банани Archives - Република https://republika.mk/tema/banani/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 12:33:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банани Archives - Република https://republika.mk/tema/banani/ 32 32 Внимавајте кога пазарите: Во Грција пронајден еден тон кокаин во кутии од банани https://republika.mk/vesti/balkan/vnimavajte-koga-pazarite-vo-grtsija-pronajden-eden-ton-kokain-vo-kutii-od-banani/ Tue, 06 Aug 2024 11:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=803884

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од еден милион евра, кој бил скриен во контејнер за банани, соопшти денеска крајбрежната стража.

Околу 35 килограми кокаин се запленети во пристаништето Пиреја, а пратката била од Еквадор, пренесува Ројтерс.

Грчките власти во мај објавија дека разбиле меѓународна криминална група која шверцувала кокаин, транспортирајќи го во контејнери од Латинска Америка во Европа.

Неколку дена подоцна запленети се повеќе од 109 килограми кокаин сокриени во контејнер со замрзнати лигњи на брод во пристаништето Пиреја

The post Внимавајте кога пазарите: Во Грција пронајден еден тон кокаин во кутии од банани appeared first on Република.

]]>

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од еден милион евра, кој бил скриен во контејнер за банани, соопшти денеска крајбрежната стража. Околу 35 килограми кокаин се запленети во пристаништето Пиреја, а пратката била од Еквадор, пренесува Ројтерс. Грчките власти во мај објавија дека разбиле меѓународна криминална група која шверцувала кокаин, транспортирајќи го во контејнери од Латинска Америка во Европа. Неколку дена подоцна запленети се повеќе од 109 килограми кокаин сокриени во контејнер со замрзнати лигњи на брод во пристаништето Пиреја

The post Внимавајте кога пазарите: Во Грција пронајден еден тон кокаин во кутии од банани appeared first on Република.

]]>
Вработени во германски маркети отвориле пакет банани, добиле гратис кокаин https://republika.mk/vesti/svet/vraboteni-vo-germanski-marketi-otvorile-paket-banani-dobile-gratis-kokain/ Thu, 25 Apr 2024 13:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=771011

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин и во Бранденбург, Германија, откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакетите со банани.

Полицијата почна истрага и се вршат проверки во маркетите бидејќи не е познато колку дрога има во пакетите со банани, како и во колку продавници се дистрибуирани такви пратки.

Во Бранденбург во најмалку 4 продавници се пронајдени од 20 до 100 килограми кокаин скриен во пакетите со банани.

The post Вработени во германски маркети отвориле пакет банани, добиле гратис кокаин appeared first on Република.

]]>

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин и во Бранденбург, Германија, откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакетите со банани.
Полицијата почна истрага и се вршат проверки во маркетите бидејќи не е познато колку дрога има во пакетите со банани, како и во колку продавници се дистрибуирани такви пратки. Во Бранденбург во најмалку 4 продавници се пронајдени од 20 до 100 килограми кокаин скриен во пакетите со банани.

The post Вработени во германски маркети отвориле пакет банани, добиле гратис кокаин appeared first on Република.

]]>
Овие две намирници му даваат надчовечка енергија на Ноле https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ovie-dve-namirnitsi-mu-davaat-nadchovechka-energija-na-nole/ Wed, 14 Feb 2024 09:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=743950

Познато е дека Новак Ѓоковиќ многу внимава на исхраната.

Тој за време на мечот конзумира многу урми кои имаат изобилството на витамини и минерали,  богати се со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, го штитат мозокот и срцето и го подигнуваат нивото на енергија и кондиција. Три урми содржат околу 200 калории, 54 грама јаглени хидрати со околу пет грама влакна, еден грам протеини и без масти.

Оваа количина, исто така, обезбедува помали количини на широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамини Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.

Покрај ова суперовошје, Новак Ѓоковиќ консумира и банани, кои содржат три природни шеќери - сахароза, фруктоза и гликоза - и во комбинација со влакна се совршени за моментално зголемување на енергијата. Истражувањата покажаа дека консумирањето на само две банани дневно обезбедува доволно енергија за напорен тренинг од деведесет минути.

The post Овие две намирници му даваат надчовечка енергија на Ноле appeared first on Република.

]]>

Познато е дека Новак Ѓоковиќ многу внимава на исхраната. Тој за време на мечот конзумира многу урми кои имаат изобилството на витамини и минерали,  богати се со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, го штитат мозокот и срцето и го подигнуваат нивото на енергија и кондиција. Три урми содржат околу 200 калории, 54 грама јаглени хидрати со околу пет грама влакна, еден грам протеини и без масти. Оваа количина, исто така, обезбедува помали количини на широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамини Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган. Покрај ова суперовошје, Новак Ѓоковиќ консумира и банани, кои содржат три природни шеќери - сахароза, фруктоза и гликоза - и во комбинација со влакна се совршени за моментално зголемување на енергијата. Истражувањата покажаа дека консумирањето на само две банани дневно обезбедува доволно енергија за напорен тренинг од деведесет минути.

The post Овие две намирници му даваат надчовечка енергија на Ноле appeared first on Република.

]]>
Нутриционист предупредува ова популарно овошје да не се јаде за појадок https://republika.mk/zivot/zdravje/nutritsionist-predupreduva-ova-popularno-ovoshje-da-ne-se-jade-za-pojadok/ Wed, 06 Dec 2023 13:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=720349

Ако сте како повеќето, брзате наутро и појадувате нешто што може да се јаде во движење. Затоа, бананите се популарен избор, но според нутриционистот Дерил Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.

Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но набргу ќе бидете уморни и гладни, рекол тој за Бирд.

Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат нашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како што се јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.

Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии што откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќерот во крвта. На прво место треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку секој ден јадат банани.

 

The post Нутриционист предупредува ова популарно овошје да не се јаде за појадок appeared first on Република.

]]>

Ако сте како повеќето, брзате наутро и појадувате нешто што може да се јаде во движење. Затоа, бананите се популарен избор, но според нутриционистот Дерил Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.
Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но набргу ќе бидете уморни и гладни, рекол тој за Бирд.
Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат нашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како што се јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца. Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии што откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќерот во крвта. На прво место треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку секој ден јадат банани.  

The post Нутриционист предупредува ова популарно овошје да не се јаде за појадок appeared first on Република.

]]>
Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди https://republika.mk/vesti/balkan/tsrna-gora-unishteni-20-toni-banani-poradi-premnogu-pestitsidi/ Thu, 09 Nov 2023 20:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=700038

Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи.

Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив бил пронајден нелегалниот пестицид хлорпирифос - кој во Црна Гора е целосно забранет.

Во извештајот за септември се наведува дека 2.700 килограми нектарини се уништени поради пестицидот форметанат, кој е забранет и во земјите од Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Инспекторите уништиле и две пратки со добиточна храна во количина од 20.580 килограми бидејќи им поминал рокот на употреба.

Покрај уништената храна, во небезбедните пратки се и оние кои се вратени.

Инспекторите во септември од граница вратиле две пратки добиточна храна во количина од 48.900 килограми и 21.104 килограми лимони.

Вратени се и пратка корнишони од 1.786 килограми, 10.774 килограми домати и една пратка краставици од 2.229 килограми и 8.298 килограми грозје.

The post Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди appeared first on Република.

]]>

Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи. Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив бил пронајден нелегалниот пестицид хлорпирифос - кој во Црна Гора е целосно забранет. Во извештајот за септември се наведува дека 2.700 килограми нектарини се уништени поради пестицидот форметанат, кој е забранет и во земјите од Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето. Инспекторите уништиле и две пратки со добиточна храна во количина од 20.580 килограми бидејќи им поминал рокот на употреба. Покрај уништената храна, во небезбедните пратки се и оние кои се вратени. Инспекторите во септември од граница вратиле две пратки добиточна храна во количина од 48.900 килограми и 21.104 килограми лимони. Вратени се и пратка корнишони од 1.786 килограми, 10.774 килограми домати и една пратка краставици од 2.229 килограми и 8.298 килограми грозје.

The post Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди appeared first on Република.

]]>
Во Холандија запленети 7.7 тони кокаин во банани https://republika.mk/vesti/svet/vo-holandija-zapleneti-7-7-toni-kokain-vo-banani/ Wed, 18 Oct 2023 06:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=692326

Холандската полиција заплени 7,7 тони кокаин во Блајсвајк, село северно од Ротердам и приведе шест лица.

Холандската полиција вчера соопшти дека уапсила шест мажи северно од Ротердам, откако истовариле најмалку 7,7 тони кокаин од камион со банани.

Камионот со дрога го забележала царината во Антверпен, која потоа ги известила своите холандски колеги.

-Приведените се тројца Холанѓани на 41, 49 и 60 години и двајца Белгијци на 21 и 48 години, додаде холандската полиција, нагласувајќи дека не може да ја исклучи можноста за други апсења.

Холандската царина неодамна извести дека запленила повеќе од 29.702 килограми дрога во првата половина на 2023 година, што е повеќе отколку во истиот период минатата година (22.009 килограми). мс/

The post Во Холандија запленети 7.7 тони кокаин во банани appeared first on Република.

]]>

Холандската полиција заплени 7,7 тони кокаин во Блајсвајк, село северно од Ротердам и приведе шест лица. Холандската полиција вчера соопшти дека уапсила шест мажи северно од Ротердам, откако истовариле најмалку 7,7 тони кокаин од камион со банани. Камионот со дрога го забележала царината во Антверпен, која потоа ги известила своите холандски колеги. -Приведените се тројца Холанѓани на 41, 49 и 60 години и двајца Белгијци на 21 и 48 години, додаде холандската полиција, нагласувајќи дека не може да ја исклучи можноста за други апсења. Холандската царина неодамна извести дека запленила повеќе од 29.702 килограми дрога во првата половина на 2023 година, што е повеќе отколку во истиот период минатата година (22.009 килограми). мс/

The post Во Холандија запленети 7.7 тони кокаин во банани appeared first on Република.

]]>
Во Ротердам запленети повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани https://republika.mk/vesti/svet/vo-roterdam-zapleneti-poveke-od-osum-toni-kokain-skrieni-vo-kontejner-so-banani/ Thu, 10 Aug 2023 15:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=670861

Граничните службеници на пристаништето во Ротердам заплениле повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани, соопшти денеска холандското обвинителство.

Британските медиуми наведуваат дека ова е најголемата пратка кокаин досега откриена на ова пристаниште.

Портпаролот на обвинителството изјави дека дрогата патувала од Еквадор, преку Панамскиот канал, до Ротердам. Пратката била откриена од полициски кучиња на 13 јули. Запленувањето на кокаинот, чија вредност се проценува на повеќе од 600 милиони долари, била чувана во тајност за да не се меша во истрагата.

Истрагата е во тек, а досега во Холандија не е приведено ниту едно осомничено лице.

 

The post Во Ротердам запленети повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани appeared first on Република.

]]>

Граничните службеници на пристаништето во Ротердам заплениле повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани, соопшти денеска холандското обвинителство. Британските медиуми наведуваат дека ова е најголемата пратка кокаин досега откриена на ова пристаниште. Портпаролот на обвинителството изјави дека дрогата патувала од Еквадор, преку Панамскиот канал, до Ротердам. Пратката била откриена од полициски кучиња на 13 јули. Запленувањето на кокаинот, чија вредност се проценува на повеќе од 600 милиони долари, била чувана во тајност за да не се меша во истрагата. Истрагата е во тек, а досега во Холандија не е приведено ниту едно осомничено лице.  

The post Во Ротердам запленети повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани appeared first on Република.

]]>
Албанска банда прошверцувала 5 тони кокаин во кутии со банани https://republika.mk/vesti/balkan/albanska-banda-proshvertsuvala-5-toni-kokain-vo-kutii-so-banani/ Tue, 25 Jul 2023 06:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=664917

Шпанските власти разбиле албанска криминална банда која шверцувала 5 тони кокаин скриен во товар со банани, при што биле уапсени пет лица, јавија албанските медиуми.

Дрогата била прошверцувана во пристаништето Малага, а потоа запленета, откако била пренесена во магацин на индустриски имот во Аликанте. Според шпанските медиуми, ова била најголемата заплена на наркотици досега.

Кокаинот, кој пристигнал од Еквадор во пратка банани, имал чистота од 87% а неговата пазарна вредност достигнува 265 милиони евра.

Полицајците пронајдоа два камиона што ја превезувале дрогата и виделе како стоката ја растоварале осомничените членови, кои носеле рефлектирачка облека за да се преправаат дека се редовни работници во областа.

Според полицијата, осомничените трговци со дрога постојано го менувале местото на живеење, често патувале во странство и имале различни фирми за перење пари стекнати од трговија со дрога.

The post Албанска банда прошверцувала 5 тони кокаин во кутии со банани appeared first on Република.

]]>

Шпанските власти разбиле албанска криминална банда која шверцувала 5 тони кокаин скриен во товар со банани, при што биле уапсени пет лица, јавија албанските медиуми. Дрогата била прошверцувана во пристаништето Малага, а потоа запленета, откако била пренесена во магацин на индустриски имот во Аликанте. Според шпанските медиуми, ова била најголемата заплена на наркотици досега. Кокаинот, кој пристигнал од Еквадор во пратка банани, имал чистота од 87% а неговата пазарна вредност достигнува 265 милиони евра. Полицајците пронајдоа два камиона што ја превезувале дрогата и виделе како стоката ја растоварале осомничените членови, кои носеле рефлектирачка облека за да се преправаат дека се редовни работници во областа. Според полицијата, осомничените трговци со дрога постојано го менувале местото на живеење, често патувале во странство и имале различни фирми за перење пари стекнати од трговија со дрога.

The post Албанска банда прошверцувала 5 тони кокаин во кутии со банани appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 800 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани во супермаркети во Чешка https://republika.mk/vesti/svet/povekje-od-800-kilogrami-kokain-pronajdeni-vo-kutii-so-banani-vo-supermarketi-vo-cheshka/ Sat, 11 Jun 2022 11:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=513816

Локалната полиција заплени 840 килограми кокаин пронајдени во гајби со банани во супермаркети во два града во Чешка.

Вредноста на дрогата се проценува на 81 милион евра, соопшти вчера чешката полиција.

Вработените во супермаркетот во градовите Јичин и Рихнов над Књежној ја известиле полицијата откако пронашле сомнителна содржина во кутиите.

Полицијата соопшти дека пребарала и други места каде биле испорачани кутии од истата пратка.

Локалните медиуми јавија дека бананите пристигнале во Чешка од Колумбија.

The post Повеќе од 800 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани во супермаркети во Чешка appeared first on Република.

]]>

Локалната полиција заплени 840 килограми кокаин пронајдени во гајби со банани во супермаркети во два града во Чешка. Вредноста на дрогата се проценува на 81 милион евра, соопшти вчера чешката полиција. Вработените во супермаркетот во градовите Јичин и Рихнов над Књежној ја известиле полицијата откако пронашле сомнителна содржина во кутиите. Полицијата соопшти дека пребарала и други места каде биле испорачани кутии од истата пратка. Локалните медиуми јавија дека бананите пристигнале во Чешка од Колумбија.

The post Повеќе од 800 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани во супермаркети во Чешка appeared first on Република.

]]>
Пријател на Заев и Груби ќе се испитува за шверц на 500 килограми кокаин во банани https://republika.mk/vesti/balkan/prijatel-na-zaev-i-grubi-kje-se-ispituva-za-shverc-na-500-kilogrami-kokain-vo-banani/ Mon, 31 Jan 2022 06:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=451723

На седницата на Комисијата за безбедност и одбрана на црногорскиот Парламент денеска се очекува да се одржи контролна расправа со шефовите на Владата, полицијата и обвинителството.

Владините функционери ќе бидат сослушани во врска со заплената на околу 500 килограми кокаин.

Според најавите за седницата, комисијата ќе ги сослуша премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, јавува РТЦГ. Најавено е сослушување и на директорот на Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност Зоран Брѓанин и Дејан Вукшиќ, како и н а претставници на обвинителството.

Работниците на подгоричката компанија „Волија“ на 12 јануари во магацинот на фирмата пронашле кокаин во пакувања со банани, за што ја известиле полицијата. Управата за приходи и царината соопштија дека бродот на кој имало пратка банани, на 2 јануари впловил во пристаништето Бар.

Специјалното државно обвинителство покрена кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора, потсетува црногорската телевизија

The post Пријател на Заев и Груби ќе се испитува за шверц на 500 килограми кокаин во банани appeared first on Република.

]]>

На седницата на Комисијата за безбедност и одбрана на црногорскиот Парламент денеска се очекува да се одржи контролна расправа со шефовите на Владата, полицијата и обвинителството. Владините функционери ќе бидат сослушани во врска со заплената на околу 500 килограми кокаин. Според најавите за седницата, комисијата ќе ги сослуша премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, јавува РТЦГ. Најавено е сослушување и на директорот на Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност Зоран Брѓанин и Дејан Вукшиќ, како и н а претставници на обвинителството. Работниците на подгоричката компанија „Волија“ на 12 јануари во магацинот на фирмата пронашле кокаин во пакувања со банани, за што ја известиле полицијата. Управата за приходи и царината соопштија дека бродот на кој имало пратка банани, на 2 јануари впловил во пристаништето Бар. Специјалното државно обвинителство покрена кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора, потсетува црногорската телевизија

The post Пријател на Заев и Груби ќе се испитува за шверц на 500 килограми кокаин во банани appeared first on Република.

]]>
Кокаин пронајден во пакети со банани во магацин во Подгорица https://republika.mk/vesti/balkan/kokain-pronajden-vo-paketi-so-banani-vo-magacin-vo-podgorica/ Wed, 12 Jan 2022 17:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=443880

Во магацинот на логистичкиот центар „Воли“ во Подгорица, пронајдена е сомнителна материја во пакет со банани, за која постои сомневање дека е кокаин, пишува „Подгорица њуз“.

Од повеќе извори на Полициската управа, за овој медиум велат дека полицијата била повикана од раководството на тој трговски синџир, по што била направена истрага.

Полицијата ќе истражува дали се работи за скап бел прашок и доколку е така како завршил во магацинот.

Оваа информација не е официјално потврдена или демантирана.

Партијата „Права Црна Гора“ објави дека има фотографии со пакувања банани кои, како што велат, содржат кокаин според сите индикации.

Партијата ги повика институциите итно да реагираат.

The post Кокаин пронајден во пакети со банани во магацин во Подгорица appeared first on Република.

]]>

Во магацинот на логистичкиот центар „Воли“ во Подгорица, пронајдена е сомнителна материја во пакет со банани, за која постои сомневање дека е кокаин, пишува „Подгорица њуз“. Од повеќе извори на Полициската управа, за овој медиум велат дека полицијата била повикана од раководството на тој трговски синџир, по што била направена истрага. Полицијата ќе истражува дали се работи за скап бел прашок и доколку е така како завршил во магацинот. Оваа информација не е официјално потврдена или демантирана. Партијата „Права Црна Гора“ објави дека има фотографии со пакувања банани кои, како што велат, содржат кокаин според сите индикации. Партијата ги повика институциите итно да реагираат.

The post Кокаин пронајден во пакети со банани во магацин во Подгорица appeared first on Република.

]]>