На Светскиот ден на здравјето, 7 Април, македонскиот министер за здравство Беким Сали им подари благодарници на матичните лекари, а тие во знак на револт му ги вратија.

Сали се симна на протестот кој денеска пред Министерството за здравство го огранизираа матичните лекари на кој присуствуваа над двеста здравствени работници – матични лекари, стоматолози, специјалисти, медицински сестри и лаборанти и во знак на внимание за нивната работа, посебно во време на пандемијата со ковид-19 им подари благодарници за нивната работа.

Матичните лекари и стоматолози бараат зголемување на капитациониот бод кој сега за лекарите е 63 денари да биде 90 денари, а на стоматолозите е 48 денари и се бара и тој соодветно да им се зголеми. Реагираат и дека Фондот за здравство им ги игнорира барањата веќе четири години. Апелираат дека само 13 педијатри работат во примарното здравство, а дека повеќе од 10 години нема стратегија за развој на здравството.

Договорено е работни групи од Министерството и здравството од идната недела да почнат да ги разгледуваат барањата и да ги решаваат проблемите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.