атомска бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/atomska-bomba/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Nov 2023 14:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png атомска бомба Archives - Република https://republika.mk/tema/atomska-bomba/ 32 32 Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски https://republika.mk/vesti/kultura/meto-imashe-atomska-bomba-vo-sebe-koga-ke-izlezeshe-na-stsena-go-praveshe-toa-so-lesnotija-a-beshe-mnogu-teshko-rekoa-na-komemoratsijata-za-jovanovski/ Tue, 21 Nov 2023 13:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=714746

Со омилената песна „Со маки сум се родила“ во изведба на Вера Милошевска - Јосифовска и со долг аплауз од колегите актери, театарски и филмски режисери, соработници, професори, студенти, беше испратен Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште кој почина на 16 ноември на 77-годишна возраст.

На комеморацијата која ја организираше неговиот матичен, Драмски театар по повод неговата смрт присустуваа глумци од театрите од Македонија, соработници, семејството, роднини и пријатели. Драмски театар беше полн, многумина дојдоа да му изразат почит на Јовановски кој вчера беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Мето беше актер, професор, колега, но и обичен човек кој сакаше да го посетува манастирот Св. Јован Бигорски, наизуст ги знаеше евангелијата, човек волк самотник, имаше доверба во малкумина. Ги сакаше своите ќерки, ја сакаше својата брада, без неа не се чувствуваше свој, не сакаше да ја избричи, само малку да ја потшиша. Сакаше да носи шал, капа, карирани кошули, убави чевли и широки палта и капути. Омилена му беше виолетовата боја, го сакаше цвеќето јоргован, му се допаѓаше левиот профил од неговото лицето. Сакаше тишина во ходниците низ театарот, пред почеток на секоја претстава. Пиеше еспресо и кисела вода. Не сакаше да дава интервјуа. Сакаше да патува, со автомобил, сакаше долго да вози. Велеше дека животот може да се носи во една патна кожена торба, Ја сакаше македонската традиционална песна. Омилена му беше „Со маки сум се родила“, рекоа за Јовановски колегите од Драмски во последното испраќање.

Црвениот шал, кожената чанта, качкетот и мантилот на Јовановски беа поставени на една дрвна столица на празната сцена на Драмски. Се редеа фотографии од многубројните претстави на Јовановски, извадоци од филмови, тв-серии кои сведочеа за богатата и исполнета кариера на актерот кој глумаше низ целата поранешна држава, СФР Југославија.

Се викавме Енчо, според една етида која ја правевеме на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Завршивме 1971 година и први септември заедно дојдовме во Драмски театар. И од тој ден, до ден денеска, ние сме тие кои остануваме верни на Драмски. Мето беше актер кој имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше, го правеше тоа со некоја чудна леснотија, а во суштина тоа е многу тешко. Мето ќе остане за мене секогаш Енчо. Живеевме во иста соба, јас, тој, Диме Станкоски-Дебелото, со Ѓорѓи Стојановски. Завршивме, јас, Мето и Диме дојдовме во Драмски, многу после тоа дојдоа во Драмски. Но, Мето беше нешто кое не се опишува со зборови , мора да го почувствуате. Не знам како да го кажам тоа. Јас сум горд што сум бил со него што сум играл со него и што сум учел од него, кажа на комеморацијата актерот Благоја Чоревски.

Во името на филмските работници со Јовановски се збогуваше Владимир Ангелов, директорот на Кинотека на Македонија.

Мето беше човек во време на лажни богови, од месо и крв, но кога ќе застанеше на сцената, кога ќе застанеше пред камерите, а некогаш и зад камерите тогаш стануваше Бог поголем од се и му немаше рамен, рече Ангелов.

Милица Стојанова, доајенката на македонскиот театар, преку писмо кое беше прочитано се збогува со Јовановски.

Мето, мојот колега и мојот тивок пријател, со кој сме поминале бесконечно многу саати, денови, години во разговор и во професионално и интимно споделување на животните бездни. Со него човек беше на чисто – кога сакаше некого или нешто, беше јасно. Кога беше критичен и незадоволен – исто така беше јасно. Тој беше непотчинет дух, и не ги сакаше подаништвото и потчинетоста, ниту во професијата ниту во животот, напиша Стојанова.

Актерот Јовица Михајловски преку порака откри каков актер и партнер на сцената бил Јовановски.

Ме прашуваат, Имаш ли некоја анегдота за или со Мето? Имам, им велам. Анегдотата за Мето е тоа што за или со него нема анегдота. Тој беше монашки посветен на својата професија. Ја делевме гримиорната. Со Мето можеше да се разговара пред претстава во точно определено време. Четириесет и пет минути пред почеток на претставата тој завршуваше со секаков разговор и постануваше ликот кој треба да го толкува на сцена. Влегуваше во друг универзум, на ликот што го толкува. Имаше непријатни моменти, кога некој ќе се обидеше да му го наруши просторот во кој е навлезен. Реагираше не како Мето, туку како ликот кој го толкува. Неговата професионална посветеност често беше зачудувачка, за многумина, посебно за тие кој театарот го разбираат како простор за евтина себепромоција. Мето беше еден од најголемите македонски актери. Чест ми е што соработував со него, напиша во пораката испратена до семејството.

Светски познатиот режисер Паоло Маџели, во пораката што ја прочита актерката Катерина Коцевска се присетува како се запознале со Јовановски, за дружбите и претставите во Скопје и во Сплит, за средбите со Горан Стефановски и Слободан Унковски.

Кршливи сме, драги мој Мето, тоа е тоа. И тоа е неправедно. Затоа што прекрасните актери не би требало никогаш да умрат. Разбираш? Со љубов/Те сакам, Паоло, напиша Маџели за Јовановски.

Со Јовановски се збогуваа и Илија Суботиќ, директор на Црногорско народно позориште, каде што нашиот актер имаше статус на почесен член, потоа босанскиот актер Емир Хаџихафисбеговиќ, режисерот Бранислав Миќуновиќ кој ја работеше последната претстава на Јованоски „My name is Goran Stefanovski“, Гоце Ристовски кој говореше за неговата работа како професор, Јордан Плевнеш, режисерот Дејан Пројковски, актерот Крсте Јовановски.

Телеграми на сочувство до семејството испратија: Претседателот на Република Стево Пендаровски, Премиерот Димитар Ковачевски, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Националните установи Македонскиот Народен Театар, Театарот за деца и младинци, Албански театар, Народен театар Битола, Факултетот за драмски уметности како и голем број на негови театарски и филмски колеги и соработници.

На матичната сцена во Драмски Јовановски оствари 37 улоги од кои повеќето се носечки, насловни, овенчани со награди и важни места во македонската театарска историја: Јане Задрогаз во „Јане Задрогаз“; Хамлет во „Хамлет“; Стенли Ковалски во „Трамвај наречен желба“; Симон во „Диво месо“; Еригон во „Еригон“; Бранко Митиќ во „Карамазови“; Цибра во „Тетовирани души“; Робеспјер во „Смртта на Дантон“; Франц во „Стапица“; Актерот во „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“; Војницки во „Вујко Вања“; Жан Дантес во „Европа“; Татко во „Мачка на вжештен лимен покрив“; Мартин во „Коза или која е Силвија“.

Работи и како гостин во Македонскиот народен театар, каде ја остварува наградената улога на Порфириј Петрович во „Злосторство и казна“, како и во театарите во Куманово, Велес, Струмица, Сплит, Сараево, Подгорица. Се занимава и со театарска режија и со педагошка работа како професор на Интернационален Универзитет ЕУРОПА ПРИМА.

Во 2001 станува почесен член на Црногорско драмско позориште, Подгорица каде игра во две претстави: „Малограѓани“ и „Урнебесна трагедија“

Пред филмската камера првпат застанува во 1971 година во македонскиот филм „Македонскиот дел од пеколот“, искуство по кое бележи импозантен број од 97 снимени наслови – играни, краткометражни и ТВ филмови, ТВ серии, како и неутврден број на рекламни, музички спотови и друг тип на сниман и емитуван материјал. Станува нашироко популарен и цитиран како Дамјан од „Колнети сме Ирина“; Коста во „Најдолгиот пат“; Марко во „Тумба, тумба дивина“; Драгослав од „Среќна нова 1949“; Осамениот од „Опстанок“; Режисерот во „Засега без добар наслов“; Штуц од „Трст виа Скопје“; Илко од „Тетовирање“; др. Сашо од „Пред дождот“; Лем Никодински во „Големата вода“; Димче во „Село гори, баба се чешла“; Рабин во „Трето полувреме“, Професорот од „Бистра вода“ и многу други.

За својата плодна работа, Мето Јовановски се закити со бројни награди: 7 пати е лауерат на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, како и Награда за животно дело; 5 пати на „Екранова награда“ за најдобар актер; носител на 2 Златни венци на МЕСС Сараево; Награда за најдобро актерско остварување„Ристо Шишков“, Струмица; Награда за најдобро актерско остварување на Јоаким Фест, Крагуевац; 2 Гран-при награди на филмскиот фестивал во Ниш; 4 награди Милтон Манаки; Награда „Св. Кирил и Методиј“; 3 републички признанија 11 Октомври; Награда од град Скопје 13 Ноември; Награда за животно дело „Петре Прличко“ и други

The post Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски appeared first on Република.

]]>

Со омилената песна „Со маки сум се родила“ во изведба на Вера Милошевска - Јосифовска и со долг аплауз од колегите актери, театарски и филмски режисери, соработници, професори, студенти, беше испратен Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште кој почина на 16 ноември на 77-годишна возраст. На комеморацијата која ја организираше неговиот матичен, Драмски театар по повод неговата смрт присустуваа глумци од театрите од Македонија, соработници, семејството, роднини и пријатели. Драмски театар беше полн, многумина дојдоа да му изразат почит на Јовановски кој вчера беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Мето беше актер, професор, колега, но и обичен човек кој сакаше да го посетува манастирот Св. Јован Бигорски, наизуст ги знаеше евангелијата, човек волк самотник, имаше доверба во малкумина. Ги сакаше своите ќерки, ја сакаше својата брада, без неа не се чувствуваше свој, не сакаше да ја избричи, само малку да ја потшиша. Сакаше да носи шал, капа, карирани кошули, убави чевли и широки палта и капути. Омилена му беше виолетовата боја, го сакаше цвеќето јоргован, му се допаѓаше левиот профил од неговото лицето. Сакаше тишина во ходниците низ театарот, пред почеток на секоја претстава. Пиеше еспресо и кисела вода. Не сакаше да дава интервјуа. Сакаше да патува, со автомобил, сакаше долго да вози. Велеше дека животот може да се носи во една патна кожена торба, Ја сакаше македонската традиционална песна. Омилена му беше „Со маки сум се родила“, рекоа за Јовановски колегите од Драмски во последното испраќање.
Црвениот шал, кожената чанта, качкетот и мантилот на Јовановски беа поставени на една дрвна столица на празната сцена на Драмски. Се редеа фотографии од многубројните претстави на Јовановски, извадоци од филмови, тв-серии кои сведочеа за богатата и исполнета кариера на актерот кој глумаше низ целата поранешна држава, СФР Југославија.
Се викавме Енчо, според една етида која ја правевеме на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Завршивме 1971 година и први септември заедно дојдовме во Драмски театар. И од тој ден, до ден денеска, ние сме тие кои остануваме верни на Драмски. Мето беше актер кој имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше, го правеше тоа со некоја чудна леснотија, а во суштина тоа е многу тешко. Мето ќе остане за мене секогаш Енчо. Живеевме во иста соба, јас, тој, Диме Станкоски-Дебелото, со Ѓорѓи Стојановски. Завршивме, јас, Мето и Диме дојдовме во Драмски, многу после тоа дојдоа во Драмски. Но, Мето беше нешто кое не се опишува со зборови , мора да го почувствуате. Не знам како да го кажам тоа. Јас сум горд што сум бил со него што сум играл со него и што сум учел од него, кажа на комеморацијата актерот Благоја Чоревски.
Во името на филмските работници со Јовановски се збогуваше Владимир Ангелов, директорот на Кинотека на Македонија.
Мето беше човек во време на лажни богови, од месо и крв, но кога ќе застанеше на сцената, кога ќе застанеше пред камерите, а некогаш и зад камерите тогаш стануваше Бог поголем од се и му немаше рамен, рече Ангелов.
Милица Стојанова, доајенката на македонскиот театар, преку писмо кое беше прочитано се збогува со Јовановски.
Мето, мојот колега и мојот тивок пријател, со кој сме поминале бесконечно многу саати, денови, години во разговор и во професионално и интимно споделување на животните бездни. Со него човек беше на чисто – кога сакаше некого или нешто, беше јасно. Кога беше критичен и незадоволен – исто така беше јасно. Тој беше непотчинет дух, и не ги сакаше подаништвото и потчинетоста, ниту во професијата ниту во животот, напиша Стојанова.
Актерот Јовица Михајловски преку порака откри каков актер и партнер на сцената бил Јовановски.
Ме прашуваат, Имаш ли некоја анегдота за или со Мето? Имам, им велам. Анегдотата за Мето е тоа што за или со него нема анегдота. Тој беше монашки посветен на својата професија. Ја делевме гримиорната. Со Мето можеше да се разговара пред претстава во точно определено време. Четириесет и пет минути пред почеток на претставата тој завршуваше со секаков разговор и постануваше ликот кој треба да го толкува на сцена. Влегуваше во друг универзум, на ликот што го толкува. Имаше непријатни моменти, кога некој ќе се обидеше да му го наруши просторот во кој е навлезен. Реагираше не како Мето, туку како ликот кој го толкува. Неговата професионална посветеност често беше зачудувачка, за многумина, посебно за тие кој театарот го разбираат како простор за евтина себепромоција. Мето беше еден од најголемите македонски актери. Чест ми е што соработував со него, напиша во пораката испратена до семејството.
Светски познатиот режисер Паоло Маџели, во пораката што ја прочита актерката Катерина Коцевска се присетува како се запознале со Јовановски, за дружбите и претставите во Скопје и во Сплит, за средбите со Горан Стефановски и Слободан Унковски.
Кршливи сме, драги мој Мето, тоа е тоа. И тоа е неправедно. Затоа што прекрасните актери не би требало никогаш да умрат. Разбираш? Со љубов/Те сакам, Паоло, напиша Маџели за Јовановски.
Со Јовановски се збогуваа и Илија Суботиќ, директор на Црногорско народно позориште, каде што нашиот актер имаше статус на почесен член, потоа босанскиот актер Емир Хаџихафисбеговиќ, режисерот Бранислав Миќуновиќ кој ја работеше последната претстава на Јованоски „My name is Goran Stefanovski“, Гоце Ристовски кој говореше за неговата работа како професор, Јордан Плевнеш, режисерот Дејан Пројковски, актерот Крсте Јовановски. Телеграми на сочувство до семејството испратија: Претседателот на Република Стево Пендаровски, Премиерот Димитар Ковачевски, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Националните установи Македонскиот Народен Театар, Театарот за деца и младинци, Албански театар, Народен театар Битола, Факултетот за драмски уметности како и голем број на негови театарски и филмски колеги и соработници. На матичната сцена во Драмски Јовановски оствари 37 улоги од кои повеќето се носечки, насловни, овенчани со награди и важни места во македонската театарска историја: Јане Задрогаз во „Јане Задрогаз“; Хамлет во „Хамлет“; Стенли Ковалски во „Трамвај наречен желба“; Симон во „Диво месо“; Еригон во „Еригон“; Бранко Митиќ во „Карамазови“; Цибра во „Тетовирани души“; Робеспјер во „Смртта на Дантон“; Франц во „Стапица“; Актерот во „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“; Војницки во „Вујко Вања“; Жан Дантес во „Европа“; Татко во „Мачка на вжештен лимен покрив“; Мартин во „Коза или која е Силвија“. Работи и како гостин во Македонскиот народен театар, каде ја остварува наградената улога на Порфириј Петрович во „Злосторство и казна“, како и во театарите во Куманово, Велес, Струмица, Сплит, Сараево, Подгорица. Се занимава и со театарска режија и со педагошка работа како професор на Интернационален Универзитет ЕУРОПА ПРИМА. Во 2001 станува почесен член на Црногорско драмско позориште, Подгорица каде игра во две претстави: „Малограѓани“ и „Урнебесна трагедија“ Пред филмската камера првпат застанува во 1971 година во македонскиот филм „Македонскиот дел од пеколот“, искуство по кое бележи импозантен број од 97 снимени наслови – играни, краткометражни и ТВ филмови, ТВ серии, како и неутврден број на рекламни, музички спотови и друг тип на сниман и емитуван материјал. Станува нашироко популарен и цитиран како Дамјан од „Колнети сме Ирина“; Коста во „Најдолгиот пат“; Марко во „Тумба, тумба дивина“; Драгослав од „Среќна нова 1949“; Осамениот од „Опстанок“; Режисерот во „Засега без добар наслов“; Штуц од „Трст виа Скопје“; Илко од „Тетовирање“; др. Сашо од „Пред дождот“; Лем Никодински во „Големата вода“; Димче во „Село гори, баба се чешла“; Рабин во „Трето полувреме“, Професорот од „Бистра вода“ и многу други. За својата плодна работа, Мето Јовановски се закити со бројни награди: 7 пати е лауерат на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, како и Награда за животно дело; 5 пати на „Екранова награда“ за најдобар актер; носител на 2 Златни венци на МЕСС Сараево; Награда за најдобро актерско остварување„Ристо Шишков“, Струмица; Награда за најдобро актерско остварување на Јоаким Фест, Крагуевац; 2 Гран-при награди на филмскиот фестивал во Ниш; 4 награди Милтон Манаки; Награда „Св. Кирил и Методиј“; 3 републички признанија 11 Октомври; Награда од град Скопје 13 Ноември; Награда за животно дело „Петре Прличко“ и други

The post Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски appeared first on Република.

]]>
Ова е местото каде што Тито сакаше да направи атомска бомба, а Бјелогрлиќ направи филм https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-mestoto-kade-shto-tito-sakashe-da-napravi-atomska-bomba-a-bjelogrlik-napravi-film/ Thu, 19 Oct 2023 08:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=692703

„Чувари на формулата“  вчера имаше премиера во Скопје  ветува дека ќе биде сериозен кино хит.А дали знаете која е приказната зад овој филм? Во секој случај, приказната е и неверојатна и шокантна во исто време. Се започнало во институтот „Винча“ на 15 октомври 1958 година.

https://republika.mk/vesti/kultura/chuvari-na-formulata-na-dragan-bjelogrlik-e-izbran-za-najdobar-film-na-kinenova/

Тој ден дошло до несреќа на експерименталниот реактор во Винча и дека биле озрачени четворица научни соработници. Професорот Павле Савиќ, кој бил и основач на Институтот Винча, го направил експериментот, наполниле гумени кукли со физиолошки раствор и ги стави во просторијата со реакторот.За време на тој експеримент дошло до неволно истекување на зрачење кое го забележале не со контролни механизми, туку од количината на озон што се создала во тој момент.Тие биле изложени на зрачење десет минути, но за жал доволно сериозно да им се оштетат телата.

Експерименталниот реактор во Винчи почнал да работи околу шест месеци пред несреќата. Тоа бил таканаречениот мал реактор Б.Неоспорен факт дека Југославија имала намера да направи атомска бомба.

Тоа може да се види од транскриптот меѓу Павле Савиќ и тогашната Агенција за нуклеарна енергија на чело со Александар Лека Ранковиќ. Она што е особено интересно е дека Милован Ѓилас беше еден од најголемите поборници за правење атомска бомба уште во 1948 година, а повторно во 1958. бил во затвор и веќе имал статус на Титовиот противник и политички дисидент, има и конкретни планови за создавање на атомска бомба, а бил извршен огромен притисок врз Павле Савиќ и Институтот „Винча“ да го започнат тој проект.

Павле Савиќ бил категорично против таа идеја. Затоа беше разрешен, а по него беа поставени сите раководители во Винчи по партиска линија и указ.

Еден од четворицата научници почина во болница во Париз. Весникот „Политика“ само даде кратка вест за тоа, не прецизирајќи ја причината за смртта и зошто се лекува во Париз. Ништо не знаеја неговите роднини.

Тој беше донесен од Париз во метален ковчег, на семејството му беше забрането да гледа телото.Веројатно тоа беше причината што СФРЈ на чело со Тито сакаше да се претстави пред светот како напредна и модерна земја која со помош на стап и конец создаде таков нуклеарен институт како Винча.

Сите  научници кои биле лекувани во Институтот Кири во Париз, добиле коскена срцевина од донатори, граѓани на Париз. Тоа беше прва трансплантација на коскена срцевина во светот. Ако тогаш примеа смртоносна доза на коскена срцевина, никој од нив не би успеале да преживеат. Ова помогна подоцна јасно да се дефинира која доза на коскена срцевина е смртоносна за примачот.

Зошто Живота Враниќ, кој имал само малку поголема доза на зрачење од другите колеги, почина не е целосно јасно. Обдукцијата не беше извршил, но се верува дека тој сепак имал некои дополнителни болести кои во комбинација со зрачење се покажале како фатални.Сето тоа придонесе коскената срцевина на донаторот да не биде примена и Враниќ да умре само два дена по трансплантацијата

The post Ова е местото каде што Тито сакаше да направи атомска бомба, а Бјелогрлиќ направи филм appeared first on Република.

]]>

„Чувари на формулата“  вчера имаше премиера во Скопје  ветува дека ќе биде сериозен кино хит.А дали знаете која е приказната зад овој филм? Во секој случај, приказната е и неверојатна и шокантна во исто време. Се започнало во институтот „Винча“ на 15 октомври 1958 година. https://republika.mk/vesti/kultura/chuvari-na-formulata-na-dragan-bjelogrlik-e-izbran-za-najdobar-film-na-kinenova/ Тој ден дошло до несреќа на експерименталниот реактор во Винча и дека биле озрачени четворица научни соработници. Професорот Павле Савиќ, кој бил и основач на Институтот Винча, го направил експериментот, наполниле гумени кукли со физиолошки раствор и ги стави во просторијата со реакторот.За време на тој експеримент дошло до неволно истекување на зрачење кое го забележале не со контролни механизми, туку од количината на озон што се создала во тој момент.Тие биле изложени на зрачење десет минути, но за жал доволно сериозно да им се оштетат телата. Експерименталниот реактор во Винчи почнал да работи околу шест месеци пред несреќата. Тоа бил таканаречениот мал реактор Б.Неоспорен факт дека Југославија имала намера да направи атомска бомба. Тоа може да се види од транскриптот меѓу Павле Савиќ и тогашната Агенција за нуклеарна енергија на чело со Александар Лека Ранковиќ. Она што е особено интересно е дека Милован Ѓилас беше еден од најголемите поборници за правење атомска бомба уште во 1948 година, а повторно во 1958. бил во затвор и веќе имал статус на Титовиот противник и политички дисидент, има и конкретни планови за создавање на атомска бомба, а бил извршен огромен притисок врз Павле Савиќ и Институтот „Винча“ да го започнат тој проект. Павле Савиќ бил категорично против таа идеја. Затоа беше разрешен, а по него беа поставени сите раководители во Винчи по партиска линија и указ. Еден од четворицата научници почина во болница во Париз. Весникот „Политика“ само даде кратка вест за тоа, не прецизирајќи ја причината за смртта и зошто се лекува во Париз. Ништо не знаеја неговите роднини. Тој беше донесен од Париз во метален ковчег, на семејството му беше забрането да гледа телото.Веројатно тоа беше причината што СФРЈ на чело со Тито сакаше да се претстави пред светот како напредна и модерна земја која со помош на стап и конец создаде таков нуклеарен институт како Винча. Сите  научници кои биле лекувани во Институтот Кири во Париз, добиле коскена срцевина од донатори, граѓани на Париз. Тоа беше прва трансплантација на коскена срцевина во светот. Ако тогаш примеа смртоносна доза на коскена срцевина, никој од нив не би успеале да преживеат. Ова помогна подоцна јасно да се дефинира која доза на коскена срцевина е смртоносна за примачот. Зошто Живота Враниќ, кој имал само малку поголема доза на зрачење од другите колеги, почина не е целосно јасно. Обдукцијата не беше извршил, но се верува дека тој сепак имал некои дополнителни болести кои во комбинација со зрачење се покажале како фатални.Сето тоа придонесе коскената срцевина на донаторот да не биде примена и Враниќ да умре само два дена по трансплантацијата

The post Ова е местото каде што Тито сакаше да направи атомска бомба, а Бјелогрлиќ направи филм appeared first on Република.

]]>
Јапонија одбележува 78 години од нуклеарното бомбардирање на Хирошима https://republika.mk/vesti/svet/japonija-odbelezhuva-78-godini-od-nuklearnoto-bombardirane-na-hiroshima/ Sun, 06 Aug 2023 08:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=669174

Јапонија денеска ја одбележува 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“.

Во неделата ѕвоното на мирот заѕвони во 8 часот и 15 минути, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеани, одржаа едноминутно молчење.

„Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување“, рече градоначалникот на Хирошима Казуми Мацуи на церемонијата. Кишида, од друга страна, рече дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè поостри, делумно поради руските нуклеарни закани, но дека е уште поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на оваа цел.

The post Јапонија одбележува 78 години од нуклеарното бомбардирање на Хирошима appeared first on Република.

]]>

Јапонија денеска ја одбележува 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“. Во неделата ѕвоното на мирот заѕвони во 8 часот и 15 минути, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеани, одржаа едноминутно молчење. „Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување“, рече градоначалникот на Хирошима Казуми Мацуи на церемонијата. Кишида, од друга страна, рече дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè поостри, делумно поради руските нуклеарни закани, но дека е уште поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на оваа цел.

The post Јапонија одбележува 78 години од нуклеарното бомбардирање на Хирошима appeared first on Република.

]]>
Рама од Хирошима: Денешното играње со зборот атомска бомба, како да се зборува за кукла, е навистина срам за нашата цивилизација https://republika.mk/vesti/balkan/rama-od-hiroshima-deneshnoto-igrane-so-zborot-atomska-bomba-kako-da-se-zboruva-za-kukla-e-navistina-sram-za-nashata-tsivilizatsija/ Fri, 24 Feb 2023 11:21:31 +0000 https://republika.mk/?p=612730

Албанскиот премиер Еди Рама и се обрати на Русија со порака од Хирошима на годишнината од војната во Украина.

Денес играњето со зборот атомска бомба, како да се зборува за кукла, е навистина срам за нашата цивилизација и тоа ја прави уште поважна поддршката за Украина, сојузот на сите демократски земји и пред сè одлучноста на секој што ја почитува слободата, вредностите на демократијата, за да минатото остане минато и секој обид да пропадне, вели Рама во видеопорака.

Рама, кој е во посета на Јапонија, во рамки на 42-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, пораката ја упатува од Хирошима, каде положил букет цвеќе на Споменикот на мирот а го посетил и Меморијалниот музеј на мирот.

Имаше многумина кои мислеа дека руската инвазија врз Украина ќе биде прашање на денови, но еве каде сме денес, една година отпор, достигнувања, под храброто водство на претседателот Зеленски. Со поддршка на демократскиот свет, веќе е јасно дека цела Русија не може да победи во војната. Тука сме, би сакал да додадам дека ја имам честа да ја упатам оваа порака овде од Хирошима по долг и исклучително посебен почесен момент на споменикот на атомската бомба, а потоа и во музејот на ужасите на атомски бомби, додава Рама во видео-пораката.

The post Рама од Хирошима: Денешното играње со зборот атомска бомба, како да се зборува за кукла, е навистина срам за нашата цивилизација appeared first on Република.

Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите https://republika.mk/vesti/svet/putin-hiroshima-i-nagasaki-se-dokaz-deka-ne-treba-da-gi-napagjate-golemite-gradovi-za-da-pobedite/ Mon, 07 Nov 2022 09:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=570789

Рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири западните лидери повикувајќи се на нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јави Дејли меил, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според изворите, Путин изразил став дека бомбардирањата – кои ја поттикнаа капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна – покажале дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да победите“.

САД активираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, соодветно. Во бомбардирањата загинаа меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето беа цивили. Јапонија се предаде на сојузниците на 15 август.

Како што пишува Дејли меил, забелешките на Путин доаѓаат во време на зголемена загриженост дека рускиот лидер би можел да биде подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, каде што руските сили трпат зголемени неуспеси во конфликтот.

Макрон беше видно вознемирен. Звучеше како многу силно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје на истокот на Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чинеше дека тоа е суштината на неговите забелешки“, изјавил изворот за весникот.

Извор од француската влада изјави за весникот дека двајцата претседатели несомнено разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.

Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина во врска со нуклеарното оружје“, рекол изворот, пренесува Дејли меил.

The post Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири западните лидери повикувајќи се на нуклеарните напади врз Хирошима и Нагасаки во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, јави Дејли меил, повикувајќи се на дипломатски извори. Според изворите, Путин изразил став дека бомбардирањата – кои ја поттикнаа капитулацијата на Јапонија и крајот на Втората светска војна – покажале дека „не треба да ги напаѓате големите градови за да победите“. САД активираа две атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки на 6 и 9 август 1945 година, соодветно. Во бомбардирањата загинаа меѓу 129.000 и 226.000 луѓе, од кои повеќето беа цивили. Јапонија се предаде на сојузниците на 15 август. Како што пишува Дејли меил, забелешките на Путин доаѓаат во време на зголемена загриженост дека рускиот лидер би можел да биде подготвен да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина, каде што руските сили трпат зголемени неуспеси во конфликтот.
Макрон беше видно вознемирен. Звучеше како многу силно навестување дека Путин би можел да активира тактичко нуклеарно оружје на истокот на Украина, оставајќи го Киев недопрен. Се чинеше дека тоа е суштината на неговите забелешки“, изјавил изворот за весникот.
Извор од француската влада изјави за весникот дека двајцата претседатели несомнено разговараа за ризикот од употреба на нуклеарно оружје.
Путин сака да ја пренесе пораката дека сите опции се на маса, во согласност со руската доктрина во врска со нуклеарното оружје“, рекол изворот, пренесува Дејли меил.

The post Путин: Хирошима и Нагасаки се доказ дека не треба да ги напаѓате големите градови за да победите appeared first on Република.

]]>
Фумио Кишида: Руската употреба на нуклеарно оружје би била чин на „непријателство кон човештвото“ https://republika.mk/vesti/svet/fumio-kishida-ruskata-upotreba-na-nuklearno-oruzje-bi-bila-chin-na-neprijatelstvo-kon-choveshtvoto/ Sat, 22 Oct 2022 09:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=564250

Jапонскиот премиер, Фумио Кишида, за време на неговата посета на Австралија, изјави дека евентуалната руска употреба на нуклеарно оружје би претставувала „чин на непријателство против човештвото“.

Руското заплашување за можна употреба на нуклеарно оружје „претставува сериозна закана за мирот и безбедноста на меѓународната заедница“ и е целосно неприфатливо - изјави Кишида, лидер на единствената земја во светот врз која беше фрлена атомска бомба од страна на САД, во летото 1945 година.

Во мај 2023 година, Кишида треба да биде домаќин на лидерите на Г7 во Хирошима, која беше погодена од американска нуклеарна бомба на 6 август 1945 година, при што загинаа 140.000 луѓе. Три дена подоцна, со нуклеарна бомба беше нападнат и јапонскиот град Нагасаки.

За јапонскиот премиер тој период од 77 години без прибегнување кон нуклеарно оружје „никогаш не треба да заврши“.

Ако нуклеарното оружје би се употребило еден ден, тоа би било чин на непријателство кон човештвото… меѓународната заедница никогаш не би одобрила таков чин - изјави тој.

The post Фумио Кишида: Руската употреба на нуклеарно оружје би била чин на „непријателство кон човештвото“ appeared first on Република.

]]>

Jапонскиот премиер, Фумио Кишида, за време на неговата посета на Австралија, изјави дека евентуалната руска употреба на нуклеарно оружје би претставувала „чин на непријателство против човештвото“.
Руското заплашување за можна употреба на нуклеарно оружје „претставува сериозна закана за мирот и безбедноста на меѓународната заедница“ и е целосно неприфатливо - изјави Кишида, лидер на единствената земја во светот врз која беше фрлена атомска бомба од страна на САД, во летото 1945 година.
Во мај 2023 година, Кишида треба да биде домаќин на лидерите на Г7 во Хирошима, која беше погодена од американска нуклеарна бомба на 6 август 1945 година, при што загинаа 140.000 луѓе. Три дена подоцна, со нуклеарна бомба беше нападнат и јапонскиот град Нагасаки. За јапонскиот премиер тој период од 77 години без прибегнување кон нуклеарно оружје „никогаш не треба да заврши“.
Ако нуклеарното оружје би се употребило еден ден, тоа би било чин на непријателство кон човештвото… меѓународната заедница никогаш не би одобрила таков чин - изјави тој.

The post Фумио Кишида: Руската употреба на нуклеарно оружје би била чин на „непријателство кон човештвото“ appeared first on Република.

]]>
На ова место Тито сакал да прави атомска бомба https://republika.mk/vesti/balkan/na-ova-mesto-tito-sakal-da-pravi-atomska-bomba/ Tue, 31 May 2022 06:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=509022

Под превезот на најстрогата тајност на југословенските безбедносни служби на чело со Александар Лека Ранковиќ, речиси седум децении од јавноста се криеше дека среде Србија е направена атомска бомба. Ова е направено во Институтот „Винча“. Но, реализацијата на овој проект на тогашниот државен врв ја прекина нуклеарната несреќа што се случи во 1958 година.

Се претпоставува дека до тоа довел човечкиот фактор. Групата српски научници кои го конструираа реакторот беше озрачена со смртоносни дози на радијација. Предводени од пионерот на нуклеарната физика Драгослав Поповиќ, тие биле префрлени во клиниката Кири во Париз, каде што познатиот стручњак д-р Жорж Мате ја извршил првата трансплантација на коскена срцевина во историјата на медицината.

Тајната скриена со децении е преточена во книгата „Случајот Винча“ на угледниот писател и кардиохирург, професор Горан Милашиновиќ, кој како најинтересен парадокс ја издвојува тајната под која се чувал овој настан во Југославија.

Трансплантацијата на коскена срцевина, која им беше направена на српските научници, беше првата трансплантација во историјата на медицината.

Врз основа на книгата на Горан Милашиновиќ ќе биде создадена филмската приказна „Верижна реакција“, за која сценариото го напишаа Вук Ршумовиќ и Драган Бјелогрлиќ, кој е и режисер, а на филмот ќе го портретира Александар Лека Ранковиќ.

The post На ова место Тито сакал да прави атомска бомба appeared first on Република.

]]>

Под превезот на најстрогата тајност на југословенските безбедносни служби на чело со Александар Лека Ранковиќ, речиси седум децении од јавноста се криеше дека среде Србија е направена атомска бомба. Ова е направено во Институтот „Винча“. Но, реализацијата на овој проект на тогашниот државен врв ја прекина нуклеарната несреќа што се случи во 1958 година. Се претпоставува дека до тоа довел човечкиот фактор. Групата српски научници кои го конструираа реакторот беше озрачена со смртоносни дози на радијација. Предводени од пионерот на нуклеарната физика Драгослав Поповиќ, тие биле префрлени во клиниката Кири во Париз, каде што познатиот стручњак д-р Жорж Мате ја извршил првата трансплантација на коскена срцевина во историјата на медицината. Тајната скриена со децении е преточена во книгата „Случајот Винча“ на угледниот писател и кардиохирург, професор Горан Милашиновиќ, кој како најинтересен парадокс ја издвојува тајната под која се чувал овој настан во Југославија.