Багдад Archives - Република https://republika.mk/tema/bagdad/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Nov 2023 18:19:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Багдад Archives - Република https://republika.mk/tema/bagdad/ 32 32 Нападнати војници во американската база кај Багдад, Американците возвратија на огнот https://republika.mk/vesti/svet/napadnati-vojnitsi-vo-amerikanskata-baza-kaj-bagdad-amerikantsite-vozvratija-na-ognot/ Tue, 21 Nov 2023 18:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=714898

Американските сили во воздухопловната база Аин ал Асад западно од Багдад денеска беа цел на напад на кој возвратија .

Според официјални лица, нападот резултирал со полесни повреди и оштетување на инфраструктурата. Друг официјален претставник рече дека американските сили користеле борбени авиони АЦ-130 како одговор на нападот.

САД претходно одговорија на нападите врз нивните сили во Ирак и соседна Сирија, за кои одговорноста ја презеде ирачката милитантна група „Исламски отпор во Ирак“.

Оружените напади со дронови и ракети врз американските војници започнаа на 17 октомври, во најголем дел поради американската поддршка за Израел во војната во Појасот Газа.

Претходно денеска на социјалните мрежи, налози поврзани со ирачките милиции објавија изјава од групата „Исламски отпор во Ирак“, во која жалат за смртта на еден од нивните членови, кој загинал „во борба“ против американските сили. Тоа е првата пријавена жртва во Ирак поврзана со војната меѓу Израел и Хамас.

The post Нападнати војници во американската база кај Багдад, Американците возвратија на огнот appeared first on Република.

]]>

Американските сили во воздухопловната база Аин ал Асад западно од Багдад денеска беа цел на напад на кој возвратија . Според официјални лица, нападот резултирал со полесни повреди и оштетување на инфраструктурата. Друг официјален претставник рече дека американските сили користеле борбени авиони АЦ-130 како одговор на нападот. САД претходно одговорија на нападите врз нивните сили во Ирак и соседна Сирија, за кои одговорноста ја презеде ирачката милитантна група „Исламски отпор во Ирак“. Оружените напади со дронови и ракети врз американските војници започнаа на 17 октомври, во најголем дел поради американската поддршка за Израел во војната во Појасот Газа. Претходно денеска на социјалните мрежи, налози поврзани со ирачките милиции објавија изјава од групата „Исламски отпор во Ирак“, во која жалат за смртта на еден од нивните членови, кој загинал „во борба“ против американските сили. Тоа е првата пријавена жртва во Ирак поврзана со војната меѓу Израел и Хамас.

The post Нападнати војници во американската база кај Багдад, Американците возвратија на огнот appeared first on Република.

]]>
Изгаснат пожарот на меѓународниот аеродром во Багдад, причината уште не е позната https://republika.mk/vesti/svet/izgasnat-pozarot-na-megjunarodniot-aerodrom-vo-bagdad-prichinata-ushte-ne-e-poznata/ Tue, 15 Nov 2022 21:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=574206

Силите на цивилната одбрана го изгаснаа пожарот кој денеска избувна на иранскиот меѓународен аеродром во Багдад, во делот од аеродромот од каде што полетуваат авионите, извести држававната новинсака агенција.

Пожарот избил во кафетеријата во салата за поаѓања, пренесе Ројтерс.

Пожарот не влијааел на редот на летање, а причината за пожарот засега е непозната.

The post Изгаснат пожарот на меѓународниот аеродром во Багдад, причината уште не е позната appeared first on Република.

]]>

Силите на цивилната одбрана го изгаснаа пожарот кој денеска избувна на иранскиот меѓународен аеродром во Багдад, во делот од аеродромот од каде што полетуваат авионите, извести држававната новинсака агенција.

Пожарот избил во кафетеријата во салата за поаѓања, пренесе Ројтерс.

Пожарот не влијааел на редот на летање, а причината за пожарот засега е непозната.

The post Изгаснат пожарот на меѓународниот аеродром во Багдад, причината уште не е позната appeared first on Република.

]]>
Багдад гори: Демонстранти упаднаа во владината зграда https://republika.mk/vesti/svet/bagdad-gori-demontranti-upadnaa-vo-vladinata-zgrada/ Mon, 29 Aug 2022 15:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=545347

Приврзаници на влијателниот ирачки шиитски верски водач, политичар и паравоен лидер Моктада ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад, во која се наоѓа и кабинетот на премиерот, јавија западни медиуми цитирајќи очевидци.

Очевидци тврдат дека демонстрантите, поддржувачи на Ал Садр, прво ги отстраниле бетонските бариери за да овозможат што повеќе луѓе да влезат во Зелената зона и покрај силното присуство на безбедносните сили.

Некои од нив носеа фотографии од Ал Садр, додека други скандираа „Народот сака да го собори режимот“.

Ирачката армија прогласи полициски час во целата област на Багдад, што стапи во сила во 15 часот и 30 минути по локално време, но тоа не ги одврати поддржувачите на Ал Садр од нивните планови

The post Багдад гори: Демонстранти упаднаа во владината зграда appeared first on Република.

]]>

Приврзаници на влијателниот ирачки шиитски верски водач, политичар и паравоен лидер Моктада ал Садр упаднаа во владината палата во Багдад, во која се наоѓа и кабинетот на премиерот, јавија западни медиуми цитирајќи очевидци. Очевидци тврдат дека демонстрантите, поддржувачи на Ал Садр, прво ги отстраниле бетонските бариери за да овозможат што повеќе луѓе да влезат во Зелената зона и покрај силното присуство на безбедносните сили. Некои од нив носеа фотографии од Ал Садр, додека други скандираа „Народот сака да го собори режимот“. Ирачката армија прогласи полициски час во целата област на Багдад, што стапи во сила во 15 часот и 30 минути по локално време, но тоа не ги одврати поддржувачите на Ал Садр од нивните планови

The post Багдад гори: Демонстранти упаднаа во владината зграда appeared first on Република.

]]>
Повеќе од две илјади луѓе побарале лекарска помош по песочна бура во Ирак https://republika.mk/vesti/svet/povekje-od-dve-iljadi-lugje-pobarale-lekarska-pomosh-po-pesochna-bura-vo-irak/ Sun, 26 Jun 2022 14:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=519882

Повеќе од 2.250 луѓе побарале медицинска помош поради песочната бура и загадувањето на воздухот во Багдад и други ирачки провинции.

Поради песочната бура што погоди повеќе ирачки региони, беа затворени меѓународните аеродроми во Багдад и во Ен-Наџаф.

Делови од Ирак од април речиси секојдневно се покриени со песок и прашина. Според експертите неодамнешното зголемување на песочните бури во регионот се предизвикани од климатските промени и од неефикасното искористување на копнените и водните ресурси на Ирак.

The post Повеќе од две илјади луѓе побарале лекарска помош по песочна бура во Ирак appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 2.250 луѓе побарале медицинска помош поради песочната бура и загадувањето на воздухот во Багдад и други ирачки провинции. Поради песочната бура што погоди повеќе ирачки региони, беа затворени меѓународните аеродроми во Багдад и во Ен-Наџаф. Делови од Ирак од април речиси секојдневно се покриени со песок и прашина. Според експертите неодамнешното зголемување на песочните бури во регионот се предизвикани од климатските промени и од неефикасното искористување на копнените и водните ресурси на Ирак.

The post Повеќе од две илјади луѓе побарале лекарска помош по песочна бура во Ирак appeared first on Република.

]]>