билјана ивановска Archives - Република https://republika.mk/tema/biljana-ivanovska/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 11:09:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png билјана ивановска Archives - Република https://republika.mk/tema/biljana-ivanovska/ 32 32 Ивановска: Сите административци би ги отпуштила од работа https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-site-administrativtsi-bi-gi-otpushtila-od-rabota/ Mon, 23 Sep 2024 11:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=818985

Поранешната антикорупционерка Билјана Иановска во интервју за емисијата „Програми 200“ во ТВ Алсат вели дека да била премиер сите административци би ги отпуштила од работа.

Да бев премиер, ја по автоматизам сите би ги отпуштила од работа. Администрацијата треба повторно да конкурира за истото работно место, и да дојдат странците да проценат дали се способни или не - рече Ивановска.

Ивановска рече и дека ја поддржува одлуката на Уставниот суд да отвори предмет за балансерот.

Исто така дека „балансерот“ е „погрешно толкување на Охридскиот договор“, а политизацијата е главната причина за вработувањата во администрацијата. Поранешната антикорупционарка е против и законот што треба да го замени балансерот, бидејќи според нејзе тој нема да донесе ништо ново.

The post Ивановска: Сите административци би ги отпуштила од работа appeared first on Република.

]]>

Поранешната антикорупционерка Билјана Иановска во интервју за емисијата „Програми 200“ во ТВ Алсат вели дека да била премиер сите административци би ги отпуштила од работа.
Да бев премиер, ја по автоматизам сите би ги отпуштила од работа. Администрацијата треба повторно да конкурира за истото работно место, и да дојдат странците да проценат дали се способни или не - рече Ивановска.
Ивановска рече и дека ја поддржува одлуката на Уставниот суд да отвори предмет за балансерот. Исто така дека „балансерот“ е „погрешно толкување на Охридскиот договор“, а политизацијата е главната причина за вработувањата во администрацијата. Поранешната антикорупционарка е против и законот што треба да го замени балансерот, бидејќи според нејзе тој нема да донесе ништо ново.

The post Ивановска: Сите административци би ги отпуштила од работа appeared first on Република.

]]>
Дебата: Секој да стави камче во мозаикот во борбата против корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/debata-sekoj-da-stavi-kamche-vo-mozaikot-vo-borbata-protiv-koruptsijata/ Sun, 15 Sep 2024 19:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=816602

Борбата против корупцијата треба да се врши секојдневно чекор по чекор и храбро, без страв, порачаа панелистите на вечерашната јавна дебата на тема „Корупција“ што се одржа во Битола, а чиј домаќин и организатор беше граѓанското здружение Про Локал.

Според поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, секој може да стави камче во мозаикот, секој може да даде свој придонес во борбата против корупцијата која може да се спречи ако се пристапи системски и со личен пример.

-За системски пристап, ние подготивме стратегија за борба против корупција, анализа на ризици и дојдовме до заклучок дека најголеми ризични фактори во државата се отуството на интегритет, силното политичко влијание кое е многу присутно, и секако неказнивоста, отуството на одговорност, а тоа е знак на каков степен на зрелост е општеството, затоа што ако некој е зрел тогаш има чувство на одговорност, а ако тоа отсуствува, тогаш имаме неодговорност, посочи Ивановска.

На јавната дебата во Битола, антикорупцискиот активист Герман Филков истакна дека годишно во земјава само од јавни набавки низ корупција дури 400 милиони евра завршуваат во приватни џебови.

-Сите се надеваме дека младите може да направат многу во борбата против корупцијата. Кога ќе ве забоде нешто во очи веднаш да се заинтересирате. Како ќе дознаете дека нешто не е нормално? Кога ќе забележите како некои се однесуваат со нашите, вашите пари. Нашите пресметки кои се објавени покажаа дека годишно во земјава само од јавни набавки дури 400 милиони евра завршуваат ви приватни џебови. Ова е податок за минатата година, а со нив можеа да се изградат 550 современи детски градинки, или 100 домови за стари лица, но и други објекти, нагласи Филков.

Панелистката Деница Чадиковска, уредник за комуникации во ИРЛ потврди дека во нивната редакција секојдневно  од граѓани добиват пријави за корупција затоа што како што рече таа е насекаде.

-Корупцијата не е нешто апстрактно, туку напротив тоа што дишеме загаден воздух, тоа што пиеме нечиста вода, тоа што скоро секогаш се чувствуваме понижени по посета во некоја институција, но корупција е тоа што некому сме дале доверба, а тој ги запоставува обврските, рече меѓудругото Чадиковска.

Јавната дебата ја модерираше новинарот Васко Маглешов, а присуствуваа млади од пелагонискиот регион, учесници во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ кој е поддржан од пелагониските општини и амбасадата на Холандија, информира Емилиа Героска, прв човек на Про Локал – Битола.

The post Дебата: Секој да стави камче во мозаикот во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Борбата против корупцијата треба да се врши секојдневно чекор по чекор и храбро, без страв, порачаа панелистите на вечерашната јавна дебата на тема „Корупција“ што се одржа во Битола, а чиј домаќин и организатор беше граѓанското здружение Про Локал. Според поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, секој може да стави камче во мозаикот, секој може да даде свој придонес во борбата против корупцијата која може да се спречи ако се пристапи системски и со личен пример.
-За системски пристап, ние подготивме стратегија за борба против корупција, анализа на ризици и дојдовме до заклучок дека најголеми ризични фактори во државата се отуството на интегритет, силното политичко влијание кое е многу присутно, и секако неказнивоста, отуството на одговорност, а тоа е знак на каков степен на зрелост е општеството, затоа што ако некој е зрел тогаш има чувство на одговорност, а ако тоа отсуствува, тогаш имаме неодговорност, посочи Ивановска.
На јавната дебата во Битола, антикорупцискиот активист Герман Филков истакна дека годишно во земјава само од јавни набавки низ корупција дури 400 милиони евра завршуваат во приватни џебови.
-Сите се надеваме дека младите може да направат многу во борбата против корупцијата. Кога ќе ве забоде нешто во очи веднаш да се заинтересирате. Како ќе дознаете дека нешто не е нормално? Кога ќе забележите како некои се однесуваат со нашите, вашите пари. Нашите пресметки кои се објавени покажаа дека годишно во земјава само од јавни набавки дури 400 милиони евра завршуваат ви приватни џебови. Ова е податок за минатата година, а со нив можеа да се изградат 550 современи детски градинки, или 100 домови за стари лица, но и други објекти, нагласи Филков.
Панелистката Деница Чадиковска, уредник за комуникации во ИРЛ потврди дека во нивната редакција секојдневно  од граѓани добиват пријави за корупција затоа што како што рече таа е насекаде.
-Корупцијата не е нешто апстрактно, туку напротив тоа што дишеме загаден воздух, тоа што пиеме нечиста вода, тоа што скоро секогаш се чувствуваме понижени по посета во некоја институција, но корупција е тоа што некому сме дале доверба, а тој ги запоставува обврските, рече меѓудругото Чадиковска.
Јавната дебата ја модерираше новинарот Васко Маглешов, а присуствуваа млади од пелагонискиот регион, учесници во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ кој е поддржан од пелагониските општини и амбасадата на Холандија, информира Емилиа Героска, прв човек на Про Локал – Битола.

The post Дебата: Секој да стави камче во мозаикот во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Реакција на Ивановска за „Дипломатските пасоши“: Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам https://republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-na-ivanovska-za-diplomatskite-pasoshi-iznenaduva-konstatatsijata-deka-odeneto-peshki-vozento-velosiped-ili-koristeneto-javen-prevoz-e-chist-populizam/ Sat, 20 Jul 2024 16:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=798781

Поранешната претседателка на Антикорупција Билјана Ивановска во име на сите членови на претходниот состав на ДКСК упати реакција на соопштението на ДКСК по повод „Дипломатските пасоши" и, како што напиша на фејсбук, обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на фунционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста.

Како поранешни членови, пишува Ивановска, немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите. Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската комисија и другите меѓународни организации и тела, посочува таа, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат.

- Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел. Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам.

По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина, објави Ивановска на нејзиниот фејзбук-профил.

The post Реакција на Ивановска за „Дипломатските пасоши“: Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на Антикорупција Билјана Ивановска во име на сите членови на претходниот состав на ДКСК упати реакција на соопштението на ДКСК по повод „Дипломатските пасоши" и, како што напиша на фејсбук, обврска на медиумите е да го следат работењето на институциите и на фунционерите и за тоа навремено и целосно да ја известуваат јавноста. Како поранешни членови, пишува Ивановска, немаме никакво влијание ниту врз работењето на Комисијата ниту врз работењето на медиумите. Извештаите за работењето на претходниот состав на ДЛСК, како и извештаите на Европската комисија и другите меѓународни организации и тела, посочува таа, го прикажуваат односно го оценуваат работењето на Комисијата во нашиот мандат.
- Тоа што немавме дипломатски пасоши и службени автомобили ниеднаш не не спречи навреме да стигнеме и активно да учествуваме на сите сесии од скринингот со ЕК во Брисел. Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам.
По кој основ или критериум оваа наша навика што ја практикуваме и пред и по мандатот е оценета како популизам. Ова е навреда за сите совесни функционери кои се однесуваат домаќински со народните пари и за сите совесни граѓани кои почитуваат европски вредности и се грижат за животната средина, објави Ивановска на нејзиниот фејзбук-профил.

The post Реакција на Ивановска за „Дипломатските пасоши“: Изненадува констатацијата дека одењето пешки, возењто велосипед или користењето јавен превоз е чист популизам appeared first on Република.

]]>
Владата ѝ наложи на Антикорупциска да вработи оџа https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nalozhi-na-antikoruptsiska-da-vraboti-odha/ Sun, 21 Jan 2024 16:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=735190

Одиме на Уставен бидејќи сметаме дека овој закон е неуставен бидејќи не обезбедува законитост, односно усогласеност со другите закони и од друга страна наметнува обврска да се прифатат луѓе од Министерството за политички систем за кои институциите и немаат потреба, рече во интервју за Телма претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска балансерот и вработувањето во администрацијата по етнички клуч.

Последната одлука на Владата, ни наметнува обврска да примиме тројца од тоа Министерство, од кои еден државен советник, кога тој успеал да изгради кариера за државен советник во Министерството за политички системи која ќе биде соодветна за Државната комисија дотолку повеќе што неговата стручна подготовка е Факултет за Исламска вероисповест, тоа е оџа. Што бара со таква стручна спрема, во нашата институција?, прашува претседателката на Антикорупциска.

Таа додава дека колку и да сакаат да ја менуваат систематизацијата на Комисијата, не може да предвидат работно место со таква стручна подготвеност.

Јас никогаш не ги делам луѓето по националност. За мене има луѓе кои си ги исполнуваат обврските и луѓе кои не ги исполнуваат, додава Ивановска додавајќи дека од претходно вработените четворица, еден си заминал, а тројцата се уште се дел од Комисијата и работат.

Според ДКСК во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.

The post Владата ѝ наложи на Антикорупциска да вработи оџа appeared first on Република.

ДКСК ќе објави список на институциии и функционери кои плаќале казна и пак не доставувале анкетни листови https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ke-objavi-spisok-na-institutsiii-i-funktsioneri-koi-plakale-kazna-i-pak-ne-dostavuvale-anketni-listovi/ Tue, 16 Jan 2024 20:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=733785

Претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска информира дека  функционира софтверот за електронско поднесување на анкетните листови и во таа насока апелираше до сите носители на јавни функции електронски да достават анкетен лист.

Ивановска вечерва на Топ Тема на Телма му порача на новиот состав на  ДКСК дека е најважно да продолжат со јакнење на капацитетите на институцијата, потоа да се довршат започнатите проекти, да профункционираат тренинг центарот и аналитичкиот центар, но, нагласи, потребно е да се направи и нова систематизација согласно надлежностите.

Таа меѓу другото истакна дека со 80 проценти од институциите ДКСК имала одлична соработка, но постоеле и такви институции, што не им доставувале документи и покрај нивните барања.

- Плаќале казна, прекршочен платен налог и повторно не доставува документи. За да не заборавиме некого градиме список и на последната седница на ДКСК ќе го објавиме на нашата веб страница. Ќе биде интересно за медиумите кои се тие институции, но и носители на функции кои платиле казна и повторно не доставиле анкетен лист или документи што сме ги барале, рече претседателката на ДКСК.

Таа информираше и дека ДКСК работи на втор дел за случајот „Трансмет“, односно како што појасни, како се располагало со опремата и што се случувало со неа. - На наредната седница ќе го затвориме и тој предмет, рече Ивановска.

На последната седница, како што најави, ќе се реферира меѓу другото за  случаите „Лотарија“  и „Бехтел и Енка“.

- Случајот „Бехтел и Енка“, како што знаете е насочен кон изборот на надзор.  За „Бехтел и Енка“ почнавме да реагираме уште на почетокот со донесувањето на Законот во Собранието, реагиравме, дадовме иницијатива до Уставниот суд што ни ја отфрли, постојано имавме свој став, а последното што се случи беше изборот на надзорот, на тоа се сконцентиравме и тоа ќе го обелодениме, најави Ивановска.

Според неа, не се сфатила сериозно борбата против корупцијата. Корупцијата е тежок камен, истакна Ивановска и упати порака дека мора многу институциии да делуваат.

Во однос на законитоста на балансерот и вработувањата во администрацијата, таа истакна дека иницијативата се подготвува за поднесување пред Уставниот суд.

- Се обративме до владата со барање да ни се анализа како е спроведен законот до сега, бидејќи во законот има одредби кои што велат дека под тој закон спаѓаат оние лица кои биле вработени до 2019 година и тие имаат право да бидат да се преземаат понатаму во другите органи. Побаравме и дополнителни информации од Министерството за политички систем како одело доделувањето на вработените лица во други институции, но не добивме одговор и покрај тоа што се обративме со ургенција со преведен текст, вели Ивановска.

На прашањето како ќе помине иницијативата пред Уставен, таа направи споредба дека и за „Бехтел и Енка“ беше дадена иницијатива за која „бевме уверени дека Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да го укине специјалниот закон што се донесе тогаш, но Уставниот постапи спротивно“.

- Сега имаме малку надеж бидејќи и претседателката на Уставниот суд излезе со свој став, се надевам дека Уставниот суд ќе ја одигра својата улога онака како што треба заради тоа што балансерот ни прави проблем на сите. Конкретно во нашата институција на претходен оглас имавме кандидат кој што во пет минути се почувствувал како припадник на три националности, онака како што се барале за работните места така тој се почувствувал. Тој предмет Јавното обвинителство го отфрли, рече Ивановска.

На новинарско прашање за актуелните случувања во М-НАВ, вклучувајќи ги и прашањата за вработувањата, Ивановска рече дека не би ги ставила во прашање роднинските врски, туку мерит системот- да се оцени квалитетот и компетенцијата на една личност без влијанија.  Ивановска информира дека ДКСК не може да отвори предмет за М-НАВ бидејќи се при крај на мандатот, туку сега само ги затвораат веќе отворените предмети.

The post ДКСК ќе објави список на институциии и функционери кои плаќале казна и пак не доставувале анкетни листови appeared first on Република.

]]>

Претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска информира дека  функционира софтверот за електронско поднесување на анкетните листови и во таа насока апелираше до сите носители на јавни функции електронски да достават анкетен лист. Ивановска вечерва на Топ Тема на Телма му порача на новиот состав на  ДКСК дека е најважно да продолжат со јакнење на капацитетите на институцијата, потоа да се довршат започнатите проекти, да профункционираат тренинг центарот и аналитичкиот центар, но, нагласи, потребно е да се направи и нова систематизација согласно надлежностите. Таа меѓу другото истакна дека со 80 проценти од институциите ДКСК имала одлична соработка, но постоеле и такви институции, што не им доставувале документи и покрај нивните барања.
- Плаќале казна, прекршочен платен налог и повторно не доставува документи. За да не заборавиме некого градиме список и на последната седница на ДКСК ќе го објавиме на нашата веб страница. Ќе биде интересно за медиумите кои се тие институции, но и носители на функции кои платиле казна и повторно не доставиле анкетен лист или документи што сме ги барале, рече претседателката на ДКСК.
Таа информираше и дека ДКСК работи на втор дел за случајот „Трансмет“, односно како што појасни, како се располагало со опремата и што се случувало со неа. - На наредната седница ќе го затвориме и тој предмет, рече Ивановска. На последната седница, како што најави, ќе се реферира меѓу другото за  случаите „Лотарија“  и „Бехтел и Енка“.
- Случајот „Бехтел и Енка“, како што знаете е насочен кон изборот на надзор.  За „Бехтел и Енка“ почнавме да реагираме уште на почетокот со донесувањето на Законот во Собранието, реагиравме, дадовме иницијатива до Уставниот суд што ни ја отфрли, постојано имавме свој став, а последното што се случи беше изборот на надзорот, на тоа се сконцентиравме и тоа ќе го обелодениме, најави Ивановска.
Според неа, не се сфатила сериозно борбата против корупцијата. Корупцијата е тежок камен, истакна Ивановска и упати порака дека мора многу институциии да делуваат. Во однос на законитоста на балансерот и вработувањата во администрацијата, таа истакна дека иницијативата се подготвува за поднесување пред Уставниот суд.
- Се обративме до владата со барање да ни се анализа како е спроведен законот до сега, бидејќи во законот има одредби кои што велат дека под тој закон спаѓаат оние лица кои биле вработени до 2019 година и тие имаат право да бидат да се преземаат понатаму во другите органи. Побаравме и дополнителни информации од Министерството за политички систем како одело доделувањето на вработените лица во други институции, но не добивме одговор и покрај тоа што се обративме со ургенција со преведен текст, вели Ивановска.
На прашањето како ќе помине иницијативата пред Уставен, таа направи споредба дека и за „Бехтел и Енка“ беше дадена иницијатива за која „бевме уверени дека Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да го укине специјалниот закон што се донесе тогаш, но Уставниот постапи спротивно“.
- Сега имаме малку надеж бидејќи и претседателката на Уставниот суд излезе со свој став, се надевам дека Уставниот суд ќе ја одигра својата улога онака како што треба заради тоа што балансерот ни прави проблем на сите. Конкретно во нашата институција на претходен оглас имавме кандидат кој што во пет минути се почувствувал како припадник на три националности, онака како што се барале за работните места така тој се почувствувал. Тој предмет Јавното обвинителство го отфрли, рече Ивановска.
На новинарско прашање за актуелните случувања во М-НАВ, вклучувајќи ги и прашањата за вработувањата, Ивановска рече дека не би ги ставила во прашање роднинските врски, туку мерит системот- да се оцени квалитетот и компетенцијата на една личност без влијанија.  Ивановска информира дека ДКСК не може да отвори предмет за М-НАВ бидејќи се при крај на мандатот, туку сега само ги затвораат веќе отворените предмети.

The post ДКСК ќе објави список на институциии и функционери кои плаќале казна и пак не доставувале анкетни листови appeared first on Република.

]]>
Ивановска: И покрај сите суптилни препреки со кои што се соочивме завршивме околу пет и пол илјади предмети https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-i-pokra-site-suptilni-prepreki-so-koi-shto-se-soochivme-zavrshivme-okolu-pet-i-pol-iljadi-predmeti/ Fri, 12 Jan 2024 11:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=732337

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска пред истекот на мандатот на составот на ДКСК што таа го предводеше, е задоволна од сработеното. И покрај условите во кои работеле, ресурсите со кои располагале и, како што рече, „сите суптилни препреки со коишто се соочувале“, завршиле околу пет и пол илјади предмети.

Одговарајќи на новинарско прашање за впечаток за мандатот што го завршува, Ивановска изјави дека овој состав на ДКСК не работел од нулта, туку „од минус и неколку позиции под нула“, ако се земат предвид оценките што претходно за оваа институција ги давала Европската комисија.

-Сме правеле анализа за 10-ина години наназад. Значи, до 2019 година навистина беа негативни оценките. Успеавме сето тоа да го поправиме иако половина мандат имавме непроменети услови за работа, како просторни, така и материјално-технички, човечки ресурси. Сепак, низ рацете на ДКСК поминаа бројни предмети, некаде околу пет и пол илјади предмети поминаа и се завршија, дадовме повеќе иницијативи во Јавното обвинителство, изјави Ивановска пред отворањето на презентацијата на резултатите од Националниот систем на интегритет  на Република Македонија.

За конечните бројки на предмети и иницијативи ДКСК ќе ги информира медиумите на крајот на месецов, а „црешата на шлагот“, како што рече, ќе бидат големите предмети што се однесуваат на „Бехтел и Енка“ и Лотарија.

The post Ивановска: И покрај сите суптилни препреки со кои што се соочивме завршивме околу пет и пол илјади предмети appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска пред истекот на мандатот на составот на ДКСК што таа го предводеше, е задоволна од сработеното. И покрај условите во кои работеле, ресурсите со кои располагале и, како што рече, „сите суптилни препреки со коишто се соочувале“, завршиле околу пет и пол илјади предмети. Одговарајќи на новинарско прашање за впечаток за мандатот што го завршува, Ивановска изјави дека овој состав на ДКСК не работел од нулта, туку „од минус и неколку позиции под нула“, ако се земат предвид оценките што претходно за оваа институција ги давала Европската комисија.
-Сме правеле анализа за 10-ина години наназад. Значи, до 2019 година навистина беа негативни оценките. Успеавме сето тоа да го поправиме иако половина мандат имавме непроменети услови за работа, како просторни, така и материјално-технички, човечки ресурси. Сепак, низ рацете на ДКСК поминаа бројни предмети, некаде околу пет и пол илјади предмети поминаа и се завршија, дадовме повеќе иницијативи во Јавното обвинителство, изјави Ивановска пред отворањето на презентацијата на резултатите од Националниот систем на интегритет  на Република Македонија.
За конечните бројки на предмети и иницијативи ДКСК ќе ги информира медиумите на крајот на месецов, а „црешата на шлагот“, како што рече, ќе бидат големите предмети што се однесуваат на „Бехтел и Енка“ и Лотарија.

The post Ивановска: И покрај сите суптилни препреки со кои што се соочивме завршивме околу пет и пол илјади предмети appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-glava-ne-mozheme-da-kreneme-od-partiski-vrabotuvana/ Wed, 15 Nov 2023 13:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=701851

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани, меѓу кои и за вработувањата во Агенцијата и ангажирање експерти и лица со договор на дело.

Ивановска истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.

-Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања, вели претседателката на ДКСК во однос на ангажирањето на вршители на должност во некои институции и вработени со авторски договори.

Иницијатива за кривично гонење ДКСК усвои и за актуелниот и поранешни градоначалници на Радовиш затоа што 12 пати ангажирале лице како вршител на должност директор на јавното претпријатие „Плаваја“ Радовиш без објавување оглас.

Членот на Комисијата Нури Бајрами, кој рефереираше за случајот, рече дека за ангажирање на ова лице не е објавен оглас ниту еднаш, оти нема можност и за други кандидати односно му се овозможува само на едно лице да се вработи и функционерска плата. Според него, нема како да се нарече оваа ситуција освен дека е корупција и упад во правниот систем.

Во проверката на документацијата е утврдено дека лицето има соодветно високо образование.

До ДКСК се стасани материјали и за случајот со Клиниката за онкологија, но тие ќе бидат проследени до надлежните институции имајќи предвид дека за него веќе се води истрага во Обвинителството.

На почетокот на денешната седница, ДКСК го разгледа Извештајот на ЕК во делот што се однесува на нивната работа.

Претседателката Ивановска рече дека без разлика што веќе петта година се во Комисијата, ефектот од нивната работа не може да дојде до целосна реазлизација поради неспроведување на нивните иницијативи од страна на институциите, Владата и други органи. Не знам, вели таа, како да се мотивираат институциите да ги спроведуваат иницијативите на антикорупциската комисија.

Таа изрази надеж дека наредниот состав на Комисијата, за којшто веќе е распишан оглас, ќе ја надмине нивната работа во позитивна смисла бидејќи има добра основа за тоа.

- Се надевам дека свеста кај институциите, кај раководната структура, кај лидерите, кај сите ќе проработи и да знаеме дека од нас се зависи и дека навистина мораме сериозно да се зафатиме со овој проблем, рече Ивановска.

Членот на ДКСК Владимир Георгиев рече дека оценката во Изештајот е дека назадуваме.

-Нема прогрес што е две скалила подоле, вели тој додавајќи дека се наведени многу причини за оваа состојба во Судскиот совет, во судството, изборот на првиот човек на обвинителството за организиран криминал, носењето на Кривичниот законик, ниска имплементација од Националната стратегија само 10 отсто, корупциски афери и скандали...

На денешната седница, ДКСК разгледа и други предмети.

The post Ивановска: Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе одлука да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска детално го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани, меѓу кои и за вработувањата во Агенцијата и ангажирање експерти и лица со договор на дело. Ивановска истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи. -Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања, вели претседателката на ДКСК во однос на ангажирањето на вршители на должност во некои институции и вработени со авторски договори. Иницијатива за кривично гонење ДКСК усвои и за актуелниот и поранешни градоначалници на Радовиш затоа што 12 пати ангажирале лице како вршител на должност директор на јавното претпријатие „Плаваја“ Радовиш без објавување оглас. Членот на Комисијата Нури Бајрами, кој рефереираше за случајот, рече дека за ангажирање на ова лице не е објавен оглас ниту еднаш, оти нема можност и за други кандидати односно му се овозможува само на едно лице да се вработи и функционерска плата. Според него, нема како да се нарече оваа ситуција освен дека е корупција и упад во правниот систем. Во проверката на документацијата е утврдено дека лицето има соодветно високо образование. До ДКСК се стасани материјали и за случајот со Клиниката за онкологија, но тие ќе бидат проследени до надлежните институции имајќи предвид дека за него веќе се води истрага во Обвинителството. На почетокот на денешната седница, ДКСК го разгледа Извештајот на ЕК во делот што се однесува на нивната работа. Претседателката Ивановска рече дека без разлика што веќе петта година се во Комисијата, ефектот од нивната работа не може да дојде до целосна реазлизација поради неспроведување на нивните иницијативи од страна на институциите, Владата и други органи. Не знам, вели таа, како да се мотивираат институциите да ги спроведуваат иницијативите на антикорупциската комисија. Таа изрази надеж дека наредниот состав на Комисијата, за којшто веќе е распишан оглас, ќе ја надмине нивната работа во позитивна смисла бидејќи има добра основа за тоа. - Се надевам дека свеста кај институциите, кај раководната структура, кај лидерите, кај сите ќе проработи и да знаеме дека од нас се зависи и дека навистина мораме сериозно да се зафатиме со овој проблем, рече Ивановска. Членот на ДКСК Владимир Георгиев рече дека оценката во Изештајот е дека назадуваме. -Нема прогрес што е две скалила подоле, вели тој додавајќи дека се наведени многу причини за оваа состојба во Судскиот совет, во судството, изборот на првиот човек на обвинителството за организиран криминал, носењето на Кривичниот законик, ниска имплементација од Националната стратегија само 10 отсто, корупциски афери и скандали... На денешната седница, ДКСК разгледа и други предмети.

The post Ивановска: Глава не можеме да кренеме од партиски вработувања appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Оценката на Европската комисија е дека одиме назад, ова е сега аларм со сите црвени светла https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-otsenkata-na-evropskata-komisija-e-deka-odime-nazad-ova-e-sega-alarm-so-site-tsrveni-svetla/ Sat, 11 Nov 2023 20:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=700620

Оценката на Европската комисија е дека одиме назад, ова е сега аларм со сите црвени светла. Или ќе се одбиеме од дното да зачекориме по вистински пат или ќе продолжиме да тонеме, изјави потпретседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска за Тема на денот во Дневникот на Сител.
Таа истакна дека Антикорупциска отвори повеќе предмети за повеќе појави, имале повеќе анализи со препораки до соодветни институции, но тие не се спроведени ни третина.

– Подготвивме и национална стратегија за борбата против корупцијата, ги детектиравме мерките и активностите кои институциите требаше да ги спроведат и се знаеше кој кога што треба да направи, но за жал извештаите од 2021 и 2022 покажуваат дека 20, односно 10% од се спроведени, што значи нема прогрес, изјави Ивановска.

Ивановска посочи дека најсилен ризик од корупција е политичкото влијание, кога не се вистинските луѓе на вистинско место, тогаш има вакви состојби и додаде дека во сите изминати извештаи последните години ЕК препорачува да се почитуваат препораките на ДКСК.

Таа се осврна и на судството каде посочи дека судиите се жалат на притисоци и политичко влијание, како и тоа дека кај нас е проблем неказнивоста.

– Правосудството како ризичен сектор е дел од националната стратегија за борба против корупција. Како една важна активност која требаше да се спроведе беше анализа на корупцијата и од таа анализа произлегоа значајни резултати по кои треба да се преземат решителни чекори. Произлезе дека судиите се жалат дека трпат влијание од претседателите на судовите и членовите на судски совет. Нивно мислење е дека судскиот совет не си ја врши работата, не се врши избор на соодветни судии, лесно потпаѓаат под политички влијанија, изјави Ивановска.

The post Ивановска: Оценката на Европската комисија е дека одиме назад, ова е сега аларм со сите црвени светла appeared first on Република.

]]>

Оценката на Европската комисија е дека одиме назад, ова е сега аларм со сите црвени светла. Или ќе се одбиеме од дното да зачекориме по вистински пат или ќе продолжиме да тонеме, изјави потпретседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска за Тема на денот во Дневникот на Сител. Таа истакна дека Антикорупциска отвори повеќе предмети за повеќе појави, имале повеќе анализи со препораки до соодветни институции, но тие не се спроведени ни третина.
– Подготвивме и национална стратегија за борбата против корупцијата, ги детектиравме мерките и активностите кои институциите требаше да ги спроведат и се знаеше кој кога што треба да направи, но за жал извештаите од 2021 и 2022 покажуваат дека 20, односно 10% од се спроведени, што значи нема прогрес, изјави Ивановска.
Ивановска посочи дека најсилен ризик од корупција е политичкото влијание, кога не се вистинските луѓе на вистинско место, тогаш има вакви состојби и додаде дека во сите изминати извештаи последните години ЕК препорачува да се почитуваат препораките на ДКСК. Таа се осврна и на судството каде посочи дека судиите се жалат на притисоци и политичко влијание, како и тоа дека кај нас е проблем неказнивоста.
– Правосудството како ризичен сектор е дел од националната стратегија за борба против корупција. Како една важна активност која требаше да се спроведе беше анализа на корупцијата и од таа анализа произлегоа значајни резултати по кои треба да се преземат решителни чекори. Произлезе дека судиите се жалат дека трпат влијание од претседателите на судовите и членовите на судски совет. Нивно мислење е дека судскиот совет не си ја врши работата, не се врши избор на соодветни судии, лесно потпаѓаат под политички влијанија, изјави Ивановска.

The post Ивановска: Оценката на Европската комисија е дека одиме назад, ова е сега аларм со сите црвени светла appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Власта не ги гледа реално оценките на ЕК, се однесува како тврдоглаво дете https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-vlasta-ne-gi-gleda-realno-otsenkite-na-ek-se-odnesuva-kako-tvrdoglavo-dete/ Thu, 09 Nov 2023 21:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=700057

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, вели дека многупати досега сме прочитале дека нема напредок во извештајот и не треба да сме изненадени од лошите оцени на меѓународната заедница.

– Прашувам зошто сите се изненадуваме кога меѓународната заедница ќе ни даде лоши оценки дотолку повеќе што ние постојано укажуваме на тоа. Значи, ДКСК дава препораки, невладините укажуваат, сите укажуваме и тогаш сите се глуви. Сега кога ќе дојде меѓународната заедница да ни ги каже вистинските оценки тогаш наеднаш сите се чудиме. Ама власта не ги гледа оценките, изјави Ивановска во емисијата Анализа 24.

Според Ивановска, власта не ги гледа реално оценките какви се и што се.

–   Мене сево ова ми личи на едно мало тврдоглаво дете коe не сака да послуша ништо што му се кажува… За жал, тоа е зрелоста на нашето општество, ништо повеќе од тоа, вели Ивановска.

Холандскиот амбасадор, посочи Ивановска, неколку пати отворено ни кажува дека ова е се до нашиот менталитет, дека човечкиот потенцијал е таков и дека власта се изразува декларативно во борбата против корупција,

– Значи, ако е се’ до менталитетот и до човечкиот фактор тоа значи дека треба тука да имаме зреење, односно детето да порасне. Значи, без разлика колку и да формираме работни тела, комисии, било што – епилогот ќе биде дали имаме желба, вистинска волја тоа да се заврши или, пак, ќе ја замајуваме јавноста, вели Ивановска.

Ивановска, посочи дека ДКСК во нејзиниот мандат досега има 50 иницијативи за кривично гонење и уште 50 иницијативи за разрешување на директори и раководители.

–  Бар нешто од тоа да се применеше, ќе ја променеше климата во државата, изјави Ивановска.

Уште од 2019 година, нагласи Ивановска, Комисијата излегла со сериозни наоди коишто го поткопуваат ова општество – прашањата со кронизмот, непотизмот, клиентелизмот.

Во тоа време беа опфатени повеќе јавни претпријатија, дадовме иницијативи за разрешување на директорите во тие јавни претпријатија – никој не беше разрешен. Единствено си отиде директорот Драган Миневски од ЕСМ, мислам, и мислам дека тој повеќе си замина поради својот личен интегритет отколку што некој побра да си оди – тоа е мое лично мислење, не знам можеби не е така, не е битно. Но, сите управни одбори одговорија дека не гледаат одговорност кај директорите коишто по пат на политичко влијание ги одбрале тие, изјави Ивановска.

Според Ивановска, добро е што ЕК позитивно ја оценува работата на ДКСК, со оглед дека половина мандат го поминале со исти ресурси.

The post Ивановска: Власта не ги гледа реално оценките на ЕК, се однесува како тврдоглаво дете appeared first on Република.

Ивановска: Навреме да се избере новиот состав на Антикорупциска https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-navreme-da-se-izbere-noviot-sostav-na-antikoruptsiska/ Wed, 11 Oct 2023 19:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=690303

Мандатот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата истекува на 7 февруари, а апретседателката на Комисијата Билјана Ивановска апелира Собранието навреме да го распише огласот и да се изберат новите членови бидејќи следната година е изборна.

Ивановска за Топ Тема на ТВ Телма најави дека годишниот извештај за нивната работа ќе го достават до Собранието до крајот на јануари.

Најболните точки во работата на актуелниот состав на ДКСК, според неа, се неспроведувањето на националната програма и на препораките испратени до државните институции.

The post Ивановска: Навреме да се избере новиот состав на Антикорупциска appeared first on Република.

]]>

Мандатот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата истекува на 7 февруари, а апретседателката на Комисијата Билјана Ивановска апелира Собранието навреме да го распише огласот и да се изберат новите членови бидејќи следната година е изборна. Ивановска за Топ Тема на ТВ Телма најави дека годишниот извештај за нивната работа ќе го достават до Собранието до крајот на јануари. Најболните точки во работата на актуелниот состав на ДКСК, според неа, се неспроведувањето на националната програма и на препораките испратени до државните институции.

The post Ивановска: Навреме да се избере новиот состав на Антикорупциска appeared first on Република.

]]>
Ивановска: За жал не сме напреднале во борбата против корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-za-zhal-ne-sme-naprednale-vo-borbata-protiv-koruptsijata/ Sun, 10 Sep 2023 14:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=680632

Состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена, напротив институциите само 10 проценти преземале мерки за намалување на ризиците, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Ивановска посочува дека е незадоволна од досега преземените мерки, како и дека нема судска завршница на предметите поврзани со коруција.

Таа забележува на нискиот степен спроведени активности предвидени во акцискиот план на Националната стратегија.

-За жал не можеме да констатираме дека имаме подобра состојба во државата односно дека сме напреднале во борбата. Како показатели како индикатори за сето ова се спроведените активности од институциите, а се предвидени во акцискиот план на Националната стратегија. Националната стратегија ја донесовме на еден инклузивен начин, беа вклучени самите институции кои сами даваа предлози како да се надминат ризиците од корупција. По донесување на Националната стратегија остана институциите да преземат мерки. Во 2021 година преземени се само 20 проценти , во 2022 година во овогодишниот извештај евидентирано е дека се преземени само 10 проценти. Ова укажува дека недостасува волја и капацитет, ама пред се волја, во самите институции да ги преземат активностите. Во вакви услови не можам да кажам дека состојбата е подобрена, напротив, вели Ивановска

The post Ивановска: За жал не сме напреднале во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена, напротив институциите само 10 проценти преземале мерки за намалување на ризиците, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. Во интервју за Радио Слободна Европа, Ивановска посочува дека е незадоволна од досега преземените мерки, како и дека нема судска завршница на предметите поврзани со коруција. Таа забележува на нискиот степен спроведени активности предвидени во акцискиот план на Националната стратегија.
-За жал не можеме да констатираме дека имаме подобра состојба во државата односно дека сме напреднале во борбата. Како показатели како индикатори за сето ова се спроведените активности од институциите, а се предвидени во акцискиот план на Националната стратегија. Националната стратегија ја донесовме на еден инклузивен начин, беа вклучени самите институции кои сами даваа предлози како да се надминат ризиците од корупција. По донесување на Националната стратегија остана институциите да преземат мерки. Во 2021 година преземени се само 20 проценти , во 2022 година во овогодишниот извештај евидентирано е дека се преземени само 10 проценти. Ова укажува дека недостасува волја и капацитет, ама пред се волја, во самите институции да ги преземат активностите. Во вакви услови не можам да кажам дека состојбата е подобрена, напротив, вели Ивановска

The post Ивановска: За жал не сме напреднале во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ги потврди пишувањата на „Република“: Им се губи трагата на милиони лични документи на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-gi-potvrdi-pishuvanata-na-republika-im-se-gubi-tragata-na-milioni-lichni-dokumenti-na-graganite/ Thu, 27 Jul 2023 08:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=665771

Не се знае каде завршиле милиони лични документи на граѓаните. Она што „Република“ прва го објави беше потврдено во интервјуто на првиот човек на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

https://www.youtube.com/watch?v=4w9u8XgYzlI

Исчезнувањето се случило откако била избрана фирма која требало да ја спроведе дигитализацијата во Управата за водење на матични книги. Станува збор за околу девет милиони документи, венчаници, умреници, изводи на родени, народски кажано од турско до сега.

Антикорупционерите во предметот укажаа на две слабости. Првата, на пропусти во тендерската постапка при избор на фирма, која ќе ја спроведе дигитализацијата на изводите од матичните книги на родени, венчани и починати лица, граѓани на Република Македонија, и втората на сомнежот и реалната можност за тргување со податоците и тие да завршиле во една соседна земја, поради непочитување на стандардните безбедносни мерки и процедури.

Ивановска во интервјуто објасни дека  воопшто не се водело сметка за контролата на прибирањето на личните податоци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ne-se-znae-kade-zavrshile-milioni-lichni-podatotsi-na-graganite/

За тоа што постои посебна законска регулатива во текот на обработката на предметот ние побаравме Агенцијата за заштита на личните податоци да направи вонредна супервизија во Управата за матични книги и таа дојде до сериозни наоди дека не се водело таква сметка,дека нема логови , дека податоците се чувале на сервери, не се знае кој имал пристап,  просторијата каде што се вршело скенирање не била обезбедена ниту пак лицата што вршеле скенирање немале придружба од овластено лице од Управата за матични книги. Тоа создава сомнеж дека се работело незаконски, што е факт, не се почитувале законите за заштита на лични податоци ниту пак совесно од страна на раководството и службите во Управата за матични книги за што ние покренавме иницијатива за кривично гонење.

The post Антикорупциска ги потврди пишувањата на „Република“: Им се губи трагата на милиони лични документи на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Не се знае каде завршиле милиони лични документи на граѓаните. Она што „Република“ прва го објави беше потврдено во интервјуто на првиот човек на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. https://www.youtube.com/watch?v=4w9u8XgYzlI Исчезнувањето се случило откако била избрана фирма која требало да ја спроведе дигитализацијата во Управата за водење на матични книги. Станува збор за околу девет милиони документи, венчаници, умреници, изводи на родени, народски кажано од турско до сега. Антикорупционерите во предметот укажаа на две слабости. Првата, на пропусти во тендерската постапка при избор на фирма, која ќе ја спроведе дигитализацијата на изводите од матичните книги на родени, венчани и починати лица, граѓани на Република Македонија, и втората на сомнежот и реалната можност за тргување со податоците и тие да завршиле во една соседна земја, поради непочитување на стандардните безбедносни мерки и процедури. Ивановска во интервјуто објасни дека  воопшто не се водело сметка за контролата на прибирањето на личните податоци. https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ne-se-znae-kade-zavrshile-milioni-lichni-podatotsi-na-graganite/
За тоа што постои посебна законска регулатива во текот на обработката на предметот ние побаравме Агенцијата за заштита на личните податоци да направи вонредна супервизија во Управата за матични книги и таа дојде до сериозни наоди дека не се водело таква сметка,дека нема логови , дека податоците се чувале на сервери, не се знае кој имал пристап,  просторијата каде што се вршело скенирање не била обезбедена ниту пак лицата што вршеле скенирање немале придружба од овластено лице од Управата за матични книги. Тоа создава сомнеж дека се работело незаконски, што е факт, не се почитувале законите за заштита на лични податоци ниту пак совесно од страна на раководството и службите во Управата за матични книги за што ние покренавме иницијатива за кривично гонење.

The post Антикорупциска ги потврди пишувањата на „Република“: Им се губи трагата на милиони лични документи на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска е немоќна да постапи за автомобилот на Груби бидејќи возилото било регистрирано на друго лице! https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-e-nemokna-da-postapi-za-avtomobilot-na-grubi-bidejki-voziloto-bilo-registrirano-na-drugo-litse/ Wed, 26 Jul 2023 13:50:54 +0000 https://republika.mk/?p=665581

Антикорупциската комисија е немоќна да отвори постапка за случајот со автомобилот на вицепремиерот. Првиот човек на Комисија Билјана Ивановска, во интервју за „Република“ објасни зошто не можат да отворат постапка за Груби.

https://www.youtube.com/watch?v=4w9u8XgYzlI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Го објасни и случајот со запаленото возило на Груби и зошто не можат да отворат постапка.

За возилото не можеме да отвориме постапка бидејќи е регистрирано на друго лице и не е во сопственост на избрано и именувано лице Артан Груби. Зошто го користел, како го користел, зошто возилото користело флешери, тоа се прашања на кои треба да даде одговор некој друг односно вицепремиерката за добро владеење. Владата усвои етички кодекс за однесување на министрите, се пофали со тоа, но тој кодекс треба и да се применува. Вицепремиерката издаде опомена и не се реагираше и се поставува прашањето дали се доволни тие опомени. Сега истото тоа лице управува нешто што не е негово. Од друга страна можеби тој вложил сопствени средства за купување на возилото, и тоа не е чудно. Такви ризици имаме утврдено одамна и укажуваме на потребата на донесување на закон за потекло на имот кој што ќе им наметне обврска на граѓаните не само да ги пријават имотите туку да кажат како ги стекнале, односно со кои средства. Тоа е клучната контрола која може многу да помогне во борбата против корупцијата.

Во овој случај се поставуваат многу прашања како тоа од кој датум Артан Груби има одобрение за управување на туѓо моторно возило во земјава и во странство?

Симптоматично е и тоа што сопственикот на колата на хартија е 35 годишен бизнисмен со фирма Еуроком Лајтинг што го купува хотелот на Попова Шапка од Гранит за 55.000 евра.

На овие прашања треба да одговори првиот вицепремиер како што сака да му се обраќаат?

The post Антикорупциска е немоќна да постапи за автомобилот на Груби бидејќи возилото било регистрирано на друго лице! appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија е немоќна да отвори постапка за случајот со автомобилот на вицепремиерот. Првиот човек на Комисија Билјана Ивановска, во интервју за „Република“ објасни зошто не можат да отворат постапка за Груби. https://www.youtube.com/watch?v=4w9u8XgYzlI&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Го објасни и случајот со запаленото возило на Груби и зошто не можат да отворат постапка.
За возилото не можеме да отвориме постапка бидејќи е регистрирано на друго лице и не е во сопственост на избрано и именувано лице Артан Груби. Зошто го користел, како го користел, зошто возилото користело флешери, тоа се прашања на кои треба да даде одговор некој друг односно вицепремиерката за добро владеење. Владата усвои етички кодекс за однесување на министрите, се пофали со тоа, но тој кодекс треба и да се применува. Вицепремиерката издаде опомена и не се реагираше и се поставува прашањето дали се доволни тие опомени. Сега истото тоа лице управува нешто што не е негово. Од друга страна можеби тој вложил сопствени средства за купување на возилото, и тоа не е чудно. Такви ризици имаме утврдено одамна и укажуваме на потребата на донесување на закон за потекло на имот кој што ќе им наметне обврска на граѓаните не само да ги пријават имотите туку да кажат како ги стекнале, односно со кои средства. Тоа е клучната контрола која може многу да помогне во борбата против корупцијата.
Во овој случај се поставуваат многу прашања како тоа од кој датум Артан Груби има одобрение за управување на туѓо моторно возило во земјава и во странство? Симптоматично е и тоа што сопственикот на колата на хартија е 35 годишен бизнисмен со фирма Еуроком Лајтинг што го купува хотелот на Попова Шапка од Гранит за 55.000 евра. На овие прашања треба да одговори првиот вицепремиер како што сака да му се обраќаат?

The post Антикорупциска е немоќна да постапи за автомобилот на Груби бидејќи возилото било регистрирано на друго лице! appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Не се знае каде завршиле милиони лични податоци на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ne-se-znae-kade-zavrshile-milioni-lichni-podatotsi-na-graganite/ Wed, 26 Jul 2023 07:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=665267

https://www.youtube.com/watch?v=4w9u8XgYzlI

Во последно време се чуствувам како главниот лик од драмата „државен непријател“, вели првиот човек на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска  за нападите кои од сите страни доаѓаат до неа лично и до Комисијата.

Таа во интервјуто за „Република“ вели дека работат професионално , непристрасно, независно и почитувајќи го начелото за интегритет. Ивановска вели дека тие цело време работат исто а тоа што  дошле на ред некои покрупни предмети за кои требало подолг период за истражување се поклопил со периодот кога се цел на критика.

Таа вели дека сѐ што досега објавиле може само да му биде од корист на Обвинителството.

Ивановска го објаснува случајот „Труст“ и тоа како е можно „ Пуцко Петрол“ на конфискуван имот да дојде до имот кој му припаѓал на „Трансмет“ иако Обвинителстовото тврди дека му е одземен.

Прво е прашањето е како е определена мерка притвор и како во тој момент се настанати сите промени во имотот. Тој период „Трансмет“ го искористил за да префрли дел од имотот на ТВ НОВА. Во периодот од првостепена одлука на кривичниот суд до одлуката на Апелација мерката за замрзннување не важи.Таа важи до донесување на првостепена одлука. Во тој период „Пуцко Петрол“  ја склучува спогодбата со хипотека на недвижниот имот на Сеат Кочан. Значи тој момент е искористен.Мислам дека требало малку да бидат со повеќе отворени очи сите учесници во оваа постапка. Можело да се дојде до замрзнување на имотот. Симптоматичен е моментот како Кривичниот суд за еден ист имот донесува различни одлуки. Еднаш вели дека е стекнат како кривично дело а вторпат го прифаќа како залог за да може обвинетиот да се брани од слобода. Имаше многу нелогичности и пикантерии кои кај нас внесоа сомнеж-објаснува Ивановска за „Република“.

Првиот антикорупцинер одговара на тоа дали односот кој го имаат државните институции кон Комисијата наликува на односот кој го имаа кон некогашното СЈО.

Станува збор за целосно различни институции. Држаната комисија е основана 2002 година согласно конвенцијата на Обединетите нации која вели дека мора да има такво тело кое ќе служи за превенција. Главната работа на ова тело е да превенира а не да гони.Ние никого не гониме. Јавноста од нас очекува да имаме завршница. Тоа беа и зборовите на вицепремиерот Груби беа дека ниту еден предмет не дошол до крај. И не може да дојде до крај затоа што нашата улога е до тука.

Ивановска не знае што има Артан Груби толку против неа и Комисијата.

Неговите зборови беа дека не нѐ бивало, дека не сме изнеле ниту еден случај до крај иако редовно доставуваме годишни извештаји  за обработени предмети. Нашата работа е целосно транспарентна. Силите на институциите и на државата се толку, го извлековме максимумот што може од интитуцијата.

Го објасни и случајот со запаленото возило на Груби и зошто не можат да отворат постапка.

За возилото не можеме да отвориме постапка бидејќи е регистрирано на друго лице и не е во сопственост на избрано и именувано лице Артан Груби. Зошто го користел, како го користел, зошто возилото користело флешери, тоа се прашања на кои треба да даде одговор некој друг односно вицепремиерката за добро владеење. Владата усвои етички кодекс за однесување на министрите, се пофали со тоа, но тој кодекс треба и да се применува. Вицепремиерката издаде опомена и не се реагираше и се поставува прашањето дали се доволни тие опомени. Сега истото тоа лице управува нешто што не е негово. Од друга страна можеби тој вложил сопствени средства за купување на возилото, и тоа не е чудно. Такви ризици имаме утврдено одамна и укажуваме на потребата на донесување на закон за потекло на имот кој што ќе им наметне обврска на граѓаните не само да ги пријават имотите туку да кажат како ги стекнале, односно со кои средства. Тоа е клучната контрола која може многу да помогне во борбата против корупцијата.

Ивановска има и коментар на изјавата на Груби дека сопственикот на возилото 30 години е бизнисмен а лицето има 35 години.

Потценување на сопстениот народ е нешто најниско што може да биде-кратко коментира антикорупционерката.

Ивановска ги објаснува и последиците од друг голем скандал а тоа е со личните податоци на граѓаните во Управата за водење матични книги.

Имајќи го фактот дека воопшто не се водело сметка за контролата на прибирањето на личните податоци за што постои посебна законска регулатива во текот на обработката на предметот ние побаравме Агенцијата за заштита на личните податоци да направи вонредна супервизија во Управата за матични книги и таа дојде до сериозни наоди дека не се водело таква сметка,дека нема логови , дека податоците се чувале на сервери, не се знае кој имал пристап,  просторијата каде што се вршело скенирање не била обезбедена ниту пак лицата што вршеле скенирање немале придружба од овластено лице од Управата за матични книги. Тоа создава сомнеж дека се работело незаконски, што е факт, не се почитувале законите за заштита на лични податоци ниту пак совесно од страна на раководството и службите во Управата за матични книги за што ние покренавме иницијатива за кривично гонење.

Ивановска вели дека станува збор за неколку милиони документи.

Па да, тие што биле предмет на обработка.Точната бројка не можам да ја кажам, но се работи за милиони затоа што предмет на набавката било обработка на личните податоци, скенирање за да може тие да се дигитализираат.За оваа операција направени се две јавни набавки. Првата набавка била оспорена од финансиската полиција дека има некакви фаворизирачки елементи во тендерот и дала кривична пријава во јавното обвинителство кое неодамна ја отфрли.

Ивановска ги коментира зборовите на министерот Спасовски дека немало масовна злоупотреба.

Злоупотреба е злоупотреба.Никој не може да докаже во какви размери е злоупотребата поради тоа што нема заштита. Ако немало заштита можело да отиде и едно и стоиедно. Никој не може да каже за колкав број на податоци станува збор ниту каде завршиле, освен кои лица работеле.Фирмата што била избрана во првиот тендер се тргнала и втора фирмата фирма ги користела истите експерит и стручни лица од првата фирма да работат кај неа. Фирмата е домашна но има некое здружение и сопственикот се јавува како основач, како управувач, соптвеник на повеќе трговски друштва низ регионот-отркива Ивановска за „Република“.

Ивановска посочува дека голем проблем е назначувањето на в.д директори што се виде со примерот на градоначалничката на Скопје Арсовска со директорите на Зоолошка и  МКЦ.

Овој проблем сме го истакнале многу пати. Не се почитуваат материјалните закони за избор на директори и се кочи донесувањето на законот за високо раководна структура. Во конкретните два случаи не е испочитуван материјалниот закон и дека лицето што е назначено за в.д директор не било претходно во работен однос во МКЦ, како и со директорот на Зоолошка.За оние што прифатиле да бидат директори иако знаат дека тоа не е во согласност со закон покренавме иницијатива за несовесно работење-објаснува Ивановска.

The post Ивановска: Не се знае каде завршиле милиони лични податоци на граѓаните appeared first on Република.

]]>

https://www.youtube.com/watch?v=4w9u8XgYzlI   Во последно време се чуствувам како главниот лик од драмата „државен непријател“, вели првиот човек на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска  за нападите кои од сите страни доаѓаат до неа лично и до Комисијата. Таа во интервјуто за „Република“ вели дека работат професионално , непристрасно, независно и почитувајќи го начелото за интегритет. Ивановска вели дека тие цело време работат исто а тоа што  дошле на ред некои покрупни предмети за кои требало подолг период за истражување се поклопил со периодот кога се цел на критика. Таа вели дека сѐ што досега објавиле може само да му биде од корист на Обвинителството. Ивановска го објаснува случајот „Труст“ и тоа како е можно „ Пуцко Петрол“ на конфискуван имот да дојде до имот кој му припаѓал на „Трансмет“ иако Обвинителстовото тврди дека му е одземен.
Прво е прашањето е како е определена мерка притвор и како во тој момент се настанати сите промени во имотот. Тој период „Трансмет“ го искористил за да префрли дел од имотот на ТВ НОВА. Во периодот од првостепена одлука на кривичниот суд до одлуката на Апелација мерката за замрзннување не важи.Таа важи до донесување на првостепена одлука. Во тој период „Пуцко Петрол“  ја склучува спогодбата со хипотека на недвижниот имот на Сеат Кочан. Значи тој момент е искористен.Мислам дека требало малку да бидат со повеќе отворени очи сите учесници во оваа постапка. Можело да се дојде до замрзнување на имотот. Симптоматичен е моментот како Кривичниот суд за еден ист имот донесува различни одлуки. Еднаш вели дека е стекнат како кривично дело а вторпат го прифаќа како залог за да може обвинетиот да се брани од слобода. Имаше многу нелогичности и пикантерии кои кај нас внесоа сомнеж-објаснува Ивановска за „Република“.
Првиот антикорупцинер одговара на тоа дали односот кој го имаат државните институции кон Комисијата наликува на односот кој го имаа кон некогашното СЈО.
Станува збор за целосно различни институции. Држаната комисија е основана 2002 година согласно конвенцијата на Обединетите нации која вели дека мора да има такво тело кое ќе служи за превенција. Главната работа на ова тело е да превенира а не да гони.Ние никого не гониме. Јавноста од нас очекува да имаме завршница. Тоа беа и зборовите на вицепремиерот Груби беа дека ниту еден предмет не дошол до крај. И не може да дојде до крај затоа што нашата улога е до тука.
Ивановска не знае што има Артан Груби толку против неа и Комисијата.
Неговите зборови беа дека не нѐ бивало, дека не сме изнеле ниту еден случај до крај иако редовно доставуваме годишни извештаји  за обработени предмети. Нашата работа е целосно транспарентна. Силите на институциите и на државата се толку, го извлековме максимумот што може од интитуцијата.
Го објасни и случајот со запаленото возило на Груби и зошто не можат да отворат постапка.
За возилото не можеме да отвориме постапка бидејќи е регистрирано на друго лице и не е во сопственост на избрано и именувано лице Артан Груби. Зошто го користел, како го користел, зошто возилото користело флешери, тоа се прашања на кои треба да даде одговор некој друг односно вицепремиерката за добро владеење. Владата усвои етички кодекс за однесување на министрите, се пофали со тоа, но тој кодекс треба и да се применува. Вицепремиерката издаде опомена и не се реагираше и се поставува прашањето дали се доволни тие опомени. Сега истото тоа лице управува нешто што не е негово. Од друга страна можеби тој вложил сопствени средства за купување на возилото, и тоа не е чудно. Такви ризици имаме утврдено одамна и укажуваме на потребата на донесување на закон за потекло на имот кој што ќе им наметне обврска на граѓаните не само да ги пријават имотите туку да кажат како ги стекнале, односно со кои средства. Тоа е клучната контрола која може многу да помогне во борбата против корупцијата.
Ивановска има и коментар на изјавата на Груби дека сопственикот на возилото 30 години е бизнисмен а лицето има 35 години.
Потценување на сопстениот народ е нешто најниско што може да биде-кратко коментира антикорупционерката.
Ивановска ги објаснува и последиците од друг голем скандал а тоа е со личните податоци на граѓаните во Управата за водење матични книги.
Имајќи го фактот дека воопшто не се водело сметка за контролата на прибирањето на личните податоци за што постои посебна законска регулатива во текот на обработката на предметот ние побаравме Агенцијата за заштита на личните податоци да направи вонредна супервизија во Управата за матични книги и таа дојде до сериозни наоди дека не се водело таква сметка,дека нема логови , дека податоците се чувале на сервери, не се знае кој имал пристап,  просторијата каде што се вршело скенирање не била обезбедена ниту пак лицата што вршеле скенирање немале придружба од овластено лице од Управата за матични книги. Тоа создава сомнеж дека се работело незаконски, што е факт, не се почитувале законите за заштита на лични податоци ниту пак совесно од страна на раководството и службите во Управата за матични книги за што ние покренавме иницијатива за кривично гонење.
Ивановска вели дека станува збор за неколку милиони документи.
Па да, тие што биле предмет на обработка.Точната бројка не можам да ја кажам, но се работи за милиони затоа што предмет на набавката било обработка на личните податоци, скенирање за да може тие да се дигитализираат.За оваа операција направени се две јавни набавки. Првата набавка била оспорена од финансиската полиција дека има некакви фаворизирачки елементи во тендерот и дала кривична пријава во јавното обвинителство кое неодамна ја отфрли.
Ивановска ги коментира зборовите на министерот Спасовски дека немало масовна злоупотреба.
Злоупотреба е злоупотреба.Никој не може да докаже во какви размери е злоупотребата поради тоа што нема заштита. Ако немало заштита можело да отиде и едно и стоиедно. Никој не може да каже за колкав број на податоци станува збор ниту каде завршиле, освен кои лица работеле.Фирмата што била избрана во првиот тендер се тргнала и втора фирмата фирма ги користела истите експерит и стручни лица од првата фирма да работат кај неа. Фирмата е домашна но има некое здружение и сопственикот се јавува како основач, како управувач, соптвеник на повеќе трговски друштва низ регионот-отркива Ивановска за „Република“.
Ивановска посочува дека голем проблем е назначувањето на в.д директори што се виде со примерот на градоначалничката на Скопје Арсовска со директорите на Зоолошка и  МКЦ.
Овој проблем сме го истакнале многу пати. Не се почитуваат материјалните закони за избор на директори и се кочи донесувањето на законот за високо раководна структура. Во конкретните два случаи не е испочитуван материјалниот закон и дека лицето што е назначено за в.д директор не било претходно во работен однос во МКЦ, како и со директорот на Зоолошка.За оние што прифатиле да бидат директори иако знаат дека тоа не е во согласност со закон покренавме иницијатива за несовесно работење-објаснува Ивановска.
   
The post Ивановска: Не се знае каде завршиле милиони лични податоци на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ќе провери како биле издадени дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-proveri-kako-bile-izdadeni-dozvolite-za-hidrotsentrala-na-drin-ahmeti/ Mon, 03 Jul 2023 19:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=657852

Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска.

Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со семејството на лидерот на ДУИ, односно со внуците и синот на Али Ахмети и конкретно барањата на опозицијата да ја провери имотната состојба на внукот Дрин Ахмети кој без ниту еден денар стекнал 39 проценти од акциите во ТЦ „Соравија“, Ивановска појасни дека тој не е функционер и немаат надлежност да ја испитуваат неговата имотна состојба.

За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите – кога му ги давале дозволите за работа? Значи, од тој аспект – да, може да постапува ДКСК, рече Ивановска.

Таа при тоа потврдно одговори дека проверките ќе бидат направени од Антикорупциска за како биле издадени дозволите. Воедно, појасни дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите.

За ние за да отвориме предмет треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки. Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои сè институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

The post Антикорупциска ќе провери како биле издадени дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска. Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со семејството на лидерот на ДУИ, односно со внуците и синот на Али Ахмети и конкретно барањата на опозицијата да ја провери имотната состојба на внукот Дрин Ахмети кој без ниту еден денар стекнал 39 проценти од акциите во ТЦ „Соравија“, Ивановска појасни дека тој не е функционер и немаат надлежност да ја испитуваат неговата имотна состојба.
За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите – кога му ги давале дозволите за работа? Значи, од тој аспект – да, може да постапува ДКСК, рече Ивановска.
Таа при тоа потврдно одговори дека проверките ќе бидат направени од Антикорупциска за како биле издадени дозволите. Воедно, појасни дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите.
За ние за да отвориме предмет треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки. Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои сè институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

The post Антикорупциска ќе провери како биле издадени дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
Ивановска му врати на Груби: Кога сѐ е наопаку, дното е на површина https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-mu-vrati-na-grubi-koga-se-e-naopaku-dnoto-e-na-povrshina/ Wed, 28 Jun 2023 08:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=655936

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на социјалните мрежи реагираше по обвинувањата на првиот вицепремиер, Артан Груби во вчерашното гостување на Сител ТВ.

Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките - рече Груби.

Не му остана должна и Ивановска, која по гостувањето сподели: Кога сѐ е наопаку, дното е на површина!

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ne-veruvam-vo-kapatsitetite-na-dksk/

The post Ивановска му врати на Груби: Кога сѐ е наопаку, дното е на површина appeared first on Република.

]]>

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на социјалните мрежи реагираше по обвинувањата на првиот вицепремиер, Артан Груби во вчерашното гостување на Сител ТВ.
Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките - рече Груби.
Не му остана должна и Ивановска, која по гостувањето сподели: Кога сѐ е наопаку, дното е на површина! https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ne-veruvam-vo-kapatsitetite-na-dksk/

The post Ивановска му врати на Груби: Кога сѐ е наопаку, дното е на површина appeared first on Република.

]]>
Ивановска: ДКСК нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-dksk-nema-nadlezhnost-da-postapuva-za-vnukot-na-ahmeti-2/ Fri, 23 Jun 2023 14:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=654473

Внукот на Али Ахмети не е избрано и именувано лице поради што, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) директно нема надлежност да постапува по него, рече денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Одговорајќи на новинарско прашање дали ДКСК го следи случајот „Соравија“ во кој е наводно инволвиран внукот на Ахмети и дали има можност за постапување, Ивановска напомена дека ДКСК веќе четири години укажува на неопходноста од донесување закон за потекло на имот.

Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот - рече Ивановска на прес-конференција.

Таа информира и дека е избришан делот од законот во кој ДКСК барала секој граѓанин да има обврска да го пријави и имотот, но и средствата со кои е стекнат.

Според нас, се губи основната цел на постоењето на тој закон. Дали Владата ќе донесе понатаму одлука, дали ќе формира работно тело за подготовка, не знам, но мислам дека се изгуби многу време, а тој закон е основен ако сакаме вистинска борба против корупцијата зашто ние имавме бројни случаи и дојави дека некој има некаков имот, а кога ќе го провериме со Катастарот, имотот му е во ред. Значи, упатува на тоа дека е пријавен на друго лице. Единствен начин да се спречи тоа, е да се има клучна контрола. Клучната контрола треба да даде црвени светла каде постои ризик дека нешто е незаконски, а тоа може да се постигне само ако се направи поврзување на податоци кои ги имаат институциите кои регуларно ги собираат и изготвување софтвер кој ќе детектира ризици. Тоа не е воопшто тешко да се спроведе, но треба добра волја - потенцира Ивановска.

The post Ивановска: ДКСК нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>

Внукот на Али Ахмети не е избрано и именувано лице поради што, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) директно нема надлежност да постапува по него, рече денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Одговорајќи на новинарско прашање дали ДКСК го следи случајот „Соравија“ во кој е наводно инволвиран внукот на Ахмети и дали има можност за постапување, Ивановска напомена дека ДКСК веќе четири години укажува на неопходноста од донесување закон за потекло на имот.
Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот - рече Ивановска на прес-конференција.
Таа информира и дека е избришан делот од законот во кој ДКСК барала секој граѓанин да има обврска да го пријави и имотот, но и средствата со кои е стекнат.
Според нас, се губи основната цел на постоењето на тој закон. Дали Владата ќе донесе понатаму одлука, дали ќе формира работно тело за подготовка, не знам, но мислам дека се изгуби многу време, а тој закон е основен ако сакаме вистинска борба против корупцијата зашто ние имавме бројни случаи и дојави дека некој има некаков имот, а кога ќе го провериме со Катастарот, имотот му е во ред. Значи, упатува на тоа дека е пријавен на друго лице. Единствен начин да се спречи тоа, е да се има клучна контрола. Клучната контрола треба да даде црвени светла каде постои ризик дека нешто е незаконски, а тоа може да се постигне само ако се направи поврзување на податоци кои ги имаат институциите кои регуларно ги собираат и изготвување софтвер кој ќе детектира ризици. Тоа не е воопшто тешко да се спроведе, но треба добра волја - потенцира Ивановска.

The post Ивановска: ДКСК нема надлежност да постапува за внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-kolku-shto-mozheme-najbrzo-ke-go-zavrshime-razgleduvaneto-na-dogovorot-so-behtel-i-enka/ Thu, 25 May 2023 18:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=644694

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата.

Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.

Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите.

– Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.

Таа информираше дека договорот што им бил доставен има околу 200 страни и дека во него се предвидени сите обврски на државата.

На прашањето во кој дел би постапувала Антикорупциска, одговори дека за тоа ќе соопштат наскоро.

Сега не сакам да вадам делови, тоа ќе го кажеме во јавност. Не е само договорот што го разгледуваме туку и начинот на избор на надзорот, лиценците што ги има надзорот, фирмите што се ангажирани, свој коментар ќе дадеме и за законите, а исто така, особено внимание посветуваме и за земјиштето што ќе се експроприра затоа што е многу важно кога е купено тоа земјиште, рече Ивановска.

Во однос на временската рамка што ќе им биде потребна, Ивановска не посочи конкретен рок.

Овој предмет на сите ни тежи, нас најмногу затоа што од нас се очекува да кажеме што сме прочитале. Навистина даваме сѐ од себе за да можеме нешто да постигнеме плус. Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме, истакна Ивановска.

Доколку утврдат дека постоела некаква злоупотреба или дека ќе има негативни реперкусии кон државата, следниот чекор, како што посочи, би бил иницијатива до Јавното Обвинителство.

И таму е предметот отворен. Во меѓувреме се видов со јавниот обвинител и се договоривме дека би било добро да видиме кој до каде е и да ги стегнеме силите заеднички за ја истераме целата работа, рече таа.

Во врска со одлуката на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, за прекин на работата на администрацијата како привремена мерка за заштита на вработените поради инцидентот што се случи на 23 мај кога градоначалникот добил закани по живот од 69-годишен жител на Арачиново, таа рече оти тоа е резултат на партиски нерасчистени сметки.

Дали во општината треба да важат законите што се однесуваат за локалната самоуправа или некакви правила на партијата. Ова е по мене страшен сигнал, рече таа.

The post Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата.
Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.
Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите.
– Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе ги побараме и нив, рече Ивановска, посочувајќи дека нема сознанија дали во тие прилози има нешто што е дополнителна обврска за државата.
Таа информираше дека договорот што им бил доставен има околу 200 страни и дека во него се предвидени сите обврски на државата. На прашањето во кој дел би постапувала Антикорупциска, одговори дека за тоа ќе соопштат наскоро.
Сега не сакам да вадам делови, тоа ќе го кажеме во јавност. Не е само договорот што го разгледуваме туку и начинот на избор на надзорот, лиценците што ги има надзорот, фирмите што се ангажирани, свој коментар ќе дадеме и за законите, а исто така, особено внимание посветуваме и за земјиштето што ќе се експроприра затоа што е многу важно кога е купено тоа земјиште, рече Ивановска.
Во однос на временската рамка што ќе им биде потребна, Ивановска не посочи конкретен рок.
Овој предмет на сите ни тежи, нас најмногу затоа што од нас се очекува да кажеме што сме прочитале. Навистина даваме сѐ од себе за да можеме нешто да постигнеме плус. Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме, истакна Ивановска.
Доколку утврдат дека постоела некаква злоупотреба или дека ќе има негативни реперкусии кон државата, следниот чекор, како што посочи, би бил иницијатива до Јавното Обвинителство.
И таму е предметот отворен. Во меѓувреме се видов со јавниот обвинител и се договоривме дека би било добро да видиме кој до каде е и да ги стегнеме силите заеднички за ја истераме целата работа, рече таа.
Во врска со одлуката на градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, за прекин на работата на администрацијата како привремена мерка за заштита на вработените поради инцидентот што се случи на 23 мај кога градоначалникот добил закани по живот од 69-годишен жител на Арачиново, таа рече оти тоа е резултат на партиски нерасчистени сметки.
Дали во општината треба да важат законите што се однесуваат за локалната самоуправа или некакви правила на партијата. Ова е по мене страшен сигнал, рече таа.

The post Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Нека оди нека патува, ама Ковачевски треба да покаже кој плати за неговите деца во Вашингтон https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-neka-odi-neka-patuva-ama-kovachevski-treba-da-pokazhe-koj-plati-za-negovite-detsa-vo-vashington/ Fri, 19 May 2023 09:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=642569

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето.

Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-smetam-deka-e-nepotrebno-da-gi-pokazham-smetkite-za-moite-detsa-za-patot-vo-sad/

Одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај, како што рече, ќе донесат денеска на колегиум и ќе известат.

Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски”.

Прашана дали има етика и морал кај нашите функционери, Ивановска истакна дека кај нас нема доволно почитување ниту на законите, ниту на етичкиот кодекс.

Штом ми го поставувате прашањето многу јасно е дали има или нема, да не се праивме слепи при очи. Дали е доволно, да доволно е да има етички кодекс ако се почитува. Проблемот кај нас е што не нема доволно почитување ниту на законите ниту на овие помеки мерки. Етичкиот кодекс е помека мерка, опомена. Некој да ме опомене за нешто нема да помсилам веќе тоа да го правам. Додека ние зборувавме за опомена на нашата конференција вие ми кажавте дека повторно го гледате истиот министер повторно со службено возило. Значи опомената не делува, ако е така тогаш треба други мерки бидејќи тие мерки не делуваат. А видете ги примерите од странство, дали е така. Кога случајно министерката ја погрешила картичката и платила со службената да си купи ѓеврек веднаш даде оставка. Ѓеврекот не е материјална работа. Срамот е чувство што го носи само високоморален човек и сам Фројд рекол „кој нема срам бега од него“, нагласи Ивановска.

The post Ивановска: Нека оди нека патува, ама Ковачевски треба да покаже кој плати за неговите деца во Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето.
Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток, лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај, за жал таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива, рече Ивановска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-smetam-deka-e-nepotrebno-da-gi-pokazham-smetkite-za-moite-detsa-za-patot-vo-sad/ Одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај, како што рече, ќе донесат денеска на колегиум и ќе известат.
Ние одлуките дали отвараме или не предмет ги носиме на колегиум, денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме, посочи Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски”.
Прашана дали има етика и морал кај нашите функционери, Ивановска истакна дека кај нас нема доволно почитување ниту на законите, ниту на етичкиот кодекс.
Штом ми го поставувате прашањето многу јасно е дали има или нема, да не се праивме слепи при очи. Дали е доволно, да доволно е да има етички кодекс ако се почитува. Проблемот кај нас е што не нема доволно почитување ниту на законите ниту на овие помеки мерки. Етичкиот кодекс е помека мерка, опомена. Некој да ме опомене за нешто нема да помсилам веќе тоа да го правам. Додека ние зборувавме за опомена на нашата конференција вие ми кажавте дека повторно го гледате истиот министер повторно со службено возило. Значи опомената не делува, ако е така тогаш треба други мерки бидејќи тие мерки не делуваат. А видете ги примерите од странство, дали е така. Кога случајно министерката ја погрешила картичката и платила со службената да си купи ѓеврек веднаш даде оставка. Ѓеврекот не е материјална работа. Срамот е чувство што го носи само високоморален човек и сам Фројд рекол „кој нема срам бега од него“, нагласи Ивановска.

The post Ивановска: Нека оди нека патува, ама Ковачевски треба да покаже кој плати за неговите деца во Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Ивановска: Брисел е информиран за проблемите со кои се соочува ДКСК https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-brisel-e-informiran-za-problemite-so-koi-se-soochuva-dksk/ Wed, 26 Apr 2023 20:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=634421

Брисел е информиран и ги има забележано проблемите со кои се соочува Државната комисија за спречување на корупцијата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат претседателката на оваа Комисија, Билјана Ивановска.

„Она што е кажано во Брисел, а забележано од нивна страна, е дека Извештајот за спроведување на националната стратегија за 2021 година сѐ уште не е разгледан на пленарна седница на Собранието, што не е добро, имајќи предвид дека на 31 март го доставивме Извештајот за 2022 година. Потоа, дека имаме низок степен на реализација на активностите, што за нив е многу загрижувачко. Ќе биде уште повеќе бидејќи за 2021 процентот беше 20%, сега е 10%. Тоа покажува дека самата држава, самите институции не се заинтересирани нешто да направат“, вели Ивановска.

The post Ивановска: Брисел е информиран за проблемите со кои се соочува ДКСК appeared first on Република.