благодарници Archives - Република https://republika.mk/tema/blagodarnici/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 13:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благодарници Archives - Република https://republika.mk/tema/blagodarnici/ 32 32 Премиерот Ковачевски му додели благодарници на тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-kovachevski-dodeli-blagodarnitsi-na-timot-shto-ja-napravi-prvata-transplantatsija-na-tsrn-drob/ Thu, 02 Mar 2023 12:01:54 +0000 https://republika.mk/?p=615062

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Владата, се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб во ноември 2022 година.

За овој историски подвиг во македонското здравство, соопштија денеска од владината прес-служба, премиерот им доделил благодарница на сите кои учествуваа во овој сложен зафат. На овој свечен настан присуствувал и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Ковачевски изразил неизмерна благодарност до семејствата кои во најтешките мигови од животот, одлучуваат да ги донираат органите на нивен близок починат.

Благородни се тие луѓе, семејства, кога во моменти на најтешка болка и страдање со својата одлука ја враќаат единствената надеж кај друго семејство, кај друг човек, кај пациент. Во период од три години, почнувајќи од 2020 година до јануари годинава, 18 семејства дадоа согласност од нивните блиски да се подарат и трансплантираат органи и подарија живот на десетици пациенти. Ви благодариме!, рекол премиерот.

Ковачевски на тимот лекари и медицинскиот персонал им честитал за успешната трансплантација на срце, со што Клиниката за дигестивна хирургија и останатите Клиники и Институти кои беа вклучени во трансплантацијата направи огромен придонес за нашиот здравствен систем.

Изминативе три години како држава, како здравствен систем, покажавме дека може да се приближиме кон светските и европските трансплантациски системи. Во период од три години во земјава се донирани 61 органи, беа трансплантирани осум срца, 32 бубрега, кај 19 пациенти беа трансплантирани коскени ткива, а двајца пациенти добија црн дроб. Почитувани лекари, анестезиолози, хирурзи, нефролози, неврохирурзи, кардиолози,кардиохирурзи, уролози, ортопеди, трансфузиолози, медицински техничари, негователи, сето ова немаше да се реализира без вашето знаење, искуство и експертиза, нагласил претседателот на Влада, се наведува во соопштението.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија и координатор за трансплантацијата на оваа клиника, проф. д-р Зоран Караџов истакнал дека со реализацијата на овој проект нашата држава стана дел од групата земји кај кои се изведува оваа процедура која претставува една од најсофистицираните во областа на трансплантологијата.

Овој проект го реализиравме сами, без помош од надвор. Покажавме дека можеме, знаеме и умееме. Со голем ентузијазам, голем труд и пожртвувваност на сите оние кои беа вклучени во овој процес. Резултатот е дека во еден кратко период на клиниката за дигестивна хирургија се изведени две успешни трансплантации на црн дроб кај возрасни лица, рекол д-р Караџов.

Благодарност за заложбите на Владата и за поддршката изрази и проф. д-р Светозар Антовиќ од Клиниката за дигестивна хирургија.

Ова денешно признание кое ни го оддава премиерот е многу важно за сите нас, тоа ни влева надеж дека и Владата и премиерот разбираат точно колку голем, огромен успех сме направиле и дека ќе ни бидат достапни за да изградиме систем кој ни е навистина потребен. Многу ми е мило за ова признание не само од личен туку и од професионален аспект и верувам дека така го доживуваат сите на овој тим, истакнал д-р Антовиќ.

На средбата присуствувал и Драган Белески, пациентот на кого му беше транспортиран црн дроб.

Сакам да упатам голема благодарност до луѓето на кои им го должам мојот живот. Благодарение на нивната одлука јас сум денеска овде со вас. Со зборови не може да се објасни колку е голема радоста на болен човек кога ќе му се подари живот и кога некој кој ниту го знае ниту го познава ќе го стори тоа. Сакам да се заблагодарам на сите лекари и медицински персонал кои низ годините се грижеа за мене, бидејќи јас бев нивни долгогодишен пациент и посебна благодарност да упатам до докторите и целиот тим кој ми го трансплантирше црниот дроб. Благодарам што ми подаривте живот, истакнал Белески, стои во соопштението од владината прес-служба.

The post Премиерот Ковачевски му додели благодарници на тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Владата, се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб во ноември 2022 година. За овој историски подвиг во македонското здравство, соопштија денеска од владината прес-служба, премиерот им доделил благодарница на сите кои учествуваа во овој сложен зафат. На овој свечен настан присуствувал и министерот за здравство Фатмир Меџити. Ковачевски изразил неизмерна благодарност до семејствата кои во најтешките мигови од животот, одлучуваат да ги донираат органите на нивен близок починат.
Благородни се тие луѓе, семејства, кога во моменти на најтешка болка и страдање со својата одлука ја враќаат единствената надеж кај друго семејство, кај друг човек, кај пациент. Во период од три години, почнувајќи од 2020 година до јануари годинава, 18 семејства дадоа согласност од нивните блиски да се подарат и трансплантираат органи и подарија живот на десетици пациенти. Ви благодариме!, рекол премиерот.
Ковачевски на тимот лекари и медицинскиот персонал им честитал за успешната трансплантација на срце, со што Клиниката за дигестивна хирургија и останатите Клиники и Институти кои беа вклучени во трансплантацијата направи огромен придонес за нашиот здравствен систем.
Изминативе три години како држава, како здравствен систем, покажавме дека може да се приближиме кон светските и европските трансплантациски системи. Во период од три години во земјава се донирани 61 органи, беа трансплантирани осум срца, 32 бубрега, кај 19 пациенти беа трансплантирани коскени ткива, а двајца пациенти добија црн дроб. Почитувани лекари, анестезиолози, хирурзи, нефролози, неврохирурзи, кардиолози,кардиохирурзи, уролози, ортопеди, трансфузиолози, медицински техничари, негователи, сето ова немаше да се реализира без вашето знаење, искуство и експертиза, нагласил претседателот на Влада, се наведува во соопштението.
Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија и координатор за трансплантацијата на оваа клиника, проф. д-р Зоран Караџов истакнал дека со реализацијата на овој проект нашата држава стана дел од групата земји кај кои се изведува оваа процедура која претставува една од најсофистицираните во областа на трансплантологијата.
Овој проект го реализиравме сами, без помош од надвор. Покажавме дека можеме, знаеме и умееме. Со голем ентузијазам, голем труд и пожртвувваност на сите оние кои беа вклучени во овој процес. Резултатот е дека во еден кратко период на клиниката за дигестивна хирургија се изведени две успешни трансплантации на црн дроб кај возрасни лица, рекол д-р Караџов.
Благодарност за заложбите на Владата и за поддршката изрази и проф. д-р Светозар Антовиќ од Клиниката за дигестивна хирургија.
Ова денешно признание кое ни го оддава премиерот е многу важно за сите нас, тоа ни влева надеж дека и Владата и премиерот разбираат точно колку голем, огромен успех сме направиле и дека ќе ни бидат достапни за да изградиме систем кој ни е навистина потребен. Многу ми е мило за ова признание не само од личен туку и од професионален аспект и верувам дека така го доживуваат сите на овој тим, истакнал д-р Антовиќ.
На средбата присуствувал и Драган Белески, пациентот на кого му беше транспортиран црн дроб.
Сакам да упатам голема благодарност до луѓето на кои им го должам мојот живот. Благодарение на нивната одлука јас сум денеска овде со вас. Со зборови не може да се објасни колку е голема радоста на болен човек кога ќе му се подари живот и кога некој кој ниту го знае ниту го познава ќе го стори тоа. Сакам да се заблагодарам на сите лекари и медицински персонал кои низ годините се грижеа за мене, бидејќи јас бев нивни долгогодишен пациент и посебна благодарност да упатам до докторите и целиот тим кој ми го трансплантирше црниот дроб. Благодарам што ми подаривте живот, истакнал Белески, стои во соопштението од владината прес-служба.

The post Премиерот Ковачевски му додели благодарници на тимот што ја направи првата трансплантација на црн дроб appeared first on Република.

]]>
Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/ljubomir-grupchev-od-vozrasnite-i-stefan-trajchevski-od-decata-se-proglaseni-za-chitateli-na-godinata-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-ohrid/ Tue, 26 Apr 2022 13:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=493840

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ги прогласи најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.

  • Читател на годината – возрасни:
  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева - (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан - ( 128 прочитани книги)
  • Читател на годината-деца:

1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)

  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)
  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)

Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:

  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” - Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева

Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:

  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер

Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение:

1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова

2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски

3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески

4.”Збунети години” – Велко Неделковски

5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски

Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение:

  1. “Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт
  2. “Робинзон Крусо” – Даниел Дефо
  3. “Хајди” – Јохана Шпири
  4. “Петар Пан” – Метју Џејмс Бари
  5. “Том Соер” – Марк Твен

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници им беа врачени во рамките на настанот, информираат од Библиотеката.

Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.

The post Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид appeared first on Република.

]]>

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ги прогласи најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.
  • Читател на годината – возрасни:
  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева - (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан - ( 128 прочитани книги)
  • Читател на годината-деца:
1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)
  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)
  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)
Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:
  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” - Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева
Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:
  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер
Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение: 1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова 2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски 3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески 4.”Збунети години” – Велко Неделковски 5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение:
  1. “Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт
  2. “Робинзон Крусо” – Даниел Дефо
  3. “Хајди” – Јохана Шпири
  4. “Петар Пан” – Метју Џејмс Бари
  5. “Том Соер” – Марк Твен
На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници им беа врачени во рамките на настанот, информираат од Библиотеката.
Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.

The post Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид appeared first on Република.

]]>
Сали им подари благодарници на матичните лекари, тие му ги вратија https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-im-podari-blagodarnici-na-matichnite-lekari-tie-mu-gi-vratija/ Thu, 07 Apr 2022 12:39:43 +0000 https://republika.mk/?p=484764

На Светскиот ден на здравјето, 7 Април, македонскиот министер за здравство Беким Сали им подари благодарници на матичните лекари, а тие во знак на револт му ги вратија.

Сали се симна на протестот кој денеска пред Министерството за здравство го огранизираа матичните лекари на кој присуствуваа над двеста здравствени работници – матични лекари, стоматолози, специјалисти, медицински сестри и лаборанти и во знак на внимание за нивната работа, посебно во време на пандемијата со ковид-19 им подари благодарници за нивната работа.

Матичните лекари и стоматолози бараат зголемување на капитациониот бод кој сега за лекарите е 63 денари да биде 90 денари, а на стоматолозите е 48 денари и се бара и тој соодветно да им се зголеми. Реагираат и дека Фондот за здравство им ги игнорира барањата веќе четири години. Апелираат дека само 13 педијатри работат во примарното здравство, а дека повеќе од 10 години нема стратегија за развој на здравството.

Договорено е работни групи од Министерството и здравството од идната недела да почнат да ги разгледуваат барањата и да ги решаваат проблемите.

The post Сали им подари благодарници на матичните лекари, тие му ги вратија appeared first on Република.

]]>

На Светскиот ден на здравјето, 7 Април, македонскиот министер за здравство Беким Сали им подари благодарници на матичните лекари, а тие во знак на револт му ги вратија. Сали се симна на протестот кој денеска пред Министерството за здравство го огранизираа матичните лекари на кој присуствуваа над двеста здравствени работници – матични лекари, стоматолози, специјалисти, медицински сестри и лаборанти и во знак на внимание за нивната работа, посебно во време на пандемијата со ковид-19 им подари благодарници за нивната работа. Матичните лекари и стоматолози бараат зголемување на капитациониот бод кој сега за лекарите е 63 денари да биде 90 денари, а на стоматолозите е 48 денари и се бара и тој соодветно да им се зголеми. Реагираат и дека Фондот за здравство им ги игнорира барањата веќе четири години. Апелираат дека само 13 педијатри работат во примарното здравство, а дека повеќе од 10 години нема стратегија за развој на здравството. Договорено е работни групи од Министерството и здравството од идната недела да почнат да ги разгледуваат барањата и да ги решаваат проблемите.  