На својот претпоследен состанок за доделувањето на наградата за најдобар превод „Драги“ жири комисијата во состав д-р Јана Михајловска, д-р Зорица Николовска и Владимир Јанковски одлучи во последниот круг на селекција да влезат пет преведувачи-финалисти со изданија објавени од пет издавачки куќи и преводи направени од четири различни јазици, соопштија од издавачкката куќа „Антолог“ која ја доделува наградата.
Во финалето влегоа: Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на Антолог, 2024 година; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на Бегемот, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на Артконект, 2023 година; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на Илика, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на Паблишер, 2023 година.
Анастасија Ѓурчинова (1963) e eсеистка и преведувачка, a работи и како професорка по Италијанска книжевност на Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. За својата преведувачка дејност двапати ја добила наградата „Златно перо“, доделена од Друштвото на книжевни преведувачи на Македонија, како и Националната награда за преведувачки опус и афирмација на италијанската литература во странство, доделена од Министерството за култура на Република Италија во 2015 година.
Ѓоко Здравески е роден 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Работел како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш, како уредник во издавачките куќи „Бегемот“ и „Темплум“, како библиотекар на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет во Скопје, а како уредник соработувал и со интернет-порталите „Репер“, „Блесок“ и „Окно“. Денес работи како лектор по македонски јазик на ИНАЛКО во Париз.
Екатерина Бабамова е родена во Скопје 1948 година. По завршувањето на основното и средното образование, дипломира на Катедрата за англиски јазик и книжевност со руски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Во 1980 и 1981 година, како добитник на Фулбрајтовата стипендија, престојува на Универзитетот Јужен Илиноис во САД каде се стекнува со степенот Магистер од областа на применетата лингвистика. По нострификацијата на магистерската диплома се вработува како асистент на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. По одбраната на докторската дисертација (1993г.) била избрана за доцент, потоа за вонреден професор и следователно за редовен професор на истата Катедра. Била активна и на полето на преводот: симултан, консекутивен, стручен и книжевен. Во текот на неколкудецениското искуство на полето на книжевниот превод, најтесна соработувала со Греам и Маргарет (Пеги) Рид, со кои изработила и неколку заеднички труда.
Елисавета Поповска е редовен професор по француска и франкофонски книжевности култури на Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Докторира на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на тема од областа на француската книжевност и се стекнува со звањето доктор по филолошки науки. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ работи од 1994 година. Преведува од француски на македонски јазик статии и дела од областа на хуманистичките науки, како и уметничка литература – препеви на поезија и преводи на романи. Два пати ја добива наградата „Божидар Настев“ за најдобар превод на годината.
Ирена Јурчева е родена во 1982 година во Белград. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Во 2017 година ја одбранила својата магистерска теза на тема „Културолошко преведување на „Силмарилион” од Џ.Р.Р. Толкин како предизвик за преведувачот”. Досега има објавено две поетски книги, „Таинства” (2017, Метаноја) и „Огнот наш нестишен” (2022, Современост) и две збирки раскази, „Разнишан свет” (2021, Темплум) и „Белата е најстрашната боја” (2019, Темплум) за која ја добила наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!”. Превела повеќе од петнаесет книги за три издавачки куќи во Македонија. Активно преведува литературa од англиски јазик.
Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“ како и со паричен дел кој изнесува 30.000 денари.
За наградата првично беа номинирани 43 дела на 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, за преводи направени од 18 различни јазици и од сите жанровски категории – романи, раскази, книги за деца, поезија, драма.
Во партнерска соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје соопштувањето и доделувањето на наградите „Драги“ ќе се случи на 2 октомври во 12.30 часот во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со пригодна свеченост во чест на добитниците и номинираните. Настанот ќе се случи во рамки на јубилејното, десетто, издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2024.
Како што беше соопштено претходно во истата прилика ќе се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачот Бенјамин Лангер (Германија) за преводот на безвременскиот роман „Пиреј“ од Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик. Сето ова се случува во годинава кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на авторот. Присуството на добитникот е реализирано во соработка со Германската амбасада, а тој ќе биде и професионален учесник на втората фелоушип програма „Објавувајќи ја Европа“ (2nd Publishing Europe Fellowship).
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.
The post Ѓурчинова, Здравески, Бабамова, Поповска и Јурчева се петте финалисти за наградата „Драги“ appeared first on Република.
]]>The post Ѓурчинова, Здравески, Бабамова, Поповска и Јурчева се петте финалисти за наградата „Драги“ appeared first on Република.
]]>Членовите на жири-комисијата за наградата за најдобар книжевен превод „Драги“ го одржа својот прв работен состанок на 20 август 2024 (вторник) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ и одлучи во вториот круг на селекција да влезат 22 изданија од 14 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 11 различни јазици. Делата што влегуваат во вториот круг се:
1. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити, издание на Антолог, 2024 година;
2. Ана Неверова-Христова и Филип Христов за преводот од руски на „Злосторство и казна“ од Фјодор М. Достоевски, издание на Антолог, 2024 година;
3. Горјан Костовски за преводот од англиски на „Страв од разделба“ од Гевин Бредли, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година (доставено во електронски формат);
4. Дарко Спасов за преводот од словенечки на „Агни“ од Борут Крашевец, издание на Чудна шума, 2023 година;
5. Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на Бегемот, 2024 година;
6. Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на Артконект, 2023 година;
7. Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на Илика, 2024 година;
8. Ели Пујовска за преводот од холандски на „Пена и пепел“ од Јан Јакоб Слауерхоф, издание на Макавеј, 2023 година;
9. Живко Грозданоски за преводот од италијански на „Пред да падне ноќ“ од Силвија Векини, издание на Бата прес, 2023 година;
10. Звонко Димоски за преводот од полски на „За кентаурите“ од Зузана Гинчанка, издание на Ма продукција, 2024 година (доставено во електронски формат);
11. Игор Поповски за преводот од шпански на „Смрт на Андите“ од Марио Варгас Љоса, издание на Полица, 2024 година;
12. Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на Паблишер, 2023 година;
13. Искра Бадева за преводот од норвешки на „Историја на пчелите“ од Маја Лунде, издание на Антолог, 2023 година;
14. Калина Малеска за преводот од англиски на „Мали нешта како овие“ од Клер Киган, издание на Артконект, 2023 година;
15. Катарина Ѓурчевска Атанасовска за преводот од англиски на „Даблинци“ од Џејмс Џојс, издание на Макавеј, 2023 година;
16. Катерина Шекутковска за преводот од германски на „Мачката Елеонора“ од Карен Јес, издание на Илика, 2024 година;
17. Катица Гароска Ацевска за преводот од француски на „Ти си поезија“ од Патрис Павис, издание на Перун артис, 2023 година;
18. Маја Стојаноска-Филдишев за преводот од англиски на „Град во облаците“ од Ентони Дор, издание на Матица македонска, 2024 година;
19. Милан Дамјановски за препевот од англиски на избор песни „Адам Хоровиц“, издание на Струшки вечери на поезијата, 2023 година (доставено во електронски формат);
20. Оливера Павловиќ за преводот од руски на „Градината“ од Марина Степнова, издание на Антолог, 2023 година;
21. Томе Сиљаноски за преводот од англиски на „Белешки на еден стар гад“ од Чарлс Буковски, издание на Бегемот, 2023 година;
22. Филип Димевски за преводот од полски на „Човекот каков е, секој гледа“ од Мажена Матушак, издание на Сказнувалка, 2023 година;
Жири комисијата во состав д-р Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник од семејството на Драги Михајловски), д-р Зорица Николовска (редовен професор на Катедрата за германски јазик и книжевност и преведувач; претставник предложен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“) и Владимир Јанковски (писател и преведувач, претставник предложен од издавачката куќа „Антолог“) истакна дека првичниот избор од 43 наслови е исклучително голем, и во однос на хетерогеноста на авторите и нивните преведувачки зафати, како и во пристапот кон преводот. Членовите дадоа позитивен поглед во однос на уредувањето на самите дела од технички и книжевен аспект, а и во однос на лектурата. Изборот на книжевни дела кои влегуваат во следниот круг беше тежок, не само поради различниот стил и обем на делата, туку и дека е тешко да се прави квантитативна евалуација на различни книжевни родови. На состанокот исто така, беше даден предлог да се размисли за идните доделувања да се воведе посебно вреднување на посебни книжевни родови и видови.
Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. За наградата „Драги“ првично беа номинирани 43 дела на 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, за преводи направени од 18 различни јазици и од сите жанровски категории – романи, раскази, книги за деца, поезија, драма.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.
The post 22 изданија од 14 издавачки куќи влегоа во вториот круг за наградата „Драги“ 2024 appeared first on Република.
]]>The post 22 изданија од 14 издавачки куќи влегоа во вториот круг за наградата „Драги“ 2024 appeared first on Република.
]]>Во книжарницата на „Антолог“ во Центар, вечерва, на 20 јуни, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Ехо на споделеното лудило“ од авторот Благоја Стојков.
Промотор ќе биде Алек Василевски, а модератор Билјана Велкова.
Благоја Стојков е роден на 2 декември 2003 година во Кочани. Живее на релација Зрновци – Скопје. Студент е во Скопје. Автор е на четири книги – „Гонејќи дух“, „Двете ѕвезди“, „Пеколен меден месец“ и „Ехо на споделеното лудило“. Своето слободно време го исполнува со: уметност, книжевност, филм, музика, филозофија, психологија, патувања.
The post Промоцијата на книгата „Ехо на споделеното лудило“ од Благоја Стојков appeared first on Република.
]]>The post Промоцијата на книгата „Ехо на споделеното лудило“ од Благоја Стојков appeared first on Република.
]]>Во книжарницата „Антолог” во центарот на Скопје вчера се оддржа промоција на „Малиот бог на земјотресот”, роман од авторот Петар Денчев, во издание на „Антолог”.
Книгата низ разговор со авторот ја претстави модераторот Пепи Стамков и преведувачот на романот, Душко Крстевски.
„Малиот Бог на земјотресот” претставува приказна која проникнува во скриените односи на животот.
Книгата започнува како и многу други: со разделба. Една жена го напушта својот маж без некоја посебна причина. Го прави тоа старомодно, со белешка напишана на рака. Тој не изгледа изненаден, дури на почетокот воздивнува со олеснување дека не ѝ се случило ништо лошо. Така навлегуваме во светот на еден нереализиран филозоф кој е сопственик на цвеќарница. Во обид да ја открие мистеријата на исчезнувањето на неговата сопруга, презема трауматично патување во минатото – во својот гардеробер, среде руините на татковата куќа, по софиските улици, на брегот на Дунав, среде чаршијата во Скопје.
Преживувајќи го распаѓањето на љубовната врска, за да преживее по трагите на изгубеното, тој се става себеси на влезовите и излезите на сегашноста. Дали оваа интензивна потрага е во состојба да го надмине чувството за живот составено од страв и недостиг? Возможно ли е еден личен Бог да го стабилизира свлечиштето на животот за да го забави напредувањето на лудоста, која ги претвора луѓето во машини?
The post „Малиот Бог на земјотресот” на Петар Денчев е приказна која проникнува во скриените односи на животот appeared first on Република.
]]>The post „Малиот Бог на земјотресот” на Петар Денчев е приказна која проникнува во скриените односи на животот appeared first on Република.
]]>Книжевниот центар „Антолог“ со особена гордост го објавува своето учество на годинашниот Саем на книгата, кој се одржува од 18 до 24 април во Скопје. „Антолог" ве кани да се вклучите во највозбудливите книжевни настани, да не ги пропуштите неверојатните попусти и ексклузивните настани со најпознатите автори од Македонија, регионот и од Европа.
Издавачката куќа за овој саем на книга направи избор за сите вкусови и за сите џебови. Особено ги истакнуваат 12-те нови наслови кои излегуваат на првиот саемски ден, како и специјалната понуда која вклучува повеќе од 50 наслови по цена од само 150 денари, попустите до 60%, пакетите плати 5 одбери 6 и бесплатната достава за сметки над 1200 денари за сите оние кои не се во можност да го посетат саемот.
За повеќе детали за саемската понуда, сите заинтересирани можат да го прегледаат саемскиот водич на линкот https://rb.gy/60pdqc
„Во чест на нашата 25-годишнина, подготвени сме да ви го претставиме најголемиот избор на наслови, најинтересните настани и најпривлечните попусти. Со повеќе од 350 наслови, вклучувајќи ги и најновите книги на вашите омилени автори, нашиот штанд на Саемот ќе биде место каде што ќе ги задоволите сите ваши книжевни апетити“ велат од „Антолог“.
Од специјални настани и промоции се издвојува ексклузивниот настан со специјалниот гостин – шведскиот автор Андерс Рослунд кој ќе биде присутена на штандот на Антолог на 20 април во 12 часот.
Исто така, најавени се промоција на седум нови книги од македонски автори, меѓу кои и книгата за деца и млади од легендарниот Александар Кујунџиски со наслов „Со големо Д“. На четирите романи се потпишуваат: Мери Арсова - „Коски, пепел, чад“, Јордан Коцевски - „Тајни“, продолжение на „Тегли“, Анде Јанков - „Кобајаши Мару“ и Јован Илиески со продолжението на „Татко ми Босфор“ насловено како „Седум часот и педесет минути“. Од поетските збирки ќе бидат претставени Софија Добревска со нејзината поезија „Небо од стихови“ и Милчо Мисоски со „Зборови од хартија“.
Сите домашни автори-ексклузивци на „Антолог“ ќе потпишуваат заедно примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Антолог“ на годинешниот Саем на книга на 24 април со почеток од 13 часот.
За најмладите книгољупци од пет до седумгодишна возраст предвидена е креативна работилница инспирирана од книгата „Големата фабрика за зборови“ во склоп на проектот „Создадено во Европа“, која ќе ја води Ана Голејшка Џикова.
Покрај овие настани, „Антолог“ организира и неколку панел дискусии и тоа на многу важни теми за литературата и издаваштвото: Новата македонска жанровска литература (18 април од 17 ч.), Што (да) читаат нашите деца? Нови теми и приказни во книжевноста за деца (23 април од 12 ч.) и Преводи, преведувачи, преведувачки дилеми и награди (23 април од 17 ч.). На 19 април од 18.30 ч. пак, е закажан и разговор со писателот Маринко Кошчец (Хрватска). Настанот се реализира во соработка со издавачката куќа Готен, со поддршка на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.
Од бестселерите и книжевните класици кои излегуваат специјално за саемот ќе ги пронајдете: „Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ, „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде, „Плен“ од Ирса Сигурдардотир, интензивната трилер приказна „Само таа остана“ од Рајли Сејгер, и секако најновата сензација „Верувај ми“ од Андерс Рослунд.
Тимот на Антолог е предано посветен на промоција на книжевноста и културата во нашата заедница и токму затоа под слоганот „25 години Антолог е класика“ веќе 25 години наметнуваат нови стандарди во издаваштвото и литературата која се објавува.
The post „Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги под слоганот „25 години Антолог е класика“ appeared first on Република.
]]>The post „Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги под слоганот „25 години Антолог е класика“ appeared first on Република.
]]>Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Книга“ од португалскиот прозаист, поет и драматург Жозе Луиш Пејшото.
Една мајка му дава книга на своето дете и му вели дека набргу ќе се врати. Таа никогаш не се враќа. Илидио ќе порасне во внатрешноста на Португалија и ќе се вљуби во прекрасната Аделајд. Но парот се разделува. Девојката ќе замине во Франција и со себе понесува само една книга што ја добива на подарок – истата онаа што ќе му ја остави мајката на Илидио пред многу години. Аделајд ќе се омажи и тоа повторно со посредство на книгата, но нејзиниот маж е позаинтересиран за политиката отколку за сопругата. Илидио се решава да отпатува во потрага по својата поранешна девојка, оставајќи го Жозуе, човекот што го израснал.
„Книга“ е летопис за руралниот егзодус во кој над милион португалски емигранти трагаат по својата среќа во периодот меѓу 1960 и 1974 година. Низ очите на ликовите сведочиме за суровата реалност на емигрантскиот живот, но и за истрајната надеж за враќањето.
Писма што не стигнуваат, неуспешни потраги, комплицирани љубови и горчлив-сладок копнеж го исполнуваат овој романтичен роман, во кој болката се претвора во услов на постоењето.
Преводот од португалски на македонски го направи Ненад Трповски.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.
[caption id="attachment_761146" align="alignnone" width="1080"] Жозе Луиш Пејшото: За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.[/caption]
За авторот: Жозе Луиш Пејшото (1974) е португалски прозаист, поет и драматург. Роден е во мало гратче во областа Алентежо. Студирал современи јазици и книжевност на Универзитетот „Нова“ во Лисабон. По студиите бил учител во Португалија и на Зелен ’Рт. Од 2001 година професионално се занимава со пишување. Има објавено тринаесет книги проза, четири збирки поезија, два патописи и две книги за деца. Неговите дела се преведени на повеќе од триесет јазици. Тој е најмладиот добитник на наградата „Сарамаго“ во чест на Жозе Сарамаго. За книгата „Книга“ му е доделена наградата „Салерно“ – книга на Европа за 2013 година.
[caption id="attachment_761147" align="alignnone" width="1228"] Ненад Трповски e книжевен преведувач[/caption]
Ненад Трповски e книжевен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрите за италијански и португалски јазик и книжевност во 2009 година. Во периодот помеѓу 2011 и 2013 година живеел и работел во Лисабон, Португалија. Како стипендист на португалскиот институт „Камоиш“ завршил и напреден степен по португалски јазик и книжевност на Универзитетот во Лисабон. За „Антолог“ ги превел книгите „Сочувство“ од Дулсе Марија Кардозо, „Девет ноќи“ од Бернардо Карваљо, „Просечен индекс на среќата“ од Давид Машадо и „Сенки“ од Томазо Ландолфи.
The post „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик appeared first on Република.
]]>The post „Книга“ од Жозе Луиш Пејшото објавена на македонски јазик appeared first on Република.
]]>Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечерва во 19 часот ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“. Текстовите на Шопов, прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски.
Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувачка на книгата и потпретседателка на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.
Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, фестивалот на анимирани филмови „Флипбук“ и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.
За првпат, осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), голем дел од неговите прозни записи е објавен во книга. Од денеска таа е достапна во книжарниците.
На речиси шестотини страници се провлекуваат неговите размисли за поезијата, литературата, уметноста, културата, општеството и историјата, забележани во македонски, југословенски и странски весници и списанија, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век.
Тоа е времето во кое, „по ужасите што ги запиша врагот во својот дневник“, генерацијaта на Ацо Шопов, во чии први редови тој чекореше за време на целиот свој творечки и општествен живот, стапуваше „на прагот на вистинската историја“ и, заедно со ќерките и синовите, трпеливо ја градеше оваа земја, „изрована од несон и себенаоѓање“, пред внуците да свртат нова страница во нејзината историја, за денес правнуците да живеат во еден сосема нов општествен поредок, кој, и покрај радикалните разлики, се темели на оној што го откриваме во автопортретот на нашиот поет.
А неговиот автопортрет во издание на „Антолог“ е во најмала рака изненадувачки, затоа што колку што широката публика го познава суптилниот лиричар, толку е слабо упатена во другите книжевни и општествени дејности на Шопов, кој во оваа книга се покажува како исклучителен есеист и беседник со изострен слух за литературата, ликовната уметност и филмот, како сериозен толкувач и критичар на општествените текови и драми, како строг полемичар, како ангажиран издавач и интелектуален работник.
The post Промоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов appeared first on Република.
]]>The post Промоција на досега непознатата проза на Ацо Шопов appeared first on Република.
]]>Првпат, осумдесет години по објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов (1944 г.), голем дел од неговите прозни записи се објавени во книга. Од денес, таа е достапна во книжарниците.
На речиси шестотини страници се провлекуваат неговите размисли за поезијата, литературата, уметноста, културата, општеството и историјата, забележани во македонските, југословенските и во странски весници и списанија, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век.
Тоа е времето во кое, „по ужасите што ги запиша врагот во својот дневник“, генерацијaта на Ацо Шопов, во чии први редови тој чекореше за време на целиот свој творечки и општествен живот, стапуваше „на прагот на вистинската историја“ и, заедно со ќерките и синовите, трпеливо ја градеше оваа земја, „изрована од несон и себенаоѓање“, пред внуците да свртат нова страница во нејзината историја, за денес правнуците да живеат во еден сосема нов општествен поредок кој, и покрај радикалните разлики, се темели на оној што го откриваме во автопортретот на нашиот поет.
А неговиот автопортрет во издание на „Антолог“ е во најмала рака изненадувачки, затоа што колку што широката публика го познава суптилниот лиричар, толку е слабо упатена во другите книжевни и општествени дејноси на Шопов, кој во оваа книга се покажува како исклучителен есеист и беседник со изострен слух за литературата, ликовната уметност и филмот, како сериозен толкувач и критичар на општествените текови и драми, како строг полемичар, како ангажиран издавач и интелектуален работник.
Издавачката куќа „Антолог“ го најавува и настанот со кој, во вторник 19 март, од 19 часот, во Лабораториум (Бул. „Климент Охридски“ бр. 68, Скопје), ќе се одбележи објавувањето на ова дело од исклучително значење за културната меморија на нашата земја.
Книгата ќе ја претстават проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и првенецот на МНТ Никола Ристановски. Ќе им се придружи и Јасмина Шопова, приредувач на книгата и потпретседател на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ која ја организира промоцијата во соработка со „Антолог“ и со „Лабораториум“. Насловната корица на книгата е авторство на Марко Трпески а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.
Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук - Фестивалот на анимирани филмови и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.
The post „Автопортрет со седум прсти“ хроника на современата македонска културна историја под перото на Ацо Шопов од денеска е во книжарниците appeared first on Република.
]]>The post „Автопортрет со седум прсти“ хроника на современата македонска културна историја под перото на Ацо Шопов од денеска е во книжарниците appeared first on Република.
]]>Во чест на дваесет и пет години од постоењето на издавачката каќа „Антолог“ 2024 година ќе биде во знакот на класичните дела од светската и од домашната литература. Само во март ќе бидат објавени неколку наслови од епохални автори кои извршија формативно влијание на своите книжевни следбеници, соопштија од издавачката куќа.
Од основањето до денес постојано се трудиме најголем простор во нашата издавачка понуда да им отстапиме на класиците создадени како од претходниците така и од современиците. Драго ни е што публиката тоа го препозна и прво нешто по што го асоцира „Антолог“ е квалитетот на продукцијата. Во последните години тоа нè инспирираше да започнеме проект на нови или во некои случаи дури и први преводи на класични дела. Така што, денес можеме да се пофалиме дека е објавен на македонски голем дел од творештвото на Франц Кафка, Станислав Лем, Меша Селимовиќ, Артур Конан Дојл... Во текот на годините внимателно ги одбиравме и преведувачите, кои не се анонимуси туку се познати професионалци со долгогодишно искуство. Овие дела секогаш ги преведувавме од изворниот јазик, бидејќи забележавме дека дел од преводите што веќе со децении циркулираат меѓу публиката се анахрони или се преведени преку посредни јазици, пред сè од соседството – велат од „Антолог“.
На сличен минуциозен начин досега во нашата издавачка куќа биле објавени и делата на Итало Калвино, Труман Капоти, Џорџ Орвел, Хулио Кортасар, Х. Л. Борхес, Жорже Амадо, Блаже Конески, итн., а списокот во следниот период ќе биде надополнет и со книги на Ацо Шопов, Фјодор М. Достоевски, Николај В. Гогољ, Иво Андриќ, Антон П. Чехов и други. На сите овие книги ќе биде истакнато и името на преведувачот на предната корица, гест што токму „Антолог“го воведе како стандард во македонското издаваштво.
Првата книга од годинашната кампања е „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ, во нов превод од српски на Томе Сиљаноски. Проектот е реализиран во соработка со „Здружението Иво Андриќ“ од Србија, кое е основано според последната желба на авторот целата негова оставина „да се сочува како целост“ и како легат да се чува за општествени и хуманитарни потреби. Тргнувајќи од високите идеали на единствениот добитник на Нобеловата награда за литература од просторите на поранешна Југославија се решивме да направиме автентичен превод кој целосно кореспондира со јазикот и стилот на оригиналот.
Иако на книжевниот пазар се достапни повеќе различни и нелиценцирани изданија на македонски јазик на делата на Иво Андриќ и на Меша Селимовиќ, „Антолог“ со гордост објавува дека од неодамна ги има единствените права за превод и дистрибуција на сите дела од овие двајца автори во Македонија.
Иво Андриќ (1892-1975) бил југословенски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Во младоста бил член на револуционерното движење Млада Босна, а помеѓу двете светски војни работел во бројни дипломатски претставништва на Кралството Југославија низ Европа. Неговите дела најчесто се поврзани со животот во Босна за време на отоманското владеење. Родната куќа на Андриќ во Травник е музеј, а во неговиот стан во Белград е сместено „Здружението Иво Андриќ“. Во негова чест секоја година се доделува Андриќевата награда за најдобар расказ напишан на српски јазик.
Со „Мостот на Дрина“ монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врска помеѓу вековите и помеѓу Ориентот и Западот. Делото е едно од најголемите книжевни споменици за животот на луѓето од балканските простори, а во чест на овој роман, со помош на режисерот Емир Кустурица, во 2012 година изграден е Андриќград кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав во Вишеград.
Освен книгите на светските класици, наскоро од печат ќе излезе и ексклузивното издание „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов со поднаслов „влог во современата македонска културна историографија“, а под редакција и со предговор на Јасмина Шопова. Наспроти познатиот лиричар, на страниците на овој „Автопортрет со седум прсти“ се исправа еден друг, речиси непознат Шопов – а сепак истиот! – кој со остро перо пишува за семожните „конфузии“ и „политикантските алузии“ во „нашата мала, нерасповиена литература“, за „литературните и уште повеќе нелитературни конфронтации“, за „стегите на аристократизмот и примитивизмот“, за нашата „провинциска препотентност“ и „особина да импровизираме“, за навиката да „се играме одговорност“ и „напластеното сало на нашето спокојство“... Но и за темните обиди да се покријат со лага страниците од нашата историја, за македонскиот јазик – „трн во окото на големобугарските шовинисти“... Како и за „улогата на поезија во националната афирмација“, за ослободувањето од регионализмот и зачекорувањето кон универзалното во нашата „сериозна и нова литература“, која го носи „здивот на почвата на која се родила и бојата на нејзиното небо“... Со други зборови, за сè она што и денес нè докоснува, и тоа многу повеќе отколку што нашиот поет можел да поими кога ги објавувал овие свои размисли, во текот на неговите четири децении творечки и општествен живот, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век.
Сите бесценети дела што ќе бидат објавени во текот на 2024 година се наша иницијатива и се самостојно реализирани како прилог на „Антолог“ кон македонската културна еволуција. Сметаме дека со ова општо добро ќе оставиме траен залог за сегашните и идните генерации.
The post Ексклузивно издание на „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов за 25 години постоење на издавачката куќа „Антолог“ appeared first on Република.
]]>Од основањето до денес постојано се трудиме најголем простор во нашата издавачка понуда да им отстапиме на класиците создадени како од претходниците така и од современиците. Драго ни е што публиката тоа го препозна и прво нешто по што го асоцира „Антолог“ е квалитетот на продукцијата. Во последните години тоа нè инспирираше да започнеме проект на нови или во некои случаи дури и први преводи на класични дела. Така што, денес можеме да се пофалиме дека е објавен на македонски голем дел од творештвото на Франц Кафка, Станислав Лем, Меша Селимовиќ, Артур Конан Дојл... Во текот на годините внимателно ги одбиравме и преведувачите, кои не се анонимуси туку се познати професионалци со долгогодишно искуство. Овие дела секогаш ги преведувавме од изворниот јазик, бидејќи забележавме дека дел од преводите што веќе со децении циркулираат меѓу публиката се анахрони или се преведени преку посредни јазици, пред сè од соседството – велат од „Антолог“.На сличен минуциозен начин досега во нашата издавачка куќа биле објавени и делата на Итало Калвино, Труман Капоти, Џорџ Орвел, Хулио Кортасар, Х. Л. Борхес, Жорже Амадо, Блаже Конески, итн., а списокот во следниот период ќе биде надополнет и со книги на Ацо Шопов, Фјодор М. Достоевски, Николај В. Гогољ, Иво Андриќ, Антон П. Чехов и други. На сите овие книги ќе биде истакнато и името на преведувачот на предната корица, гест што токму „Антолог“го воведе како стандард во македонското издаваштво. Првата книга од годинашната кампања е „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ, во нов превод од српски на Томе Сиљаноски. Проектот е реализиран во соработка со „Здружението Иво Андриќ“ од Србија, кое е основано според последната желба на авторот целата негова оставина „да се сочува како целост“ и како легат да се чува за општествени и хуманитарни потреби. Тргнувајќи од високите идеали на единствениот добитник на Нобеловата награда за литература од просторите на поранешна Југославија се решивме да направиме автентичен превод кој целосно кореспондира со јазикот и стилот на оригиналот. Иако на книжевниот пазар се достапни повеќе различни и нелиценцирани изданија на македонски јазик на делата на Иво Андриќ и на Меша Селимовиќ, „Антолог“ со гордост објавува дека од неодамна ги има единствените права за превод и дистрибуција на сите дела од овие двајца автори во Македонија. Иво Андриќ (1892-1975) бил југословенски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Во младоста бил член на револуционерното движење Млада Босна, а помеѓу двете светски војни работел во бројни дипломатски претставништва на Кралството Југославија низ Европа. Неговите дела најчесто се поврзани со животот во Босна за време на отоманското владеење. Родната куќа на Андриќ во Травник е музеј, а во неговиот стан во Белград е сместено „Здружението Иво Андриќ“. Во негова чест секоја година се доделува Андриќевата награда за најдобар расказ напишан на српски јазик. Со „Мостот на Дрина“ монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врска помеѓу вековите и помеѓу Ориентот и Западот. Делото е едно од најголемите книжевни споменици за животот на луѓето од балканските простори, а во чест на овој роман, со помош на режисерот Емир Кустурица, во 2012 година изграден е Андриќград кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав во Вишеград. Освен книгите на светските класици, наскоро од печат ќе излезе и ексклузивното издание „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов со поднаслов „влог во современата македонска културна историографија“, а под редакција и со предговор на Јасмина Шопова. Наспроти познатиот лиричар, на страниците на овој „Автопортрет со седум прсти“ се исправа еден друг, речиси непознат Шопов – а сепак истиот! – кој со остро перо пишува за семожните „конфузии“ и „политикантските алузии“ во „нашата мала, нерасповиена литература“, за „литературните и уште повеќе нелитературни конфронтации“, за „стегите на аристократизмот и примитивизмот“, за нашата „провинциска препотентност“ и „особина да импровизираме“, за навиката да „се играме одговорност“ и „напластеното сало на нашето спокојство“... Но и за темните обиди да се покријат со лага страниците од нашата историја, за македонскиот јазик – „трн во окото на големобугарските шовинисти“... Како и за „улогата на поезија во националната афирмација“, за ослободувањето од регионализмот и зачекорувањето кон универзалното во нашата „сериозна и нова литература“, која го носи „здивот на почвата на која се родила и бојата на нејзиното небо“... Со други зборови, за сè она што и денес нè докоснува, и тоа многу повеќе отколку што нашиот поет можел да поими кога ги објавувал овие свои размисли, во текот на неговите четири децении творечки и општествен живот, од почетокот на четириесеттите до крајот на седумдесеттите години на дваесеттиот век. Сите бесценети дела што ќе бидат објавени во текот на 2024 година се наша иницијатива и се самостојно реализирани како прилог на „Антолог“ кон македонската културна еволуција. Сметаме дека со ова општо добро ќе оставиме траен залог за сегашните и идните генерации.
The post Ексклузивно издание на „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов за 25 години постоење на издавачката куќа „Антолог“ appeared first on Република.
]]>Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамки на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Воините на загубената плима“ од Кетрин Дојл.
Вториот дел од прекрасната трилогија за тинејџери напишана со многу фантазија е љубовно писмо упатено кон ирскиот фолклор, исполнето со длабоко вкоренета магична историја што се распространува низ целата книга.
Фион Бојл е Чувар на бурата на Аранмор помалку од шест месеци кога илјадници застрашувачки Ловци на души пристигнуваат на островот. Следбениците на лошата волшебничка Мориган се дојдени за да ја воскреснат нивната водачка, а Фион нема моќ да ги запре. Магијата на Чуварот на бурата го има напуштено, а бидејќи сеќавањето на дедо му се намалува, Фион мора да се потпре на своите пријатели Шелби и Сем во повикувањето на војската од сирени.
Но, никој друг не верува дека страшните морски суштества воопшто постојат. А како тој може да докаже дека е во право кога ја нема сопствената магија? Додека Фион ја почнува потрагата по загубената војска, другите островјани се подготвуваат за инвазијата на Ловците на души. Борбата за спас на Аранмор тукушто почна.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.
Кетрин Дојл израснала покрај Атлантскиот Океан во западна Ирска. Нејзината љубов кон читањето почнала со големите ирски митови и легенди, кои ѝ ја поттикнале амбицијата еден ден и таа да напише книга во која ќе биде искористено нивното богатство. Дипломирала психологија, а магистрирала издаваштво на Националниот универзитет на Ирска. Инспирацијата за серијалот „Островот на Чуварот на бурата“ ја пронаоѓа во домот на нејзините предци на островот Аранмор, каде што пораснале нејзините баба и дедо. Кетрин Дојл живее во Голвеј, но често престојува во Лондон и во САД.
Владимир Јанковски (1977) е прозаист и преведувач. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Објавил три романи, две книги со фотоесеи (во соработка во фотографот Иван Блажев) и две книги разговори со Влада Урошевиќ. За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Во 2022 година од Македонската асоцијација на издавачи ја добива наградата „Автор на годината“. На македонски јазик превел книги од Маргарет Атвуд, Дубравка Угрешиќ, Горан Трибусон, Чарлс Буковски, Зоран Фериќ, Ден Роудс, Милош Црњански, Филип К. Дик, Кетрин Дојл и други.
The post „Антолог“ ја објави „Воините на загубената плима“ од Кетрин Дојл appeared first on Република.
]]>The post „Антолог“ ја објави „Воините на загубената плима“ од Кетрин Дојл appeared first on Република.
]]>Романот првпат е објавен на шпански јазик во 1982 година и за многу краток период станал интернационална сензација, издигнувајќи ја Изабел Аљенде во нова ѕвезда на книжевното небо, не само во шпанското јазично подрачје туку во целиот свет. Во следните десеттина години книгата доживела неверојатни над 400 изданија на десетици различни јазици како и филмска адаптација од 1993 година со Џереми Ајронс, Мерил Стрип, Глен Клоуз, Винона Рајдер, Антонио Бандерас и Ванеса Редгрејв во главните улоги. Денес книгата се смета за современ класик – своевидна сага за четири генерации на семејството Труеба, нивните драматични семејни односи, успеси и падови.
Естебан Tруеба е конзервативен човек, многу строг и жртва на избувливиот карактер и политичките амбиции, што ги ублажува само љубовта кон неговата мистична сопруга, Клара, која има дар да ја предвидува иднината и да се поврзе со светот на духовите. Нивната ќерка Бланка е во забранета врска со маж кој Естебан го смета за недостоен. Таа на својот татко му создава многу нервоза, но ќе му ја донесе и најголемата радост: внуката Алба. Убава и паметна девојка која ќе настрада поради политичката определба на човекот што го сака.
Во заднината на романот ги следиме општествените превирања во земјата во период што опфаќа голем дел од XX век без да се споменат директно имињата на историските личности, но во ликот на Кандидатот/Претседателот се препознава Салвадор Аљенде, а на Поетот – Пабло Неруда.
Авторката го комбинира натприродното со лична верзија на магичниот реализам создавајќи заплет во кој се испреплетуваат секојдневното и магичното, љубовта и револуцијата, личните идеали и суровата политичка реалност.
„Куќа на духови“ е прогласен за роман на годината во Чиле, а на Аљенде ѝ ја донел и националната награда Panorama Literario.
Изабел Аљенде е внука на поранешниот чилеански политичар, Салвадор Аљенде, а „Куќа на духови“ започнала да ја пишува како писмо до својот стогодишен дедо во моментот кога дознала дека тој е на смртна постела. Романот е меѓу школските примери за магичен реализам и пишуван е под влијание на „Сто години самотија“ на Габриел Гарсија Маркес. Преводот е на Виолета Јагев, а книгата е објавена со поддршка од страна на Министерството за култура и спорт на Шпанија.
За авторката: Изабел Аљенде (1942) е чилеанска писателка. Повеќе од триесет години била посветена на новинарството, социјалните активности и на правата на жените, од каде што црпи инспирација за своите дела, кои содржат аспекти од магичниот реализам. Споредувана е со Кафка и со Маркес. Во 2004 година била примена во Американската академија за уметности и книжевност, а во 2010 година ја добива Националната награда за литература на Чиле. Претседателот Барак Обама ѝ го доделува Претседателскиот медал на слободата во 2014 година. Живее во Калифорнија, САД. „Куќа на духови“ е втора нејзина книга во превод на македонски, по „Долга реса крај морето“.
За преведувачката: Виолета Јагев (родена 1953) е дипломиран инженер технолог и преведувач од шпански јазик. Живеела во Перу 17 години, каде што на шпански јазик завршила основно и средно образование и првите две години на факултетот за петрохемија. Дипломирала на Технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со преведување се занимава од 1979 година и има над 40 книжевни преводи. Добитник е на наградата за превод „Ванѓа Чашуле“ во 2012 година и на наградата „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачкиот опус во 2017 година на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи.
The post „Антолог“ ја објави „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде, внука на чилеански политичар Салвадор Аљенде appeared first on Република.
]]>Романот првпат е објавен на шпански јазик во 1982 година и за многу краток период станал интернационална сензација, издигнувајќи ја Изабел Аљенде во нова ѕвезда на книжевното небо, не само во шпанското јазично подрачје туку во целиот свет. Во следните десеттина години книгата доживела неверојатни над 400 изданија на десетици различни јазици како и филмска адаптација од 1993 година со Џереми Ајронс, Мерил Стрип, Глен Клоуз, Винона Рајдер, Антонио Бандерас и Ванеса Редгрејв во главните улоги. Денес книгата се смета за современ класик – своевидна сага за четири генерации на семејството Труеба, нивните драматични семејни односи, успеси и падови.
Естебан Tруеба е конзервативен човек, многу строг и жртва на избувливиот карактер и политичките амбиции, што ги ублажува само љубовта кон неговата мистична сопруга, Клара, која има дар да ја предвидува иднината и да се поврзе со светот на духовите. Нивната ќерка Бланка е во забранета врска со маж кој Естебан го смета за недостоен. Таа на својот татко му создава многу нервоза, но ќе му ја донесе и најголемата радост: внуката Алба. Убава и паметна девојка која ќе настрада поради политичката определба на човекот што го сака.
Во заднината на романот ги следиме општествените превирања во земјата во период што опфаќа голем дел од XX век без да се споменат директно имињата на историските личности, но во ликот на Кандидатот/Претседателот се препознава Салвадор Аљенде, а на Поетот – Пабло Неруда.
Авторката го комбинира натприродното со лична верзија на магичниот реализам создавајќи заплет во кој се испреплетуваат секојдневното и магичното, љубовта и револуцијата, личните идеали и суровата политичка реалност.
„Куќа на духови“ е прогласен за роман на годината во Чиле, а на Аљенде ѝ ја донел и националната награда Panorama Literario.
Изабел Аљенде е внука на поранешниот чилеански политичар, Салвадор Аљенде, а „Куќа на духови“ започнала да ја пишува како писмо до својот стогодишен дедо во моментот кога дознала дека тој е на смртна постела. Романот е меѓу школските примери за магичен реализам и пишуван е под влијание на „Сто години самотија“ на Габриел Гарсија Маркес. Преводот е на Виолета Јагев, а книгата е објавена со поддршка од страна на Министерството за култура и спорт на Шпанија.
За авторката: Изабел Аљенде (1942) е чилеанска писателка. Повеќе од триесет години била посветена на новинарството, социјалните активности и на правата на жените, од каде што црпи инспирација за своите дела, кои содржат аспекти од магичниот реализам. Споредувана е со Кафка и со Маркес. Во 2004 година била примена во Американската академија за уметности и книжевност, а во 2010 година ја добива Националната награда за литература на Чиле. Претседателот Барак Обама ѝ го доделува Претседателскиот медал на слободата во 2014 година. Живее во Калифорнија, САД. „Куќа на духови“ е втора нејзина книга во превод на македонски, по „Долга реса крај морето“.
За преведувачката: Виолета Јагев (родена 1953) е дипломиран инженер технолог и преведувач од шпански јазик. Живеела во Перу 17 години, каде што на шпански јазик завршила основно и средно образование и првите две години на факултетот за петрохемија. Дипломирала на Технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со преведување се занимава од 1979 година и има над 40 книжевни преводи. Добитник е на наградата за превод „Ванѓа Чашуле“ во 2012 година и на наградата „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачкиот опус во 2017 година на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи.The post „Антолог“ ја објави „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде, внука на чилеански политичар Салвадор Аљенде appeared first on Република.
]]>В петок од 16 до 20 часот ќе се случи одбележување на новиот празник на книгата во нашиот град! Во ист ден „Антолог“ ќе објави шест нови книги, ќе организира средби со десеттина македонски писатели, ќе ја започне својата новогодишна акција и ќе приреди голема предновогодишна забава отворена за публиката!
Време е да се препуштиме на магијата на најубавиот период од годината – новогодишните празнувања, затоа сите вљубеници во книгата ги покануваме во нивното најдраго празнично засолниште – книжарницата „Антолог“ во Центар, која ќе биде исполнета со прегратките на книгите, слатките мелодии на музиката, удобноста на топлите пијалаци и со необичните закуски. Настанот на 15-ти декември ќе биде совршена можност за дружба со другите пасионирани читатели, а воедно и со најактуелните домашни автори кои во оваа пригода, меѓу другото, ќе ги потпишуваат и своите нови книги. Сè на сè, на најпосебен начин ќе ги заскокоткаме очекувањата на публиката. Ги покануваме сите наши читатели да ни се придружат во наздравувањето за спомените направени оваа година и приказните што допрва треба да се расплетат – велат од „Антолог“.
На овој ден ќе започне и новогодишната акција која ќе донесе попусти од кои ќе заскокоткаат срцата на читателите, а во продажба одеднаш ќе се најдат дури шест нови наслови – три од македонски и три од странски автори, кои етапно ќе бидат разоткривани секој ден во текот на оваа недела.
Првата книга што е најавена во оваа прилика е меѓународната сензација „Смола“ од данската писателка Ане Рил.
Станува збор за роман кој „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ едногласно го прогласија за една од најдобрите книги во 2018 година, добивајќи ги четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживувајќи светска препознатливост. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм.
Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе.
Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.
Ане Рил (1971) е данска писателка. Студирала историја на уметност. Иако не го завршила факултетот, нејзината прва книга била токму за уметноста. Авторка е на четири романи, збирка раскази, како и на девет книги за деца кои ги има илустрирано нејзината мајка, која е позната илустраторка. Екстремна популарност стекнува со нејзиниот втор роман, „Смола“. Често ја опишуваат како нов, возбудлив глас со освежувачки и оригинален стил. Живее со сопругот, џез-музичарот Алекс Рил, во близината на Копенхаген.
The post „Антолог“ в петок организира средби со десетина македонски писатели и ќе објави шест нови книги appeared first on Република.
]]>Време е да се препуштиме на магијата на најубавиот период од годината – новогодишните празнувања, затоа сите вљубеници во книгата ги покануваме во нивното најдраго празнично засолниште – книжарницата „Антолог“ во Центар, која ќе биде исполнета со прегратките на книгите, слатките мелодии на музиката, удобноста на топлите пијалаци и со необичните закуски. Настанот на 15-ти декември ќе биде совршена можност за дружба со другите пасионирани читатели, а воедно и со најактуелните домашни автори кои во оваа пригода, меѓу другото, ќе ги потпишуваат и своите нови книги. Сè на сè, на најпосебен начин ќе ги заскокоткаме очекувањата на публиката. Ги покануваме сите наши читатели да ни се придружат во наздравувањето за спомените направени оваа година и приказните што допрва треба да се расплетат – велат од „Антолог“.На овој ден ќе започне и новогодишната акција која ќе донесе попусти од кои ќе заскокоткаат срцата на читателите, а во продажба одеднаш ќе се најдат дури шест нови наслови – три од македонски и три од странски автори, кои етапно ќе бидат разоткривани секој ден во текот на оваа недела. Првата книга што е најавена во оваа прилика е меѓународната сензација „Смола“ од данската писателка Ане Рил. Станува збор за роман кој „Гардијан“, „Телеграф“ и „Дејли експрес“ едногласно го прогласија за една од најдобрите книги во 2018 година, добивајќи ги четирите најважни крими-награди во Скандинавија и доживувајќи светска препознатливост. Досега е преведена во 31 земја, а во 2019 година е адаптирана во филм. Една вечер таткото ќе го турне нивниот чамец кон брановите и ќе гледа како се распарчува од карпите. Потоа ќе ја пријави својата ќерка како исчезната. Службената потера трае долго и безуспешно. Но, зад шутот пред работилницата на нејзиниот татко се крие Лив. Живее сама во мракот, треперејќи пред секој неочекуван шум. Татко ѝ тврди дека на ваков начин нема да мора да оди на училиште. Нема да мора да ги напушти родителите и да се соочи со светот кој е полн со опасности и лоши луѓе. Неизмерно трогателната и напната приказна прикажува што се случува кога некого премногу сакате, а желбата да го заштитите се претвора во нешто што таа личност неповратно ќе ја повреди. Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“. Ане Рил (1971) е данска писателка. Студирала историја на уметност. Иако не го завршила факултетот, нејзината прва книга била токму за уметноста. Авторка е на четири романи, збирка раскази, како и на девет книги за деца кои ги има илустрирано нејзината мајка, која е позната илустраторка. Екстремна популарност стекнува со нејзиниот втор роман, „Смола“. Често ја опишуваат како нов, возбудлив глас со освежувачки и оригинален стил. Живее со сопругот, џез-музичарот Алекс Рил, во близината на Копенхаген.
The post „Антолог“ в петок организира средби со десетина македонски писатели и ќе објави шест нови книги appeared first on Република.
]]>Фестивалот „Букстар“ почнува вo понеделник, 2 октомври и носи исклучително амбициозна програма во која се опфатени гостувања на десет европски автори, четириесеттина македонски учесници од различни генерации, потоа претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од пет држави од регионот и доделување на наградите „Драги“.
Во Скопје следните денови ќе биде собран кремот на европската литература, и тоа: Наџат ел Хачми (Шпанија), Миљенко Јерговиќ (Хрватска / Босна и Херцеговина), Лидија Димковска (Македонија / Словенија), Бранко Росиќ (Србија), Драго Гламузина (Хрватска), Луцие Фаулерова (Чешка), Стефан Хертманс (Белгија), Ања Мугерли (Словенија), Франсис Кирпс (Луксембург) и Софи Хана (Обединетото Кралство).
Во рамки на овој активистички пристап е одбрана и самата добитничка на наградата „Букстар“ Наџат ел Хачми од Шпанија која со години се бори за правата на жените, но и преку другите автори кои отвораат горливи теми во своите родни држави, меѓу кои и Лидија Димковска (Македонија) која ќе го отвори Фестивалот со својот ангажиран говор на тема „Со или без Please“.
Свеченото отворање на Фестивалот е предвидено од 19.30 во киното „Фросина“. Писателката Лидија Димковска ќе го прогласи фестивалот за отворен со свечена реч под наслов „Со или без Please“. По неа, Министерката за култура Бисера Костадиновска Сојчевска ќе ги поздрави странските гости од име на земјата, а свое обраќање ќе има и Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија во Македонија кој ќе ѝ ја додели наградата „BookStar“ 2023 на Наџат ел Хачми (Шпанија) за романот „Во понеделник ќе нè сакаат“.
Веднаш по свеченоста, со добитничката на наградата на тема „Да се биде (поинаква) жена“ ќе разговараат Ана Јовковска, новинарка и книжевна истражувачка, и Александар Маџаровски, поет, преведувач и јутјубер познат како „Читачот“.
Од 21 часот во киното „Фросина“ Иван Шопов и Александар Маџаровски ќе разговараат со Драго Гламузина (Хрватска) и Бранко Росиќ (Србија) „за што да биде гласна регионалната книжевност?“ Поради својата атипичност регионалната книжевност може да претставува привлечен „пакет“ за остатокот на Европа. После еден подолг период на оддалечување се случува период на период на приближување. Но дали е дојдено време за заеднички настап?
Фестивалот започнува и кампања во соработка со „Пакомак“ за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција. Освен што за време на фестивалот ќе бидат поставени специјални диспанзери за прифаќање на стара хартија и хартиена амбалажа, ќе ја наградиме еколошката одговорност на публиката. Со акумулирани најмалку сто поени на апликацијата „Екомак“ за селекција на пластика еко-модерните читатели добиваат книга подарок за време на Фестивалот.
BookStar e и прв книжевен фестивал кој ќе понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик на сцената на кино „Фросина“ во МКЦ.
На Фестивалот ќе се работи и на стратегија за пробив на македонската и регионалната литература на големите книжевни пазари во Европа, а за таа цел во Скопје се состанува работна група.
Прва фестивалска програмска активност е доделување на наградите „Драги“ 2023, кое ќе се случи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од 14 часот. Во најтесен круг за наградата влегоа преведувачите: Љубица Арсовска, Никола Ѓелинчески, Иван Шопов, Анастасија Ѓурчинова и Златко Панзов. Во оваа пригода ќе се случи и потпишување на меморандум за соработка меѓу издавачката куќа „Антолог“ како организатор на наградата и Филолошкиот факултет како нивен партнер. Како што беше соопштено на овој настан ќе се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик. Најавено е и личното присуство на преведувачката за настанот.
Фестивалот се одржува под слоганот „Please do disturb“ и е поддржан од Министерството за култура, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и од Чешкиот книжевен центар, Центарот за фламанска литература, Европската Унија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје и Амбасадите на Чешка, Шпанија и на Белгија. Фестивалската програма ќе се одвива на повеќе локации во Скопје. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Владимир Трајановски. Фестивалското видео го изработи Радмила Ванкоска.
The post Десет европски автори ќе гостуваат на „Букстар“, Фестивалот почнува во понеделник appeared first on Република.
]]>The post Десет европски автори ќе гостуваат на „Букстар“, Фестивалот почнува во понеделник appeared first on Република.
]]>Жири-комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ се одлучи во вториот круг на селекција да влезат 10 преведувачи со изданија објавени од седум издавачки куќи.
За наградата „Драги“ првично беа номинирани 39 преведувачи со книги објавени од 17 издавачи и две приватни изданија. Во првиот круг влегоа 19 преведувачи од 9 издавачки куќи и едно приватно издание. Жири комисијата е во состав Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка и теоретичарка) и Милан Дамјановски (професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност и преведувач).
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.
Во вториот круг влегоа:
1. Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание на Темплум.
2. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на Артконект.
3. Давор Стојановски за преводот од словенечки јазик на „Пчелно семејство“ од Ања Мугерли во издание на Антолог.
4. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект.
5. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот.
6. Јовица Ивановски за преводот од српски јазик на „Земјата под абажур“ од Драгослав Дедовиќ во издание на ПНВ Публикации.
7. Катерина Јосифоска за преводот од германски јазик на „Тил“ од Даниел Келман во издание на Артконект.
8. Катица Гаровска Ацевска за преводот од бугарски јазик на „Абсолво те“ од Георги Бардаров во издание на Полица.
9. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект.
10. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.
Освен главната награда комисијата и организаторите одлучија од годинава да се доделува и интернационална награда „Драги“ за најзначаен превод од македонски на странски јазик. Тие сметаат дека со воведувањето на оваа категорија како традиционална ќе се создаде сериозен поттик за сите книжевни преведувачи од македонски со голем усет да пристапуваат кон преводот на македонската литература и почесто да се решаваат делата на нашите автори да се најдат во понудата на издавачките куќи од Европа и од светот.
[caption id="attachment_682791" align="alignnone" width="262"] Александра Јоаниду[/caption]
Земајќи го предвид нивото на преводот, но и другите параметри важни при појава на одреден превод во друга културна средина (рецензии, влијателност, интерес за авторот, препознатливост, зголемување на интеркултурниот дијалог, итн.) жирито се одлучи годинава со интернационалната награда „Драги“ да биде награденa превeдувачката Александра Јоаниду од Грција за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик, во издание на „Гутенберг“. Станува збор за првиот превод од македонски автор на грчки јазик на кој е наведено дека јазикот на оригиналниот е македонски.
Книгата долго време фигурираше како една од најчитаните во Грција, каде што авторката имаше и бројни интервјуа – за „Катимерини“, „То Вима“, „Ефимерида тон синдактон“, за „Лајфо“, итн. На Саемот на книгата во Солун во мај годинава читањето на Бужаровска беше едно од најпосетените и таму првпат се прозборува на македонски јазик на официјален јавен настан. По успехот на „Мојот маж“, излезе и преводот на „Не одам никаде“, а во подготовка е „Осмица“, сите во превод на Александра Јоаниду. „Мојот маж“ ќе доживее и своја театарска поставка во Theseum Theater во Атина од страна на режисерката Марија Маганари.
The post 10 преведувачи од седум издавачки куќи се селектирани во вториот круг за наградата „Драги“ appeared first on Република.
]]>The post 10 преведувачи од седум издавачки куќи се селектирани во вториот круг за наградата „Драги“ appeared first on Република.
]]>Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, во рамките на проектот СОЗДАДЕНО ВО ЕВРОПА: МОЌТА НА РАЗЛИЧНОСТА ја објави книгата: „ЧЕКОРИТЕ ДО ЦРЕШОВОТО ДРВО“ ОД ПАОЛА ПЕРЕТИ.
Деветгодишната Мафалда носи очила со жолти рамки, има мачор по име Отимо, другарка-Амазонка и најдобар другар по име Филип. Но таа е исправена пред чуден предизвик. Ѝ откриле Старгартова болест која предизвикува постепено губење на видот и слепило. Во дневникот започнува да ги запишува сите нешта што нема да може да ги прави – да ги брои ѕвездите на небото, да игра фудбал со машките, да се качува на црешовото дрво во училишниот двор. Ама, набрзо дознава дека постои и инаков начин на гледање. Со чекорите го мери растојанието до црешовото дрво… во правец на опојниот мирис… и започнува нов список: со нештата што сѐ уште ќе може да ги прави.
Во мракот што ја опфаќа, Мафалда, исто како и Малиот Принц, учи светот да го набљудува со срцето, а не со очите. Горчината што ја чувствува читателот само се засилува со сознанието дека и самата авторка на романот страда од истата болест.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“ и на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија.
За авторката: Паола Перети (1986) е италијанска писателка. Студирала книжевност и филозофија. Дипломирала новинарство во 2011 година. Пред петнаесетина години ѝ откриле ретка генетска болест која води кон целосно слепило. „Чекори кон црешовото дрво“ е нејзин прв роман. Живее во областа Верона, каде што предава италијански јазик на децата на имигрантите.
За преведувачката: Искра Димковска е родена во 1982 година во Скопје. Во 2006 година дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, стекнувајќи се со звањето филилог по италијански јазик и литература и германски јазик и литература. Во изминатите години уредник е на издавачката куќа „Сказнувалка“. Од италијански на македонски јазик ги превела „Месечината и огновите“ од Чезаре Павезе (Антолог, 2014), „Жена“ од Сибила Алерамо, (Сигмапрес, 2015), „Прави се сите“ од Паоло Сорентино (Антолог, 2021) и „Доволно е да заврши денов“ од Антонела Латанци (Сигмапрес, 2022). Многу сака сладолед, да вози велосипед и да им чита приказни на Ива и на Леа пред спиење.
„Создадено во Европа: моќта на различноста“ е проект кој опфаќа превод, објавување, дистрибуција и маркетинг на седумнаесет книги кои се идеални репрезенти на моќта на разноликоста што владее на најстариот континент, отворајќи тематски сложени прашања: инклузивност, глобално затоплување, меѓусебно разбирање, правична застапеност на жените, еднаквост, преосмислување на личниот и колективниот идентитет, соочување со загубата, активизам и храброст да се биде различен. Европската литература е литература со исклучителни дела вредни за запознавање. Затоа, кога ќе се каже „Оваа книга е Создадена во Европа“ тоа нè прави сигурни дека во раце држиме литература која ја носи непомирливата моќ на привлечноста и на различноста.
The post „Антолог“ ја објави „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола Перети appeared first on Република.
]]>The post „Антолог“ ја објави „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола Перети appeared first on Република.
]]>Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас.
Романот се базира на вистински случувања кои ги пресретнале германските жени и деца по завршувањето на Втората светска војна.
Ева е мајка која е подготвена да направи сè за своите деца. Со неа поминуваме низ војната што малите херои ја водат со животот и смртта, храната и гладта, очајот и надежта, човечноста и нечовечноста, алчноста и дарежливоста, стравот и храброста, среќата и несреќата, јавето и сонот, со сеќавањата и сегашноста.
„Волчите деца“ се деца кои останале без своите семејства после 1945 година. Се смета дека нивниот број изнесувал од 10 000 до 25 000. Тие растеле со еден родител или без родители и биле лишени од нормално детство, оставени на себе во мрачните пруски шуми. Таму прерано се запознале со одговорноста, несправедливоста и со суровоста на животот. Барале засолниште меѓу литванските семејства каде што не биле секогаш топло добредојдени, најчесто поради страв од депортација на Сибир или затоа што ни тие немале што да јадат. Литванците кои се одлучувале да земат кај себе некое од „волчите деца“, се обидувале прво да ги научат литвански, а потоа да им извадат документи со променети имиња со цел да се заштитат од суровиот советски режим.
СССР за поголемиот број луѓе е доживуван само како ослободител на Европа од фашистичката тиранија, но она што всушност се претставува во романот ни дава слика дека доаѓа до замена на едно зло со друго.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.
Шлепикас (1966) е литвански романсиер, поет, драматург и актер. Дипломирал актерска игра и театарска режија. Работел за телевизија и за театар. Дебитирал како поет во 1994 година. За „Се викам Марите“ добил многубројни награди: книга на годината за 2012 година во Литванија, берлинската награда „Георг Дехио“, а книгата е прогласена и за една од најдобрите за 2019 од списанието „The Times“. Член е на Друштвото на писатели на Литванија и на литванскиот ПЕН Центар.
The post Романот „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас објавен на македонски јазик appeared first on Република.
]]>The post Романот „Се викам Марите“ од Алвидас Шлепикас објавен на македонски јазик appeared first on Република.
]]>Издавачката куќа Антолог ја објави книгата „Сeто тоа ќе ти го дадам“ од Долорес Редондо.
Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.
Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.
Наградата „Планета“ се доделува од 1952 година и е највредната книжевна награда во светот, бидејќи авторот добитник добива еден милион евра. Наградата е основана од Хозе Мануел Лара Ернандез и се наградува најдобриот ракопис напишан на шпански јазик. Меѓу досегашните добитници се Марио Варгас Љоса, Рамиро Пиниља, а Ернесто Сабато ја има добиено но одбил да ја прими наградата.
За авторката: Долорес Редондо (1969) е баскиска писателка што пишува на шпански јазик. Студирала право и гастрономија. По дипломирањето, работела во неколку ресторани, за на крајот да отвори свој локал. Во светот на литературата влегла пишувајќи кратки раскази и приказни за деца. Добитничка е на наградата „Премио планета“ за 2016 година. Со „Бастанската трилогија“ прераснува во глобален книжевен феномен. Трилогијата станува една од најуспешните шпански криминалистички серијали, преведена на повеќе од триесет јазици.
За преведувачката: Виолета Јагев (родена 1953) е дипломиран инженер технолог и преведувач од шпански јазик. Живеела во Перу 17 години, каде што на шпански јазик завршила основно и средно образование и првите две години на факултетот за петрохемија. Дипломирала на Технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со преведување се занимава од 1979 година и има над 40 книжевни преводи. Добитник е на наградата за превод „Ванѓа Чашуле“ во 2012 година и на наградата „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачкиот опус во 2017 година на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи.
The post „Антолог“ ја објави книгата „Сeто тоа ќе ти го дадам“ од Долорес Редондо appeared first on Република.
]]>Издавачката куќа Антолог ја објави книгата „Сeто тоа ќе ти го дадам“ од Долорес Редондо.
Познатиот писател Мануел Ортигоса добива известување дека неговиот сопруг Алваро Муњис де Давила загинал во сообраќајна несреќа во Галиција кога всушност требало да биде на службен пат во Барселона. Се упатува таму и открива дека истрагата за случајот е затворена, а човекот со кој бил во брак петнаесет години криел од него дека потекнува од богато благородничко семејство и дека тој му е единствениот наследник.
Растргнат помеѓу болката од загубата и од сознанието за двојниот живот, сака да избега веднаш по погребот. Но го задржува Ногеира, полицаец во пензија, кој се сомнева во околностите за смртта на Алваро исто како и за друг смртен случај во неговото семејство, за кој мисли дека бил прикажан како несреќен случај. Заедно со свештеникот Лукас, кој му бил најдобар пријател на загинатиот од детството, го наведуваат Мануел да започне истрага за ненадејното патување на Алваро во Галиција и за неговиот таен живот. Ја почнуваат потрагата по вистината во место во кое старите обичаи и верувања се длабоко вкоренети и место што крие многу тајни.
Наградата „Планета“ се доделува од 1952 година и е највредната книжевна награда во светот, бидејќи авторот добитник добива еден милион евра. Наградата е основана од Хозе Мануел Лара Ернандез и се наградува најдобриот ракопис напишан на шпански јазик. Меѓу досегашните добитници се Марио Варгас Љоса, Рамиро Пиниља, а Ернесто Сабато ја има добиено но одбил да ја прими наградата.
За авторката: Долорес Редондо (1969) е баскиска писателка што пишува на шпански јазик. Студирала право и гастрономија. По дипломирањето, работела во неколку ресторани, за на крајот да отвори свој локал. Во светот на литературата влегла пишувајќи кратки раскази и приказни за деца. Добитничка е на наградата „Премио планета“ за 2016 година. Со „Бастанската трилогија“ прераснува во глобален книжевен феномен. Трилогијата станува една од најуспешните шпански криминалистички серијали, преведена на повеќе од триесет јазици.
За преведувачката: Виолета Јагев (родена 1953) е дипломиран инженер технолог и преведувач од шпански јазик. Живеела во Перу 17 години, каде што на шпански јазик завршила основно и средно образование и првите две години на факултетот за петрохемија. Дипломирала на Технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со преведување се занимава од 1979 година и има над 40 книжевни преводи. Добитник е на наградата за превод „Ванѓа Чашуле“ во 2012 година и на наградата „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачкиот опус во 2017 година на Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи.
The post „Антолог“ ја објави книгата „Сeто тоа ќе ти го дадам“ од Долорес Редондо appeared first on Република.
]]>Книжевниот центар „Антолог“ го отвори конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ 2023 година.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката продукција во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор.
За наградата може да се учествува со книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година.
Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да се конкурира со дела преведени од „живи“ и од класични јазици (арапски, старогрчки, санскрит и латински јазик).
Наградата се доделува за превод на дела од сите книжевни видови: проза, поезија и драма.
Право на номинација за наградата имаат издавачки куќи, здруженија на граѓани и преведувачи.
Секоја издавачка куќа или здружение на граѓани имаат право да номинираат најмногу пет книги, а секој преведувач има право да номинира најмногу две книги.
Еден преведувач не може да биде номиниран со повеќе од еден превод.
Конкурсот е отворен до 30 јуни 2023 година.
Номинираните книги може да бидат објавени во хартиена форма или како електронски изданија и мора да имаат ЦИП-запис од Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
Книгите објавени во хартиена форма треба да се достават во три примероци на адресата на издавачката куќа „Антолог“ (улица „Ѓорѓи Пулевски“ број 29, локал 1), а електронските изданија во електронска форма на имејлот [email protected].
Доставените преводи ќе ги оценува тричлена комисија составена од преведувачи, писатели или книжевни критичари.
Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“.
[caption id="attachment_644417" align="alignnone" width="542"] Драги Михајловски[/caption]
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.
The post „Антолог“ го објави конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ 2023 appeared first on Република.
]]>The post „Антолог“ го објави конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ 2023 appeared first on Република.
]]>Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, која ја доби нарадата за литература на Европската Унија за 2021 година.
Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат слики од животот во минатото на нејзиното дисфункционално семејство, на младешките радости и таги, пороци, љубов... Почнува од нејзиното речиси идилично детство, но набргу стигнува до мрачните настани од поблиското минато, цело време промислувајќи ја смислата и потребата за постоење во сегашноста. Товарот на сеќавањето изгледа претежок, и таа го очекува крајот. Со возот, и Марија ќе стигне на својата крајна дестинација. Овој роман ретко дека некого ќе го остави рамнодушен.
Иако навидум главната тема во романот е самоубиството, Фаулерова изјавила дека главната тема е слободата. Слободата во смисла на тоа човекот сам да го направи сопствениот избор – дали да живее или не.
Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.
Луцие Фаулерова (1989) е чешка писателка. Дипломирала бохемистика на Палацкиот универзитет во Оломоуц. Во 2016 година, заедно со авторката Катерина Шеда, ја напишала книгата „БРНОКС – водич низ брненскиот Бронкс“, за која ја добиле наградата Магнезија литера за журналистика. Од 2014 година е редактор на книжевното списание „Алузе“. Најголемиот успех за писателката доаѓа со објавувањето на романот „Девојката Смрт“ во 2020 година, за кој ја добива Наградата за литература на Европската Унија за 2021 година.
„Создадено во Европа: моќта на различноста“ е проект кој опфаќа превод, објавување, дистрибуција и маркетинг на седумнаесет книги кои се идеални репрезенти на моќта на разноликоста што владее на најстариот континент, отворајќи тематски сложени прашања: инклузивност, глобално затоплување, меѓусебно разбирање, правична застапеност на жените, еднаквост, преосмислување на личниот и колективниот идентитет, соочување со загубата, активизам и храброст да се биде различен. Европската литература е литература со исклучителни дела вредни за запознавање. Затоа, кога ќе се каже „Оваа книга е Создадена во Европа“ тоа нè прави сигурни дека во раце држиме литература која ја носи непомирливата моќ на привлечноста и на различноста.
The post „Антолог“ ја објави „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, наградена од ЕУ за 2021 година appeared first on Република.
]]>The post „Антолог“ ја објави „Девојката смрт“ од Луцифе Фаулерова, наградена од ЕУ за 2021 година appeared first on Република.
]]>Со објавувањето на книгата „Големата фабрика за зборови“, издавачката куќа „Антолог“ започнува нова агенда за одговорно однесување кон природата. Проектот предвидува програма наречена „Се грижиме за планетата“. Овој збир принципи опфаќаат конкретни мерки и активности за еколошко, одржливо, етичко и социјално одговорно однесување. Дел од чекорите што ги презема издавачката куќа се печатење на книгите на рециклирана хартија, намалување на печатењето документи и материјали, дигитализирање, активно пошумување, штедење електрична енергија и ресурси, објавување инклузивни книги што ги претставуваат и опфаќаат сите луѓе на планетата, некористење детска работна рака…
Почетната замисла е чекор по чекор да го намалиме влијанието врз природата, а крајната долгогодишна цел е да се доближиме кон прва климатски неутрална издавачка куќа во Македонија. Книгата по која ќе биде запаметен овој пресвртен момент е сликовницата за деца „Големата фабрика за зборови“ од француската писателка Ањес де Лестрад и аргентинската илустраторка Валерија Докампо, која е објавена по највисоки печатарски стандарди, велат од „Антолог“.
Сликовницата „Големата фабрика за зборови“ е преведена на повеќе од триесет јазици. Ањес де Лестрад (1964) е француска новинарка и авторка на сликовници и книги за деца и млади. Освен тоа, осмислува забавни друштвени игри за најмладите, пишува песни и води работилница за креативно пишување. Авторка е на над седумдесет книги. Валерија Докампо (1976) е аргентинска илустраторка, која од 2006 година се посветила исклучиво на илустрирање книги за деца, при што користи класични и дигитални техники и постојано истражува нови изразни форми. Во изданието на „Големата фабрика за зборови“ на македонски јазик преводот од француски е дело на Владо Ефтимов, а ликовно-графичкото обликување е на Марко Трпески.
The post Издавачката куќа „Антолог“ промовира еколошко, одржливо, етичко и социјално одговорно однесување appeared first on Република.
]]>Почетната замисла е чекор по чекор да го намалиме влијанието врз природата, а крајната долгогодишна цел е да се доближиме кон прва климатски неутрална издавачка куќа во Македонија. Книгата по која ќе биде запаметен овој пресвртен момент е сликовницата за деца „Големата фабрика за зборови“ од француската писателка Ањес де Лестрад и аргентинската илустраторка Валерија Докампо, која е објавена по највисоки печатарски стандарди, велат од „Антолог“.Сликовницата „Големата фабрика за зборови“ е преведена на повеќе од триесет јазици. Ањес де Лестрад (1964) е француска новинарка и авторка на сликовници и книги за деца и млади. Освен тоа, осмислува забавни друштвени игри за најмладите, пишува песни и води работилница за креативно пишување. Авторка е на над седумдесет книги. Валерија Докампо (1976) е аргентинска илустраторка, која од 2006 година се посветила исклучиво на илустрирање книги за деца, при што користи класични и дигитални техники и постојано истражува нови изразни форми. Во изданието на „Големата фабрика за зборови“ на македонски јазик преводот од француски е дело на Владо Ефтимов, а ликовно-графичкото обликување е на Марко Трпески.
The post Издавачката куќа „Антолог“ промовира еколошко, одржливо, етичко и социјално одговорно однесување appeared first on Република.
]]>