блокада Archives - Република https://republika.mk/tema/blokada/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 18:31:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокада Archives - Република https://republika.mk/tema/blokada/ 32 32 Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес https://republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodeltsite-od-svetinikolsko-go-blokiraa-ekspresniot-pat-shtip-veles/ Tue, 18 Jun 2024 11:04:49 +0000 https://republika.mk/?p=788731

Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип - Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница".

Во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници. Блокадата ќе трае два часа.

The post Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од општините Свети Николе и Лозово во 12 часот целосно го блокираа експресниот Штип - Велес кај местото викано Овче Поле, бидејќи немаат вода за наводнување за своите ниви од Хидросистемот „Брегалница". Во моментов блокадата е тргната од едната коловозна лента и сообраќајот го регулираат полициски службеници. Блокадата ќе трае два часа.

The post Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес appeared first on Република.

]]>
Полските земјоделци повторно ја блокираа границата кон Германија https://republika.mk/vesti/svet/polskite-zemjodeltsi-povtorno-ja-blokiraa-granitsata-kon-germanija/ Mon, 18 Mar 2024 16:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=756012

Полските земјоделци денеска повторно го блокираа најфреквентниот граничен премин меѓу Германија и Полска во близина на градот Франкфурт на Одер, предизвикувајќи долги задржувања на двете страни од границата.

Во Франкфурт и Губен блокирани се граничните премини, а во самиот Франкфурт се формираат големи толпи, соопшти полицијата во Франкфурт на Одра во сојузната покраина Бранденбург.

Според најавите на демонстрантите блокадата ќе трае до среда.

Полските земјоделци со недели протестираат против политиката на ЕУ поврзана со земјоделските субвенции. Една од причините за протестот е увозот на поевтини земјоделски производи од Украина.

А од германска страна, земјоделците со недели протестираат против политиката на германската влада и укинувањето на субвенциите за гориво.

Во неколку наврати поради блокади се случија сообраќајни незгоди. Пред неколку дена земјоделците истуриле ѓубриво на пат во близина на Берлин, по што се случила сообраќајна несреќа со неколку повредени.

The post Полските земјоделци повторно ја блокираа границата кон Германија appeared first on Република.

]]>

Полските земјоделци денеска повторно го блокираа најфреквентниот граничен премин меѓу Германија и Полска во близина на градот Франкфурт на Одер, предизвикувајќи долги задржувања на двете страни од границата. Во Франкфурт и Губен блокирани се граничните премини, а во самиот Франкфурт се формираат големи толпи, соопшти полицијата во Франкфурт на Одра во сојузната покраина Бранденбург. Според најавите на демонстрантите блокадата ќе трае до среда. Полските земјоделци со недели протестираат против политиката на ЕУ поврзана со земјоделските субвенции. Една од причините за протестот е увозот на поевтини земјоделски производи од Украина. А од германска страна, земјоделците со недели протестираат против политиката на германската влада и укинувањето на субвенциите за гориво. Во неколку наврати поради блокади се случија сообраќајни незгоди. Пред неколку дена земјоделците истуриле ѓубриво на пат во близина на Берлин, по што се случила сообраќајна несреќа со неколку повредени.

The post Полските земјоделци повторно ја блокираа границата кон Германија appeared first on Република.

]]>
Полските фармери го блокираат автопатот меѓу Варшава и Берлин https://republika.mk/vesti/svet/polskite-farmeri-go-blokiraat-avtopatot-megu-varshava-i-berlin/ Mon, 18 Mar 2024 13:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=755942

Полските фармери го блокираа автопатот што ги поврзува Варшава и Берлин на четири дена.

Земјоделците го блокираат сообраќајот на автопатот А2 кај Слубице. Протестот почна во недела попладне и ќе трае до 20 март.

Претходно, на 15 март, полските земјоделци го блокираа контролниот пункт Хиже на границата со Словачка. Демонстрантите најавија дека блокадата на контролниот пункт ќе остане на сила до крајот на март. Ќе може да поминува по еден камион на час, додека автобусите и автомобилите нема да бидат засегнати од ограничувањата.

Причината зад протестите останува иста како и во претходните акции - земјоделците бараат запирање на неконтролираниот проток на жито од Украина во ЕУ, како и измени на барањата од Зелениот договор.

The post Полските фармери го блокираат автопатот меѓу Варшава и Берлин appeared first on Република.

]]>

Полските фармери го блокираа автопатот што ги поврзува Варшава и Берлин на четири дена. Земјоделците го блокираат сообраќајот на автопатот А2 кај Слубице. Протестот почна во недела попладне и ќе трае до 20 март. Претходно, на 15 март, полските земјоделци го блокираа контролниот пункт Хиже на границата со Словачка. Демонстрантите најавија дека блокадата на контролниот пункт ќе остане на сила до крајот на март. Ќе може да поминува по еден камион на час, додека автобусите и автомобилите нема да бидат засегнати од ограничувањата. Причината зад протестите останува иста како и во претходните акции - земјоделците бараат запирање на неконтролираниот проток на жито од Украина во ЕУ, како и измени на барањата од Зелениот договор.

The post Полските фармери го блокираат автопатот меѓу Варшава и Берлин appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Богородица кон Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/grchkite-zemjodeltsi-povtorno-go-blokiraa-granichniot-premin-bogoroditsa-kon-makedonija/ Wed, 21 Feb 2024 19:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=746727

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата и вечерва периодично го затворија граничниот премин Богородица кон Македонија за сообраќај на сите возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата започнала во 19 часот по локално, односно 18 часот по македонско време, а според информациите, земјоделците исто како и вчера затворале околу 20 минути, а потоа дозволувале да поминуваат возила за да не се создадат редици и доцнења.

Според истите информации, блокадата траела околу час и половина.

Грчките земјоделци по одржаниот масовен протест синоќа во Атина, најавија дека дополнително ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори, а не е исклучена можноста да продолжат со досегашните активности што вклучуваат затворања на автопати и гранични премини.

 

The post Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Богородица кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Грчките земјоделци од северниот дел на земјата и вечерва периодично го затворија граничниот премин Богородица кон Македонија за сообраќај на сите возила, јави дописничката на МИА од Атина. Блокадата започнала во 19 часот по локално, односно 18 часот по македонско време, а според информациите, земјоделците исто како и вчера затворале околу 20 минути, а потоа дозволувале да поминуваат возила за да не се создадат редици и доцнења. Според истите информации, блокадата траела околу час и половина. Грчките земјоделци по одржаниот масовен протест синоќа во Атина, најавија дека дополнително ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори, а не е исклучена можноста да продолжат со досегашните активности што вклучуваат затворања на автопати и гранични премини.  

The post Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Богородица кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Грчката полиција не им дозволи на земјоделците да го блокираат граничниот премин Евзони-Богородица, сообраќајот се одвива нормално https://republika.mk/vesti/balkan/grchkata-politsija-ne-im-dozvoli-na-zemjodeltsite-da-go-blokiraat-granichniot-premin-evzoni-bogoroditsa-soobrakajot-se-odviva-normalno/ Wed, 14 Feb 2024 19:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=744207

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците да го затворат граничниот премин Евзони (Богородица) со Македонија, кои со тракторите и пеш планираа вечерва, на два часа целосно да го блокираат сообраќајот, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од надлежните, сообраќајот, како за автомобили, така и за товарни возила и за влез и за излез од Грција се одвива регуларно.

Новата блокада на граничниот премин беше закажана за вечерва од 19 до 21 часот по локално, односно од 18 до 20 часот по македонско време, а намерата на земјоделците беше да ги затворат сите точки за влез и излез од Грција на конкретниот граничен премин кон нашата земја.

Според грчката телевизија „Скај“, заедно со полицијата на границата пристигнал и обвинител за да ги информира земјоделците за евентуалните последици во случај да постават блокада.

Граничниот премин е отворен, а земјоделците, кои на Евзони се со нивните трактори, револт го изразија со палење пиротехнички средства.

Земјоделците од цела Грција во текот на денешниот ден одржуваат состаноци на кои ги информираат нивните колеги за вчерашната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а за утре напладне е закажана заеднички состанок на сите земјоделци за да ги одредат нивните следни чекори.

Со оглед на тоа дека првичните реакции по разговорите со Мицотакис се дека не биле исполнети сите нивни барања, се поверојатно е дека ќе се интензивираат протестите и блокадите.

The post Грчката полиција не им дозволи на земјоделците да го блокираат граничниот премин Евзони-Богородица, сообраќајот се одвива нормално appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција не им дозволи на земјоделците да го затворат граничниот премин Евзони (Богородица) со Македонија, кои со тракторите и пеш планираа вечерва, на два часа целосно да го блокираат сообраќајот, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на МИА од надлежните, сообраќајот, како за автомобили, така и за товарни возила и за влез и за излез од Грција се одвива регуларно. Новата блокада на граничниот премин беше закажана за вечерва од 19 до 21 часот по локално, односно од 18 до 20 часот по македонско време, а намерата на земјоделците беше да ги затворат сите точки за влез и излез од Грција на конкретниот граничен премин кон нашата земја. Според грчката телевизија „Скај“, заедно со полицијата на границата пристигнал и обвинител за да ги информира земјоделците за евентуалните последици во случај да постават блокада. Граничниот премин е отворен, а земјоделците, кои на Евзони се со нивните трактори, револт го изразија со палење пиротехнички средства. Земјоделците од цела Грција во текот на денешниот ден одржуваат состаноци на кои ги информираат нивните колеги за вчерашната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а за утре напладне е закажана заеднички состанок на сите земјоделци за да ги одредат нивните следни чекори. Со оглед на тоа дека првичните реакции по разговорите со Мицотакис се дека не биле исполнети сите нивни барања, се поверојатно е дека ќе се интензивираат протестите и блокадите.

The post Грчката полиција не им дозволи на земјоделците да го блокираат граничниот премин Евзони-Богородица, сообраќајот се одвива нормално appeared first on Република.

]]>
Maкедонците буквално заробени: Во Грција не можеме ем поради пасошите, ем поради штрајкот на грчките земјоделци https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-bukvalno-blokirani-vo-grtsija-ne-mozheme-em-poradi-pasoshite-em-poradi-shtrajkot-na-grchkite-zemjodeltsi/ Wed, 14 Feb 2024 14:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=744130

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија од 19 до 21 часот по локално, односно од 18 до 20 часот по македонско време најавиле земјоделците од северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, но и според државната телевизија ЕРТ, ова ќе биде втора блокада за денеска, со оглед на тоа дека во периодот од 13 до 15 часот затвориле една од лентите за влез во Грција на товарни возила за меѓународен транспорт.

Не е исклучена можноста, вечерва, блокадата да биде целосна, односно да ги затворат сите точки за влез и излез од Грција на конкретниот граничен премин кон нашата земја.

Симболична едночасовна блокада на границата имаше и доцна синоќа.

Земјоделците од цела Грција во текот на денешниот ден одржуваат состаноци на кои ги информираат нивните колеги за вчерашната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а за утре напладне е закажана заеднички состанок на сите земјоделци за да ги одредат нивните следни чекори.

Со оглед на тоа дека првичните реакции по разговорите со Мицотакис се дека не биле исполнети сите нивни барања, се поверојатно е дека ќе се интензивираат протестите и блокадите

The post Maкедонците буквално заробени: Во Грција не можеме ем поради пасошите, ем поради штрајкот на грчките земјоделци appeared first on Република.

]]>

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Македонија од 19 до 21 часот по локално, односно од 18 до 20 часот по македонско време најавиле земјоделците од северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми, но и според државната телевизија ЕРТ, ова ќе биде втора блокада за денеска, со оглед на тоа дека во периодот од 13 до 15 часот затвориле една од лентите за влез во Грција на товарни возила за меѓународен транспорт. Не е исклучена можноста, вечерва, блокадата да биде целосна, односно да ги затворат сите точки за влез и излез од Грција на конкретниот граничен премин кон нашата земја. Симболична едночасовна блокада на границата имаше и доцна синоќа. Земјоделците од цела Грција во текот на денешниот ден одржуваат состаноци на кои ги информираат нивните колеги за вчерашната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а за утре напладне е закажана заеднички состанок на сите земјоделци за да ги одредат нивните следни чекори. Со оглед на тоа дека првичните реакции по разговорите со Мицотакис се дека не биле исполнети сите нивни барања, се поверојатно е дека ќе се интензивираат протестите и блокадите

The post Maкедонците буквално заробени: Во Грција не можеме ем поради пасошите, ем поради штрајкот на грчките земјоделци appeared first on Република.

]]>
Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК https://republika.mk/vesti/balkan/grchkite-zemjodeltsi-go-blokiraat-medhitlija-i-ne-dozvoluvaat-kamionite-so-lignit-da-stigaat-do-rek/ Tue, 06 Feb 2024 09:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=740832

Земјоделците од северозападниот дел на Грција, кои вчера одржаа протест на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што стигнаа со тракторите, имаат за цел да започнат со блокади на границата, но само за камиони, додека пак сообраќајот на автомобил ќе се одвива непречено, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според претседателот на земјоделското здружение на Касториа и член на неформалниот комитет за координација формиран од земјоделците, Томас Мосхос целта е од денеска да го блокираат сообраќајот само на товарните возила кои патуваат од и кон Македонија.

Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја.

АНА-МПА пишува дека секојдневно, стотици камиони минуваат преку граничниот премин Ники (Меџитлија) кои пренесуваат лигнит од два приватни рудници во Грција за потребите на трите блока на електраната во Битола.

Земјоделците од цела Грција, денеска напладне ќе одржат состанок за да ги одредат нивните следни чекори, а меѓу предлозите се одржување голем протест во Атина, но и блокадите да се префрлат на автопатите и да го блокираат сообраќајот.

Она што е сигурно е дека земјоделците не се откажуваат и велат дека ќе продолжат сè додека Владата не ги исполни нивните барања.

Од друга страна, владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.

The post Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од северозападниот дел на Грција, кои вчера одржаа протест на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Македонија, каде што стигнаа со тракторите, имаат за цел да започнат со блокади на границата, но само за камиони, додека пак сообраќајот на автомобил ќе се одвива непречено, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, според претседателот на земјоделското здружение на Касториа и член на неформалниот комитет за координација формиран од земјоделците, Томас Мосхос целта е од денеска да го блокираат сообраќајот само на товарните возила кои патуваат од и кон Македонија. Мосхос, преку социјалните мрежи објасни дека овој пат нема да го затворат сообраќајот за автомобили, туку само за камиони, поконкретно за камионите што извезуваат лигнит во соседната земја. АНА-МПА пишува дека секојдневно, стотици камиони минуваат преку граничниот премин Ники (Меџитлија) кои пренесуваат лигнит од два приватни рудници во Грција за потребите на трите блока на електраната во Битола. Земјоделците од цела Грција, денеска напладне ќе одржат состанок за да ги одредат нивните следни чекори, а меѓу предлозите се одржување голем протест во Атина, но и блокадите да се префрлат на автопатите и да го блокираат сообраќајот. Она што е сигурно е дека земјоделците не се откажуваат и велат дека ќе продолжат сè додека Владата не ги исполни нивните барања. Од друга страна, владиниот портпарол Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека не се разгледуваат дополнителни мерки за поддршка на земјоделците.

The post Грчките земјоделци го блокираат „Меџитлија“ и не дозволуваат камионите со лигнит да стигаат до РЕК appeared first on Република.

]]>
Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-zemjodeltsi-vtor-den-gi-blokiraat-avtopatite-okolu-pariz/ Tue, 30 Jan 2024 09:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=738475

Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз, а членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри во Кавајон во департманот Воклуз, на југот на Франција.

– Сакаме да ги блокираме логистичките центри затоа што бараме подобра распределба на додадената вредност. Масовната дистрибуција направи многу профит во последниот квартал и ние никогаш ништо од тоа не гледаме. Бараме да ги зголемат нашите откупни цени без зголемување на цените за крајните потрошувачи. Бараме, всушност, да ги намалат своите маржи. Ќе останеме колку што е потребно, рече претставник на земјоделците.

Генералната секретарка на синдикатот ЦГТ, Софи Бине рече дека го разбира гневот на земјоделците. Таа ја повика владата да „преиспита одреден број правни механизми“ за да се стави крај на шпекулативните операции со прехранбените производи.

Француската влада синоќа соопшти дека денеска ќе бидат преземени нови мерки во корист на земјоделците.

Владината портпаролка Приска Тевено, по состанокот на Советот на министри, изјави дека премиерот Габриел Атал вечерва ќе прими претставници на францускиот земјоделски синдикат ФНСЕА и членови на Здружението на млади земјоделци, во присуство на министрите за земјоделство, Марк Фено и еколошка транзиција Кристоф Бешу, пишува Фигаро.

Француските земјоделци вчера почнаа да ги блокираат осумте автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција, а од минатата недела ги блокираа патиштата во делови од Франција поради владиниот данок за гориво за трактори, увозот на евтини земјоделски производи и ниските откупни цени, а бараат и намалување на даноците, исто како и земјоделците ширум Европа.

Земјоделците во Франција протестираат и против договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и извозниците на храна, особено поради договорот со јужноамериканскиот блок Меркосур, кој се уште е во фаза на изработка, а за кој тврдат дека исто така ќе придонесе за нелојална конкуренција на пазарот.

 

The post Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз appeared first on Република.

]]>

Француските земјоделци втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз, а членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри во Кавајон во департманот Воклуз, на југот на Франција. – Сакаме да ги блокираме логистичките центри затоа што бараме подобра распределба на додадената вредност. Масовната дистрибуција направи многу профит во последниот квартал и ние никогаш ништо од тоа не гледаме. Бараме да ги зголемат нашите откупни цени без зголемување на цените за крајните потрошувачи. Бараме, всушност, да ги намалат своите маржи. Ќе останеме колку што е потребно, рече претставник на земјоделците. Генералната секретарка на синдикатот ЦГТ, Софи Бине рече дека го разбира гневот на земјоделците. Таа ја повика владата да „преиспита одреден број правни механизми“ за да се стави крај на шпекулативните операции со прехранбените производи. Француската влада синоќа соопшти дека денеска ќе бидат преземени нови мерки во корист на земјоделците. Владината портпаролка Приска Тевено, по состанокот на Советот на министри, изјави дека премиерот Габриел Атал вечерва ќе прими претставници на францускиот земјоделски синдикат ФНСЕА и членови на Здружението на млади земјоделци, во присуство на министрите за земјоделство, Марк Фено и еколошка транзиција Кристоф Бешу, пишува Фигаро. Француските земјоделци вчера почнаа да ги блокираат осумте автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција, а од минатата недела ги блокираа патиштата во делови од Франција поради владиниот данок за гориво за трактори, увозот на евтини земјоделски производи и ниските откупни цени, а бараат и намалување на даноците, исто како и земјоделците ширум Европа. Земјоделците во Франција протестираат и против договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и извозниците на храна, особено поради договорот со јужноамериканскиот блок Меркосур, кој се уште е во фаза на изработка, а за кој тврдат дека исто така ќе придонесе за нелојална конкуренција на пазарот.  

The post Француските земјоделци втор ден ги блокираат автопатите околу Париз appeared first on Република.

]]>
Француските земјоделци в понеделник ќе го блокираат Париз https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-zemjodeltsi-v-ponedelnik-ke-go-blokiraat-pariz/ Sat, 27 Jan 2024 16:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=737559

Француските земјоделци најавија дека во понеделник, на 29 јануари, ќе започнат со целосна блокада на Париз и на тој начин ќе спречат испорака на секаков вид стока во главниот град.

Претставникот на здружението „Млади фармери“, Максим Бизар изјави дека блокадата ќе започне во вечерните часови и ќе трае најмалку пет дена, пренесува РИА Новости.

Донесовме одлука да ги промениме нашите методи и да организираме блокада на Париз и три департмани околу главниот град. Идејата е ниту еден камион да не испорачува стока во главниот град – изјави Бизар за локалните медиуми.

Тој посочи дека земјоделците имаат намера да ги држат под своја контрола патиштата кон Париз „колку што е потребно“, за градот да се соочи со недостиг од производи.

Според него, тоа нема да биде операција од 12:00 до 15:00 часот, туку акција која ќе трае најмалку пет дена, со што ќе се пренесе јасен став до жителите на Париз дека им се потребни земјоделците за да преживеат и дека капиталот не може да функционира самостојно.

Тој посочи дека Франција е против склучување договор за слободна трговија меѓу ЕУ и членките на јужноамериканскиот блок „Меркосур“, со што, според земјоделецот, би се создале услови за нелојална конкуренција.

Во изминатите седум дена земјоделците ги блокираа главните патишта во Франција, каде поставија пречки од сено, купишта ѓубрива и гуми. Сообраќајот е блокиран и со трактори паркирани на автопатиштата.

 

The post Француските земјоделци в понеделник ќе го блокираат Париз appeared first on Република.

]]>

Француските земјоделци најавија дека во понеделник, на 29 јануари, ќе започнат со целосна блокада на Париз и на тој начин ќе спречат испорака на секаков вид стока во главниот град. Претставникот на здружението „Млади фармери“, Максим Бизар изјави дека блокадата ќе започне во вечерните часови и ќе трае најмалку пет дена, пренесува РИА Новости.
Донесовме одлука да ги промениме нашите методи и да организираме блокада на Париз и три департмани околу главниот град. Идејата е ниту еден камион да не испорачува стока во главниот град – изјави Бизар за локалните медиуми.
Тој посочи дека земјоделците имаат намера да ги држат под своја контрола патиштата кон Париз „колку што е потребно“, за градот да се соочи со недостиг од производи. Според него, тоа нема да биде операција од 12:00 до 15:00 часот, туку акција која ќе трае најмалку пет дена, со што ќе се пренесе јасен став до жителите на Париз дека им се потребни земјоделците за да преживеат и дека капиталот не може да функционира самостојно. Тој посочи дека Франција е против склучување договор за слободна трговија меѓу ЕУ и членките на јужноамериканскиот блок „Меркосур“, со што, според земјоделецот, би се создале услови за нелојална конкуренција. Во изминатите седум дена земјоделците ги блокираа главните патишта во Франција, каде поставија пречки од сено, купишта ѓубрива и гуми. Сообраќајот е блокиран и со трактори паркирани на автопатиштата.  

The post Француските земјоделци в понеделник ќе го блокираат Париз appeared first on Република.

]]>
Европскиот сојуз најавува блокада на улиците доколку не се избере член на ДИК https://republika.mk/vesti/makedonija/evropskiot-sojuz-najavuva-blokada-na-ulitsite-dokolku-ne-se-izbere-chlen-na-dik/ Sat, 27 Jan 2024 16:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=737552

Ако не се избере седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК), ќе следуваат блокади на улици, најавува Европскиот сојуз за промени.

Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада. Организирање на секаков вид на искажување на револтот, со цел ДИК да биде комплетирана и сите граѓани во Македонија да имаат можност да гласаат за политичката опција во која веруваат“, кажа лидерот на БЕСА, Билал Касами.

И пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниеto да го предложи кандидатот на албанската опозиција. Доколку не го направи тоа, Зендели сметка дека Митревски ќе се докаже оти коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ги фалсификува изборите.

И ВМРО-ДПМНЕ смета дека неизборот на седмиот член на ДИК остава простор за сомнежи, а предлагањето двајца кандидати од Комисијата за избори и именувања води кон ризик ниту еден од нив да не го добие неопходното двотретинско мнозинство.

Од СДСМ доаѓаат оптимистички тонови. Веруваат дека многу бргу, пред да се распишат изборите, ДИК ќе биде комплетирана.

Местото во ДИК е празно цела година, откако Кренар Лога стана министер за правда. Пред Нова Година, Комисијата за избори и именувања, изборот го сведе од 5 на две имиња: Абдуш Демири од Европскиот сојуз за промени и Зулфи Адили од Алијанса, но по предлог на Европската демократска партија на Аријанид Хоџа.

Изборот на член во ДИК ќе ги позиционира партиите: кои се двете најголеми владеачки а кои се двете опозициски партии. Освен членство во ДИК, неформалниот статус на втора опозициска, носи соодветна застапеност во избирачките одбори но и поделба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање.

Според сегашниот Изборен законик, 45 одсто од рекламното време го делат двете најголеми владеачки партии, а другите 45 одсто двете најголеми опозициски партии. 7 одсто ги делат другите парламентарни партии, а само 3 одсто добиваат вонпарламентарните. Освен ако законот не се смени.

 

The post Европскиот сојуз најавува блокада на улиците доколку не се избере член на ДИК appeared first on Република.

]]>

Ако не се избере седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК), ќе следуваат блокади на улици, најавува Европскиот сојуз за промени.
Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада. Организирање на секаков вид на искажување на револтот, со цел ДИК да биде комплетирана и сите граѓани во Македонија да имаат можност да гласаат за политичката опција во која веруваат“, кажа лидерот на БЕСА, Билал Касами.
И пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниеto да го предложи кандидатот на албанската опозиција. Доколку не го направи тоа, Зендели сметка дека Митревски ќе се докаже оти коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ги фалсификува изборите. И ВМРО-ДПМНЕ смета дека неизборот на седмиот член на ДИК остава простор за сомнежи, а предлагањето двајца кандидати од Комисијата за избори и именувања води кон ризик ниту еден од нив да не го добие неопходното двотретинско мнозинство. Од СДСМ доаѓаат оптимистички тонови. Веруваат дека многу бргу, пред да се распишат изборите, ДИК ќе биде комплетирана. Местото во ДИК е празно цела година, откако Кренар Лога стана министер за правда. Пред Нова Година, Комисијата за избори и именувања, изборот го сведе од 5 на две имиња: Абдуш Демири од Европскиот сојуз за промени и Зулфи Адили од Алијанса, но по предлог на Европската демократска партија на Аријанид Хоџа. Изборот на член во ДИК ќе ги позиционира партиите: кои се двете најголеми владеачки а кои се двете опозициски партии. Освен членство во ДИК, неформалниот статус на втора опозициска, носи соодветна застапеност во избирачките одбори но и поделба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање. Според сегашниот Изборен законик, 45 одсто од рекламното време го делат двете најголеми владеачки партии, а другите 45 одсто двете најголеми опозициски партии. 7 одсто ги делат другите парламентарни партии, а само 3 одсто добиваат вонпарламентарните. Освен ако законот не се смени.  

The post Европскиот сојуз најавува блокада на улиците доколку не се избере член на ДИК appeared first on Република.

]]>
Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zhitelite-na-dolna-i-gorna-banitsa-postavija-blokada-za-rabotnitsite-na-behtel-i-enka/ Thu, 18 Jan 2024 09:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=734289

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата.

[caption id="" align="alignnone" width="1471"] фото: МИА[/caption]

Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на  протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен.

Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети.

[caption id="" align="alignnone" width="1542"] фото: МИА[/caption]

Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање.

Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение. 

The post Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата. [caption id="" align="alignnone" width="1471"] фото: МИА[/caption] Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на  протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен. Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети. [caption id="" align="alignnone" width="1542"] фото: МИА[/caption] Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање. Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение. 

The post Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Од вторник можно е да има нови блокади, приватните превозници уште не ги добиле ветените субвенции од Арсовска https://republika.mk/vesti/skopje/od-vtornik-mozhno-e-da-ima-novi-blokadi-privatnite-prevoznitsi-ushte-ne-gi-dobile-vetenite-subventsii-od-arsovska/ Fri, 10 Nov 2023 14:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=700287

Приватните превозници ќе чекаат до вторник да бидат одобрени средства на седница на Град Скопје за да им бидат исплатени заостанатите средства.

Од одлуката во вторник ќе зависи дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат.

Според информации на Телма им било ветено дека советниците ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници.

Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги опслужуваат граѓаните откако се договорија со Арсовска да им ги исплати средствата кои ЈСП им ги должел претходните години и им вети дека ќе им даде субвенции со кои ќе треба да го обноват возниот парк. Тие субвенции до сега не ги добија.

 

The post Од вторник можно е да има нови блокади, приватните превозници уште не ги добиле ветените субвенции од Арсовска appeared first on Република.

]]>

Приватните превозници ќе чекаат до вторник да бидат одобрени средства на седница на Град Скопје за да им бидат исплатени заостанатите средства. Од одлуката во вторник ќе зависи дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат. Според информации на Телма им било ветено дека советниците ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници. Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги опслужуваат граѓаните откако се договорија со Арсовска да им ги исплати средствата кои ЈСП им ги должел претходните години и им вети дека ќе им даде субвенции со кои ќе треба да го обноват возниот парк. Тие субвенции до сега не ги добија.  

The post Од вторник можно е да има нови блокади, приватните превозници уште не ги добиле ветените субвенции од Арсовска appeared first on Република.

]]>
Центарот на Скопје утре блокиран, најавен синдикален протест во 9 часот https://republika.mk/zivot/servisi/tsentarot-na-skopje-utre-blokiran-najaven-sindikalen-protest-vo-9-chasot/ Wed, 27 Sep 2023 09:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=685584

Министерството за внатрешни работи информира дека утре со почеток во 09.00 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република  Македонија.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

-МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот, информира МВР.

The post Центарот на Скопје утре блокиран, најавен синдикален протест во 9 часот appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека утре со почеток во 09.00 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република  Македонија. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. -МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот, информира МВР.

The post Центарот на Скопје утре блокиран, најавен синдикален протест во 9 часот appeared first on Република.

]]>
Пензионери еден час го блокираат патот кон Куманово и автопатот Св.Николе-Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/penzioneri-eden-chas-go-blokiraat-patot-kon-kumanovo-i-avtopatot-sv-nikole-skopje/ Wed, 23 Aug 2023 11:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=674942

Светиниколските пензионери со земјоделска механизација го блокираа патот кој води кон клучката за автопатот Свети Николе-Скопје и Куманово.

Децидни се дека барањето им е линерано покачување на сите пензионери од 3.500 денари. Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека со блокирањето на патот сакаат да свртат внимание на надлежните институции.

- Пред се, Министерството за труд и социјална политика, Владата, Здружението на пензионери дека ова што сме го сите побарале да се покачи линерано пензијата на сите пензионери од 3.500 денари го изразуваме на ваков начин, бидејќи досега не наидовме на разбирање. Ние не сакаме 6 посто туку бараме 3.500 денари и во тоа нема да отстапиме, вели Стаменов.

Посочи дека со протестите продолжуваат секој ден пред Здружението на пезнионери, а наредната среда ќе го блокираат патот кој води кон клучката на автопатот Свети-Николе-Штип.

Прашан за најновата одлука на Владата да се формира работна група за донесување на пакет мерки за заштита на пензионерскиот стандар, Стаменов со став дека во работната група треба да има и пензионери кои секојдневно протестираат за линераното покачување на пензиите.

-Треба да влезат пред се од овие луѓе кои се пензионери и не може нивна група да се формира и на тој начин да се донесуваат одлуките. Тоа не е фер, вели Стаменов.

Миле Тралев наставник во пензија вели дека трошоците за живот секој ден вртоглаво скокаат, а со неговата пензија не може месецот да се истера до крај. Светиниколските пензионери денеска добија поддршка и од земјоделците и нивните здруженија.

The post Пензионери еден час го блокираат патот кон Куманово и автопатот Св.Николе-Скопје appeared first on Република.

]]>

Светиниколските пензионери со земјоделска механизација го блокираа патот кој води кон клучката за автопатот Свети Николе-Скопје и Куманово.

Децидни се дека барањето им е линерано покачување на сите пензионери од 3.500 денари. Трајче Стаменов пензионер од Свети Николе вели дека со блокирањето на патот сакаат да свртат внимание на надлежните институции. - Пред се, Министерството за труд и социјална политика, Владата, Здружението на пензионери дека ова што сме го сите побарале да се покачи линерано пензијата на сите пензионери од 3.500 денари го изразуваме на ваков начин, бидејќи досега не наидовме на разбирање. Ние не сакаме 6 посто туку бараме 3.500 денари и во тоа нема да отстапиме, вели Стаменов. Посочи дека со протестите продолжуваат секој ден пред Здружението на пезнионери, а наредната среда ќе го блокираат патот кој води кон клучката на автопатот Свети-Николе-Штип. Прашан за најновата одлука на Владата да се формира работна група за донесување на пакет мерки за заштита на пензионерскиот стандар, Стаменов со став дека во работната група треба да има и пензионери кои секојдневно протестираат за линераното покачување на пензиите. -Треба да влезат пред се од овие луѓе кои се пензионери и не може нивна група да се формира и на тој начин да се донесуваат одлуките. Тоа не е фер, вели Стаменов. Миле Тралев наставник во пензија вели дека трошоците за живот секој ден вртоглаво скокаат, а со неговата пензија не може месецот да се истера до крај. Светиниколските пензионери денеска добија поддршка и од земјоделците и нивните здруженија.

The post Пензионери еден час го блокираат патот кон Куманово и автопатот Св.Николе-Скопје appeared first on Република.

]]>
Од 13 часот блокада на железничкиот сообраќај, бојкот на машинскиот и извршниот персонал https://republika.mk/vesti/makedonija/od-13-chasot-blokada-na-zheleznichkiot-soobrakaj-bojkot-na-mashinskiot-i-izvrshniot-personal/ Mon, 31 Jul 2023 12:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=667278

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ „Транспорт“ денеска од 13 часот ќе стапи во бојкот, со целосно блокирање на железничкиот сообраќај низ земјава. Како што изјави за МИА претставникот на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи, Тони Димовски, бојкотот е поради неисплатен втор дел од платата за јуни, но и за покачување на коефициентите.

Бојкотот е и за почнување преговори или одговор за измена и дополнување на систематизацијата, зашто имаме сознанија дека се поделени 230 решенија со покачување на коефициенти на одредени работни места, истакна Димовски.

Според него, на 2 ноември 2021 година е донесена Одлука согласно која, ако до 25-ти во месецот не биде исплатена во целост платата за претходниот месец, на 26-ти машинскиот и извршниот персонал почнува со бојкот и блокада на железничкиот сообраќај.

Минатата недела имавме средба со генералниот директор на која ни беше кажано денеска во 10 часот да бидеме во канцелараијата кај него. Но, директорот денеска не беше дојден на работното место зашто бил на некаков состанок, дали во Влада или на друго место. Не прими неговиот советник кој не замоли да се стрпиме за плата до 4 август, петок. Ние неколку пати даваме шанса, еве и овој пат помина 26-ти. Им дадовме простор до крајот на месецот, но и до тогаш тие не можат во целост да ја исплатат платата за претходниот месец. Дополнително, и за првиот дел од платата, одбитоците за кредити кои некои колеги ги имаат земено, не се исплатени, објасни Димовски.

Тој потенцира дека железничкиот сообраќај ќе биде прекинат до исплаќање на вториот дел од платата и додека не се задоволат барањата на машинскиот и извршниот персонал доставени на 3 јули 2023 година.

Барањата се за покачување на коефициентите и за наредбата од генералниот директор која требаше да важи од 1 јуни. Во периодот со енормно високи температури, наместо да бидеме наградени, ние сме казнети со 10 отсто на квалитет, а ниту еден друг во фирмата не е казнет, дури некои се и наградени. Сите од администрација и од работилница од одржување работат до 13 часот, а некои и воопшто не доаѓаат на своите работни места, нагласи Димовски.

The post Од 13 часот блокада на железничкиот сообраќај, бојкот на машинскиот и извршниот персонал appeared first on Република.

]]>

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ „Транспорт“ денеска од 13 часот ќе стапи во бојкот, со целосно блокирање на железничкиот сообраќај низ земјава. Како што изјави за МИА претставникот на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи, Тони Димовски, бојкотот е поради неисплатен втор дел од платата за јуни, но и за покачување на коефициентите. Бојкотот е и за почнување преговори или одговор за измена и дополнување на систематизацијата, зашто имаме сознанија дека се поделени 230 решенија со покачување на коефициенти на одредени работни места, истакна Димовски. Според него, на 2 ноември 2021 година е донесена Одлука согласно која, ако до 25-ти во месецот не биде исплатена во целост платата за претходниот месец, на 26-ти машинскиот и извршниот персонал почнува со бојкот и блокада на железничкиот сообраќај.
Минатата недела имавме средба со генералниот директор на која ни беше кажано денеска во 10 часот да бидеме во канцелараијата кај него. Но, директорот денеска не беше дојден на работното место зашто бил на некаков состанок, дали во Влада или на друго место. Не прими неговиот советник кој не замоли да се стрпиме за плата до 4 август, петок. Ние неколку пати даваме шанса, еве и овој пат помина 26-ти. Им дадовме простор до крајот на месецот, но и до тогаш тие не можат во целост да ја исплатат платата за претходниот месец. Дополнително, и за првиот дел од платата, одбитоците за кредити кои некои колеги ги имаат земено, не се исплатени, објасни Димовски.
Тој потенцира дека железничкиот сообраќај ќе биде прекинат до исплаќање на вториот дел од платата и додека не се задоволат барањата на машинскиот и извршниот персонал доставени на 3 јули 2023 година.
Барањата се за покачување на коефициентите и за наредбата од генералниот директор која требаше да важи од 1 јуни. Во периодот со енормно високи температури, наместо да бидеме наградени, ние сме казнети со 10 отсто на квалитет, а ниту еден друг во фирмата не е казнет, дури некои се и наградени. Сите од администрација и од работилница од одржување работат до 13 часот, а некои и воопшто не доаѓаат на своите работни места, нагласи Димовски.

The post Од 13 часот блокада на железничкиот сообраќај, бојкот на машинскиот и извршниот персонал appeared first on Република.

]]>
Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара санација на Макарија на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш” https://republika.mk/vesti/ekonomija/blokiran-patot-gradsko-prilep-se-bara-sanatsija-na-makarija-na-hidromeliorativniot-sistem-tikvesh/ Sat, 03 Jun 2023 11:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=647382

Блокиран е регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци, поради протест на кој се бара итна санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш”. Блокадата ќе остане до 14 часот, а се пропуштаат само итни случаи.

Учесниците на протестот за МИА велат дека се револтирани поради проблемот со каналот за наводнување. Бараат итна санација и алтернативен начин за наводнување, додека се врши санацијата, затоа што, како што нагласуваат, загрозени им се земјоделските култури.

Најавуваат нови протести од понеделник, со зголемување на времетраењето на блокадите, додека не се надмине проблемот.

Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов во изјава за МИА вели дека треба да се причека до понеделник, затоа што интензивно се работи на техничкото решение за отстранување на дефектот.

Пред неколку дена, АД Водостопанство информираше дека на 27 мај е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради што привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.

Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба. Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство – Тиквеш. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија тогаш од АД Водостопанство.

 

The post Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара санација на Макарија на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш” appeared first on Република.

]]>

Блокиран е регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци, поради протест на кој се бара итна санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш”. Блокадата ќе остане до 14 часот, а се пропуштаат само итни случаи. Учесниците на протестот за МИА велат дека се револтирани поради проблемот со каналот за наводнување. Бараат итна санација и алтернативен начин за наводнување, додека се врши санацијата, затоа што, како што нагласуваат, загрозени им се земјоделските култури. Најавуваат нови протести од понеделник, со зголемување на времетраењето на блокадите, додека не се надмине проблемот. Градоначалникот на Росоман, Стојан Николов во изјава за МИА вели дека треба да се причека до понеделник, затоа што интензивно се работи на техничкото решение за отстранување на дефектот. Пред неколку дена, АД Водостопанство информираше дека на 27 мај е детектирано оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, поради што привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини.
Извршен е увид и во моментов интензивно се работи на изнаоѓање технички решенија за ургентна интервенција и санација во најбрз можен рок, а се со цел враќање на системот во првобитна состојба. Дополнителни информации, граѓаните од регионот можат да добијат во подружницата АД Водостопанство – Тиквеш. За сите понатамошни активности пак, поврзани со санацијата, јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија тогаш од АД Водостопанство.
 

The post Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара санација на Макарија на хидромелиоративниот систем ,,Тиквеш” appeared first on Република.

]]>
Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток https://republika.mk/vesti/skopje/zhitelite-na-avtokomanda-deneska-ke-go-blokiraat-bulevarot-aleksandar-makedonski-poradi-tajnoto-prefrluvane-na-naselbata-na-toplana-istok/ Tue, 07 Feb 2023 13:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=606032

Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото „железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ.

Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели.

Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните.

Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.

The post Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток appeared first on Република.

]]>

Жителите од скопска Автокоманда, денеска во 18 часот ќе го блокираат булеварот Александар Македонски во знак на протест против тајното префрлување на населбата од таканареченото „железарско парно“ на топловодната мрежа која се снабдува од Топланата Исток со која стопанисува државната компанија ЕСМ. Деноноќното парно кое граѓаните од овој дел на градот го плаќаа 37 отсто поскапо од останатите корисници, од 1 февруари е заменето со млаки радијатори, температура во становите далеку под 20 степени, безброј реакции, објави и коментари на социјалните мрежи, залудни поплаки до надлежните и игнорирање на нивните апели. Своето присутво на денешниот протест го потврдија пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, претседателката на Советот на Оштина Гази Баба, Дијана Илиевска, советниците во општинскиот совет, Александар Каровски и Филип Атанасов, а се очекува на блокадата да дојде и градоначалникот Бобан Стефковски кој го поддржа и првиот собир на граѓаните. Иако покана е упатена и до претседателот Стево Пендаровски како жител на Автокоманда до неговиот избор во 2019 година, засега нема најава дали ќе излезе на барикадите заеедно со своите поранешни соседи.

The post Жителите на Автокоманда денеска ќе го блокираат булеварот „Александар Македонски“ поради тајното префрлување на населбата на Топлана Исток appeared first on Република.

]]>
Се преместуваат автобусите: Приватните превозници ќе блокираат од Фонтана на „Илинденска“ до крстосницата до ГОБ „8 Септември“ https://republika.mk/vesti/skopje/se-premestuvaat-avtobusite-privatnite-prevoznici-kje-blokiraat-od-fontana-na-ilindenska-do-krstosnicata-do-gob-8-septemvri/ Fri, 09 Dec 2022 10:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=583626

Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 Септември“.

Муриќ исто така изјави дека приватните превозници денеска после 13 часот ќе бараат прием во Владата со премиерот Димитар Ковачевски.

Превозниците завчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот.

Во саботата Муриќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. И тогаш најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.

 

The post Се преместуваат автобусите: Приватните превозници ќе блокираат од Фонтана на „Илинденска“ до крстосницата до ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>

Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 Септември“. Муриќ исто така изјави дека приватните превозници денеска после 13 часот ќе бараат прием во Владата со премиерот Димитар Ковачевски. Превозниците завчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот. Во саботата Муриќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. И тогаш најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.  

The post Се преместуваат автобусите: Приватните превозници ќе блокираат од Фонтана на „Илинденска“ до крстосницата до ГОБ „8 Септември“ appeared first on Република.

]]>
„Макекспрес превоз“: Не знаеме до кога ќе траат протестите, ни дали ќе се прошират на други улици https://republika.mk/vesti/skopje/makekspres-prevoz-ne-znaeme-do-koga-kje-traat-protestite-ni-dali-kje-se-proshirat-na-drugi-ulici/ Wed, 07 Dec 2022 17:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=583103

Од „Макекспрес превоз“ велат дека не се организатори и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени.

Јавно, преку вас медиумите, апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени, бидејќи ние како „Макекспрес превоз“ постоиме од осамостојувањето на државата и досега, без разлика на нашите лични политички убедувања, не сме давале јавна политичка поддршка, ниту сме фаворизирале политички партии, се вели во писменото соопштение на директорот на „Макекспрес превоз“, Милорад Димитријевски.

Тој во соопштението истакнува дека претпријатието останува да биде силна поддршка на превозниците кои им ја дале довербата да го штитат нивниот интерес, и додава дека тоа го прават преку поднесување тужби до надлежните институции и користење на сите законски алатки со цел долгот да не се забошоти и парите за извршената работа да бидат наплатени.

„Макекспрес превоз“ не е организатор на протестите. На улиците со своите возила се приватните превозници кои бараат средба со градоначалничката Данела Арсовска и исплата на заостанатиот долг. Раководството на „Макекспрес превоз“ не знае до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира, вели Димитријевски.

Тој во име на превозниците им се извинува на граѓаните за настанатиот метеж по улиците и ја повикува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да седне на преговарачка маса за наоѓање на соодветно решение за проблемот.

Сметам дека бегањето од соочување не смее да биде опција, затоа што му штети на јавниот интерес, на кој таа често се повикува. Превозниците имаат право да знаат зошто долгот не им се исплаќа, а граѓаните очекуваат одговор зошто улиците им се блокирани, се наведува во соопштението.

The post „Макекспрес превоз“: Не знаеме до кога ќе траат протестите, ни дали ќе се прошират на други улици appeared first on Република.

]]>

Од „Макекспрес превоз“ велат дека не се организатори и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени.
Јавно, преку вас медиумите, апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени, бидејќи ние како „Макекспрес превоз“ постоиме од осамостојувањето на државата и досега, без разлика на нашите лични политички убедувања, не сме давале јавна политичка поддршка, ниту сме фаворизирале политички партии, се вели во писменото соопштение на директорот на „Макекспрес превоз“, Милорад Димитријевски.
Тој во соопштението истакнува дека претпријатието останува да биде силна поддршка на превозниците кои им ја дале довербата да го штитат нивниот интерес, и додава дека тоа го прават преку поднесување тужби до надлежните институции и користење на сите законски алатки со цел долгот да не се забошоти и парите за извршената работа да бидат наплатени.
„Макекспрес превоз“ не е организатор на протестите. На улиците со своите возила се приватните превозници кои бараат средба со градоначалничката Данела Арсовска и исплата на заостанатиот долг. Раководството на „Макекспрес превоз“ не знае до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира, вели Димитријевски.
Тој во име на превозниците им се извинува на граѓаните за настанатиот метеж по улиците и ја повикува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да седне на преговарачка маса за наоѓање на соодветно решение за проблемот.
Сметам дека бегањето од соочување не смее да биде опција, затоа што му штети на јавниот интерес, на кој таа често се повикува. Превозниците имаат право да знаат зошто долгот не им се исплаќа, а граѓаните очекуваат одговор зошто улиците им се блокирани, се наведува во соопштението.

The post „Макекспрес превоз“: Не знаеме до кога ќе траат протестите, ни дали ќе се прошират на други улици appeared first on Република.

]]>
Васко Кичевски да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела https://republika.mk/vesti/skopje/vasko-kichevski-da-odgovori-za-biznis-interesite-na-koalicijata-tachela/ Wed, 07 Dec 2022 17:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=583091

Господинот Васко Кичевски денес требаше да има прес конференција и да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела - Ковачевски - Данела Арсовска, велат ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на градската огранизација на СДСМ – Скопје.

Наспроти тоа тој имаше низа клевети кои беа насочени кон претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Како поранешно инволвиран во паркинзи на Општина Центар имаме само да му порачаме на Васко Кичевски дека веднаш по промената на власта ќе има ревизија на пораките за паркинг и кривична одговорност за малверзациите направени со тој систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска Кичевски на прес-конференција рече дека „хаосот во Скопје и блокадата што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски“.

Од едната страна на блокадата е партнерот на Мицкоски – Ленин а од другата неговата градоначалничка Арсовска. Заради бизнис интереси и кавги за тендери со денови трае изживување врз скопјани. Градот е заглавен како 11 години Македонија што беше заглавена, рече тој.

The post Васко Кичевски да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела appeared first on Република.

]]>

Господинот Васко Кичевски денес требаше да има прес конференција и да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела - Ковачевски - Данела Арсовска, велат ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на градската огранизација на СДСМ – Скопје.

Наспроти тоа тој имаше низа клевети кои беа насочени кон претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Како поранешно инволвиран во паркинзи на Општина Центар имаме само да му порачаме на Васко Кичевски дека веднаш по промената на власта ќе има ревизија на пораките за паркинг и кривична одговорност за малверзациите направени со тој систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска Кичевски на прес-конференција рече дека „хаосот во Скопје и блокадата што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски“.
Од едната страна на блокадата е партнерот на Мицкоски – Ленин а од другата неговата градоначалничка Арсовска. Заради бизнис интереси и кавги за тендери со денови трае изживување врз скопјани. Градот е заглавен како 11 години Македонија што беше заглавена, рече тој.

The post Васко Кичевски да одговори за бизнис интересите на коалицијата Тачела appeared first on Република.

]]>