апанажа Archives - Република https://republika.mk/tema/apanaza/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 10:43:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апанажа Archives - Република https://republika.mk/tema/apanaza/ 32 32 Апанажа и за замениците министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски https://republika.mk/vesti/makedonija/apanazha-i-za-zamenitsite-ministri-huseini-bajdevski-bushi-i-nikoloski/ Tue, 13 Aug 2024 10:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=806112

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги одобри барањата на Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и на Филип Николоски, поранешен заменик-министер за финансии да добиваат апанажа по престанокот на работниот однос.

Исто така, членовите на Комисијата на изборите и именувањата на денешната седница го утврдија и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими.

Комисијата денеска ја донесе одлуката за определување на надоместок на закупнина на стан за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова. Комисијата исто така, го донесе и решението за остварување на отпремнина при заминување во пензија за поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ.

На седницата денеска членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации. Ова беше додадено како точка на дневен ред на седницата на предлог на пратеничката Ели Панова.

Образложувајќи ја предлог точката на дневниот ред, Панова посочи дека при самиот избор на членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации биле избрани кадри кои не ги исполнуваа условите предвидени во членот 16 од Законот за електронски комуникации, а подвлече и дека имало континуирано прекршување на Законот за електронски комуникации.

Според Законот, членовите треба да имаат најмалку пет години соодветно работно искуство и посебни знаења од областа на електронските комуникации. Токму на оваа Комисија ние предупредувавме и зборувавме дека не може некој кој што не ги исполнува условите да стане член на оваа Комисија. Ова е многу важен услов, бидејќи станува збор за Комисија која што е стручно насочена во својата работа и во исто време има огромни овластувања кои се од значење за работењето на Агенцијата. Четири од вкупно пет членови на Комисијата не го исполнуваат условот од членот 16, додаде Панова.

Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Управен одбор на Агенција за регулирање на железничкиот сектор, која се најде на дневен ред на предлог на пратеникот Јован Јаулески.

Како причина за разрешување, Јаулески ја наведе повредата на одредбите и прописите донесени врз основа на Законот при вршење на функцијата.

Актуелниот состав на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор е предложен од претходниот парламентарен состав кој водеше сметка само за надоместокот кој што овие членови треба да го примат на месечно ниво, а не според способноста и ангажманот што истите требаше да ги вложат за да ја подобрат катастрофалната состојба во железничкиот сектор. За жал, со актуелниот состав ни одалеку не се остварени целите и надлежности кои Законот ги предвидува, рече Јаулески.

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски посочи дека потпишал решение за престанок на апанажа на Јетон Незири, поранешен член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка за работен однос од втор степен, затоа што е именуван за директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје.

Право да остварува плата и по престанување на функција му беше утврдено со решение на Комисијата за прашања на изборите и именувањата истото да го остварува заклучно со 18 октомври 2024 година. Јетон Незири е именуван за вршител на должност директор на Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје, сметано од 8 август. Со решението му се утврдува престанок на остварување на право на апанажа заклучно со 7 август оваа година.

Членовите на Комисијата на седницата денеска ја утврдија и предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.

The post Апанажа и за замениците министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски appeared first on Република.

]]>

Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги одобри барањата на Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и на Филип Николоски, поранешен заменик-министер за финансии да добиваат апанажа по престанокот на работниот однос. Исто така, членовите на Комисијата на изборите и именувањата на денешната седница го утврдија и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата заменик на генералниот секретар на Собранието на Мики Милковски и Неџбедин Ибраими. Комисијата денеска ја донесе одлуката за определување на надоместок на закупнина на стан за пратеничките Лидија Петковска и Ангелина Петкова. Комисијата исто така, го донесе и решението за остварување на отпремнина при заминување во пензија за поранешниот пратеник Мирослав Јовановиќ. На седницата денеска членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации. Ова беше додадено како точка на дневен ред на седницата на предлог на пратеничката Ели Панова. Образложувајќи ја предлог точката на дневниот ред, Панова посочи дека при самиот избор на членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации биле избрани кадри кои не ги исполнуваа условите предвидени во членот 16 од Законот за електронски комуникации, а подвлече и дека имало континуирано прекршување на Законот за електронски комуникации.
Според Законот, членовите треба да имаат најмалку пет години соодветно работно искуство и посебни знаења од областа на електронските комуникации. Токму на оваа Комисија ние предупредувавме и зборувавме дека не може некој кој што не ги исполнува условите да стане член на оваа Комисија. Ова е многу важен услов, бидејќи станува збор за Комисија која што е стручно насочена во својата работа и во исто време има огромни овластувања кои се од значење за работењето на Агенцијата. Четири од вкупно пет членови на Комисијата не го исполнуваат условот од членот 16, додаде Панова.
Членовите на Комисија за прашања на изборите и именувањата ја утврдија и одлуката за разрешување членови на Управен одбор на Агенција за регулирање на железничкиот сектор, која се најде на дневен ред на предлог на пратеникот Јован Јаулески. Како причина за разрешување, Јаулески ја наведе повредата на одредбите и прописите донесени врз основа на Законот при вршење на функцијата.
Актуелниот состав на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор е предложен од претходниот парламентарен состав кој водеше сметка само за надоместокот кој што овие членови треба да го примат на месечно ниво, а не според способноста и ангажманот што истите требаше да ги вложат за да ја подобрат катастрофалната состојба во железничкиот сектор. За жал, со актуелниот состав ни одалеку не се остварени целите и надлежности кои Законот ги предвидува, рече Јаулески.
Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓија Сајкоски посочи дека потпишал решение за престанок на апанажа на Јетон Незири, поранешен член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка за работен однос од втор степен, затоа што е именуван за директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје. Право да остварува плата и по престанување на функција му беше утврдено со решение на Комисијата за прашања на изборите и именувањата истото да го остварува заклучно со 18 октомври 2024 година. Јетон Незири е именуван за вршител на должност директор на Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ на Скопје, сметано од 8 август. Со решението му се утврдува престанок на остварување на право на апанажа заклучно со 7 август оваа година. Членовите на Комисијата на седницата денеска ја утврдија и предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“.

The post Апанажа и за замениците министри Хусеини, Бајдевски, Буши и Николоски appeared first on Република.

]]>
По околу 2000 евра апанажа за Бесими, Бектеши и Лога https://republika.mk/vesti/makedonija/po-okolu-2000-evra-apanazha-za-besimi-bekteshi-i-loga/ Fri, 19 Jul 2024 15:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=798526

Поранешните министри за финансии, за економија и за правда – Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога – се новите ексфункционери кои ќе користат апанажа. Бесими и Бектеши една година ќе земаат по околу 2.000 евра плата, додека Лога ќе зема буџетски пари девет месеци, бидејќи има помал министерски стаж од колегите. Комисијата за избори и именувања денеска ги одобри овие барања за апанажи за поранешните министри, пренесува Слободен печат.

Претходно, апанажа беше одобрена и за ексвицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за образование Јетон Шаќири, а Комисијата позитивно одговори и на барањата на 36 поранешни пратеници.

The post По околу 2000 евра апанажа за Бесими, Бектеши и Лога appeared first on Република.

]]>

Поранешните министри за финансии, за економија и за правда – Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога – се новите ексфункционери кои ќе користат апанажа. Бесими и Бектеши една година ќе земаат по околу 2.000 евра плата, додека Лога ќе зема буџетски пари девет месеци, бидејќи има помал министерски стаж од колегите. Комисијата за избори и именувања денеска ги одобри овие барања за апанажи за поранешните министри, пренесува Слободен печат. Претходно, апанажа беше одобрена и за ексвицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министерот за образование Јетон Шаќири, а Комисијата позитивно одговори и на барањата на 36 поранешни пратеници.

The post По околу 2000 евра апанажа за Бесими, Бектеши и Лога appeared first on Република.

]]>
Груби професор на факултет, Османи на Клиника, Грковска и Шукова на старите работни места, Шаќири и Маричиќ побарале апанажа https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-profesor-na-fakultet-osmani-na-klinika-grkovska-i-shukova-na-starite-rabotni-mesta-shakiri-i-marichik-pobarale-apanazha/ Thu, 04 Jul 2024 09:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=793344

Најблискиот соработник на Ахмети, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби нема да бара апанажа и се враќа назад на своето старо работно место - Тетовскиот универзитет каде предава на факултетот за новинарство.

На клиника, поточна на дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи додека неговите колеги од ДУИ, Бесими и Бектеши засега не се одлучиле дали ќе побараат апанажа. На исто мислење е и поранешниот министер Кренар Лога додека Азир Алиу вели дека ќе се врати во приватниот информатички сектор,

Досега само Јетон Шаќири побарал апанажа од причини како што вели тој на министерското место дошол од позицијата директор на „Водовод“ – Струга, бидејќи директорската функција не може да се стави во мирување, Шаќири вели дека нема старо работно место и затоа побарал апанажа.

Од поранешните функционери во Владата на Ковачевски апанажа побарал само Бојан Маричиќ кој вели дека останал без работа откако си дал отказ од работното место пред да влезе во Владата.

Ексвицепремиерката за добро владеење Славица Грковска веќе се вратила на старото работно место во МВР , како и ексминистерката за животна средина Каја Шукова.

The post Груби професор на факултет, Османи на Клиника, Грковска и Шукова на старите работни места, Шаќири и Маричиќ побарале апанажа appeared first on Република.

]]>

Најблискиот соработник на Ахмети, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби нема да бара апанажа и се враќа назад на своето старо работно место - Тетовскиот универзитет каде предава на факултетот за новинарство. На клиника, поточна на дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи додека неговите колеги од ДУИ, Бесими и Бектеши засега не се одлучиле дали ќе побараат апанажа. На исто мислење е и поранешниот министер Кренар Лога додека Азир Алиу вели дека ќе се врати во приватниот информатички сектор, Досега само Јетон Шаќири побарал апанажа од причини како што вели тој на министерското место дошол од позицијата директор на „Водовод“ – Струга, бидејќи директорската функција не може да се стави во мирување, Шаќири вели дека нема старо работно место и затоа побарал апанажа. Од поранешните функционери во Владата на Ковачевски апанажа побарал само Бојан Маричиќ кој вели дека останал без работа откако си дал отказ од работното место пред да влезе во Владата. Ексвицепремиерката за добро владеење Славица Грковска веќе се вратила на старото работно место во МВР , како и ексминистерката за животна средина Каја Шукова.

The post Груби професор на факултет, Османи на Клиника, Грковска и Шукова на старите работни места, Шаќири и Маричиќ побарале апанажа appeared first on Република.

]]>
И од сѐ ова, не се откажаа само од апанажата https://republika.mk/tvitovi/i-od-s-ova-ne-se-otkazhaa-samo-od-apanazhata/ Wed, 05 Jun 2024 08:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=784839

https://republika.mk/vesti/makedonija/29-pratenitsi-od-stariot-sostav-ke-zhiveat-na-smetka-na-drzhavata/

The post И од сѐ ова, не се откажаа само од апанажата appeared first on Република.

]]>

https://republika.mk/vesti/makedonija/29-pratenitsi-od-stariot-sostav-ke-zhiveat-na-smetka-na-drzhavata/  

The post И од сѐ ова, не се откажаа само од апанажата appeared first on Република.

]]>
29 пратеници од стариот состав ќе живеат на сметка на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/29-pratenitsi-od-stariot-sostav-ke-zhiveat-na-smetka-na-drzhavata/ Tue, 04 Jun 2024 13:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=784707

На 29 пратеници од минатиот состав денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа.

Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски.

Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.

Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.

The post 29 пратеници од стариот состав ќе живеат на сметка на државата appeared first on Република.

]]>

На 29 пратеници од минатиот состав денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски. Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата. Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.

The post 29 пратеници од стариот состав ќе живеат на сметка на државата appeared first on Република.

]]>
29 пратеници од минатиот состав бараат апанажа https://republika.mk/vesti/makedonija/29-pratenitsi-od-minatiot-sostav-baraat-apanazha/ Tue, 04 Jun 2024 11:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=784629

29 пратеници од минатиот состав бараат апанажа, да седат дома и да земаат плата од државата, пишува ТВ21.

Во продолжение погледнете го списокот за кои пратеници станува збор.

The post 29 пратеници од минатиот состав бараат апанажа appeared first on Република.

]]>

29 пратеници од минатиот состав бараат апанажа, да седат дома и да земаат плата од државата, пишува ТВ21. Во продолжение погледнете го списокот за кои пратеници станува збор.

The post 29 пратеници од минатиот состав бараат апанажа appeared first on Република.

]]>
Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад, но 600.000 граѓани едвај преживуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-vo-zaminuvane-povtorno-udri-po-graganite-kovachevski-so-2500-evra-apanazha-ne-chuvstvuva-glad-no-600-000-gragani-edvaj-prezhivuvaat/ Sat, 23 Mar 2024 08:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=757675

Владата на СДС и ДУИ во заминување повторно удира по џебот на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За 1500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари.

За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати.

Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ.

Димитар Ковачевски со апанажа од 2500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари.

Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните.

Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата.

СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени.

Важно е да ги поразиме.

Време е за промени!, стои во соопштението на партијата.

The post Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад, но 600.000 граѓани едвај преживуваат appeared first on Република.

]]>

Владата на СДС и ДУИ во заминување повторно удира по џебот на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. За 1500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари. За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати. Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ. Димитар Ковачевски со апанажа од 2500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари. Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните. Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата. СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени. Важно е да ги поразиме. Време е за промени!, стои во соопштението на партијата.  

The post Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад, но 600.000 граѓани едвај преживуваат appeared first on Република.

]]>
Откако му се зголеми платата и си „лапна“ апанажа, сега Ковачевски ќе бара да нема пораст на функционерските плати https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-mu-se-zgolemi-platata-i-si-lapna-apanazha-sega-kovachevski-ke-bara-da-nema-porast-na-funktsionerskite-plati/ Fri, 23 Feb 2024 13:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=747434

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на функционерите со цел платите на овие лица да не пораснат, најави денеска лидерот на партијата Димитар Ковачевски.

Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани лица нема да пораснат - изјави Ковачевски при денешната посета на Тетово.

Минатата година во март со одлука на Уставниот суд со која се укина член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, се одмрзнаа платите на избраните и именуваните лица и беа зголемени за 78 проценти.

По реакциите на јавноста, Владата формираше работна група која требаше да изнајде решение. Владините претставници тогаш посочуваа дека се потребни измени на седум законски решенија.

The post Откако му се зголеми платата и си „лапна“ апанажа, сега Ковачевски ќе бара да нема пораст на функционерските плати appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на функционерите со цел платите на овие лица да не пораснат, најави денеска лидерот на партијата Димитар Ковачевски.
Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани лица нема да пораснат - изјави Ковачевски при денешната посета на Тетово.
Минатата година во март со одлука на Уставниот суд со која се укина член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, се одмрзнаа платите на избраните и именуваните лица и беа зголемени за 78 проценти. По реакциите на јавноста, Владата формираше работна група која требаше да изнајде решение. Владините претставници тогаш посочуваа дека се потребни измени на седум законски решенија.

The post Откако му се зголеми платата и си „лапна“ апанажа, сега Ковачевски ќе бара да нема пораст на функционерските плати appeared first on Република.

]]>
Како и за зголемувањето од 78% на платите, така и апанажата Ковачевски не може да ја одбие оти била законска https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-i-za-zgolemuvaneto-od-78-na-platite-taka-i-apanazhata-kovachevski-ne-mozhe-da-ja-odbie-oti-bila-zakonska/ Fri, 23 Feb 2024 12:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=747428

Прашањето на апанажата е нешто што не може да се коментира, тоа е законско решение, вели претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mesechno-ke-ni-zemaat-po-2-500-evra-kovachevski-i-spasovski-si-pobaraa-apanazha-iako-dadoa-ostavki/

Јас бев претседател на Владата во исклучително тешко време и својата функција ја обавував согласно законите на Република Cеверна Македонија, согласно Законот за влада и согласно Законот за избори и поднесов оставка, така што сите одлуки коишто се носени после тоа во однос на примањата на функционерите кои обавувале такви функции се направени согласно законот, согласно со одлуки на Собранието. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите и токму како резултат на такви закони коишто се почитуваат имаме зголемување и на минималната плата за огромен процент повеќе во однос на 2016/2017 година и имаме зголемување на просечната плата. Така што, тоа е нешто што не може да се коментира, тоа е нешто што е законско решение, вели Ковачевски на новинарско прашање во врска со барањето за апанажа, по посетата на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ во Желино.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-namaluvaat-platite-na-funktsionerite-kazha-premierot/

Додава дека иако бил обвинуван дека имал свои компании и фирми, нешто што опозицијата постојано го истакнувала, со апанажата се потврдило дека тоа било лага и дека ниту има свои компании, ниту свои бизниси.

Ковачевски посочи и дека не е точно дека со поднесување на оставка или со разрешување, според одлука на Уставен суд не следува апанажа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-vo-chovek-shto-raboti-bez-plata-ne-veruvam-za-platite-na-funktsionerite-treba-reshenie-so-fer-vrednuvane-na-rabotata-na-sekogo-smeta-kovachevski/

Оставката е заради исполнување на законската обврска мандатот да престане на 100 дена пред одржување на изборите и согласно со тоа завршува мандатот. Така што кој и да бил претседател на владата неговиот мандат завршува на 100 дена пред изборите согласно со законската регулатива – Закон за влада и Закон за избори, потенцира Ковачевски.

Во однос на можноста за укинување на апанажата, тој смета дека тоа треба да се види во Парламентот, но и дека треба да следува апанажа доколку некој извршувал општествена функција или која било друга функција.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-nedela-dve-vladata-ke-ima-reshenie-za-visokite-funktsionerski-plati/

Јас сметам дека доколку некој извршувал општествена функција или која било друга функција тогаш треба да следува апанажа да може да искористи одреден временски период за својата кариера да ја насочи кон нешто друго. Ако го прашате директорот на една приватна компанија, кога работите и во приватни компании на именувани функции, тогаш исто така следуваат такви договорни обврски во коишто се дава одреден период за да може кариерата да се насочи во друга насока. Така што не би сакал да давам популистички изјави дека нешто не треба да се прави бидејќи таа се однесува на многу избрани и менувани функционери. На пример, има луѓе коишто седат четири години во Парламент и кои после тоа треба, ако не се веќе во Парламент да направат трансфер на својата кариера во некоја друга област, објаснува претседателот на СДСМ Ковачевски

The post Како и за зголемувањето од 78% на платите, така и апанажата Ковачевски не може да ја одбие оти била законска appeared first on Република.

]]>

Прашањето на апанажата е нешто што не може да се коментира, тоа е законско решение, вели претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски. https://republika.mk/vesti/makedonija/mesechno-ke-ni-zemaat-po-2-500-evra-kovachevski-i-spasovski-si-pobaraa-apanazha-iako-dadoa-ostavki/
Јас бев претседател на Владата во исклучително тешко време и својата функција ја обавував согласно законите на Република Cеверна Македонија, согласно Законот за влада и согласно Законот за избори и поднесов оставка, така што сите одлуки коишто се носени после тоа во однос на примањата на функционерите кои обавувале такви функции се направени согласно законот, согласно со одлуки на Собранието. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите и токму како резултат на такви закони коишто се почитуваат имаме зголемување и на минималната плата за огромен процент повеќе во однос на 2016/2017 година и имаме зголемување на просечната плата. Така што, тоа е нешто што не може да се коментира, тоа е нешто што е законско решение, вели Ковачевски на новинарско прашање во врска со барањето за апанажа, по посетата на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ во Желино.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-namaluvaat-platite-na-funktsionerite-kazha-premierot/ Додава дека иако бил обвинуван дека имал свои компании и фирми, нешто што опозицијата постојано го истакнувала, со апанажата се потврдило дека тоа било лага и дека ниту има свои компании, ниту свои бизниси. Ковачевски посочи и дека не е точно дека со поднесување на оставка или со разрешување, според одлука на Уставен суд не следува апанажа. https://republika.mk/vesti/makedonija/jas-vo-chovek-shto-raboti-bez-plata-ne-veruvam-za-platite-na-funktsionerite-treba-reshenie-so-fer-vrednuvane-na-rabotata-na-sekogo-smeta-kovachevski/
Оставката е заради исполнување на законската обврска мандатот да престане на 100 дена пред одржување на изборите и согласно со тоа завршува мандатот. Така што кој и да бил претседател на владата неговиот мандат завршува на 100 дена пред изборите согласно со законската регулатива – Закон за влада и Закон за избори, потенцира Ковачевски.
Во однос на можноста за укинување на апанажата, тој смета дека тоа треба да се види во Парламентот, но и дека треба да следува апанажа доколку некој извршувал општествена функција или која било друга функција. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-nedela-dve-vladata-ke-ima-reshenie-za-visokite-funktsionerski-plati/
Јас сметам дека доколку некој извршувал општествена функција или која било друга функција тогаш треба да следува апанажа да може да искористи одреден временски период за својата кариера да ја насочи кон нешто друго. Ако го прашате директорот на една приватна компанија, кога работите и во приватни компании на именувани функции, тогаш исто така следуваат такви договорни обврски во коишто се дава одреден период за да може кариерата да се насочи во друга насока. Така што не би сакал да давам популистички изјави дека нешто не треба да се прави бидејќи таа се однесува на многу избрани и менувани функционери. На пример, има луѓе коишто седат четири години во Парламент и кои после тоа треба, ако не се веќе во Парламент да направат трансфер на својата кариера во некоја друга област, објаснува претседателот на СДСМ Ковачевски

The post Како и за зголемувањето од 78% на платите, така и апанажата Ковачевски не може да ја одбие оти била законска appeared first on Република.

]]>
Месечно ќе ни земаат по 2.500 евра: Ковачевски и Спасовски си побараа апанажа, иако дадоа оставки https://republika.mk/vesti/makedonija/mesechno-ke-ni-zemaat-po-2-500-evra-kovachevski-i-spasovski-si-pobaraa-apanazha-iako-dadoa-ostavki/ Thu, 22 Feb 2024 10:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=746934

Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, ги усвои, односно ги прифати барањата од поранешниот премиер Димитар Ковачевски и од поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да добијат апанажа. Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно, пренесува „Плусинфо“.

Единствено пратеници од СДСМ биле присутни во салата, а со седум гласа „за“ и без никаква дискусија биле усвоени решенијата.

Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски кому функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата. И поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукција, рече претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и ги стави предлозите на гласање.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација, пишува порталот.

Овој член на Законот, инаку, веќе е укинат.

Ковачевски самиот си поднесе оставка, за на негово место да дојде Талат Џафери и да ја води техничката Влада.

The post Месечно ќе ни земаат по 2.500 евра: Ковачевски и Спасовски си побараа апанажа, иако дадоа оставки appeared first on Република.

]]>

Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, ги усвои, односно ги прифати барањата од поранешниот премиер Димитар Ковачевски и од поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да добијат апанажа. Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно, пренесува „Плусинфо“. Единствено пратеници од СДСМ биле присутни во салата, а со седум гласа „за“ и без никаква дискусија биле усвоени решенијата.
Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски кому функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата. И поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукција, рече претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и ги стави предлозите на гласање.
Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила. Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација, пишува порталот. Овој член на Законот, инаку, веќе е укинат. Ковачевски самиот си поднесе оставка, за на негово место да дојде Талат Џафери и да ја води техничката Влада.

The post Месечно ќе ни земаат по 2.500 евра: Ковачевски и Спасовски си побараа апанажа, иако дадоа оставки appeared first on Република.

]]>
Koвачевски и Спасовски ќе „лапаат“ по 2500 евра месечно апанажа https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-spasovski-ke-lapaat-po-2500-evra-mesechno-apanazha/ Thu, 22 Feb 2024 10:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=746929

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по околу 2.500 евра. Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на Ковачевски и на Спасовски за апанажа.

Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила

The post Koвачевски и Спасовски ќе „лапаат“ по 2500 евра месечно апанажа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по околу 2.500 евра. Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на Ковачевски и на Спасовски за апанажа. Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила

The post Koвачевски и Спасовски ќе „лапаат“ по 2500 евра месечно апанажа appeared first on Република.

]]>
Зајкова: Не само апанажата, треба да се укинат и паушалите кои достигнуваат четири просечни плати https://republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-ne-samo-apanazhata-treba-da-se-ukinat-i-paushalite-koi-dostignuvaat-chetiri-prosechni-plati/ Fri, 10 Mar 2023 10:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=618054

Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во гостувањето на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите кои ќе поднесат оставка.

Кога го отвораме прашањето за апанажата како бенефиција, треба да ги отвориме и другите прашања, а тоа е колку во институциите има управни и надзорни одбори каде што членуваат луѓе кои што согласно законите “земаат” до 4 просечни плати, отприлика околу 150 до 200 илјади денари паушал за само едно појавување на седница на Управен одбор, додаде таа.

Зајкова посочи дека имаме низа на агенции, тела кој што јавноста воопшто не ги познава, а земаат огромни примања.

Уставниот суд минатата недела го укина членот 22 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функционери, односно се губи правото на „Апанажа“.

 Оттаму објаснија дека укинувањето на членот 22 значи дека пратениците, функционерите и раководните работници кои поднеле оставки или се разрешени од должноста пред истекот на времето за кои се избрани, именувани или назначени нема да ги имаат сите права како останатите вработени, вклучувајќи го и правото на надоместокот, популарно наречен „Апанажа“.

The post Зајкова: Не само апанажата, треба да се укинат и паушалите кои достигнуваат четири просечни плати appeared first on Република.

Парите ќе ги донирал: Само Нуредини побарал апанажа https://republika.mk/vesti/makedonija/parite-ke-gi-doniral-samo-nuredini-pobaral-apanazha/ Mon, 06 Mar 2023 13:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=616448

Поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е еднинствениот ексфункционер кој до денеска побарал апанажа. Претседателката на собраниската Комисија за избори и именувања Марија Георгиевска потврди за „Слободен печат“ дека е стасано само едно барање за апанажа и тоа од Нуредини. Ексминистерот за „Слободен печат“ вели дека парите од апанажата ќе ги донира на добротворна организација.

Побарав апанажа, но парите кои ми следуваат ќе ги донирам на добротворна организација, бидејќи за жал во Македонија има многу на кои им треба помош. По оставката од министерската функција се уште не сум одлучил каде ќе го продолжам мојот професионален ангажман. Сега извесен период ќе се посветам на семејството, изјави Нуредини за весникот.

На ексминистерот му следува да прима една година апанажа, бидејќи функцијата ја извршува од 2019 година.

The post Парите ќе ги донирал: Само Нуредини побарал апанажа appeared first on Република.

Нема апанажа за функционерите што се разрешени или поднеле оставка, пресече Уставниот суд https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-apanazha-za-funktsionerite-shto-se-razresheni-ili-podnele-ostavka-preseche-ustavniot-sud/ Wed, 01 Mar 2023 12:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=614706

Функционерите кои ќе бидат разрешени или ќе поднесат оставка од функцијата пред да им истече мандатот повеќе ќе немаат право на паричен надомест, односно апанажа кој им следуваше во период од три до 12 месеци во зависност од тоа колку време биле на функција.

Уставниот суд денеска едногласно oдлучи да го укине членот 22 од Законот за плати и други надоместоци на избрани и на именувани функционери.

Ова нема да се однесува на неодамна разрешените министри и заменици министри, бидејќи одлуката на Судот е укинувачка, а не поништувачка.

По укинувањето на членот 22 од Законот, кој го оспори адвокатот од Струга Глигорие Ќатовски, таа одредба повеќе нема да биде во правниот поредок.

Уставен суд смета дека таа одредба не е во согласност со владеењето на правото и дека тој член нема уставна оправданост.

Судот го зема предвид фактот дека до остaвка или разрешувањето доаѓа заради некаков вид одговорност поврзана со вршењето на доверената функција. Според судот, оставката или разрешувањето и добивањето на паричниот надомест се неспоиви и затоа е укината оваа одредба.

The post Нема апанажа за функционерите што се разрешени или поднеле оставка, пресече Уставниот суд appeared first on Република.

]]>

Функционерите кои ќе бидат разрешени или ќе поднесат оставка од функцијата пред да им истече мандатот повеќе ќе немаат право на паричен надомест, односно апанажа кој им следуваше во период од три до 12 месеци во зависност од тоа колку време биле на функција. Уставниот суд денеска едногласно oдлучи да го укине членот 22 од Законот за плати и други надоместоци на избрани и на именувани функционери. Ова нема да се однесува на неодамна разрешените министри и заменици министри, бидејќи одлуката на Судот е укинувачка, а не поништувачка. По укинувањето на членот 22 од Законот, кој го оспори адвокатот од Струга Глигорие Ќатовски, таа одредба повеќе нема да биде во правниот поредок. Уставен суд смета дека таа одредба не е во согласност со владеењето на правото и дека тој член нема уставна оправданост. Судот го зема предвид фактот дека до остaвка или разрешувањето доаѓа заради некаков вид одговорност поврзана со вршењето на доверената функција. Според судот, оставката или разрешувањето и добивањето на паричниот надомест се неспоиви и затоа е укината оваа одредба.

The post Нема апанажа за функционерите што се разрешени или поднеле оставка, пресече Уставниот суд appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд ќе расправа за апанажата на функционерите и за функцијата на Артан Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-ke-rasprava-za-apanazhata-na-funktsionerite-i-za-funktsijata-na-artan-grubi/ Wed, 01 Mar 2023 09:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=614527

По предлог на адвокат од Струга Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува дали функционерите кои предвреме биле разрешени од функцијата имаат право на апанажата. Уставниот суд денеска ќе одлучи и дали ќе отвори предмет преку кој ќе разгледува дали функцијата на Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите е во согласност со Уставот.

Уставниот суд денеска ќе пресече дали апанажата што ја земаат функционерите а на кои им престанала функцијата пред времето за која биле избрани е во согласност со Уставот на Република Македонија.

На 7 декември 2022 година, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот, најавуваат од Уставниот суд.

Судот претходно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на другите оспорени членови од овој закон.

А по иницијатива на партијата Левица, Уставниот суд денеска ќе одлучи и дали ќе отвори предмет преку кој ќе разгледува дали функцијата на Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите е во согласност со Уставот.

Од Левица велат дека ваквата функција на Груби е противуставна и затоа со иницијативата спори делови од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата.

Подносителот на иницијативата наведува дека Уставот предвидува дека организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон, а таков посебен закон е Законот за Владата, кој, според наводите во иницијативата дозволува претседателот на Владата од редот на министрите да именува свои заменици, но не дозволува рангирање на „вицепремиерите” од типот „прв”, „втор”, „трет” и слично”, соопштија од Уставниот суд во најавата за денешната седница.

На дневен ред на судот денеска е и иницијативата за оценување на уставноста за дел од Законот за Судски совет.

Уставниот суд со Решение од 28 април 2021 година поведе постапка за оценка на уставноста на член 8 став 3 во делот: „кои се избрани од страна на Собранието” од Законот за Судски совет, поради тоа што основано се постави прашањето за несогласност на наведената законска одредба со Уставот, наведуваат од Уставниот суд.

The post Уставниот суд ќе расправа за апанажата на функционерите и за функцијата на Артан Груби appeared first on Република.

]]>

По предлог на адвокат од Струга Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува дали функционерите кои предвреме биле разрешени од функцијата имаат право на апанажата. Уставниот суд денеска ќе одлучи и дали ќе отвори предмет преку кој ќе разгледува дали функцијата на Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите е во согласност со Уставот. Уставниот суд денеска ќе пресече дали апанажата што ја земаат функционерите а на кои им престанала функцијата пред времето за која биле избрани е во согласност со Уставот на Република Македонија.
На 7 декември 2022 година, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот, најавуваат од Уставниот суд.
Судот претходно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на другите оспорени членови од овој закон. А по иницијатива на партијата Левица, Уставниот суд денеска ќе одлучи и дали ќе отвори предмет преку кој ќе разгледува дали функцијата на Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политичките прашања на ресорите е во согласност со Уставот. Од Левица велат дека ваквата функција на Груби е противуставна и затоа со иницијативата спори делови од Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата.
Подносителот на иницијативата наведува дека Уставот предвидува дека организацијата и начинот на работата на Владата се уредува со закон, а таков посебен закон е Законот за Владата, кој, според наводите во иницијативата дозволува претседателот на Владата од редот на министрите да именува свои заменици, но не дозволува рангирање на „вицепремиерите” од типот „прв”, „втор”, „трет” и слично”, соопштија од Уставниот суд во најавата за денешната седница.
На дневен ред на судот денеска е и иницијативата за оценување на уставноста за дел од Законот за Судски совет.
Уставниот суд со Решение од 28 април 2021 година поведе постапка за оценка на уставноста на член 8 став 3 во делот: „кои се избрани од страна на Собранието” од Законот за Судски совет, поради тоа што основано се постави прашањето за несогласност на наведената законска одредба со Уставот, наведуваат од Уставниот суд.

The post Уставниот суд ќе расправа за апанажата на функционерите и за функцијата на Артан Груби appeared first on Република.

]]>
Иницијатива до Уставен: Да се укине апанажата на разрешените и оние кои дале оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/initsijativa-do-ustaven-da-se-ukine-apanazhata-na-razreshenite-i-onie-koi-dale-ostavka/ Sat, 28 Jan 2023 21:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=602076

Уставен суд ќе го преиспитува законот за апанажа на разрешени јавни функционери и оние кои поднеле оставка. Иницијатива за преиспитување и оспорување  на уставноста и законитоста на одредбите од законот за плата и други надоместоци на избрании именувани лица пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга. Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија , но Уставен суд одби.

Принципот на еднаквост пред законот во конкретниот случај е целосно занемарен посочува Ќатоски . За каква еднаквост пред законот може да стане збор кога во еден правен поредок едни (носителите на законодавна и извршна функција) имаат право на исплата на плата и по завршување на нивниот работен ангажман, а други (обичниот работник) такво право немаат.

Нееднаквоста на слободите и правата помеѓу граѓаните во нашата држава од различна општествена положба негативно влијае и на правната сигурност. Правниците сметаат дека на овој начин се прави дискриминација по општествениот статус .

Законот за работни односи предвидува исплата на плата за извршена работа,  а именуваните функционери добиваат исплата на плата по завршување на работен однос.

The post Иницијатива до Уставен: Да се укине апанажата на разрешените и оние кои дале оставка appeared first on Република.

]]>

Уставен суд ќе го преиспитува законот за апанажа на разрешени јавни функционери и оние кои поднеле оставка. Иницијатива за преиспитување и оспорување  на уставноста и законитоста на одредбите од законот за плата и други надоместоци на избрании именувани лица пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга. Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија , но Уставен суд одби. Принципот на еднаквост пред законот во конкретниот случај е целосно занемарен посочува Ќатоски . За каква еднаквост пред законот може да стане збор кога во еден правен поредок едни (носителите на законодавна и извршна функција) имаат право на исплата на плата и по завршување на нивниот работен ангажман, а други (обичниот работник) такво право немаат. Нееднаквоста на слободите и правата помеѓу граѓаните во нашата држава од различна општествена положба негативно влијае и на правната сигурност. Правниците сметаат дека на овој начин се прави дискриминација по општествениот статус . Законот за работни односи предвидува исплата на плата за извршена работа,  а именуваните функционери добиваат исплата на плата по завршување на работен однос.

The post Иницијатива до Уставен: Да се укине апанажата на разрешените и оние кои дале оставка appeared first on Република.

]]>
Ќе се укинува апанажата за избрканите или функционерите кои си дале оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-ukinuva-apanazata-za-izbrkanite-ili-funkcionerite-koi-si-dale-ostavka/ Wed, 07 Dec 2022 16:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=583060

За Уставниот суд е спорнa aпaнажата на функционерите и пратениците кога самите даваат оставки или кога се разрешени, па денеска поведе постапка за членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица кој им го овозможува ова право.

Тоа, велат од Уставниот суд, значи дека Судот е на чекор да го укине правото на функционерите кои иако самите си даваат оставки или се разрешени од функциите поднесуваат барања и си ја земаат платата и до година дена, а не се веќе на функција.

Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот.

Што се однесува до останатите одредби Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите: 19, 20, 21, 23, 24 и 25 од Законот означен во точката 1 од ова решение и одлучи да ја отфрли иницијативата по однос на барањето за оцена на меѓусебната согласност на одредбите означени во точките 1 и 2 од ова решение со членовите: 105, 106 и 113 од Законот за работни односи.

Ваков случај имаше пред четири години кога апанажа побараа членовите на ДИК кои во 2017-та година сами си поднесоа оставки под притисок на јавноста и американскиот амбасадор Џес Бејли кој јавно ги искритикува дека си изгласале бонуси за локалните избори во висина од четири и две дополнителни плати

The post Ќе се укинува апанажата за избрканите или функционерите кои си дале оставка appeared first on Република.

]]>

За Уставниот суд е спорнa aпaнажата на функционерите и пратениците кога самите даваат оставки или кога се разрешени, па денеска поведе постапка за членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица кој им го овозможува ова право. Тоа, велат од Уставниот суд, значи дека Судот е на чекор да го укине правото на функционерите кои иако самите си даваат оставки или се разрешени од функциите поднесуваат барања и си ја земаат платата и до година дена, а не се веќе на функција. Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот. Што се однесува до останатите одредби Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите: 19, 20, 21, 23, 24 и 25 од Законот означен во точката 1 од ова решение и одлучи да ја отфрли иницијативата по однос на барањето за оцена на меѓусебната согласност на одредбите означени во точките 1 и 2 од ова решение со членовите: 105, 106 и 113 од Законот за работни односи. Ваков случај имаше пред четири години кога апанажа побараа членовите на ДИК кои во 2017-та година сами си поднесоа оставки под притисок на јавноста и американскиот амбасадор Џес Бејли кој јавно ги искритикува дека си изгласале бонуси за локалните избори во висина од четири и две дополнителни плати

The post Ќе се укинува апанажата за избрканите или функционерите кои си дале оставка appeared first on Република.

]]>
Левица ќе поднесе предлог закон за укинување на апанажата https://republika.mk/vesti/makedonija/levica-kje-podnese-predlog-zakon-za-ukinuvanje-na-apanazata/ Mon, 24 Jan 2022 11:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=448725

Партијата Левица преку соопштени информира дека ќе поднесат предлог закон за укинување на апанажата.

Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа.

На листата на министри кои што се пријавиле да земаат плата, и покрај тоа што не се на функција, се и Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров, функционери кои по своите анкетни листови располагаат со милионски имот.

Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50% од просечната нето - плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин.

Притоа, за да може работникот да земе надоместок по основ на невработеност, треба да се исполнат уште многу други услови, како на пример: работниот однос да не престанал со отказ од страна на работникот, со спогодба, со отказ од страна на работодавецот поради кршење на работниот ред и дисциплина итн.

Од друга страна, за министрите не се предвидени никакви услови, па така ним им следува 100 % од платата која што ја земале додека биле министри, а за министерување од 24 месеци, законот предвидува можност за земање на апанажа од 12 месеци. Додека пак, едно невработено лице за да земе надоместок по основ на невработеност 24 месеци, потребно е да има работен стаж од 25 години!

Воопшто не изненадува фактот дека ниту еден од овие министри во време на економска, здравствена и енергетска криза не се откажа од оваа привилегија, затоа што истите се и главни генератори и виновници на сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата.

Пратениците на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог - Закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката - со цел укинување на апанажата, стои во соопштението на партијата.

The post Левица ќе поднесе предлог закон за укинување на апанажата appeared first on Република.

]]>

Партијата Левица преку соопштени информира дека ќе поднесат предлог закон за укинување на апанажата. Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа. На листата на министри кои што се пријавиле да земаат плата, и покрај тоа што не се на функција, се и Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров, функционери кои по своите анкетни листови располагаат со милионски имот. Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50% од просечната нето - плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин. Притоа, за да може работникот да земе надоместок по основ на невработеност, треба да се исполнат уште многу други услови, како на пример: работниот однос да не престанал со отказ од страна на работникот, со спогодба, со отказ од страна на работодавецот поради кршење на работниот ред и дисциплина итн. Од друга страна, за министрите не се предвидени никакви услови, па така ним им следува 100 % од платата која што ја земале додека биле министри, а за министерување од 24 месеци, законот предвидува можност за земање на апанажа од 12 месеци. Додека пак, едно невработено лице за да земе надоместок по основ на невработеност 24 месеци, потребно е да има работен стаж од 25 години! Воопшто не изненадува фактот дека ниту еден од овие министри во време на економска, здравствена и енергетска криза не се откажа од оваа привилегија, затоа што истите се и главни генератори и виновници на сиромаштијата, криминалот и класната раслоеност која владее денес во државата. Пратениците на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог - Закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката - со цел укинување на апанажата, стои во соопштението на партијата.

The post Левица ќе поднесе предлог закон за укинување на апанажата appeared first on Република.

]]>
И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа https://republika.mk/vesti/makedonija/i-carovska-i-shekerinska-podnele-baranje-za-apanaza/ Fri, 21 Jan 2022 14:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=447821

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба.

Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција.

Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани.

Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

The post И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба. Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција. Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани. Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.  

The post И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа appeared first on Република.

]]>
Димитров побарал апанажа: Живеам од плата, не сум од тие што имаат бизниси https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-pobaral-apanaza-ziveam-od-plata-ne-sum-od-tie-shto-imaat-biznisi/ Thu, 20 Jan 2022 13:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=447170

Од министрите и замениците министри кои не станаа дел од владата на Ковачевски тројца побарале апанажа, еден вицепремиер, еден министер и еден заменик.

Според А1он, станува збор за екс вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, потоа Аријанит Хоџа кој беше министер за земјоделие, и Седат Сулејмани кој беше заменик министер за култура. Тие во наредните 9 месеци ќе треба да земаат апанажа.

Димитров изјавил дека пред да влезе во владата откажал ангажман во меѓународен институт во Париз и дека живее од плата.

Не сум од тие кои покрај работата имаат бизниси. Додека не се организирам ќе користам апанажа, изјавил Димитров за А1он.

Апанажа нема да зема и поранешната министерка за култура Ирена Стефоска која се вратила на академската кариера, а познато е дека Венко Филипче ќе се врати на клиника, додека претходно беше објавено дека Зоран Заев ќе работи во семејните фирми.

The post Димитров побарал апанажа: Живеам од плата, не сум од тие што имаат бизниси appeared first on Република.

]]>

Од министрите и замениците министри кои не станаа дел од владата на Ковачевски тројца побарале апанажа, еден вицепремиер, еден министер и еден заменик. Според А1он, станува збор за екс вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, потоа Аријанит Хоџа кој беше министер за земјоделие, и Седат Сулејмани кој беше заменик министер за култура. Тие во наредните 9 месеци ќе треба да земаат апанажа. Димитров изјавил дека пред да влезе во владата откажал ангажман во меѓународен институт во Париз и дека живее од плата.