме виновниците. Имаме Договор за добрососедство кој е вметнат во Планот за проширување и никој не може да отстапи од него. Така функционираат европските институции. Резултатот е дека Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Македонија мора да го издржат или толерираат она што нивното однесување им го создаде досега“, рекол Борисов. На денешната седница на Комисијата за надворешна политика се очекува да се разговара за Предлог-декларација во врска со, како што пишуваат бугарските медиуми, „систематското и методично уништување на дијалогот меѓу РСМ и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од страна на владејачките политички фактори во Република Македонија“. Според Борисов, Бугарија не го нарушува добриот тон – побарана е само оставка од вицепремиерот Александар Николоски, што, за него, е нешто многу нормално. „Ние како држава мора да се исправиме и да не бидеме во тонот на еден министер. Сакам да го уверам бугарскиот народ дека за се што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија сме многу добро слушнати“, додал Борисов во изјава за бугарските медиуми.

The post Борисов: Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство – никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство appeared first on Република.

]]>
Борисов: Горди сме што Бугарија спаси 50.000 бугарски Евреи, Бог да ги прости 11.343 Евреи од Грција и од Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-gordi-sme-shto-bugarija-spasi-50-000-bugarski-evrei-bog-da-gi-prosti-11-343-evrei-od-grtsija-i-od-makedonija/ Sun, 10 Mar 2024 20:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=753451

Горди сме што Бугарија ги спаси бугарските Евреи, Бог да ги прости 11.343 Евреи од Фрција и од Македонија кои беа однесени во логорот на смртта, објави денеска поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Денес, кога повеќе од кога било имаме потреба од лекција по родољубие, се сеќаваме на подвигот на Бугарската православна црква, на политичарите, јавните личности, интелектуалците и обичните граѓани, кои не дозволија да бидат испратени во смрт нивните сонародници Евреи.
Настаните од март 1943 година одекнуваат до денес во светската меморија, потсетувајќи дерка има надеж дури и во најцрниот мрак, сè додека обединувањето се бара и се наоѓа во името на една повисока кауза, објави Борисов на својот профил на Фејсбук.

Горди сме, додава Борисов во објавата, и благодарни за подвигот на нашите предци што доведе до спасувањето на речиси 50.000 бугарски Евреи.

Бог да ги прости невините жртви на холокаустот, меѓу кои и 11.343 Евреи од териториите на денешните Грција и РС Македонија, чиишто животи ние Бугарите не можевме да ги спасиме, напиша Борисов на Фејсбук.

Од Македонија бугарската фашистичка власт во логорот Треблинка испрати 7.144 Евреи од Македонија.

The post Борисов: Горди сме што Бугарија спаси 50.000 бугарски Евреи, Бог да ги прости 11.343 Евреи од Грција и од Македонија appeared first on Република.

]]>

Горди сме што Бугарија ги спаси бугарските Евреи, Бог да ги прости 11.343 Евреи од Фрција и од Македонија кои беа однесени во логорот на смртта, објави денеска поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Денес, кога повеќе од кога било имаме потреба од лекција по родољубие, се сеќаваме на подвигот на Бугарската православна црква, на политичарите, јавните личности, интелектуалците и обичните граѓани, кои не дозволија да бидат испратени во смрт нивните сонародници Евреи. Настаните од март 1943 година одекнуваат до денес во светската меморија, потсетувајќи дерка има надеж дури и во најцрниот мрак, сè додека обединувањето се бара и се наоѓа во името на една повисока кауза, објави Борисов на својот профил на Фејсбук.
Горди сме, додава Борисов во објавата, и благодарни за подвигот на нашите предци што доведе до спасувањето на речиси 50.000 бугарски Евреи.
Бог да ги прости невините жртви на холокаустот, меѓу кои и 11.343 Евреи од териториите на денешните Грција и РС Македонија, чиишто животи ние Бугарите не можевме да ги спасиме, напиша Борисов на Фејсбук.
Од Македонија бугарската фашистичка власт во логорот Треблинка испрати 7.144 Евреи од Македонија.

The post Борисов: Горди сме што Бугарија спаси 50.000 бугарски Евреи, Бог да ги прости 11.343 Евреи од Грција и од Македонија appeared first on Република.

]]>
Борисов доживеа дебакл на локалните избори за Софија https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-dozhivea-debakl-na-lokalnite-izbori-za-sofija/ Mon, 30 Oct 2023 14:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=696363

ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо.

По првиот круг на изборите и пребројани една третина од гласовите во Софија убедливо води пандидатот на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија, бизнисменот Васил Терзиев, со 32 отсто, втора е познатиот борец за синдикални права Вања Григорова, која е кандидат на БСП, со 22,6 отсто, додека кандидатот на ГЕРБ, новинарот Антон Хекимјан заостанува со 19 проценти од гласовите. Што значи дека не влегува во вториот круг. И во гласањето за општинскиот совет ГЕРБ заостанува, освојувајќи 20 отсто наспроти 33 проценти за ПП-ДБ. Анкетите одамна предвидуваа дека гласачкото тело на граѓанската коалиција ПП-ДБ во Софија е многу силно, но невлегувањето во второт круг на кандидатот на ГЕРБ е сериозен удар за Борисов, што покажува колку се намалува влијанието на партијата. Иако на државно ниво сѐ уште е прва по освоениот број гласови.

За да остане мотивацијата кај гласачите на ГЕРБ во Софија тие ќе имаат можност да излезат во втгориот круг и да гласаат за изборот на градоначалници во 20 квартови на главниот град, каде во огромниот дел водат кандидатите на ПП-ДБ, а нивните членови се главно втори.

ГЕРБ може да се пофали дека во првиот круг нејзини кандидати (или што ги поддржала) победија во шест града (најважниот од нив е Бургас), но гласовите за општинските совети не се толку убедливи. Според досега избројаните гласови неочекувано добар резултат има коалицијата ПП-ДБ, која освојува повеќе отколку што ѝ предвидуваа анкетите.

Излезноста беше многу мала, само 36,9 отсто.

The post Борисов доживеа дебакл на локалните избори за Софија appeared first on Република.

]]>

ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо. По првиот круг на изборите и пребројани една третина од гласовите во Софија убедливо води пандидатот на коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија, бизнисменот Васил Терзиев, со 32 отсто, втора е познатиот борец за синдикални права Вања Григорова, која е кандидат на БСП, со 22,6 отсто, додека кандидатот на ГЕРБ, новинарот Антон Хекимјан заостанува со 19 проценти од гласовите. Што значи дека не влегува во вториот круг. И во гласањето за општинскиот совет ГЕРБ заостанува, освојувајќи 20 отсто наспроти 33 проценти за ПП-ДБ. Анкетите одамна предвидуваа дека гласачкото тело на граѓанската коалиција ПП-ДБ во Софија е многу силно, но невлегувањето во второт круг на кандидатот на ГЕРБ е сериозен удар за Борисов, што покажува колку се намалува влијанието на партијата. Иако на државно ниво сѐ уште е прва по освоениот број гласови. За да остане мотивацијата кај гласачите на ГЕРБ во Софија тие ќе имаат можност да излезат во втгориот круг и да гласаат за изборот на градоначалници во 20 квартови на главниот град, каде во огромниот дел водат кандидатите на ПП-ДБ, а нивните членови се главно втори. ГЕРБ може да се пофали дека во првиот круг нејзини кандидати (или што ги поддржала) победија во шест града (најважниот од нив е Бургас), но гласовите за општинските совети не се толку убедливи. Според досега избројаните гласови неочекувано добар резултат има коалицијата ПП-ДБ, која освојува повеќе отколку што ѝ предвидуваа анкетите. Излезноста беше многу мала, само 36,9 отсто.  

The post Борисов доживеа дебакл на локалните избори за Софија appeared first on Република.

]]>
Борисов нема да има имунитет ако му се суди за вилата во Барселона https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-nema-da-ima-imunitet-ako-mu-se-sudi-za-vilata-vo-barselona/ Thu, 06 Jul 2023 06:38:38 +0000 https://republika.mk/?p=658504

Претседателот на една од бугарските  владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет.

-Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот.

Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија.

Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“.

Станува збор за афера во која поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство.

The post Борисов нема да има имунитет ако му се суди за вилата во Барселона appeared first on Република.

]]>

Претседателот на една од бугарските  владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет. -Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот. Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија. Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“. Станува збор за афера во која поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство.

The post Борисов нема да има имунитет ако му се суди за вилата во Барселона appeared first on Република.

]]>
Радев и Борисов се караат кој ја турка Бугарија во војна https://republika.mk/vesti/balkan/radev-i-borisov-se-karaat-koj-ja-turka-bugarija-vo-vojna/ Fri, 23 Jun 2023 07:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=654277

Лидерот на бугарската владејачка партија ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска во ходниците на Народното собрание во Софија, експресно му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев, изјавувајќи дека владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна.

-Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна, изјави Борисов, во коментарот до Радев, кој утринава изјави дека „курсот на новата влада е да ја турка Бугарија уште поблиску до војна“.

„Немам причина да зборувам во име на Владата, можам да зборувам само во името на мојата пратеничка група. Целиот демократски свет и помага на Украина на кој и да е начин“, истакна Борисов.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев пак пред денешната посета на Австрија се осврна на несогласувањата со извршната власт, истакнувајќи дека новата Влада ја турка земјата поблиску до војната.

- Не сметам дека е соодветно политичарите со скромна изборна поддршка да зборуваат и да преземаат толку тешки обврски во име на Бугарија. Некои политичари на оваа војна гледаат како да се во театар и удобно се сместиле во публиката и се во заблуда дека ќе останат само гледачи. Во интерес на цела Европа е веднаш да ги прекине непријателствата и да ги бара сите можни начини за обновување на дијалогот и мировните преговори, наместо да се поттикнува конфликтот со ново оружје, истакна Радев.

Тој пред три дена изјави дека би било грешка Бугарија да се приклучи на договорот за обезбедување ракети на Украина. Во мај, земјите од ЕУ го финализираа договорот за испраќање на Киев еден милион гранати од 155 милиметри, како и проектили, до крајот на март следната година. Радев денеска ги повика новата влада и Министерството за одбрана да се грижат „повеќе за бугарската армија, а не за странските“ вооружени сили.

На Самитот на НАТО во Вилнус, Радев требаше да ја предводи бугарската делегација, но Владата пред два дена одлучи делегацијата да биде предводена од премиерот.

- Надворешната политика е заедничка одговорност на институциите и едностраното наметнување на ставовите на извршната власт не води до одржливо решение, изјави Радев коментирајќи ја одлуката премиерот Николај Денков да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО.

Тој додаде дека и според Законот за одбрана и вооружени сили, како и според Уставот претседателот е врховен командант и во време на војна и во мир

The post Радев и Борисов се караат кој ја турка Бугарија во војна appeared first on Република.

]]>

Лидерот на бугарската владејачка партија ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска во ходниците на Народното собрание во Софија, експресно му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев, изјавувајќи дека владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна. -Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна, изјави Борисов, во коментарот до Радев, кој утринава изјави дека „курсот на новата влада е да ја турка Бугарија уште поблиску до војна“.
„Немам причина да зборувам во име на Владата, можам да зборувам само во името на мојата пратеничка група. Целиот демократски свет и помага на Украина на кој и да е начин“, истакна Борисов.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев пак пред денешната посета на Австрија се осврна на несогласувањата со извршната власт, истакнувајќи дека новата Влада ја турка земјата поблиску до војната.
- Не сметам дека е соодветно политичарите со скромна изборна поддршка да зборуваат и да преземаат толку тешки обврски во име на Бугарија. Некои политичари на оваа војна гледаат како да се во театар и удобно се сместиле во публиката и се во заблуда дека ќе останат само гледачи. Во интерес на цела Европа е веднаш да ги прекине непријателствата и да ги бара сите можни начини за обновување на дијалогот и мировните преговори, наместо да се поттикнува конфликтот со ново оружје, истакна Радев.
Тој пред три дена изјави дека би било грешка Бугарија да се приклучи на договорот за обезбедување ракети на Украина. Во мај, земјите од ЕУ го финализираа договорот за испраќање на Киев еден милион гранати од 155 милиметри, како и проектили, до крајот на март следната година. Радев денеска ги повика новата влада и Министерството за одбрана да се грижат „повеќе за бугарската армија, а не за странските“ вооружени сили. На Самитот на НАТО во Вилнус, Радев требаше да ја предводи бугарската делегација, но Владата пред два дена одлучи делегацијата да биде предводена од премиерот. - Надворешната политика е заедничка одговорност на институциите и едностраното наметнување на ставовите на извршната власт не води до одржливо решение, изјави Радев коментирајќи ја одлуката премиерот Николај Денков да ја предводи бугарската делегација на Самитот на НАТО. Тој додаде дека и според Законот за одбрана и вооружени сили, како и според Уставот претседателот е врховен командант и во време на војна и во мир

The post Радев и Борисов се караат кој ја турка Бугарија во војна appeared first on Република.

]]>
Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра https://republika.mk/vesti/balkan/afera-barselonagejt-ova-e-hatsiendata-za-lubovnitsata-na-borisov-za-koja-e-faten-deka-platil-2-9-milioni-evra/ Fri, 09 Jun 2023 16:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=649717

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер.

Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.

Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .

Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму.

Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>

„Истрагата го идентификуваше Бојко Методиев Борисов како вистински извор на средствата за стекнување на имотот“. Ова се тврди во документите доставени од главниот обвинител Иван Гешев во врска со истрагата околу аферата „Барселонагејт“, која деновиве ја тресе Бугарија, а во која главна улога имаат обвинителството и поранешниот премиер. Како што пишуваат бугарските медиуми, истрагата нагло се забрзала откако ГЕРБ почна да го поддржува разрешувањето на бугарскиот главен обвинител.
Средствата во наведениот износ не можат да имаат правно потекло, бидејќи Борисов немал имот што би му овозможил да направи таков трошок. Парите за купување на имотот отишле преку фирмата „Тера тур сервис“ ЕООД со која управувала таткото на лицето Валентин Василев Златев, кој е во блиски пријателски односи со Борисов. Во моментот на стекнување на имотот Борисов имал интимна врска со Борислава Јовчева со која има дете. Оваа врска Борисов ја негира, но докази се прибавени, се вели во официјалниот документ на обвинителството, потпишан од обвинителот Стефан Христов од градското обвинителство на Софија, објавен од „Бивол“ .
Станува збор за имот од 2,9 милиони евра во Барселона, стекнат со цел Борислава Јовчева и нејзиното семејство да живеат таму. Дел од информациите за оваа куќа беа откриени уште во 2016 година во записите за аферата „Јаневагејт“, а неколку години подоцна, каталонската полиција започна истрага по дојава на BOEC.

The post Афера „Барселонагејт“: Ова е хациендата за љубовницата на Борисов, за која е фатен дека платил 2.9 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Бугарското обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskoto-obvinitelstvo-pobara-odzemane-na-imunitetot-na-borisov/ Thu, 01 Jun 2023 14:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=646879

Софиското градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, за да биде ставен од истрага во случајот за перење пари, познат во Бугарија како „Барселонагејт“, пренесува „Еурактив“.

Истрагата почна пред речиси три години, додека Борисов сè уште беше премиер, кога во анонимна група на Фејсбук беше споделено видео за луксузен имот во богато предградие на Барселона каде што поранешната бугарска манекенка Борислава Јовчева живееше со своето дете.

Анонимниот клип алудираше дека детето е на Борисов, нешто што тој секогаш го негираше. Случајот прво го истражуваше шпанското обвинителство, кое откри индиректни траги на перење пари, но без директно поврзување со Борисов, а во 2021 година истрагата беше префрлена во Бугарија.

Бугарското обвинителство почна да покажува активен интерес во истрагата „Барселонагејт“ пред само три недели, откако партијата на Борисов објави дека ја поддржува долгоочекуваната судска реформа во земјата насочена кон намалување на овластувањата на бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев.

Веднаш потоа Гешев се закани дека ќе го исчисти „политичкото ѓубре“.

Во вторникот, Градското обвинителство на Софија побара одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов бидејќи постојат доволно докази за перење пари. Бугарските пратеници можат сами да се откажат од имунитетот или тој да им биде одземен со гласање на парламентот

„Бев без имунитет две години. Сега категорично нема доброволно да се откажам од имунитетот, бидејќи треба да си слеп за да не видиш што се случува во моментов“, рече Борисов.

Според него, обвинителството дејствувало во вторникот за да спречи избор на редовна влада со поддршка на неговата партија и коалицијата „Промената продолжува – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), која ги поддржува судските реформи.

Тензиите околу Борисов и обвинителството се случуваат во екот на преговорите за формирање а редовна прозападна влада меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, што ќе стави крај на политичката криза во земјата која трае две и пол години. Се очекува гласањето да биде кон средината на следната недела.

„Не се грижам за „Барселонагејт“. Воопшто. Не сум имал, немам и нема да имам имот во Шпанија! Што повеќе да одговорам?“ изјави Борисов.

Клучен сведок во случајот е поранешната манекенка и мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, која е пријателка на Јовчева и живеела во куќата во Барселона. Таа тврди дека Борисов е татко на детето на Јовчева и дека знае доволно за „Барселонагејт“.

На крајот на минатата недела, пратеничката група на ГЕРБ објави дека ќе ги бојкотира сите барања на обвинителството за одземање на имунитетот на бугарските пратеници. Кандидатот за премиер Николај Денков повика обвинителството да не се користи како политичка алатка.

„Обвинителството не треба да се користи како политички клуб. Мигот кога првите две политички сили ќе кажат дека се подготвени да владеат, ќе видите што ќе се случи“, рече Денков.

Пратениците од другите политички партии, популистичката Има таков народ и проруските БСП и Вазраждане повикаа да се укине имунитетот на Борисов за да може да биде под истрага за „Барселонагејт“.

„Ако тој тврди дека е невин, тоа треба да го докаже во транспарентен судски процес“, рече лидерката на БСП, Корнелија Нинова.

The post Бугарското обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов appeared first on Република.

]]>

Софиското градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, за да биде ставен од истрага во случајот за перење пари, познат во Бугарија како „Барселонагејт“, пренесува „Еурактив“. Истрагата почна пред речиси три години, додека Борисов сè уште беше премиер, кога во анонимна група на Фејсбук беше споделено видео за луксузен имот во богато предградие на Барселона каде што поранешната бугарска манекенка Борислава Јовчева живееше со своето дете. Анонимниот клип алудираше дека детето е на Борисов, нешто што тој секогаш го негираше. Случајот прво го истражуваше шпанското обвинителство, кое откри индиректни траги на перење пари, но без директно поврзување со Борисов, а во 2021 година истрагата беше префрлена во Бугарија. Бугарското обвинителство почна да покажува активен интерес во истрагата „Барселонагејт“ пред само три недели, откако партијата на Борисов објави дека ја поддржува долгоочекуваната судска реформа во земјата насочена кон намалување на овластувањата на бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев. Веднаш потоа Гешев се закани дека ќе го исчисти „политичкото ѓубре“. Во вторникот, Градското обвинителство на Софија побара одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов бидејќи постојат доволно докази за перење пари. Бугарските пратеници можат сами да се откажат од имунитетот или тој да им биде одземен со гласање на парламентот „Бев без имунитет две години. Сега категорично нема доброволно да се откажам од имунитетот, бидејќи треба да си слеп за да не видиш што се случува во моментов“, рече Борисов. Според него, обвинителството дејствувало во вторникот за да спречи избор на редовна влада со поддршка на неговата партија и коалицијата „Промената продолжува – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), која ги поддржува судските реформи. Тензиите околу Борисов и обвинителството се случуваат во екот на преговорите за формирање а редовна прозападна влада меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, што ќе стави крај на политичката криза во земјата која трае две и пол години. Се очекува гласањето да биде кон средината на следната недела. „Не се грижам за „Барселонагејт“. Воопшто. Не сум имал, немам и нема да имам имот во Шпанија! Што повеќе да одговорам?“ изјави Борисов. Клучен сведок во случајот е поранешната манекенка и мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, која е пријателка на Јовчева и живеела во куќата во Барселона. Таа тврди дека Борисов е татко на детето на Јовчева и дека знае доволно за „Барселонагејт“. На крајот на минатата недела, пратеничката група на ГЕРБ објави дека ќе ги бојкотира сите барања на обвинителството за одземање на имунитетот на бугарските пратеници. Кандидатот за премиер Николај Денков повика обвинителството да не се користи како политичка алатка. „Обвинителството не треба да се користи како политички клуб. Мигот кога првите две политички сили ќе кажат дека се подготвени да владеат, ќе видите што ќе се случи“, рече Денков. Пратениците од другите политички партии, популистичката Има таков народ и проруските БСП и Вазраждане повикаа да се укине имунитетот на Борисов за да може да биде под истрага за „Барселонагејт“. „Ако тој тврди дека е невин, тоа треба да го докаже во транспарентен судски процес“, рече лидерката на БСП, Корнелија Нинова.

The post Бугарското обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов appeared first on Република.

]]>
Борисов: Aко нема Влада нема да може да се исплатат плати и пензии https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-ako-nema-vlada-nema-da-mozhe-da-se-isplatat-plati-i-penzii/ Fri, 19 May 2023 07:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=642519

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако нне се формира влада тогаш нема да има ниту буџет.

- Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови, истакна Борисов.

Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии.

- Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии, посочи Борисов

The post Борисов: Aко нема Влада нема да може да се исплатат плати и пензии appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако нне се формира влада тогаш нема да има ниту буџет. - Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови, истакна Борисов. Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии. - Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии, посочи Борисов

The post Борисов: Aко нема Влада нема да може да се исплатат плати и пензии appeared first on Република.

]]>
Борисов: Опција е и уставна влада https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-optsija-e-i-ustavna-vlada/ Fri, 19 May 2023 07:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=642514

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека Марија Габриел ги има сите права да преговара и да носи одлуки, бидејќи ако следната недела ако не се формира влада тогаш нема да има ниту буџет.

Опција е и уставна влада, бидејќи за промена на Уставот се потребни најмалку 160 гласови - истакна Борисов.

Според него ако не се избере влада, државата во јуни нема да може да исплати плати и пензии.

Не е само буџетот заложник, туку и Планот за закрепнување, Шенген, еврозоната и фондовите. Имаме толку многу проблеми кои во моментов се заложници на политичките игри. Од првиот ден зборувам за одговорност на сите партии - посочи Борисов.

The post Борисов: Опција е и уставна влада appeared first on Република.

Борисов ја номинира еврокомесарката Габриел за нов премиер на Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-ja-nominira-evrokomesarkata-gabriel-za-nov-premier-na-bugarija/ Wed, 10 May 2023 09:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=639168

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, утринава ја номинираше еврокомесарката Марија Габриел за кандидат на неговата политичка партија за следен премиер на Бугарија, потврдувајќи ги постоечкиѕе шпекулации во Софија, пренесува „Еурактив“ цитирајќи ги бугарските медиуми.

Кусата најава на Борисов во парламентот ја поздравија само пратениците на ГЕРБ, а тој истакна дека Габриел е задолжена самата да побара поддршка од другите парламентарни сили за да се договори за кабинет.

Борисов вчера најави дека мандатарот за новата влада ќе биде претставен пред лидрите на сите политички партии во бугарскиот парламент. Неговата ГЕРБ се покажа како најсилна партија на предвремените ибори на 2 април, освојуваќи 25 отсто од гласовите, и сега ја има тешката задача да најде коалициски партнери за да формира влада.

Тој рече дека Бугарите и Европа ќе се гордеат со премиерот што тој ќе го предложи.

Нашиот премиер ќе биде личност што ќе може да ги води економијата, индустријата и модернизацијата во насока што сите ја очекуваме, нагласи Борисов.

Откако „24часа“ ја објави шпекулацијата за новиот мандатар, Еурактив побарал коментар од канцеларијата на Габриел и од кабинетот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, но оттаму одбиле да коментираат.ж

За да ја напушти позицијата на еврокомесар, на Габриел ќе биде потребна формално одобрување од шефицата на ЕК. Ако Габриел ја напушти Комисијата, Фон дер Лајен може или да ја замени или да му го даде нејзиниот ресор на друг комесар.

Експертите велат дека Габриел ќе згреши ако ја напушти функцијата комесар за да се приклучи на бугарската политичка сцена, каде што, дури и во најдоброто сценарио, тешко би можела да опстане долго на чело на кревкиот кабинет.

Борисов рече дека ќе им понуди 20 министерски места на другите политички партии кои би го поддржале неговиот лично избран кандидат. Понудата можеби изгледа дарежлива, но четирите претходни предвремени избори не резултираа со одржлива влада токму затоа што главните политички играчи не сакаа коалиција со Борисов.

Ако обидите за формирање влада повторно пропаднат, Бугарите повторно ќе одат на предвремени избори летово и Борисов предупреди дека е време работите да се сфатат сериозно.

„Апелирам до сите страни: Избори во август, без буџет, би биле катастрофа“, предупреди тој, нагласувајќи дека ГЕРБ е „дефинитивно одлучна да формира влада по секја цена“.

Борисов рече дека мандатарот „ќе стави ред во хаосот“, ќе ги деблокира европските фондови достапни според планот за закрепнување, ќе ги унапреди реформите во правосудството и ќе се погрижи Бугарија да влезе во Шенгенската зона.

The post Борисов ја номинира еврокомесарката Габриел за нов премиер на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, утринава ја номинираше еврокомесарката Марија Габриел за кандидат на неговата политичка партија за следен премиер на Бугарија, потврдувајќи ги постоечкиѕе шпекулации во Софија, пренесува „Еурактив“ цитирајќи ги бугарските медиуми. Кусата најава на Борисов во парламентот ја поздравија само пратениците на ГЕРБ, а тој истакна дека Габриел е задолжена самата да побара поддршка од другите парламентарни сили за да се договори за кабинет. Борисов вчера најави дека мандатарот за новата влада ќе биде претставен пред лидрите на сите политички партии во бугарскиот парламент. Неговата ГЕРБ се покажа како најсилна партија на предвремените ибори на 2 април, освојуваќи 25 отсто од гласовите, и сега ја има тешката задача да најде коалициски партнери за да формира влада. Тој рече дека Бугарите и Европа ќе се гордеат со премиерот што тој ќе го предложи. Нашиот премиер ќе биде личност што ќе може да ги води економијата, индустријата и модернизацијата во насока што сите ја очекуваме, нагласи Борисов. Откако „24часа“ ја објави шпекулацијата за новиот мандатар, Еурактив побарал коментар од канцеларијата на Габриел и од кабинетот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, но оттаму одбиле да коментираат.ж За да ја напушти позицијата на еврокомесар, на Габриел ќе биде потребна формално одобрување од шефицата на ЕК. Ако Габриел ја напушти Комисијата, Фон дер Лајен може или да ја замени или да му го даде нејзиниот ресор на друг комесар. Експертите велат дека Габриел ќе згреши ако ја напушти функцијата комесар за да се приклучи на бугарската политичка сцена, каде што, дури и во најдоброто сценарио, тешко би можела да опстане долго на чело на кревкиот кабинет. Борисов рече дека ќе им понуди 20 министерски места на другите политички партии кои би го поддржале неговиот лично избран кандидат. Понудата можеби изгледа дарежлива, но четирите претходни предвремени избори не резултираа со одржлива влада токму затоа што главните политички играчи не сакаа коалиција со Борисов. Ако обидите за формирање влада повторно пропаднат, Бугарите повторно ќе одат на предвремени избори летово и Борисов предупреди дека е време работите да се сфатат сериозно. „Апелирам до сите страни: Избори во август, без буџет, би биле катастрофа“, предупреди тој, нагласувајќи дека ГЕРБ е „дефинитивно одлучна да формира влада по секја цена“. Борисов рече дека мандатарот „ќе стави ред во хаосот“, ќе ги деблокира европските фондови достапни според планот за закрепнување, ќе ги унапреди реформите во правосудството и ќе се погрижи Бугарија да влезе во Шенгенската зона.

The post Борисов ја номинира еврокомесарката Габриел за нов премиер на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Борисов: Ќе го искористиме првиот мандат за формирање влада со свој премиер https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-ke-go-iskoristime-prviot-mandat-za-formirane-vlada-so-svoj-premier/ Tue, 09 May 2023 12:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=638810

ГЕРБ ќе го искористи првиот мандат за формирање влада со свој премиер. Кандидатот утре во Народното собрание ќе биде претставен пред сите лидери на политичките сили. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, која на брифинг ја соопшти нејзиниот лидер Бојко Борисов.

„Апелирам до сите партии - избори во август, без буџет, е катастрофа. Ние сме категорично решени да формираме влада, што и да не чини тоа“, нагласи Борисов.

„Го одредуваме мандатот, ги бараме одговорните партии“, додаде лидерот на ГЕРБ.

The post Борисов: Ќе го искористиме првиот мандат за формирање влада со свој премиер appeared first on Република.

]]>

ГЕРБ ќе го искористи првиот мандат за формирање влада со свој премиер. Кандидатот утре во Народното собрание ќе биде претставен пред сите лидери на политичките сили. Ова е одлуката на Извршниот комитет на партијата, која на брифинг ја соопшти нејзиниот лидер Бојко Борисов.
„Апелирам до сите партии - избори во август, без буџет, е катастрофа. Ние сме категорично решени да формираме влада, што и да не чини тоа“, нагласи Борисов. „Го одредуваме мандатот, ги бараме одговорните партии“, додаде лидерот на ГЕРБ.

The post Борисов: Ќе го искористиме првиот мандат за формирање влада со свој премиер appeared first on Република.

]]>
Борисов: Нема да бидам кандидат за премиер https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-nema-da-bidam-kandidat-za-premier/ Fri, 21 Apr 2023 08:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=632678

Нема да бидам кандидат за премиер, изјави денеска претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по завршувањето на консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев.

-Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет, појасни Борисов.

ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет.

-Убеден сум дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили -ГЕРБ-СДС, од една, и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, од друга страна, , додаде лидерот на ГЕРБ.

Притоа поранешниот бугарски премиер по средбата со претседателот Радев истакна дека „секој кој ја сака државата мора да направи компромис“.

-Омразата што ја видов во парламентот меѓу другите партии ме потсетува на она што беше против нас пред две години, рече Борисов, потенцирајќи дека оваа омраза никаде нема да ја однесе Бугарија и затоа повика на трпение и внимание.

Шефот на државата, Румен Радев, претходно денеска одржа консултации со ГЕРБ-СДС и притоа тој посочи дека најголемата одговорност за формирање влада сноси најголемата политичка сила во Собранието.

The post Борисов: Нема да бидам кандидат за премиер appeared first on Република.

]]>

Нема да бидам кандидат за премиер, изјави денеска претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по завршувањето на консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев. -Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет, појасни Борисов. ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет. -Убеден сум дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили -ГЕРБ-СДС, од една, и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, од друга страна, , додаде лидерот на ГЕРБ. Притоа поранешниот бугарски премиер по средбата со претседателот Радев истакна дека „секој кој ја сака државата мора да направи компромис“. -Омразата што ја видов во парламентот меѓу другите партии ме потсетува на она што беше против нас пред две години, рече Борисов, потенцирајќи дека оваа омраза никаде нема да ја однесе Бугарија и затоа повика на трпение и внимание. Шефот на државата, Румен Радев, претходно денеска одржа консултации со ГЕРБ-СДС и притоа тој посочи дека најголемата одговорност за формирање влада сноси најголемата политичка сила во Собранието.

The post Борисов: Нема да бидам кандидат за премиер appeared first on Република.

]]>
Борисов и Трифонов разговараа за заедничка Влада која ќе заземе многу поцврста позиција кон Македонија за влез во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-i-trifonov-razgovaraa-za-zaednichka-vlada-koja-ke-zazeme-mnogu-potsvrsta-pozitsija-kon-makedonija-za-vlez-vo-eu/ Thu, 13 Apr 2023 17:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=630687

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов имал разговори за состав на влада на Бугарија со партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и се договориле меѓу другото и за односите кон Република Македонија.

Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, но и случајот со Македонија, чие вето беше укинато на иницијатива на ГЕРБ и пронашле заеднички јазик, пренесува Њуз бг, повикувајќи се на изјава на Борисов.

– Многу поодговорна, поцврста позиција во однос на РС Македонија – нема шанси нивниот претседател да зборува на овој начин и да го игнорира нашиот претседател, вели Борисов за консензусот постигнат меѓу двете политички сили.

Тој, според бугарскиот медиум, сепак одбил да зборува, како што рече, во име на друга партија избегнувајќи да одговори на прашање за реакцијата на ИТН на темата РСМ.

Целиот текст на БГ њуз на следниот линк.

The post Борисов и Трифонов разговараа за заедничка Влада која ќе заземе многу поцврста позиција кон Македонија за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов имал разговори за состав на влада на Бугарија со партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов и се договориле меѓу другото и за односите кон Република Македонија. Тие разговарале на повеќе теми, како што е усвојувањето на еврото, но и случајот со Македонија, чие вето беше укинато на иницијатива на ГЕРБ и пронашле заеднички јазик, пренесува Њуз бг, повикувајќи се на изјава на Борисов.
– Многу поодговорна, поцврста позиција во однос на РС Македонија – нема шанси нивниот претседател да зборува на овој начин и да го игнорира нашиот претседател, вели Борисов за консензусот постигнат меѓу двете политички сили.
Тој, според бугарскиот медиум, сепак одбил да зборува, како што рече, во име на друга партија избегнувајќи да одговори на прашање за реакцијата на ИТН на темата РСМ. Целиот текст на БГ њуз на следниот линк.

The post Борисов и Трифонов разговараа за заедничка Влада која ќе заземе многу поцврста позиција кон Македонија за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>