Бојан Стојановски Archives - Република https://republika.mk/tema/bojan-stojanovski/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 08:35:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бојан Стојановски Archives - Република https://republika.mk/tema/bojan-stojanovski/ 32 32 Стојаноски: Сериозни сме во намерата да го зголемиме стандардот, предлозите на СДСМ се несериозни https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-seriozni-sme-vo-namerata-da-go-zgolemime-standardot-predlozite-na-sdsm-se-neseriozni/ Tue, 05 Nov 2024 08:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=834238

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка кошничка, како и на предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ на околу 250 прехранбени производи. Стојановски истакна дека овој предлог не е доволно сериозен.

На такви несериозни изјави од СДС треба веднаш и неодложно да се стави крај и затоа брзо треба да се пресретнат тие изјави, од причина што на прес-конференцијата до Венко Филипче стоеја двајцата креатори на економската политика во претходниот мандат, господинот Битиќи и Ковачевски, кој им донесе 18 пратеници и ништо од тоа што го смислија не дава резултати. Сега имаме нова реалност да се поднесуваат такви закони“, рече Стојаноски.

Стојаноски приложи и документи како ексклузивна информација до Телевизија 24.

На Комисијата за избори и менувања е избран новиот состав на Комисијата за заштита на конкуренцијата и таа, како надлежен орган, веднаш ќе почне со следење на Законот за нефер трговски практики за да може тој да биде спроведен и да имаме одредено олеснување, односно поефтинување на цените“, истакна Стојаноски.

Стојаноски потенцираше дека актуелните мерки, иако се различни од претходните, носат позитивни резултати, при што посочи дека храната во последниот месец е поевтина за 965 денари.

Ние ќе продолжиме со ваквиот тип на мерки кои се суштински различни од претходните. Ние сме многу сериозни во намерата да го зголемиме стандардот, и не само преку намалување на инфлацијата, покачување на пензиите и платите, и помошта на приватното стопанство, туку и директна борба со овие појави кои што се особено негативни“, заклучи Стојаноски.

The post Стојаноски: Сериозни сме во намерата да го зголемиме стандардот, предлозите на СДСМ се несериозни appeared first on Република.

]]>

Стојаноски: Безобразно е она што се случува во маркетите! https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-bezobrazno-e-ona-shto-se-sluchuva-vo-marketite/ Mon, 14 Oct 2024 10:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=826501

Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го коментираше ограничувањето на маржите за производите и случувањата во маркетите. Тој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека она што го прават маркетите е крајно безобразно.

„Случувањето во маркетите е безобразно. Кога ќе ги видите влезните фактури на царина, и кога ќе ги видите маржите и профитите во овие маркети е навистина нефер кон купувачите. Но, ние нема да останеме само во квалификации на безобразно. Ќе има ригорозни мерки, затоа што ова што се случува не е во ред“, рече Стојаноски.

The post Стојаноски: Безобразно е она што се случува во маркетите! appeared first on Република.

Стојаноски: Ги поттикнувам синдикатите да бидат гласни, дојдовме на власт за спроведување на мерит систем https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-gi-pottiknuvam-sindikatite-da-bidat-glasni-dojdovme-na-vlast-za-sproveduvane-na-merit-sistem/ Fri, 11 Oct 2024 07:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=825405

Во синоќешната емисија на телевизија Клан, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, го изрази ставот на партијата за работата на синдикатите и нивните барања.

Според Стојаноски, иако во овие 100 дена не е постигнат „квантен скок“, но дека сите во земјава се свесни за потребата од ребаланс на буџетот.

„Истите тие синдикати кои повикуваат на промени, сите кои штрајкуваат, сега земаат редовна плата“, потенцираше тој, повикувајќи ги синдикатите да продолжат да бидат гласни во иднина.

Стојаноски нагласи дека за нормална бизнис клима е потребно инвестирање во правната држава.

„Мора да направиме подготвителен план за правна држава да биде ефектуирана на начин каде ќе дадеме комплетна поддршка“, додаде Стојаноски.

Пратеникот заклучи дека новата власт не е дојдена да постапува исто како претходната, туку за да воспостави мерит систем.

Во контекст на економските мерки, тој истакна дека новиот модел на кредити ќе вклучува услови кои компаниите ќе мора да ги исполнат во однос на процент на искористеност.

„Отвореноста на институциите и транспарентноста во комуникацијата со приватниот сектор ќе бидат на поквалитетно ниво, што ќе помогне во брзото решавање на проблемите“, рече Стојаноски.

„Ако сакаме да градиме економија базирана на инвестиции, мораме да ги максимизираме капиталните инвестиции“, нагласи тој, истакнувајќи ја важноста на инфраструктурните проекти.

„Кога ќе ги вложите средствата во стопанството, тие ќе можат да го кренат приватниот сектор и да генерираат поголемо производство“, заклучи Стојаноски, потенцирајќи дека планот е да се бустира економијата преку поддршка на општините и капиталните проекти.

The post Стојаноски: Ги поттикнувам синдикатите да бидат гласни, дојдовме на власт за спроведување на мерит систем appeared first on Република.

]]>

Во синоќешната емисија на телевизија Клан, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, го изрази ставот на партијата за работата на синдикатите и нивните барања. Според Стојаноски, иако во овие 100 дена не е постигнат „квантен скок“, но дека сите во земјава се свесни за потребата од ребаланс на буџетот. „Истите тие синдикати кои повикуваат на промени, сите кои штрајкуваат, сега земаат редовна плата“, потенцираше тој, повикувајќи ги синдикатите да продолжат да бидат гласни во иднина. Стојаноски нагласи дека за нормална бизнис клима е потребно инвестирање во правната држава. „Мора да направиме подготвителен план за правна држава да биде ефектуирана на начин каде ќе дадеме комплетна поддршка“, додаде Стојаноски. Пратеникот заклучи дека новата власт не е дојдена да постапува исто како претходната, туку за да воспостави мерит систем. Во контекст на економските мерки, тој истакна дека новиот модел на кредити ќе вклучува услови кои компаниите ќе мора да ги исполнат во однос на процент на искористеност. „Отвореноста на институциите и транспарентноста во комуникацијата со приватниот сектор ќе бидат на поквалитетно ниво, што ќе помогне во брзото решавање на проблемите“, рече Стојаноски. „Ако сакаме да градиме економија базирана на инвестиции, мораме да ги максимизираме капиталните инвестиции“, нагласи тој, истакнувајќи ја важноста на инфраструктурните проекти. „Кога ќе ги вложите средствата во стопанството, тие ќе можат да го кренат приватниот сектор и да генерираат поголемо производство“, заклучи Стојаноски, потенцирајќи дека планот е да се бустира економијата преку поддршка на општините и капиталните проекти.

The post Стојаноски: Ги поттикнувам синдикатите да бидат гласни, дојдовме на власт за спроведување на мерит систем appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-sds-i-dui-da-kazhat-vo-chii-dhebovi-odele-parite-koi-sega-se-pribiraat-vo-drzhavnata-kasa/ Tue, 13 Aug 2024 09:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=806070

СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса, изјави на прес - конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Десетици милиони евра повеќе се собрани во државната каса од страна на УЈП, Царинската Управа и Јавното претпријатие за државни патишта во месец јули оваа година во споредба со истиот месец лани. Јавното претпријатие за државни патишта во јули наплатило 16 милиони денари повеќе од патарини оваа година во споредба со лани, вели Стојаноски.

Царинската управа наплатила 12 милијарди денари во месец јули, што е рекордна наплата на оваа институција било кога од нејзиното постење.

Пикот во собирање приходи го има и УЈП, каде се наплатени 13.4 милијарди денари, што е исто тако рекорд.

Комбинираниот приход на УЈП и Царинската управа е над 25.4 милијарди денари, што е над 415 милиони евра.

Ја враќаме државата на народот, УЈП и Царина собраа десетици милиони евра повеќе, наместо во нечии џебови парите ќе одат за нови градинки, училишта и болници.

Реализацијата на УЈП, Царина и ЈП за државни патишта покажа дека парите биле тука, само тие не завршувале во буџетот, туку во нечии џебови.

Власта на СДС и ДУИ покрај на тендери и матни зделки ја краделе државата и преку не наплаќање на даноци и царини.

Народот многу скоро од денес ќе ја осети разликата во собраните приходи, преку покачените пензии, новите училишта, градинки, болници.

Македонија може да оди напред, само кога нема политичари кои ја крадат. Политичарите од СДС и ДУИ кои ја ограбија државата ќе одговараат. А народот ќе живее во држава која ќе се грижи за него, додава Стојаноски.

The post Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса appeared first on Република.

]]>

СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса, изјави на прес - конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
Десетици милиони евра повеќе се собрани во државната каса од страна на УЈП, Царинската Управа и Јавното претпријатие за државни патишта во месец јули оваа година во споредба со истиот месец лани. Јавното претпријатие за државни патишта во јули наплатило 16 милиони денари повеќе од патарини оваа година во споредба со лани, вели Стојаноски.
Царинската управа наплатила 12 милијарди денари во месец јули, што е рекордна наплата на оваа институција било кога од нејзиното постење. Пикот во собирање приходи го има и УЈП, каде се наплатени 13.4 милијарди денари, што е исто тако рекорд. Комбинираниот приход на УЈП и Царинската управа е над 25.4 милијарди денари, што е над 415 милиони евра.
Ја враќаме државата на народот, УЈП и Царина собраа десетици милиони евра повеќе, наместо во нечии џебови парите ќе одат за нови градинки, училишта и болници. Реализацијата на УЈП, Царина и ЈП за државни патишта покажа дека парите биле тука, само тие не завршувале во буџетот, туку во нечии џебови. Власта на СДС и ДУИ покрај на тендери и матни зделки ја краделе државата и преку не наплаќање на даноци и царини. Народот многу скоро од денес ќе ја осети разликата во собраните приходи, преку покачените пензии, новите училишта, градинки, болници. Македонија може да оди напред, само кога нема политичари кои ја крадат. Политичарите од СДС и ДУИ кои ја ограбија државата ќе одговараат. А народот ќе живее во држава која ќе се грижи за него, додава Стојаноски.  

The post Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Пратениците од СДСМ поднесуваат комични амандмани, но не доаѓаат на седница да ги образложат https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-pratenitsite-od-sdsm-podnesuvaat-komichni-amandmani-no-ne-doagaat-na-sednitsa-da-gi-obrazlozhat/ Mon, 05 Aug 2024 10:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=803480

Поднесувате комични амандмани за проекти кои веќе се реализираат или кои немаат никаква врска со состојбата на терен, веројатно од незнаење или политикантство. Барем да дојдевте на седница, да го испочитувавте Собранието и да ги објасневте, им порача денеска пратеникот Бојан Стојаноски на колегите од СДСМ.

На амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, Стојаноски нагласи дека е парадоксално некој да поднесува амандман, а да не доаѓа на седница за да го образложи и одбрани.

Тотално е несериозно опозициската партија последниот ден од расправата да лиферува информација дека мнозинството не прифатило ниту еден нејзин амандман, а притоа, тие што ги предложиле амандманите, не се појавуваат тука. Дополнително, во целата дискусија констатиравме дека се поднесуваат комични амандмани кои немаат врска со теренот, на пример, за болница што постои - истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Собранието е сериозна институција, а членовите на Комисијата за финансирање се расположени да дебатираат за секој амандман.

И да не дојдете до крајот на расправата, ако се обидете да избегнете, ние ќе ги читаме сите амандмани кои се комични, за да сфатат граѓаните со какви несериозни луѓе имаат работа. Барем бидете сериозни кога ќе поднесувате амандмани за Буџетот наредната година - потенцира Стојаноски.

Од почетокот на денешното петто продолжение на амандманската расправа, некои амандмани беа повлечени, а некои одбиени.

Согласно Деловникот, амандманската расправа, која денеска се одвива петти ден, треба да заврши за шест дена. За ребалансот беа поднесени 58 амандмани, но досега ниту еден не е прифатен.

The post Стојаноски: Пратениците од СДСМ поднесуваат комични амандмани, но не доаѓаат на седница да ги образложат appeared first on Република.

]]>

Поднесувате комични амандмани за проекти кои веќе се реализираат или кои немаат никаква врска со состојбата на терен, веројатно од незнаење или политикантство. Барем да дојдевте на седница, да го испочитувавте Собранието и да ги објасневте, им порача денеска пратеникот Бојан Стојаноски на колегите од СДСМ. На амандманската расправа за ребалансот на Буџетот во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, Стојаноски нагласи дека е парадоксално некој да поднесува амандман, а да не доаѓа на седница за да го образложи и одбрани.
Тотално е несериозно опозициската партија последниот ден од расправата да лиферува информација дека мнозинството не прифатило ниту еден нејзин амандман, а притоа, тие што ги предложиле амандманите, не се појавуваат тука. Дополнително, во целата дискусија констатиравме дека се поднесуваат комични амандмани кои немаат врска со теренот, на пример, за болница што постои - истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Собранието е сериозна институција, а членовите на Комисијата за финансирање се расположени да дебатираат за секој амандман.
И да не дојдете до крајот на расправата, ако се обидете да избегнете, ние ќе ги читаме сите амандмани кои се комични, за да сфатат граѓаните со какви несериозни луѓе имаат работа. Барем бидете сериозни кога ќе поднесувате амандмани за Буџетот наредната година - потенцира Стојаноски.
Од почетокот на денешното петто продолжение на амандманската расправа, некои амандмани беа повлечени, а некои одбиени. Согласно Деловникот, амандманската расправа, која денеска се одвива петти ден, треба да заврши за шест дена. За ребалансот беа поднесени 58 амандмани, но досега ниту еден не е прифатен.

The post Стојаноски: Пратениците од СДСМ поднесуваат комични амандмани, но не доаѓаат на седница да ги образложат appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 8 дена направи повеќе отколку СДСМ за 7 години https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-vladata-na-vmro-dpmne-za-8-dena-napravi-poveke-otkolku-sdsm-za-7-godini/ Mon, 01 Jul 2024 17:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=792501

За 8 дена направивме повеќе отколку тие за 7 години, тоа е јасно видливо и транспарентно. Сакаме да се соочиме со фактите и конечно добивме шанса да ја водиме оваа држава и да покажеме зошто треба да бидеме различни. Не чека многу работа и ќе биде подобро за сите што живеат во нашата држава - истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување на емисијата „За или Против“ на ТВ Алфа.

Тој зборуваше и во однос на внатрепартиските избори во СДСМ.

Ние имаме еден принципиелен став да не се мешаме во внатрепартиските работи на другите партии бидејќи не сакаме да го правиме на другите тоа што ни го правеа на нас. Бидејќи ќе се сетите дека во изминатите 7 години имаше дузина на активности каде директно беа мотивирани од Заев, Ковачевски и целото СДСМ мотивирање на фракции во ВМРО-ДПМНЕ. За нас тоа не е витешки и џентлментски - вели Стојаноски.

Тој во однос на правосудството истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како власт ќе е отворена за соработка со нив.

Сакаме да бидеме отворени кон правосудните органи, нашата соработка ќе биде отворена со нив бидејќи во изминатите 7 години во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ стигнаа без број индиции за сторен криминал - вели Стојаноски.

Тој посочи дека секој оној што се огрешил треба да одговара.

Она кое е огрешено а има многу индиции и директни прекршувања на закон треба да е санкционирано и тука нема да има толеранција кон никого. Преку глава му е на овој чесен народ да оди на работа за плата и да гледа како луѓе влегуваат во политиката како голтари, а стануваат милионери - дециден е Стојаноски.

The post Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 8 дена направи повеќе отколку СДСМ за 7 години appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-podnese-40-amandmani-za-zakonite-za-strateshki-investitsii-vo-energetikata/ Tue, 05 Mar 2024 12:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=751464

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ќе ги преземат сите процедурални, демократски и собраниски процедури за да го спречат носењето на законите за стратешки инвестиции во енергетиката, за кои, сметаат дека се криминални и најавија дека ќе поднесат 40 амандмани.

Очајноста на СДСМ продолжува до последен ден од нивното владеење. Денеска на Комисијата за економски прашања, СДСМ повторно ќе се обиде да ги протурка законите за стратешки инвестиции во енергетиката. Ова се закони со кои се нанесува децениска штета по енергетскиот сектор на Македонија, а служат само за богатење на најтесното раководство на СДСМ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Тој потенцира дека Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ и Фатмир Битиќи го гледаат сопствениот, како што рече, лукративен интерес, а граѓаните плаќаат за 50 отсто повисоки сметки за електрична енергија.

СДСМ без поддршка на останатите коалициони партнери турка закон со кој на грчка компанија ќе и се даде државна помош од близу 50 милиони евра, а дополнително и се гарантира откуп на произведената струја и топлинска енергија по цени далеку повисоки од реалните. Со останатите стратешки закони се дава плодна земјоделска почва за изградба на фотоволтаици каде повторно државата гарантира откуп на електричната енергија по високи цени. Ние како пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија алармиравме и предупредувавме за штетата која овие закони може да ја предизвикаат, истакна Стојановски.

Тој посочи дека Владата ги повлекла овие закони, но и покрај забелешките на експертите, јавноста и Министерството за економија, таа повторно ги пушти истите текстови но со други потписници, овој пат министрите Фатмир Битиќи и Каја Шукова.

Сакам да укажам, дека со носењето на овие закони, на овие инвеститори им се дава привилегирана положба, државата се става во подредена положба што е недозволиво по нашиот Устав и се суспендираат низа закони кои важат за сите останати во правниот промет, вели Стојановски.

Тој најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40 амандмани, во кои се ставени забелешките на експерти од различни сфери на општеството, кои доколку би се усвоиле и би се вметнале во овие закони, би гарантирале, како што рече, нормално имплементирање на овие закони.

Сакам да истакнам дека пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ќе ги преземе сите процедурални, демократски и собраниски процедури за да го спречи носењето на овие криминални закони. Пратениците на СДСМ се на ред да покажат дали се послушници и ќе одработат за џебовите на раководството или достоинствено ќе го завршат својот мандат. На 8 мај македонските граѓани ќе победат против криминалот и корупцијата, а од 9 мај не чека многу работа за враќање на Македонија на вистинскиот пат, изјави Стојановски.

The post ВМРО-ДПМНЕ поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката appeared first on Република.

Пратеникот Стојаноски повика граѓаните да излезат и да се потпишат за кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-stojanoski-povika-graganite-da-izlezat-i-da-se-potpishat-za-kandidaturata-na-gordana-siljanovska-davkova/ Sun, 03 Mar 2024 10:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=750685

Почитувани пријатели, почнуваме со процесот за собирање на потписи за Гордана Силјановска – Давкова во Ѓорче Петров Денеска од 08 – 20 часот кај овластен нотар, канцеларијата е лоцирана кај семафорите кај цвеќарница Камелија/Жито Маркет на главна улица, спроти Стопанска Банка, напиша пратеникот Бојан Стојаноски на својот Фејсбук профил.

Кој сака да се потпише слободно нека ми се јави или нека ми пише. Потписите ќе бидат собрани за еден ден! Промените почнуваат. Да ја исправиме Македонија ! Гордана Силјановска – Давкова за Претседател на Република Македонија, истакна Стојаноски.

The post Пратеникот Стојаноски повика граѓаните да излезат и да се потпишат за кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Почитувани пријатели, почнуваме со процесот за собирање на потписи за Гордана Силјановска – Давкова во Ѓорче Петров Денеска од 08 – 20 часот кај овластен нотар, канцеларијата е лоцирана кај семафорите кај цвеќарница Камелија/Жито Маркет на главна улица, спроти Стопанска Банка, напиша пратеникот Бојан Стојаноски на својот Фејсбук профил. Кој сака да се потпише слободно нека ми се јави или нека ми пише. Потписите ќе бидат собрани за еден ден! Промените почнуваат. Да ја исправиме Македонија ! Гордана Силјановска – Давкова за Претседател на Република Македонија, истакна Стојаноски.

The post Пратеникот Стојаноски повика граѓаните да излезат и да се потпишат за кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе десет амандмани и се против законот за игри на среќа со европско знаменце https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-koalitsijata-podnese-deset-amandmani-i-se-protiv-zakonot-za-igri-na-sreka-so-evropsko-znamentse/ Wed, 10 Jan 2024 12:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=731571

Сакаме да изразиме една огромна загриженост што првата седница во 2024 година е седница на Комисијата за европски прашања на која што најголем приоритет во оваа година наместо низа на закони кои што се од оние антикризни мерки и кои што би требали да го подобрат животот на граѓаните е ставен законот за игри на среќа, нормално со европско знаменце, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе биде против ова законско решение бидејќи е „уште едно од низата законски решенија во кои се злоупотребува европското знаменце“.

Потенцираше дека за овој закон, но и за низата такви кои што беа донесени со европски знаменца имавме и критика во Извештајот на Европската комисија, а и директно австрискиот претседател критикуваше, зошто ваков закон се носи на еден ваков начин.

Стојановски ја потсети јавноста и претседателот Стево Пендаровски дека на 11 декември изјави дека доколку овој закон биде поднесен со европско знаменце тој нема да го потпише. Очекуваме да си стои на ставот што самиот го искажа, потенцираше Стојановски.

Имено покрај злоупотребата на европското знаменце, овој закон има и низа одредби кои што се многу спорни бидејќи се врши партизација на целиот сектор на игри на среќа во кои што главни играчи се ДУИ, Артан Груби и вработени во неговиот кабинет. Со овој закон се обидува да се легализира сето она што е направено токму од овој господин во изминатата една година во која што се потпишани четири лиценци и се изработени четири одлуку со кои што три онлајн лотарии и една видео лотарија добија можност незконски да работат и токму затоа го брзаат овој закон преку кој што ќе треба да го легализираат сето она што е направено во една година во оваа насока. Исто така ова брзање на овој закон кој што треба да ги покрие незаконитстите во овие одлуки и лиценци за кои како што кажав се доделени на фирми во кои што во нивните управни надзорни одбори се лица кои што се вработени во кабинетот на Артан Груби и еден контроверзен бизнисмен од Бугарија кој шт е ставен на американската црна листа, а тоа е Васил Бошков за кој што до ден денес не слушнавме никаков демант од Артан Груби и од Владата дека леценците кои што се доделени не се на фирми кои што се во негова сопственост. За таа цел Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесе десет суштински амандмани кои што се во соработка со асоцијацијата на оние кои што се во овој сектор. Ние сметаме дека еден ваков важен закон треба да се донесе инклузивно и во дебата со сите чинители, а не да се кријат под превезот на одалеќување на коцкарниците од училиштата бидејќи во овој закон има суштински одредби кои што директно одат во насока на доделување на лиценци на фирми кои што се блиски до ДУИ и Артан Груби. Доколку се искрени во намерата да ги дистанцираат коцкарниците од училиштата тоа можат да го направат со амандман на членот 10 на постојниот закон и тоа да се регулира. Повторувам, Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце во ваква скратена процедура во Собранието е директвно во корелација на бизнис интерес и на партизација на целиот секторДУИ, Артан Груби и директно ќе служи за нивно лично богатење, а не за заштита на населението од овие појави во овој сектор, рече Стојановски.

The post ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе десет амандмани и се против законот за игри на среќа со европско знаменце appeared first on Република.

]]>

Сакаме да изразиме една огромна загриженост што првата седница во 2024 година е седница на Комисијата за европски прашања на која што најголем приоритет во оваа година наместо низа на закони кои што се од оние антикризни мерки и кои што би требали да го подобрат животот на граѓаните е ставен законот за игри на среќа, нормално со европско знаменце, рече на денешната прес-конференција Бојан Стојановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе биде против ова законско решение бидејќи е „уште едно од низата законски решенија во кои се злоупотребува европското знаменце“. Потенцираше дека за овој закон, но и за низата такви кои што беа донесени со европски знаменца имавме и критика во Извештајот на Европската комисија, а и директно австрискиот претседател критикуваше, зошто ваков закон се носи на еден ваков начин. Стојановски ја потсети јавноста и претседателот Стево Пендаровски дека на 11 декември изјави дека доколку овој закон биде поднесен со европско знаменце тој нема да го потпише. Очекуваме да си стои на ставот што самиот го искажа, потенцираше Стојановски.
Имено покрај злоупотребата на европското знаменце, овој закон има и низа одредби кои што се многу спорни бидејќи се врши партизација на целиот сектор на игри на среќа во кои што главни играчи се ДУИ, Артан Груби и вработени во неговиот кабинет. Со овој закон се обидува да се легализира сето она што е направено токму од овој господин во изминатата една година во која што се потпишани четири лиценци и се изработени четири одлуку со кои што три онлајн лотарии и една видео лотарија добија можност незконски да работат и токму затоа го брзаат овој закон преку кој што ќе треба да го легализираат сето она што е направено во една година во оваа насока. Исто така ова брзање на овој закон кој што треба да ги покрие незаконитстите во овие одлуки и лиценци за кои како што кажав се доделени на фирми во кои што во нивните управни надзорни одбори се лица кои што се вработени во кабинетот на Артан Груби и еден контроверзен бизнисмен од Бугарија кој шт е ставен на американската црна листа, а тоа е Васил Бошков за кој што до ден денес не слушнавме никаков демант од Артан Груби и од Владата дека леценците кои што се доделени не се на фирми кои што се во негова сопственост. За таа цел Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесе десет суштински амандмани кои што се во соработка со асоцијацијата на оние кои што се во овој сектор. Ние сметаме дека еден ваков важен закон треба да се донесе инклузивно и во дебата со сите чинители, а не да се кријат под превезот на одалеќување на коцкарниците од училиштата бидејќи во овој закон има суштински одредби кои што директно одат во насока на доделување на лиценци на фирми кои што се блиски до ДУИ и Артан Груби. Доколку се искрени во намерата да ги дистанцираат коцкарниците од училиштата тоа можат да го направат со амандман на членот 10 на постојниот закон и тоа да се регулира. Повторувам, Законот за игри на среќа поднесен со европско знаменце во ваква скратена процедура во Собранието е директвно во корелација на бизнис интерес и на партизација на целиот секторДУИ, Артан Груби и директно ќе служи за нивно лично богатење, а не за заштита на населението од овие појави во овој сектор, рече Стојановски.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе десет амандмани и се против законот за игри на среќа со европско знаменце appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата поднесоа 250 амандмани на Предлог – буџетот за 2024 година https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-vmro-dpmne-i-koalitsijata-podnesoa-250-amandmani-na-predlog-budhetot-za-2024-godina/ Thu, 07 Dec 2023 10:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=720643

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за овој Предлог – буџет поднесе 250 амандмани преку кои сакаат да интервенираат и, како што велат, да поправат нешто што се уште може да се поправи.

Денес на првиот ден од амандманската расправа ќе се разгледаат повеќе амандмани од кои би ги издвоил амандманите кои се однесуваат на намалување на ДДВ за електричната енергија, огревно дрво, храната, но и намалување на акцизата за горивата.

Сведоци сме дека во изминатите неколку години, цената кај овие категории е драстично покачена, речиси и 50% наспроти периодот пред пандемијата. Во исчекување сме на ново покачување на цената на струјата од партизираната Регулаторна комисија за енергетика и токму затоа бараме државата повторно да го намали ДДВ-то од 18% на 5% со цел да им се помогне на сите домаќинства, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

На дрва се грее најчесто посиромашниот слој на граѓани и токму затоа бараме намалување на ДДВ за купување на кубик дрво од 18% на 5% со што ќе дојде до поевтинување од над 10%.

Последниот амандман кој е во врска со ДДВ то се однесува на храната, со кој бараме да се поништи одлуката на СДСМ за зголемување на ДДВ од 5 на 10% за прехранбени производи. Дополнително, во зависност од пазарните состојби и со цел спас на земјоделците и стопанството државата треба да се откаже од ДДВ на основни прехранбени производи наместо истите да банкротираат.

За крај, амандманот кој се однесува за намалување на акцизите ќе влијаат на целата економија. Целиот транспорт на стоки ќе поевтини, а со тоа и производите кои ги купуваме во маркетите, меѓуградскиот превоз и многу други гранки во кои значителен инпут се нафтените деривати.

Се надеваме дека пратениците на СДСМ и ДУИ ќе имаат доблест и ќе ги прифатат нашите суштински предлози и сериозно ќе се заштити животниот стандард на граѓаните, рече Стојаноски.

The post Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата поднесоа 250 амандмани на Предлог – буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за овој Предлог – буџет поднесе 250 амандмани преку кои сакаат да интервенираат и, како што велат, да поправат нешто што се уште може да се поправи.
Денес на првиот ден од амандманската расправа ќе се разгледаат повеќе амандмани од кои би ги издвоил амандманите кои се однесуваат на намалување на ДДВ за електричната енергија, огревно дрво, храната, но и намалување на акцизата за горивата. Сведоци сме дека во изминатите неколку години, цената кај овие категории е драстично покачена, речиси и 50% наспроти периодот пред пандемијата. Во исчекување сме на ново покачување на цената на струјата од партизираната Регулаторна комисија за енергетика и токму затоа бараме државата повторно да го намали ДДВ-то од 18% на 5% со цел да им се помогне на сите домаќинства, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
На дрва се грее најчесто посиромашниот слој на граѓани и токму затоа бараме намалување на ДДВ за купување на кубик дрво од 18% на 5% со што ќе дојде до поевтинување од над 10%.
Последниот амандман кој е во врска со ДДВ то се однесува на храната, со кој бараме да се поништи одлуката на СДСМ за зголемување на ДДВ од 5 на 10% за прехранбени производи. Дополнително, во зависност од пазарните состојби и со цел спас на земјоделците и стопанството државата треба да се откаже од ДДВ на основни прехранбени производи наместо истите да банкротираат. За крај, амандманот кој се однесува за намалување на акцизите ќе влијаат на целата економија. Целиот транспорт на стоки ќе поевтини, а со тоа и производите кои ги купуваме во маркетите, меѓуградскиот превоз и многу други гранки во кои значителен инпут се нафтените деривати. Се надеваме дека пратениците на СДСМ и ДУИ ќе имаат доблест и ќе ги прифатат нашите суштински предлози и сериозно ќе се заштити животниот стандард на граѓаните, рече Стојаноски.
 
The post Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата поднесоа 250 амандмани на Предлог – буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Буџетот за 2024 е досега историски највисок, нереален и предизборен https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-budhetot-za-2024-e-dosega-istoriski-najvisok-nerealen-i-predizboren-2/ Sat, 02 Dec 2023 16:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=718732

Во понеделник, 4-ти декември од 10 часот почнува разгледувањето на Буџетот за 2024-та година. ВМРО-ДПМНЕ смета дека се работи за буџет кој досега е историски највисок, нереален, предизборен и составен така за да може да се искраде и подели помеѓу бизнисмените од власта.

„Ништо од макроекономските проекции не е точно, како што не беше ни изминатите години. Повторно ќе се обидат да направат предизборен поткуп и да си ги остварат личните бизнис интереси додека народот ќе живее уште посиромашно, а стопанството ќе продолжи да тоне. Македонија денес претставува земја со најнизок економски раст во регионот. Корона криза и војна во Украина се реалност која ги погоди сите економии во регионот, но нашата Влада најлошо се снајде и тоа е факт кој го нотираат сите меѓународни финансиски организации. Инфлацијата во изминатите 2 години надмина 30%, а кај храната и електричната енергија кои се неопходни за нормално функционирање достигна и над 50%“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Како што додаде, прашање на денови е кога јавниот долг ќе надмине 9 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Само за камати во 2024-та година, рече тој, ќе се исплатат над 270 милиони евра, историски највисок износ за оваа намена.

https://youtu.be/NtNSzNoQ3Xs?si=-meK5xmYmteB45ni

The post Стојаноски: Буџетот за 2024 е досега историски највисок, нереален и предизборен appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, 4-ти декември од 10 часот почнува разгледувањето на Буџетот за 2024-та година. ВМРО-ДПМНЕ смета дека се работи за буџет кој досега е историски највисок, нереален, предизборен и составен така за да може да се искраде и подели помеѓу бизнисмените од власта. „Ништо од макроекономските проекции не е точно, како што не беше ни изминатите години. Повторно ќе се обидат да направат предизборен поткуп и да си ги остварат личните бизнис интереси додека народот ќе живее уште посиромашно, а стопанството ќе продолжи да тоне. Македонија денес претставува земја со најнизок економски раст во регионот. Корона криза и војна во Украина се реалност која ги погоди сите економии во регионот, но нашата Влада најлошо се снајде и тоа е факт кој го нотираат сите меѓународни финансиски организации. Инфлацијата во изминатите 2 години надмина 30%, а кај храната и електричната енергија кои се неопходни за нормално функционирање достигна и над 50%“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Како што додаде, прашање на денови е кога јавниот долг ќе надмине 9 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Само за камати во 2024-та година, рече тој, ќе се исплатат над 270 милиони евра, историски највисок износ за оваа намена. https://youtu.be/NtNSzNoQ3Xs?si=-meK5xmYmteB45ni

The post Стојаноски: Буџетот за 2024 е досега историски највисок, нереален и предизборен appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-vlasta-do-kraj-na-godinata-ke-se-zadolzhi-za-novi-500-milioni-evra/ Fri, 10 Nov 2023 13:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=700284

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра.

Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг.

Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет.

Ковачевски, Груби и владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери.

Ова е невидено поведение и ова е директен доказ дека единствено европско кај власта е желбата за евра.

Очигледно во Македонија ја имаме најнеспособната, најнедомаќинската и најкриминалната влада во Европа, додава Стојаноски.

The post Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден до пратениците беа доставени два закони со европско знаменце со кои Македонија ќе се задолжи за нови 190 милиони евра. Со овие средства нема да де изгради ништо ново, туку ќе се покриваат дупките во буџетот кои настанаа со недомаќинско работење. И во самиот материјал кој е доставен до пратениците пишува дека овие заеми се за буџетска поддршка, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Покрај овие две задолжувања, во текот на наредните неколку денови, до крајот на оваа година, Македонија ќе се задолжи за околу 500 милиони евра – нов долг, со што на крајот од 2023 година ќе имаме рекордно висок јавен долг од 8,5 милијарди евра. Кратко траеше славјето од Министерство за финансии за намалениот јавен долг. Она што сакам дополнително да го предочам е скандалозното однесување на Талат Џафери и владата. Имено, само еден ден по објавување на историски најлошиот извештај на Европската комисија за Македонија во кој јасно и недвосмислено е нотирано да се прекине со злоупотреба на европското знаме, за првпат во историјата на Собранието, закони за задолжување ќе се гледаат во Комисијата за европски прашања, наместо на Комисијата за финансирање и буџет.
Ковачевски, Груби и владата го отфрлаат напишаното од Европската комисија и брзаат да се задолжат за да имаат средства за спроведување на матните тендери. Ова е невидено поведение и ова е директен доказ дека единствено европско кај власта е желбата за евра.
Очигледно во Македонија ја имаме најнеспособната, најнедомаќинската и најкриминалната влада во Европа, додава Стојаноски.
 
The post Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Ставот за уставните измени е јасен, а суштината на македонските политичари е да ги застапуваат националните интереси за кои што се платени со народни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-stavot-za-ustavnite-izmeni-e-jasen-a-sushtinata-na-makedonskite-politichari-e-da-gi-zastapuvaat-natsionalnite-interesi-za-koi-shto-se-plateni-so-narodni-pari/ Tue, 31 Oct 2023 20:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=696858

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој што истакна дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени се јасни а суштината на македонските политичари е да ги застапуваат македонските интереси за кои и што се платени од народни пари.

Секој кој што сака да разговара со ВМРО-ДПМНЕ и да ги слушне нашите аргументи е добредојден. Нашите аргументи остануваат исти сметаме дека она што беше кажано во таа насока не беше доволно за да ни го промени нашиот став од аспект на уставни измени. Од она што може да се заклучи еве денес е ден после таа посета нема никакво подобрување ниту во здравството енергетиката труд и социјалата, финансиите, тоа значи дека сепак ние самите дома ќе треба да ги подобриме тие перформанси за да можеме да аплицираме на тој план за раст кој што го претстави самата претседателка на Европската Комисија, посочи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека суштината на македонските политичари е да ги застапуваат македонските интереси за кои што се платени од народни пари.

Но она кое што е важно и кое што е суштина е сепак треба да знаеме дека Фон Дер Лајен ги претставува интересите на ЕУ и за тоа е платена, додека ние како политичари сме платени од народните пари да ги застапуваме интересите на граѓаните кои што живеат овде и македонските интереси. На крајот од денот треба да ги штитиме нашите интереси кои се пред и над се. Кога ги коментираме изјавите на европските политичари еве холандскиот амбасадор Коп кој што кажа дека едноставно влечеме средства од европските даночни обврзници а немаме никакви реформи во таа насока за да го приближиме стандардот на македонското општество до европското, нагласи Стојаноски.

The post Стојаноски: Ставот за уставните измени е јасен, а суштината на македонските политичари е да ги застапуваат националните интереси за кои што се платени со народни пари appeared first on Република.

Стојановски: Со Законот за данокот на солидарност власта воведува арач за успешните компании https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanovski-so-zakonot-za-danokot-na-solidarnost-vlasta-voveduva-arach-za-uspeshnite-kompanii/ Fri, 22 Sep 2023 10:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=684080

Солидарниот данок е новото економско промашување. Власта на СДСМ и ДУИ внесува нестабилност во работењето на бизнисот во Република Македонија, ова денеска од собраниската говорница го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Имено, со донесениот Закон за таканаречен данок на солидарност, власта воведува арач за успешните компании наместо да се бори со сивата економија. Сведоци сме дека одредени делови од Македонија се даночни раеви, а се врши трговија и во странски валути што е истотака казниво. За потсетување на јавноста со овој закон за солидарност, секоја фирма која работела успешно во 2022 година ќе плаќа дополнителен еднократен данок од 30% покрај веќе постоечките 10% данок на добивка. Ова не е солидарност, ова е арамилук. Власта го злоупотреби европското знаменце за да донесе Закон со кој фирми од сите сектори, а не само фирми од енергетскиот сектор како што е во Европа, ќе го плаќаат овој данок. Дополнително, овој закон уште со денот на негово објавување во службен весник ќе биде обжален од сите Стопански комори во државата.

ВМРО – ДПМНЕ не го поддржи овој Закон од повеќе причини:

1. Воведува правна несигурност кај компаниите. Непредвидливоста во даночните политики го намалува инвестирањето на постојните компании, внесува дополнителен ризик кај потенцијалните инвеститори, а за ваквата појава стопанските комори секојдневно реагираат, но власта никако да се корегира веќе 6 години.

2. Не постои ваков закон во рамки на Европа. Како што кажав и погоре, постои Закон за дополнително оданочување на екстремните добивки кај енергетските компании кои стекнаа огромни добивки поради нарушувањата на пазарите на енергија поради војната во Украина.

3. Владата не е солидарна со бизнисот. Ова најдобро се потврдува ако го разгледате Буџетот за 2023та година и како се трошат парите на даночните обврзници. Секојдневно гледаме скандали каде фирми блиски до функционери од власта добиваат тендери во милионски износи.

4. Сериозно нарушување на ликвидноста кај компаниите. Во услови кога се повеќе компании имаат проблеми со наплата на свои побарувања, кога се соочуваат со зголемени каматни стапки на кредитите, а со тоа и повисоки рати за исплаќање, власта одлучи да им одземе голем дел од ликвидните средства и со тоа ќе им нанесе сериозни последици во работењето.

5. Новоформираните компании не се опфатени. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија побара и компании формирани во 2022 година да бидат опфатени со овој Закон, но власта тоа не го прифати. После едно тв гостување на најмоќниот партиски претседател од владината коалиција, ни стана јасно зошто мнозинството го одби нашиот предлог, со кој претприемачките способности на овој бизнис- политички клан ќе беа опфатени.

6. Се дестимулираат инвестициите. Со вака поставениот Закон, сите компании кои остваруваат поголеми добивки поради свои поранешни инвестиции во машини, опрема, во дополнително надоградување на своите вработени, ќе бидат сериозно обесправени, а како резултат на тоа ќе размислат добро дали повторно да инвестираат, вели Стојаноски.

Тој додава дека ова се само дел од причините поради кои сметаме дека Законот за данок на солидарност ќе влијае лошо врз целокупната економија. Власта планира со овој Закон да собере дополнителни 76 милиони евра за да може да ги подели на тендери во четири очи со свои компании. Власта прави прераспределба на средства со која крати од Заштита на животната средина и зелен развој, модернизација во Министерството за одбрана, урбанизам и градежништво, водостопанство, изградба и реконструкција на основни и средни училишта и студентски домови итн.

Ден повеќе на власт со СДСМ и ДУИ е само на штета на државата во секое поле. Економските последици кои ги предизвикуваат се долгорочни и колку побрзо си заминат, толку побрзо ќе може Македонија да почне со раст и развој каков што бараат и заслужуваат граѓаните и стопанството. На Македонија и е неопходно граѓаните да одлучат дали сакаат да се продолжи со моменталните штетни политики или силна и просперитетна Република Македонија, вели Стојаноски.

The post Стојановски: Со Законот за данокот на солидарност власта воведува арач за успешните компании appeared first on Република.

]]>

Солидарниот данок е новото економско промашување. Власта на СДСМ и ДУИ внесува нестабилност во работењето на бизнисот во Република Македонија, ова денеска од собраниската говорница го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. Имено, со донесениот Закон за таканаречен данок на солидарност, власта воведува арач за успешните компании наместо да се бори со сивата економија. Сведоци сме дека одредени делови од Македонија се даночни раеви, а се врши трговија и во странски валути што е истотака казниво. За потсетување на јавноста со овој закон за солидарност, секоја фирма која работела успешно во 2022 година ќе плаќа дополнителен еднократен данок од 30% покрај веќе постоечките 10% данок на добивка. Ова не е солидарност, ова е арамилук. Власта го злоупотреби европското знаменце за да донесе Закон со кој фирми од сите сектори, а не само фирми од енергетскиот сектор како што е во Европа, ќе го плаќаат овој данок. Дополнително, овој закон уште со денот на негово објавување во службен весник ќе биде обжален од сите Стопански комори во државата. ВМРО – ДПМНЕ не го поддржи овој Закон од повеќе причини: 1. Воведува правна несигурност кај компаниите. Непредвидливоста во даночните политики го намалува инвестирањето на постојните компании, внесува дополнителен ризик кај потенцијалните инвеститори, а за ваквата појава стопанските комори секојдневно реагираат, но власта никако да се корегира веќе 6 години. 2. Не постои ваков закон во рамки на Европа. Како што кажав и погоре, постои Закон за дополнително оданочување на екстремните добивки кај енергетските компании кои стекнаа огромни добивки поради нарушувањата на пазарите на енергија поради војната во Украина. 3. Владата не е солидарна со бизнисот. Ова најдобро се потврдува ако го разгледате Буџетот за 2023та година и како се трошат парите на даночните обврзници. Секојдневно гледаме скандали каде фирми блиски до функционери од власта добиваат тендери во милионски износи. 4. Сериозно нарушување на ликвидноста кај компаниите. Во услови кога се повеќе компании имаат проблеми со наплата на свои побарувања, кога се соочуваат со зголемени каматни стапки на кредитите, а со тоа и повисоки рати за исплаќање, власта одлучи да им одземе голем дел од ликвидните средства и со тоа ќе им нанесе сериозни последици во работењето. 5. Новоформираните компании не се опфатени. Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија побара и компании формирани во 2022 година да бидат опфатени со овој Закон, но власта тоа не го прифати. После едно тв гостување на најмоќниот партиски претседател од владината коалиција, ни стана јасно зошто мнозинството го одби нашиот предлог, со кој претприемачките способности на овој бизнис- политички клан ќе беа опфатени. 6. Се дестимулираат инвестициите. Со вака поставениот Закон, сите компании кои остваруваат поголеми добивки поради свои поранешни инвестиции во машини, опрема, во дополнително надоградување на своите вработени, ќе бидат сериозно обесправени, а како резултат на тоа ќе размислат добро дали повторно да инвестираат, вели Стојаноски. Тој додава дека ова се само дел од причините поради кои сметаме дека Законот за данок на солидарност ќе влијае лошо врз целокупната економија. Власта планира со овој Закон да собере дополнителни 76 милиони евра за да може да ги подели на тендери во четири очи со свои компании. Власта прави прераспределба на средства со која крати од Заштита на животната средина и зелен развој, модернизација во Министерството за одбрана, урбанизам и градежништво, водостопанство, изградба и реконструкција на основни и средни училишта и студентски домови итн. Ден повеќе на власт со СДСМ и ДУИ е само на штета на државата во секое поле. Економските последици кои ги предизвикуваат се долгорочни и колку побрзо си заминат, толку побрзо ќе може Македонија да почне со раст и развој каков што бараат и заслужуваат граѓаните и стопанството. На Македонија и е неопходно граѓаните да одлучат дали сакаат да се продолжи со моменталните штетни политики или силна и просперитетна Република Македонија, вели Стојаноски.

The post Стојановски: Со Законот за данокот на солидарност власта воведува арач за успешните компании appeared first on Република.

]]>
За излез од акутелната состојба во која се наоѓа Македонија, потреби се избори https://republika.mk/vesti/makedonija/za-izlez-od-akutelnata-sostojba-vo-koja-se-naoga-makedonija-potrebi-se-izbori/ Wed, 09 Aug 2023 18:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=670518

„Не може да очекуваме храброст од луѓе кои се кукавици, нехрабри, од луѓе под маса што се договараат и потпишуваат договори далеку од очите на македонскито народ и затоа сметам дека единствениот начин на ова што мозе да му ставиме крај се избори а на изборите граѓаните треба да бидат мудри и да одлучат бидејќи овој пат ние немаме проблем со тие кои се мнозинство ние имаме проблеми со тие што се платена опозиција на опозиција“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа

Тој додаде дека сега суштина на ДУИ е да ги помогнат колку што можат опозиционерите во опозицијата да намалат од потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи СДСМ има повеќе ограничен супстрат и не може повеќе од ова СДСМ туку може само подолу.

„Поентата на Артан Груби и овие од Мала Речица е да го намалат ВМРО-ДПМНЕ со што ќе вадат авантуристи со што ќе ветуваат вселенски станици, најголеми патриоти преку ноќ, ќе ги повикуваат македонските граѓани да ги бранат националните интереси а први гласале во Собранието, луѓе кои кажуваат дека 65% од македонските граѓани не можат да си дозволат годишен одмор а летуваат на елитни дестинации во светот и со таа опозиција во опозицја ќе се обидат да го ограничат потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Стојаноски.

Тој истакна дека СДСМ се соочени со девастирање на следните избори.

„Граѓаните треба да знаат дека на наредните избори нема реприза и тие 12 часа ќе се одлучува судбината за нашата држава . Тие 12 часа ќе се кучини за тоа како ќе се движи државата во наредните години“, вели Стојаноски.

The post За излез од акутелната состојба во која се наоѓа Македонија, потреби се избори appeared first on Република.

Стојаноски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, Манифестот на власта им е купување на време https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-nema-da-ima-manifestot-na-vlasta-im-e-kupuvane-na-vreme/ Wed, 09 Aug 2023 16:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=670503

Под бугарски диктат, на овој начин нема да има промена на Уставот. Ние ја повикавме власта, да престане ова што трае година и половина, немаше потреба да чекаме до 18 август, некаде на крај на јули самите инициравме да седницата и да видиме дали имаат две третини или немаат. Се надвор од тоа е замајување на јавноста и купување на ден плус, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за „За или против” на Алфа телевизија.

Стојаноски истакна дека на седницата на 18 август пратеничката група на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44 гласа кои ќе гласаат против усвојување на дневниот ред.

– Вистинското прашање е колку мнозинството ќе обезбеди за да гласаат за усвојување на дневниот ред, затоа што гледате има една какофонија во јавноста, викаат им фалеле шест, па Битиќи викаше дека убедиле пратеници имаат 80, па Бујар Османи рече им фалеле осум, Пендаровски кажа друга бројка. Во самото усвојување на дневниот ред ќе биде тоа јасно, а се потоа ќе биде театар. Веројатно ќе се пријават од СДС за збор, а ДУИ ќе им реплицираат и таа седница ќе трае максимум десетина дена, а кога ќе се исцрпи расправата Џафери ќе го одложи гласањето, рече тој.

Стојаноски потенцираше дека условите се создадени може истиот ден да се заврши работата.

– Кажавме, ако се храбри нека ги стават на дневен ред. Кога нема да се изгласаат единствена логика која треба да се прифати како разумна е да се распушти парламентот, изјави Стојаноски.

Во однос на Манифестот кој власта го објави, Стојаноски посочи дека тоа е политички производ за купување на време и како такво треба да се разбере затоа што е несериозно.

– Пред година дена кога имаше масовни протести им велевме немојте да прифаќате бугарскиот предлог, ќе ги срушите македонските позиции, но тие преземаа обврски за кои знаеја дека не може да ги реализираат. Ние им дадовме и предлози да одиме на избори секоја партија да си каже предлог, потоа дадовме предлог за хрватскиот модел, не прифатија, на лидерската претседателот Мицкоски им понуди механизми да се заштитиме од бугарското уценување и тоа го одбија. Сега соочени со неуспех повикуваат на политички производи кои се пишувани во штабот на ДУИ, а ги испраќа СДС, нагласи Стојаноски.

Тој истакна дека единствениот консензус кој сега е возможен е тој за одржување на предвремени парламентарни избори.

The post Стојаноски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, Манифестот на власта им е купување на време appeared first on Република.

]]>

Под бугарски диктат, на овој начин нема да има промена на Уставот. Ние ја повикавме власта, да престане ова што трае година и половина, немаше потреба да чекаме до 18 август, некаде на крај на јули самите инициравме да седницата и да видиме дали имаат две третини или немаат. Се надвор од тоа е замајување на јавноста и купување на ден плус, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за „За или против” на Алфа телевизија. Стојаноски истакна дека на седницата на 18 август пратеничката група на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44 гласа кои ќе гласаат против усвојување на дневниот ред.
– Вистинското прашање е колку мнозинството ќе обезбеди за да гласаат за усвојување на дневниот ред, затоа што гледате има една какофонија во јавноста, викаат им фалеле шест, па Битиќи викаше дека убедиле пратеници имаат 80, па Бујар Османи рече им фалеле осум, Пендаровски кажа друга бројка. Во самото усвојување на дневниот ред ќе биде тоа јасно, а се потоа ќе биде театар. Веројатно ќе се пријават од СДС за збор, а ДУИ ќе им реплицираат и таа седница ќе трае максимум десетина дена, а кога ќе се исцрпи расправата Џафери ќе го одложи гласањето, рече тој.
Стојаноски потенцираше дека условите се создадени може истиот ден да се заврши работата.
– Кажавме, ако се храбри нека ги стават на дневен ред. Кога нема да се изгласаат единствена логика која треба да се прифати како разумна е да се распушти парламентот, изјави Стојаноски.
Во однос на Манифестот кој власта го објави, Стојаноски посочи дека тоа е политички производ за купување на време и како такво треба да се разбере затоа што е несериозно.
– Пред година дена кога имаше масовни протести им велевме немојте да прифаќате бугарскиот предлог, ќе ги срушите македонските позиции, но тие преземаа обврски за кои знаеја дека не може да ги реализираат. Ние им дадовме и предлози да одиме на избори секоја партија да си каже предлог, потоа дадовме предлог за хрватскиот модел, не прифатија, на лидерската претседателот Мицкоски им понуди механизми да се заштитиме од бугарското уценување и тоа го одбија. Сега соочени со неуспех повикуваат на политички производи кои се пишувани во штабот на ДУИ, а ги испраќа СДС, нагласи Стојаноски.
Тој истакна дека единствениот консензус кој сега е возможен е тој за одржување на предвремени парламентарни избори.

The post Стојаноски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, Манифестот на власта им е купување на време appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ со конкретни предлози: Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5% и 0% ДДВ за основните прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-so-konkretni-predlozi-namaluvane-na-ddv-na-elektrichna-energija-od-18-na-5-i-0-ddv-za-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Tue, 18 Jul 2023 11:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=662714

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија уште во текот на минатиот месец поднесе предлог закон за изменување и дополнување на законот за ДДВ, кој ќе биде на дневен ред на денешната собраниска седница.

Овој Предлог закон содржи две многу важни измени за граѓаните во услови на секојдневно влошување на животниот стандард, вели Бојан Стојаноски.

https://www.youtube.com/watch?v=WQ73_4C3hxM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Првиот предлог е намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%. За потсетување, Владата во текот на оваа година два пати го покачи ДДВ-то за електрична енергија, најпрво во јануари од 5 на 10% и сега од 1 јули од 10 на 18%. Во изминатите три години, СДС и ДУИ преку Регулаторна комисија за енергетика ја покачија цената на струјата за 50-тина проценти.

Овие покачувања се резултат на недомаќинското, нестручно и криминално работење на владината коалиција со државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО.

Нашиот втор предлог кој е на барање на граѓаните е намалување на ДДВ од 5% на 0% за основните прехранбени производи. Тука се гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС.

Ние предлагаме намалување на давачките за храна кон државата, а СДС предлага зголемување. Ние бараме да не се плаќа ДДВ, за побрзо да се симне инфлацијата, а власта предлага зголемување на ДДВ за над 4.000 прехранбени производи за да прибере денар повеќе. Поголемо ДДВ ќе значи инстантно зголемување на цените и нов удар по потрошувачката кошничка. Власта се уште ја крие целосната листа на овие т.н. ексклузивни производи, но ајде нека кажат колегите од мнозинството што е ексклузивно во бисквити.

За да нема забуни, особено кај колегите од СДС кои се повеќе се чувствуваат измамени од ДУИ, по којзнае кој пат бараме веднаш, уште пред гласањето да се објави листата на производи кои државата ќе ги поскапи.

Економските политики на власта доживуваат крах. Македонија е една од земјите со највисока инфлација во Европа, а најнизок економски раст. Бројот на граѓани кои се под прагот на сиромаштија секојдневно се зголемува, а власта зголемува даноци. ДУИ и СДС собираат арач за да можат да уживаат уште повеќе во своите благодети додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај-истакна Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ со конкретни предлози: Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5% и 0% ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија уште во текот на минатиот месец поднесе предлог закон за изменување и дополнување на законот за ДДВ, кој ќе биде на дневен ред на денешната собраниска седница. Овој Предлог закон содржи две многу важни измени за граѓаните во услови на секојдневно влошување на животниот стандард, вели Бојан Стојаноски. https://www.youtube.com/watch?v=WQ73_4C3hxM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Првиот предлог е намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%. За потсетување, Владата во текот на оваа година два пати го покачи ДДВ-то за електрична енергија, најпрво во јануари од 5 на 10% и сега од 1 јули од 10 на 18%. Во изминатите три години, СДС и ДУИ преку Регулаторна комисија за енергетика ја покачија цената на струјата за 50-тина проценти. Овие покачувања се резултат на недомаќинското, нестручно и криминално работење на владината коалиција со државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО. Нашиот втор предлог кој е на барање на граѓаните е намалување на ДДВ од 5% на 0% за основните прехранбени производи. Тука се гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние предлагаме намалување на давачките за храна кон државата, а СДС предлага зголемување. Ние бараме да не се плаќа ДДВ, за побрзо да се симне инфлацијата, а власта предлага зголемување на ДДВ за над 4.000 прехранбени производи за да прибере денар повеќе. Поголемо ДДВ ќе значи инстантно зголемување на цените и нов удар по потрошувачката кошничка. Власта се уште ја крие целосната листа на овие т.н. ексклузивни производи, но ајде нека кажат колегите од мнозинството што е ексклузивно во бисквити. За да нема забуни, особено кај колегите од СДС кои се повеќе се чувствуваат измамени од ДУИ, по којзнае кој пат бараме веднаш, уште пред гласањето да се објави листата на производи кои државата ќе ги поскапи.
  Економските политики на власта доживуваат крах. Македонија е една од земјите со највисока инфлација во Европа, а најнизок економски раст. Бројот на граѓани кои се под прагот на сиромаштија секојдневно се зголемува, а власта зголемува даноци. ДУИ и СДС собираат арач за да можат да уживаат уште повеќе во своите благодети додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај-истакна Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ со конкретни предлози: Намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5% и 0% ДДВ за основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Стојановски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе комуницираат со власта и со Џафери само за избори https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanovski-pratenitsite-od-vmro-dpmne-ofitsijalno-ke-komunitsiraat-so-vlasta-i-so-dhaferi-samo-za-izbori/ Wed, 12 Jul 2023 12:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=660465

Официјална комуникација на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со пратеници од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори - изјави денеска пратеникот на опозициската партија Бојан Стојановски.

Стојановски, одговарајќи на новинарско прашање, каква е комуникацијата помеѓу пратениците во Собранието по изјавата на лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кажа дека официјална комуникција нема.

Како што кажа и претседателот на нашата партија комуникација официјална нема. Ние го соопштивме нашиот став дека од тој момент натака сеуште е важечка нема да се разговара за никакви понуди освен за одржување на предвремени парламентарни избори. Така што официјална комуникација помеѓу пратениците од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори - изјави Стојановски.

Неофицијална комуникација има, а според него се одвива во работните тела односно собраниските комисии.

Во работните тела, да има неофицијална комуникација, но официјална комуникација од аспект на прашањето што ми го поставивте нашиот став е јасен и имаме можност да комуницираме само за тоа - дециден е Стојановски.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски веќе одамна не оди на редовните понеделнички средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, но тие и покрај тоа остваруваат неформална комуникација. Тоа може да се потврди и со закони кои пратениците ги гласаат или со присуството на седници и дебатите.

Во Собранието денеска прес-конференција имаше само Стојановски, кој кажа дека пратеничката група нема да ги поддржи законите за даноците за солидарност, за ДДВ и за добивка. Во објектот на Парламентот сретнавме само уште двајца пратеници. Следната нова седница е закажана за 18 јули, кога би требало да се одржат продолженија и на стари седници за да се гласа за закони за кои расправата заврши минатата недела. Најави за доаѓање на уставните измени во Собранието се уште нема.

The post Стојановски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе комуницираат со власта и со Џафери само за избори appeared first on Република.

]]>

Официјална комуникација на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со пратеници од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори - изјави денеска пратеникот на опозициската партија Бојан Стојановски.
Стојановски, одговарајќи на новинарско прашање, каква е комуникацијата помеѓу пратениците во Собранието по изјавата на лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кажа дека официјална комуникција нема.
Како што кажа и претседателот на нашата партија комуникација официјална нема. Ние го соопштивме нашиот став дека од тој момент натака сеуште е важечка нема да се разговара за никакви понуди освен за одржување на предвремени парламентарни избори. Така што официјална комуникација помеѓу пратениците од различните пратенички групи и со претседателот на Собранието може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори - изјави Стојановски.
Неофицијална комуникација има, а според него се одвива во работните тела односно собраниските комисии.
Во работните тела, да има неофицијална комуникација, но официјална комуникација од аспект на прашањето што ми го поставивте нашиот став е јасен и имаме можност да комуницираме само за тоа - дециден е Стојановски.
Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски веќе одамна не оди на редовните понеделнички средби со претседателот на Собранието Талат Џафери, но тие и покрај тоа остваруваат неформална комуникација. Тоа може да се потврди и со закони кои пратениците ги гласаат или со присуството на седници и дебатите. Во Собранието денеска прес-конференција имаше само Стојановски, кој кажа дека пратеничката група нема да ги поддржи законите за даноците за солидарност, за ДДВ и за добивка. Во објектот на Парламентот сретнавме само уште двајца пратеници. Следната нова седница е закажана за 18 јули, кога би требало да се одржат продолженија и на стари седници за да се гласа за закони за кои расправата заврши минатата недела. Најави за доаѓање на уставните измени во Собранието се уште нема.

The post Стојановски: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе комуницираат со власта и со Џафери само за избори appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена https://republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-zhivotniot-standard-na-graganite-e-seriozno-narushen-inflatsijata-e-dvotsifrena/ Tue, 13 Jun 2023 10:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=650804

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена, а Владата одбива да се откаже од зголемените даночни приливи.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во насока на намалување на трошоците на живот предлага измени во Законот за ДДВ, кои ќе ги поднесе денес, информира тој.

„Предложените измени предвидуваат:

1. Ослободување од ДДВ на производите за човечка исхрана. Со оваа мерка цените на прехранбените производи веднаш ќе се намалат минимум 5 %. Сметаме дека ова решение е неопходно по завршувањето на мерките со кои беа ограничени цените на прехранбените производи. Со нашето предлог-решение оставаме можност Владата сама да определи кои производи ќе бидат ослободени од ДДВ;

2. Враќање на стапката на ДДВ за струјата на 5 % наместо најавените 18 %. Доколку не се ефектуира нашиот предлог, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат поголеми сметки за струја најмалку 8 %. Во моментот стапката на ДДВ е 10 %, а од 1 јули таа ќе се зголеми на 18 %, а ние со ова предлог-законско решение предлагаме таа да се намали и веднаш да биде 5 %“, нагласи пратеникот.

Инфлацијата, како што појасни, за мај 2023 година повторно е двоцифрена и изнесува 11,3 %, а кај храната е уште повисока и изнесува 14,6 %. Но, важно е да потсетиме дека лани во мај инфлацијата исто така беше двоцифрена и изнесуваше 11,9 %, а кај храната огромни 17,9 %.

Ова е драстичен пораст на цените за 2 години и токму затоа сè поголем број граѓани се сиромашни, а семејниот буџет сè попразен. Ги охрабруваме пратениците на СДСМ и ДУИ да не ги слушаат своите раководства и што побргу, уште на утрешната седница, да ги донесеме овие предлог-измени во интерес на граѓаните“, вели Стојаноски.

The post Стојаноски: Животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена appeared first on Република.

]]>

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена, а Владата одбива да се откаже од зголемените даночни приливи. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во насока на намалување на трошоците на живот предлага измени во Законот за ДДВ, кои ќе ги поднесе денес, информира тој. „Предложените измени предвидуваат: 1. Ослободување од ДДВ на производите за човечка исхрана. Со оваа мерка цените на прехранбените производи веднаш ќе се намалат минимум 5 %. Сметаме дека ова решение е неопходно по завршувањето на мерките со кои беа ограничени цените на прехранбените производи. Со нашето предлог-решение оставаме можност Владата сама да определи кои производи ќе бидат ослободени од ДДВ; 2. Враќање на стапката на ДДВ за струјата на 5 % наместо најавените 18 %. Доколку не се ефектуира нашиот предлог, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат поголеми сметки за струја најмалку 8 %. Во моментот стапката на ДДВ е 10 %, а од 1 јули таа ќе се зголеми на 18 %, а ние со ова предлог-законско решение предлагаме таа да се намали и веднаш да биде 5 %“, нагласи пратеникот. Инфлацијата, како што појасни, за мај 2023 година повторно е двоцифрена и изнесува 11,3 %, а кај храната е уште повисока и изнесува 14,6 %. Но, важно е да потсетиме дека лани во мај инфлацијата исто така беше двоцифрена и изнесуваше 11,9 %, а кај храната огромни 17,9 %.
Ова е драстичен пораст на цените за 2 години и токму затоа сè поголем број граѓани се сиромашни, а семејниот буџет сè попразен. Ги охрабруваме пратениците на СДСМ и ДУИ да не ги слушаат своите раководства и што побргу, уште на утрешната седница, да ги донесеме овие предлог-измени во интерес на граѓаните“, вели Стојаноски.
 
The post Стојаноски: Животниот стандард на граѓаните е сериозно нарушен, инфлацијата е двоцифрена appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Најголем проблем за европскиот пат на Македонија е тоа што Владата е корумпирана и криминална https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-najgolem-problem-za-evropskiot-pat-na-makedonija-e-toa-shto-vladata-e-korumpirana-i-kriminalna/ Mon, 12 Jun 2023 20:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=650651

„На самата лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ понуди три датуми за предвремени парламентарни избори, едниот е во септември и двата во октомври на кои сите политички партии да понудат решение за актуелната тема во општеството и партијата која ќе победи а тоа несомнено ќе биде ВМРО-ДПМНЕ потоа несомнено да го имплементира тоа решение за да го откочи евроинтегративниот процес на Македонија“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека од лидерската средба исто така стана јасно дека евроинтегративните процеси на Македонија не се отпочнати.

Стојаноски повторно посочи дека во моментов одлуката е кај СДС, тие треба да кажат дали прифаќаат некој од овие два понуди без да заменуваме тези бидејќи ситуацијата е сериозна.

Во овој момент Бугарија е само заложник на нормални европски држави кои не сакаат Македонија да ја видат земја членка на ЕУ токму заради тоа што сме една криминална, корумпирана и несредена држава тоа ни го кажуваат и амбасадите, кажа Стојаноски.

Тој потенцираше дека сите 27 земји членки на Европската Унија станале членки по критериумите од Копенхаген, а само Македонија има плус еден критериум а тоа е историска комисија.

Ако од најсилните европски држави доколку видат дека ние се трудиме, спроведуваме мерки и реформи тогаш зарем не можат ли за 24 часа со некој тешкаш дипломат да ја убедат Бугарија дека нон сенс е нејзината блокада кон Македонија“, дециден е Стојаноски.

Стојаноски заклучи дека по неизгласувањето на уставните измени веднаш треба да се распишат предвремени парламентарни избори.

The post Стојаноски: Најголем проблем за европскиот пат на Македонија е тоа што Владата е корумпирана и криминална appeared first on Република.

]]>

„На самата лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ понуди три датуми за предвремени парламентарни избори, едниот е во септември и двата во октомври на кои сите политички партии да понудат решение за актуелната тема во општеството и партијата која ќе победи а тоа несомнено ќе биде ВМРО-ДПМНЕ потоа несомнено да го имплементира тоа решение за да го откочи евроинтегративниот процес на Македонија“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24. Тој додаде дека од лидерската средба исто така стана јасно дека евроинтегративните процеси на Македонија не се отпочнати. Стојаноски повторно посочи дека во моментов одлуката е кај СДС, тие треба да кажат дали прифаќаат некој од овие два понуди без да заменуваме тези бидејќи ситуацијата е сериозна.