Под превезот на најстрогата тајност на југословенските безбедносни служби на чело со Александар Лека Ранковиќ, речиси седум децении од јавноста се криеше дека среде Србија е направена атомска бомба. Ова е направено во Институтот „Винча“. Но, реализацијата на овој проект на тогашниот државен врв ја прекина нуклеарната несреќа што се случи во 1958 година.

Се претпоставува дека до тоа довел човечкиот фактор. Групата српски научници кои го конструираа реакторот беше озрачена со смртоносни дози на радијација. Предводени од пионерот на нуклеарната физика Драгослав Поповиќ, тие биле префрлени во клиниката Кири во Париз, каде што познатиот стручњак д-р Жорж Мате ја извршил првата трансплантација на коскена срцевина во историјата на медицината.

Тајната скриена со децении е преточена во книгата „Случајот Винча“ на угледниот писател и кардиохирург, професор Горан Милашиновиќ, кој како најинтересен парадокс ја издвојува тајната под која се чувал овој настан во Југославија.

Трансплантацијата на коскена срцевина, која им беше направена на српските научници, беше првата трансплантација во историјата на медицината.

Врз основа на книгата на Горан Милашиновиќ ќе биде создадена филмската приказна „Верижна реакција“, за која сценариото го напишаа Вук Ршумовиќ и Драган Бјелогрлиќ, кој е и режисер, а на филмот ќе го портретира Александар Лека Ранковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.