балтимор Archives - Република https://republika.mk/tema/baltimor/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 13:10:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балтимор Archives - Република https://republika.mk/tema/baltimor/ 32 32 Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор https://republika.mk/vesti/svet/osiguruvaneto-ke-plati-350-milioni-dolari-poradi-urivaneto-na-mostot-vo-baltimor/ Thu, 02 May 2024 13:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=773445

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“.

Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот. Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција.

Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“.

The post Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“. Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте други поради уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурителните куќи четири милијарди долари, што би била рекордна исплата во областа на транспортот. Шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот во Балтимор долг 2,4 километри, поради што се урна целата конструкција. Осигурителната компанија „Чаб“ заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите од несреќата најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува „Волстрит Џурнал“.

The post Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор https://republika.mk/vesti/svet/merilend-dobi-pomosh-od-60-milioni-dolari-po-urivaneto-na-mostot-vo-baltimor/ Fri, 29 Mar 2024 07:42:26 +0000 https://republika.mk/?p=759967

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот.

The post Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод. Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“. Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување. Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско. Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт. Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот.

The post Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Нуркачи ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор https://republika.mk/vesti/svet/nurkachi-ja-pronajdoa-tsrnata-kutija-od-brodot-shto-udri-vo-mostot-vo-baltimor/ Wed, 27 Mar 2024 13:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=759366

Нуркачи од Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што вчера рано изутрината удри во мостот „Френсис Скот Ки“, изјави претседателот на НТСБ, Џенифер Хоменди.

„Црната кутија“ ќе биде анализирана и институцијата ќе испита дали валканото гориво имало улога во губењето на моќта на бродот како дел од истрагата за несреќата, изјави Хоменди за Си-Ен-Ен.

The post Нуркачи ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Нуркачи од Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што вчера рано изутрината удри во мостот „Френсис Скот Ки“, изјави претседателот на НТСБ, Џенифер Хоменди. „Црната кутија“ ќе биде анализирана и институцијата ќе испита дали валканото гориво имало улога во губењето на моќта на бродот како дел од истрагата за несреќата, изјави Хоменди за Си-Ен-Ен.

The post Нуркачи ја пронајдоа „црната кутија“ од бродот што удри во мостот во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Бајден за уривањето на мостот: Досега се укажува за несреќа, а не намерен чин https://republika.mk/vesti/svet/bajden-za-urivaneto-na-mostot-dosega-se-ukazhuva-za-nesreka-a-ne-nameren-chin/ Tue, 26 Mar 2024 18:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=759062

Американскиот претседател Џо Бајден, се обрати на јавноста во САД поради несреќата која се случи во Балтимор, кога бродот „Дали“ удри во мостот „Френсис Скот Ки“, при што се сруши.

Бајден кажа дека се досега укажува дека станува збор за несреќа, а не за намерен чин.

Се до сега укажува дека ова беше страшна несреќа. Во овој момент немаме други индиции. Немаме други причини да веруваме дека постои било каков намерен чин, кажа Бајден кој напомена дека мостот ќе биде обновен.

Шест лица се водат како исчезнати откако бродот удри во мостот. Челниците на Балтимор кажаа дека најмалку седум возила со дваесетина лица паднале од мостот при ударот.

The post Бајден за уривањето на мостот: Досега се укажува за несреќа, а не намерен чин appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден, се обрати на јавноста во САД поради несреќата која се случи во Балтимор, кога бродот „Дали“ удри во мостот „Френсис Скот Ки“, при што се сруши. Бајден кажа дека се досега укажува дека станува збор за несреќа, а не за намерен чин. Се до сега укажува дека ова беше страшна несреќа. Во овој момент немаме други индиции. Немаме други причини да веруваме дека постои било каков намерен чин, кажа Бајден кој напомена дека мостот ќе биде обновен. Шест лица се водат како исчезнати откако бродот удри во мостот. Челниците на Балтимор кажаа дека најмалку седум возила со дваесетина лица паднале од мостот при ударот.

The post Бајден за уривањето на мостот: Досега се укажува за несреќа, а не намерен чин appeared first on Република.

]]>
ФБИ: Нема докази дека уривањето на мостот во Балтимор е поврзан со со тероризам https://republika.mk/vesti/svet/fbi-nema-dokazi-deka-urivaneto-na-mostot-vo-baltimor-e-povrzan-so-so-terorizam/ Tue, 26 Mar 2024 17:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=759056

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) денеска соопшти дека не веруваат дека уривањето на мостот во Балтимор предизвикано од судир на товарен брод е намерно и додаваат дека нема докази дека инцидентот е поврзан со тероризам.

Од бродската компанија изјавија дека непосредно пред судирот со столб од мостот именуван „Франсис Скот“, кој е долг околу три километри, испратиле сигнал за помош.

Федералните и државните власти, како Националниот борд за безбеднот во транспорот, продолжуваат со истрагата околу оваа несреќа, како и со потрага и спасување на преживеаните, бидејќи во студените води на заливот пропаднаа повеќе возила и луѓе.

Инцидентот се случи денеска околу 1:30 часот по полноќ.

-Нема специфична или кредибилна информација дека ова е поврзано со тероризам, изјави денеска на прес брифинг Вилијам Дебањо, агент на ФБИ од канцеларијата на службата во Балтимор.

Се претпоставува дека од седум до 20 возила пропаднале во водата по урувањето на мостот, а засега се уште се трага по преживеаните.

Шест лица се уште се водат како исчезнати откако главниот мост во американскиот град Балтимор во близина на Вашингтон се урна, изјави на прес-конференција државниот секретар за транспорт, Пол Видефелд, а пренесува МИА.

Најмалку две лица се спасени по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако товарен брод удри во структурата, соопштија локалните пожарникари. Балтимор, кој се наоѓа во државата Мериленд, се наоѓа на околу 62 километри североисточно од главниот град на САД.

Едно лице е во критична состојба во болница, соопшти шефот на противпожарната служба Џејмс Валас.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава по колапсот на мостот. Во моментот на судирот, работници биле на мостот и вршеле поправка на конструкцијата, рече тој, но не се знае колку луѓе имало на конструкцијата кога речиси целиот надводен дел од мостот долг 2,5 километри пропадна.

Од данската компанија Маерск која управувала со транспортот на контејнерниот брод, соопштија дека веднаш пред судирот бродот испратил сигнал за помош.

-Екипажот услеал да испрати „мејдеј“ сигнал за службите да го запрат сообраќајот на мостот, изјави претставник на компанијата.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур рече дека благодарение на сигналот за итни случаи, службениците успеале да го запрат сообраќајот,поради што немало повеќе автомобили да се движат по мостот. Според екипажот, имало проблем со напојувањето на бродот, потврди Мур, без да даде дополнителни детали.

Крајбрежната стража и останатите спасувачки служби продолжуваат со операцијата за спасување.

The post ФБИ: Нема докази дека уривањето на мостот во Балтимор е поврзан со со тероризам appeared first on Република.

]]>

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) денеска соопшти дека не веруваат дека уривањето на мостот во Балтимор предизвикано од судир на товарен брод е намерно и додаваат дека нема докази дека инцидентот е поврзан со тероризам. Од бродската компанија изјавија дека непосредно пред судирот со столб од мостот именуван „Франсис Скот“, кој е долг околу три километри, испратиле сигнал за помош. Федералните и државните власти, како Националниот борд за безбеднот во транспорот, продолжуваат со истрагата околу оваа несреќа, како и со потрага и спасување на преживеаните, бидејќи во студените води на заливот пропаднаа повеќе возила и луѓе. Инцидентот се случи денеска околу 1:30 часот по полноќ. -Нема специфична или кредибилна информација дека ова е поврзано со тероризам, изјави денеска на прес брифинг Вилијам Дебањо, агент на ФБИ од канцеларијата на службата во Балтимор. Се претпоставува дека од седум до 20 возила пропаднале во водата по урувањето на мостот, а засега се уште се трага по преживеаните. Шест лица се уште се водат како исчезнати откако главниот мост во американскиот град Балтимор во близина на Вашингтон се урна, изјави на прес-конференција државниот секретар за транспорт, Пол Видефелд, а пренесува МИА. Најмалку две лица се спасени по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако товарен брод удри во структурата, соопштија локалните пожарникари. Балтимор, кој се наоѓа во државата Мериленд, се наоѓа на околу 62 километри североисточно од главниот град на САД. Едно лице е во критична состојба во болница, соопшти шефот на противпожарната служба Џејмс Валас. Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава по колапсот на мостот. Во моментот на судирот, работници биле на мостот и вршеле поправка на конструкцијата, рече тој, но не се знае колку луѓе имало на конструкцијата кога речиси целиот надводен дел од мостот долг 2,5 километри пропадна. Од данската компанија Маерск која управувала со транспортот на контејнерниот брод, соопштија дека веднаш пред судирот бродот испратил сигнал за помош. -Екипажот услеал да испрати „мејдеј“ сигнал за службите да го запрат сообраќајот на мостот, изјави претставник на компанијата. Гувернерот на Мериленд, Вес Мур рече дека благодарение на сигналот за итни случаи, службениците успеале да го запрат сообраќајот,поради што немало повеќе автомобили да се движат по мостот. Според екипажот, имало проблем со напојувањето на бродот, потврди Мур, без да даде дополнителни детали. Крајбрежната стража и останатите спасувачки служби продолжуваат со операцијата за спасување.

The post ФБИ: Нема докази дека уривањето на мостот во Балтимор е поврзан со со тероризам appeared first on Република.

]]>
Моментот кога во Балтимор се урна мостот, откако во него удри товарен брод https://republika.mk/vesti/svet/momentot-koga-vo-baltimor-se-urna-mostot-otkako-vo-nego-udri-tovaren-brod/ Tue, 26 Mar 2024 17:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=759052

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера.

Целиот сообраќај се одвива по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали.

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката.

Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации

The post Моментот кога во Балтимор се урна мостот, откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера. Целиот сообраќај се одвива по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали. Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор. Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката. Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации

The post Моментот кога во Балтимор се урна мостот, откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>
Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам https://republika.mk/vesti/svet/politsijata-za-mostot-vo-baltimor-ne-stanuva-zbor-za-terorizam/ Tue, 26 Mar 2024 12:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=758918

Нема докази дека ударот со брод што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен, соопшти полицијата во Балтимор додека продолжува потрагата по неутврден број исчезнати лица во реката Потапско, јавуваат американските медиуми.

Апсолутно нема индикации дека станува збор за некаков вид тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли на прес-конференција.

Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна откако ноќеска контејнерски брод удрил во еден од неговите столбови.

Бројот на исчезнати лица се уште не е утврден.

Портпаролот на локалната противпожарна единица претходно изјави дека во водата има дваесетина луѓе, но новите податоци покажуваат дека ги има помалку. Потрагата е отежната поради намалената видливост и ниските температури. Температурата на водата во реката е околу девет степени Целзиусови. Во овие услови во реката може да се преживее околу три часа, па нуркачите се во трка со времето.

По уривањето на мостот спасувачките екипи утврдиле дека има возила во реката Пoтапско.

The post Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам appeared first on Република.

]]>

Нема докази дека ударот со брод што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен, соопшти полицијата во Балтимор додека продолжува потрагата по неутврден број исчезнати лица во реката Потапско, јавуваат американските медиуми.
Апсолутно нема индикации дека станува збор за некаков вид тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли на прес-конференција.
Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор се урна откако ноќеска контејнерски брод удрил во еден од неговите столбови. Бројот на исчезнати лица се уште не е утврден. Портпаролот на локалната противпожарна единица претходно изјави дека во водата има дваесетина луѓе, но новите податоци покажуваат дека ги има помалку. Потрагата е отежната поради намалената видливост и ниските температури. Температурата на водата во реката е околу девет степени Целзиусови. Во овие услови во реката може да се преживее околу три часа, па нуркачите се во трка со времето. По уривањето на мостот спасувачките екипи утврдиле дека има возила во реката Пoтапско.

The post Полицијата за мостот во Балтимор: Не станува збор за тероризам appeared first on Република.

]]>
Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод https://republika.mk/vesti/svet/vo-baltimor-se-urna-most-otkako-vo-nego-udri-tovaren-brod/ Tue, 26 Mar 2024 08:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=758753

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера.

Целиот сообраќај се одвиба по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали.

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката.

Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации.

The post Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера. Целиот сообраќај се одвиба по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали. Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор. Според досега достапните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Се сомнева дека сите завршиле во реката. Службите за итна помош се на лице место и наскоро се очекуваат повеќе информации.

The post Во Балтимор се урна мост откако во него удри товарен брод appeared first on Република.

]]>
Две лица загинаа, а најмалку 28 се повредени во пукање во Балтимор https://republika.mk/vesti/svet/dve-litsa-zaginaa-a-najmalku-28-se-povredeni-vo-pukane-vo-baltimor/ Sun, 02 Jul 2023 15:04:35 +0000 https://republika.mk/?p=657475

Две лица се убиени, а најмалку 28 други се повредени во масовно пукање во градот Балтимор во американската сојузна држава Мериленд, соопшти тамошната полиција.

Во нападот загинаа тинејџерка на 18-годишна возраст и момче на возраст од 20 години.

Девет лица се префрлени во болница од страна на итната помош, додека 20 повредени пеш отишле во околните здравствени установи. Тројца од повредените се во критична состојба.

Пукањето се случило нешто по полноќ по локално време во кварт во Балтимор каде што во моментот биле собрани стотици луѓе на настан наречен „Ден на Бруклин“ кој се одржувал секоја година.

Очевидци на настанот велат дека се слушнале 20 до 30 истрели.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство и дека засега не е познат мотивот за нападот.

 

The post Две лица загинаа, а најмалку 28 се повредени во пукање во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Две лица се убиени, а најмалку 28 други се повредени во масовно пукање во градот Балтимор во американската сојузна држава Мериленд, соопшти тамошната полиција. Во нападот загинаа тинејџерка на 18-годишна возраст и момче на возраст од 20 години. Девет лица се префрлени во болница од страна на итната помош, додека 20 повредени пеш отишле во околните здравствени установи. Тројца од повредените се во критична состојба. Пукањето се случило нешто по полноќ по локално време во кварт во Балтимор каде што во моментот биле собрани стотици луѓе на настан наречен „Ден на Бруклин“ кој се одржувал секоја година. Очевидци на настанот велат дека се слушнале 20 до 30 истрели. Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство и дека засега не е познат мотивот за нападот.  

The post Две лица загинаа, а најмалку 28 се повредени во пукање во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Најмалку четири загинати и 25 ранети во престрелка во Балтимор https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-chetiri-zaginati-i-25-raneti-vo-prestrelka-vo-baltimor/ Sun, 02 Jul 2023 08:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=657336

Најмалку четири луѓе загинале, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на локални службеници и сведоци.

Порталот „БНО њуз“ објави дека масовното пукање се случило нешто по полноќ по локално време, на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“.

Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели.

Други детали засега не се познати.

The post Најмалку четири загинати и 25 ранети во престрелка во Балтимор appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири луѓе загинале, а 25 се ранети во престрелка во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на локални службеници и сведоци. Порталот „БНО њуз“ објави дека масовното пукање се случило нешто по полноќ по локално време, на забава на која присуствувале повеќе од 100 луѓе по повод „Денот на Бруклин“. Очевидци велат дека биле испукани околу 30 истрели. Други детали засега не се познати.

The post Најмалку четири загинати и 25 ранети во престрелка во Балтимор appeared first on Република.

]]>
Имаш среќа што не сум те убил: Маж влета на конгрес на лекари и почна да го тепа гинекологот на жена му https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/imash-sreka-shto-ne-sum-te-ubil-mazh-vleta-na-kongres-na-lekari-i-pochna-da-go-tepa-ginekologot-na-zhena-mu/ Fri, 09 Jun 2023 13:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=649625

Разлутен маж упаднал на конгрес на гинеколози во Балтимор и почнал да му удира шлаканици на панелист, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга додека ја прегледувал.

Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како крупен маж излегува на сцената, го фаќа лекарот од Лонг Ајленд за јака, а потоа почнува да му удира шлаканици. Запрепастениот доктор гледа наоколу за помош додека многу повисокиот човек го фаќа за врат и покажува кон него.

Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападна мојата сопруга. Чекав седум години да те запознаам. Имаш среќа што не те убив – вика мажот додека некој од публиката гласно го повикува обезбедувањето.

Полицијата во Балтимор за ВМАР потврдила дека физичкиот напад врз докторот се случил на конференција на акушери и гинеколози на 20 мај. Лекарот, кој не е јавно идентификуван, според локалните медиуми, не е обвинет за никакво кривично дело.

Лекарот кој беше нападнат изјави дека не сака да поднесе кривична пријава ниту да поднесе пријава против лицето кое физички го нападна и дека повеќе би сакал тоа лице да биде изведено надвор од просториите – изјавил портпаролот на полицијата.

Американскиот колеџ за акушери и гинеколози испрати е-пошта за инцидентот до своите лекари.

Разбираме дека лекарите кои биле сведоци на инцидентот лично или на интернет, можеби доживеале траума, вклучително и многумина од вас кои во минатото доживеале сексуален напад или друго насилство – се вели во соопштението.

The post Имаш среќа што не сум те убил: Маж влета на конгрес на лекари и почна да го тепа гинекологот на жена му appeared first on Република.

]]>

Разлутен маж упаднал на конгрес на гинеколози во Балтимор и почнал да му удира шлаканици на панелист, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга додека ја прегледувал. Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како крупен маж излегува на сцената, го фаќа лекарот од Лонг Ајленд за јака, а потоа почнува да му удира шлаканици. Запрепастениот доктор гледа наоколу за помош додека многу повисокиот човек го фаќа за врат и покажува кон него.
Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападна мојата сопруга. Чекав седум години да те запознаам. Имаш среќа што не те убив – вика мажот додека некој од публиката гласно го повикува обезбедувањето.
Полицијата во Балтимор за ВМАР потврдила дека физичкиот напад врз докторот се случил на конференција на акушери и гинеколози на 20 мај. Лекарот, кој не е јавно идентификуван, според локалните медиуми, не е обвинет за никакво кривично дело.
Лекарот кој беше нападнат изјави дека не сака да поднесе кривична пријава ниту да поднесе пријава против лицето кое физички го нападна и дека повеќе би сакал тоа лице да биде изведено надвор од просториите – изјавил портпаролот на полицијата.
Американскиот колеџ за акушери и гинеколози испрати е-пошта за инцидентот до своите лекари.
Разбираме дека лекарите кои биле сведоци на инцидентот лично или на интернет, можеби доживеале траума, вклучително и многумина од вас кои во минатото доживеале сексуален напад или друго насилство – се вели во соопштението.

The post Имаш среќа што не сум те убил: Маж влета на конгрес на лекари и почна да го тепа гинекологот на жена му appeared first on Република.

]]>
Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца https://republika.mk/vesti/svet/nad-150-sveshtenitsi-od-nadbiskupijata-vo-baltimor-seksualno-zloupotrebile-poveke-od-600-detsa/ Thu, 06 Apr 2023 12:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=627975

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години.

Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца.

Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“.

Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста.

Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници.

Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии.

Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.

 

The post Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 150 католички свештеници поврзани со надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребувале над 600 деца и главно не биле повикани на одговорност за злосторството, се наведува во вчера објавениот државниот извештај, со што се открива обемот на злоупотребата во период од 80 години. Извештајот содржи сериозни обвинувања против надбискупијата, најстарата римокатоличка епархија во САД, која има ингеренции во поголемиот дел од сојузната држава Мериленд. Во некои парохии, училишта и заедници имало неколку активни насилници во исто време. На пример, 11 насилници живееле и работеле во парохијата Свети Марко во Катонсвил помеѓу 1964 и 2004 година. Еден ѓакон признал дека злоупотребувал повеќе од 100 деца. Балтиморскиот архиепископ Вилијам Лори им се извини на жртвите и рече дека извештајот „опишува историја на надбискупијата, што треба да се осуди; време кое нема да се занемари, игнорира или заборави“. Мрежата на жртви на злоупотребата од страна на свештениците, позната како СНАП, истакна дека во извештајот се наведени повеќе имиња на злоупотребувачи отколку што биле јавно објавени од страна на претставници на надбискупијата. Организацијата го повика архиепископот да ја објасни недоследноста. Во извештајот, исто така, се наведува дека претставниците на Католичката црква повеќе биле фокусирани на прикривање на злоупотребата наместо на заштита на жртвите. Во некои ситуации, жртвите пријавиле злоупотреба на свештеници кои и самите биле насилници. Во извештајот, од речиси 500 страници, наведени се бројни примери на црковни власти кои ги штитат обвинетите свештеници, на пример, дозволувајќи им да се пензионираат предвремено или да се префрлат во други парохии. Во 1964 година, отец Лоренс Брет призна дека сексуално злоупотребувал тинејџер на католички универзитет во Конектикат. Тој беше испратен во Ново Мексико под маската на лекување од хепатитис, а потоа во Сакраменто каде друг тинејџер пријавил дека бил малтретиран од Брет. Подоцна бил префрлен во Балтимор каде служел како капелан во католичко средно училиште за момчиња и малтретирал повеќе од 20 деца. Откако беше обвинет за малтретирање од неколку студенти во 1973 година, на Брет му беше дозволено да ја напушти функцијата под изговор дека се грижи за својата болна тетка. Училишните службеници не ја пријавиле злоупотребата кај властите. Тој никогаш не се соочи со кривична пријава и почина во 2010 година.  

The post Над 150 свештеници од надбискупијата во Балтимор сексуално злоупотребиле повеќе од 600 деца appeared first on Република.

]]>