атентат Archives - Република https://republika.mk/tema/atentat/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 18:09:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png атентат Archives - Република https://republika.mk/tema/atentat/ 32 32 Фицо: Имаше повеќе обиди за атентат врз мене поради мојот став за Украина https://republika.mk/vesti/svet/fitso-imashe-poveke-obidi-za-atentat-vrz-mene-poradi-mojot-stav-za-ukraina/ Mon, 28 Oct 2024 18:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=831806

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, врз кого на крајот на мај пукаше вооружен напаѓач, обелодени дека освен тој, имало и други обиди за атентат врз него.

На прославата на 80-годишнината од битката кај превојот Дукла, маж се обидел да влезе во областа на посетителите со наполнет пиштол, но бил откриен од рамката на детекторот за метал, изјави Фицо.

Тој истакна дека, според него, една од главните причини за обидите за атентат врз него е неговиот став за Украина, дека не треба да се испорачува оружје туку да се бара мирно решение за крај на војната.

https://republika.mk/vesti/svet/smrtna-zakana-za-slovachkiot-premier-fitso-dobil-pismo-so-kurshum/

The post Фицо: Имаше повеќе обиди за атентат врз мене поради мојот став за Украина appeared first on Република.

]]>

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, врз кого на крајот на мај пукаше вооружен напаѓач, обелодени дека освен тој, имало и други обиди за атентат врз него. На прославата на 80-годишнината од битката кај превојот Дукла, маж се обидел да влезе во областа на посетителите со наполнет пиштол, но бил откриен од рамката на детекторот за метал, изјави Фицо.
Тој истакна дека, според него, една од главните причини за обидите за атентат врз него е неговиот став за Украина, дека не треба да се испорачува оружје туку да се бара мирно решение за крај на војната. https://republika.mk/vesti/svet/smrtna-zakana-za-slovachkiot-premier-fitso-dobil-pismo-so-kurshum/

The post Фицо: Имаше повеќе обиди за атентат врз мене поради мојот став за Украина appeared first on Република.

]]>
Се огласи синот на осомничениот по обидот за атентат на Трамп: Полн е со љубов, чесен, вреден https://republika.mk/vesti/svet/se-oglasi-sinot-na-osomnicheniot-po-obidot-za-atentat-na-tramp-poln-e-so-lubov-chesen-vreden/ Mon, 16 Sep 2024 09:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=816712

Синот на Рајан Весли Раут, осомничен за обидот за атентат врз Доналд Трамп, даде изјава за Си-Ен-Ен откако неговиот татко беше уапсен на Флорида.

Најстариот син на осомничениот, Оран, го опишал неговиот татко како „полн со љубов, чесен и вреден човек“.

Не знам што се случи на Флорида и се надевам дека работите се само претерани, бидејќи според она што го слушнав, не звучи како човек што го познавам; дека би направил нешто лудо, а камоли насилно, вели Оран.

Весли Раут е уапсен, а според ФБИ, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по обидот за атентат во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида.

„Вашингтон пост“ објави дека Трамп играл голф на теренот кога се случил инцидентот.

Медиумите потстеуваат дека ова е втор обид за атентат врз Трамп за 64 дена.

Поранешниот американски претседател беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.

The post Се огласи синот на осомничениот по обидот за атентат на Трамп: Полн е со љубов, чесен, вреден appeared first on Република.

]]>

Синот на Рајан Весли Раут, осомничен за обидот за атентат врз Доналд Трамп, даде изјава за Си-Ен-Ен откако неговиот татко беше уапсен на Флорида. Најстариот син на осомничениот, Оран, го опишал неговиот татко како „полн со љубов, чесен и вреден човек“. Не знам што се случи на Флорида и се надевам дека работите се само претерани, бидејќи според она што го слушнав, не звучи како човек што го познавам; дека би направил нешто лудо, а камоли насилно, вели Оран. Весли Раут е уапсен, а според ФБИ, републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по обидот за атентат во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида. „Вашингтон пост“ објави дека Трамп играл голф на теренот кога се случил инцидентот. Медиумите потстеуваат дека ова е втор обид за атентат врз Трамп за 64 дена. Поранешниот американски претседател беше повреден во обид за атентат во Пенсилванија на 13 јули.

The post Се огласи синот на осомничениот по обидот за атентат на Трамп: Полн е со љубов, чесен, вреден appeared first on Република.

]]>
Трамп Помладиот тврди: Атентатот трајно го смени мојот татко и неговата политика! https://republika.mk/vesti/svet/tramp-pomladiot-tvrdi-atentatot-trajno-go-smeni-mojot-tatko-i-negovata-politika/ Thu, 18 Jul 2024 09:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=797998

Атентатот на Доналд Трамп „засекогаш го промени“ поранешниот американски претседател и републикански кандидат за претстојните избори, изјави неговиот син Доналд Трамп помладиот.

Трамп за влакно ја избегна смртта на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија во саботата, кога куршумот на атентатор му го повреди увото, промашувајќи ја целта за неколку сантиметри.

Напаѓачот уби еден од учесниците на митингот и рани двајца други пред да биде убиен од снајперисти на Тајната служба.

На маргините на Републиканската национална конвенција (РНЦ) во Висконсин, Доналд Трамп помладиот за „Аксиос“ изјавил дека во моментот на атентатот ловел риба, а за настаните го информирала неговата вереница.

„Ким ми се јави (и рече): „Татко ти е застрелан“, рече Трамп Џуниор, додавајќи дека „поминаа 90 минути пред воопшто да дознаам дека е жив“.

Трамп се крена на нозе речиси веднаш откако беше застрелан и со крената тупаница извика „борба!“ пред да биде одведен од агентите на Тајната служба.

Сепак, пркосот на Трамп очигледно отстапи место за попомирувачки пристап кон политиката.

Говорејќи за „Њујорк пост“ во неделата, републиканскиот претседателски кандидат рече дека напишал „исклучително остар говор… за корумпирана, ужасна администрација“, но дека „го отфрлил“ и почнал да работи на говор за „обединување на земјата“ по атентатот.

„Знаете, мислам дека тоа ќе трае“, рекол Трамп Џуниор за очигледната промена во темпераментот на неговиот татко, додавајќи дека „има настани кои ве менуваат на неколку минути, а има настани кои ве менуваат трајно“.

„Повторно, тоа е Трамп, така што (тој) сè уште ќе биде реакционерен… Тој секогаш ќе биде борец, тоа никогаш нема да се промени, но мислам дека ќе даде се од себе за да го смири тоа каде што треба“, истакна Трамп Џуниор.

Синот на републиканскиот кандидат тврди дека неговиот татко „ќе биде цврст кога треба“.

The post Трамп Помладиот тврди: Атентатот трајно го смени мојот татко и неговата политика! appeared first on Република.

]]>

Атентатот на Доналд Трамп „засекогаш го промени“ поранешниот американски претседател и републикански кандидат за претстојните избори, изјави неговиот син Доналд Трамп помладиот. Трамп за влакно ја избегна смртта на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија во саботата, кога куршумот на атентатор му го повреди увото, промашувајќи ја целта за неколку сантиметри. Напаѓачот уби еден од учесниците на митингот и рани двајца други пред да биде убиен од снајперисти на Тајната служба. На маргините на Републиканската национална конвенција (РНЦ) во Висконсин, Доналд Трамп помладиот за „Аксиос“ изјавил дека во моментот на атентатот ловел риба, а за настаните го информирала неговата вереница. „Ким ми се јави (и рече): „Татко ти е застрелан“, рече Трамп Џуниор, додавајќи дека „поминаа 90 минути пред воопшто да дознаам дека е жив“. Трамп се крена на нозе речиси веднаш откако беше застрелан и со крената тупаница извика „борба!“ пред да биде одведен од агентите на Тајната служба. Сепак, пркосот на Трамп очигледно отстапи место за попомирувачки пристап кон политиката. Говорејќи за „Њујорк пост“ во неделата, републиканскиот претседателски кандидат рече дека напишал „исклучително остар говор… за корумпирана, ужасна администрација“, но дека „го отфрлил“ и почнал да работи на говор за „обединување на земјата“ по атентатот. „Знаете, мислам дека тоа ќе трае“, рекол Трамп Џуниор за очигледната промена во темпераментот на неговиот татко, додавајќи дека „има настани кои ве менуваат на неколку минути, а има настани кои ве менуваат трајно“. „Повторно, тоа е Трамп, така што (тој) сè уште ќе биде реакционерен… Тој секогаш ќе биде борец, тоа никогаш нема да се промени, но мислам дека ќе даде се од себе за да го смири тоа каде што треба“, истакна Трамп Џуниор. Синот на републиканскиот кандидат тврди дека неговиот татко „ќе биде цврст кога треба“.

The post Трамп Помладиот тврди: Атентатот трајно го смени мојот татко и неговата политика! appeared first on Република.

]]>
Не е само Трамп: Последниот претседател на Југославија двапати преживеа атентат https://republika.mk/vesti/balkan/ne-e-samo-tramp-posledniot-pretsedatel-na-jugoslavija-dvapati-prezhivea-atentat/ Mon, 15 Jul 2024 18:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=797075

Стипе Месиќ (89), поранешен хрватски и југословенски претседател, дури двапати преживеа атентат. И двата обиди се случија во 1991 година, во периодот кога Месиќ ја извршуваше функцијата претседател на Претседателството на СФРЈ. Во втората половина на 1991 година, Месиќ често патувал во Белград, дури и кога војната во Хрватска веќе била започната.

Во ниту еден момент во Белград не се чувствував загрозен. Се разбира, имав сопствено осигурување, но излегов, запознав луѓе на улица, во кафеани. Немам никакви непријатни искуства од тоа време. Додуша, имаше обид за атентат врз мене за време на патувањето од Белград до Загреб. Бев предупреден и наместо автомобил патував со авион, беше отворен оган од автомобилот, но според се што знам за него, српската страна не стоеше зад него-раскажа последниот претседател на Југославија.

The post Не е само Трамп: Последниот претседател на Југославија двапати преживеа атентат appeared first on Република.

]]>

Стипе Месиќ (89), поранешен хрватски и југословенски претседател, дури двапати преживеа атентат. И двата обиди се случија во 1991 година, во периодот кога Месиќ ја извршуваше функцијата претседател на Претседателството на СФРЈ. Во втората половина на 1991 година, Месиќ често патувал во Белград, дури и кога војната во Хрватска веќе била започната.
Во ниту еден момент во Белград не се чувствував загрозен. Се разбира, имав сопствено осигурување, но излегов, запознав луѓе на улица, во кафеани. Немам никакви непријатни искуства од тоа време. Додуша, имаше обид за атентат врз мене за време на патувањето од Белград до Загреб. Бев предупреден и наместо автомобил патував со авион, беше отворен оган од автомобилот, но според се што знам за него, српската страна не стоеше зад него-раскажа последниот претседател на Југославија.

The post Не е само Трамп: Последниот претседател на Југославија двапати преживеа атентат appeared first on Република.

]]>
Вредноста на биткоинот порасна по обидот за атентат врз Трамп https://republika.mk/vesti/svet/vrednosta-na-bitkoinot-porasna-po-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Mon, 15 Jul 2024 10:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=796963

Биткоинот се искачи на највисоко ниво за две недели во понеделникот, откако обидот за атентат врз американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја зголеми можноста дека поранешниот претседател, кој се претстави како поддржувач на криптовалутите, ќе победи на претстојните избори.

Трамп рече дека бил застрелан во увото за време на нападот на митинг во Пенсилванија. Некои инвеститори рекоа дека нападот ги зголемил неговите шанси да ја врати Белата куќа, а облозите за неговата победа се очекува да се зголемат оваа недела.

Биткоинот порасна за 8,6 отсто на 62.508 долари, достигнувајќи го највисокото ниво во последните две недели од 62.698 долари, со што неговата годишна добивка до денес изнесува 47 отсто. Етериумот исто така поскапе за 6,8 отсто на 3.322 долари.

Трамп ги критикуваше обидите на демократите да го регулираат крипто секторот. Трамп излезе како поддржувач на криптовалутите за време на настан за собирање средства во Сан Франциско во јуни.

„Тој секако се позиционираше како про-крипто и со неговите можности за реизбор зголемени со пукањето во текот на викендот, тоа секако им даде голем поттик на крипто-пазарите“, рече Тони Сајкамор, пазарен аналитичар.

The post Вредноста на биткоинот порасна по обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Биткоинот се искачи на највисоко ниво за две недели во понеделникот, откако обидот за атентат врз американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја зголеми можноста дека поранешниот претседател, кој се претстави како поддржувач на криптовалутите, ќе победи на претстојните избори. Трамп рече дека бил застрелан во увото за време на нападот на митинг во Пенсилванија. Некои инвеститори рекоа дека нападот ги зголемил неговите шанси да ја врати Белата куќа, а облозите за неговата победа се очекува да се зголемат оваа недела. Биткоинот порасна за 8,6 отсто на 62.508 долари, достигнувајќи го највисокото ниво во последните две недели од 62.698 долари, со што неговата годишна добивка до денес изнесува 47 отсто. Етериумот исто така поскапе за 6,8 отсто на 3.322 долари. Трамп ги критикуваше обидите на демократите да го регулираат крипто секторот. Трамп излезе како поддржувач на криптовалутите за време на настан за собирање средства во Сан Франциско во јуни. „Тој секако се позиционираше како про-крипто и со неговите можности за реизбор зголемени со пукањето во текот на викендот, тоа секако им даде голем поттик на крипто-пазарите“, рече Тони Сајкамор, пазарен аналитичар.

The post Вредноста на биткоинот порасна по обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Вулин по обидот за атентат врз Трамп: Нека се подготви Вучиќ https://republika.mk/vesti/balkan/vulin-po-obidot-za-atentat-vrz-tramp-neka-se-podgotvi-vuchik/ Mon, 15 Jul 2024 08:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=796904

Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, по обидот за атентат врз Доналд Трамп, ги повика властите да ги зголемат безбедносните мерки за претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство.

Со медиумски притисок се обидуваат да ги натераат да се откажат од државната заштита и да бидат уште полесни мети“, рече Вулин, зборувајќи за Вучиќ и неговото семејство.

Тој потсети дека во последните неколку месеци се случи и обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо и смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во авионска несреќа. Вулин смета дека не случајно се работи за луѓе кои се залагале „за поинаков свет и мир во Украина“, пренесува Нова.рс.

Нека се подготви Вучиќ и секој што има храброст да се бори за слобода. Обидот за убиство на поранешниот претседател Трамп е израз на дозволена и поттикната омраза, истата омраза што се поттикнува и слободно се изразува кон Вучиќ и Србија“, предупреди тој.

Вулин не беше единствениот претставник на српските власти кој го спореди Вучиќ со Трамп. Вицепремиерот и министер за полиција Ивица Дачиќ изјави дека обидот за атентат врз Трамп е „тажен и трагичен доказ за последиците од кампањата на омраза, закани и дехуманизација на еден човек“.

Нешто слично се спроведува и во Србија, преку напади врз претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство“, додаде тој.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, апелираше до „елитата во Србија и нивните независни медиуми“, за кои тврди дека се сè само не независни, да разберат „кои можат да бидат вистинските последици од омразата што секојдневно ја промовираат“.

 

The post Вулин по обидот за атентат врз Трамп: Нека се подготви Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, по обидот за атентат врз Доналд Трамп, ги повика властите да ги зголемат безбедносните мерки за претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство.
Со медиумски притисок се обидуваат да ги натераат да се откажат од државната заштита и да бидат уште полесни мети“, рече Вулин, зборувајќи за Вучиќ и неговото семејство.
Тој потсети дека во последните неколку месеци се случи и обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо и смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во авионска несреќа. Вулин смета дека не случајно се работи за луѓе кои се залагале „за поинаков свет и мир во Украина“, пренесува Нова.рс.
Нека се подготви Вучиќ и секој што има храброст да се бори за слобода. Обидот за убиство на поранешниот претседател Трамп е израз на дозволена и поттикната омраза, истата омраза што се поттикнува и слободно се изразува кон Вучиќ и Србија“, предупреди тој.
Вулин не беше единствениот претставник на српските власти кој го спореди Вучиќ со Трамп. Вицепремиерот и министер за полиција Ивица Дачиќ изјави дека обидот за атентат врз Трамп е „тажен и трагичен доказ за последиците од кампањата на омраза, закани и дехуманизација на еден човек“.
Нешто слично се спроведува и во Србија, преку напади врз претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство“, додаде тој.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, апелираше до „елитата во Србија и нивните независни медиуми“, за кои тврди дека се сè само не независни, да разберат „кои можат да бидат вистинските последици од омразата што секојдневно ја промовираат“.  

The post Вулин по обидот за атентат врз Трамп: Нека се подготви Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Со своето тело ги покрил децата и жената: Ова е човекот кој загина при обидот за атентат на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/so-svoeto-telo-gi-pokril-detsata-i-zhenata-ova-e-chovekot-koj-zagina-pri-obidot-za-atentat-na-tramp/ Mon, 15 Jul 2024 07:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=796868

Лицето кое загина за време на обидот за атентат на Доналд Трамп е 50 годишниот Кори Компраторе, кој со своето тело го покрил семејството кога почнало пукањето.

Кори Компраторе се фрлил врз своето семејство, сопругата и двете ќерки, да ги заштити од куршумите кога почнала стрелбата, изјави синоќа гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Тој изјави дека се сретнал со семејството на загинатиот.

Митингот на Трамп во Пенсилванија го зеде животот на мојот брат Кори Компраторе. Омразата кон еден човек го одзеде животот на човек кој ние најмногу го сакавме, напиша вчера сестрата на жртвата на својот Фејсбук профил.

Компраторе работел како инженер во фабрика за производство на пластични предмети и служел како раководител на волонтерската пожарна служба во Бафало тауншип, јави изданието Pittsburh Post-Gazette.

The post Со своето тело ги покрил децата и жената: Ова е човекот кој загина при обидот за атентат на Трамп appeared first on Република.

]]>

Лицето кое загина за време на обидот за атентат на Доналд Трамп е 50 годишниот Кори Компраторе, кој со своето тело го покрил семејството кога почнало пукањето. Кори Компраторе се фрлил врз своето семејство, сопругата и двете ќерки, да ги заштити од куршумите кога почнала стрелбата, изјави синоќа гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Тој изјави дека се сретнал со семејството на загинатиот. Митингот на Трамп во Пенсилванија го зеде животот на мојот брат Кори Компраторе. Омразата кон еден човек го одзеде животот на човек кој ние најмногу го сакавме, напиша вчера сестрата на жртвата на својот Фејсбук профил. Компраторе работел како инженер во фабрика за производство на пластични предмети и служел како раководител на волонтерската пожарна служба во Бафало тауншип, јави изданието Pittsburh Post-Gazette.

The post Со своето тело ги покрил децата и жената: Ова е човекот кој загина при обидот за атентат на Трамп appeared first on Република.

]]>
Tрамп: Ме спаси тоа што го тргнав погледот од публиката https://republika.mk/vesti/svet/tramp-me-spasi-toa-shto-go-trgnav-pogledot-od-publikata/ Mon, 15 Jul 2024 06:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=796838

Поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат за американски претседател Доналд Трамп го даде своето прво интервју по обидот за атентат врз него.

Во  интервју за Washington Examiner, Трамп рече дека сака да го искористи историскиот момент за да ја обедини земјата.

Трамп смета дека нападот во саботата ја променил изборната кампања, што го признаваат и републиканците и демократите. Тој изјави дека по нападот добил повици од луѓе од цела земја кои доаѓаат од различни сфери на животот и имаат различни политички ставови.

Тој истакна како се спасил од смртта со тоа што се оддалечил од толпата за да погледне во екранот на кој се прикажуваат податоците што ги користел во својот говор.

„Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес, нели?

The post Tрамп: Ме спаси тоа што го тргнав погледот од публиката appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател и актуелен републикански кандидат за американски претседател Доналд Трамп го даде своето прво интервју по обидот за атентат врз него. Во  интервју за Washington Examiner, Трамп рече дека сака да го искористи историскиот момент за да ја обедини земјата. Трамп смета дека нападот во саботата ја променил изборната кампања, што го признаваат и републиканците и демократите. Тој изјави дека по нападот добил повици од луѓе од цела земја кои доаѓаат од различни сфери на животот и имаат различни политички ставови. Тој истакна како се спасил од смртта со тоа што се оддалечил од толпата за да погледне во екранот на кој се прикажуваат податоците што ги користел во својот говор.
„Ретко го тргам погледот од толпата. Да не го направев тоа во тој момент, немаше да разговараме денес, нели?

The post Tрамп: Ме спаси тоа што го тргнав погледот од публиката appeared first on Република.

]]>
Поранешниот пожарникар Кори Комператоре ги штител сопругата и ќерките од нападот врз Трамп, на крај тој го загуби животот https://republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-pozharnikar-kori-komperatore-gi-shtitel-soprugata-i-kerkite-od-napadot-vrz-tramp-na-kraj-toj-go-zagubi-zhivotot/ Sun, 14 Jul 2024 16:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=796754

Лицето кое беше убиено за време на атентатот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Пенсилванија е Кори Комператоре, поранешен пожарникар од Бафало.

Комператоре бил идентификуван од членови на неговото семејство. Тој, како што пренесуваат американските медиуми, го загубил животот додека се обидувал да ги заштити својата сопруга и ќерките кога напаѓачот Томас Метју Крукс отворил оган врз Трамп за време на предизборниот митинг.

Сестрата на жртвата, Даун Комператоре Шафер, во објава на Фејсбук напиша дека Кори „бил херој кој ги штител своите ќерки“.

- Неговата сопруга и девојките го преживеаја незамисливото. Мојот помал брат штотуку наполни 50 години и имаше уште многу живот. Омразата нема граници и љубовта нема граници. Молете се, бидејќи ова изгледа како ужасен кошмар, но знаеме дека тоа е нашата болна реалност, напиша Комператоре Шафер.

 

The post Поранешниот пожарникар Кори Комператоре ги штител сопругата и ќерките од нападот врз Трамп, на крај тој го загуби животот appeared first on Република.

]]>

Лицето кое беше убиено за време на атентатот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Пенсилванија е Кори Комператоре, поранешен пожарникар од Бафало. Комператоре бил идентификуван од членови на неговото семејство. Тој, како што пренесуваат американските медиуми, го загубил животот додека се обидувал да ги заштити својата сопруга и ќерките кога напаѓачот Томас Метју Крукс отворил оган врз Трамп за време на предизборниот митинг. Сестрата на жртвата, Даун Комператоре Шафер, во објава на Фејсбук напиша дека Кори „бил херој кој ги штител своите ќерки“.
- Неговата сопруга и девојките го преживеаја незамисливото. Мојот помал брат штотуку наполни 50 години и имаше уште многу живот. Омразата нема граници и љубовта нема граници. Молете се, бидејќи ова изгледа како ужасен кошмар, но знаеме дека тоа е нашата болна реалност, напиша Комператоре Шафер.
 

The post Поранешниот пожарникар Кори Комператоре ги штител сопругата и ќерките од нападот врз Трамп, на крај тој го загуби животот appeared first on Република.

]]>
Пентагон: Атентаторот на Трамп нема никаква врска со војската https://republika.mk/vesti/svet/pentagon-atentatorot-na-tramp-nema-nikakva-vrska-so-vojskata/ Sun, 14 Jul 2024 16:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=796748

Пентагон соопшти дека Томас Крукс кој денеска пукаше врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија, немал никаква поврзаност со војската на САД.

Потврдивме во сите воени служби дека во нивните бази на податоци, осомничениот со тоа име или датум на раѓање нема никаква поврзаност со војската, активната или резервната компонента, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер.

Си-Ен-Ен објави дека во домот и во автомобилот на атентаторот се најден експлозивен материјал. Оружјето, пак, со кое пукал го купил неговиот татко пред најмалку шест месеци.

Федералните агенти кои ја водат истрагата не го објавија мотивот за нападот, но властите го третираат како обид за атентат.

 

The post Пентагон: Атентаторот на Трамп нема никаква врска со војската appeared first on Република.

]]>

Пентагон соопшти дека Томас Крукс кој денеска пукаше врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија, немал никаква поврзаност со војската на САД.
Потврдивме во сите воени служби дека во нивните бази на податоци, осомничениот со тоа име или датум на раѓање нема никаква поврзаност со војската, активната или резервната компонента, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик С. Рајдер.
Си-Ен-Ен објави дека во домот и во автомобилот на атентаторот се најден експлозивен материјал. Оружјето, пак, со кое пукал го купил неговиот татко пред најмалку шест месеци. Федералните агенти кои ја водат истрагата не го објавија мотивот за нападот, но властите го третираат како обид за атентат.  

The post Пентагон: Атентаторот на Трамп нема никаква врска со војската appeared first on Република.

]]>
Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад кон демократијата https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-obidot-za-atentat-vrz-tramp-e-napad-kon-demokratijata/ Sun, 14 Jul 2024 11:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=796630

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на социјалните мрежи реагираше по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за кој вели дека е напад кон демократијата.

- Обидот за атентат врз кандидатот за претседател Трамп, е напад кон демократијата и е осуден од сите нас кои веруваме во вредностите на демократскиот плурализам. На поранешниот претседател Трамп му посакувам брзо закрепнување, уверен дека САД имаат доволно сила да го надминат овој инцидент за да продолжат да бидат знаме на демократијата во светот, вели Гаши во објавата на Фејсбук.

The post Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад кон демократијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на социјалните мрежи реагираше по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за кој вели дека е напад кон демократијата. - Обидот за атентат врз кандидатот за претседател Трамп, е напад кон демократијата и е осуден од сите нас кои веруваме во вредностите на демократскиот плурализам. На поранешниот претседател Трамп му посакувам брзо закрепнување, уверен дека САД имаат доволно сила да го надминат овој инцидент за да продолжат да бидат знаме на демократијата во светот, вели Гаши во објавата на Фејсбук.

The post Гаши: Обидот за атентат врз Трамп е напад кон демократијата appeared first on Република.

]]>
Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-go-osudi-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Sun, 14 Jul 2024 11:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=796628

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на социјалните мрежи го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

- Најостро го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Ние сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ. Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо. Секој развој на Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно, бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста, напиша Ахмети на Фејсбук.

На предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен обид за атентат

The post Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, на социјалните мрежи го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп. - Најостро го осудувам обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Ние сме покрај семејството на претседателот Трамп и американскиот народ. Насилството од каква било природа и форма е неприфатливо. Секој развој на Соединетите Американски Држави го чувствуваме и го доживуваме заедно, бидејќи американскиот народ за нашата нација е најголемиот поддржувач и симбол на слободата, демократијата, независноста и еднаквоста, напиша Ахмети на Фејсбук. На предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше извршен обид за атентат

The post Ахмети го осуди обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп https://republika.mk/vesti/svet/svetskite-lideri-go-osudija-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Sun, 14 Jul 2024 09:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=796590

Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија.

- Генералниот секретар (Антонио Гутереш) недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите најдобри желби до претседателот Трамп за брзо закрепнување, изјави портпаролот на шефот на ОН.

Претседателот на Франција Емануел Макрон обидот за атентат врз Трамп го оцени како „драма за нашите демократии“ и му посака брзо закрепнување на поранешниот американски претседател.

- Франција го споделува шокот и гневот на американскиот народ, истакна Емануел Макрон.

Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази солидарност со Трамп и повика дијалогот и одговорноста да надвладеат над омразата и насилството.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е ужаснат од шокантните сцени на митингот на Трамп во Пенсилванија, при што поранешниот претседател е повреден во десното уво.

Политичкото насилство во која било форма нема место во нашите општества и моите мисли се со сите жртви на овој напад, напиша Стармер на Икс.

Претседателот на Аргентина, Хавиер и за обидот за атентат врз Трамп ја обвини „меѓународната левица“ и нејзината „ужасна идеологија“.

- Левицата е подготвена да ги дестабилизира демократиите за да дојде на власт. Опседнати со стравот од губење на изборите, тие прибегнуваат кон тероризам за да ја наметнат својата ретроградна и авторитарна агенда, објави Милеи на Икс.

Обидот за атентат го осуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакнувајќи оти треба „да престане лудилото на омразата што се шири низ светот“.

- Му посакувам добро здравје и брзо закрепнување и се надевам дека ќе престане ова лудило на омраза што се шири низ целиот свет, дека ќе има повеќе почит кон различното мислење и дека ќе има помала агресија, особено од оние кои секогаш другите ги обвинуваат за агресија, а нападите обично доаѓаат од таа страна, посочи Вучиќ.

И премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател, посочувајќи оти политичкото насилство е најголемата опасност за демократијата.

- Политичкото насилство е неприфатливо. Силно го осудувам нападот врз поранешниот претседател Трамп и му посакувам брзо закрепнување. Политичкото насилство е неприфатливо и е најголемата опасност за демократијата, објави Пленковиќ на Икс.

The post Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Светските лидери го осудија обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија. - Генералниот секретар (Антонио Гутереш) недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите најдобри желби до претседателот Трамп за брзо закрепнување, изјави портпаролот на шефот на ОН. Претседателот на Франција Емануел Макрон обидот за атентат врз Трамп го оцени како „драма за нашите демократии“ и му посака брзо закрепнување на поранешниот американски претседател. - Франција го споделува шокот и гневот на американскиот народ, истакна Емануел Макрон. Додека премиерката на Италија, Џорџа Мелони изрази солидарност со Трамп и повика дијалогот и одговорноста да надвладеат над омразата и насилството. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е ужаснат од шокантните сцени на митингот на Трамп во Пенсилванија, при што поранешниот претседател е повреден во десното уво. Политичкото насилство во која било форма нема место во нашите општества и моите мисли се со сите жртви на овој напад, напиша Стармер на Икс. Претседателот на Аргентина, Хавиер и за обидот за атентат врз Трамп ја обвини „меѓународната левица“ и нејзината „ужасна идеологија“. - Левицата е подготвена да ги дестабилизира демократиите за да дојде на власт. Опседнати со стравот од губење на изборите, тие прибегнуваат кон тероризам за да ја наметнат својата ретроградна и авторитарна агенда, објави Милеи на Икс. Обидот за атентат го осуди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакнувајќи оти треба „да престане лудилото на омразата што се шири низ светот“. - Му посакувам добро здравје и брзо закрепнување и се надевам дека ќе престане ова лудило на омраза што се шири низ целиот свет, дека ќе има повеќе почит кон различното мислење и дека ќе има помала агресија, особено од оние кои секогаш другите ги обвинуваат за агресија, а нападите обично доаѓаат од таа страна, посочи Вучиќ. И премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го осуди обидот за атентат врз поранешниот американски претседател, посочувајќи оти политичкото насилство е најголемата опасност за демократијата. - Политичкото насилство е неприфатливо. Силно го осудувам нападот врз поранешниот претседател Трамп и му посакувам брзо закрепнување. Политичкото насилство е неприфатливо и е најголемата опасност за демократијата, објави Пленковиќ на Икс.

The post Светските лидери го осудија обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Бајден се обрати по обидот за атентат врз Трамп, го прекина одморот во Делавер https://republika.mk/vesti/svet/bajden-se-obrati-po-obidot-za-atentat-vrz-tramp-go-prekina-odmorot-vo-delaver/ Sun, 14 Jul 2024 07:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=796547

Американскиот претседател беше прашан за инцидентот кога излегуваше од црквата во плажата Рехобот, но тој рече дека не бил целосно информиран за нападот.

Одделот за домашна безбедност наскоро објави дека Бајден добива ажурирани информации од американската тајна служба.

Дури потоа следеше целосна реакција.

„Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и другите кои беа на митингот додека чекаме повеќе информации. Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. Нема место за вакво насилство во Америка. Мораме да се обединиме како нација и да го осудиме ова насилство“, се вели во изјавата на Бајден.

За време на говорот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Пенсилванија, одекнаа истрели, а поранешниот претседател веднаш беше отстранет од бината од обезбедувањето.

Трамп додека го држеше својот говор изгледаше како да паднал на земја. Брзо бил опколен од агенти на Тајната служба и останал на земја околу една минута. Тој потоа станал, ја подигнал тупаницата во воздух, пред да биде однесен од бината и да биде одведен во возило, кое брзо го напуштило местото на настанот.

The post Бајден се обрати по обидот за атентат врз Трамп, го прекина одморот во Делавер appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател беше прашан за инцидентот кога излегуваше од црквата во плажата Рехобот, но тој рече дека не бил целосно информиран за нападот. Одделот за домашна безбедност наскоро објави дека Бајден добива ажурирани информации од американската тајна служба. Дури потоа следеше целосна реакција. „Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и другите кои беа на митингот додека чекаме повеќе информации. Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. Нема место за вакво насилство во Америка. Мораме да се обединиме како нација и да го осудиме ова насилство“, се вели во изјавата на Бајден. За време на говорот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Пенсилванија, одекнаа истрели, а поранешниот претседател веднаш беше отстранет од бината од обезбедувањето. Трамп додека го држеше својот говор изгледаше како да паднал на земја. Брзо бил опколен од агенти на Тајната служба и останал на земја околу една минута. Тој потоа станал, ја подигнал тупаницата во воздух, пред да биде однесен од бината и да биде одведен во возило, кое брзо го напуштило местото на настанот.

The post Бајден се обрати по обидот за атентат врз Трамп, го прекина одморот во Делавер appeared first on Република.

]]>
Атентат врз Трамп, поранешниот претседател е добро https://republika.mk/vesti/svet/atentat-vrz-tramp-poraneshniot-pretsedatel-e-dobro/ Sat, 13 Jul 2024 23:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=796541

На митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија имаше атентат, каде што поранешниот претседател беше погоден од далечина.

Додека го држеше говорот, Трамп  падна на земја  и на увото имаше крв. Брзо беше опколен од агенти на Тајната служба и остана на земја околу една минута. Потоа стана, ја подигна тупаницата во воздух, пред да биде изнесен од бината и одведен во возило, кое брзо го напуштило местото.

 

The post Атентат врз Трамп, поранешниот претседател е добро appeared first on Република.

]]>

На митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија имаше атентат, каде што поранешниот претседател беше погоден од далечина. Додека го држеше говорот, Трамп  падна на земја  и на увото имаше крв. Брзо беше опколен од агенти на Тајната служба и остана на земја околу една минута. Потоа стана, ја подигна тупаницата во воздух, пред да биде изнесен од бината и одведен во возило, кое брзо го напуштило местото.  

The post Атентат врз Трамп, поранешниот претседател е добро appeared first on Република.

]]>
Ова е моментот кога атентаторот пука врз Фицо: Припука и веднаш го уапсија https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-momentot-koga-atentatorot-puka-vrz-fitso-pripuka-i-vednash-go-uapsija/ Thu, 16 May 2024 08:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=778619

Словачките медиуми го објавија моментот кога е застрелан премиерот Роберт Фицо. На видеото јасно се гледа кога напаѓачот вади пиштол и испука пет истрели.

Ранетиот премиер на Словачка се фаќа за стомак и паѓа преку мала ограда на зелената површина.Oбезбедувањето веднаш скока и го совладува напаѓачот.

The post Ова е моментот кога атентаторот пука врз Фицо: Припука и веднаш го уапсија appeared first on Република.

]]>

Словачките медиуми го објавија моментот кога е застрелан премиерот Роберт Фицо. На видеото јасно се гледа кога напаѓачот вади пиштол и испука пет истрели. Ранетиот премиер на Словачка се фаќа за стомак и паѓа преку мала ограда на зелената површина.Oбезбедувањето веднаш скока и го совладува напаѓачот.

The post Ова е моментот кога атентаторот пука врз Фицо: Припука и веднаш го уапсија appeared first on Република.

]]>
Фицо е во свесна состојба https://republika.mk/vesti/svet/fitso-e-vo-svesna-sostojba/ Thu, 16 May 2024 06:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=778582

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

The post Фицо е во свесна состојба appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми. Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата. Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

The post Фицо е во свесна состојба appeared first on Република.

]]>
Словачки медиуми: 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во премиерот Роберт Фицо https://republika.mk/vesti/svet/slovachki-mediumi-71-godishniot-pisatel-juraj-tsintula-pukal-vo-premierot-robert-fitso/ Wed, 15 May 2024 16:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=778435

Словачки медиуми објавуваат неофицијални информации човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, приврзаник на либералната партија Прогресивна Словачка.

Во минатото Цинтула на социјалните мрежи отворено ја изразуваше својата омраза кон Фицо.

Медиумите пишуваат дека пред обидот за атентат врз Фицо, осомничениот му викнал на премиерот „Робо, дојди овде“, по што отворил оган.

Според медиумите, тој имал легално регистрирано оружје и со него пукал во Фицо.Претходно, неопосредно по пукањето, едно лице е уапсено.

The post Словачки медиуми: 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во премиерот Роберт Фицо appeared first on Република.

]]>

Словачки медиуми објавуваат неофицијални информации човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, приврзаник на либералната партија Прогресивна Словачка. Во минатото Цинтула на социјалните мрежи отворено ја изразуваше својата омраза кон Фицо. Медиумите пишуваат дека пред обидот за атентат врз Фицо, осомничениот му викнал на премиерот „Робо, дојди овде“, по што отворил оган. Според медиумите, тој имал легално регистрирано оружје и со него пукал во Фицо.Претходно, неопосредно по пукањето, едно лице е уапсено.

The post Словачки медиуми: 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во премиерот Роберт Фицо appeared first on Република.

]]>
Ова е моментот кога словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-momentot-koga-slovachkiot-premier-e-zastrelan-so-nekolku-kurshumi-vo-gradite-i-stomakot/ Wed, 15 May 2024 15:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=778410

Извршен е атентата врз премиерот на Словачка, Роберт Фицо. Тој бил застрелан со огнено оружје откако по седница на владата излегол да отпоздрави на граѓаните.

Според информациите, Фицо е застрелан со неколку истрели во градите и стомакот и се наоѓа во во животно загрозувачка состојба.

https://republika.mk/vesti/svet/se-protiveshe-na-isprakaneto-zapadno-oruzhje-vo-ukraina-slovachkiot-premier-zastrelan-vo-gradite-i-stomakot/

The post Ова е моментот кога словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>

Извршен е атентата врз премиерот на Словачка, Роберт Фицо. Тој бил застрелан со огнено оружје откако по седница на владата излегол да отпоздрави на граѓаните. Според информациите, Фицо е застрелан со неколку истрели во градите и стомакот и се наоѓа во во животно загрозувачка состојба. https://republika.mk/vesti/svet/se-protiveshe-na-isprakaneto-zapadno-oruzhje-vo-ukraina-slovachkiot-premier-zastrelan-vo-gradite-i-stomakot/

The post Ова е моментот кога словачкиот премиер е застрелан со неколку куршуми во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>
Се противеше на испраќањето оружје во Украина: Словачкиот премиер застрелан во градите и стомакот https://republika.mk/vesti/svet/se-protiveshe-na-isprakaneto-oruzhje-vo-ukraina-slovachkiot-premier-zastrelan-vo-gradite-i-stomakot/ Wed, 15 May 2024 15:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=778404

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова, каде што се одржувала седницата на владата.

Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан.

Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.

https://republika.mk/vesti/svet/fitso-slovachka-nema-da-ispraka-vojnitsi-vo-ukraina/

Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава.

Напаѓачот е уапсен на лице место.

https://republika.mk/vesti/svet/slovachka-gi-prekinuva-isporakite-na-oruzhje-za-ukraina/

The post Се противеше на испраќањето оружје во Украина: Словачкиот премиер застрелан во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова, каде што се одржувала седницата на владата. Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан. Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. https://republika.mk/vesti/svet/fitso-slovachka-nema-da-ispraka-vojnitsi-vo-ukraina/ Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава. Напаѓачот е уапсен на лице место. https://republika.mk/vesti/svet/slovachka-gi-prekinuva-isporakite-na-oruzhje-za-ukraina/

The post Се противеше на испраќањето оружје во Украина: Словачкиот премиер застрелан во градите и стомакот appeared first on Република.

]]>