Археолошки музеј Archives - Република https://republika.mk/tema/arheoloshki-muzej/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 14:51:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Археолошки музеј Archives - Република https://republika.mk/tema/arheoloshki-muzej/ 32 32 100 години Археолошкиот музеј стои исправен пред сите предизвици https://republika.mk/vesti/kultura/100-godini-arheoloshkiot-muzej-stoi-ispraven-pred-site-predizvitsi/ Tue, 02 Apr 2024 16:51:47 +0000 https://republika.mk/?p=761353

Вчера се одржа Свечена академија по повод 100 години од основањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

На 1 април 1924 година е формиран првиот Археолошки музеј во Македонија како установа со своја управа, зграда и музејски фонд составен од археолошки предмети пронаоѓани на територијата на Македонија. Во текот на овие 100 години музејот бил именуван со различни називи, зависно од историскитe текови и превирања, но грижата за археолошкото наследство се одвива во континуитет од 1924 година до денес. Во збирките на музејот денес се наоѓаат археолошки предмети кои се донесени во Куршумли ан како прво седиште на Музејот уште во 1924 година и до денес се симбол и синоним за македонската археологија – од најголемиот лапидариум на Балканот, кој сè уште е сместен во Куршумли ан, преку Големата Мајка од локалитетот Тумба Маџари во Скопје, праисториските дами од времето на енеолитот, тетовската Менада, наодите од гробот на пајонската свештеничка од некрополата Лисичин Дол во Исар-Марвинци, хидријата од Демир Капија, богатата скулптурална продукција од античкиот град Стибера, уникатните теракотни икони од Виничко Кале и многу други.

Долгогодишните систематски археолошки ископувања на Археолошкиот музеј ги опфаќаат сите предисториски епохи и сите периоди од човековата историја, од кои може да се издвојат: палеолитскиот локалитет Голема Пешт во с. Здуње, Македонски Брод, неолитскиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, каде што е отворен првиот музеј под отворено небо во Македонија, енеолитската населба кај с. Спанчево, Кочанско, некрополата Димов Гроб кај с. Уланци, Градско, некрополата Мали Дол кај неготинското село Тремник, комплексните ископувања на градот кај с. Марвинци во Валандово, античките градови Антигонеа во Неготино и Гортинија во Гевгелија, ранохристијанските центри кај с. Коњух, Кратово и на Виничко Кале во Виница, доцноантичката населба на Стакина Чешма во Валандово, Кастелот на реката Пчиња, средновековниот град Моробиздон во Кочанско и многу други. Благодарение на овие истражувања, Археолошкиот музеј создаде 18 музејски збирки со илјадници археолошки предмети: од палеолитот (155.000 години пред н.е.) до времето на Отоманската империја (19 век).

Археолошкиот музеј во Скопје како матична музејска установа од полето на археологијата е носителот на сите најзначајни достигнувања во македонската музеологија и има реализирано огромен број изложби во земјата и странство. Стручниот кадар од Музејот со своите знаења и експертиза учествувал во формирањето на многу музејски збирки и установи низ државата. Во последниве години тоа беше крунисано со покренувањето и одржувањето на изложбата „100 години од откривањето на требенишката некропола“ како пример за успешна меѓународна балканска соработка, која веднаш се препозна како успешен пример за здружување на експертите од три балкански земји кои ги промовираат европските културни вредности.

Низ овие 100 години Археолошкиот музеј, како еден од клучните, не само културни, туку и општествени чинители, стоел исправен пред сите предизвици кои ги носеле различните услови и прилики и опстоил во својата мисија да биде поттикнувач на развојот на археологијата и музеологијата и на откривањето, прибирањето, чувањето и презентирањето на нашето богато минато и археолошко наследство.

The post 100 години Археолошкиот музеј стои исправен пред сите предизвици appeared first on Република.

]]>

Вчера се одржа Свечена академија по повод 100 години од основањето на Археолошкиот музеј во Скопје. На 1 април 1924 година е формиран првиот Археолошки музеј во Македонија како установа со своја управа, зграда и музејски фонд составен од археолошки предмети пронаоѓани на територијата на Македонија. Во текот на овие 100 години музејот бил именуван со различни називи, зависно од историскитe текови и превирања, но грижата за археолошкото наследство се одвива во континуитет од 1924 година до денес. Во збирките на музејот денес се наоѓаат археолошки предмети кои се донесени во Куршумли ан како прво седиште на Музејот уште во 1924 година и до денес се симбол и синоним за македонската археологија – од најголемиот лапидариум на Балканот, кој сè уште е сместен во Куршумли ан, преку Големата Мајка од локалитетот Тумба Маџари во Скопје, праисториските дами од времето на енеолитот, тетовската Менада, наодите од гробот на пајонската свештеничка од некрополата Лисичин Дол во Исар-Марвинци, хидријата од Демир Капија, богатата скулптурална продукција од античкиот град Стибера, уникатните теракотни икони од Виничко Кале и многу други. Долгогодишните систематски археолошки ископувања на Археолошкиот музеј ги опфаќаат сите предисториски епохи и сите периоди од човековата историја, од кои може да се издвојат: палеолитскиот локалитет Голема Пешт во с. Здуње, Македонски Брод, неолитскиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, каде што е отворен првиот музеј под отворено небо во Македонија, енеолитската населба кај с. Спанчево, Кочанско, некрополата Димов Гроб кај с. Уланци, Градско, некрополата Мали Дол кај неготинското село Тремник, комплексните ископувања на градот кај с. Марвинци во Валандово, античките градови Антигонеа во Неготино и Гортинија во Гевгелија, ранохристијанските центри кај с. Коњух, Кратово и на Виничко Кале во Виница, доцноантичката населба на Стакина Чешма во Валандово, Кастелот на реката Пчиња, средновековниот град Моробиздон во Кочанско и многу други. Благодарение на овие истражувања, Археолошкиот музеј создаде 18 музејски збирки со илјадници археолошки предмети: од палеолитот (155.000 години пред н.е.) до времето на Отоманската империја (19 век). Археолошкиот музеј во Скопје како матична музејска установа од полето на археологијата е носителот на сите најзначајни достигнувања во македонската музеологија и има реализирано огромен број изложби во земјата и странство. Стручниот кадар од Музејот со своите знаења и експертиза учествувал во формирањето на многу музејски збирки и установи низ државата. Во последниве години тоа беше крунисано со покренувањето и одржувањето на изложбата „100 години од откривањето на требенишката некропола“ како пример за успешна меѓународна балканска соработка, која веднаш се препозна како успешен пример за здружување на експертите од три балкански земји кои ги промовираат европските културни вредности. Низ овие 100 години Археолошкиот музеј, како еден од клучните, не само културни, туку и општествени чинители, стоел исправен пред сите предизвици кои ги носеле различните услови и прилики и опстоил во својата мисија да биде поттикнувач на развојот на археологијата и музеологијата и на откривањето, прибирањето, чувањето и презентирањето на нашето богато минато и археолошко наследство.  

The post 100 години Археолошкиот музеј стои исправен пред сите предизвици appeared first on Република.

]]>
Археолошки музеј осветлен со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата https://republika.mk/zivot/zdravje/arheoloshki-muzej-osvetlen-so-tsrveno-svetlo-po-povod-svetski-den-za-borba-protiv-tuberkulozata/ Mon, 25 Mar 2024 08:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=758406

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) - 24 март, 2024 година.

Секоја година, на 24 март, се одбележува денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата.

[caption id="attachment_758414" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање. Овој ден служи како потсетник за изгубените животи од ТБ, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на ТБ. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без ТБ, велат од Министерството за здравство.

Годинешно мото за денот на борба против туберулозата е „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата”.

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза упатува благодарност до Археолошкиот музеј за вклучување кон ова глобално движење за да го привлечеме вниманието кон важноста за борбата против туберкулозата.

Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено, велат од МЗ.

The post Археолошки музеј осветлен со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата appeared first on Република.

]]>

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) - 24 март, 2024 година. Секоја година, на 24 март, се одбележува денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата. [caption id="attachment_758414" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање. Овој ден служи како потсетник за изгубените животи од ТБ, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на ТБ. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без ТБ, велат од Министерството за здравство.
Годинешно мото за денот на борба против туберулозата е „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата”. Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза упатува благодарност до Археолошкиот музеј за вклучување кон ова глобално движење за да го привлечеме вниманието кон важноста за борбата против туберкулозата.
Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено, велат од МЗ.
 
The post Археолошки музеј осветлен со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата appeared first on Република.

]]>
Изложба на јапонски кукли „Нингјо“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-japonski-kukli-ningjo-po-povod-30-godini-diplomatski-odnosi-so-japonija/ Fri, 01 Mar 2024 08:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=749853

Триесетгодишнина од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Македонија ќе биде одбележана вечер (19 часот) со свеченост во Археолошкиот музеј во Скопје.

Најавени се обраќања на амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по што директорката на музејот, Славица Бабамова, ќе ја отвори изложбата на јапонски кукли „Нингјо“ поддржана од Јапонската фондација.

The post Изложба на јапонски кукли „Нингјо“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија appeared first on Република.

]]>

Триесетгодишнина од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Македонија ќе биде одбележана вечер (19 часот) со свеченост во Археолошкиот музеј во Скопје. Најавени се обраќања на амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по што директорката на музејот, Славица Бабамова, ќе ја отвори изложбата на јапонски кукли „Нингјо“ поддржана од Јапонската фондација.  

The post Изложба на јапонски кукли „Нингјо“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија appeared first on Република.

]]>
Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-srebrena-trakija-vo-arheoloshkiot-muzej/ Mon, 13 Nov 2023 10:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=700997

Во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје утре ќе биде отворена изложбата „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во земјава.

Во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија, изложбата е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија и ќе биде отворена од страна на високи државни претставници од двете држави. Изложбата со свој поздравен говор ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител на изложбата, а свои обраќања ќе имаат и претседателите на македонското и на бугарското Собрание, Талат Џафери и Росен Димитров Жељазков, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов, се наведува во соопштението од соопшти Археолошкиот музеј.

Изложбата „Северна Тракија“, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија и од Министерството за култура на Република Бугарија, покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија.

Изложбата, која го содржи и Тракиското сребро, познато во археолошкиот свет поради својата уникатност и извонредна уметничка изработка, досега била претставена во повеќе музејски центри во Европа и во светот, а поставката, која се изложува во Скопје, претставува најкомплексна и најобемна презентација на наодите кои ја претставуваат тракиската култура и цивилизација.

Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.

The post Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј appeared first on Република.

]]>

Во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје утре ќе биде отворена изложбата „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во земјава.
Во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Македонија и Бугарија, изложбата е резултат на врвната професионална соработка меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија и ќе биде отворена од страна на високи државни претставници од двете држави. Изложбата со свој поздравен говор ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е покровител на изложбата, а свои обраќања ќе имаат и претседателите на македонското и на бугарското Собрание, Талат Џафери и Росен Димитров Жељазков, министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев, како и директорите на двете музејски институции кои се организатори на изложбата, Славица Бабамова и Христо Попов, се наведува во соопштението од соопшти Археолошкиот музеј.
Изложбата „Северна Тракија“, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија и од Министерството за култура на Република Бугарија, покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија. Изложбата, која го содржи и Тракиското сребро, познато во археолошкиот свет поради својата уникатност и извонредна уметничка изработка, досега била претставена во повеќе музејски центри во Европа и во светот, а поставката, која се изложува во Скопје, претставува најкомплексна и најобемна презентација на наодите кои ја претставуваат тракиската култура и цивилизација. Презентацијата на изложбата „Северна Тракија“ во Скопје претставува продолжување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН и Археолошкиот музеј на Република Македонија и се реализира по одличното претставување на изложбата „105 години Требениште“, која неодамна беше отворена во Софија, Бугарија.  

The post Изложба „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј appeared first on Република.

]]>
Е*и се Србија, Македонци ќе ве убиеме“: Смртни закани пред Археолошкиот музеј https://republika.mk/vesti/makedonija/e-i-se-srbija-makedontsi-ke-ve-ubieme-smrtni-zakani-pred-arheoloshkiot-muzej/ Thu, 07 Sep 2023 09:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=679619

Написи со навредлива содржина се испишани пред Археолошкиот музеј. Е.се Србија, Македонци ќе ве убиеме“. „Косово, Албанија“ е испишано пред мостот кој е вандализиран со антимакедонски пораки.

Ова е центарот на градот ко „врие“ со камери и на полицијата сигурно нема да им треба долго време да ги открие сторителите.

The post Е*и се Србија, Македонци ќе ве убиеме“: Смртни закани пред Археолошкиот музеј appeared first on Република.

]]>

Написи со навредлива содржина се испишани пред Археолошкиот музеј. Е.се Србија, Македонци ќе ве убиеме“. „Косово, Албанија“ е испишано пред мостот кој е вандализиран со антимакедонски пораки. Ова е центарот на градот ко „врие“ со камери и на полицијата сигурно нема да им треба долго време да ги открие сторителите.    

The post Е*и се Србија, Македонци ќе ве убиеме“: Смртни закани пред Археолошкиот музеј appeared first on Република.

]]>
Најнови археолошки истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино https://republika.mk/vesti/makedonija/najnovi-arheoloshki-istrazhuvana-na-lokalitetot-mali-dol-selo-tremnik-kaj-negotino/ Thu, 15 Jun 2023 13:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=651745

Најновите, годинешниве археолошки истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино, се одвиваат во две фази, информираа денеска од Националната установа Археолошки музеј. На фејсбук страната на установата, беше потсетено дека некрополите на Мали Дол во село Тремник, Неготино, се откриени во 2009 година.

Археолошкиот музејво соработка со Музеј на град Неготино, систематски истражува повеќе од една декада на простор од околу 500 квадратни метри и досега се откриени 92 погребувања кои припаѓаат на два хоризонта, што имаат различен оптег на дисперзија во просторот во различни временски периоди. Постар хоризонт, односно некропола која егзистирала во доцното бронзено време и раното железно време и помлад хоризонт, односно некропола од средниот век (13-11век). Локалитетот се протега на околу три хектари, а истражувањата се одвиваат на лозјата во сопственост на Пео и Коле Колев, соопштија од Музејот.

Оттаму додадоа дека локалитетот во континуитет претрпува мали оштетувања поради континуираната земјоделска активност на просторот кој се истражува и истражувањата во целост имаат заштитетен карактер. Во 2021 година беа направени снимања со георадар на просторот кој не е истражен, со што веќе е одредена динамиката со приоритет на истражувањата.

Првенствено, се наведува дека улогата на овие ископувања е да се заштити некрополата од нејзино оштетување со земјоделските активности на просторот, а потоа и да се одреди нејзиниот карактер, да се дефинира изгледот, големината, да се утврди нејзината позиција во однос на соседните локалитети (на пример населбинските остатоци на локалитетот Чаир Рид) и поставеност во просторот, односно да се одреди целосно просторот на нејзиното протегање.

Овогодинешните истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино се изведуваат во две фази.  Првата фаза беа истражувања на простор од околу 20 квадратни метри во периодот од 20 мај до 10 јуни, кога беа откриени осум погребувања и тоа две погребувања во урни и една јама од периодот на крајот на доцното бронзено време и две цисти и три јами од средновековниот период. Во втората фаза која ќе се одвива во периодот од јули до октомври 2023 година, ќе се обработува движниот археолошки материјал и ќе се изведуваат радиокарбон и антрополошки анализи на материјалот. Целта на овие истражувања е да се утврди дали постојат разлики кај покојниците во однос на нивниот социјален статус, преку гробните форми и позицијата на гробовите во рамки на некрополата, да се утврди густината и распоредот на гробовите на овој дел на некрополата, како и да се направат радиокарбон анализи за утврдување на староста на скелетните покојници - инхумации и да се направи антрополошка анализа на новооткриените погребувања, појаснија од Музејот.

Во овогодинешната кампања учествуваа д-р Александра Папазовска – раководител на проектот, м-р Александра Чевреска, Никола Хаџи Николов, Гордана Младеновска, Илија Бошковски, Стојанче Атанасов, Костадинка Филипова - археолози и д-р Фаница Велјановска – антрополог.

Проектот се одвива како дел од годишната програма за работа на Археолошкиот музеј за 2023 година, поддржан од Министерството за култура. 

Фото: Археолошки музеј 

The post Најнови археолошки истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино appeared first on Република.

]]>

Најновите, годинешниве археолошки истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино, се одвиваат во две фази, информираа денеска од Националната установа Археолошки музеј. На фејсбук страната на установата, беше потсетено дека некрополите на Мали Дол во село Тремник, Неготино, се откриени во 2009 година.
Археолошкиот музејво соработка со Музеј на град Неготино, систематски истражува повеќе од една декада на простор од околу 500 квадратни метри и досега се откриени 92 погребувања кои припаѓаат на два хоризонта, што имаат различен оптег на дисперзија во просторот во различни временски периоди. Постар хоризонт, односно некропола која егзистирала во доцното бронзено време и раното железно време и помлад хоризонт, односно некропола од средниот век (13-11век). Локалитетот се протега на околу три хектари, а истражувањата се одвиваат на лозјата во сопственост на Пео и Коле Колев, соопштија од Музејот.
Оттаму додадоа дека локалитетот во континуитет претрпува мали оштетувања поради континуираната земјоделска активност на просторот кој се истражува и истражувањата во целост имаат заштитетен карактер. Во 2021 година беа направени снимања со георадар на просторот кој не е истражен, со што веќе е одредена динамиката со приоритет на истражувањата. Првенствено, се наведува дека улогата на овие ископувања е да се заштити некрополата од нејзино оштетување со земјоделските активности на просторот, а потоа и да се одреди нејзиниот карактер, да се дефинира изгледот, големината, да се утврди нејзината позиција во однос на соседните локалитети (на пример населбинските остатоци на локалитетот Чаир Рид) и поставеност во просторот, односно да се одреди целосно просторот на нејзиното протегање.
Овогодинешните истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино се изведуваат во две фази.  Првата фаза беа истражувања на простор од околу 20 квадратни метри во периодот од 20 мај до 10 јуни, кога беа откриени осум погребувања и тоа две погребувања во урни и една јама од периодот на крајот на доцното бронзено време и две цисти и три јами од средновековниот период. Во втората фаза која ќе се одвива во периодот од јули до октомври 2023 година, ќе се обработува движниот археолошки материјал и ќе се изведуваат радиокарбон и антрополошки анализи на материјалот. Целта на овие истражувања е да се утврди дали постојат разлики кај покојниците во однос на нивниот социјален статус, преку гробните форми и позицијата на гробовите во рамки на некрополата, да се утврди густината и распоредот на гробовите на овој дел на некрополата, како и да се направат радиокарбон анализи за утврдување на староста на скелетните покојници - инхумации и да се направи антрополошка анализа на новооткриените погребувања, појаснија од Музејот.
Во овогодинешната кампања учествуваа д-р Александра Папазовска – раководител на проектот, м-р Александра Чевреска, Никола Хаџи Николов, Гордана Младеновска, Илија Бошковски, Стојанче Атанасов, Костадинка Филипова - археолози и д-р Фаница Велјановска – антрополог. Проектот се одвива како дел од годишната програма за работа на Археолошкиот музеј за 2023 година, поддржан од Министерството за култура.  Фото: Археолошки музеј 

The post Најнови археолошки истражувања на локалитетот Мали Дол, село Тремник кај Неготино appeared first on Република.

]]>
Отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион” https://republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozhbata-praistorijata-vo-strumichko-radovishkiot-region/ Thu, 09 Mar 2023 19:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=617879

Во организација на Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј во Скопје денеска беше отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”.

Како што соопшти Археолошкиот музеј, на изложбата се претставени дел од археолошки предмети кои потекнуваат од неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време – крајот на седмиот милениум п.н.е. до средината на првиот милениум п.н.е.

Изложените предмети се од локалитетите Орниче во село Костурино, Канли Чаир во село Дамјан, Страната и Чаушов Камен во село Ангелци, Бојковци и Тополничка Река село Дамјан, Голема Трпеза во село Старо Коњарево, Цареви Кули во Струмица, Чешмеџик во Радовиш, Манастир во село Габревци, Падарница во секо Водоча, Штучка Река во село Штука и Скоруш Чешма во село Костурино.

Изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион” е отворена за посетители до крајот на април.

The post Отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион” appeared first on Република.

]]>

Во организација на Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј во Скопје денеска беше отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”. Како што соопшти Археолошкиот музеј, на изложбата се претставени дел од археолошки предмети кои потекнуваат од неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време – крајот на седмиот милениум п.н.е. до средината на првиот милениум п.н.е. Изложените предмети се од локалитетите Орниче во село Костурино, Канли Чаир во село Дамјан, Страната и Чаушов Камен во село Ангелци, Бојковци и Тополничка Река село Дамјан, Голема Трпеза во село Старо Коњарево, Цареви Кули во Струмица, Чешмеџик во Радовиш, Манастир во село Габревци, Падарница во секо Водоча, Штучка Река во село Штука и Скоруш Чешма во село Костурино. Изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион” е отворена за посетители до крајот на април.  

The post Отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион” appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј не ги заслужува доделените сретства, зарем одбележува 100 години!? https://republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-arheoloshkiot-muzej-ne-gi-zasluzhuva-dodelenite-sretstva-zarem-odbelezhuva-100-godini/ Tue, 21 Feb 2023 08:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=611354

ПОДДРШКА ЗА МИНИСТЕРКАТА! АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ НЕ ГИ

ЗАСЛУЖУВА ДОДЕЛЕНИТЕ СРЕДСТВА!

Зарем Археолошкиот музеј на „Република Македонија“ одбележува 100 години!?

Со цел наменско трошење на и онака тенкиот буџет во културата, во знак на искрена поддршка на заложбите на министерката д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска за „економична“ и „балансирана“ распределба, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ му укажува на Министерството за „култура“ дека треба да бидат повлечени 400 000 денари за одбележување на т.н. „Јубилеј 100 години Археолошки музеј“ поради непостоечкиот јубилеј.
Не е на одмет да ви дадеме уште неколку од бројните бесплатни поуки.
Археолошкиот музеј на Македонија како посебен правен субјект во 2023 година ќе одбележи јубилеј од скромни 11 години постоење, и тоа благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која во 2012 година реализираше еден ваков огромен подвиг. Гарнитурата на СДС(М), денес ставена во сервилна улога како подизведувач на агендите на нивните газди од ДУИ, како и отаде границата на исток, Бугарија, се познати по неоснованата храброст да прекројуваат и ревидираат историски факти. Преку т.н. историски комисии навикнати се да лажираат избори, анкети, скрининзи и европски преговори, а овојпат преку нивните неспособни менаџери во културата продолжија со замена на тези, одобрувајќи речиси половина милион денари за настан кој ќе биде прославен како јубилеј кој не соодвестува со историските факти.
Како појаснување за јавноста да знае, а и да ја потсетиме научната фела и „стручната комисија“ која ги додели средствата:
1) во 1920 година е основана археолошка збирка која функционира во рамките на Филозофскиот факултет; 2) истата збирка 1924 година започнува да функционира како Историско-археолошки музеј со лапидариум (Музеј на Вардарска Бановина/Музеј на Јужна Србија) во Куршумли ан; 3) за време на II светска војна го добива името Народен музеј, сместен исто така во Куршумли ан; 4) во 1949 год. го добива името Археолошки музеј на Македонија, сместен во зградата на касарната на Скопското Кале, каде по Скопскот земјотрес не постои; 5) во 1976 год. е пуштена во употреба градбата Музеј на Македонија, каде што во 1982 година археологијата почнува да функционира како оддел.
Штом не знаете да ви појасниме! Во 2012 год. за првпат во историјата е основан нов правен субјект, НУ Археолошки музеј на Македонија - Скопје, како нова матична установа од областа на археологијата, чие име го сменивте преку ноќ за никој да не ве види, кој во 2014 година, за првпат доби негов простор во самиот центар на Скопје, повторно благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тогаш, за каков јубилеј 100 години Археолошки музеј станува збор? Како сте тргнале, кутриот, нема да почека ни полнолетство, а истите вие го уништувате и однадвор и однатре. Археолошкиот музеј на Македонија наместо паметник за милениусмкото цивилизациско постоење на Македонија, Владата на ДУИ и СДС(М) целосно и во континуитет го запустува, го запоставува, го цензурира, а вие се фотографирате само меѓу празните витрини.
Колку за споредба и заради бележење на институционалната меморија, кога истиот музеј во 2019 година одбележуваше т.н. јубилеј 95 години Археолошки музеј, во ретроспективниот видеозапис беше изземен посебниот правен субјект Археолошки музеј на Македонија, регистриран 2012, а отворен 2014 година, од втората директорка по ред во режимот на СДС(М), д-р Славица Бабамова. Истовремено, „100-годишниот јубилеј“ годинава би се одбележал со отстранетата постојана нумизматичка збирка од вашиот прв режимски директор, Горан Санев, на чие место ќе гостува изложбата од Бугарија под наслов „Сребрена Тракија“.
И ако 1 април 1924 година е датумот на втемелувањето на музејската дејност во Македонија, како што стои на веб-страница од Археолошкиот музеј на Македонија, јубилејот е 2024, а не 2023 година. Исто така, во официјална информација не е наведено постоењето на музејот од 2014 година. Ако веќе се одбележува јубилеј, треба да се одбележува 100 години археолошки инситуционален истражувачки континуитет во Македонија, а редно би било да го признаете историскиот успех и востановувањето на посебниот правен субјект специјализиран за археологијата од 2012 година – Археолошкиот музеј на Македонија. Патем, во јубилејот никаде не стои именката - Македонија, а клучното нагласување на 100-те години, всушност, е потиснување на успехот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека во нејзинот мандат за првпат се изгради и се отвори самостоен Археолошки музеј на Македонија!
Годинава СДС(М) може да слави само: 9 години Археолошки музеј на Македонија и 2 години од нивниот Археолошки музеј на „Република Македонија“ со нивните заслуги: 1) растурање на постојаната поставка и 2) внесување на додавката „северна“.
Колку завидливост кон бисерот на македонската археологија! Но празни души, празен музеј, велат од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј не ги заслужува доделените сретства, зарем одбележува 100 години!? appeared first on Република.

Во Археолошкиот музеј изложба на фотографии за Архео Парк Бразда https://republika.mk/vesti/kultura/vo-arheoloshkiot-muzej-izlozhba-na-fotografii-za-arheo-park-brazda/ Fri, 27 Jan 2023 10:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=601591

Во просториите на НУ Археолошки музеј на Република Македонија е отворена изложбата под наслов „Владетелска гробница во село Бразда – 35 години од откривањето и 10 години од отворањето на Архео Парк Бразда“, во организација на Здружението на граѓани Институт за археолошки истражувања – Скопје.

Како што наведува Музејот, целта е да се промовира еден уникатен археолошки локалитет преку најдобрите фотографии изработени изминатите неколку декади.

На изложбата се претставени професионални фотографии кои се изработени од периодот на откривањето на ова културно наследство преку археолошките истражувања кои следувале, а се заокружуваат со фотографии од периодот на подготовката на архео-паркот и самиот парк.

-Археолошките истражувања со кои е откриено ова монументално здание се одвивале во 1986 и 1987 година, а Архео Паркот е отворен во 2013 година, така што 2022 година ја заокруживме со одбележувањето на 35-годишнината од откривањето на гробницата. Во 2023 почнуваме со обележување на 10-годишнината од отворањето на Архео Парк Бразда. Со оваа изложба сакаме да ја доближиме археологијата до нашата публика и едноставно да ја зголемиме понудата на културни настани во Скопје. Се надеваме дека изложбата ќе разбуди голем интерес и дека дел од посетителите ќе ги испровоцираме да го посетат и самиот археолошки локалитет Градиште во село Бразда, изјави претседателот на Здружението, Радомир Ивановиќ.

Влезот за изложбата е бесплатен и може да се посети во просториите на НУ Археолошки музеј до 28 февруари секој ден, од 10 до 18 часот, освен понеделник.

The post Во Археолошкиот музеј изложба на фотографии за Архео Парк Бразда appeared first on Република.

]]>

Во просториите на НУ Археолошки музеј на Република Македонија е отворена изложбата под наслов „Владетелска гробница во село Бразда – 35 години од откривањето и 10 години од отворањето на Архео Парк Бразда“, во организација на Здружението на граѓани Институт за археолошки истражувања – Скопје. Како што наведува Музејот, целта е да се промовира еден уникатен археолошки локалитет преку најдобрите фотографии изработени изминатите неколку декади. На изложбата се претставени професионални фотографии кои се изработени од периодот на откривањето на ова културно наследство преку археолошките истражувања кои следувале, а се заокружуваат со фотографии од периодот на подготовката на архео-паркот и самиот парк.
-Археолошките истражувања со кои е откриено ова монументално здание се одвивале во 1986 и 1987 година, а Архео Паркот е отворен во 2013 година, така што 2022 година ја заокруживме со одбележувањето на 35-годишнината од откривањето на гробницата. Во 2023 почнуваме со обележување на 10-годишнината од отворањето на Архео Парк Бразда. Со оваа изложба сакаме да ја доближиме археологијата до нашата публика и едноставно да ја зголемиме понудата на културни настани во Скопје. Се надеваме дека изложбата ќе разбуди голем интерес и дека дел од посетителите ќе ги испровоцираме да го посетат и самиот археолошки локалитет Градиште во село Бразда, изјави претседателот на Здружението, Радомир Ивановиќ.
Влезот за изложбата е бесплатен и може да се посети во просториите на НУ Археолошки музеј до 28 февруари секој ден, од 10 до 18 часот, освен понеделник.  

The post Во Археолошкиот музеј изложба на фотографии за Архео Парк Бразда appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Факти и прашања до министерката Костадинова Стојчевска – Зошто Археолошкиот музеј целосно и стратешки се уништува? https://republika.mk/vesti/kultura/vmro-dpmne-fakti-i-prashanja-do-ministerkata-kostadinova-stojchevska-zoshto-arheoloshkiot-muzej-celosno-i-strateshki-se-unishtuva/ Sat, 05 Nov 2022 09:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=569815

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ јавно се обраќа до министерката за култура, Бисера Костадинова-Стојчевска со прашање зошто Археолошкиот музеј целосно и стратешки се уништува.

Реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваме во целост.

А СЕГА ДА ЗБОРУВАМЕ СО ФАКТИ!

По посетата на Археолошкиот музеј на Македонија, министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска, изјавува дека оваа културна институција постигнала и постигнува завидни резултати во своите дејности. Поттикнати од оваа констатација, ја потсетуваме министерката на некои непобитни факти и воедно ѝ поставуваме неколку прашања и се надеваме дека тие ќе бидат одговорени.

1. Археолошкиот музеј на Македонија е музејот кој вие како власт и раководство целосно го уништивте и цензуриравте.

Оваа институција, која порано беше на самиот врв на музејското работење во Македонија и претставуваше вистински репрезент на македонското културно наследство во државата и надвор од неа, факт потврден со бројните активности во минатото, денес е претворена во полупразна зграда која е потполно нефункционална, валкана и хаотична.

Од институција која во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја посетуваа над 28 000 посетители годишно, денес ја посетуваат едвај 5000, и тоа претежно ученици преку нивните задолжителни екскурзии и по некој заскитан странец. Организираните странски групи намерно го заобиколуваат, иако поминуваат пред самиот влез на Музејот.

Но ако сепак влезат внатре, тие ќе видат дека од трите музејски ката, кат и половина се целосно празни. Поточно, по Преспанскиот договор, нумизматичката збирка и целиот антички период се целосно отстранети, попрецизно, цензурирани.

Затоа, министерката не се фотографира на празните кат и половина! Не се пофали министерката со некој сувенир од Музејот, затоа што сувенирницата е празна. Тие што сакаат да купат сувенири не можат да го сторат тоа, затоа што со тоа се презентира Македонија и нејзиното културното наследство од кое власта јавно се срами! Понижувачки е фактот што во Музејот повеќето тоалети не се во функција, а тие што се отворени се во очајна состојба.

2. По одржаниот состанок, министерката е импресионирана од „завидните“ резултати на институцијата, од соработката со други установи, од „истражувањата“ и од издавачката дејност… Вистинска енигма се резултати од истражувањата што ги наведува министерката затоа што во изминатите години тие се целосно непознати за јавноста, а, од друга страна, тие се обврзни според законските прописи.

Но, затоа „завидни“ се само скандалите по кој е познат музејот. Како пример може да се наведе „завидното“ украсување на статуите од римско време со дедомразовски капчиња Јавноста беше згрозена на ваквата постапка и со право жестоко реагираше.

Нема никакви резултати, туку низ годините се финансираат исти проекти од „подобни археолози“ кои не носат резултати, освен за лицата кои ги раководат. За ова во иднина, некој ќе мора да одговара.

3. Дали министерката дознала зошто Исар-Марвинци не се истражува со години, па е оставен на немилост на дивите копачи? Апсењето на Украинци кои копале на локалитетот со детектори среде бел ден е неминовен доказ дека власта крева раце од значајните археолошки локалитети. Дали поради немањето резултати во последните години се прекина со годишната изложба и презентацијата на археолошките наоди, како што тоа беше практика во времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ?

Посебно е срамно задоволството на министерката од издавачката дејност на Музејот. Во последните години Музејот издава само една книга и ништо повеќе. Но затоа Музејот има добиено пари за повеќе издавачки проекти.

4. Задоволството на министерката може да е и искрено, но само ако се гордее со неработата и неуспехот на Музејот. Веројатно министерката е презадоволна што Музејот отвора повремена изложба со фотографии од златниот антички наод од Тремник, додека оригиналните предмети тргнати од музејските витрини лежат во депото на Музејот.

Затоа бараме од министерката јавно да одговори: што сработува Археолошкиот музеј на Македонија во последните пет години и какви резултати има? Каде и како се претставува Музејот, по доаѓањето на СДСМ на власт? Колку нови наоди и локалитети се истражуваат овој период и кои се резултатите од тие истражувања? Каде и како се промовира македонското културно наследство?

Стратешкото уништување на оваа врвна институција, Археолошкиот Музеј на Македонија, во чии витрини, до не така одамна, беше претставено репрезентативно светско културно наследство бара одговорност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Факти и прашања до министерката Костадинова Стојчевска – Зошто Археолошкиот музеј целосно и стратешки се уништува? appeared first on Република.

]]>

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ јавно се обраќа до министерката за култура, Бисера Костадинова-Стојчевска со прашање зошто Археолошкиот музеј целосно и стратешки се уништува. Реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваме во целост.
А СЕГА ДА ЗБОРУВАМЕ СО ФАКТИ!   По посетата на Археолошкиот музеј на Македонија, министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска, изјавува дека оваа културна институција постигнала и постигнува завидни резултати во своите дејности. Поттикнати од оваа констатација, ја потсетуваме министерката на некои непобитни факти и воедно ѝ поставуваме неколку прашања и се надеваме дека тие ќе бидат одговорени.   1. Археолошкиот музеј на Македонија е музејот кој вие како власт и раководство целосно го уништивте и цензуриравте.   Оваа институција, која порано беше на самиот врв на музејското работење во Македонија и претставуваше вистински репрезент на македонското културно наследство во државата и надвор од неа, факт потврден со бројните активности во минатото, денес е претворена во полупразна зграда која е потполно нефункционална, валкана и хаотична.   Од институција која во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја посетуваа над 28 000 посетители годишно, денес ја посетуваат едвај 5000, и тоа претежно ученици преку нивните задолжителни екскурзии и по некој заскитан странец. Организираните странски групи намерно го заобиколуваат, иако поминуваат пред самиот влез на Музејот.   Но ако сепак влезат внатре, тие ќе видат дека од трите музејски ката, кат и половина се целосно празни. Поточно, по Преспанскиот договор, нумизматичката збирка и целиот антички период се целосно отстранети, попрецизно, цензурирани.   Затоа, министерката не се фотографира на празните кат и половина! Не се пофали министерката со некој сувенир од Музејот, затоа што сувенирницата е празна. Тие што сакаат да купат сувенири не можат да го сторат тоа, затоа што со тоа се презентира Македонија и нејзиното културното наследство од кое власта јавно се срами! Понижувачки е фактот што во Музејот повеќето тоалети не се во функција, а тие што се отворени се во очајна состојба.   2. По одржаниот состанок, министерката е импресионирана од „завидните“ резултати на институцијата, од соработката со други установи, од „истражувањата“ и од издавачката дејност… Вистинска енигма се резултати од истражувањата што ги наведува министерката затоа што во изминатите години тие се целосно непознати за јавноста, а, од друга страна, тие се обврзни според законските прописи.   Но, затоа „завидни“ се само скандалите по кој е познат музејот. Како пример може да се наведе „завидното“ украсување на статуите од римско време со дедомразовски капчиња Јавноста беше згрозена на ваквата постапка и со право жестоко реагираше.   Нема никакви резултати, туку низ годините се финансираат исти проекти од „подобни археолози“ кои не носат резултати, освен за лицата кои ги раководат. За ова во иднина, некој ќе мора да одговара.   3. Дали министерката дознала зошто Исар-Марвинци не се истражува со години, па е оставен на немилост на дивите копачи? Апсењето на Украинци кои копале на локалитетот со детектори среде бел ден е неминовен доказ дека власта крева раце од значајните археолошки локалитети. Дали поради немањето резултати во последните години се прекина со годишната изложба и презентацијата на археолошките наоди, како што тоа беше практика во времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ?   Посебно е срамно задоволството на министерката од издавачката дејност на Музејот. Во последните години Музејот издава само една книга и ништо повеќе. Но затоа Музејот има добиено пари за повеќе издавачки проекти.   4. Задоволството на министерката може да е и искрено, но само ако се гордее со неработата и неуспехот на Музејот. Веројатно министерката е презадоволна што Музејот отвора повремена изложба со фотографии од златниот антички наод од Тремник, додека оригиналните предмети тргнати од музејските витрини лежат во депото на Музејот.   Затоа бараме од министерката јавно да одговори: што сработува Археолошкиот музеј на Македонија во последните пет години и какви резултати има? Каде и како се претставува Музејот, по доаѓањето на СДСМ на власт? Колку нови наоди и локалитети се истражуваат овој период и кои се резултатите од тие истражувања? Каде и како се промовира македонското културно наследство?   Стратешкото уништување на оваа врвна институција, Археолошкиот Музеј на Македонија, во чии витрини, до не така одамна, беше претставено репрезентативно светско културно наследство бара одговорност.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Факти и прашања до министерката Костадинова Стојчевска – Зошто Археолошкиот музеј целосно и стратешки се уништува? appeared first on Република.

]]>
Златниот антички наод од Тремник до 13 август е изложен во Археолошки музеј https://republika.mk/vesti/kultura/zlatniot-antichki-naod-od-tremnik-do-13-avgust-e-izlozen-vo-arheoloshki-muzej/ Tue, 14 Jun 2022 08:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=514824

Од денеска до 13 август, златниот антички наод од неготинското село Тремник е изложен во Археолошки музеј, информираше директорката на Музеј на град Неготино, Драгица Чекоровска.

Директорката соопшти дека на свеченото отварање, освен таа, обраќање имала и в.д.директорката на Националната установа Археолошки музеј, д-р Славица Бабамова.

Изложени се 30 фотографии со димензии од 100 на 70 сантиметри, изработени на форекс, на кои е претставен златниот наод пронајден 2008 година, на археолошкиот локалитет “Орманков гроб“ во Тремник. Накитот датира од 4-3 век пред наша ера. На фотографиите се претставени повеќе златни предмети. Вупната тежина на овие предмети изнесува околу еден килограм, со 22 проценти каратно злато, појасни Чекоровска за МИА.

The post Златниот антички наод од Тремник до 13 август е изложен во Археолошки музеј appeared first on Република.