благојче илиевски Archives - Република https://republika.mk/tema/blagojche-ilievski/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 07:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благојче илиевски Archives - Република https://republika.mk/tema/blagojche-ilievski/ 32 32 Јас сум виновен што заедно со обезбедувањето ја кревавме боцата со кислород по скали и верував дека со дијалог ќе најдеме лек https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-sum-vinoven-shto-zaedno-so-obezbeduvaneto-ja-krevavme-botsata-so-kislorod-po-skali-i-veruvav-deka-so-dijalog-ke-najdeme-lek/ Fri, 10 Feb 2023 07:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=607179

Кој е виновен за смртта на Благојче?
Зарем сега е важно?!? Кому му е важно? На системот, на пациентите, на неговите најблиски?
На сопругата и неговата ќеркичка? На неговите родители? На пациентите на кои им беше мотив за живот?
Ако треба да се бара виновник, "системот" треба да го најде. Не ние. Но, доколку "системот" функционираше сиве овие години, немаше штетата да биде од ваков размер.

ЈАС СУМ ВИНОВЕН.
Јас, кој заедно со Благојче бев да барам помош од Претседателот. Јас, кој заедно со обезбедувањето ја кревавме боцата со кислород по скали. Јас, кој во согласност со природата на моето воспитување и интелект, верував дека на мирен начин и со дијалог може да дојдеме до лек.

НАРОДОТ Е ВИНОВЕН
Народот, кој за жал притиснат до ѕид, од егзистенцијални причини е слеп послушник на минлива политика. Народот, кој со својот индолентен однос кон туѓата мака премолчува неправда.

ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ ВИНОВНИ
Политичарите, кои не ја сфатија својата улога во системот. Политичарите, кои наместо слуги на народот, станаа господари на времето во кое живееме. Политичарите, кои молат пред избори за да бидат молени после избори. Политичарите, кои наместо да одвојат пари за лек, одвоија пари за стиропорни фасади, наместо пари за жалните пациенти, одвоија пари за жални врби, наместо пари за соодветни болнички услови, одвоија пари за тренирање магариња и рецепти за пица.....

Нека почива во мир. Благојче е жртва на "системот".
"Системот" сме ЈАС и ТИ

Богдан Настески Герман

The post Јас сум виновен што заедно со обезбедувањето ја кревавме боцата со кислород по скали и верував дека со дијалог ќе најдеме лек appeared first on Република.

]]>

Кој е виновен за смртта на Благојче? Зарем сега е важно?!? Кому му е важно? На системот, на пациентите, на неговите најблиски? На сопругата и неговата ќеркичка? На неговите родители? На пациентите на кои им беше мотив за живот? Ако треба да се бара виновник, "системот" треба да го најде. Не ние. Но, доколку "системот" функционираше сиве овие години, немаше штетата да биде од ваков размер. ЈАС СУМ ВИНОВЕН. Јас, кој заедно со Благојче бев да барам помош од Претседателот. Јас, кој заедно со обезбедувањето ја кревавме боцата со кислород по скали. Јас, кој во согласност со природата на моето воспитување и интелект, верував дека на мирен начин и со дијалог може да дојдеме до лек. НАРОДОТ Е ВИНОВЕН Народот, кој за жал притиснат до ѕид, од егзистенцијални причини е слеп послушник на минлива политика. Народот, кој со својот индолентен однос кон туѓата мака премолчува неправда. ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ ВИНОВНИ Политичарите, кои не ја сфатија својата улога во системот. Политичарите, кои наместо слуги на народот, станаа господари на времето во кое живееме. Политичарите, кои молат пред избори за да бидат молени после избори. Политичарите, кои наместо да одвојат пари за лек, одвоија пари за стиропорни фасади, наместо пари за жалните пациенти, одвоија пари за жални врби, наместо пари за соодветни болнички услови, одвоија пари за тренирање магариња и рецепти за пица..... Нека почива во мир. Благојче е жртва на "системот". "Системот" сме ЈАС и ТИ Богдан Настески Герман

The post Јас сум виновен што заедно со обезбедувањето ја кревавме боцата со кислород по скали и верував дека со дијалог ќе најдеме лек appeared first on Република.

]]>
Андовска: Никој не смее да умре за да ви текне дека лекот за болните е приоритет https://republika.mk/vesti/makedonija/andovska-nikoj-ne-smee-da-umre-za-da-vi-tekne-deka-lekot-za-bolnite-e-prioritet/ Fri, 10 Feb 2023 07:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=607159

Жестока реакција деканката на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска за неодговорноста на институциите која кулминира со прерано згаснатиот живот на Благојче од Битола.

Никој не треба и НЕ СМЕЕ да умре за да ви текне дека лекот за болните е приоритет. Одроди, изроди… Нека му е светол патот и споменот на прерано починатиот Благојче (да, вие од Владата сте виновни за неговата смрт, директно). Неговата смрт стана спас за болните од цистична фиброза. Повторно демаскирање на селективните ‘борци за човекови права’, кои си молчат оти удобно се ухлебени – за тоа им била ‘борбата’, се потврдува по не знам кој пат. Одроди, изроди…“, коментира Андовска на Фејсбук.

The post Андовска: Никој не смее да умре за да ви текне дека лекот за болните е приоритет appeared first on Република.

]]>

Жестока реакција деканката на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска за неодговорноста на институциите која кулминира со прерано згаснатиот живот на Благојче од Битола.
Никој не треба и НЕ СМЕЕ да умре за да ви текне дека лекот за болните е приоритет. Одроди, изроди… Нека му е светол патот и споменот на прерано починатиот Благојче (да, вие од Владата сте виновни за неговата смрт, директно). Неговата смрт стана спас за болните од цистична фиброза. Повторно демаскирање на селективните ‘борци за човекови права’, кои си молчат оти удобно се ухлебени – за тоа им била ‘борбата’, се потврдува по не знам кој пат. Одроди, изроди…“, коментира Андовска на Фејсбук.

The post Андовска: Никој не смее да умре за да ви текне дека лекот за болните е приоритет appeared first on Република.

]]>
Апасиев за Пендаровски: Вошка https://republika.mk/vesti/makedonija/apasiev-za-pendarovski-voshka/ Fri, 10 Feb 2023 07:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=607154

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев повторно го нарече претседателот Стево Пендаровски - вошка, откако тој изјави дека не е надлежен за набавката на лекот за цистична фиброза.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-po-smrtta-na-blagojche-jas-ne-sum-nadlezhen-za-nabavka-na-lekot-tuku-mz-i-fzo/

Пред три години токму Благојче Илиевски, како претставник на лицата со цистична фиброза, го посети претседателот и од него доби ветување дека ќе се направи сè за лекот „трифакта“ да биде достапен за пациентите во Македонија.

The post Апасиев за Пендаровски: Вошка appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев повторно го нарече претседателот Стево Пендаровски - вошка, откако тој изјави дека не е надлежен за набавката на лекот за цистична фиброза. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-po-smrtta-na-blagojche-jas-ne-sum-nadlezhen-za-nabavka-na-lekot-tuku-mz-i-fzo/ Пред три години токму Благојче Илиевски, како претставник на лицата со цистична фиброза, го посети претседателот и од него доби ветување дека ќе се направи сè за лекот „трифакта“ да биде достапен за пациентите во Македонија.

The post Апасиев за Пендаровски: Вошка appeared first on Република.

]]>
Ковачевски чекаше да изгубиме живот за да глуми дека се грижи за болните од цистична фиброза? https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-chekashe-da-izgubime-zhivot-za-da-glumi-deka-se-grizhi-za-bolnite-od-tsistichna-fibroza/ Thu, 09 Feb 2023 14:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=606919

Денес граѓаните беа сведоци на лицемерието на Димитар Ковачевски. Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја сокрие неговата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговите наводни грижи за проблемите, реагира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, коментирајќи ја изјавата на премиерот дека не се направило доволно за да се спаси животот на Благојче Илиевски, кој почина чекајќи го ветениот лек.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mozhevme-da-go-spasime-blagojche-sali-neka-razmisli-dali-mozhe-da-go-prodolzhi-mandatot/

Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот.

Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза.

Главното прашање е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеци откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест, со барања за помош при набавката на потребниот лек кои за нив живот значи.

Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви неговата оставка, и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност, вели Митева.

https://youtube.com/watch?v=3AWnq5zz26k&feature=shares

The post Ковачевски чекаше да изгубиме живот за да глуми дека се грижи за болните од цистична фиброза? appeared first on Република.

]]>

Денес граѓаните беа сведоци на лицемерието на Димитар Ковачевски. Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја сокрие неговата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговите наводни грижи за проблемите, реагира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, коментирајќи ја изјавата на премиерот дека не се направило доволно за да се спаси животот на Благојче Илиевски, кој почина чекајќи го ветениот лек. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mozhevme-da-go-spasime-blagojche-sali-neka-razmisli-dali-mozhe-da-go-prodolzhi-mandatot/
Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот. Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза. Главното прашање е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеци откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест, со барања за помош при набавката на потребниот лек кои за нив живот значи. Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви неговата оставка, и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност, вели Митева.
https://youtube.com/watch?v=3AWnq5zz26k&feature=shares

The post Ковачевски чекаше да изгубиме живот за да глуми дека се грижи за болните од цистична фиброза? appeared first on Република.

]]>