Повеќе од 2.250 луѓе побарале медицинска помош поради песочната бура и загадувањето на воздухот во Багдад и други ирачки провинции.

Поради песочната бура што погоди повеќе ирачки региони, беа затворени меѓународните аеродроми во Багдад и во Ен-Наџаф.

Делови од Ирак од април речиси секојдневно се покриени со песок и прашина. Според експертите неодамнешното зголемување на песочните бури во регионот се предизвикани од климатските промени и од неефикасното искористување на копнените и водните ресурси на Ирак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.