Бистра вода Archives - Република https://republika.mk/tema/bistra-voda/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 13:56:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бистра вода Archives - Република https://republika.mk/tema/bistra-voda/ 32 32 Промовирана „Кинемое“ – новата платформа за македонска продукција https://republika.mk/scena/film/promovirana-kinemoe-novata-platforma-za-makedonska-produktsija/ Thu, 02 Mar 2023 13:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=615141

Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“... Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, изјави Јани Бојаџи, продуцент, сценарист и режисер на македонската серија „Бистра вода“, која премиерно ќе биде прикажана на 5 март на ТВ Алфа.

Денеска на прес-конференција во Скопје беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“.

Бојаџи рече дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности.

Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста.

Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера.

Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови, додека прв асистент на режијата е Никола Поповски.

Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „Кинемое“.

The post Промовирана „Кинемое“ – новата платформа за македонска продукција appeared first on Република.

]]>

Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“... Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, изјави Јани Бојаџи, продуцент, сценарист и режисер на македонската серија „Бистра вода“, која премиерно ќе биде прикажана на 5 март на ТВ Алфа. Денеска на прес-конференција во Скопје беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“. Бојаџи рече дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности. Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста. Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера. Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови, додека прв асистент на режијата е Никола Поповски. Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „Кинемое“.

The post Промовирана „Кинемое“ – новата платформа за македонска продукција appeared first on Република.

]]>
Уште три дена до почетокот на „Бистра вода“ https://republika.mk/scena/film/ushte-tri-dena-do-pochetokot-na-bistra-voda/ Thu, 02 Mar 2023 13:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=615122

Првичните реакции за македонската серија „Бистра вода“ се позитивни и оние кои ја погледнале првата епизода, со нетрпение ги очекуваат останатите 17. Ова беше кажано на денешната прес-конференција во Скопје, на која беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“.

Продуцентот, сценарист и режисер Јани Бојаџи изјави дека би сакал во земјава да не се зборува само за политика и проблеми, тука за македонски серии, филмови и слично, нагласувајќи дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности.

- Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“... Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, истакна Бојаџи.

Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста.

Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера.

https://www.youtube.com/watch?v=rSkip77XOnY

Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови, додека прв асистент на режијата е Никола Поповски.

Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „КинемоеУ

The post Уште три дена до почетокот на „Бистра вода“ appeared first on Република.

]]>

Првичните реакции за македонската серија „Бистра вода“ се позитивни и оние кои ја погледнале првата епизода, со нетрпение ги очекуваат останатите 17. Ова беше кажано на денешната прес-конференција во Скопје, на која беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“.

Продуцентот, сценарист и режисер Јани Бојаџи изјави дека би сакал во земјава да не се зборува само за политика и проблеми, тука за македонски серии, филмови и слично, нагласувајќи дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности.

- Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“... Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, истакна Бојаџи.

Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста.

Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера.

https://www.youtube.com/watch?v=rSkip77XOnY

Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови, додека прв асистент на режијата е Никола Поповски.

Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „КинемоеУ

The post Уште три дена до почетокот на „Бистра вода“ appeared first on Република.

]]>
Николоски: „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош https://republika.mk/vesti/kultura/nikoloski-bistra-voda-entuzijastichki-proekt-bez-denar-drzhavna-pomosh/ Wed, 01 Mar 2023 21:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=614881

По вечерашната премиера на „Бистра вода“, потпретседатеот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски упати честитки до тимот кој работеше на првата македонска крими - драма.

Премиера на првата епизода од најновата и прва македонска крими-серија „Бистра вода“ . Честитки до целиот тим кој работеше на оваа прва македонска крими-драма. Честитки до Алфа Телевизија и режисерот Јани Бојаџи. Ова е ентузијастички проект без денар државна помош. Секоја чест!

The post Николоски: „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош appeared first on Република.

]]>

По вечерашната премиера на „Бистра вода“, потпретседатеот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски упати честитки до тимот кој работеше на првата македонска крими - драма.
Премиера на првата епизода од најновата и прва македонска крими-серија „Бистра вода“ . Честитки до целиот тим кој работеше на оваа прва македонска крими-драма. Честитки до Алфа Телевизија и режисерот Јани Бојаџи. Ова е ентузијастички проект без денар државна помош. Секоја чест!

The post Николоски: „Бистра вода“ – ентузијастички проект без денар државна помош appeared first on Република.

]]>
На 1 март во кино, на 5-ти на „Алфа“ – светска премиера на македонската серија „Бистра вода“ https://republika.mk/scena/film/na-1-mart-vo-kino-na-5-ti-na-alfa-svetska-premiera-na-makedonskata-serija-bistra-voda/ Tue, 28 Feb 2023 11:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=614219

Во среда, 1 март 2023, со почеток во 20 часот во киното „Синеплекс“ ќе се одржи светската премиера на првата епизода од најновата македонска серија „Бистра вода“. Премиерата на првата епизода е увертира во телевизиската премиера, која ќе биде оваа недела, на 5 март на ТВ „Алфа“, како и на промовирањето на првите 5 епизоди на платформата „Кинемое“.

Заинтересираните за посета на премиерното прикажување на првата епизода може да обезбедат место обраќајќи се на фејсбук-страницата на „Бистра вода“.

Сценарист и режисер на серијалот е Јани Бојаџи. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери од Македонија, меѓу кои Мони Дамевски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Мето Јовановски, Јана Вељановска, Ирена Илиевска, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски, Григор Јовановски и многу други.

The post На 1 март во кино, на 5-ти на „Алфа“ – светска премиера на македонската серија „Бистра вода“ appeared first on Република.

]]>

Во среда, 1 март 2023, со почеток во 20 часот во киното „Синеплекс“ ќе се одржи светската премиера на првата епизода од најновата македонска серија „Бистра вода“. Премиерата на првата епизода е увертира во телевизиската премиера, која ќе биде оваа недела, на 5 март на ТВ „Алфа“, како и на промовирањето на првите 5 епизоди на платформата „Кинемое“. Заинтересираните за посета на премиерното прикажување на првата епизода може да обезбедат место обраќајќи се на фејсбук-страницата на „Бистра вода“. Сценарист и режисер на серијалот е Јани Бојаџи. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери од Македонија, меѓу кои Мони Дамевски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Владо Јовановски, Маја Љутков, Мето Јовановски, Јана Вељановска, Ирена Илиевска, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски, Григор Јовановски и многу други.

The post На 1 март во кино, на 5-ти на „Алфа“ – светска премиера на македонската серија „Бистра вода“ appeared first on Република.

]]>
Светски производ од Македонија: Промовиран трејлерот за серијата „Бистра вода“ https://republika.mk/scena/film/svetski-proizvod-od-makedonija-promoviran-trejlerot-za-serijata-bistra-voda/ Sun, 08 Jan 2023 14:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=594621

Целосно македонска продукција, без никаква помош од државата -прва македонска крими-драма серија -инспирирана од вистински настани -наскоро ќе има премиера на Алфа ТВ -режисер и сценарист Јани Бојаџи.

Над 70 актери меѓу кои е речиси целиот крем на македонското актерство: Мони Дамевски, Деан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Маја Љутков, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Ирена Илиевска... -синоќа на Алфа ТВ беше светската промоција на трејлерот во специјалното издание на Вечерното шоу на Богдан Илиевски.

https://www.youtube.com/watch?v=NSiyn8t-4x0

The post Светски производ од Македонија: Промовиран трејлерот за серијата „Бистра вода“ appeared first on Република.

]]>

Целосно македонска продукција, без никаква помош од државата -прва македонска крими-драма серија -инспирирана од вистински настани -наскоро ќе има премиера на Алфа ТВ -режисер и сценарист Јани Бојаџи. Над 70 актери меѓу кои е речиси целиот крем на македонското актерство: Мони Дамевски, Деан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Маја Љутков, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Ирена Илиевска... -синоќа на Алфа ТВ беше светската промоција на трејлерот во специјалното издание на Вечерното шоу на Богдан Илиевски. https://www.youtube.com/watch?v=NSiyn8t-4x0

The post Светски производ од Македонија: Промовиран трејлерот за серијата „Бистра вода“ appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на „Бистра вода“ -новата серија од македонска продукција https://republika.mk/vesti/kultura/pochna-snimanjeto-na-bistra-voda-novata-serija-od-makedonska-produkcija/ Fri, 03 Jun 2022 07:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=510480

Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Горно Нерези вчера почна снимањето на новата серија од македонска продукција, насловена  „Бистра вода“.

Ова е првата серија по подолго време во Македонија во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма.

Приказната во серијата е современа, исклучително актуелна, разработувајќи многу сегменти од општествениот, политичкиот и културниот живот во Македонија последниве неколку декади, а ќе изобилува со карактери, односи и настани кои силно ја рефлектираат денешницата, блиското минато, а реферираат и на едно подалечно минато на македонскиот народ.
Всушност низ сериозно заплетканите односи на две семејства ќе ни се отплетуваат судбини на обични и луѓе од системот кои силно потсетуваат на ликови кои ги гледаме или општиме со нив секојдневно.

Проектот е започнат пред 12 години како идеја на Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Јани Бојаџи и Владимир Карпузовски, а е развиван и подготвуван последните неколку години.

Овој серијал е меморија и во чест на соработникот на серијата и содружник Љупчо Тодоровски Упа, кој не го дочека снимањето, а улогата кој тој првично требаше да ја игра сега ја има неговиот најблизок колега и пријател, македонскиот докажан актер и продуцент Симеон Мони Дамевски.

Инаку продуцент, сценарист и режисер е Јани Бојаџи, а актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од сите генерации меѓу кои и најпрославените и докажани Дејан Лилиќ кој се врати од Германија специјално за создавањето на оваа улога, потоа Јелена Жугиќ која по подолго време повторно ќе ја гледаме на малите екрани, Васил Зафирчев, Александар Микиќ, Роберт Вељановски, Зоран Љутков, Владо Јовановски, Снежана Коневска Руси, Мето Јовановски, Горан Стојановски, Маја Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Рубенс Муратовски, а од помладите Дамјан Цветановски, Ирена Илиевска, Ана Јовановска и многу други.

Актерската екипа брои повеќе од 100 актери. Серијата ќе се снима на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата.
Почетокот на емитувањето на серијата ќе биде во средината на септември оваа година на телевизија АЛФА.

За серијата, сценаристот, режисер и продуцент Јани Бојаџи ќе изјави:

Кога актерите и соработниците го прочитаа сценариото првата реакција им беше дека било многу актуелно и дека во целост ја изразува реалноста на Македонија денес, тука и сега. Јас не се радувам на тоа затоа што ова сценарио е напишано пред 12 години. Кога сум го пишувал тогаш, наводно, реалноста

била поинаква. Значи во една декада не се променило ништо во Македонија. Инаку да, се работи за трилер, драма, криминална трагедија која зборува за тоа како едно семејство во Македонија после четириесет и пет години разделби и омраза, на крајот ќе ги победи сите непријатели, ќе ги надмине своите недоразбирања ќе ги разоткрие старите семејни тајни и на крајот ќе се обедини и ќе живее среќно. Наспроти друго семејство кое после хаос и меѓусебни недоразбирања и нетрпеливости ќе се распадне и ќе заврши на дното.

Инаку, како е да се зафати човек со ваква работа? Посебно кога насекаде околу тебе е хаос и се растураат сите вредности? кога сите велат дека нас Македонците наспроти Србите, Бугарите и Албанците не не бидува за ништо и не можеме да направиме ниту една серија!? Па, ова е надвор од умот! Но и големо задоволство кога  сите тврдат дека во Македонија не може да се направи ништо добро, ти да ги обединиш најдобрите за да правиш уметност! Ова е толку неверојатно што нема никаква врска со умот, туку само си љубовта кон  професијата и кон творештвото кое ги собра најголемите актерски имиња во Македонија со иста цел ,да покажат дека и Македонците знаат, умеат и можат.

Инаку ова 100% Мејд ин Маседониа продукција која е финансирана и помогната од многу македонски компании, но и од Македонци од дијаспората кои разбираат дека ништо подобро не возвраќа од убавото и од уметноста, вели Јани Бојаџи, сценаристот, режисер и продуцент на серијата.

Сценарист и режисер: Јани Бојаџи

Асистент режисер: Никола Поповски

Директор на фотографија: Кристијан Караџовски

Композитор: Игор Василев

Тон снмател: Валентин Виденовиќ

Костимограф: Невенка Тодоровска

Сет дресер: Гоце Попов

Соработник на сценаријата: Александар Русјаков и Весна Куслеска

Драматург: Мона Паскалова

Извршен продуцент: Дејан Милошевски

Асоцијативен продуцент: Игор Соколовски

Асоцијативен продуцент: Владимир Карпузовски

 

Актери: Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Владо Јовановски, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојаноски, Александар Микиќ, Ана Јовановска, Маја Љутков, Григор Јовановски, Зоран Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Јана Вељановска, Александра Пешевска, Мето Јовановски, Благој Чоревски, Снежана Конеска Руси, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски и многу други.

 

 

 

 

The post Почна снимањето на „Бистра вода“ -новата серија од македонска продукција appeared first on Република.

]]>

Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Горно Нерези вчера почна снимањето на новата серија од македонска продукција, насловена  „Бистра вода“. Ова е првата серија по подолго време во Македонија во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма. Приказната во серијата е современа, исклучително актуелна, разработувајќи многу сегменти од општествениот, политичкиот и културниот живот во Македонија последниве неколку декади, а ќе изобилува со карактери, односи и настани кои силно ја рефлектираат денешницата, блиското минато, а реферираат и на едно подалечно минато на македонскиот народ. Всушност низ сериозно заплетканите односи на две семејства ќе ни се отплетуваат судбини на обични и луѓе од системот кои силно потсетуваат на ликови кои ги гледаме или општиме со нив секојдневно. Проектот е започнат пред 12 години како идеја на Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Јани Бојаџи и Владимир Карпузовски, а е развиван и подготвуван последните неколку години. Овој серијал е меморија и во чест на соработникот на серијата и содружник Љупчо Тодоровски Упа, кој не го дочека снимањето, а улогата кој тој првично требаше да ја игра сега ја има неговиот најблизок колега и пријател, македонскиот докажан актер и продуцент Симеон Мони Дамевски. Инаку продуцент, сценарист и режисер е Јани Бојаџи, а актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од сите генерации меѓу кои и најпрославените и докажани Дејан Лилиќ кој се врати од Германија специјално за создавањето на оваа улога, потоа Јелена Жугиќ која по подолго време повторно ќе ја гледаме на малите екрани, Васил Зафирчев, Александар Микиќ, Роберт Вељановски, Зоран Љутков, Владо Јовановски, Снежана Коневска Руси, Мето Јовановски, Горан Стојановски, Маја Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Рубенс Муратовски, а од помладите Дамјан Цветановски, Ирена Илиевска, Ана Јовановска и многу други. Актерската екипа брои повеќе од 100 актери. Серијата ќе се снима на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата. Почетокот на емитувањето на серијата ќе биде во средината на септември оваа година на телевизија АЛФА. За серијата, сценаристот, режисер и продуцент Јани Бојаџи ќе изјави:
Кога актерите и соработниците го прочитаа сценариото првата реакција им беше дека било многу актуелно и дека во целост ја изразува реалноста на Македонија денес, тука и сега. Јас не се радувам на тоа затоа што ова сценарио е напишано пред 12 години. Кога сум го пишувал тогаш, наводно, реалноста била поинаква. Значи во една декада не се променило ништо во Македонија. Инаку да, се работи за трилер, драма, криминална трагедија која зборува за тоа како едно семејство во Македонија после четириесет и пет години разделби и омраза, на крајот ќе ги победи сите непријатели, ќе ги надмине своите недоразбирања ќе ги разоткрие старите семејни тајни и на крајот ќе се обедини и ќе живее среќно. Наспроти друго семејство кое после хаос и меѓусебни недоразбирања и нетрпеливости ќе се распадне и ќе заврши на дното. Инаку, како е да се зафати човек со ваква работа? Посебно кога насекаде околу тебе е хаос и се растураат сите вредности? кога сите велат дека нас Македонците наспроти Србите, Бугарите и Албанците не не бидува за ништо и не можеме да направиме ниту една серија!? Па, ова е надвор од умот! Но и големо задоволство кога  сите тврдат дека во Македонија не може да се направи ништо добро, ти да ги обединиш најдобрите за да правиш уметност! Ова е толку неверојатно што нема никаква врска со умот, туку само си љубовта кон  професијата и кон творештвото кое ги собра најголемите актерски имиња во Македонија со иста цел ,да покажат дека и Македонците знаат, умеат и можат. Инаку ова 100% Мејд ин Маседониа продукција која е финансирана и помогната од многу македонски компании, но и од Македонци од дијаспората кои разбираат дека ништо подобро не возвраќа од убавото и од уметноста, вели Јани Бојаџи, сценаристот, режисер и продуцент на серијата.
Сценарист и режисер: Јани Бојаџи Асистент режисер: Никола Поповски Директор на фотографија: Кристијан Караџовски Композитор: Игор Василев Тон снмател: Валентин Виденовиќ Костимограф: Невенка Тодоровска Сет дресер: Гоце Попов Соработник на сценаријата: Александар Русјаков и Весна Куслеска Драматург: Мона Паскалова Извршен продуцент: Дејан Милошевски Асоцијативен продуцент: Игор Соколовски Асоцијативен продуцент: Владимир Карпузовски   Актери: Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Владо Јовановски, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојаноски, Александар Микиќ, Ана Јовановска, Маја Љутков, Григор Јовановски, Зоран Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Јана Вељановска, Александра Пешевска, Мето Јовановски, Благој Чоревски, Снежана Конеска Руси, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски и многу други.        

The post Почна снимањето на „Бистра вода“ -новата серија од македонска продукција appeared first on Република.

]]>