армија Archives - Република https://republika.mk/tema/armija/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 12:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png армија Archives - Република https://republika.mk/tema/armija/ 32 32 Значајни инвестиции во модернизирањето на армијата- за наредната година предвидени до 4,5 милијарди денари https://republika.mk/vesti/makedonija/znachajni-investitsii-vo-moderniziraneto-na-armijata-za-narednata-godina-predvideni-do-4-5-milijardi-denari/ Thu, 14 Nov 2024 12:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=837619

Државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска, денеска на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ што се одржа во Владата, посочи дека во рамки на Министерството продолжува реализацијата на договорите за набавка на опрема и модернизација на капацитетите на Армијата. За таа намена за наредната година планирано е да се издвојат 4,2 до 4,5 милијарди денари.

Пред учесниците на денешната владина дебата посветена на прашања од областа на правдата, внатрешните работи и одбраната, Чуповска го посочи зајакнувањето на капацитетите на сите институции од областа на безбедноста во државата, вклучувајќи ја и одбраната, како предуслов и за натамошен економски развој, истакнувајќи дека севкупната безбедносната состојба секако влијае врз подготвеноста на заинтересираните субјекти за инвестирање.

Сите инвестиции што Министерството ги реализира во областа на одбраната, како и планираните за во иднина, секако значајно придонесуваат за економскиот развој бидејќи гарантираме безбедни услови за можност за дополнитени инвестиции и поттикнување на самото претприемништво и севкупен економски развој, рече таа.

Како исклучително значајно таа го посочи процесот на модернизација на Армијата, како договори на релација Влада со Влада со стратешките партнери од НАТО.

Во овие четири месеци успеавме да го заокружиме и реализираме договорот за ремонт на два транспортни хеликоптери…Сега земјава располага со четири оперативни транспортни хеликоптери, рече таа.

За склучениот договор на МО со италијанската влада за набавка на осум хеликоптери „Леонардо“, Чуповска истакна дека дел од средствата согласно договорот како аванс се уплатени, како и дека се работи за активен договор согласно чии одредби од наредната година почнуваат обврските на македонската страна.

Она што го затекнавме како состојба, е тоа што веќе беше отворен предмет по договорот пред Антикорупциска комисија. Пред две седмици повторно доставивме ургенција за постапување по предметот. Моментално она што е обврска од наша страна, преземавме активности за формирање комисија за следење на реализацијата на договорот, а ќе постапуваме онака како ќе решат институциите. Станува збор за опрема што е значајна и приориететна, рече таа.

За наредниот период таа посочи дека се работи на два активни договори, за набавка на лесни оклопни возила од типот „JLTV“ како и помасивните „Страјкер. Чуповска истакна дека дел од „JLTV“-те се стасани, 38 на број, а преостанатите до предвидените 96 треба да пристигнат наредната година. Според неа, веќе е потврдена подготвеноста во АРМ за прием и на потешките оклопни возила „Страјкер“.

Предвидено е наредната година реализација на договорот за набавка на системи за противвоздушна одбрана од Франција, како и договор за набавка на опрема и од Турција.

Очекуваме оваа година да го задржиме нивото на капитални расходи за модернизација и опрема некаде до 30 проценти, за таа намена да се издвојат 4,2 до 4,5 милијарди денари, што значи во рамки на нивото на НАТО стандардот за над 20 отсто, рече таа.

The post Значајни инвестиции во модернизирањето на армијата- за наредната година предвидени до 4,5 милијарди денари appeared first on Република.

]]>

Државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска, денеска на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ што се одржа во Владата, посочи дека во рамки на Министерството продолжува реализацијата на договорите за набавка на опрема и модернизација на капацитетите на Армијата. За таа намена за наредната година планирано е да се издвојат 4,2 до 4,5 милијарди денари. Пред учесниците на денешната владина дебата посветена на прашања од областа на правдата, внатрешните работи и одбраната, Чуповска го посочи зајакнувањето на капацитетите на сите институции од областа на безбедноста во државата, вклучувајќи ја и одбраната, како предуслов и за натамошен економски развој, истакнувајќи дека севкупната безбедносната состојба секако влијае врз подготвеноста на заинтересираните субјекти за инвестирање. Сите инвестиции што Министерството ги реализира во областа на одбраната, како и планираните за во иднина, секако значајно придонесуваат за економскиот развој бидејќи гарантираме безбедни услови за можност за дополнитени инвестиции и поттикнување на самото претприемништво и севкупен економски развој, рече таа. Како исклучително значајно таа го посочи процесот на модернизација на Армијата, како договори на релација Влада со Влада со стратешките партнери од НАТО. Во овие четири месеци успеавме да го заокружиме и реализираме договорот за ремонт на два транспортни хеликоптери…Сега земјава располага со четири оперативни транспортни хеликоптери, рече таа. За склучениот договор на МО со италијанската влада за набавка на осум хеликоптери „Леонардо“, Чуповска истакна дека дел од средствата согласно договорот како аванс се уплатени, како и дека се работи за активен договор согласно чии одредби од наредната година почнуваат обврските на македонската страна. Она што го затекнавме како состојба, е тоа што веќе беше отворен предмет по договорот пред Антикорупциска комисија. Пред две седмици повторно доставивме ургенција за постапување по предметот. Моментално она што е обврска од наша страна, преземавме активности за формирање комисија за следење на реализацијата на договорот, а ќе постапуваме онака како ќе решат институциите. Станува збор за опрема што е значајна и приориететна, рече таа. За наредниот период таа посочи дека се работи на два активни договори, за набавка на лесни оклопни возила од типот „JLTV“ како и помасивните „Страјкер. Чуповска истакна дека дел од „JLTV“-те се стасани, 38 на број, а преостанатите до предвидените 96 треба да пристигнат наредната година. Според неа, веќе е потврдена подготвеноста во АРМ за прием и на потешките оклопни возила „Страјкер“. Предвидено е наредната година реализација на договорот за набавка на системи за противвоздушна одбрана од Франција, како и договор за набавка на опрема и од Турција. Очекуваме оваа година да го задржиме нивото на капитални расходи за модернизација и опрема некаде до 30 проценти, за таа намена да се издвојат 4,2 до 4,5 милијарди денари, што значи во рамки на нивото на НАТО стандардот за над 20 отсто, рече таа.

The post Значајни инвестиции во модернизирањето на армијата- за наредната година предвидени до 4,5 милијарди денари appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-prethodnoto-rakovodstvo-ne-vodelo-grizha-za-armijata-za-4-mesetsi-situatsijata-ja-promenivme/ Sat, 09 Nov 2024 14:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=835894

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а истото тоа можеле да го направат, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ 21.

-Обезбедени се средства во буџетот и се исплаќаат испратнини на сите професионални војници со навршување на 45 години старост и тоа се две просечни плати во Македонија, за секоја година поминат стаж во армијата. Овие суми се движат од 20 до 30 илјади евра. Исто така обезбедивме средства за исплата на опремнини за пензионирање во висина од 15 нето плати на сите вработени во министерството и армијата, истакна Мисајловски.

Тој потенцираше дека со платата во месец август исплатени се обврските од новиот колективен договор, како што е додаток плата на посебен степен на образование кое претходно не било исплаќано, додаток на 10 проценти на плата за учество во комисии, додаток од 10 проценти на плата за овластување, зголем обем на работа од 15-30 проценти со уредба на влада.

Мисајловски најави дека потпишал документ со кој ќе бидат наградени над 300 припадници на армијата кои биле вклучени во гаснењето на пожарите.

The post Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме appeared first on Република.

]]>

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а истото тоа можеле да го направат, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ 21.
-Обезбедени се средства во буџетот и се исплаќаат испратнини на сите професионални војници со навршување на 45 години старост и тоа се две просечни плати во Македонија, за секоја година поминат стаж во армијата. Овие суми се движат од 20 до 30 илјади евра. Исто така обезбедивме средства за исплата на опремнини за пензионирање во висина од 15 нето плати на сите вработени во министерството и армијата, истакна Мисајловски.
Тој потенцираше дека со платата во месец август исплатени се обврските од новиот колективен договор, како што е додаток плата на посебен степен на образование кое претходно не било исплаќано, додаток на 10 проценти на плата за учество во комисии, додаток од 10 проценти на плата за овластување, зголем обем на работа од 15-30 проценти со уредба на влада. Мисајловски најави дека потпишал документ со кој ќе бидат наградени над 300 припадници на армијата кои биле вклучени во гаснењето на пожарите.

The post Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-najgolem-del-od-budhetot-ke-odi-vo-modernizatsija-na-armijata/ Wed, 06 Nov 2024 21:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=834933

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во гостување на МРТВ изјави дека следува модернизација на Армијата.

Буџетот во Армијата ќе биде 2%, но и ќе се зголемува низ годините вели Мисајловски.

Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на НАТО го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќи тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети - појасни министерот Мисајловски.

Побаравме поголем Буџет за следната година за Армијата, еве да изразам благодарност до премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата, изјави министерот Мисајловски.

The post Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во гостување на МРТВ изјави дека следува модернизација на Армијата. Буџетот во Армијата ќе биде 2%, но и ќе се зголемува низ годините вели Мисајловски.
Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на НАТО го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќи тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети - појасни министерот Мисајловски.
Побаравме поголем Буџет за следната година за Армијата, еве да изразам благодарност до премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата, изјави министерот Мисајловски.

The post Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата appeared first on Република.

]]>
Промовирање офицери и подофицери на Воената академија https://republika.mk/vesti/makedonija/promovirane-ofitseri-i-podofitseri-na-voenata-akademija/ Tue, 13 Aug 2024 05:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=805976

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска на свеченост ќе бидат промовирани офицери и подофицери во Армијата.

На свеченоста ќе бидат промовирани 24-та класа питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник, соопшти Министерството за одбрана.

Како што најави, обраќања на настанот ќе имаат претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.

На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и други високи гости од Министерството и Армијата.

The post Промовирање офицери и подофицери на Воената академија appeared first on Република.

]]>

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска на свеченост ќе бидат промовирани офицери и подофицери во Армијата.
На свеченоста ќе бидат промовирани 24-та класа питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник, соопшти Министерството за одбрана.
Како што најави, обраќања на настанот ќе имаат претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски. На свеченоста ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено-дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и други високи гости од Министерството и Армијата.

The post Промовирање офицери и подофицери на Воената академија appeared first on Република.

]]>
Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на пожарите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/armijata-angazhira-dopolnitelni-sili-za-gaseneto-na-pozharite/ Thu, 18 Jul 2024 09:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=797980

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, соопшти Генералштабот на Армијата.

Од страна на Генералштабот е издадена наредба за ставање во состојба на подготвеност и ангажман на дополнителни 200 армиски припадници од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300. Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции, се наведува во соопштението.

Ангажираните сили и ресурси координирано работат заедно со другите инволвирани субјекти, што се покажува како суштински во борбата за ставање на пожарите под контрола.

Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите. Воедно припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора, информираат од Генералштабот на Армијата.

The post Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на пожарите appeared first on Република.

]]>

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, соопшти Генералштабот на Армијата.
Од страна на Генералштабот е издадена наредба за ставање во состојба на подготвеност и ангажман на дополнителни 200 армиски припадници од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300. Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции, се наведува во соопштението.
Ангажираните сили и ресурси координирано работат заедно со другите инволвирани субјекти, што се покажува како суштински во борбата за ставање на пожарите под контрола.
Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите. Воедно припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора, информираат од Генералштабот на Армијата.

The post Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на пожарите appeared first on Република.

]]>
Армијата продолжува заеднички со сите институции и граѓани да придонесува во справување со пожарите https://republika.mk/vesti/makedonija/armijata-prodolzhuva-zaednichki-so-site-institutsii-i-gragani-da-pridonesuva-vo-spravuvane-so-pozharite/ Wed, 17 Jul 2024 19:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=797808

Во текот на денешниот ден во координација со сите надлежни субјекти кои учествуваат во гасењето на пожарите, Армијата со повеќе од 100 директно ангажирани припадници од 2. Пешадиски баталјон учествуваше во гасење на пожарите на неколку локации во поширокиот реон на Серта.

- Групата која во текот на вчерашниот ден се вклучи во ставање под контрола на пожарот во Радовишко, на локацијата Пореката, денеска продолжи на истиот реон, додека останатите групи се ангажирани во реонот селата Драгоево и Штракалево кон полигонот Криволак и потегот од Пепелиште кон Серта, соопштија од Генералштабот на Армијата.

Во гасењето од воздух, двата хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ извршиле 14 летови и исфрлија 28 тони вода. Воедно, преку оперативниот центар, се наведува во соопштението, припадниците на воздухопловниот ВИНГ помагаат во координирање на летачките активности на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора.

Како превентивна мерка, формирана е екипа во состојба на готовност која доколку има потреба за ангажирање во реонот на Армискиот Полигон Криволак навремено ќе се вклучи во гасење на пожарите.

The post Армијата продолжува заеднички со сите институции и граѓани да придонесува во справување со пожарите appeared first on Република.

]]>

Во текот на денешниот ден во координација со сите надлежни субјекти кои учествуваат во гасењето на пожарите, Армијата со повеќе од 100 директно ангажирани припадници од 2. Пешадиски баталјон учествуваше во гасење на пожарите на неколку локации во поширокиот реон на Серта. - Групата која во текот на вчерашниот ден се вклучи во ставање под контрола на пожарот во Радовишко, на локацијата Пореката, денеска продолжи на истиот реон, додека останатите групи се ангажирани во реонот селата Драгоево и Штракалево кон полигонот Криволак и потегот од Пепелиште кон Серта, соопштија од Генералштабот на Армијата. Во гасењето од воздух, двата хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ извршиле 14 летови и исфрлија 28 тони вода. Воедно, преку оперативниот центар, се наведува во соопштението, припадниците на воздухопловниот ВИНГ помагаат во координирање на летачките активности на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора. Како превентивна мерка, формирана е екипа во состојба на готовност која доколку има потреба за ангажирање во реонот на Армискиот Полигон Криволак навремено ќе се вклучи во гасење на пожарите.

The post Армијата продолжува заеднички со сите институции и граѓани да придонесува во справување со пожарите appeared first on Република.

]]>
Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта https://republika.mk/vesti/makedonija/armijata-angazhirana-za-gasene-na-pozharot-na-planinata-serta/ Sun, 14 Jul 2024 07:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=796562

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и Врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, нареди ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско.

Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

„Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогодисекогаш кога било потребно“, порачаа од Министерството за одбрана.

The post Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>

Откако Владата прогласи кризна состојба, претседателката и Врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова, нареди ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско. Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта. „Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогодисекогаш кога било потребно“, порачаа од Министерството за одбрана.

The post Армијата ангажирана за гасење на пожарот на планината Серта appeared first on Република.

]]>
Два хеликоптери на јапонската армија се судрија во воздух, има загинати и исчезнати https://republika.mk/vesti/svet/dva-helikopteri-na-japonskata-armija-se-sudrija-vo-vozduh-ima-zaginati-i-ischeznati/ Sun, 21 Apr 2024 17:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=768970

Еден член на екипажот на јапонски хеликоптер загина, а седум други се водат како исчезнати откако два хеликоптери се судрија во воздух за време на ноќна вежба во Тихиот Океан.Двомоторните хеликоптери Mitsubishi SH-60K беа на обука во близина на островите Изу, на околу 600 километри јужно од Токио, пренесува Telegraph.Два рекордери за летот еден до друг се додека судирот не предизвикал експлозија на нивните пропелери.Јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара најави дека причината за несреќата останува непозната.„Првично правиме се од себе за да ги спасиме животите на луѓето“, додаде Кихара, истакнувајќи дека хеликоптерите биле на обука.Еден член на екипажот е извлечен од водата и констатирана е смрт.

The post Два хеликоптери на јапонската армија се судрија во воздух, има загинати и исчезнати appeared first on Република.

]]>

Еден член на екипажот на јапонски хеликоптер загина, а седум други се водат како исчезнати откако два хеликоптери се судрија во воздух за време на ноќна вежба во Тихиот Океан.Двомоторните хеликоптери Mitsubishi SH-60K беа на обука во близина на островите Изу, на околу 600 километри јужно од Токио, пренесува Telegraph.Два рекордери за летот еден до друг се додека судирот не предизвикал експлозија на нивните пропелери.Јапонскиот министер за одбрана Минору Кихара најави дека причината за несреќата останува непозната.„Првично правиме се од себе за да ги спасиме животите на луѓето“, додаде Кихара, истакнувајќи дека хеликоптерите биле на обука.Еден член на екипажот е извлечен од водата и констатирана е смрт.

The post Два хеликоптери на јапонската армија се судрија во воздух, има загинати и исчезнати appeared first on Република.

]]>
Новиот состав на ДКСК отвора предмети за набавките на хеликоптери и амбулантни возила https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-sostav-na-dksk-otvora-predmeti-za-nabavkite-na-helikopteri-i-ambulantni-vozila/ Tue, 19 Mar 2024 11:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=756259

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра од италијанскиот „Леонардо“ и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство.

Ова и денес го потврди новата претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска, при тоа нагласувајќи дека случаите се отвораат предизборно по допрен глас.

Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска за РСЕ.

Според првиот човек на ДКСК набавките не смеат да се случуваат предизборно, повикувајќи се на Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата, каде што се регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања, итн.

Дополнително,претходно беше објавено дека Министерството за здравство купува 22 амбуланти возила по цена од 90 000 евра за парче, иако еден месец претходно ЕУ донирала слични такви по цена од 63 000 евра.

Што се однесува за хеликоптерите, таму компанијата „Леонардо“ веќе е на лош глас по контроверзни набавки за неколку други земји.

 

The post Новиот состав на ДКСК отвора предмети за набавките на хеликоптери и амбулантни возила appeared first on Република.

]]>

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра од италијанскиот „Леонардо“ и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство. Ова и денес го потврди новата претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска, при тоа нагласувајќи дека случаите се отвораат предизборно по допрен глас.
Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска за РСЕ.
Според првиот човек на ДКСК набавките не смеат да се случуваат предизборно, повикувајќи се на Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата, каде што се регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања, итн. Дополнително,претходно беше објавено дека Министерството за здравство купува 22 амбуланти возила по цена од 90 000 евра за парче, иако еден месец претходно ЕУ донирала слични такви по цена од 63 000 евра. Што се однесува за хеликоптерите, таму компанијата „Леонардо“ веќе е на лош глас по контроверзни набавки за неколку други земји.  

The post Новиот состав на ДКСК отвора предмети за набавките на хеликоптери и амбулантни возила appeared first on Република.

]]>
Отворен ден на Армијата во Штип https://republika.mk/vesti/makedonija/otvoren-den-na-armijata-vo-shtip/ Sat, 16 Mar 2024 15:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=755424

Со изложба на оружје, опрема, возила, музички точки, служење на војнички чај и војничко гравче како и тактичко технички вежби денеска во Штип се одбележа четири години од нашето членство во НАТО и 75 - годишнината од формирањето на Алијансата.

На локација кај градскиот стадион во Штип, граѓаните имаа можност одблизу да се запознаат со опремата и оружјето на Армијата. На денешниот настан присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која истакна дека со нашето членство во НАТО се гарантира сигурноста на државата.

-Со членството во НАТО државата е сигурна и безбедна земја, нашиот глас е слушнат, а нашиот придонес кон уште посилна колективна безбедност е почитуван и ценет. Армијата е во НАТО, но и НАТО стандардите се во Армијата. Минуваме низ сеопфатен процес на модернизација и опремување, но не забораваме дека подеднакво важно е инвестицијата во човечкиот капитал, вели Петровска.

Денешниот ден беше со цел граѓаните во Штип да може одблизу да се запознаат со возилата и опремата на штипската касарна „Јане Сандански“, а можеа да проследат и техничко - тактички вежби.

Фото: МО/МИА

The post Отворен ден на Армијата во Штип appeared first on Република.

]]>

Со изложба на оружје, опрема, возила, музички точки, служење на војнички чај и војничко гравче како и тактичко технички вежби денеска во Штип се одбележа четири години од нашето членство во НАТО и 75 - годишнината од формирањето на Алијансата. На локација кај градскиот стадион во Штип, граѓаните имаа можност одблизу да се запознаат со опремата и оружјето на Армијата. На денешниот настан присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која истакна дека со нашето членство во НАТО се гарантира сигурноста на државата.
-Со членството во НАТО државата е сигурна и безбедна земја, нашиот глас е слушнат, а нашиот придонес кон уште посилна колективна безбедност е почитуван и ценет. Армијата е во НАТО, но и НАТО стандардите се во Армијата. Минуваме низ сеопфатен процес на модернизација и опремување, но не забораваме дека подеднакво важно е инвестицијата во човечкиот капитал, вели Петровска.
Денешниот ден беше со цел граѓаните во Штип да може одблизу да се запознаат со возилата и опремата на штипската касарна „Јане Сандански“, а можеа да проследат и техничко - тактички вежби. Фото: МО/МИА

The post Отворен ден на Армијата во Штип appeared first on Република.

]]>
Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата https://republika.mk/vesti/svet/putin-go-potpisha-zakonot-za-konfiskatsija-na-imot-za-lazhni-vesti-za-armijata/ Wed, 14 Feb 2024 09:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=743970

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи.

Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми.

На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија.

Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност.

Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари.

Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни.

Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Федералниот закон за конфискација на имот за лажни вести за армијата, кој беше објавен на официјалната веб-страница со правни документи. Во тек се измени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, пренесуваат руските медиуми. На 7 февруари, Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот Парламент, усвои Закон со кој се конфискува имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија. Во образложението се наведува дека во документот се воведува механизам за конфискација на пари, вредни предмети и друг имот за ширење лажни вести за руската армија, како и ако тој имот се користи за финансирање на криминал и какви било други активности насочени против државната безбедност. Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, го усвои овој Закон на 31 јануари. Според руските закони донесени минатиот март, дискредитирањето на вооружените сили или ширењето лажни информации за војската се казнува со долги затворски казни. Извор: МИА

The post Путин го потпиша Законот за конфискација на имот за лажни вести за армијата appeared first on Република.

]]>
Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд https://republika.mk/vesti/makedonija/armijata-ke-dobie-devet-milioni-evra-vo-oprema-od-evropskiot-miroven-fond/ Wed, 10 Jan 2024 13:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=731601

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.

Овие средства ќе бидат искористени за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациски-информатички системи, разузнавачки капацитети, инженерска опрема и опрема за изведување обуки - информира Петровска на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот.

Согласно Меморандумот, при набавката на опремата која ќе ја реализира ИТФ консултиран е Генералштабот на Армијата, а во согласност со потребите на земјава, но и највисоките НАТО стандарди.

Оваа поддршка, како што нагласи Петровска, ја потврдува стратешката цел на државата, односно членството на земјава во Европската Унија. Таа исто така потенцираше дека и Европската Комисија констатираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, коешто, како што истакна, беше потврдено и со билатералниот скрининг за ова поглавје.

Европскиот амбасадор, Дејвид Гир, истакна дека со овој проект во рамки на одбранбениот сектор, при Европскиот мировен фонд, Европската Унија посветува девет милиони евра за поддршка на Армијата.

Сметам дека ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд покрај нашата поддршка на Украина. При унапредување на несмртносната опрема којашто е достапна на листата на пешадиска баталјонска група ќе помогнеме на Армијата да стане поагилна и на тој начин ќе дадеме придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката и надворешната одбранбена политика - рече Гир.

Додаде дека ова се прави поради тоа што земјава се докажа во нејзината посветеност на заедничките цели со ЕУ и нејзината усогласеност со Европската заедничка безбедносна политика.

Директорот на ИТФ, Томаж Ловренчич, посочи дека со нетрпение се очекува соработката од партнерството со Министерството за одбрана во рамки на имплементацијата на оваа донација согласно планираните активности.

Активностите веќе започнаа и во последните неколку месеци, следната година и половина ќе го видиме заклучувањето на процесите за набавка и испораката на опремата и сметам дека тоа ќе биде видлив приказ на посветеноста на ЕУ и нејзината политика на пристапување, како и надворешната политика во поглед на зајакнатото партнерство со Македонија - изјави Ловренчич, кој додаде дека овој нов инструмент прв пат е претставен на овој регион и ќе биде пример за да го следат и другите.

На прашањето колку има постигнато Министерството за одбрана во последниот период во врска со ваквите соработки како и пристапната помош од ЕУ во однос на реформите но и воопшто на целата држава и сите институции со оглед на честите критики, Гир одговори дека во редовниот извештај којшто го изработува ЕК објавен во ноември минатата година се истакнува дека има добар напредок во поглед на заедничката безбедносна надворешна политика.

Сметам дека тоа беше еден од најпозитивните аспекти од извештајот за земјата, што значи дека ние продолжуваме да бидеме посветени во давањето на поддршка на реформите во оваа област. Оваа поддршка којашто денеска ја истакнавме не е еднократна, туку ја гледаме како еден долгорочен однос во поглед на градењето на капацитетите на земјата во рамките на одбраната како клучен партнер во рамките на ЕУ, а се разбира и како НАТО партнер - посочи Гир.

Петровска во однос на ова прашање укажа дека извештајот на ЕК минатата година го нотираше напредокот кој е постигнат во одбранбената политика, односно реформите кои се спроведуваат во Министерството за одбрана и во Армијата генерално.

Таа образложи две важни работи за да биде одбраната на потребното ниво, доброто планирање коешто, како што рече, е направено со долгорочните стратешки планови за развој на одбранбените капацитети на македонската армија и на одбраната, како и стабилното и навремено финансирање.

Тие се два клучни елементи кои гарантираат дека во годините коишто престојат она што е зацртано како план за модернизација и за поттикнување на капацитетите, а тоа претставува своевидна реформа, дека всушност ќе биде имплементирано - рече Петровска.

Очекува месецов пред Владата да се презентира планот за реформа на системот за управување со кризи – цивилна заштита, додека законот за критична инфраструктура што првпат ќе се носи во државава е во завршна фаза на консултации. Ова, посочи министерката, се само дел од реформите што се спроведуваат.

The post Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони евра.
Овие средства ќе бидат искористени за набавка на логистичка опрема, медицинска опрема, комуникациски-информатички системи, разузнавачки капацитети, инженерска опрема и опрема за изведување обуки - информира Петровска на прес-конференција по потпишувањето на Меморандумот.
Согласно Меморандумот, при набавката на опремата која ќе ја реализира ИТФ консултиран е Генералштабот на Армијата, а во согласност со потребите на земјава, но и највисоките НАТО стандарди. Оваа поддршка, како што нагласи Петровска, ја потврдува стратешката цел на државата, односно членството на земјава во Европската Унија. Таа исто така потенцираше дека и Европската Комисија констатираше добро ниво на подготвеност и добар напредок во однос на усогласувањето на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, коешто, како што истакна, беше потврдено и со билатералниот скрининг за ова поглавје. Европскиот амбасадор, Дејвид Гир, истакна дека со овој проект во рамки на одбранбениот сектор, при Европскиот мировен фонд, Европската Унија посветува девет милиони евра за поддршка на Армијата.
Сметам дека ова е еден од првите придонеси од страна на Европскиот мировен фонд покрај нашата поддршка на Украина. При унапредување на несмртносната опрема којашто е достапна на листата на пешадиска баталјонска група ќе помогнеме на Армијата да стане поагилна и на тој начин ќе дадеме придонес во зголемување на нејзиното учество во мировните операции во рамките на заедничката и надворешната одбранбена политика - рече Гир.
Додаде дека ова се прави поради тоа што земјава се докажа во нејзината посветеност на заедничките цели со ЕУ и нејзината усогласеност со Европската заедничка безбедносна политика. Директорот на ИТФ, Томаж Ловренчич, посочи дека со нетрпение се очекува соработката од партнерството со Министерството за одбрана во рамки на имплементацијата на оваа донација согласно планираните активности.
Активностите веќе започнаа и во последните неколку месеци, следната година и половина ќе го видиме заклучувањето на процесите за набавка и испораката на опремата и сметам дека тоа ќе биде видлив приказ на посветеноста на ЕУ и нејзината политика на пристапување, како и надворешната политика во поглед на зајакнатото партнерство со Македонија - изјави Ловренчич, кој додаде дека овој нов инструмент прв пат е претставен на овој регион и ќе биде пример за да го следат и другите.
На прашањето колку има постигнато Министерството за одбрана во последниот период во врска со ваквите соработки како и пристапната помош од ЕУ во однос на реформите но и воопшто на целата држава и сите институции со оглед на честите критики, Гир одговори дека во редовниот извештај којшто го изработува ЕК објавен во ноември минатата година се истакнува дека има добар напредок во поглед на заедничката безбедносна надворешна политика.
Сметам дека тоа беше еден од најпозитивните аспекти од извештајот за земјата, што значи дека ние продолжуваме да бидеме посветени во давањето на поддршка на реформите во оваа област. Оваа поддршка којашто денеска ја истакнавме не е еднократна, туку ја гледаме како еден долгорочен однос во поглед на градењето на капацитетите на земјата во рамките на одбраната како клучен партнер во рамките на ЕУ, а се разбира и како НАТО партнер - посочи Гир.
Петровска во однос на ова прашање укажа дека извештајот на ЕК минатата година го нотираше напредокот кој е постигнат во одбранбената политика, односно реформите кои се спроведуваат во Министерството за одбрана и во Армијата генерално. Таа образложи две важни работи за да биде одбраната на потребното ниво, доброто планирање коешто, како што рече, е направено со долгорочните стратешки планови за развој на одбранбените капацитети на македонската армија и на одбраната, како и стабилното и навремено финансирање.
Тие се два клучни елементи кои гарантираат дека во годините коишто престојат она што е зацртано како план за модернизација и за поттикнување на капацитетите, а тоа претставува своевидна реформа, дека всушност ќе биде имплементирано - рече Петровска.
Очекува месецов пред Владата да се презентира планот за реформа на системот за управување со кризи – цивилна заштита, додека законот за критична инфраструктура што првпат ќе се носи во државава е во завршна фаза на консултации. Ова, посочи министерката, се само дел од реформите што се спроведуваат.

The post Армијата ќе добие девет милиони евра во опрема од Европскиот мировен фонд appeared first on Република.

]]>
Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/novogodishna-euforija-nasekade-armiskiot-dedo-mraz-pristigna-so-helikopter-na-aerodromot-vo-skopje/ Sat, 23 Dec 2023 12:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=725924

Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром - Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ.

Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.

По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана.

Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.

The post Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје appeared first on Република.

]]>

Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром - Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ. Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан. По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на вВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана. Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.

The post Новогодишна еуфорија насекаде: Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје appeared first on Република.

]]>
Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-gi-poseti-pripadnitsite-na-armijata-del-od-silite-na-nato-vo-bugarija/ Sat, 30 Sep 2023 14:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=686625

Припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата, мотивирани, посветени и исклучително професионални во остварувањето на единствената заедничка цел – да бидат гарант за безбедноста на секоја педа сојузничка територија, рече министерката Славјанка Петровска по посетата на армискиот вод кој е дел од силите на НАТО во Бугарија.

Посетата, како што соопшти Министерството за правда, е во рамки на активностите на зголемена будност на Алијансата, воведени на вонредниот Самит на НАТО во Брисел во март 2022 година, по руската агресија во Украина. Целта на мисијата е гаранција на безбедноста на целата територија на Алијансата.

Во базата во Ново Село, министерката Петровска им се заблагодари на македонските, но и на бугарските и сите припадници на сојузничките армии кои се дел од мултинационалната група на НАТО во Бугарија за нивниот придонес кон безбедноста на НАТО.

-Чест и задоволство ми е што денеска заедно со мојот колега дојдовме тука да ги посетиме војниците од оваа група, меѓутоа исто така да им обрнеме особено внимание на нашите, на македонските и на бугарските војници. Особено ме радува и информацијата од брифингот кој го имавме од командантот, од успесите кои се забележани, од начинот на којшто двете армии во состав на оваа мултинационална сила заедно функционираат, заедно работат и се разбира заедно ги бранат интересите на НАТО алијансата, рече министерката Петровска.

Министерката посочи дека сите политички одлуки кои беа донесени во рамките на Алијансата, во однос на безбедноста на НАТО алијансата, денеска војниците го спроведуваат тоа на дело.

-Уште повеќе ме радува што сите оние политички одлуки кои изминатиот период ги носевме во рамките на НАТО алијансата и како гаранција за мирот, безбедноста на секоја педа територија на земјите членки на Алијансата, војниците овде се подготвени тоа да го спроведат на дело. Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка, подвлече министерката.

Бугарскиот министер за одбрана, Тагарев посочи дека во Ново Село со министерката Петровска беа сведоци на реалната примена на концептот за зголемена будност на НАТО и изградбата на мултинационалните борбени групи кои се елементи на капацитетот за одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО.

-Овде, придонесуваат со војници седум земји, водечка земја е Италија со многу сериозен капацитет, но секој придонес на наш сојузник кон заштитата на НАТО и нашата територија е ценет, вклучително и на воените лица од Македонија. Јас сум многу благодарен што имам можност заедно со министерката Петровска да присуствуваме овде. Видовте воени лица од двете страни во еден строј, со знамињата, со почит еден кон друг, рече бугарскиот министер.

Министерот Тагарев посочи дека војниците од двата контингенти одржуваат дневни контакти со кои се гради соработката и капацитетот заедно да ја гарантираме сигурноста на сојузот, посочуваат од македонското Министерство за одбрана.

Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија

The post Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Армијата на Република Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата, мотивирани, посветени и исклучително професионални во остварувањето на единствената заедничка цел – да бидат гарант за безбедноста на секоја педа сојузничка територија, рече министерката Славјанка Петровска по посетата на армискиот вод кој е дел од силите на НАТО во Бугарија. Посетата, како што соопшти Министерството за правда, е во рамки на активностите на зголемена будност на Алијансата, воведени на вонредниот Самит на НАТО во Брисел во март 2022 година, по руската агресија во Украина. Целта на мисијата е гаранција на безбедноста на целата територија на Алијансата. Во базата во Ново Село, министерката Петровска им се заблагодари на македонските, но и на бугарските и сите припадници на сојузничките армии кои се дел од мултинационалната група на НАТО во Бугарија за нивниот придонес кон безбедноста на НАТО. -Чест и задоволство ми е што денеска заедно со мојот колега дојдовме тука да ги посетиме војниците од оваа група, меѓутоа исто така да им обрнеме особено внимание на нашите, на македонските и на бугарските војници. Особено ме радува и информацијата од брифингот кој го имавме од командантот, од успесите кои се забележани, од начинот на којшто двете армии во состав на оваа мултинационална сила заедно функционираат, заедно работат и се разбира заедно ги бранат интересите на НАТО алијансата, рече министерката Петровска. Министерката посочи дека сите политички одлуки кои беа донесени во рамките на Алијансата, во однос на безбедноста на НАТО алијансата, денеска војниците го спроведуваат тоа на дело. -Уште повеќе ме радува што сите оние политички одлуки кои изминатиот период ги носевме во рамките на НАТО алијансата и како гаранција за мирот, безбедноста на секоја педа територија на земјите членки на Алијансата, војниците овде се подготвени тоа да го спроведат на дело. Секое едно вложување и инвестирање во нив значи инвестирање во нашата иднина и во нашата безбедност и затоа ја заслужуваат нашата поддршка, подвлече министерката. Бугарскиот министер за одбрана, Тагарев посочи дека во Ново Село со министерката Петровска беа сведоци на реалната примена на концептот за зголемена будност на НАТО и изградбата на мултинационалните борбени групи кои се елементи на капацитетот за одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО. -Овде, придонесуваат со војници седум земји, водечка земја е Италија со многу сериозен капацитет, но секој придонес на наш сојузник кон заштитата на НАТО и нашата територија е ценет, вклучително и на воените лица од Македонија. Јас сум многу благодарен што имам можност заедно со министерката Петровска да присуствуваме овде. Видовте воени лица од двете страни во еден строј, со знамињата, со почит еден кон друг, рече бугарскиот министер. Министерот Тагарев посочи дека војниците од двата контингенти одржуваат дневни контакти со кои се гради соработката и капацитетот заедно да ја гарантираме сигурноста на сојузот, посочуваат од македонското Министерство за одбрана. Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1.000 припадници од сојузниците Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија

The post Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот и безбедноста во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-armijata-e-nashata-gordost-garant-na-mirot-i-bezbednosta-vo-severna-makedonija/ Fri, 18 Aug 2023 10:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=673296

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата на Република Македонија.

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски:

Ми претставува особена чест што денеска сум заедно со вас на одбележувањето на 31 година од формирањето на Армијата на нашата татковина. Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен план се до остварување на нашата прва стратешка цел-членството во НАТО.

Вашата работа и професионалност се препознава и цени, затоа денес, стоејќи овде пред вас припадниците и припадничките на македонската Армија сакам да ви се заблагодарам за се што правите за татковината. Да ви се заблагодарам и како Претседател на Владата, но првенствено како граѓанин на Македонија.

Армијата е гордост на нашиот народ, вие сте припадници на моќна и почитувана армија, гарант на мирот и безбедноста на Македонија.

Како членка на НАТО денес Армијата на Македонија придонесува во операциите на мисиите за поддршка на мирот. Ги промовирате заедничките вредности во Алијансата, придонесувате за заедничката надворешна и безбедносна политика, истовремено развивајќи ги капацитетите на нашата Армија.

Владата е посветена на сите ваши активности и даваме поддршка на она што го прави Армијата на Македонија. Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери во изминативе години направи видливи резултати и огромни чекори без разлика дали станува збор за законодавна рамка, стратегија или организациски сегмент во работењето на Армијата.

Големи напори вложивме во враќањето на достоинството на војниците, подобрување на нивниот статус и материјална положба.

Со измените на Законот за служба во Армијата ги зголемивме платите, месечниот надоместок за станарина кој сериозно ги надополнува домашните буџети на припадниците на Армијата како и можноста за отпремнина на професионалните војници по навршување на 45-тата година старост во висина од 20.000 до 25.000 евра.

Вложувањето во одбраната е вложување во безбедноста на граѓаните и националната безбедност. Како премиер, поставив јасна цел нашата Армија да ја направиме уште поефикасна и поквалитетна, да го подигнеме нивото на одбранбена способност и да го подигнеме нејзиниот меѓународен углед. Ги зголемивме средствата за опремување и модернизација на Армијата, издвојувајќи 33% од одбранбениот буџет. Годинава буџетот за одбраната е 1,85% од БДП и е поголем од буџетот за 2022 година за 24,45 проценти. Со ова покажавме дека ги почитуваме обврските и стандардите кои заедно со сојузниците ги дефиниравме на последниот НАТО Самит. Продолжуваме со динамиката на зголемување, а во 2024 година ќе го реализираме она што го презедовме како обврска, издвојувањето за одбраната да изнесува 2% од БДП.

Воедно, на последниот Самит на Алијансата, донесовме и одлука да ги усвоиме новите регионални планови за колективна одбрана и брз одговор на заканите преку копно, вода и воздух. Ова е генерациска трансформација што долгорочно ќе го зајакне НАТО, а со тоа и нашата одбрана и Армијата како таква.

Прашањето за глобална безбедност, безбедноста на европскиот континент е едно од капиталните прашања за денешницата, независно дали станува збор за конвенционални или хибридни закани.

Да се биде припадник на Армијата на Македонија, бара посветеност, знаење и подготвеност. Благодарение на вашата одговорна работа и исполнување на задачите на највисоко професионално ниво, ја стекнавте огромната поддршка и доверба од граѓаните.

Во бројни специфични ситуации како големите пожари, поплави, епидемијата, Армијата беше тука и за цивилното население и за помош на локалните самоуправи. Како држава покажавме дека системот на домашната безбедност е активен и ефикасен и влијанијата на овие кризи беа сведени на минимум.

Нашата Армија даде огромен придонес и во помош за време на природните катастрофи од кои беа погодени нашите партнерски земји, земјотресите во Турција, поплавите во Словенија.

Граѓаните ја гледаат оваа пожртвуваност. Затоа Армијата ужива највисока доверба кај граѓаните.

Силната поврзаност и меѓусебната доверба, почитта кон Армијата на Македонија од граѓаните кои живеат во оваа земја нѐ охрабрува, но ни дава и задача во иднина како Влада да направиме се Армијата да го има сето она што и е потребно за да продолжи силно да се развива.

Државата е пред сè и над сè. За да имаме силна, суверена, безбедна држава за нас и нашите поколенија, мора да останеме цврсти и посветени на вложувањето во секој општествен сегмент во државата, вклучувајќи ја и одбраната. Интеграцијата во европските структури е во врвот на приоритетите. Пред нас е остварување на уште една стратешка цел-членство во Европската Унија. Како премиер, поставив јасни цели и мерки и со одлучноста што ја имаме, а Владата предводена од СДСМ заедно со коалиционите партнери, секогаш ја покажувала, ќе продолжиме да носиме храбри одлуки. Никој нема право да бега од одлуки и обврски за остварување на демократска, социјално праведна и економски силна Македонија.

Да, знам, сите ние сме свесни дека нашата држава има тежок пат, споредено со која било друга членка на Европската Унија или НАТО. Но, безбедниот и квалитетен живот на нацијата, на поединецот во Македонија е нашиот фокус. Нема ништо поважно од тоа ние политичарите да бидеме посветени, да се вложуваме и работиме за доброто на нашите граѓани. Во фокусот да ни биде подобро утре, а не политичките кариери. Денес е денот кога доаѓа крајот на лагата и денес ќе се види кој е за ЕУ, а кој е за блокирање на патот на државата во ЕУ. Додека јас сум премиер, Владата ќе работи на интеграција на државата во ЕУ затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.

Со државништво и дипломатски вештини низ годините создадовме соживот, добрососедство, меѓународен имиџ. Денес е време да создадеме европска иднина!

Да живее Европска Македонија!

Да живее македонската Армија!“

The post Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот и безбедноста во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата на Република Македонија. Во продолжение ви го пренесуваме интегрално обраќањето на премиерот Ковачевски: Ми претставува особена чест што денеска сум заедно со вас на одбележувањето на 31 година од формирањето на Армијата на нашата татковина. Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен план се до остварување на нашата прва стратешка цел-членството во НАТО. Вашата работа и професионалност се препознава и цени, затоа денес, стоејќи овде пред вас припадниците и припадничките на македонската Армија сакам да ви се заблагодарам за се што правите за татковината. Да ви се заблагодарам и како Претседател на Владата, но првенствено како граѓанин на Македонија. Армијата е гордост на нашиот народ, вие сте припадници на моќна и почитувана армија, гарант на мирот и безбедноста на Македонија. Како членка на НАТО денес Армијата на Македонија придонесува во операциите на мисиите за поддршка на мирот. Ги промовирате заедничките вредности во Алијансата, придонесувате за заедничката надворешна и безбедносна политика, истовремено развивајќи ги капацитетите на нашата Армија. Владата е посветена на сите ваши активности и даваме поддршка на она што го прави Армијата на Македонија. Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери во изминативе години направи видливи резултати и огромни чекори без разлика дали станува збор за законодавна рамка, стратегија или организациски сегмент во работењето на Армијата. Големи напори вложивме во враќањето на достоинството на војниците, подобрување на нивниот статус и материјална положба. Со измените на Законот за служба во Армијата ги зголемивме платите, месечниот надоместок за станарина кој сериозно ги надополнува домашните буџети на припадниците на Армијата како и можноста за отпремнина на професионалните војници по навршување на 45-тата година старост во висина од 20.000 до 25.000 евра. Вложувањето во одбраната е вложување во безбедноста на граѓаните и националната безбедност. Како премиер, поставив јасна цел нашата Армија да ја направиме уште поефикасна и поквалитетна, да го подигнеме нивото на одбранбена способност и да го подигнеме нејзиниот меѓународен углед. Ги зголемивме средствата за опремување и модернизација на Армијата, издвојувајќи 33% од одбранбениот буџет. Годинава буџетот за одбраната е 1,85% од БДП и е поголем од буџетот за 2022 година за 24,45 проценти. Со ова покажавме дека ги почитуваме обврските и стандардите кои заедно со сојузниците ги дефиниравме на последниот НАТО Самит. Продолжуваме со динамиката на зголемување, а во 2024 година ќе го реализираме она што го презедовме како обврска, издвојувањето за одбраната да изнесува 2% од БДП. Воедно, на последниот Самит на Алијансата, донесовме и одлука да ги усвоиме новите регионални планови за колективна одбрана и брз одговор на заканите преку копно, вода и воздух. Ова е генерациска трансформација што долгорочно ќе го зајакне НАТО, а со тоа и нашата одбрана и Армијата како таква. Прашањето за глобална безбедност, безбедноста на европскиот континент е едно од капиталните прашања за денешницата, независно дали станува збор за конвенционални или хибридни закани. Да се биде припадник на Армијата на Македонија, бара посветеност, знаење и подготвеност. Благодарение на вашата одговорна работа и исполнување на задачите на највисоко професионално ниво, ја стекнавте огромната поддршка и доверба од граѓаните. Во бројни специфични ситуации како големите пожари, поплави, епидемијата, Армијата беше тука и за цивилното население и за помош на локалните самоуправи. Како држава покажавме дека системот на домашната безбедност е активен и ефикасен и влијанијата на овие кризи беа сведени на минимум. Нашата Армија даде огромен придонес и во помош за време на природните катастрофи од кои беа погодени нашите партнерски земји, земјотресите во Турција, поплавите во Словенија. Граѓаните ја гледаат оваа пожртвуваност. Затоа Армијата ужива највисока доверба кај граѓаните. Силната поврзаност и меѓусебната доверба, почитта кон Армијата на Македонија од граѓаните кои живеат во оваа земја нѐ охрабрува, но ни дава и задача во иднина како Влада да направиме се Армијата да го има сето она што и е потребно за да продолжи силно да се развива. Државата е пред сè и над сè. За да имаме силна, суверена, безбедна држава за нас и нашите поколенија, мора да останеме цврсти и посветени на вложувањето во секој општествен сегмент во државата, вклучувајќи ја и одбраната. Интеграцијата во европските структури е во врвот на приоритетите. Пред нас е остварување на уште една стратешка цел-членство во Европската Унија. Како премиер, поставив јасни цели и мерки и со одлучноста што ја имаме, а Владата предводена од СДСМ заедно со коалиционите партнери, секогаш ја покажувала, ќе продолжиме да носиме храбри одлуки. Никој нема право да бега од одлуки и обврски за остварување на демократска, социјално праведна и економски силна Македонија. Да, знам, сите ние сме свесни дека нашата држава има тежок пат, споредено со која било друга членка на Европската Унија или НАТО. Но, безбедниот и квалитетен живот на нацијата, на поединецот во Македонија е нашиот фокус. Нема ништо поважно од тоа ние политичарите да бидеме посветени, да се вложуваме и работиме за доброто на нашите граѓани. Во фокусот да ни биде подобро утре, а не политичките кариери. Денес е денот кога доаѓа крајот на лагата и денес ќе се види кој е за ЕУ, а кој е за блокирање на патот на државата во ЕУ. Додека јас сум премиер, Владата ќе работи на интеграција на државата во ЕУ затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Со државништво и дипломатски вештини низ годините создадовме соживот, добрососедство, меѓународен имиџ. Денес е време да создадеме европска иднина! Да живее Европска Македонија! Да живее македонската Армија!“

The post Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот и безбедноста во Македонија appeared first on Република.

]]>
Барала 3.000 евра поткуп од кандидат пријавен на оглас: Приведена припадничка на Армијата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/barala-3-000-evra-potkup-od-kandidat-prijaven-na-oglas-privedena-pripadnichka-na-armijata/ Sat, 20 May 2023 09:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=642937

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство, привеле припадничка на Армијата поради вршење на кривично дело поткуп.

Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

The post Барала 3.000 евра поткуп од кандидат пријавен на оглас: Приведена припадничка на Армијата appeared first on Република.

]]>

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство, привеле припадничка на Армијата поради вршење на кривично дело поткуп.
Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3.000 евра за да биде примен. Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници. Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

The post Барала 3.000 евра поткуп од кандидат пријавен на оглас: Приведена припадничка на Армијата appeared first on Република.

]]>
Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва https://republika.mk/vesti/svet/sinot-na-pretsedatelot-na-uganda-narekuvajte-me-putinist-ke-ispratime-armija-da-ja-brani-moskva/ Thu, 06 Apr 2023 08:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=627817

Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба, рече дека ќе испрати војници да ја бранат Москва во случај на „империјалистичка“ закана.

„Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш и се закануваат. Западот си го губи времето со бескорисна проукраинска пропаганда“, напиша на Твитер синот на претседателот, жесток поддржувач на Владимир Путин.

Сепак, тој го избриша тој твит, според медиумите.

Уганда се воздржа од гласањето на ОН за украинскиот конфликт, вклучително и она во февруари на првата годишнина од руската инвазија на Украина, кога ја повика Москва да ги повлече своите трупи од земјата, пишува African News.

Во јули, за време на турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ Африка, Кајнеругаба, мислејќи на Русија, рече: „Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?“, пренесува медиумот.

The post Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>

Синот на претседателот на Уганда, Мухози Кајнеругаба, рече дека ќе испрати војници да ја бранат Москва во случај на „империјалистичка“ закана. „Наречете ме „путинист“ ако сакате, но Уганда треба да испрати војници да ја бранат Москва доколку империјалистите некогаш и се закануваат. Западот си го губи времето со бескорисна проукраинска пропаганда“, напиша на Твитер синот на претседателот, жесток поддржувач на Владимир Путин. Сепак, тој го избриша тој твит, според медиумите. Уганда се воздржа од гласањето на ОН за украинскиот конфликт, вклучително и она во февруари на првата годишнина од руската инвазија на Украина, кога ја повика Москва да ги повлече своите трупи од земјата, пишува African News. Во јули, за време на турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров низ Африка, Кајнеругаба, мислејќи на Русија, рече: „Како можеме да бидеме против некој што никогаш не нè повредил?“, пренесува медиумот.

The post Синот на претседателот на Уганда: Нарекувајте ме путинист, ќе испратиме армија да ја брани Москва appeared first on Република.

]]>
Војниците ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност за помошта на турскиот народ https://republika.mk/vesti/makedonija/vojnitsite-ke-dobijat-po-ushte-edna-prosechna-plata-pokraj-redovnata-vo-znak-na-blagodarnost-za-pomoshta-na-turskiot-narod/ Mon, 20 Feb 2023 11:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=611023

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се заблагодари на македонската Армија за пожртвуваноста и помошта која ја пружиле на турскиот народ. Кажа дека сите војници ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност.

Одлучивме дека треба да ги испратиме најобучените за справување со ваква тешка задача, извлекување на она што можеше да се спаси. Ви благодариме што го спасивте малиот Сулејман и му дадовте шанса. Одлучивме дополнително и покрај се што правиме, да ве наградиме и со дополнителна исплата на една просечна плата. Знам дека тоа не ви е достигнување и она што го имате во срцата не се купува. И затоа во секоја наредна мисија нѐ правите се поголеми“, кажа Петровска.

Таа им честиташе за напорот кој го вложија.

The post Војниците ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност за помошта на турскиот народ appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се заблагодари на македонската Армија за пожртвуваноста и помошта која ја пружиле на турскиот народ. Кажа дека сите војници ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност.
Одлучивме дека треба да ги испратиме најобучените за справување со ваква тешка задача, извлекување на она што можеше да се спаси. Ви благодариме што го спасивте малиот Сулејман и му дадовте шанса. Одлучивме дополнително и покрај се што правиме, да ве наградиме и со дополнителна исплата на една просечна плата. Знам дека тоа не ви е достигнување и она што го имате во срцата не се купува. И затоа во секоја наредна мисија нѐ правите се поголеми“, кажа Петровска.
Таа им честиташе за напорот кој го вложија.

The post Војниците ќе добијат по уште една просечна плата, покрај редовната, во знак на благодарност за помошта на турскиот народ appeared first on Република.

]]>
Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-vojnata-vo-ukraina-makedonija-gi-ispraka-svoite-sovetski-helikopteri-na-remont-vo-cheshka/ Wed, 15 Feb 2023 10:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=609233

Војната во Украина предизвика повеќето армии во НАТО меѓу кои и АРСМ кои поседуваат авиони но и други летала од советско или руско потекло да се соочуваат со потешкотии за нивно редовно сервисирање но и набавка на резервни делови и ремонти. Главна причина за потешкотиите се секако санкциите кон Русија кои ги прекинаа механизмите за редовна поддршка при набавка на резервни делови и ремонт.

Во тој контекст среде војна во Украина и неможност да се обави ремонт на македонските летала, два хеликоптера Ми-8МТ од руско потекло кои се во редовите на македонската армија поради истек на временскиот ресурс за летање заминуваат на ремонт во чешкиот завод ЛОМ во Прага, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

По долго задоцнување, потпишан е меѓудржавен договор според кој во рок од 13 месеци ќе се вратат во употреба два Ми-8МТ, регистарски броеви 305 и 306, со временски ресурс од осум години. Цената на работите е блиску до шест милиони евра, се додава во текстот.

Порталот наведува дека контроверзното прашање околу ремонтот на тие хеликоптери од 1985 година е набавката на резервни делови кои ги прави само руската авијација и до кои Македонија, како членка на НАТО, не може да пристапи поради војната во Украина.

Во таа конотација некаде пред крајот на минатата година министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија тогаш од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.

Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (Г2Г) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците – информираа во соопштението од МО.

Инаку, Македонија претходно главно се потпираше на украинската поддршка за ремонт, од каде ги набави сите Ми-8 и Ми-17, како и борбените Ми-24В што ги има во својот инвентар. Сега има по два Ми-17, Ми-8МТ и Ми-24В, за кои се вели дека се „во ресурс“ и ќе можат да летаат до средината на оваа деценија, во зависност од времето на завршување на последниот ремонт.

Во исто време, двата Ми-24В ремонтирани во Украина во 2018 година ќе летаат до 2025 година. Двата Ми-17 за македонската воена авијација се набавени во 1994 година од Украина, а се произведени во фабриката во Казан, Русија. И двата беа ремонтирани во Литванија и вратени во март 2017 година и на нив се смета до 2024 година.

Македонски воени ознаки носат четири примероци на Ми-8МТ, од кои три се произведени во 1985 година, а еден во 1986 година. Првично летаа во советската авијација, а во 1992 година, по поделбата на државата и имотот, ѝ припаднаа на Украина. Тие беа испратени во базата „Бондстил“ на Косово како дел од украинскиот контингент во КФОР, а во 2001 година Македонија ги купи од Украина за да ги користи во војната со ОНА.

Според планот за развој на вооружените сили на Македонија за периодот од 2019 до 2028 година, планиран е ремонт на два Ми-8МТ, кои сега ќе се реализира, како и набавка на нови летала. Според тој документ, тоа е програма што треба да биде покрената во 2024 година. Предвидениот буџет е 216 милиони евра, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

The post Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина предизвика повеќето армии во НАТО меѓу кои и АРСМ кои поседуваат авиони но и други летала од советско или руско потекло да се соочуваат со потешкотии за нивно редовно сервисирање но и набавка на резервни делови и ремонти. Главна причина за потешкотиите се секако санкциите кон Русија кои ги прекинаа механизмите за редовна поддршка при набавка на резервни делови и ремонт. Во тој контекст среде војна во Украина и неможност да се обави ремонт на македонските летала, два хеликоптера Ми-8МТ од руско потекло кои се во редовите на македонската армија поради истек на временскиот ресурс за летање заминуваат на ремонт во чешкиот завод ЛОМ во Прага, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“. По долго задоцнување, потпишан е меѓудржавен договор според кој во рок од 13 месеци ќе се вратат во употреба два Ми-8МТ, регистарски броеви 305 и 306, со временски ресурс од осум години. Цената на работите е блиску до шест милиони евра, се додава во текстот. Порталот наведува дека контроверзното прашање околу ремонтот на тие хеликоптери од 1985 година е набавката на резервни делови кои ги прави само руската авијација и до кои Македонија, како членка на НАТО, не може да пристапи поради војната во Украина. Во таа конотација некаде пред крајот на минатата година министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји. Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија тогаш од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци. Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (Г2Г) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците – информираа во соопштението од МО. Инаку, Македонија претходно главно се потпираше на украинската поддршка за ремонт, од каде ги набави сите Ми-8 и Ми-17, како и борбените Ми-24В што ги има во својот инвентар. Сега има по два Ми-17, Ми-8МТ и Ми-24В, за кои се вели дека се „во ресурс“ и ќе можат да летаат до средината на оваа деценија, во зависност од времето на завршување на последниот ремонт. Во исто време, двата Ми-24В ремонтирани во Украина во 2018 година ќе летаат до 2025 година. Двата Ми-17 за македонската воена авијација се набавени во 1994 година од Украина, а се произведени во фабриката во Казан, Русија. И двата беа ремонтирани во Литванија и вратени во март 2017 година и на нив се смета до 2024 година. Македонски воени ознаки носат четири примероци на Ми-8МТ, од кои три се произведени во 1985 година, а еден во 1986 година. Првично летаа во советската авијација, а во 1992 година, по поделбата на државата и имотот, ѝ припаднаа на Украина. Тие беа испратени во базата „Бондстил“ на Косово како дел од украинскиот контингент во КФОР, а во 2001 година Македонија ги купи од Украина за да ги користи во војната со ОНА. Според планот за развој на вооружените сили на Македонија за периодот од 2019 до 2028 година, планиран е ремонт на два Ми-8МТ, кои сега ќе се реализира, како и набавка на нови летала. Според тој документ, тоа е програма што треба да биде покрената во 2024 година. Предвидениот буџет е 216 милиони евра, наведува порталот „Балканска безбедносна мрежа“.

The post Поради војната во Украина, Македонија ги испраќа своите советски хеликоптери на ремонт во Чешка appeared first on Република.

]]>
Ова се припадниците на нашата Армија кои помогнаа во спасувањето на малиот Сулејман https://republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-pripadnitsite-na-nashata-armija-koi-pomognaa-vo-spasuvaneto-na-maliot-sulejman/ Fri, 10 Feb 2023 10:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=607306

Претседателот на државата Стево Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето петгодишното дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш.

Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција, напиша Перндаровски на Фејсбук.

Од Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека македонскиот армиски тим кој е ангажиран во градот Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на петодишно дете од урнатините.

По шестчасовно расчистување на урнатините и дополнителни четири часа тие успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.

 

The post Ова се припадниците на нашата Армија кои помогнаа во спасувањето на малиот Сулејман appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето петгодишното дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш.
Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција, напиша Перндаровски на Фејсбук.
Од Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека македонскиот армиски тим кој е ангажиран во градот Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на петодишно дете од урнатините. По шестчасовно расчистување на урнатините и дополнителни четири часа тие успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.  

The post Ова се припадниците на нашата Армија кои помогнаа во спасувањето на малиот Сулејман appeared first on Република.

]]>