авиони Archives - Република https://republika.mk/tema/avioni/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 11:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авиони Archives - Република https://republika.mk/tema/avioni/ 32 32 Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор https://republika.mk/vesti/svet/romanija-povtorno-podigna-voeni-avioni-neidentifikuvan-objekt-go-narushi-vozdushniot-prostor/ Sun, 20 Oct 2024 11:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=829093

Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег.

Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите.

Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.

The post Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор appeared first on Република.

]]>

Радарските служби на Романија и во петокот вечер регистрирале беспилотно летало во националниот воздушен простор, два дена откако беа испратени два борбени авиона да пресретнат дрон што се приближувал до Констанца на црноморскиот брег. Сигналот од дронот регистриран во петокот бил слаб, а пилотите во пресретнувачите изјавиле дека не можеле да воспостават визуелен контакт со леталото регистрирано на радарите. Во петокот бил регистриран дрон во истиот регион, но 19 километри подлабоко во романскиот простор. Биле испратени два романски авиона „ф-16“ и два шпански „ф-18“, но пилотите повторно не забележале ништо.

The post Романија повторно подигна воени авиони: „Неидентификуван објект“ го наруши воздушниот простор appeared first on Република.

]]>
АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/atsv-postapuva-po-prijaven-nastan-od-m-nav-za-izbegnat-intsident-na-neboto-nad-skopje/ Fri, 13 Sep 2024 08:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=815910

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7. месецов.

Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, потврдија денеска за МИА од АЦВ.

Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7. месецов. Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, потврдија денеска за МИА од АЦВ. Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, пишува порталот.

The post АЦВ постапува по пријавен настан од М-НАВ за избегнат инцидент на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>
Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време: АЦВ почна истрага https://republika.mk/vesti/makedonija/nejasno-e-zoshto-dvata-aviona-se-nashle-na-ista-visina-vo-isto-vreme-atsv-pochna-istraga/ Thu, 12 Sep 2024 20:30:11 +0000 https://republika.mk/?p=815841

Според сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, пренесува сдк.мк. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ за Лондон.

Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина.

https://republika.mk/zivot/servisi/izbegnata-e-tragedija-dva-aviona-za-malku-ke-se-sudrele-na-neboto-nad-skopje/

Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, односно дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот.

Флајтрадар24 е глобална услуга за следење летови која обезбедува информации во реално време за илјадници авиони ширум светот.

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември.

Како што објаснуваат воздухопловните власти, тие мора да постапат по ваквите наводи. Според процедурата, првично известува М-НАВ, кој што е задолжен за контролата на летање, а потоа и АЦВ испитува дали станува збор за инцидент или за сериозен инцидент. Ако е, не дај боже, сериозен инцидент, се вклучува и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Од Македонска навигација (М-НАВ) не беа достапни за коментар дали е покрената истрага за инцидент, дали и какви мерки се преземени.

The post Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време: АЦВ почна истрага appeared first on Република.

]]>

Според сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, пренесува сдк.мк. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ за Лондон. Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. https://republika.mk/zivot/servisi/izbegnata-e-tragedija-dva-aviona-za-malku-ke-se-sudrele-na-neboto-nad-skopje/ Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, односно дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот. Флајтрадар24 е глобална услуга за следење летови која обезбедува информации во реално време за илјадници авиони ширум светот. Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември. Како што објаснуваат воздухопловните власти, тие мора да постапат по ваквите наводи. Според процедурата, првично известува М-НАВ, кој што е задолжен за контролата на летање, а потоа и АЦВ испитува дали станува збор за инцидент или за сериозен инцидент. Ако е, не дај боже, сериозен инцидент, се вклучува и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Од Македонска навигација (М-НАВ) не беа достапни за коментар дали е покрената истрага за инцидент, дали и какви мерки се преземени.

The post Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време: АЦВ почна истрага appeared first on Република.

]]>
Избегната е трагедија: Два авиона за малку ќе се судреле на небото над Скопје https://republika.mk/zivot/servisi/izbegnata-e-tragedija-dva-aviona-za-malku-ke-se-sudrele-na-neboto-nad-skopje/ Thu, 12 Sep 2024 19:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=815832

На 7 септември, над Меѓународниот аеродром во Скопје, се случил инцидент во воздухот кога два авиони се нашле на иста висина и за малку ќе се судриле. Едниот авион бил на летот ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул, додека другиот бил на летот за Лондон на „Санекспрес“, јави СДК.

Инцидентите во воздухопловството секогаш предизвикуваат интерес и загриженост. Воздухопловните власти, сега го испитуваат случајот. Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, и дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот.

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември.

Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста висина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Среќата била на нивна страна, но ова е прилика да се прегледаат процедурите и безбедносните мерки.

The post Избегната е трагедија: Два авиона за малку ќе се судреле на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>

На 7 септември, над Меѓународниот аеродром во Скопје, се случил инцидент во воздухот кога два авиони се нашле на иста висина и за малку ќе се судриле. Едниот авион бил на летот ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул, додека другиот бил на летот за Лондон на „Санекспрес“, јави СДК. Инцидентите во воздухопловството секогаш предизвикуваат интерес и загриженост. Воздухопловните власти, сега го испитуваат случајот. Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, и дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот. Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста висина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Среќата била на нивна страна, но ова е прилика да се прегледаат процедурите и безбедносните мерки.

The post Избегната е трагедија: Два авиона за малку ќе се судреле на небото над Скопје appeared first on Република.

]]>
Поради апсењето на Павел Дуров, ОАЕ го откажаа договорот за купување авиони од Франција вреден 17 милијарди долари https://republika.mk/vesti/svet/poradi-apseneto-na-pavel-durov-oae-go-otkazhaa-dogovorot-za-kupuvane-avioni-od-frantsija-vreden-17-milijardi-dolari/ Thu, 29 Aug 2024 04:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=810912

Апсењето на основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, во Париз, предизвика непредвидени финансиски пробеми за Франција.

Поради тоа што Дуров е државјанин на Обединетите Арапаски Емирати (ОАЕ), од Емиратите побараа Франција да им дозволи пристап до нивниот државјанин.

Истовремено, поради апсењето на Дуров, ОАЕ го замрзнаа спроведувањето на договорот за набавка на 80 борбени авиони од Франција вреден 17 милијарди долари.

The post Поради апсењето на Павел Дуров, ОАЕ го откажаа договорот за купување авиони од Франција вреден 17 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Апсењето на основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, во Париз, предизвика непредвидени финансиски пробеми за Франција. Поради тоа што Дуров е државјанин на Обединетите Арапаски Емирати (ОАЕ), од Емиратите побараа Франција да им дозволи пристап до нивниот државјанин. Истовремено, поради апсењето на Дуров, ОАЕ го замрзнаа спроведувањето на договорот за набавка на 80 борбени авиони од Франција вреден 17 милијарди долари.

The post Поради апсењето на Павел Дуров, ОАЕ го откажаа договорот за купување авиони од Франција вреден 17 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел https://republika.mk/vesti/svet/rusija-im-zabrani-na-svoite-aviokompanii-da-letaat-noke-nad-izrael/ Sat, 10 Aug 2024 08:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=805117

Руската управа за цивилна авијација им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи.

Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва. Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, се вели во соопштение на „Росавијација“.

Не е наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА.

Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.

The post Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел appeared first on Република.

]]>

Руската управа за цивилна авијација им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи.
Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва. Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, се вели во соопштение на „Росавијација“.
Не е наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА. Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.

The post Русија им забрани на своите авиокомпании да летаат ноќе над Израел appeared first on Република.

]]>
Авиони полни патници се судрија на аеродром, еве што остана https://republika.mk/vesti/svet/avioni-polni-patnitsi-se-sudrija-na-aerodrom-eve-shto-ostana/ Thu, 01 Aug 2024 12:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=802308

Два авиони полни со патници се судрија на 29 јули на аеродромот во Бразил, а сега се појави видео на кое се гледа штетата нанесена на леталото.

Според медиумите, еден од авионите бил на пистата на аеродромот во Сао Паоло и чекал да полета, кога во него удрил авион кој штотуку слетал од Рио де Жанеиро. Несреќата се случила околу 17 часот по локално време.


Аеродромот извести дека инцидентот се случил поради механичка грешка на опремата за подигнување прикачена на авионот што се подготвувал за полетување.

Имено, на авионот била прикачена кука за влечење, која требало од паркинг позиција да го повлече авионот до позицијата „такси“.

Авиокомпанијата соопшти дека крилото на авионот кој слетал удрило во нивниот Боинг 737 кој требало да полета и дека има огромна дупка во авионот.

Патниците се симнаа безбедно, што е секогаш наш приоритет и беа префрлени во друг авион за да го продолжат своето патување, соопштија од авиокомпанијата.

The post Авиони полни патници се судрија на аеродром, еве што остана appeared first on Република.

]]>

Два авиони полни со патници се судрија на 29 јули на аеродромот во Бразил, а сега се појави видео на кое се гледа штетата нанесена на леталото. Според медиумите, еден од авионите бил на пистата на аеродромот во Сао Паоло и чекал да полета, кога во него удрил авион кој штотуку слетал од Рио де Жанеиро. Несреќата се случила околу 17 часот по локално време. Аеродромот извести дека инцидентот се случил поради механичка грешка на опремата за подигнување прикачена на авионот што се подготвувал за полетување. Имено, на авионот била прикачена кука за влечење, која требало од паркинг позиција да го повлече авионот до позицијата „такси“. Авиокомпанијата соопшти дека крилото на авионот кој слетал удрило во нивниот Боинг 737 кој требало да полета и дека има огромна дупка во авионот.
Патниците се симнаа безбедно, што е секогаш наш приоритет и беа префрлени во друг авион за да го продолжат своето патување, соопштија од авиокомпанијата.

The post Авиони полни патници се судрија на аеродром, еве што остана appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нема да ги коментирам некрофилските изјави на СДСМ, пристига помош од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија за гаснење на пожарите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nema-da-gi-komentiram-nekrofilskite-izjavi-na-sdsm-pristiga-pomosh-od-cheshka-ungarija-srbija-slovenija-i-germanija-za-gasnene-na-pozharite/ Wed, 31 Jul 2024 11:57:05 +0000 https://republika.mk/?p=801966

Многу е важно да се зборува со факти. Во политиката фактите се многу важни, тие ја креираат перцепцијата и тоа е она што е важно за граѓаните. Владата која што јас ја предводам имаше прв работен ден 24ти Јуни. Првиот посериозен пожар на планината Серта беше на 10 јули. Од прилика до 17 денови, како беше мојот прв работен ден. Каква беше тогаш фактичката состојба? Фактичката состојба беше следна. Хеликоптерите, кои што се користат при вакви кризни состојби, беа на сервис. Воздухопловите, авионите, беа приземени поради дефект. А пилотите кои што треба да ги управуваат, беа во пензија, вели Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за обвинувањата од СДСМ за пожарите.“

Премиерот Мицкоски истакна дека наследил катастрофална состојба, односно од ниту еден хеликоптер за гаснење на пожарите, без човечки ресурси веднаш направиле три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери кои интервенирале во гаснење на пожарите.

И практично, благодарение на единиците на локалната самоуправа, на општините, и нешто малку луѓе кои што во тој момент беа спремни, почна борбата со огнената стихија. Полека, еден по еден, хеликоптерите се вратија и беа ставени во употреба. Технички, беше интервенирано на воздухопловите. Истите стана оперативни, трите. Луѓето кои што ги управуваат, кои што беа во пензија, ги вративме со договор на дело, да може да ги управуваат, бидејќи немавме кој да ги управува. И во еден момент, од ништо, имавме три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери. И стотици пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи, одбрани граѓани, доброволци, при што ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за пожртвуваноста која што ја прават.“, додаде тој.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата прогласила кризна состојба, и веднаш го активирала европскиот механизам за помош при кризни состојби.

Во меѓувреме, во тој прв бран, прогласивме кризна состојба, поради борбата со огнената стихија, но истовремено и го активиравме европскиот механизам за помош при кризни состојби. Кога го активиравме тој механизам, помош ни дојде од соседна Србија, помош дојде од Црна Гора, од Словенија, од Турција, од Романија. И во тој прв бран ја совладавме огнената стихија. Понатаму, продолжи борбата со огнената стихија, но не само кај нас, секаде и во Европа тоа се случува.  И во овој момент, во текот на вчерашниот ден, имавме историски, незапаметен број на пожари на отворено, 66. Успеавме 40 да ги совладаме. Останатите се под контрола. Благодарение на пожртвуваноста на пожарникарите, доброволците, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана. И повторно ќе кажам, ја користам оваа прилика да изразам огромна благодарност за свето тоа што го прават. И ќе продолжиме да се бориме, имајќи предвид, температурата која што следи и во месец август, не очекувам да има големи промени, ниту врнежи. Вакви предизвици ќе има.“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски упати загриженост од информациите кои ги добива од МВР дека причина за ваквата состојба се невнимателност, но и намера истите тие да предизвикаат.

Но она што ме загрижува, се индициите кои што ги добивам, како информација од Министерството за внатрешни работи, дека постои основано сомневање. Дека причина за овие пожари во голема мера е невнимателност, а во голема мера и намера да истите тие се предизвикаат. Ние кај се бориме. Повторно го активиравме европскиот механизам за барање поддршка во ваква кризна состојба.“, изјави премиерот и додаде дека помош пристига од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија.

Република Чешка одговори со еден хеликоптер кој што треба денеска да пристигне, соседна Србија со уште еден хеликоптер, Унгарија испраќа во текот на утрешниот ден четири теренци кој што се многу потребни за оние предели, кој што се непристапни и тешко се пристапува дури и од воздух, кој што се себе носат еден кубик вода и кој што можат многу брзо да превенираат, да не се прошири овој пожар. Истовремено, Словенија позитивно одговори, Германија, два авиона, и тоа е капацитетот кој што ние во моментот можеме да го прифатиме и состојбата можам да кажам дека целосно или делумно е или ќе биде ставена под контрола. Апелирам до граѓаните. Има луѓе доволно кои што се грижат, да нема самоорганизирање, затоа што не дај Боже, не дај Боже, необучен цивил кој што има најдобра, најискрена желба да се вклучи да помогне, не дај Боже, да западне во тешка состојба и не дај Боже да го загуби својот живот. Нема цена тоа. Ве молам, јас ве разбирам, дека сите сакате да помогнете, ве разбирам дека сите сакате кога е потребно да излезете во пресрет, ние сме хуман народ, ние сакаме да помогнеме, сакаме да помогнеме на тој кому таа помош е потребна, но има доволен број пожарникари, има доволен број припадници на Министерството за внатрешни работи и за одбрана и сето тоа е сосема доволно во овој период за да се справиме, иако ќе повторам станува збор за огнена стихија, која што е на својот историски пик. 66 имавме само вчера. 66 активни пожари на отворено, што не се случило. 40 успеавме успешно да ги изгаснеме. Тоа е поврзано со пожарите, а политичари и политички партии кои што имаат некрофилски намери, јас немам намера да коментирам.“, дециден е премиерот на Владата Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема да ги коментирам некрофилските изјави на СДСМ, пристига помош од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија за гаснење на пожарите appeared first on Република.

]]>

Многу е важно да се зборува со факти. Во политиката фактите се многу важни, тие ја креираат перцепцијата и тоа е она што е важно за граѓаните. Владата која што јас ја предводам имаше прв работен ден 24ти Јуни. Првиот посериозен пожар на планината Серта беше на 10 јули. Од прилика до 17 денови, како беше мојот прв работен ден. Каква беше тогаш фактичката состојба? Фактичката состојба беше следна. Хеликоптерите, кои што се користат при вакви кризни состојби, беа на сервис. Воздухопловите, авионите, беа приземени поради дефект. А пилотите кои што треба да ги управуваат, беа во пензија, вели Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за обвинувањата од СДСМ за пожарите.“
Премиерот Мицкоски истакна дека наследил катастрофална состојба, односно од ниту еден хеликоптер за гаснење на пожарите, без човечки ресурси веднаш направиле три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери кои интервенирале во гаснење на пожарите.
И практично, благодарение на единиците на локалната самоуправа, на општините, и нешто малку луѓе кои што во тој момент беа спремни, почна борбата со огнената стихија. Полека, еден по еден, хеликоптерите се вратија и беа ставени во употреба. Технички, беше интервенирано на воздухопловите. Истите стана оперативни, трите. Луѓето кои што ги управуваат, кои што беа во пензија, ги вративме со договор на дело, да може да ги управуваат, бидејќи немавме кој да ги управува. И во еден момент, од ништо, имавме три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери. И стотици пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи, одбрани граѓани, доброволци, при што ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за пожртвуваноста која што ја прават.“, додаде тој.
Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата прогласила кризна состојба, и веднаш го активирала европскиот механизам за помош при кризни состојби.
Во меѓувреме, во тој прв бран, прогласивме кризна состојба, поради борбата со огнената стихија, но истовремено и го активиравме европскиот механизам за помош при кризни состојби. Кога го активиравме тој механизам, помош ни дојде од соседна Србија, помош дојде од Црна Гора, од Словенија, од Турција, од Романија. И во тој прв бран ја совладавме огнената стихија. Понатаму, продолжи борбата со огнената стихија, но не само кај нас, секаде и во Европа тоа се случува.  И во овој момент, во текот на вчерашниот ден, имавме историски, незапаметен број на пожари на отворено, 66. Успеавме 40 да ги совладаме. Останатите се под контрола. Благодарение на пожртвуваноста на пожарникарите, доброволците, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана. И повторно ќе кажам, ја користам оваа прилика да изразам огромна благодарност за свето тоа што го прават. И ќе продолжиме да се бориме, имајќи предвид, температурата која што следи и во месец август, не очекувам да има големи промени, ниту врнежи. Вакви предизвици ќе има.“, рече Мицкоски.
Премиерот Мицкоски упати загриженост од информациите кои ги добива од МВР дека причина за ваквата состојба се невнимателност, но и намера истите тие да предизвикаат.
Но она што ме загрижува, се индициите кои што ги добивам, како информација од Министерството за внатрешни работи, дека постои основано сомневање. Дека причина за овие пожари во голема мера е невнимателност, а во голема мера и намера да истите тие се предизвикаат. Ние кај се бориме. Повторно го активиравме европскиот механизам за барање поддршка во ваква кризна состојба.“, изјави премиерот и додаде дека помош пристига од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија. Република Чешка одговори со еден хеликоптер кој што треба денеска да пристигне, соседна Србија со уште еден хеликоптер, Унгарија испраќа во текот на утрешниот ден четири теренци кој што се многу потребни за оние предели, кој што се непристапни и тешко се пристапува дури и од воздух, кој што се себе носат еден кубик вода и кој што можат многу брзо да превенираат, да не се прошири овој пожар. Истовремено, Словенија позитивно одговори, Германија, два авиона, и тоа е капацитетот кој што ние во моментот можеме да го прифатиме и состојбата можам да кажам дека целосно или делумно е или ќе биде ставена под контрола. Апелирам до граѓаните. Има луѓе доволно кои што се грижат, да нема самоорганизирање, затоа што не дај Боже, не дај Боже, необучен цивил кој што има најдобра, најискрена желба да се вклучи да помогне, не дај Боже, да западне во тешка состојба и не дај Боже да го загуби својот живот. Нема цена тоа. Ве молам, јас ве разбирам, дека сите сакате да помогнете, ве разбирам дека сите сакате кога е потребно да излезете во пресрет, ние сме хуман народ, ние сакаме да помогнеме, сакаме да помогнеме на тој кому таа помош е потребна, но има доволен број пожарникари, има доволен број припадници на Министерството за внатрешни работи и за одбрана и сето тоа е сосема доволно во овој период за да се справиме, иако ќе повторам станува збор за огнена стихија, која што е на својот историски пик. 66 имавме само вчера. 66 активни пожари на отворено, што не се случило. 40 успеавме успешно да ги изгаснеме. Тоа е поврзано со пожарите, а политичари и политички партии кои што имаат некрофилски намери, јас немам намера да коментирам.“, дециден е премиерот на Владата Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема да ги коментирам некрофилските изјави на СДСМ, пристига помош од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија за гаснење на пожарите appeared first on Република.

]]>
Сите летови на неколку големи американски авиокомпани приземјени поради проблеми со комуникацијата https://republika.mk/vesti/svet/site-letovi-na-nekolku-golemi-amerikanski-aviokompani-prizemjeni-poradi-problemi-so-komunikatsijata/ Fri, 19 Jul 2024 09:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=798352

Сите летови на неколку големи американски авиокомпании – вклучувајќи ги Делта, Јунајтед и Американ Ерлајнс – беа приземјени денеска наутро поради проблем во комуникацијата, според Федералната управа за авијација, објави CNN.

Копнената станица влијае на сите летови од авиокомпаниите, без оглед на нивната дестинација, соопшти FAA.

Не е јасно колку долго ќе трае копното застанување, иако ФАА сугерираше дека ажурирањето ќе биде достапно до 5 часот по средноевропско време.

Нивното приземјување доаѓа по значителниот прекин на Мајкрософт кој го запре со часови Frontier Airlines во четвртокот – иако копнената станица за тие авиокомпании оттогаш е укината.

Претходно во четвртокот, Frontier рече дека неговите системи биле погодени од прекинот и понуди враќање на средствата за непријатните патници.

Други конкуренти, вклучувајќи ги Allegiant и SunCountry, исто така, рекоа дека имаат потешкотии, вклучително и со нивните функции за резервирање, пријавување и управување со патувања преку Интернет.

ФАА, исто така, објави утрово дека сите летови на Allegiant ќе бидат приземјени. Мајкрософт објави дека услугата “cloud“ паднала за некои клиенти во централниот дел на Соединетите држави околу 18 часот. ET, „вклучувајќи неуспеси со операции за управување со услуги и поврзување или достапност на услугите“.

Компанијата соопшти дека ја утврдила причината и работи на нејзино отстранување.

The post Сите летови на неколку големи американски авиокомпани приземјени поради проблеми со комуникацијата appeared first on Република.

]]>

Сите летови на неколку големи американски авиокомпании – вклучувајќи ги Делта, Јунајтед и Американ Ерлајнс – беа приземјени денеска наутро поради проблем во комуникацијата, според Федералната управа за авијација, објави CNN. Копнената станица влијае на сите летови од авиокомпаниите, без оглед на нивната дестинација, соопшти FAA. Не е јасно колку долго ќе трае копното застанување, иако ФАА сугерираше дека ажурирањето ќе биде достапно до 5 часот по средноевропско време. Нивното приземјување доаѓа по значителниот прекин на Мајкрософт кој го запре со часови Frontier Airlines во четвртокот – иако копнената станица за тие авиокомпании оттогаш е укината. Претходно во четвртокот, Frontier рече дека неговите системи биле погодени од прекинот и понуди враќање на средствата за непријатните патници. Други конкуренти, вклучувајќи ги Allegiant и SunCountry, исто така, рекоа дека имаат потешкотии, вклучително и со нивните функции за резервирање, пријавување и управување со патувања преку Интернет. ФАА, исто така, објави утрово дека сите летови на Allegiant ќе бидат приземјени. Мајкрософт објави дека услугата “cloud“ паднала за некои клиенти во централниот дел на Соединетите држави околу 18 часот. ET, „вклучувајќи неуспеси со операции за управување со услуги и поврзување или достапност на услугите“. Компанијата соопшти дека ја утврдила причината и работи на нејзино отстранување.

The post Сите летови на неколку големи американски авиокомпани приземјени поради проблеми со комуникацијата appeared first on Република.

]]>
Воен хеликоптер исфрла вода врз пожарот на Серта, ќе пристигнат и ер-тракторите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/voen-helikopter-isfrla-voda-vrz-pozharot-na-serta-ke-pristignat-i-er-traktorite/ Sat, 13 Jul 2024 07:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=796292

Пожарите на планината Серта со денови се активни и постојано се шират, поради што од утрово вода исфрла еден воен хеликоптер. Од Центарот за управување со кризи – ЦУК, информираат дека нешто подоцна ќе се интервенира и со два авиони за гаснење на пожари.

The post Воен хеликоптер исфрла вода врз пожарот на Серта, ќе пристигнат и ер-тракторите appeared first on Република.

]]>

Пожарите на планината Серта со денови се активни и постојано се шират, поради што од утрово вода исфрла еден воен хеликоптер. Од Центарот за управување со кризи – ЦУК, информираат дека нешто подоцна ќе се интервенира и со два авиони за гаснење на пожари.

The post Воен хеликоптер исфрла вода врз пожарот на Серта, ќе пристигнат и ер-тракторите appeared first on Република.

]]>
ЕУ испраќа авиони за помош во гаснењето на шумските пожари во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/eu-ispraka-avioni-za-pomosh-vo-gasneneto-na-shumskite-pozhari-vo-albanija/ Wed, 10 Jul 2024 11:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=795314

По барањето од Албанија за помош во справувањето со шумските пожари во општина Дропул, Европската комисија донесе одлука преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ да испрати четири авиони од Грција да помогнат во гаснењето на огнот, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаш Ујвари.

-Европската комисија стои на располагање за испраќање на дополнителна помош доколку биде потребна на теренот во Албанија или на други места, додаде Ујвари.

Тој потсети дека ова лето Еврокомисијата формира флота за гаснење пожари од 28 авиони и четири хеликоптери, како и тимови од 556 пожарникари од 12 членки, кои се стратешки стационирани на клучните локации во 10 земји во Европа и се подготвени доколку е потребно да им помогнат на локалните противпожарни екипи во справување со огнените стихии.

Според ЕК, ситуацијата на теренот во Албанија покажала знаци на подобрување во текот на ноќта, но Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во случај да биде потребна дополнителна поддршка.

Во врска со оваа одлука, еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич порача дека ЕУ е подготвена доколку е потребно да ја поддржи Албанија и со дополнителна помош во справувањето со пожарите.

Шумските пожари не познаваат граници. ЕУ мобилизираше противпожарни авиони од Грција за да ги поддржи локалните тимови во Албанија во нивната борба против шумските пожари, додаде Ленарчич.

 

The post ЕУ испраќа авиони за помош во гаснењето на шумските пожари во Албанија appeared first on Република.

]]>

По барањето од Албанија за помош во справувањето со шумските пожари во општина Дропул, Европската комисија донесе одлука преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ да испрати четири авиони од Грција да помогнат во гаснењето на огнот, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаш Ујвари. -Европската комисија стои на располагање за испраќање на дополнителна помош доколку биде потребна на теренот во Албанија или на други места, додаде Ујвари. Тој потсети дека ова лето Еврокомисијата формира флота за гаснење пожари од 28 авиони и четири хеликоптери, како и тимови од 556 пожарникари од 12 членки, кои се стратешки стационирани на клучните локации во 10 земји во Европа и се подготвени доколку е потребно да им помогнат на локалните противпожарни екипи во справување со огнените стихии. Според ЕК, ситуацијата на теренот во Албанија покажала знаци на подобрување во текот на ноќта, но Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во случај да биде потребна дополнителна поддршка. Во врска со оваа одлука, еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич порача дека ЕУ е подготвена доколку е потребно да ја поддржи Албанија и со дополнителна помош во справувањето со пожарите. Шумските пожари не познаваат граници. ЕУ мобилизираше противпожарни авиони од Грција за да ги поддржи локалните тимови во Албанија во нивната борба против шумските пожари, додаде Ленарчич.  

The post ЕУ испраќа авиони за помош во гаснењето на шумските пожари во Албанија appeared first on Република.

]]>
Западни АВАКС-и ќе следат цели, украинските ловци ќе стрелаат ракети: Ова е планот на НАТО за делување на авионите Ф-16 во Украина https://republika.mk/vesti/svet/zapadni-avaks-i-ke-sledat-tseli-ukrainskite-lovtsi-ke-strelaat-raketi-ova-e-planot-na-nato-za-deluvane-na-avionite-f-16-vo-ukraina/ Wed, 19 Jun 2024 17:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=789149

На Телеграм каналите специјализирани за следење на случувањата во Украина, е објавена анализа за веројатниот план на НАТО и на Украина за распоредување и употреба на западните борбени авиони Ф-16 кога тие ќе им бидат испорачани на украинските сили. Според таквата анализа, Ф-16 авионите ќе бидат активно поддржани од западните авиони за далекуметно извидување и набљудување AВАКС, кои ќе обезбедуваат разузнавачки информации.

Целта е да се има поглед во задниот дел од руската страна на фронтот на 100-150 км, за да биде откриено полетувањето на руските авиони и од безбедно растојание да бидат насочувани ракетите лансирани од Ф-16.

https://republika.mk/vesti/svet/holandija-ke-isporacha-24-borbeni-avioni-f-16-za-ukraina/

Според украинските аналитичари, очекувањата се дека авионите Ф-16 ќе го бидат опремени со ракети модел AИМ-120Д со опсег на лет над 160 км, а со таквата тактика, Украинците и Западот се надеваат дека тоа ќе ги спречи руските авиони да се приближат до линијата на фронтот на повеќе од 50 километри.

The post Западни АВАКС-и ќе следат цели, украинските ловци ќе стрелаат ракети: Ова е планот на НАТО за делување на авионите Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>

На Телеграм каналите специјализирани за следење на случувањата во Украина, е објавена анализа за веројатниот план на НАТО и на Украина за распоредување и употреба на западните борбени авиони Ф-16 кога тие ќе им бидат испорачани на украинските сили. Според таквата анализа, Ф-16 авионите ќе бидат активно поддржани од западните авиони за далекуметно извидување и набљудување AВАКС, кои ќе обезбедуваат разузнавачки информации. Целта е да се има поглед во задниот дел од руската страна на фронтот на 100-150 км, за да биде откриено полетувањето на руските авиони и од безбедно растојание да бидат насочувани ракетите лансирани од Ф-16. https://republika.mk/vesti/svet/holandija-ke-isporacha-24-borbeni-avioni-f-16-za-ukraina/ Според украинските аналитичари, очекувањата се дека авионите Ф-16 ќе го бидат опремени со ракети модел AИМ-120Д со опсег на лет над 160 км, а со таквата тактика, Украинците и Западот се надеваат дека тоа ќе ги спречи руските авиони да се приближат до линијата на фронтот на повеќе од 50 километри.

The post Западни АВАКС-и ќе следат цели, украинските ловци ќе стрелаат ракети: Ова е планот на НАТО за делување на авионите Ф-16 во Украина appeared first on Република.

]]>
Вучиќ од Париз: Очекувам за два месеца потпишување договор за купување на авиoните „Рафал“ https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-od-pariz-ochekuvam-za-dva-mesetsa-potpishuvane-dogovor-za-kupuvane-na-avionite-rafal/ Tue, 09 Apr 2024 09:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=764165

Во вториот ден од официјалната посета на Париз, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, имаше разговари за наменската индустрија и одбраната, како и за подобрување на економската соработка со француските компании, а постигнат е договор за купување на ескадрила борбени авиони „Рафал“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор со францускиот претседател Емануел Макрон кој траел повеќе од три часа и дека постигнале конкретни договори за купување на борбените авиони „Рафал“, за кои договорите ќе бидат потпишани во следните два месеци.

Многу сум среќен поради резултатите од тие разговори, среќен затоа што можевме на отворен и специфичен начин да разговараме за сите видови соработка со една од најважните земји во светот. И мислам дека постигнавме конкретни договори во врска со купувањето и на „Рафал“, каде очекувам да биде потпишан договорот во следните два месеци и со присуство на претседателот на Франција, што е исклучително важно за Србија на повеќе нивоа - рече Вучиќ.

Тоа отвора можности за други соработки. Важно е да работиме на метрото и железница. Разговараме со компании за летечки автомобили. Тоа треба да го спроведеме во пракса до Експо. Разговаравме и за нови инвеститори, кажа Вучиќ.

Државниот секретар во Министерството за одбрана Немања Старовиќ изјави дека финансиски најобемната, најбараната аквизиција во современата историја на српските вооружени сили (ВС), е набавката на цела ескадрила мошне модерни ловци-бомбардери од четвртата плус плус генерација од типот „Рафал“.

Србија веќе има респектабилен број хеликоптери Ербас, кои Франција ги произведува заедно со Германија, и има намера да набави повеќе такви летала.

Соработката со Франција трае со години, од таа земја се набавени и ракети „Мистрал“ а неодамна за Војската на Србија пристигнаа и најсовремените француски радари.

The post Вучиќ од Париз: Очекувам за два месеца потпишување договор за купување на авиoните „Рафал“ appeared first on Република.

]]>

Во вториот ден од официјалната посета на Париз, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, имаше разговари за наменската индустрија и одбраната, како и за подобрување на економската соработка со француските компании, а постигнат е договор за купување на ескадрила борбени авиони „Рафал“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор со францускиот претседател Емануел Макрон кој траел повеќе од три часа и дека постигнале конкретни договори за купување на борбените авиони „Рафал“, за кои договорите ќе бидат потпишани во следните два месеци.
Многу сум среќен поради резултатите од тие разговори, среќен затоа што можевме на отворен и специфичен начин да разговараме за сите видови соработка со една од најважните земји во светот. И мислам дека постигнавме конкретни договори во врска со купувањето и на „Рафал“, каде очекувам да биде потпишан договорот во следните два месеци и со присуство на претседателот на Франција, што е исклучително важно за Србија на повеќе нивоа - рече Вучиќ.
Тоа отвора можности за други соработки. Важно е да работиме на метрото и железница. Разговараме со компании за летечки автомобили. Тоа треба да го спроведеме во пракса до Експо. Разговаравме и за нови инвеститори, кажа Вучиќ. Државниот секретар во Министерството за одбрана Немања Старовиќ изјави дека финансиски најобемната, најбараната аквизиција во современата историја на српските вооружени сили (ВС), е набавката на цела ескадрила мошне модерни ловци-бомбардери од четвртата плус плус генерација од типот „Рафал“. Србија веќе има респектабилен број хеликоптери Ербас, кои Франција ги произведува заедно со Германија, и има намера да набави повеќе такви летала. Соработката со Франција трае со години, од таа земја се набавени и ракети „Мистрал“ а неодамна за Војската на Србија пристигнаа и најсовремените француски радари.

The post Вучиќ од Париз: Очекувам за два месеца потпишување договор за купување на авиoните „Рафал“ appeared first on Република.

]]>
Два авиона се судрија на пистата на аеродромот „Хитроу“ во Лондон https://republika.mk/vesti/svet/dva-aviona-se-sudrija-na-pistata-na-aerodromot-hitrou-vo-london/ Sat, 06 Apr 2024 17:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=763193

На лондонскиот аеродром Хитроу се случил инцидент кога два авиони се судриле на пистата, објавија британските медиуми.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на „Вирџин Атлантик“ со крилото допира авион на „Бритиш ервејс“. Боингот 787-9 на „Вирџин“ го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници.

„Вирџин“ почна истрага за причините за инцидентот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.

Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет, изјави портпаролот на „Вирџин Атлантик“.

Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на „Јунајтед ерлајнс“ се судрија, но немаше повредени.

The post Два авиона се судрија на пистата на аеродромот „Хитроу“ во Лондон appeared first on Република.

]]>

На лондонскиот аеродром Хитроу се случил инцидент кога два авиони се судриле на пистата, објавија британските медиуми. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на „Вирџин Атлантик“ со крилото допира авион на „Бритиш ервејс“. Боингот 787-9 на „Вирџин“ го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници. „Вирџин“ почна истрага за причините за инцидентот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.
Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет, изјави портпаролот на „Вирџин Атлантик“.
Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на „Јунајтед ерлајнс“ се судрија, но немаше повредени.

The post Два авиона се судрија на пистата на аеродромот „Хитроу“ во Лондон appeared first on Република.

]]>
Летовите во Њујорк привремено прекинати поради земјотресот https://republika.mk/vesti/svet/letovite-vo-nujork-privremeno-prekinati-poradi-zemjotresot/ Fri, 05 Apr 2024 18:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=762801

Летовите на аеродромите во Њујорк привремено беа прекинати откако најголемиот град на американскиот континент денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,8 степени, објавија локалните медиуми.

Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Летовите беа кратко прекинати на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“, пред да продолжат, додека пристигнувањата на аеродромот „Њуарк либерти“ беа дозволени постојано, соопшти сојузната управа за авијација, пренесува Си-Ен-Ен.

Земјотресот бил почувствуван и во неколку други сојузни држави, вклучувајќи ги Мејн, Конектикат, Њу Хемпшир и Њу Џерси.

По земјотресот накратко беше прекината и седницата на Советот за безбедност во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

The post Летовите во Њујорк привремено прекинати поради земјотресот appeared first on Република.

]]>

Летовите на аеродромите во Њујорк привремено беа прекинати откако најголемиот град на американскиот континент денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,8 степени, објавија локалните медиуми. Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Летовите беа кратко прекинати на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“, пред да продолжат, додека пристигнувањата на аеродромот „Њуарк либерти“ беа дозволени постојано, соопшти сојузната управа за авијација, пренесува Си-Ен-Ен. Земјотресот бил почувствуван и во неколку други сојузни држави, вклучувајќи ги Мејн, Конектикат, Њу Хемпшир и Њу Џерси. По земјотресот накратко беше прекината и седницата на Советот за безбедност во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Претходно, Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

The post Летовите во Њујорк привремено прекинати поради земјотресот appeared first on Република.

]]>
ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари https://republika.mk/vesti/svet/ek-ke-obezbedi-600-milioni-evra-za-nabavka-na-12-avioni-za-gasnene-pozhari/ Mon, 25 Mar 2024 13:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=758560

Европската комисијата ќе ја финансира набавката на нови авиони за гаснење пожари за да го зголеми капацитетот на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со огнени стихии, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаж Ујвари.

Од фондовите на ЕУ ќе бидат искористени 600 милиони евра за купување на 12 нови авиони, кои ќе бидат стационирани во шест земји членки – Хрватска, Франција, Италија, Грција, Португалија и Шпанија, изјави Ујвари, додавајќи дека авионите ќе бидат испорачани до 2027 година.

Овие нови авиони ќе може да се користат за гаснење пожари низ Европската Унија и 10 земји од соседството, вклучително и  Македонија, особено во текот на летните месеци кога животите, домовите и средствата за живот стануваат се повеќе загрозени од шумски пожари од големи размери.

Ујвари соопшти дека комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска во Загреб присуствувал на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Владата на Хрватска и канадска корпорација за купување на специјализирани авиони за гаснење пожари. Неодамна сличен договор за набавка на авиони за гаснење пожар потпиша и Владата на Грција.

Според Ленарчич, ваквите договори за купување на авиони ќе помогнат за заштита на граѓаните низ цела Европа.

Им честитам на Хрватска, како и на Грција, кои први ги потпишаа договорите за набавка на авиони, кои ќе ја формираат новата генерација европски воздухопловни противпожарни капацитети. И благодарам и на Канада што го олесни склучувањето договори со засегнатата компанија да го продолжи производството на овие многу потребни авиони. Тоа ќе биде 100 отсто платено од Европската комисија, како дел од нашиот зајакнат капацитет за гаснење пожари. Подготвени сме да се бори со уште поинтензивни шумски пожари во Европа, додаде Ленарчич.

Европската комисија пред пет години го надгради Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со вклучување флота од противпожарни авиони и хеликоптери.

Механизмот има за цел да и обезбеди на ЕУ координиран пристап за спречување, реагирање и справување со шумски пожари, доколку нивниот обем ги надминуваат националните капацитети за одговор. Во Механизмот, покрај 27-те земји членки на ЕУ се вклучени и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Украина.

The post ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата ќе ја финансира набавката на нови авиони за гаснење пожари за да го зголеми капацитетот на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за справување со огнени стихии, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и управување со кризи Балаж Ујвари. Од фондовите на ЕУ ќе бидат искористени 600 милиони евра за купување на 12 нови авиони, кои ќе бидат стационирани во шест земји членки – Хрватска, Франција, Италија, Грција, Португалија и Шпанија, изјави Ујвари, додавајќи дека авионите ќе бидат испорачани до 2027 година. Овие нови авиони ќе може да се користат за гаснење пожари низ Европската Унија и 10 земји од соседството, вклучително и  Македонија, особено во текот на летните месеци кога животите, домовите и средствата за живот стануваат се повеќе загрозени од шумски пожари од големи размери. Ујвари соопшти дека комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич денеска во Загреб присуствувал на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Владата на Хрватска и канадска корпорација за купување на специјализирани авиони за гаснење пожари. Неодамна сличен договор за набавка на авиони за гаснење пожар потпиша и Владата на Грција. Според Ленарчич, ваквите договори за купување на авиони ќе помогнат за заштита на граѓаните низ цела Европа. Им честитам на Хрватска, како и на Грција, кои први ги потпишаа договорите за набавка на авиони, кои ќе ја формираат новата генерација европски воздухопловни противпожарни капацитети. И благодарам и на Канада што го олесни склучувањето договори со засегнатата компанија да го продолжи производството на овие многу потребни авиони. Тоа ќе биде 100 отсто платено од Европската комисија, како дел од нашиот зајакнат капацитет за гаснење пожари. Подготвени сме да се бори со уште поинтензивни шумски пожари во Европа, додаде Ленарчич. Европската комисија пред пет години го надгради Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со вклучување флота од противпожарни авиони и хеликоптери. Механизмот има за цел да и обезбеди на ЕУ координиран пристап за спречување, реагирање и справување со шумски пожари, доколку нивниот обем ги надминуваат националните капацитети за одговор. Во Механизмот, покрај 27-те земји членки на ЕУ се вклучени и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Србија, Турција, Црна Гора и Украина.

The post ЕК ќе обезбеди 600 милиони евра за набавка на 12 авиони за гаснење пожари appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, наводно се поврзуваат со руски бизнисмени https://republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-pronajdeni-10-avioni-sedum-jahti-i-357-stanbeni-objekti-navodno-se-povrzuvaat-so-ruski-biznismeni/ Fri, 23 Feb 2024 09:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=747276

Шпанската Цивилна гарда пронашла 357 станбени објекти, седум јахти и 10 авиони на територијата на земјата, кои наводно се поврзани со руски бизнисмени кои станале предмет на европски санкции.

Станува збор за недвижен имот и друг имот во вредност од стотици милиони евра.

Шпанската Цивилна гарда не прецизира колку од случаите резултирале со замрзнување на имотот, но наведува дека процентот на замрзнати средства е многу висок.

The post Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, наводно се поврзуваат со руски бизнисмени appeared first on Република.

]]>

Шпанската Цивилна гарда пронашла 357 станбени објекти, седум јахти и 10 авиони на територијата на земјата, кои наводно се поврзани со руски бизнисмени кои станале предмет на европски санкции. Станува збор за недвижен имот и друг имот во вредност од стотици милиони евра. Шпанската Цивилна гарда не прецизира колку од случаите резултирале со замрзнување на имотот, но наведува дека процентот на замрзнати средства е многу висок.

The post Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, наводно се поврзуваат со руски бизнисмени appeared first on Република.

]]>
Полска итно подигна борбени авиони поради руската авијација со долг дострел https://republika.mk/vesti/svet/polska-itno-podigna-borbeni-avioni-poradi-ruskata-avijatsija-so-dolg-dostrel/ Tue, 23 Jan 2024 08:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=735756

Полска и нејзините сојузници ги подигнаа авиони поради активност на руската авијација со долг дострел, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.

Ве известуваме дека во тек е интензивната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација. Предупредуваме дека е активирана полската и сојузничката авијација, што може да доведе до зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата,  наведе командата на X (поранешен Твитер).

Претходно, Генералштабот на полската војска ги ставија во состојба на готовност воените авиони по забележаната активност на руската авијација со долг дострел.

The post Полска итно подигна борбени авиони поради руската авијација со долг дострел appeared first on Република.

]]>

Полска и нејзините сојузници ги подигнаа авиони поради активност на руската авијација со долг дострел, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили. Ве известуваме дека во тек е интензивната активност на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација. Предупредуваме дека е активирана полската и сојузничката авијација, што може да доведе до зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата,  наведе командата на X (поранешен Твитер). Претходно, Генералштабот на полската војска ги ставија во состојба на готовност воените авиони по забележаната активност на руската авијација со долг дострел.

The post Полска итно подигна борбени авиони поради руската авијација со долг дострел appeared first on Република.

]]>
Откако еден дел се откорна среде лет, откриени повеќе незацврстени делови и во други авиони на Боинг https://republika.mk/vesti/svet/otkako-eden-del-se-otkorna-srede-let-otkrieni-poveke-nezatsvrsteni-delovi-i-vo-drugi-avioni-na-boing/ Tue, 09 Jan 2024 08:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=731001

При инспекции на авионите Боинг 737 макс 9, американските авиокомпании „Јунајтед ерлајнс“ и „Аласка ерлајнс“ пронајдоа лабави завртки на компонентата на трупот што отпадна за време на летот пред неколку дена. Двете авиокомпании не соопштија колку авиони го имале проблемот. Според портпаролката на „Јунајтед ерлајнс“, авиокомпанијата има вкупно 79 авиони од тој тип. За време на инспекциите, откриени се сомнителни дефекти во врска со поставувањето на покривните панели што затвораат непотребен излез за итни случаи, соопшти авиокомпанијата.

Поставувањето на покривната плоча е конфигурација што Боинг ја нуди кога веќе е доволен бројот на постоечки излези за итни случаи со оглед на бројот на седишта во авионот. Според информациите од веб-страницата „The Air Current“, лабави завртки и други недостатоци се откриени на најмалку пет авиони. Инсајдер за новинската агенција Ројтерс тврди дека се засегнати 10 авиони на „Јунајтед". „Ова менува сè, бидејќи сега се појавува проблем со флотата. Тоа е проблем со контролата на квалитетот“, изјави американскиот експерт за воздухопловна безбедност Џон Кокс. Инспекторите во неделата соопштија дека се уште е рано да се утврди причината за инцидентот со авионот во петокот од кој испадна дел за време на лет.

Американската воздухопловна управа ФАА нареди авионите Боинг 737 Макс 9 да бидат приземјени и прегледани во текот на викендот. На летот на „Алјаска ерлајнс" во петокот, дел од авионот со 171 патник ненадејно се откинал веднаш по полетувањето. Според експертите, благодарение на среќните околности никој не седел директно до делот што се откинал и сите патници сè уште ги носеле безбедносните појаси во оваа фаза од летот. Според локалната власт ЕАСА, ниту еден авион во Европската унија не е погоден од деактивирањето и инспекциите.

Курсот на акциите на Боинг во понеделникот падна за осум проценти.

The post Откако еден дел се откорна среде лет, откриени повеќе незацврстени делови и во други авиони на Боинг appeared first on Република.

]]>

При инспекции на авионите Боинг 737 макс 9, американските авиокомпании „Јунајтед ерлајнс“ и „Аласка ерлајнс“ пронајдоа лабави завртки на компонентата на трупот што отпадна за време на летот пред неколку дена. Двете авиокомпании не соопштија колку авиони го имале проблемот. Според портпаролката на „Јунајтед ерлајнс“, авиокомпанијата има вкупно 79 авиони од тој тип. За време на инспекциите, откриени се сомнителни дефекти во врска со поставувањето на покривните панели што затвораат непотребен излез за итни случаи, соопшти авиокомпанијата. Поставувањето на покривната плоча е конфигурација што Боинг ја нуди кога веќе е доволен бројот на постоечки излези за итни случаи со оглед на бројот на седишта во авионот. Според информациите од веб-страницата „The Air Current“, лабави завртки и други недостатоци се откриени на најмалку пет авиони. Инсајдер за новинската агенција Ројтерс тврди дека се засегнати 10 авиони на „Јунајтед". „Ова менува сè, бидејќи сега се појавува проблем со флотата. Тоа е проблем со контролата на квалитетот“, изјави американскиот експерт за воздухопловна безбедност Џон Кокс. Инспекторите во неделата соопштија дека се уште е рано да се утврди причината за инцидентот со авионот во петокот од кој испадна дел за време на лет. Американската воздухопловна управа ФАА нареди авионите Боинг 737 Макс 9 да бидат приземјени и прегледани во текот на викендот. На летот на „Алјаска ерлајнс" во петокот, дел од авионот со 171 патник ненадејно се откинал веднаш по полетувањето. Според експертите, благодарение на среќните околности никој не седел директно до делот што се откинал и сите патници сè уште ги носеле безбедносните појаси во оваа фаза од летот. Според локалната власт ЕАСА, ниту еден авион во Европската унија не е погоден од деактивирањето и инспекциите. Курсот на акциите на Боинг во понеделникот падна за осум проценти.

The post Откако еден дел се откорна среде лет, откриени повеќе незацврстени делови и во други авиони на Боинг appeared first on Република.

]]>
Данска во 2025 година воведува екоданок на авиобилетите https://republika.mk/vesti/svet/danska-vo-2025-godina-voveduva-ekodanok-na-aviobiletite/ Sun, 07 Jan 2024 21:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=730018

Данската Влада одобри во 2025 година да се воведе еколошки данок на авиобилетите, кој до 2030 година ќе стигне до 13,5 евра. Министерот за сообраќај на оваа земја, Томас Даниелсен, објасни дека сообраќајниот сектор моментално поминува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на авијацијата.

Секогаш ќе биде можно да се патува со авион, но тоа мора да биде направено на еколошки начин – рече Даниелсен.

Еколошкиот данок ќе се однесува на кратките летови од Данска и ќе изнесува 30 круни или 4 евра кога ќе биде воведен во 2025 година и постепено ќе се зголемува до 50 круни во 2030 година. За средните и за долгите релации, данокот ќе биде поголем и ќе изнесува и до 410 круни до 2030 година.

Мерката треба да овозможи финансирање инвестиции во корист на еколошката транзиција на домашниот воздушен сообраќај, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците годишно треба да донесат околу 2 милијарди евра.

 

The post Данска во 2025 година воведува екоданок на авиобилетите appeared first on Република.

]]>

Данската Влада одобри во 2025 година да се воведе еколошки данок на авиобилетите, кој до 2030 година ќе стигне до 13,5 евра. Министерот за сообраќај на оваа земја, Томас Даниелсен, објасни дека сообраќајниот сектор моментално поминува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на авијацијата.
Секогаш ќе биде можно да се патува со авион, но тоа мора да биде направено на еколошки начин – рече Даниелсен.
Еколошкиот данок ќе се однесува на кратките летови од Данска и ќе изнесува 30 круни или 4 евра кога ќе биде воведен во 2025 година и постепено ќе се зголемува до 50 круни во 2030 година. За средните и за долгите релации, данокот ќе биде поголем и ќе изнесува и до 410 круни до 2030 година. Мерката треба да овозможи финансирање инвестиции во корист на еколошката транзиција на домашниот воздушен сообраќај, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците годишно треба да донесат околу 2 милијарди евра.  

The post Данска во 2025 година воведува екоданок на авиобилетите appeared first on Република.

]]>