Ангел Џамбаски Archives - Република https://republika.mk/tema/angel-dzambaski/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 08:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ангел Џамбаски Archives - Република https://republika.mk/tema/angel-dzambaski/ 32 32 Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија https://republika.mk/vesti/balkan/pendikov-e-po-umetnosta-obespraveniot-bugarin-vo-teatarot-vo-sofija/ Mon, 11 Nov 2024 09:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=836256

Христијан Пендиков кој предизвика тензии меѓу Бугарија и Македонија е забележан во татарот во Софија во толпата која негодуваше за претставата на Џон Малкович во која Бугарите се претставени како примитивци.

https://republika.mk/vesti/balkan/prviot-univerzitet-vo-bolona-go-osnovale-bugari/

Тој е забележан како ѕирка од ќошот додека Ангел Џамбаски се пресметува со неистомислениците.

The post Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија appeared first on Република.

]]>

Христијан Пендиков кој предизвика тензии меѓу Бугарија и Македонија е забележан во татарот во Софија во толпата која негодуваше за претставата на Џон Малкович во која Бугарите се претставени како примитивци. https://republika.mk/vesti/balkan/prviot-univerzitet-vo-bolona-go-osnovale-bugari/ Тој е забележан како ѕирка од ќошот додека Ангел Џамбаски се пресметува со неистомислениците.    

The post Пендиков е по уметноста: „Обесправениот“ Бугарин во театарот во Софија appeared first on Република.

]]>
Германски европратеник побара Џамбаски да биде исфрлен од седница на ЕП: Тој шири омраза https://republika.mk/vesti/makedonija/germanski-evropratenik-pobara-dhambaski-da-bide-isfrlen-od-sednitsa-na-ep-toj-shiri-omraza/ Thu, 23 Nov 2023 19:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=715642

Германскиот европратеник од Партијата на зелените, Рајнхард Битикофер, се налути и побара да биде исфрлен бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од седницата на Европскиот парламент, откако Џамбаски предизвика бес во парламентот споредувајќи ги македонските парламентарци присутни во Стразбур со фашизам.

Бриселскиот медиум „ЕУ воч“ ја пренесе атмосферата и реакциите од Европскиот парламент во Стразбур, каде Бугарија беше критикувана за блокадата на Македонија во ЕУ.

Тензијата настана кога бугарскиот европратеник почна да го критикува претседавачот на либералната групација во ЕП, „Обнова на Европа“, дека како што рече, „не споменал ниту еден збор за репресијата, насилството, и негирањето на правото на самоопределување“, против Бугарите во Македонија.

The post Германски европратеник побара Џамбаски да биде исфрлен од седница на ЕП: Тој шири омраза appeared first on Република.

]]>

Германскиот европратеник од Партијата на зелените, Рајнхард Битикофер, се налути и побара да биде исфрлен бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од седницата на Европскиот парламент, откако Џамбаски предизвика бес во парламентот споредувајќи ги македонските парламентарци присутни во Стразбур со фашизам. Бриселскиот медиум „ЕУ воч“ ја пренесе атмосферата и реакциите од Европскиот парламент во Стразбур, каде Бугарија беше критикувана за блокадата на Македонија во ЕУ. Тензијата настана кога бугарскиот европратеник почна да го критикува претседавачот на либералната групација во ЕП, „Обнова на Европа“, дека како што рече, „не споменал ниту еден збор за репресијата, насилството, и негирањето на правото на самоопределување“, против Бугарите во Македонија.

The post Германски европратеник побара Џамбаски да биде исфрлен од седница на ЕП: Тој шири омраза appeared first on Република.

]]>
Пешевска за Џамбаски: Вие сте срам не само за Бугарија, туку и лош пример за европратеник https://republika.mk/vesti/makedonija/peshevska-za-dhambaski-vie-ste-sram-ne-samo-za-bugarija-tuku-i-losh-primer-za-evropratenik/ Thu, 23 Nov 2023 17:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=715606

„Накратко сакам само да ги дообјаснам некој работи на колегата Џамбаски. Вчера очигледно не сте ме разбрале и тоа е доказ дека говориме на различен јазик и уште еднаш ќе ја дообјаснам поентата кога објаснував за состојбата со македонските клубови кои ги нема во Бугарија и бугарските клубови кои ги има во голем број во Македонија. Поентата беше голема, преку тие бројки и статистики што јас ги кажав всушност покажува колку во Бугарија нема демократија, а колку во Македонија има демократија и кога се жалевте дека е запален Бугарски клуб во Македонија ве молам да бидете до крај искрени, бидејќи има причина за тоа“, истакна пратеничката и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на седницата на мешовитиот парламентарен комитет во Европскиот парламент.

Пешевска додаде за тоа дека кога цел свет има расчистено со фашистичкото минато и го осуди фашизмот Бугарија се дрзна во поново време да отвори клубови со имиња на фашисти, блиски соработници на Хитлер. Борис Трети, Цар Фердинанд итн.

„Мислам дека покажавте како држава со тоа што нема ниту еден македонски клуб колку сте демократски во однос на оваа тема. Да говорите за говор на омраза кон жени нешто за што јас како претседателка на Унијата на жени во нашата партија многу пати сум осудувала или сум застанувала во одбрана дури и на жени од опонент партија, а да го применуваш е навистина контрадикторно, навистина треба добро да си ги прегледате снимките кога зборувате овдека и се обраќате“, вели Пешевска.

Пешевска на Џамбаски му посочи дека таа има пријатели од Бугарија кои не се однесуваат вака, напротив се однесуваат многу по европски од него и по пријателски.

За жал, вие сте срам не само за Бугарија, туку и лош пример за Европратеник, му порача таа на Џамбаски.

„Во излагањето на колегата Џамбаски имаше една констатација дека секоја земја кандидат мора да го почитува правото на самоопределување. Јас би дополнила дека секоја членка на ЕУ треба да го почитува правото на самоопределување. За жал во 21-от век во Бугарскиот парламент имате партија која носи име „Има таков народ“, таа партија сериозно работи на проектот нема таков народ, а се однесува на Македонците во Македонија. Според тој проект не постојат македонски народ, македонска нација, македонски јазик, посебно македонска историја и јас не би сакала како политичари оваа сесија да помине во историски лекции, мислам дека тоа и те како треба да е научена лекција дека треба да оставиме на историчарите“, посочи Пешевска.

Пешевска се осврна и за демократијата низ бројки и статистики.

„Во Македонија има отворено над 20 бугарски клубови, тоа значи дека Бугарите во Македонија имаат право на самоопределување и здружување нешто што го немаат Македонците во Бугарија, во Благоевград се отвори еден македонски клуб за личност што беше од двете страни општо прифатена за да следниот ден со одлука на Советот на Благоевград се укине и се затвори. Тоа говори за демократијата во двете држави“, изјави Пешевска.

Пешевска исто така запраша за тоа кога Бугарија како држава била поискрена кога влегувала во ЕУ и кога велела дека нема отворени билатерални прашања со ниту еден сосед или сега кога кажува дека има проблем со нивниот сосед?

„За говорот на омраза во двете држави исто се говори преку статистики и релевантни извештаи. За илустрација до комисијата за борба против дискриминација, заклучно со 11.3.2021 година поднесени се вкупно 34 поплаки за дискриминација и тоа 7 од физички лица Македонци со бугарска самосвест. 26 од  само едно исто здружение во 25 од  случаевите, замислете комисијата констатирала единствено говор на омраза против Бугарите на социјалните мрежи што укажува за обид за фингирање на наводен дискриминаторски однос кој не е однос на релевантните институции. Ниту од Владата ниту од Собрание, ниту на официјални државни институции нема говор на омраза што не е случај со Бугарија, од најголемиот авторитет во Бугарија од претседател на држава до парламент, Влада, пратеници, носење резолуции против македонскиот јазик итн имаше говор на омраза. Значи правото на здружување на Бугарите во Македонија е загарантирано и веќе го имаат. Почитувањето на Копенхашките критериуми јас ќе се повикам и на почитување на одлуките од Судот за човекови права во Стразбур и ве повикувам да ги почитувате и спроведете пресудите за македонското малцинство во Бугарија“, заклучи Пешевска.

The post Пешевска за Џамбаски: Вие сте срам не само за Бугарија, туку и лош пример за европратеник appeared first on Република.

]]>

„Накратко сакам само да ги дообјаснам некој работи на колегата Џамбаски. Вчера очигледно не сте ме разбрале и тоа е доказ дека говориме на различен јазик и уште еднаш ќе ја дообјаснам поентата кога објаснував за состојбата со македонските клубови кои ги нема во Бугарија и бугарските клубови кои ги има во голем број во Македонија. Поентата беше голема, преку тие бројки и статистики што јас ги кажав всушност покажува колку во Бугарија нема демократија, а колку во Македонија има демократија и кога се жалевте дека е запален Бугарски клуб во Македонија ве молам да бидете до крај искрени, бидејќи има причина за тоа“, истакна пратеничката и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на седницата на мешовитиот парламентарен комитет во Европскиот парламент. Пешевска додаде за тоа дека кога цел свет има расчистено со фашистичкото минато и го осуди фашизмот Бугарија се дрзна во поново време да отвори клубови со имиња на фашисти, блиски соработници на Хитлер. Борис Трети, Цар Фердинанд итн. „Мислам дека покажавте како држава со тоа што нема ниту еден македонски клуб колку сте демократски во однос на оваа тема. Да говорите за говор на омраза кон жени нешто за што јас како претседателка на Унијата на жени во нашата партија многу пати сум осудувала или сум застанувала во одбрана дури и на жени од опонент партија, а да го применуваш е навистина контрадикторно, навистина треба добро да си ги прегледате снимките кога зборувате овдека и се обраќате“, вели Пешевска. Пешевска на Џамбаски му посочи дека таа има пријатели од Бугарија кои не се однесуваат вака, напротив се однесуваат многу по европски од него и по пријателски. За жал, вие сте срам не само за Бугарија, туку и лош пример за Европратеник, му порача таа на Џамбаски. „Во излагањето на колегата Џамбаски имаше една констатација дека секоја земја кандидат мора да го почитува правото на самоопределување. Јас би дополнила дека секоја членка на ЕУ треба да го почитува правото на самоопределување. За жал во 21-от век во Бугарскиот парламент имате партија која носи име „Има таков народ“, таа партија сериозно работи на проектот нема таков народ, а се однесува на Македонците во Македонија. Според тој проект не постојат македонски народ, македонска нација, македонски јазик, посебно македонска историја и јас не би сакала како политичари оваа сесија да помине во историски лекции, мислам дека тоа и те како треба да е научена лекција дека треба да оставиме на историчарите“, посочи Пешевска. Пешевска се осврна и за демократијата низ бројки и статистики.
„Во Македонија има отворено над 20 бугарски клубови, тоа значи дека Бугарите во Македонија имаат право на самоопределување и здружување нешто што го немаат Македонците во Бугарија, во Благоевград се отвори еден македонски клуб за личност што беше од двете страни општо прифатена за да следниот ден со одлука на Советот на Благоевград се укине и се затвори. Тоа говори за демократијата во двете држави“, изјави Пешевска.
Пешевска исто така запраша за тоа кога Бугарија како држава била поискрена кога влегувала во ЕУ и кога велела дека нема отворени билатерални прашања со ниту еден сосед или сега кога кажува дека има проблем со нивниот сосед?
„За говорот на омраза во двете држави исто се говори преку статистики и релевантни извештаи. За илустрација до комисијата за борба против дискриминација, заклучно со 11.3.2021 година поднесени се вкупно 34 поплаки за дискриминација и тоа 7 од физички лица Македонци со бугарска самосвест. 26 од  само едно исто здружение во 25 од  случаевите, замислете комисијата констатирала единствено говор на омраза против Бугарите на социјалните мрежи што укажува за обид за фингирање на наводен дискриминаторски однос кој не е однос на релевантните институции. Ниту од Владата ниту од Собрание, ниту на официјални државни институции нема говор на омраза што не е случај со Бугарија, од најголемиот авторитет во Бугарија од претседател на држава до парламент, Влада, пратеници, носење резолуции против македонскиот јазик итн имаше говор на омраза. Значи правото на здружување на Бугарите во Македонија е загарантирано и веќе го имаат. Почитувањето на Копенхашките критериуми јас ќе се повикам и на почитување на одлуките од Судот за човекови права во Стразбур и ве повикувам да ги почитувате и спроведете пресудите за македонското малцинство во Бугарија“, заклучи Пешевска.

The post Пешевска за Џамбаски: Вие сте срам не само за Бугарија, туку и лош пример за европратеник appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот европратеник ја нападна ВМРО-ДПМНЕ и одново провоцира: Македонија е бугарска https://republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-evropratenik-ja-napadna-vmro-dpmne-i-odnovo-provotsira-makedonija-e-bugarska/ Mon, 12 Jun 2023 17:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=650598

Бугарскјиот европратеник Ангел Џамбаски повторно со провокации кон Македонија. Овојпат, тој ги насочи критиките кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Животот и честа на Бугарите мора да бидат гарантирани!
Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Севе исклучително важен чекор кон целосна заштита на нивните права.
ДПМНЕ очигледно не разбираат дека е во интерес на македонските граѓани да ги почитуваат меѓународните договори и услови. Не е ЕУ таа што треба да ја земе предвид српско-болшевичката фракција во Скопје, туку сосема спротивното. Има јасни критериуми, Македонија не ги исполнува. Исто така, не го исполнува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Долгорочно, ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски. Европа не може да си дозволи да прифати, па дури и да преговара со земја која одбива да игра според правилата. Затоа, непочитуван Мицкоски и патетичните југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што и се случило на Македонија.

Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омразата на која почива таканаречениот „идентитет“. Кулата на лагите и фалсификациите се руши затоа што вистината е на наша страна. А тоа е дека Македонија е БУГАРСКА!“ порача Џамбаски.

The post Бугарскиот европратеник ја нападна ВМРО-ДПМНЕ и одново провоцира: Македонија е бугарска appeared first on Република.

]]>

Бугарскјиот европратеник Ангел Џамбаски повторно со провокации кон Македонија. Овојпат, тој ги насочи критиките кон ВМРО-ДПМНЕ. „Животот и честа на Бугарите мора да бидат гарантирани! Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Севе исклучително важен чекор кон целосна заштита на нивните права. ДПМНЕ очигледно не разбираат дека е во интерес на македонските граѓани да ги почитуваат меѓународните договори и услови. Не е ЕУ таа што треба да ја земе предвид српско-болшевичката фракција во Скопје, туку сосема спротивното. Има јасни критериуми, Македонија не ги исполнува. Исто така, не го исполнува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Долгорочно, ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски. Европа не може да си дозволи да прифати, па дури и да преговара со земја која одбива да игра според правилата. Затоа, непочитуван Мицкоски и патетичните југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што и се случило на Македонија. Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омразата на која почива таканаречениот „идентитет“. Кулата на лагите и фалсификациите се руши затоа што вистината е на наша страна. А тоа е дека Македонија е БУГАРСКА!“ порача Џамбаски.

The post Бугарскиот европратеник ја нападна ВМРО-ДПМНЕ и одново провоцира: Македонија е бугарска appeared first on Република.

]]>
Џамбаски се разболе, жали што не дојде во Скопје https://republika.mk/vesti/balkan/dhambaski-se-razbole-zhali-shto-ne-dojde-vo-skopje/ Thu, 18 May 2023 11:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=642271

Ангел Џамбаски вчера не дојде во Скопје како дел од мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, чиј член е европратеникот Џамбаски.

Џамбаски инаку е на таканаречената„црна листа“ граѓани на Бугари на кои им е забранет влез во земјава поради навреди и омаловажувања кон македонскиот народ. Сепак ова се однесува на приватни посети, но не и како дел на официјални делегации.

„Ако овие луѓе сакаат да дојдат во Македонија како дел од делегацијата на Европскиот парламент , тие се секогаш добредојдени. Меѓутоа, ако доаѓаат приватно без разлика кои се нивните мотиви и без разлика дали се пратеници во Европарламентот, не може да им се дозволи влез“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Џамбаски за недоаѓањето беше правдан со настинка

The post Џамбаски се разболе, жали што не дојде во Скопје appeared first on Република.

]]>

Ангел Џамбаски вчера не дојде во Скопје како дел од мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, чиј член е европратеникот Џамбаски. Џамбаски инаку е на таканаречената„црна листа“ граѓани на Бугари на кои им е забранет влез во земјава поради навреди и омаловажувања кон македонскиот народ. Сепак ова се однесува на приватни посети, но не и како дел на официјални делегации.
„Ако овие луѓе сакаат да дојдат во Македонија како дел од делегацијата на Европскиот парламент , тие се секогаш добредојдени. Меѓутоа, ако доаѓаат приватно без разлика кои се нивните мотиви и без разлика дали се пратеници во Европарламентот, не може да им се дозволи влез“, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Џамбаски за недоаѓањето беше правдан со настинка

The post Џамбаски се разболе, жали што не дојде во Скопје appeared first on Република.

]]>
Денеска треба да дојде Џамбаски: Ќе ги покаже ли Ковачевски „болс-от“? https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-treba-da-dojde-dhambaski-ke-gi-pokazhe-li-kovachevski-bols-ot/ Tue, 16 May 2023 08:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=641240

Денеска треба да се оджи состанок на мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ. Претставници на комитетот се Соња Мираковска и Андреас Шиле.

Како што е најавено, со европската парламентарна делегација во Скопје треба да дојдат и бугарските европратеници Ангел Џамбаски и Александар Јорданов, како претставници на две различни политички семејства во Европарламентот.

Но, посебен предизвик во актуелниот миг е дали полициските државни власти ќе му дозволат влез во државата на Ангел Џамбаски, кој на 4 февруари, на денот на чествувањето на годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев, наспроти најавите, не дојде во Македонија. Исчекувањето е големо, зашто на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев не му беше дозволен влез во државата на 6 мај за да учествува на чествувањето на денот на бугарската армија на гробиштата во струмичко Ново Село.

За потсетување, во пресрет на 4 февруари, на 23 јануари претседателот Стево Пендаровски го свика Националниот совет за безбедност на кој беше донесена одлука да се преземат сите безбедносни мерки за да се спречат било какви инциденти на денот на чествувањето. Дотолку повеќе што претходно, на денот на панихидата на Мара Бунева, Џамбаски и бугарскиот пратеник и претседател на „Преродба“, Костадин Костадинов, среде Скопје излегоа со нивни познати ставови за целосно негирање на постоење на македонскиот народ и видување на Македонија како втора бугарска држава.

Од денешната одлука на граничните полициски власти ќе се види дали премиерот Димитар Ковачевски-Таче ќе ги покаже „болс-от“ или ќе манифестира двојни стандарди во дозволувањето влез во државата на бугарските европратеници, прашува „Пресинг ТВ“.

Извор: Pressing TV

The post Денеска треба да дојде Џамбаски: Ќе ги покаже ли Ковачевски „болс-от“? appeared first on Република.

]]>

Денеска треба да се оджи состанок на мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ. Претставници на комитетот се Соња Мираковска и Андреас Шиле. Како што е најавено, со европската парламентарна делегација во Скопје треба да дојдат и бугарските европратеници Ангел Џамбаски и Александар Јорданов, како претставници на две различни политички семејства во Европарламентот. Но, посебен предизвик во актуелниот миг е дали полициските државни власти ќе му дозволат влез во државата на Ангел Џамбаски, кој на 4 февруари, на денот на чествувањето на годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев, наспроти најавите, не дојде во Македонија. Исчекувањето е големо, зашто на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев не му беше дозволен влез во државата на 6 мај за да учествува на чествувањето на денот на бугарската армија на гробиштата во струмичко Ново Село. За потсетување, во пресрет на 4 февруари, на 23 јануари претседателот Стево Пендаровски го свика Националниот совет за безбедност на кој беше донесена одлука да се преземат сите безбедносни мерки за да се спречат било какви инциденти на денот на чествувањето. Дотолку повеќе што претходно, на денот на панихидата на Мара Бунева, Џамбаски и бугарскиот пратеник и претседател на „Преродба“, Костадин Костадинов, среде Скопје излегоа со нивни познати ставови за целосно негирање на постоење на македонскиот народ и видување на Македонија како втора бугарска држава. Од денешната одлука на граничните полициски власти ќе се види дали премиерот Димитар Ковачевски-Таче ќе ги покаже „болс-от“ или ќе манифестира двојни стандарди во дозволувањето влез во државата на бугарските европратеници, прашува „Пресинг ТВ“. Извор: Pressing TV  

The post Денеска треба да дојде Џамбаски: Ќе ги покаже ли Ковачевски „болс-от“? appeared first on Република.

]]>
Џамбаски: Изјавата на Пендаровски е „скандалозна и антибугарска“ https://republika.mk/vesti/balkan/dhambaski-izjavata-na-pendarovski-e-skandalozna-i-antibugarska/ Sun, 12 Mar 2023 21:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=618896

Изјавата на претседателот Стево Пендаровски за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е „скандалозна и антибугарска“ и побара итна реакција од бугарското МНР.

Нашето Министерство за надворешни работи мора да реагира итно и да побара извинување од Пендаровски. Уште еднаш лажеше дека властите во Софија се вклучени во депортацијата на Евреите од територијата на денешната Македонија. Докажан историски факт е дека ова е целосна лага. Одделно Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка влада. Докажан историски факт – Кралството Бугарија никогаш не било на власт ниту владеело ниту со фашистички ниту национал социјалисти, пишува Џамбаски.

Според него, „лагите на Пендаровски“ се тешка навреда за бугарскиот народ и оти имаат за цел понижување и негирање на историската улога и заслуга на бугарскиот цар, црквата, политичарие и народот кои единствени во Европа ги спасиле од депортација и смрт.

Дрскоста на ксенофобната, антибугарска, антиевропска власт во Скопје оди до тоа да се обиде да ја негира оваа неспорна историска заслуга на нашата нација, која, ќе повторам, единствена во Европа, од која сега разни политички бескичметници се обидуваат да нè научат на ум и разум, се осмелија да му се спротивстават на Хитлер и ги спасија неговите Евреи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-da-ima-pomiruvane-bugarija-treba-da-se-izvini-za-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/

The post Џамбаски: Изјавата на Пендаровски е „скандалозна и антибугарска“ appeared first on Република.

Џамбаски бара вето, зашто „Бугарите во Македонија се претепуваат до смрт“ https://republika.mk/vesti/balkan/dhambaski-bara-veto-zashto-bugarite-vo-makedonija-se-pretepuvaat-do-smrt/ Fri, 17 Feb 2023 10:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=610111

Европратеникот Ангел Џамбаски пред парламентарните избори во април подготвува патриотски фронт и преговара за обединување на „сите родољубиви патриотски организации“ за да спречи национално предавство во бугарското Народно собрание.

Без обединување на патриотските партии во Народното собрание се спроведува национално предавство. Видовте што се случи, ВМРО го немаше во Собранието, па срамните антибугарски сили веднаш се обединија и ја предадоа Македонија“, изјави Џамбаски во интервју за Нова ТВ, нарекувајќи ги „безкарактерни безрбетници“.

Резултат на таквото предавство, како што вели, била засилената антибугарска кампања во Македонија, засилување на омразата, напади врз македонските Бугари и бугарските клубови, па затоа во Собранието требало да биде претставен тој дел од општеството кој во моментов го нема. Сепак, тврди дека нема да разговара со Преродба на Костадин Костадинов, бидејќи тие не го штителе бугарскиот национален интерес, туку работеле за руски интереси.

Во интервјуто Џамбаски потврдува дека бара враќање на ветото.

Сакаме враќање на ветото бидејќи во РС Македонија „бугаромразачката“ власт ги напаѓа луѓето со бугарска самосвест. Тоа е спротивно на вредностите на ЕУ, меѓу кои и на правото на национална самоопределба, правото на здружување и правото да се нарекуваш како сакаш. Во Македонија тие права им се одземени на локалните Бугари. Тие имаат само северномакедонско државјанство и се претепуваат до смрт, вели тој.

Во однос на ветото, Џамбаски објаснува дека тоа уште не е ставено, туку се става кога ќе почнат преговорите или на крајот од преговорите, но нивната цел е да не се дава зелено светло за почеток на преговорите додека не се исполнат неопходните услови и, како што вели, додека Република Македонија не се обиде да стане барем малку нормална европска држава.

– Условите се императивно Бугарите веднаш да се внесат во Уставот како државотворен народ, да запре јазикот на омраза, да се сменат учебниците и да не се фалсификува бугарската историја. А не власта да „си ги измие рацете“ со најлесната работа-внесување на Бугарите во Уставот, изјави Џамбаски и потврди дека имало политички притисок врз Софија со различни методи од разни амбасади.

The post Џамбаски бара вето, зашто „Бугарите во Македонија се претепуваат до смрт“ appeared first on Република.

]]>

Европратеникот Ангел Џамбаски пред парламентарните избори во април подготвува патриотски фронт и преговара за обединување на „сите родољубиви патриотски организации“ за да спречи национално предавство во бугарското Народно собрание.
Без обединување на патриотските партии во Народното собрание се спроведува национално предавство. Видовте што се случи, ВМРО го немаше во Собранието, па срамните антибугарски сили веднаш се обединија и ја предадоа Македонија“, изјави Џамбаски во интервју за Нова ТВ, нарекувајќи ги „безкарактерни безрбетници“.
Резултат на таквото предавство, како што вели, била засилената антибугарска кампања во Македонија, засилување на омразата, напади врз македонските Бугари и бугарските клубови, па затоа во Собранието требало да биде претставен тој дел од општеството кој во моментов го нема. Сепак, тврди дека нема да разговара со Преродба на Костадин Костадинов, бидејќи тие не го штителе бугарскиот национален интерес, туку работеле за руски интереси. Во интервјуто Џамбаски потврдува дека бара враќање на ветото.
Сакаме враќање на ветото бидејќи во РС Македонија „бугаромразачката“ власт ги напаѓа луѓето со бугарска самосвест. Тоа е спротивно на вредностите на ЕУ, меѓу кои и на правото на национална самоопределба, правото на здружување и правото да се нарекуваш како сакаш. Во Македонија тие права им се одземени на локалните Бугари. Тие имаат само северномакедонско државјанство и се претепуваат до смрт, вели тој.
Во однос на ветото, Џамбаски објаснува дека тоа уште не е ставено, туку се става кога ќе почнат преговорите или на крајот од преговорите, но нивната цел е да не се дава зелено светло за почеток на преговорите додека не се исполнат неопходните услови и, како што вели, додека Република Македонија не се обиде да стане барем малку нормална европска држава.
– Условите се императивно Бугарите веднаш да се внесат во Уставот како државотворен народ, да запре јазикот на омраза, да се сменат учебниците и да не се фалсификува бугарската историја. А не власта да „си ги измие рацете“ со најлесната работа-внесување на Бугарите во Уставот, изјави Џамбаски и потврди дека имало политички притисок врз Софија со различни методи од разни амбасади.

The post Џамбаски бара вето, зашто „Бугарите во Македонија се претепуваат до смрт“ appeared first on Република.

]]>
Џамбаски: Ќе одиме во Македонија кога сакаме и како сакаме https://republika.mk/vesti/makedonija/dhambaski-ke-odime-vo-makedonija-koga-sakame-i-kako-sakame/ Sat, 04 Feb 2023 16:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=604835

„Непуштањето Бугари во РСМ е вистински срам и неуспех на бугарската политичка класа. На денот на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на бугарскиот револуционер“.

Ова за бугарска НОВА го изјави копретседателот на ВМРО и европратеник Ангел Џамбаски, коментирајќи ги информациите за Бугари запрени на границата.

„Ќе одиме во Cеверна Македонија кога и како ќе одлучиме и кога и како сакаме. Ние сме ВМРО и нема да дозволиме никој да ни диктира кога да одиме, каде да одиме и каде да не одиме. Но, тоа што се случи на границата со РСМ е вистинскиот срам и неуспех на бугарската политичка класа која гласаше за укинување на таканареченото вето.Затоа што видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на Гоце Делчев“, рече европратеникот.

Според него, тој веќе ги известил колегите од ЕП поради постапките на Скопје.

„Сепак, резултатот ќе биде нула. Овие луѓе се слепи, неми и глуви кога станува збор за кршење на правата на Бугарите во Македонија. Ама кога тепаат Бугари во РСМ – траат. Ова е вистинскиот срам и вистинскиот неуспех“, нагласи тој.

„Народниот пратеник од Пловдив, Ангел Георгиев, до неодамна беше прет епан и уапсен од македонските граничари на граничниот премин Ѓуешево, додека од неговиот телефон директно пренесуваше на Фејсбук. Ова веќе не е провокација од хулигани или опозициски партии во Македонија. Ова е бесрамна провокација на Владата на Македонија!!!“- напиша лидерот на „Вазраждане“ (Преродба) , Костадин Костадинов, откако се појавија информации за проблеми на границата со Македонија.

The post Џамбаски: Ќе одиме во Македонија кога сакаме и како сакаме appeared first on Република.

]]>

„Непуштањето Бугари во РСМ е вистински срам и неуспех на бугарската политичка класа. На денот на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на бугарскиот револуционер“.
Ова за бугарска НОВА го изјави копретседателот на ВМРО и европратеник Ангел Џамбаски, коментирајќи ги информациите за Бугари запрени на границата.
„Ќе одиме во Cеверна Македонија кога и како ќе одлучиме и кога и како сакаме. Ние сме ВМРО и нема да дозволиме никој да ни диктира кога да одиме, каде да одиме и каде да не одиме. Но, тоа што се случи на границата со РСМ е вистинскиот срам и неуспех на бугарската политичка класа која гласаше за укинување на таканареченото вето.Затоа што видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на Гоце Делчев“, рече европратеникот.
Според него, тој веќе ги известил колегите од ЕП поради постапките на Скопје. „Сепак, резултатот ќе биде нула. Овие луѓе се слепи, неми и глуви кога станува збор за кршење на правата на Бугарите во Македонија. Ама кога тепаат Бугари во РСМ – траат. Ова е вистинскиот срам и вистинскиот неуспех“, нагласи тој.
„Народниот пратеник од Пловдив, Ангел Георгиев, до неодамна беше прет епан и уапсен од македонските граничари на граничниот премин Ѓуешево, додека од неговиот телефон директно пренесуваше на Фејсбук. Ова веќе не е провокација од хулигани или опозициски партии во Македонија. Ова е бесрамна провокација на Владата на Македонија!!!“- напиша лидерот на „Вазраждане“ (Преродба) , Костадин Костадинов, откако се појавија информации за проблеми на границата со Македонија.

The post Џамбаски: Ќе одиме во Македонија кога сакаме и како сакаме appeared first on Република.

]]>
Tоа што се случува на границата е срам: Се огласи Џамбаски од Благоевград https://republika.mk/vesti/balkan/toa-shto-se-sluchuva-na-granitsata-e-sram-se-oglasi-dhambaski-od-blagoevgrad/ Sat, 04 Feb 2023 11:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=604751

Се огласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од Благоевград каде што присуствуваше на чествувањето на Гоце Делчев, преку видео порака објавена на социјалната мрежа Фејсбук, во кое пак потенцира дека тоа што се случувало на граничните премини со  Македонија било „апсолутен срам“.

Ги запираат бугарските граѓани, ги задржуваат, ги малтретираат. Тактиката не е да ги запрат луѓето, затоа што немаат причина за тоа, но сосема спокојно можат да задржуваат автомобили и автобуси по неколку часа, само за бесрамно да ги задржуваат. Вашите колеги, но и Бугарите кои се на границата, ми кажаа дека нема утврдено време во кое бугарската делегација ќе положи цвеќе. Тоа е невиден срам - изјави Џамбаски.

Во видеото Џамбаски не пропушти повторно да ја негира македонската држава.

The post Tоа што се случува на границата е срам: Се огласи Џамбаски од Благоевград appeared first on Република.

Џамбаски сепак си остана во Благоевград, оттаму ги упати навредите https://republika.mk/vesti/makedonija/dhambaski-sepak-si-ostana-vo-blagoevgrad-ottamu-gi-upati-navredite/ Sat, 04 Feb 2023 09:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=604688

Иако бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски првично најави дека ќе дојде во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска тој сепак остана во Благоевград, каде од пред споменик ги упати своите вообичаени провокации и пораки.

The post Џамбаски сепак си остана во Благоевград, оттаму ги упати навредите appeared first on Република.

Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот нека го пикнат во куќичките на Страцин и нека го земат со авион https://republika.mk/vesti/makedonija/petrov-ako-dhambaski-go-prekrshi-zakonot-neka-go-piknat-vo-kukichkite-na-stratsin-i-neka-go-zemat-so-avion/ Wed, 01 Feb 2023 21:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=603570

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров го спореди европратеникот Ангел Џамбаски „со лицата кои што на стадион ќе истрчаат голи и гледаат да се сврти целата јавност кон нив“.

Неговата поддршка во јавноста во Бугарија е нула. Тој ако се појави во државата тој треба да биде соочен со законите на држава, на ист начин како и секој друг граѓанин на Македонија. Доколку го прекрши законот, уште на кукичките на Страцин кај што е полицијата, да го пикнат внатре, да го задржат 24 часа, па после нека го земаат со авион назад, рече Петров во вестите на Тв Сител нагласувакќи дека одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев ќе биде организирано спрема највиоските безбедносни стандарди.

The post Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот нека го пикнат во куќичките на Страцин и нека го земат со авион appeared first on Република.

Пендаровски не се чувствува загрозен за личната безбедност, не е подигнато нивото на готовност https://republika.mk/vesti/pendarovski-ne-se-chuvstvuva-zagrozen-za-lichnata-bezbednost-ne-e-podignato-nivoto-na-gotovnost/ Fri, 27 Jan 2023 21:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=601800

Претседателот Стево Пендаровски вели дека не се чувствуа загрозен за личната безбедност по изјавите на бугарскиот еврoпратеник Ангел Џамбаски.

Се шегував на оваа тема, само треба да ги изгаснеме светлата, затоа сме на една ваква локација, длабоко во шума скриени и секоја вечер откако Џамбаски ја даде таа изјава, спијам во различен стан. Се разбира, се шегувам, одговори Пендаровски на прашањето дали се чувствува безбеден.

Пендаровски додаде и дека и не е подигнато нивото на готовност, за неговата безбедност.

Новиот Владо Черноземски, како што самиот се претставува, беше во оваа иста сала, пред три години, кога беше дел од делегацијата предводена од Бојко Борисов, за 2 Август. Него практично го немаше нигде, и Борисов, кој тогаш беше премиер, кон него се однесуваше како последно дупче на свиралче. Апсолутно не му даде да зборува. Само во еден момент кога ме праша Борисов што препорачуваш, што забележуваш од наша страна, а тоа беше првата година после затоплување на односите, кој го расипува овој тренд, јас му кажав овие што седат лево и десно од тебе, Ковачев и Џамбаски, затоа што од сабајле до вечер на Фејсбук пишуваат против нас. Потоа тој се сврте накај Џамбаски и му рече „Од утре ниедна објава на Фејсбук, разбра?“, кажа Пендаровски.

На прашање за отсуство на реакции за изјавите на Џамбаски, Пендаровски вели дека имаше јасна осуда од евроамбасадорот Гир.

Тој кажа дека таква реторика не е прифатлива кон шеф на една суверена држава и сметам дека тоа е повеќе од доволно, бидејќи тоа и е европски став, дециден е Пендаровски.

The post Пендаровски не се чувствува загрозен за личната безбедност, не е подигнато нивото на готовност appeared first on Република.

Mлака рекација на ЕУ за однесувањето на Џамбаски https://republika.mk/vesti/makedonija/mlaka-rekatsija-na-eu-za-odnesuvaneto-na-dhambaski/ Fri, 27 Jan 2023 07:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=601475

По заладените односите меѓу Скопје и Софија по инцидентот во Охрид, изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски и повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, од ЕУ апел да се смират тензиите и двете влади да продолжат да комуницираат со „ладна глава“ и со спроведувањето на Договорот за добрососедство.

Извори од ЕУ посочуваат дека и покрај загрижувачките изјави од некои поединци, кои ги поткопуваат добрите односи меѓу двете земји и постигнатите добри резултати во однос на трговска размена, во интерес на Бугарија и Македонија е одржување на добрососедските односи и она што е важно, намалување на тензиите, а двете влади да продолжат да разговараат, бидејќи Брисел не сака да увезува спорови.

Според ЕУ, добрососедските односи се клучен дел од пристапните процеси и во тој контекст се очекува спроведување на билатералните договори, како Преспанскиот и на Договорот за добросоедство со Бугарија, во добра волја и од сите страни.

Во однос на изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со кои изразуваше територијалните претензии кон земјава, вчера реагираше и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој ги осуди ваквите ставови и ги оцени како неприфатливи. Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави и подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За завчерашните забелешки на Џамбаски упатени кон претседателот Стево Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не претставува ставот на ЕУ.

– Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кого било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена земја, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

The post Mлака рекација на ЕУ за однесувањето на Џамбаски appeared first on Република.

]]>

По заладените односите меѓу Скопје и Софија по инцидентот во Охрид, изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски и повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, од ЕУ апел да се смират тензиите и двете влади да продолжат да комуницираат со „ладна глава“ и со спроведувањето на Договорот за добрососедство. Извори од ЕУ посочуваат дека и покрај загрижувачките изјави од некои поединци, кои ги поткопуваат добрите односи меѓу двете земји и постигнатите добри резултати во однос на трговска размена, во интерес на Бугарија и Македонија е одржување на добрососедските односи и она што е важно, намалување на тензиите, а двете влади да продолжат да разговараат, бидејќи Брисел не сака да увезува спорови. Според ЕУ, добрососедските односи се клучен дел од пристапните процеси и во тој контекст се очекува спроведување на билатералните договори, како Преспанскиот и на Договорот за добросоедство со Бугарија, во добра волја и од сите страни. Во однос на изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски со кои изразуваше територијалните претензии кон земјава, вчера реагираше и евроамбасадорот Дејвид Гир, кој ги осуди ваквите ставови и ги оцени како неприфатливи. Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави и подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ. За завчерашните забелешки на Џамбаски упатени кон претседателот Стево Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не претставува ставот на ЕУ.
– Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кого било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена земја, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

The post Mлака рекација на ЕУ за однесувањето на Џамбаски appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го диктираше Законот за да избегне да каже дали ќе му се забрани влез на Џамбаски https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-diktirashe-zakonot-za-da-izbegne-da-kazhe-dali-ke-mu-se-zabrani-vlez-na-dhambaski/ Thu, 26 Jan 2023 14:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=601330

Во последните денови гледаме дека ескалираат односите помеѓу Бугарија и Македонија. За жал страната која што е оштетена во оваа ескалација е Република Македонија, чувствата на граѓаните но и европската перспектива на државата. Затоа моето прво прашање до претседателот на владата е поврзано со заседанието на советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски на кое што се разговараше и разгледуваше оваа тема македонско-бугарските односи, вели Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница и го праша Ковачевски кои се лицата кои што ги разгледувале на советот на Национална безбедност за прогласување на персона нон грата бидејќи не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци.

Првото прашање е поврзано со членот 11 од Законот за странци односно дали владата согласно членот 11 ја разгледувала препораката за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Бугарија вклучително и на еден пратеник за кој што има основа да се тврди дека не ги исполнуваат критериумите за зачувување на јавниот поредок во Република Македонија, нивното делување е спротивно националната безбедност а исто така ги загрозува и македонските меѓународни односи. И прашањето е дали и кога ќе се разгледува ова прашање и кои лица до сега сте ги имале во предвид како лица кои што претставуваат ризик и не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци.

Второто прашање се однесуваше за повлекување на бугарскиот амбасадор од Македонија, за кој што како што рече Милошоски е чин на спуштање на дипломатските односи меѓу двете држави и го праша Ковачевски кој е неговиот став по однос на овие случувања.

Второто прашање е до Ковачевски за повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија. само за вовед да кажам дека повлекување на амбасадор од една соседна држава е чин на спуштање на дипломатските односи. Исто така повлекување на амбасадорот претставува на некој начин и потценување на државата-домаќин, бидејќи се спушта на нивото на комуникација. Прашањето до премиерот е кој е вашиот став и како гледате на овој развој на настаните? Како го оценувате овој потег на повлекување на нивниот амбасадор при што соседната држава Бугарија тврди дека тоа го прави во знак на незадоволство од односот на институциите во Македонија кон Република Македонија, изјави Милошоски.

Безбедносните служби ги прават извештаите и анализите, согласно кои ќе се одлучи дали европратеникот, Ангел Џамбаски, ќе може да влезе во Македонија или ќе биде персона нон-грата и ќе остане на граница. Ова е заклучокот од одговорот на премиерот, Димитар Ковачевски, кој додадек дека освен Џамбаски, предлогот е на списокот да се најдат и други лица од Бугарија.

Странец кој има намера да присуствува до 90 дена во државата или во било кој период до 180 дена, може да му се забрани престој односно влез во Македонија доколку е лице кое во системот за контрола има забрана за влез, доколку претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, меѓународните односи. Согласно со извештаите, анализите на безбедносните служби на државата и кои што ги има МВР, на денот на одбележувањето, како и во деновите претходно, МВР ќе постапи согласно податоците кои ги има од свои извори и од службите, согласно со заклучокот на Владата, МВР да обезбеди мирно чествување на 4-ти февруари, роденден на Гоце Делчев, кажа Ковачевски.

Ковачевски пред пратениците кажа дека МВР работи на тоа прославата на 4 февруари да помине во мирна атмосфера и без инциденти.

Настанот е карактеризиран како настан со висок ризик во однос на изјавите кои доаѓаат како од внатре така и од надвор. Согласно со тоа МВР е задолжено да организира мирно чествување на овој настан. За таа цел, МВР ги презема потребните активности, кажа Ковачевски.

Премиерот е дециден дека нема антибугарска хистерија.

За инцидентите има одговорни лица со имиња и презимиња. Не може цела нација да се обвини за постапки на неколкумина поединци. Македонија презема се согласно процедурите и продолжува да биде конструктивен партнер и во регионот и во ЕУ, додава Ковачевски.

The post Ковачевски го диктираше Законот за да избегне да каже дали ќе му се забрани влез на Џамбаски appeared first on Република.

]]>

Во последните денови гледаме дека ескалираат односите помеѓу Бугарија и Македонија. За жал страната која што е оштетена во оваа ескалација е Република Македонија, чувствата на граѓаните но и европската перспектива на државата. Затоа моето прво прашање до претседателот на владата е поврзано со заседанието на советот за национална безбедност кај претседателот Пендаровски на кое што се разговараше и разгледуваше оваа тема македонско-бугарските односи, вели Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница и го праша Ковачевски кои се лицата кои што ги разгледувале на советот на Национална безбедност за прогласување на персона нон грата бидејќи не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци.
Првото прашање е поврзано со членот 11 од Законот за странци односно дали владата согласно членот 11 ја разгледувала препораката за прогласување на персона нон грата на неколку државјани на Бугарија вклучително и на еден пратеник за кој што има основа да се тврди дека не ги исполнуваат критериумите за зачувување на јавниот поредок во Република Македонија, нивното делување е спротивно националната безбедност а исто така ги загрозува и македонските меѓународни односи. И прашањето е дали и кога ќе се разгледува ова прашање и кои лица до сега сте ги имале во предвид како лица кои што претставуваат ризик и не ги исполнуваат условите од член 11 од Законот за странци. Второто прашање се однесуваше за повлекување на бугарскиот амбасадор од Македонија, за кој што како што рече Милошоски е чин на спуштање на дипломатските односи меѓу двете држави и го праша Ковачевски кој е неговиот став по однос на овие случувања. Второто прашање е до Ковачевски за повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија. само за вовед да кажам дека повлекување на амбасадор од една соседна држава е чин на спуштање на дипломатските односи. Исто така повлекување на амбасадорот претставува на некој начин и потценување на државата-домаќин, бидејќи се спушта на нивото на комуникација. Прашањето до премиерот е кој е вашиот став и како гледате на овој развој на настаните? Како го оценувате овој потег на повлекување на нивниот амбасадор при што соседната држава Бугарија тврди дека тоа го прави во знак на незадоволство од односот на институциите во Македонија кон Република Македонија, изјави Милошоски.
Безбедносните служби ги прават извештаите и анализите, согласно кои ќе се одлучи дали европратеникот, Ангел Џамбаски, ќе може да влезе во Македонија или ќе биде персона нон-грата и ќе остане на граница. Ова е заклучокот од одговорот на премиерот, Димитар Ковачевски, кој додадек дека освен Џамбаски, предлогот е на списокот да се најдат и други лица од Бугарија.
Странец кој има намера да присуствува до 90 дена во државата или во било кој период до 180 дена, може да му се забрани престој односно влез во Македонија доколку е лице кое во системот за контрола има забрана за влез, доколку претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, меѓународните односи. Согласно со извештаите, анализите на безбедносните служби на државата и кои што ги има МВР, на денот на одбележувањето, како и во деновите претходно, МВР ќе постапи согласно податоците кои ги има од свои извори и од службите, согласно со заклучокот на Владата, МВР да обезбеди мирно чествување на 4-ти февруари, роденден на Гоце Делчев, кажа Ковачевски.
Ковачевски пред пратениците кажа дека МВР работи на тоа прославата на 4 февруари да помине во мирна атмосфера и без инциденти.
Настанот е карактеризиран како настан со висок ризик во однос на изјавите кои доаѓаат како од внатре така и од надвор. Согласно со тоа МВР е задолжено да организира мирно чествување на овој настан. За таа цел, МВР ги презема потребните активности, кажа Ковачевски.
Премиерот е дециден дека нема антибугарска хистерија.
За инцидентите има одговорни лица со имиња и презимиња. Не може цела нација да се обвини за постапки на неколкумина поединци. Македонија презема се согласно процедурите и продолжува да биде конструктивен партнер и во регионот и во ЕУ, додава Ковачевски.

The post Ковачевски го диктираше Законот за да избегне да каже дали ќе му се забрани влез на Џамбаски appeared first on Република.

]]>
Османи: Немаме добиено официјална потврда за повлекувањето на Ангелов https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nemame-dobieno-ofitsijalna-potvrda-za-povlekuvaneto-na-angelov/ Thu, 26 Jan 2023 13:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=601289

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од собраниската говорница изрази жалење за последните активности од страна на официјална Софија. Ја нагласи потребата од деескалација на односите и апелираше да се продолжи ладнокрвно и внимателно.

Мора да ставиме крај на таквите провокации, но секогаш да имаме предвид дека се тоа групи заинтересирани да ги киднапираат односите поради многу други причини, вклучувајќи и трети страни. И ние и бугарската влада не смееме да потклекнеме под провокациите и намерите на провокатори и киднапери кои сакаат да ни ја киднапираат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава, рече Османи, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

Според него, треба да продолжиме ладнокрвно, внимателно да го зачуваме тој имиџ да изградиме стратегија за заштита на државните интереси, а не, како што рече, „да јаваме на бранот на јавноста“.

Јас реков сезоната на лов на провокатори и политички профитери е почната и секој ќе се обиде на вакви сензитивни теми да го изгради својот наратив, кажа Османи.

Македонија, како што истакна Османи, покажала силен, демократски и институцинален капацитет и низ брза ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи и приведувајќи сторител на кривично дело против кого активно се водат истражни дејствија.

Нашата осуда беше откако обвинителството во Охрид имаше првична проценка дека инцидентот е поради елементи на идентитетски или етнички обележја, рече Османи.

Во изјава на Радио Слободна Европа, шефот на македонската дипломатија информира дека македонското МНР нема добиено официјална потврда дали повлекувањето на бугарскиот амбасадор е поради претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

Доколку повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е поврзано со инцидентот кој се случи во Охрид, тоа би го сметал за диспропорционална акција, бидејќи станува збор за индивидуален инцидент за кој државата ги презеде сите можни мерки, изјави Османи за Радио Слободна Европа.

Официјална Софија вчера го повлече нејзиниот амбасадор од Македонија. Денеска реагираше и македонското МНР кое смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и дека претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји.

The post Османи: Немаме добиено официјална потврда за повлекувањето на Ангелов appeared first on Република.

Гир: Неприфатливи се изјавите на европратеникот Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-neprifatlivi-se-izjavite-na-evropratenikot-dhambaski-za-pendarovski-i-teritorijalnite-pretenzii/ Thu, 26 Jan 2023 12:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=601266

Евроамбасадорото Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива.

Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.

За вчерашните забелешки кон претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.

Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

The post Гир: Неприфатливи се изјавите на европратеникот Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии appeared first on Република.

]]>

Евроамбасадорото Дејвид Гир ја осуди изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во врска со територијалните претензии и ја оцени како неприфатлива. Во врска со неодамнешните изјави на европратеникот Џамбаски за територијални претензии, амбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој подвлече дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ. За вчерашните забелешки кон претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир истакна дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ.
Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за кој било, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава, се вели во пишаната изјава од евроамбасадорот Гир.

The post Гир: Неприфатливи се изјавите на европратеникот Џамбаски за Пендаровски и територијалните претензии appeared first on Република.

]]>
Koвачевски: За доаѓањето на Џамбаски ќе се одлучува според Законот за странци https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-doaganeto-na-dhambaski-ke-se-odluchuva-spored-zakonot-za-strantsi/ Wed, 25 Jan 2023 13:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=600916

Премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали на бугарскиот европратеник ќе му се забрани најавеното доаѓање  на честувањето на родениот ден на македонскиот револуционер Гоце Делчев, рече дека тоа е процедура пропишана во Законот за странци по кој постапува Министерството за внатрешни работи.

-Конкретните активности се исклучиво во надлежност на МВР и се спроведуваат врз основа на Законот за странци, одредбите кои регулираат кое лице не смее да влезе во државата заради активности кои ги нарушуваат односите односно меѓународните односи на нашата држава, внатрешниот поредок итн. Односно има три детални основи и доколку тоа лице, без разлика дали е политичар или се занимава со некаква друга дејност, сака да влезе во државата, доколку по тие основи се идентифукува од стран ана МВР тогаш се спрооведува процедура и нема да може да влезе во државата. Тоа е процедурата, значи спроведување на законско решение, дециден е премиерот.

The post Koвачевски: За доаѓањето на Џамбаски ќе се одлучува според Законот за странци appeared first on Република.

Moжел и на 5-ти: Спасовски на 4 февруари ќе одлучи дали ќе го пушти Џамбаски https://republika.mk/vesti/makedonija/mozhel-i-na-5-ti-spasovski-na-4-fevruari-ke-odluchi-dali-ke-go-pushti-dhambaski/ Wed, 25 Jan 2023 13:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=600901

Во одговор на новинарско прашање дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ќе биде вратен назад ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, министерот Оливер Спасовски денеска одговори дека за тоа ќе одлучува тогаш.

 Ќе одлучиме на 4 февруари, нагласи Спасовски.

Владата не донесе одлука за забрана за влез на Ангел Џамбаски во Македонија.  На прашањето зошто не се прифатени предлозите за прогласување на непожелни личности, Спасовски беше дециден дека врвен приоритет ќе биде да се сочува, мирот, стабилноста и јавниот ред заради тоа што тоа не е доброи за политичките односи внатре во државата и помеѓу соседите.

 Знаеме дека имаме радикални структури кои заради некакви лични, политички и секакви други интереси, сакаатда се нарушува тој процес на стабилизација на односите од една страна. Од друга страна заради тоа што никако несмееме да дозволиме да се наруши и безбедноста на нашите граѓани, изјави министерот за внатрешни работи.

The post Moжел и на 5-ти: Спасовски на 4 февруари ќе одлучи дали ќе го пушти Џамбаски appeared first on Република.

„Небитниот“ Џамбаски му се закани на Пендаровски со атенатат: Доаѓам сигурно во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/nebitniot-dhambaski-mu-se-zakani-na-pendarovski-so-atenatat-doagam-sigurno-vo-skopje/ Wed, 25 Jan 2023 13:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=600879

Бугарскиот радикал од ВМРО-БНД и европратеник Ангел Џамбаски му порача на претседателот Стево Пендаровски дека и во минатото имало обиди на лидери на ВМРО да им се забрани влез во Македонија и му порача дека последниот таков пример бил со југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ! Џамбаски најави дека на 4 февруари ќе дојде во Скопје.

Прашан дали се препознава во описот на Пендаровски кој побара Владата да донесе одлука за забрана на влез на еден бугарски европратеник, Џамбаски одговори дека во тој опис го препознава секој Бугарин кој ги застапува правата и интересите на Бугарите во Македонија.

– Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа – рече Џамбаски синоќа во разговор за бугарската телевизија Нова.

На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев Џамбаски потврди.

– Не мислев да одам во Македонија, имав други планови. Но сега, како да одбијам ваква љубезна покана – рече тој.

The post „Небитниот“ Џамбаски му се закани на Пендаровски со атенатат: Доаѓам сигурно во Скопје appeared first on Република.