Бајага Archives - Република https://republika.mk/tema/bajaga/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 07:32:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бајага Archives - Република https://republika.mk/tema/bajaga/ 32 32 По погребот на Бора Чорба, Бајага доживеал лесна сообраќајна несреќа https://republika.mk/scena/estrada/po-pogrebot-na-bora-chorba-bajaga-dozhiveal-lesna-soobrakajna-nesreka/ Sat, 07 Sep 2024 18:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=814189

Попгребан е српскиот музичар и фронтмен на групата „Рибља чорба“, Борисав Ѓорѓевиќ – Бора. Од легендарниот музичар се опростија членовите на семејството, пријателите, колегите и бројните обожаватели на неговата музика. Меѓу насобраните беше и Момчило Бајагиќ – Бајага, кој заедно со членовите на неговиот бенд со трогателни зборови се прости од Бора.

„На 4 септември нè напушти нашиот сакан Борисав Ѓорѓевиќ, поет и рок мајстор… Драг наш Боро! Ти благодариме што беше дел од нашите животи, како пријател и деловен соработник. Секогаш ќе бидеш во нашите срца и сеќавања. Твоите сакани и вечно твои: Бајага, Жика, Локнер, Гане, Киќо, Сале, Кузма, Чукиќ и Зеко“, пишува во некрологот испратен од „Бајага и инструктори“.

Веднаш по погребот, како што пишува српски „Блиц“, Бајага и неговите колеги доживеале полесна сообраќајна несреќа.

„Тоа беше полесна сообраќајна несреќа. Не бев јас тој што го доживеа судирот, туку автомобилот пред нас. Се случи мала сообраќајна несреќа и фала Богу сите се добро. Нема повредени“, изјави познатиот музичар.

The post По погребот на Бора Чорба, Бајага доживеал лесна сообраќајна несреќа appeared first on Република.

]]>

Бајага: Се надевав дека и сега ќе се извлече и сега https://republika.mk/scena/muzika/bajaga-se-nadevav-deka-i-sega-ke-se-izvleche-i-sega/ Wed, 04 Sep 2024 17:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=813193

Легендарниот музичар Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, почина во болница во Љубљана на 72-годишна возраст.

Оваа вест ги потресе сите оние кои го познаваа, ја сакаа неговата музика, а израснаа со групата „Рибља Чорба“.

Сега од него се прости и музичарот Момчило Бајагиќ – Бајага.

Кога ја слушнав веста утрово, навистина ме погоди. Го нема Бора, голем поет, музичар и мој пријател. Знаевме дека е болен… Меѓутоа, Бора веќе неколку пати поминал низ нешто слично. Се надевав дека и сега ќе се извлече и сега. Тој остави голем белег во поезијата и рок музиката. Многу ќе ми недостига, вели Бајага.

The post Бајага: Се надевав дека и сега ќе се извлече и сега appeared first on Република.

]]>

Легендарниот музичар Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, почина во болница во Љубљана на 72-годишна возраст. Оваа вест ги потресе сите оние кои го познаваа, ја сакаа неговата музика, а израснаа со групата „Рибља Чорба“. Сега од него се прости и музичарот Момчило Бајагиќ – Бајага.
Кога ја слушнав веста утрово, навистина ме погоди. Го нема Бора, голем поет, музичар и мој пријател. Знаевме дека е болен… Меѓутоа, Бора веќе неколку пати поминал низ нешто слично. Се надевав дека и сега ќе се извлече и сега. Тој остави голем белег во поезијата и рок музиката. Многу ќе ми недостига, вели Бајага.

The post Бајага: Се надевав дека и сега ќе се извлече и сега appeared first on Република.

]]>
40 години од објавувањето на албумот „Позитивна географија“: Бајага се враќа во МКЦ на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25ти мај” https://republika.mk/scena/40-godini-od-objavuvaneto-na-albumot-pozitivna-geografija-bajaga-se-vraka-vo-mkts-na-istata-stsena-od-togashen-dom-na-mladi-25ti-maj/ Mon, 11 Mar 2024 14:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=753698

Во 1984та година, Бајага & Инструктори го издадоа ремек делото ,,Позитивна географија”.Таа пролет, албумот беше доста срамежливо промовиран во три града и три сали:

Белград – ,,Дом синдиката”

Загреб – ,,Кулушиќ”

Скопје – ,,Дом на млади – 25 мај”.

Оваа пролет, Бајага веќе закажа и распродаде концерти во Белград (,,МТС Арена ” – некогашен ,,Дом синдиката”) и Загреб – ,,Творница културе” (култниот ,,Кулушиќ” веќе не постои), каде во клубска атмосфера ќе се свири реприза на пролет 1984та, со ,,Позитивна географија”.

Се разбира дека и ние веднаш реагиравме, а Бајага прифати да се врати во МКЦ после 40 години, и на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25ти мај” да го отсвири целиот албум ,,Позитивна географија”, како и уште некои песни од тоа време.

Пред секоја песна, Бајага ќе раскаже приказна за тоа како и зошто е напишана… што ја прави оваа вечер уште поуникатна.

Бајага скоро 40 години не ги свири ,,Знам човека”, ,,Папалине”, ,,Мали слонови”, ,,Марлена” и слично… Сега ќе го свири цел албум.

Нема потреба да се објаснува емоционалната ексклузивност на овој настан. Тој е наменет само за оние 1.000 луѓе на кои и онака се’ им е јасно.

Овој пат, Бајага ќе свири прво во МКЦ, па потоа во Белград и Загреб!“, објави организаторот „Авалон“.

Продажбата на влезници започнува во понеделник (11.03) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx во Македонија по цена од 1.500 денари.

The post 40 години од објавувањето на албумот „Позитивна географија“: Бајага се враќа во МКЦ на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25ти мај” appeared first on Република.

]]>

Во 1984та година, Бајага & Инструктори го издадоа ремек делото ,,Позитивна географија”.Таа пролет, албумот беше доста срамежливо промовиран во три града и три сали: Белград – ,,Дом синдиката” Загреб – ,,Кулушиќ” Скопје – ,,Дом на млади – 25 мај”. Оваа пролет, Бајага веќе закажа и распродаде концерти во Белград (,,МТС Арена ” – некогашен ,,Дом синдиката”) и Загреб – ,,Творница културе” (култниот ,,Кулушиќ” веќе не постои), каде во клубска атмосфера ќе се свири реприза на пролет 1984та, со ,,Позитивна географија”. Се разбира дека и ние веднаш реагиравме, а Бајага прифати да се врати во МКЦ после 40 години, и на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25ти мај” да го отсвири целиот албум ,,Позитивна географија”, како и уште некои песни од тоа време. Пред секоја песна, Бајага ќе раскаже приказна за тоа како и зошто е напишана… што ја прави оваа вечер уште поуникатна. Бајага скоро 40 години не ги свири ,,Знам човека”, ,,Папалине”, ,,Мали слонови”, ,,Марлена” и слично… Сега ќе го свири цел албум. Нема потреба да се објаснува емоционалната ексклузивност на овој настан. Тој е наменет само за оние 1.000 луѓе на кои и онака се’ им е јасно. Овој пат, Бајага ќе свири прво во МКЦ, па потоа во Белград и Загреб!“, објави организаторот „Авалон“.   Продажбата на влезници започнува во понеделник (11.03) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx во Македонија по цена од 1.500 денари.  

The post 40 години од објавувањето на албумот „Позитивна географија“: Бајага се враќа во МКЦ на истата сцена од тогашен ,,Дом на млади – 25ти мај” appeared first on Република.

]]>
Песните на Бајага и инструктори во еден глас ги пееја и тинејџери кои дојдоа заедно со своите родители на синоќешниот концерт https://republika.mk/scena/muzika/pesnite-na-bajaga-i-instruktori-vo-eden-glas-gi-peeja-i-tinejdheri-koi-dojdoa-zaedno-so-svoite-roditeli-na-sinokeshniot-kontsert/ Sun, 24 Dec 2023 10:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=726124

40 години Бајага и инструктори не исполнуваат со магија. И синоќа на концертот во салата „Јане Сандански“ публиката танцуваше, пееше, уживаше во магијата на музиката која овие луѓе ја создаваат.

На нивните концерти најчесто има публика од постарата генерација, „момци“ и „девојки“, чија младост ја одбележале „Плави сафир“, „Берлин“, „Музика на струју“, „Кад ходаш“, „Тамара“, „Јер ти се љубиш“, „442“..., но овој пат во публиката имаше забележителен број млади, тинејџери кои дојдоа заедно со своите родители и во еден глас ги пееја песните. Навистина годините минуваат за Бајага и инструктори траат, како што рече Жика синоќа на концертот.

Во преполната сала Бајага и инструктори ги изведоа повеќето од хитовите кои музичарот ги напиша и ги отпеа во текот на 40-годишната кариера и задоволство беше за сите да се биде таму, бидејќи целата сала во еден глас ги пееше песните заедно со нив.

The post Песните на Бајага и инструктори во еден глас ги пееја и тинејџери кои дојдоа заедно со своите родители на синоќешниот концерт appeared first on Република.

]]>

40 години Бајага и инструктори не исполнуваат со магија. И синоќа на концертот во салата „Јане Сандански“ публиката танцуваше, пееше, уживаше во магијата на музиката која овие луѓе ја создаваат. На нивните концерти најчесто има публика од постарата генерација, „момци“ и „девојки“, чија младост ја одбележале „Плави сафир“, „Берлин“, „Музика на струју“, „Кад ходаш“, „Тамара“, „Јер ти се љубиш“, „442“..., но овој пат во публиката имаше забележителен број млади, тинејџери кои дојдоа заедно со своите родители и во еден глас ги пееја песните. Навистина годините минуваат за Бајага и инструктори траат, како што рече Жика синоќа на концертот. Во преполната сала Бајага и инструктори ги изведоа повеќето од хитовите кои музичарот ги напиша и ги отпеа во текот на 40-годишната кариера и задоволство беше за сите да се биде таму, бидејќи целата сала во еден глас ги пееше песните заедно со нив.

The post Песните на Бајага и инструктори во еден глас ги пееја и тинејџери кои дојдоа заедно со своите родители на синоќешниот концерт appeared first on Република.

]]>
Концертот на Бајага & Инструктори одложен за 23 декември https://republika.mk/scena/muzika/kontsertot-na-bajaga-instruktori-odlozhen-za-23-dekemvri/ Mon, 04 Dec 2023 16:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=719590

Концертот на Бајага & Инструктори е презакажан за 23 декември, соопштуват од Авалон продукција.

Причина за одложувањето е, како што велат, почит кон загубените животи.

На сите оние на кои како термин не им одговара 23ти декември, влезниците ќе им бидат во целост рефундирани. Во текот на утрешниот ден ќе објавиме повеќе информации околу рефундацијата. За сите останати, досега купените влезници ќе важат за новиот датум, а кога ќе бидат пуштени во продажба преостанатите влезници за 23ти декември ќе бидете наскоро информирани, соопштија од продукцијата.

The post Концертот на Бајага & Инструктори одложен за 23 декември appeared first on Република.

]]>

Концертот на Бајага & Инструктори е презакажан за 23 декември, соопштуват од Авалон продукција. Причина за одложувањето е, како што велат, почит кон загубените животи. На сите оние на кои како термин не им одговара 23ти декември, влезниците ќе им бидат во целост рефундирани. Во текот на утрешниот ден ќе објавиме повеќе информации околу рефундацијата. За сите останати, досега купените влезници ќе важат за новиот датум, а кога ќе бидат пуштени во продажба преостанатите влезници за 23ти декември ќе бидете наскоро информирани, соопштија од продукцијата.

The post Концертот на Бајага & Инструктори одложен за 23 декември appeared first on Република.

]]>
Соседите го открија: Бајага е вистински намќор https://republika.mk/scena/estrada/sosedite-go-otkrija-bajaga-e-vistinski-namkjor/ Fri, 29 Jul 2022 17:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=534695

Соседите во зградата во која до скоро живееше Момчило Бајагиќ велат дека тој е вистински намќор и дека никогаш не ги поздравил за разлика од негова досегашна сопруга Емисија која била многу љубезна и културна.

Емилија е многу фина жена, за разлика од него, на сите секогаш одговара со насмевка. Бајага избегнува муабет со било кој од нас, но го разбирам и затоа што многу долго се занимава со јавна работа. Ја прочитав веста за разводот и не се изненадив-велат соседите.

The post Соседите го открија: Бајага е вистински намќор appeared first on Република.

Бајага: Официјално сум разведен https://republika.mk/scena/estrada/bajaga-oficijalno-sum-razveden/ Sat, 23 Jul 2022 21:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=532520

Момчило Бајагиќ призна дека се развел од својата сопруга. Врската меѓу Бајага и Емилија долго време не функцинирала и долго време не живееле заедно, па разводот бил неминовен.

Иако не сум поддржувач на јавното мислење и дека во жолтиот печат протекуваат работи од приватниот живот... иако веројатно веќе знаете... Па да се изјаснам. Официјално разведен! – пишуваше во соопштението.

The post Бајага: Официјално сум разведен appeared first on Република.

Бајага се разведе по 33 години брак https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bajaga-se-razvede-po-33-godini-brak/ Mon, 18 Jul 2022 08:56:35 +0000 https://republika.mk/?p=530557

Српскиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага се разведува по 33 години брак, објавија медиумте. Музичарот и неговата сопруга важеа за еден од најскладните парови.

Бајага со години приватниот живот го чуваше далеку од очите на јавноста, но никогаш не пропуштил прилика да каже дека за неговата кариера во голем дел е заслужна неговата сопруга Емилија.

Но, српските медиуми вчера објавија дека Бајага се развел од својата сопруга. Последен пат парот е виден заедно во 2019 година.

Живееле во иста населба, се запознале во автобус, а се венчале во 1989 година. Нивниот брак траел 33 години а ги имаат двете деца, синот Марко и ќерката Ангела.

The post Бајага се разведе по 33 години брак appeared first on Република.

]]>

Српскиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага се разведува по 33 години брак, објавија медиумте. Музичарот и неговата сопруга важеа за еден од најскладните парови. Бајага со години приватниот живот го чуваше далеку од очите на јавноста, но никогаш не пропуштил прилика да каже дека за неговата кариера во голем дел е заслужна неговата сопруга Емилија. Но, српските медиуми вчера објавија дека Бајага се развел од својата сопруга. Последен пат парот е виден заедно во 2019 година. Живееле во иста населба, се запознале во автобус, а се венчале во 1989 година. Нивниот брак траел 33 години а ги имаат двете деца, синот Марко и ќерката Ангела.  

The post Бајага се разведе по 33 години брак appeared first on Република.

]]>
Инцидент на изборот за претставник на Евровизија, Бајага и Аца Лукас се пцуеле позади сцена „поради политика“ https://republika.mk/scena/estrada/incident-na-izborot-za-pretstavnik-na-evrovizija-bajaga-i-aca-lukas-se-pcuele-pozadi-scena-poradi-politika/ Fri, 04 Mar 2022 12:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=467750

Пцовки и навреди летале синоќа позади сцената на фестивалот „Песна за Евровизија 22“ во Белград, на кој Србија избира претставник за „Евровизија“. Како што пренесуваат српските медиуми, во кавгата учествувале фолк-пејачот Аца Лукас и рок-музичарот Момчило Бајагиќ Бајага.

Според извори на српски „Курир“, причина за прозивките биле спротивставените политички ставови, а кавгата почнала кога Бајага му дофрлил нешто на Лукас, по што овој му возвратил.

Бајага, поминувајќи покрај мојата гардероба, ми дофрли, а јас на свој начин одговорив на неговата провокација и тој си замина. На некои медиуми кои ми се јавија пред настапот им реков дека ништо не се случило, за себеси да не си направам уште поголема тензија пред да излезам на сцената, бидејќи Бајага веќе ме изнервира. Провокација имаше, како што реков, јас одговорив во мој стил. Да бевме на друго место, можеби и ќе го добиеше тоа што му го реков“, изјавил Лукас откако ја напушти сцената во телефонски разговор за „Курир“.

Бајага, пак, пред новинарите негирал дека нешто се случило.

Ништо не се случи! Тоа е измислено. Ништо, немам поим што беше ова, повторувал Бајага пред новинарите.

Инаку, Лукас на фестивалот се натпреварува како изведувач, а Бајага како текстописец за Душан Свилар и групата Бибер. Вечерва е второто полуфинале, додека утревечер ќе се одлучува кој ќе пее за Србија во Торино.

The post Инцидент на изборот за претставник на Евровизија, Бајага и Аца Лукас се пцуеле позади сцена „поради политика“ appeared first on Република.

]]>

Пцовки и навреди летале синоќа позади сцената на фестивалот „Песна за Евровизија 22“ во Белград, на кој Србија избира претставник за „Евровизија“. Како што пренесуваат српските медиуми, во кавгата учествувале фолк-пејачот Аца Лукас и рок-музичарот Момчило Бајагиќ Бајага. Според извори на српски „Курир“, причина за прозивките биле спротивставените политички ставови, а кавгата почнала кога Бајага му дофрлил нешто на Лукас, по што овој му возвратил.
Бајага, поминувајќи покрај мојата гардероба, ми дофрли, а јас на свој начин одговорив на неговата провокација и тој си замина. На некои медиуми кои ми се јавија пред настапот им реков дека ништо не се случило, за себеси да не си направам уште поголема тензија пред да излезам на сцената, бидејќи Бајага веќе ме изнервира. Провокација имаше, како што реков, јас одговорив во мој стил. Да бевме на друго место, можеби и ќе го добиеше тоа што му го реков“, изјавил Лукас откако ја напушти сцената во телефонски разговор за „Курир“.
Бајага, пак, пред новинарите негирал дека нешто се случило.
Ништо не се случи! Тоа е измислено. Ништо, немам поим што беше ова, повторувал Бајага пред новинарите.
Инаку, Лукас на фестивалот се натпреварува како изведувач, а Бајага како текстописец за Душан Свилар и групата Бибер. Вечерва е второто полуфинале, додека утревечер ќе се одлучува кој ќе пее за Србија во Торино.

The post Инцидент на изборот за претставник на Евровизија, Бајага и Аца Лукас се пцуеле позади сцена „поради политика“ appeared first on Република.

]]>
Бајага стана дедо https://republika.mk/zivot/semejstvo/bajaga-stana-dedo/ Sat, 12 Feb 2022 18:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=457667

Момчило Бајагиќ Бајага (61) пред два месеци станал дедо.

Неговиот син Марко добил ќерка во декември, а за наследничката го избрале името Сара.

Бајага за ова не зборуваше во јавноста, но сега ја потврди веста за „Новости“ и откри дека од моментот кога станал дедо, станал поопуштен во животот.

Така е, станав дедо. Имам прекрасна внука Сара и сега сум поопуштен во животот. Далеку од тоа да кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот, изјави Бајага.

The post Бајага стана дедо appeared first on Република.

]]>

Момчило Бајагиќ Бајага (61) пред два месеци станал дедо. Неговиот син Марко добил ќерка во декември, а за наследничката го избрале името Сара. Бајага за ова не зборуваше во јавноста, но сега ја потврди веста за „Новости“ и откри дека од моментот кога станал дедо, станал поопуштен во животот.