Азир Алиу Archives - Република https://republika.mk/tema/azir-aliu/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 20:02:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Азир Алиу Archives - Република https://republika.mk/tema/azir-aliu/ 32 32 Собранието едвај ги избра министрите на Села https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-edvaj-gi-izbra-ministrite-na-sela/ Mon, 12 Feb 2024 20:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=743387

Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.

И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-so-poraka-do-vlasta-ke-ve-zgazime-na-izbori-za-haosot-shto-go-napravivte-so-lichnite-dokumenti/

The post Собранието едвај ги избра министрите на Села appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери. И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави. https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-so-poraka-do-vlasta-ke-ve-zgazime-na-izbori-za-haosot-shto-go-napravivte-so-lichnite-dokumenti/

The post Собранието едвај ги избра министрите на Села appeared first on Република.

]]>
Меџити и Алиу до Груби: Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќамe дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста! https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-i-aliu-do-grubi-prestani-so-zakanite-odmori-nekolku-dena-sfakame-deka-ti-e-krajot-no-barem-pokazhi-ja-mashkosta/ Sat, 10 Feb 2024 12:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=742506

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија исти реакции до вицепремиерот Артан Груби, кој, по нивното разрешување, им порача на граѓаните добра ноќ и да спијат мирно „бидејќи Али Ахмети се грижи за сите нас“.

На ова Меџити и Алиу на Груби му посакуваат добро утро.

Артан Груби во силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќам дека ти е крај, но барем покажи ја машкоста на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу многу блиску! ПРОМЕНАТА ПОЧНА!“, напишаа Меџити и Алиу.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-po-razreshuvaneto-na-medhiti-i-aliu-poracha-spijte-mirno-dodeka-ali-ahmeti-se-grizhi-za-site-nas/

The post Меџити и Алиу до Груби: Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќамe дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста! appeared first on Република.

]]>

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија исти реакции до вицепремиерот Артан Груби, кој, по нивното разрешување, им порача на граѓаните добра ноќ и да спијат мирно „бидејќи Али Ахмети се грижи за сите нас“. На ова Меџити и Алиу на Груби му посакуваат добро утро.
Артан Груби во силна вознемиреност ни се заканува на Фејсбук, откако ја разреши АА од Владата, ни порачува „спијте мирно“ дека Али Ахмети ќе се погрижи за се… Артан…престани со заканите, одмори неколку дена ако ти помогне тоа и не ја разгорувај ситуацијата. Сфаќам дека ти е крај, но барем покажи ја машкоста на крајот! И…отворете го календарот…видете 8 мај! Затвори…многу многу блиску! ПРОМЕНАТА ПОЧНА!“, напишаа Меџити и Алиу.
https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-po-razreshuvaneto-na-medhiti-i-aliu-poracha-spijte-mirno-dodeka-ali-ahmeti-se-grizhi-za-site-nas/

The post Меџити и Алиу до Груби: Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќамe дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста! appeared first on Република.

]]>
Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-li-vlasta-61-pratenik-da-gi-smeni-ministrite-shto-go-poddrzhaa-taravari/ Fri, 09 Feb 2024 06:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=742014

Собранието денеска  на барање на технничкиот премиер Талат Џафери, треба да ги разреши министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За нови министри се предложени Илир Демири, за министер за здравство и Наим Бајрами, за министер за информатичко општество и администрација.

Џафери вчера достави барање за разрешување на Меџити и Алиу и според Деловникот може да го образложи барањето. Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор.

Но, по вчерашните случувања во Куманово неизвесно дали владејачкото мнозинство ќе има 61 пратеник. Двајца од осумте пратеници на Алијанса беа на состанокот кај Таравари па логично е дека нема да гласаат за разрешување на министрите. Покрај нив, и Мендух Тачи од ДПА најави дека нема да гласа за новите министри. Ако се знае дека владејачкото мнозинство брои 64 пратеници а минимум троца најавија дека нема да поддржат смена на министрите прашање дали ова ќе помине.

Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска  на барање на технничкиот премиер Талат Џафери, треба да ги разреши министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу. За нови министри се предложени Илир Демири, за министер за здравство и Наим Бајрами, за министер за информатичко општество и администрација. Џафери вчера достави барање за разрешување на Меџити и Алиу и според Деловникот може да го образложи барањето. Согласно член 221 од Деловникот на Собранието, по предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес, а членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути. За да биде разрешен министер потребни се 61 глас, а исто толку гласови се потребни и за негов избор. Но, по вчерашните случувања во Куманово неизвесно дали владејачкото мнозинство ќе има 61 пратеник. Двајца од осумте пратеници на Алијанса беа на состанокот кај Таравари па логично е дека нема да гласаат за разрешување на министрите. Покрај нив, и Мендух Тачи од ДПА најави дека нема да гласа за новите министри. Ако се знае дека владејачкото мнозинство брои 64 пратеници а минимум троца најавија дека нема да поддржат смена на министрите прашање дали ова ќе помине. Барањето за разрешување на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

The post Ќе има ли власта 61 пратеник да ги смени министрите што го поддржаа Таравари? appeared first on Република.

]]>
Алиу: ДУИ прави раскол во Алијанса за Албанците https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-dui-pravi-raskol-vo-alijansa-za-albantsite/ Thu, 08 Feb 2024 19:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=741979

Министерот за информатичко општество и администрација од Алијанса за Албанците, Азир Алиу, кого Владата го предложи да биде разрешен заедно со неговиот сопартиец министерот за здравство Фатмир Меџити, во четвртокот вечерта пред почетокот на партиското собрание што се одржува во Куманово, кажа дека нема отцепување на Алијанса за Албанците.

Нема отцепување на Алијанса за Албанците, бидејќи ние сме Алијансата, другите се ДУИ-сти во Алијанса за Албанците така да тие дали ќе бидат заедно, дали ќе бидат на посебна листа, дали ќе формираат нова политичка партија не знам“, рече Алиу.

Во нашиот политички систем, кажа Алиу првпат се случува една политичка партија да влегува и да прави политички процеси во друга политичка партија.

Тука мислам на ДУИ, којашто делува и прави раскол во Алијанса за Албанците, рече Алиу, додавајќи дека според него вечерва на собранието се присутни над 85 од членовите.

Прашан да го искоментира предлогот за негово разрешување, кажа дека се уште не го видел мејлот и да види кој бара негово разрешување.

Јас утре ќе бидам во Собрание, ќе држам мој говор, така што ќе видиме“, рече Алиу.

За утре е закажана собраниска седница за разрешување на министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, двајцата од Алијанса за Албанците, кои го поддржаа актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари што се залага за предизборна коалиција со Европскиот сојуз за промени.

The post Алиу: ДУИ прави раскол во Алијанса за Албанците appeared first on Република.

Алиу од Алијанса за Груби: Тој е хибридна личност помеѓу нарцизмот и макијевелизмот, се обидува да покаже моќ https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-od-alijansa-za-grubi-toj-e-hibridna-lichnost-pomegu-nartsizmot-i-makijevelizmot-se-obiduva-da-pokazhe-mok/ Thu, 08 Feb 2024 09:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=741750

Министерот за информатичко општество Азир Алиу кој најверојатно ќе биде сменет како последица од кавгата во Алијансата за Албанците во емисија на „ТВ21“ го анализираше политичкиот профил на Артан Груби.
Тој е хибридна личност помеѓу нарцизмот и макијавелизмот, се обидува да покаже моќ-вели Алиу за Груби.
Алиу со прецизност говореше за Груби.
„Ако го анализирате политичкиот профил на Артан Груби, тоа е хибриден профил помеѓу нарцизмот и макијавелизмот. Зошто велам дека тоа е хибриден профил помеѓу макијавелизмот и нарцизмот? Во овој политички профил има неколку карактеристики, кои ги дефинирав во хибридна форма. Сака многу внимание, има огромна желба да биде моќен, да рефлектира моќ. Од друга страна е личност која има минимална емпатија кон другите. Манипулативен профил кој прави се за да ги постигне своите цели“, рече Алиу, додавајќи дека е личност која прави поделби е е манипулатор“.
„Да не зборуваме за нивниот лидер – Али Ахмети. Од многу искусен политичар, тој стана фолк пејач правејќи видеа и споделувајќи ги на социјалните мрежи. Во последно миу е жал бидејќи јас лично го познавам и Талат Џафери. За жал, тој го руши профилот на техничкиот премиер и господинот Џафери земајќи му го неговиот дел од менаџирањето“, рече Алиу.

The post Алиу од Алијанса за Груби: Тој е хибридна личност помеѓу нарцизмот и макијевелизмот, се обидува да покаже моќ appeared first on Република.

Азир Алиу: Џафери само го чита дневниот ред, Артан Груби e тој кој одлучува сè во Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/azir-aliu-dhaferi-samo-go-chita-dnevniot-red-artan-grubi-e-toj-koj-odluchuva-se-vo-vlada/ Wed, 07 Feb 2024 21:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=741670

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во „10 минути“ на ТВ21 рече дека техничкиот премиер Талат Џафери само го чита дневниот ред, а која точка ќе помине, одлучува министерот Артан Груби.

За жал, лично го познавам и господинот Талат Џафери. За жал, со средбата во Владата го руши профилот на техничкиот премиер и профилот на Џафери со преземањето на управувањето со процесите. Така, вчера техничкиот премиер само ги прочита точките и за сите Артан Груби одлучи дали ќе бидат на дневен ред, ќе гласаат „за“ или ќе гласаат „против“?“, рече Алиу.

За потсетување, Алијанса за Албанците го предложи министерот Алиу да биде разрешен од функцијата.

The post Азир Алиу: Џафери само го чита дневниот ред, Артан Груби e тој кој одлучува сè во Влада appeared first on Република.

Koј има контрола врз осумтемина пратеници на Алијанса кои можат да ја урнат техничката влада? https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-ima-kontrola-vrz-osumtemina-pratenitsi-na-alijansa-koi-mozhat-da-ja-urnat-tehnichkata-vlada/ Wed, 07 Feb 2024 07:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=741216

Превирањата во Алијансата за Албанците може да влијаат на привремената техничка влада.Особено откако двајцата министри од оваа партија, Меџити и Алиу се изјаснија дека го поддржуваат претедателот Таравари но и дека нема да ја напуштат владата.

„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Азир Алиу.

Лидерот на партијата го навлече незадоволството кај дел од членство и кај поранешниот претседател Зијадин Села откако објави дека ќе се приклучат на албанската опозиција која ја предводат Изет Меџити, Африм Гаши и Касами.

Згора на тоа, ккадровската комисија на АА побара од техничкиот премиер Џафери да ги разреши двајцата министри од нивната партија, но тој се уште се нема јасно изјаснето што ќе превземе.

Доколкку поднесе барање за нивно разрешување тоа може да предизвика и пад на владата бидејќи Алијанса за Албанците има осумина пратеници во Собранието а парламентарното мнозинство брои само 64 пратеници.

Неизвесно е колкумина од нив се под контрола на Таравари а колкумина на Села и како би се однесувале при евентуално гласање за доверба на владата.

Многу работи ќе бидат појасни во сабота за кога е закажано Централното собрание на Алијансата за Албанците на кое засега е само точката на Села за самостоен настап на изборите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/razresheni-dvajtsa-direktori-od-aa-reagirashe-taravari-so-poraka-promenata-pochna-8-maj-blisku-mnogu-blisku/

The post Koј има контрола врз осумтемина пратеници на Алијанса кои можат да ја урнат техничката влада? appeared first on Република.

]]>

Превирањата во Алијансата за Албанците може да влијаат на привремената техничка влада.Особено откако двајцата министри од оваа партија, Меџити и Алиу се изјаснија дека го поддржуваат претедателот Таравари но и дека нема да ја напуштат владата.
„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа, бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Азир Алиу.
Лидерот на партијата го навлече незадоволството кај дел од членство и кај поранешниот претседател Зијадин Села откако објави дека ќе се приклучат на албанската опозиција која ја предводат Изет Меџити, Африм Гаши и Касами. Згора на тоа, ккадровската комисија на АА побара од техничкиот премиер Џафери да ги разреши двајцата министри од нивната партија, но тој се уште се нема јасно изјаснето што ќе превземе. Доколкку поднесе барање за нивно разрешување тоа може да предизвика и пад на владата бидејќи Алијанса за Албанците има осумина пратеници во Собранието а парламентарното мнозинство брои само 64 пратеници. Неизвесно е колкумина од нив се под контрола на Таравари а колкумина на Села и како би се однесувале при евентуално гласање за доверба на владата. Многу работи ќе бидат појасни во сабота за кога е закажано Централното собрание на Алијансата за Албанците на кое засега е само точката на Села за самостоен настап на изборите. https://republika.mk/vesti/makedonija/razresheni-dvajtsa-direktori-od-aa-reagirashe-taravari-so-poraka-promenata-pochna-8-maj-blisku-mnogu-blisku/

The post Koј има контрола врз осумтемина пратеници на Алијанса кои можат да ја урнат техничката влада? appeared first on Република.

]]>
Алијаса бара од Џафери разрешување на министрите Меџити и Алиу https://republika.mk/vesti/makedonija/alijasa-bara-od-dhaferi-razreshuvane-na-ministrite-medhiti-i-aliu/ Tue, 06 Feb 2024 17:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=741143

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од 5 гласа, одлучи да му предложи на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство, информираат од партиската прес-служба.

Во партиското соопштениесе посочува дека таа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои, како што велат, се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер.

Во текот на денот, министерот за здравство Фатмир Меџити на прашањето дали ќе го извести претседателот на техничката Влада Талат Џафери дали се чуствува како дел од Владата или не изјави дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател. Тој додаде и дека му дава целосна поддршка на, како што кажа, легитимниот претседател на партијата Арбен Таравари, кој најави дека на изборите партијата ќе коалицира со опозициските партии. та или не, Меџити рече дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател.

Џафери во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во АА, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Тој вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.

Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервјуто за МИА.

Тој вели дека има воспоставено и лична комуникација со министрите и со замениците и дека тие можат секогаш да го побараат, но нагласува дека тој ќе се раководи од институционалната постапка и соодветно на тоа ќе одлучи каков ќе биде исходот.

Во сабота во 13 часот во Скопје е закажано Централно собрание на Алијанса за Албанците. Одржувањето на Централното собрание доаѓа откако претседателот на АА, Арбен Таравари најави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

The post Алијаса бара од Џафери разрешување на министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити.
Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од 5 гласа, одлучи да му предложи на премиерот разрешување на министерот за информатичко општество и администрација и министерот за здравство, информираат од партиската прес-служба.
Во партиското соопштениесе посочува дека таа одлука е донесена затоа што преку моќта на министерската функција, но без партиска позиција, двајцата министри спроведуваат дејствија кои, како што велат, се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и денешното јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер. Во текот на денот, министерот за здравство Фатмир Меџити на прашањето дали ќе го извести претседателот на техничката Влада Талат Џафери дали се чуствува како дел од Владата или не изјави дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател. Тој додаде и дека му дава целосна поддршка на, како што кажа, легитимниот претседател на партијата Арбен Таравари, кој најави дека на изборите партијата ќе коалицира со опозициските партии. та или не, Меџити рече дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател. Џафери во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во АА, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Тој вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.
Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервјуто за МИА.
Тој вели дека има воспоставено и лична комуникација со министрите и со замениците и дека тие можат секогаш да го побараат, но нагласува дека тој ќе се раководи од институционалната постапка и соодветно на тоа ќе одлучи каков ќе биде исходот. Во сабота во 13 часот во Скопје е закажано Централно собрание на Алијанса за Албанците. Одржувањето на Централното собрание доаѓа откако претседателот на АА, Арбен Таравари најави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

The post Алијаса бара од Џафери разрешување на министрите Меџити и Алиу appeared first on Република.

]]>
„Македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“: Министерот Алиу повика да се одблокира пакетот закони на МИОА https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-sistem-ke-se-reformira-ili-ke-propadne-ministerot-aliu-povika-da-se-odblokira-paketot-zakoni-na-mioa/ Tue, 23 Jan 2024 21:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=736096

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на прес-конференција ги повика пратениците да ги разгледаат, како што рече, уште утре сите дилеми во врска со пакетот закони предложен од МИОА, кои пред повеќе од еден месец се усвоени од Владата, а се заглавени во Собранието.

Се работи за законите поврзани со јавната администрација, за дигитализација и за медиуми на кои МИОА работело подолго време и кои, како што рече Алиу, се клучни и од суштинско значење за олеснување на животот на граѓаните. Алиу посочи дека тие се поврзани и со трите столба – администрација, дигитализација и медиуми од програма на ЕУ „Дигитална Европа“ со која летото нашата држава склучи договор.

Овие предлог-закони значат операционализација на преземените обврски на нашата држава. Овие закони се блокирани и, искрено, јас не ги знам причините зошто се заглавени... Ги повикувам пратениците уште утре во 10 часот да ги разгледаме сите дилеми околу овие закони кои ќе направат суштински промени што ќе го олеснат животот на нашите граѓани. МИОА изминатиот период работеше на цел пакет закони да се унапреди законската регулатива за реформа на јавната администрација, усогласени со стандардите на ЕУ. Иако се усвоени од Владата пред повеќе од еден месец, одложувањето на донесување од Собранието ја попречува неопходната реформа на јавна администрација која е главен услов на ЕУ. Нема повеќе време за губење, реформи сега и веднаш, рече Алиу.

Тој потврди дека се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски кој му рекол дека овие закони ќе бидат на пленарна седница на Парламентот во вторник.

Министерот од Алијанса за Албанците ја почна прес-конференцијата во Владата со порака дека „не може да има систем ако тој зависи од волјата и условувањата на индивидуи“ и дека „македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“.

The post „Македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“: Министерот Алиу повика да се одблокира пакетот закони на МИОА appeared first on Република.

]]>

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на прес-конференција ги повика пратениците да ги разгледаат, како што рече, уште утре сите дилеми во врска со пакетот закони предложен од МИОА, кои пред повеќе од еден месец се усвоени од Владата, а се заглавени во Собранието. Се работи за законите поврзани со јавната администрација, за дигитализација и за медиуми на кои МИОА работело подолго време и кои, како што рече Алиу, се клучни и од суштинско значење за олеснување на животот на граѓаните. Алиу посочи дека тие се поврзани и со трите столба – администрација, дигитализација и медиуми од програма на ЕУ „Дигитална Европа“ со која летото нашата држава склучи договор.
Овие предлог-закони значат операционализација на преземените обврски на нашата држава. Овие закони се блокирани и, искрено, јас не ги знам причините зошто се заглавени... Ги повикувам пратениците уште утре во 10 часот да ги разгледаме сите дилеми околу овие закони кои ќе направат суштински промени што ќе го олеснат животот на нашите граѓани. МИОА изминатиот период работеше на цел пакет закони да се унапреди законската регулатива за реформа на јавната администрација, усогласени со стандардите на ЕУ. Иако се усвоени од Владата пред повеќе од еден месец, одложувањето на донесување од Собранието ја попречува неопходната реформа на јавна администрација која е главен услов на ЕУ. Нема повеќе време за губење, реформи сега и веднаш, рече Алиу.
Тој потврди дека се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски кој му рекол дека овие закони ќе бидат на пленарна седница на Парламентот во вторник. Министерот од Алијанса за Албанците ја почна прес-конференцијата во Владата со порака дека „не може да има систем ако тој зависи од волјата и условувањата на индивидуи“ и дека „македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“.

The post „Македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“: Министерот Алиу повика да се одблокира пакетот закони на МИОА appeared first on Република.

]]>
Ковачевски разговарал со Алиу за оставката: Тој е квалитетен министер https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-razgovaral-so-aliu-za-ostavkata-toj-e-kvaliteten-minister/ Tue, 23 Jan 2024 12:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=735932

Премиерот Димитар Ковачевски разговарал со министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, за кој некои од медиумите објавија дека планира попладнево на прес-конференција да ја поднесе својата оставка.

Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за оставката, рече дека штотуку разговарал со Алиу и дека в четврток целата Влада ќе биде во оставка, па смета дека никој од министрите нема потреба да поднесува одделно.

Министерот Алиу е квалитетен човек. И како министер и кога нема да биде министер моето мислење е исто. Дискусијата е во насока на законите што неговото Министерство ги има предложено во Собранието и за кои веќе се подготвува расправа. Има пратеници што имаат поинакви мислења за дел од овие закони. Се работи за закони за јавната администрација, работните односи. Се надевам дека Алиу ќе има можност тоа да го презентира на парламентарната комисиска расправа и на парламентарната пленарна седница. И теба да ги презентира, напорно работеше на нивната финализиација, рече Ковачевски.

Тој е на чело на МИОА од февруари минатата година, а дојде од редовите на Алијансата за Албанците. Според информациите, Алиу е незадоволен бидејќи СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда законите за реформа на јавната администрација, дигитализацијата и законот за медиумите, што ги предлага Министерството.

Целата Влада ќе биде во оставка в четврток во 10 часот наутро по што ќе почне процесот за формирање на техничката влада на три месеца пред изборите. Дали Алиу ќе ја напушти функцијата два дена порано, ќе се знае во текот на денот.

The post Ковачевски разговарал со Алиу за оставката: Тој е квалитетен министер appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски разговарал со министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, за кој некои од медиумите објавија дека планира попладнево на прес-конференција да ја поднесе својата оставка. Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за оставката, рече дека штотуку разговарал со Алиу и дека в четврток целата Влада ќе биде во оставка, па смета дека никој од министрите нема потреба да поднесува одделно.
Министерот Алиу е квалитетен човек. И како министер и кога нема да биде министер моето мислење е исто. Дискусијата е во насока на законите што неговото Министерство ги има предложено во Собранието и за кои веќе се подготвува расправа. Има пратеници што имаат поинакви мислења за дел од овие закони. Се работи за закони за јавната администрација, работните односи. Се надевам дека Алиу ќе има можност тоа да го презентира на парламентарната комисиска расправа и на парламентарната пленарна седница. И теба да ги презентира, напорно работеше на нивната финализиација, рече Ковачевски.
Тој е на чело на МИОА од февруари минатата година, а дојде од редовите на Алијансата за Албанците. Според информациите, Алиу е незадоволен бидејќи СДСМ и ДУИ одбиваат да ги стават на собраниска агенда законите за реформа на јавната администрација, дигитализацијата и законот за медиумите, што ги предлага Министерството. Целата Влада ќе биде во оставка в четврток во 10 часот наутро по што ќе почне процесот за формирање на техничката влада на три месеца пред изборите. Дали Алиу ќе ја напушти функцијата два дена порано, ќе се знае во текот на денот.

The post Ковачевски разговарал со Алиу за оставката: Тој е квалитетен министер appeared first on Република.

]]>
Ни компаниите немаат доверба во институциите: Ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени https://republika.mk/vesti/ekonomija/ni-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/ Fri, 20 Oct 2023 12:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=693324

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 – јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби.

Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“.

Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.

Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции - истакна министерот.

Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.

На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор - истакна Алиу.

Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.

Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите - подвлече министерот.

The post Ни компаниите немаат доверба во институциите: Ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 – јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби. Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“. Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор.
Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции - истакна министерот.
Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период.
На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор - истакна Алиу.
Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА.
Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите - подвлече министерот.

The post Ни компаниите немаат доверба во институциите: Ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени appeared first on Република.

]]>
Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство со ЕУ во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-azir-aliu-vo-brisel-go-potpisha-dogovorot-za-partnerstvo-so-eu-vo-programata-digitalna-evropa-2021-2027/ Sun, 02 Jul 2023 10:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=657383

Во Брисел е потпишан Договорот за партнерство меѓу Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“. Договорот го потпишаа министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската Комисија, информираат од МИОА.

За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу и се заблагодарил на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја.

Денеска нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата на јавните услуги. Нашата Влада останува решена да ја продолжи дигиталната трансформација со барањата и параметрите на ЕУ, изјавил министерот Алиу.

Алиу нагласил дека овој важен договор ја покажува посветеноста на Македонија за унапредување на дигиталната инфраструктура и прифаќање на можностите на дигиталната ера.

Според него, Програмата „Дигитална Европа“ ќе обезбеди стратешко финансирање за одговор на овие предизвици, поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри“.

Како што информираат од МИОА, министерот Азир Алиу е во тридневна официјална посета на Брисел, каде остварил низа значајни средби.

The post Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство со ЕУ во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ appeared first on Република.

]]>

Во Брисел е потпишан Договорот за партнерство меѓу Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“. Договорот го потпишаа министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската Комисија, информираат од МИОА. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу и се заблагодарил на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја.
Денеска нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата на јавните услуги. Нашата Влада останува решена да ја продолжи дигиталната трансформација со барањата и параметрите на ЕУ, изјавил министерот Алиу.
Алиу нагласил дека овој важен договор ја покажува посветеноста на Македонија за унапредување на дигиталната инфраструктура и прифаќање на можностите на дигиталната ера. Според него, Програмата „Дигитална Европа“ ќе обезбеди стратешко финансирање за одговор на овие предизвици, поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри“. Како што информираат од МИОА, министерот Азир Алиу е во тридневна официјална посета на Брисел, каде остварил низа значајни средби.

The post Министерот Азир Алиу во Брисел го потпиша Договорот за партнерство со ЕУ во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ appeared first on Република.

]]>
Го намаливме времето потребно за добивање на основните административни услуги, се пофали Алиу https://republika.mk/vesti/makedonija/go-namalivme-vremeto-potrebno-za-dobivane-na-osnovnite-administrativni-uslugi-se-pofali-aliu/ Wed, 14 Jun 2023 10:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=651248

Во овие 100 дена успеавме да ја презентираме најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, а тоа е „DigitalEra“-програма која драстично го промени начинот на којшто граѓаните пристапуваат до јавните услуги. Со обезбедување на побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност, го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост, обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме за цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните, промовирајќи ја инклузивноста и ефикасноста во работењето.

Ова меѓу другото го истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на денешната прес-конференција на која го презентираше сработеното во изминатите 100 дена.

Посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната Агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија, дигитални јавни услуги со што ќе се подобри економијата на земјата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Активно се развиваат стратешки документи со единствена цел, да бидеме во чекор со дигиталната стратегија на ЕУ „Дигитален Компас“.

Процесот на изработка на Стратегиите за ИКТ и Сајбер безбедност, се одвиваат со забрзана динамика. Во изминатите 100 дена: ,,сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа, со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси“, рече министерот, додавајќи дека Националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик. Друг проект што го посочи е создавањето на „Една точка за услуги“ на 333 локации низ државата во соработка со Пошта на Македонија. „Една точка за услуги“ веќе почна да го трансформира начинот на кој граѓаните содејствуваат со владата, обезбедувајќи поефикасни и подостапни услуги во пет градови - Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид.

Во однос на реформите во јавната администрација, истакна дека финализирана е новата Стратегија за РЈА (2023-2030); Во согласност со нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ, овој сеопфатен осумгодишен документ е дизајниран да ја води нашата земја кон членство во Европската Унија до 2030 година; потоа финализирани се Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои веќе се во владина процедура; исто така активно се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби.

Истакнувајќи ја длабоката посветеност за слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, министерот истакна дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, наскоро ќе се заврши и вториот дел од законот, а наскоро работната група ќе почне да работи и на Законот за медиуми.

Како резултат на тоа ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество“, рече министерот Алиу.

The post Го намаливме времето потребно за добивање на основните административни услуги, се пофали Алиу appeared first on Република.

]]>

Во овие 100 дена успеавме да ја презентираме најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, а тоа е „DigitalEra“-програма која драстично го промени начинот на којшто граѓаните пристапуваат до јавните услуги. Со обезбедување на побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност, го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост, обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме за цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните, промовирајќи ја инклузивноста и ефикасноста во работењето.
Ова меѓу другото го истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, на денешната прес-конференција на која го презентираше сработеното во изминатите 100 дена. Посочи дека активно се работи на основањето на Дигиталната Агенција која ќе се фокусира на дигитална инклузија, дигитални јавни услуги со што ќе се подобри економијата на земјата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Активно се развиваат стратешки документи со единствена цел, да бидеме во чекор со дигиталната стратегија на ЕУ „Дигитален Компас“. Процесот на изработка на Стратегиите за ИКТ и Сајбер безбедност, се одвиваат со забрзана динамика. Во изминатите 100 дена: ,,сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа, со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси“, рече министерот, додавајќи дека Националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик. Друг проект што го посочи е создавањето на „Една точка за услуги“ на 333 локации низ државата во соработка со Пошта на Македонија. „Една точка за услуги“ веќе почна да го трансформира начинот на кој граѓаните содејствуваат со владата, обезбедувајќи поефикасни и подостапни услуги во пет градови - Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид. Во однос на реформите во јавната администрација, истакна дека финализирана е новата Стратегија за РЈА (2023-2030); Во согласност со нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ, овој сеопфатен осумгодишен документ е дизајниран да ја води нашата земја кон членство во Европската Унија до 2030 година; потоа финализирани се Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои веќе се во владина процедура; исто така активно се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби. Истакнувајќи ја длабоката посветеност за слободни медиуми кои му служат на највисокиот јавен интерес, министерот истакна дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, наскоро ќе се заврши и вториот дел од законот, а наскоро работната група ќе почне да работи и на Законот за медиуми.
Како резултат на тоа ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество“, рече министерот Алиу.

The post Го намаливме времето потребно за добивање на основните административни услуги, се пофали Алиу appeared first on Република.

]]>
Алиу: Имаме 129.374 вработени во администрацијата, плус две до три илјади со договор на дело https://republika.mk/vesti/makedonija/aliu-imame-129-374-vraboteni-vo-administratsijata-plus-dve-do-tri-iljadi-so-dogovor-na-delo/ Wed, 26 Apr 2023 20:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=634400

Точна е објавената бројкатна вработените во јавната администрација, но во неа ги нема оние кои се ангажирани со договор на дело и со нив се мисли дека вкупната бројка е поголема за две до три илјади, посочи министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Тој во гостувањето на Телма се осврна на извештајот што беше презентиран денеска, а во кој се вели дека заклучно со крајот на 2022 година, вкупната бројката на административци изнесувала 129.374, што е за 2.714 помалку во однос на 2021 година.

Алиу напомена дека најголем дел од институциите или 60,7 отсто се на локално ниво, а 39,3 отсто се на централно ниво. Во текот на минатата година се формирани девет нови институции, а згасната е една.

Тој посочи дека постојат институции во кои бројот на членови на Управни одбори е поголем од бројот на вработени и затоа постои процес на скенирање, кој ќе даде јасна слика за тоа што се случува, по што ќе следува втората фаза на нивна оптимизација.

Министерот исто така потенцираше и дека има неколку закони кои се во почетна, а некои се во завршна фаза и изрази очекување дека наскоро ќе се најдат на гласање пред пратениците.

Според директивите на Европската Унија, ние сме задолжени да одиме кон оптимизација на јавната администрација. Но, тоа не значи дека не треба да се креира една институција, да згасне друга институција, да се поврзуваат две во една итн. Таа е методологијата по која треба да се работи во овој период. Имаме експерти и домашни и странски кои прават функционална анализа на ниво на институции и нудат сервиси во тие институции, со цел да нема поклопување на надлежностите. За жал, досега се детектирани неколку институции во кои дел од процесот е во една, па потоа продолжува во друга. Тоа подразбира оптимизацијата – истакна Алиу.

Во однос на дигитализацијата, Алиу рече дека се работи на креирање на Закон за Агенција за дигитализација, кој, како што рече, ќе биде „чадор“ на ниво на држава и кој ќе ги имплементира политиките за дигитална трансформација на ниво на државата.

Министерството за информатичко општество ги креира политиките за јавна администрација, за ИКТ и за медиумите. Во делот на ИКТ, се предвидува Агенцијата да ги иплементира тие политики на ниво на државата и ќе имаме оптимизација и синхронизација на тие процеси. Во моментов креираме 135 нови услуги. Ќе почнеме да ги имплементираме со слоганот „Дигитална ера“. Тие услуги кои се базични за граѓаните ни се приоритет и во оваа фаза интензивно работиме како Министерството, заедно со другите институции, за да се дигитализираат тие процеси – додаде Алиу.

The post Алиу: Имаме 129.374 вработени во администрацијата, плус две до три илјади со договор на дело appeared first on Република.

]]>

Точна е објавената бројкатна вработените во јавната администрација, но во неа ги нема оние кои се ангажирани со договор на дело и со нив се мисли дека вкупната бројка е поголема за две до три илјади, посочи министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој во гостувањето на Телма се осврна на извештајот што беше презентиран денеска, а во кој се вели дека заклучно со крајот на 2022 година, вкупната бројката на административци изнесувала 129.374, што е за 2.714 помалку во однос на 2021 година. Алиу напомена дека најголем дел од институциите или 60,7 отсто се на локално ниво, а 39,3 отсто се на централно ниво. Во текот на минатата година се формирани девет нови институции, а згасната е една. Тој посочи дека постојат институции во кои бројот на членови на Управни одбори е поголем од бројот на вработени и затоа постои процес на скенирање, кој ќе даде јасна слика за тоа што се случува, по што ќе следува втората фаза на нивна оптимизација. Министерот исто така потенцираше и дека има неколку закони кои се во почетна, а некои се во завршна фаза и изрази очекување дека наскоро ќе се најдат на гласање пред пратениците.