Ане Лашкоска Archives - Република https://republika.mk/tema/ane-lashkoska/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 15:29:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ане Лашкоска Archives - Република https://republika.mk/tema/ane-lashkoska/ 32 32 Лашкоска: Една третина од отпадот завршува во нашата околина https://republika.mk/vesti/makedonija/lashkoska-edna-tretina-od-otpadot-zavrshuva-vo-nashata-okolina/ Fri, 30 Aug 2024 15:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=811640

И покрај сите законски решенија и стратегии за управување со отпад не успеавме да го намалиме негативното влијание на отпадот во нашата држава, оцени заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на тркалезната маса на тема „Отпад и пакување од отпад, ситуација на справување со истиот – рециклирање или конкретна преработка, наспроти количините кои се уште се предмет на одлагање – фрлање на депониите во РСМ“.

Додека се бориме да се справиме со отпад од пакување, посочи таа, барем една третина можеме да видиме дека завршува насекаде околу нас, односно во нашата околина.

-За да се справиме директно со проблем од отпад од пакување па и воопшто со целокупен отпад мора да се вооружиме најпрво со знаење, а ние како Министерство очекуваме бизнис секторот да го преземе ова водство, рече  Лешекоскана

На настанот беше презентиран и 100 проценти еколошки производ од непосакуваниот композитен отпад.

Според Лашкоска, неопходно е да се разбере зошто отпадот од пакување е толку вознемирувачки и како бизнис лидерите можат да го намалат тоа.

-Токму денес ќе видиме пример дека бизнис заедницата и државните органи вклучувајќи ги секако тука и невладиниот сектор и медиумите се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел, а тоа е заштитата на животната средина зошто на крајот од денот сите ние го дишиме истиот воздух, консумираме иста вода, се наоѓаме на една иста почва. Имаме и прилика да видиме и позитивни примери коишто треба да ни служат и понатаму како водилка и дека резултатите од овој проект можеби нема да дадат резултати веднаш, меѓутоа се надевам ќе помогне во надминувањето на делумно од овие проблеми или, пак, да придонесеме сите барем да се ублажат одредени негативни последици од досегашното управување со отпад, рече замник министерката.

Една од целите и на овој настан, како што посочи, е преку комуникација да се формира силна професионална структура која ќе развива соработка со националните и локалните институции и ќе учествува при подготовка на закони од областа на управување со отпад и ќе подготвува и спроведува насочени обуки и семинари од областа на одржливото управување со отпад преку најдобро достапните европски и светски техники за сите заинтересирани чинители.

Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за управување со отпад во МЖСПП, истакна дека донесувањето на законската регулатива е многу важно за, како што рече, да може да знае и бизнисот како понатаму да се ориентира, не само локалните заедници или локалните власти кои се надлежни за управување со комуналниот отпад.

-Можеме да забележиме дека има одреден напредок, не е се’ така црно, се уште ни претстои многу работа во смисла на тоа дека ние првенствено треба да си го собереме отпадот и токму тука бизнисот е засегнат бидејќи и отворањето на нови бизниси и носењето на нови технологии без ние како држава заедно со ЗЕЛС и производителите коишто имаат обврска преку својата проширена одговорност ако не воспоставиме систем за собирање на овој отпад или на кој било отпад тешко дека од индустријата некој ќе опстане и ќе продолжи да работи. Затоа најмногу сме фокусирани токму на примарната селекција кај граѓаните, кај домаќинствата. Ние на тоа веќе интензивно работиме како МЖСПП, но и фокусирани сме на колективните постапувачи коишто се одговорни во име на своите производители кои се нивни членови да го воспоставиме овој систем и за домаќинствата и за правните лица, рече Мазневска.

The post Лашкоска: Една третина од отпадот завршува во нашата околина appeared first on Република.

]]>

И покрај сите законски решенија и стратегии за управување со отпад не успеавме да го намалиме негативното влијание на отпадот во нашата држава, оцени заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на тркалезната маса на тема „Отпад и пакување од отпад, ситуација на справување со истиот – рециклирање или конкретна преработка, наспроти количините кои се уште се предмет на одлагање – фрлање на депониите во РСМ“. Додека се бориме да се справиме со отпад од пакување, посочи таа, барем една третина можеме да видиме дека завршува насекаде околу нас, односно во нашата околина.
-За да се справиме директно со проблем од отпад од пакување па и воопшто со целокупен отпад мора да се вооружиме најпрво со знаење, а ние како Министерство очекуваме бизнис секторот да го преземе ова водство, рече  Лешекоскана
На настанот беше презентиран и 100 проценти еколошки производ од непосакуваниот композитен отпад. Според Лашкоска, неопходно е да се разбере зошто отпадот од пакување е толку вознемирувачки и како бизнис лидерите можат да го намалат тоа.
-Токму денес ќе видиме пример дека бизнис заедницата и државните органи вклучувајќи ги секако тука и невладиниот сектор и медиумите се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел, а тоа е заштитата на животната средина зошто на крајот од денот сите ние го дишиме истиот воздух, консумираме иста вода, се наоѓаме на една иста почва. Имаме и прилика да видиме и позитивни примери коишто треба да ни служат и понатаму како водилка и дека резултатите од овој проект можеби нема да дадат резултати веднаш, меѓутоа се надевам ќе помогне во надминувањето на делумно од овие проблеми или, пак, да придонесеме сите барем да се ублажат одредени негативни последици од досегашното управување со отпад, рече замник министерката.
Една од целите и на овој настан, како што посочи, е преку комуникација да се формира силна професионална структура која ќе развива соработка со националните и локалните институции и ќе учествува при подготовка на закони од областа на управување со отпад и ќе подготвува и спроведува насочени обуки и семинари од областа на одржливото управување со отпад преку најдобро достапните европски и светски техники за сите заинтересирани чинители. Ана Каранфилова Мазневска, раководителка на Секторот за управување со отпад во МЖСПП, истакна дека донесувањето на законската регулатива е многу важно за, како што рече, да може да знае и бизнисот како понатаму да се ориентира, не само локалните заедници или локалните власти кои се надлежни за управување со комуналниот отпад.
-Можеме да забележиме дека има одреден напредок, не е се’ така црно, се уште ни претстои многу работа во смисла на тоа дека ние првенствено треба да си го собереме отпадот и токму тука бизнисот е засегнат бидејќи и отворањето на нови бизниси и носењето на нови технологии без ние како држава заедно со ЗЕЛС и производителите коишто имаат обврска преку својата проширена одговорност ако не воспоставиме систем за собирање на овој отпад или на кој било отпад тешко дека од индустријата некој ќе опстане и ќе продолжи да работи. Затоа најмногу сме фокусирани токму на примарната селекција кај граѓаните, кај домаќинствата. Ние на тоа веќе интензивно работиме како МЖСПП, но и фокусирани сме на колективните постапувачи коишто се одговорни во име на своите производители кои се нивни членови да го воспоставиме овој систем и за домаќинствата и за правните лица, рече Мазневска.

The post Лашкоска: Една третина од отпадот завршува во нашата околина appeared first on Република.

]]>
Лашкоска: За Онкологија треба да одговараат директорите и министрите за здравство од јануари 2018 година од кога не бил во функција КАТО системот https://republika.mk/vesti/makedonija/lashkoska-za-onkologija-treba-da-odgovaraat-direktorite-i-ministrite-za-zdravstvo-od-januari-2018-godina-od-koga-ne-bil-vo-funktsija-kato-sistemot/ Thu, 12 Oct 2023 17:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=690642

Ревизорите укажуваат на неправилности, но прашањето е колку институциите постапуваат по извештаите, еве и конкретно за извештајот на Клиниката за онкологија, укажа пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија.„Една работа не е јасна, ревизорите укажуваат дека се постапува по извештаите. Сепак се поставува прашањето каков е одѕивот на институциите, еве сега конкретно за Онкологија. Дали вие кои ги работите извештаите сте повикани да дадете одговори во јавното обвинителство. Ревизијата може да му помогне на обвинителот но прашање е дали воопшто има интерес за ова кај обвинителството“, кажа Лашкоска.

Лашкоска укажа дека е недозволиво недоаѓањето на јавниот обвинител Љубомир Јовески.„Јовески вели дека не можел да дојде да биде на Комисијата на која го разгледуваме ревизорскиот извештај за Онкологија. Каква е таа итна работа, каква е таа работа која е поважна од човечкиот живот. На пример, тој утре не треба да се појави на работа, значи треба сите да бараме оставка од него. Редно е некој веќе да сноси одговорност“, вели Лашкоска.

Според пратеничката во јавноста може да излезе вистината ако се тргне од моментот на исклучување на като системот.„Не можело тоа да се случи без знаење на директорот, министерот за здравство и истите требаше да одговараат, а требаше да има некаков епилог и до сега. Обвинителот Јовески очигледно е извршител на СДСМ и ги прикрива криминалците“, изјави Лашкоска.Лашкоска заклучи дека одговорноста за човечките животи не може да заврши само на оставка на еден човек, на еден директор на Клиниката.„Одговорност треба да понесат и министрите за здравство и не само политичка, туку и кривична одговорност. Време е да се стави крај на вакви функционери одговорни за човечките животи“, смета Лашкоска.

The post Лашкоска: За Онкологија треба да одговараат директорите и министрите за здравство од јануари 2018 година од кога не бил во функција КАТО системот appeared first on Република.

]]>

Ревизорите укажуваат на неправилности, но прашањето е колку институциите постапуваат по извештаите, еве и конкретно за извештајот на Клиниката за онкологија, укажа пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се разгледуваше ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија.„Една работа не е јасна, ревизорите укажуваат дека се постапува по извештаите. Сепак се поставува прашањето каков е одѕивот на институциите, еве сега конкретно за Онкологија. Дали вие кои ги работите извештаите сте повикани да дадете одговори во јавното обвинителство. Ревизијата може да му помогне на обвинителот но прашање е дали воопшто има интерес за ова кај обвинителството“, кажа Лашкоска.
Лашкоска укажа дека е недозволиво недоаѓањето на јавниот обвинител Љубомир Јовески.„Јовески вели дека не можел да дојде да биде на Комисијата на која го разгледуваме ревизорскиот извештај за Онкологија. Каква е таа итна работа, каква е таа работа која е поважна од човечкиот живот. На пример, тој утре не треба да се појави на работа, значи треба сите да бараме оставка од него. Редно е некој веќе да сноси одговорност“, вели Лашкоска. Според пратеничката во јавноста може да излезе вистината ако се тргне од моментот на исклучување на като системот.„Не можело тоа да се случи без знаење на директорот, министерот за здравство и истите требаше да одговараат, а требаше да има некаков епилог и до сега. Обвинителот Јовески очигледно е извршител на СДСМ и ги прикрива криминалците“, изјави Лашкоска.Лашкоска заклучи дека одговорноста за човечките животи не може да заврши само на оставка на еден човек, на еден директор на Клиниката.„Одговорност треба да понесат и министрите за здравство и не само политичка, туку и кривична одговорност. Време е да се стави крај на вакви функционери одговорни за човечките животи“, смета Лашкоска.

The post Лашкоска: За Онкологија треба да одговараат директорите и министрите за здравство од јануари 2018 година од кога не бил во функција КАТО системот appeared first on Република.

]]>
Лашкоска: Реконструкцијата на владата нема да овозможи функционирање на парламентот и институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/lashkoska-rekonstruktsijata-na-vladata-nema-da-ovozmozhi-funktsionirane-na-parlamentot-i-institutsiite/ Tue, 14 Feb 2023 16:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=609016

Една година помина од кога на чело на оваа влада е Димитар Ковачевски, истиот тој барајќи спас за себе и уште некое време дишење на шкрги на ова парламентарно мнозинство денес ни нуди разрешување на министри, а потоа на наредна точка именување на нови министри - вели Ане Лашкоска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Лашкоска смета дека и оваа реконструкција нема да овозможи на владата и парламентот да функционираат, додавајќи дека Ковачевски ги испазарил министерствата за здравство, правда и информатичко општество.

Премиерот Ковачевски мачејќи се да има некакво парламентарно мнозинство на Пазар 3 во просториите на Илинденска ги испазари министерствата за правда, здравство, информатичко општество, и заменичките места за земјоделие и одбрана. Но, и да се изгласа реконструкција на оваа влада нема да овозможи функционирање на парламентот, а со тоа и на институциите во државата - рече таа.

Според Лашкоска предлогот за разрешување на министрите Ковачевски треба прво да го гледа како свој личен неуспех.

Предлогот за денешното разрешување треба Ковачевски прво да го гледа како свој личен неуспех, затоа што пазарењето не треба да е причина за промена на министри - додаде Лашкоска.

Лашкоска се осврна на неспособноста и неуспехот на досегашните министри, укажувајќи дека тоа е една од најголемите причини зошто Ковачевски треба да си поднесе оставка и да си замине.

Една од најголемите причини зошто Ковачевски денес заедно со овие министри треба да си поднесе оставка и да замине е здравството во државата. Здравство немаме, здравството тоне - потенцираше Лашкоска.

The post Лашкоска: Реконструкцијата на владата нема да овозможи функционирање на парламентот и институциите appeared first on Република.

Лашкоска до Османи: Со вашиот настап денеска само го потврдивте пристапот на оваа власт, а тоа е надмениот и арогантен пристап https://republika.mk/vesti/makedonija/lashkoska-do-osmani-so-vashiot-nastap-deneska-samo-go-potvrdivte-pristapot-na-ovaa-vlast-a-toa-e-nadmeniot-i-aroganten-pristap/ Fri, 28 Jan 2022 13:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=450732

Иако во реплика кон колегата Милошоски најавивте дека сакате интеракција меѓутоа некако се повлековте од интеракција па како да не сте заинтересирани иако сте дојдени денеска во Собранието. Како да не го сакате разговорот со пратениците. Или како што спомена професорката Силјановска Давкова најдобро и најлесно е да излезете на медиумите и да го кажете тоа што сакате да го кажете односно она со кое што сакате да ја замаете јавноста иако јавноста веќе толку ги знае проблемите и е запознаена особено со овие проблеми што не можете повеќе да ја замајувате - истакна Ане Лашкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за надворешни работи обраќајќи му се на Бујар Османи.

Лашкоска додаде дека таа сепак би го започнала обраќањето со коментарот на Бујар Османи кој е даден на реплика од Милошоски. Во тој коментар тој вели дека ги повикал пратениците да дојдат во МНР и таму да се видат документите.

За жал vие и денес овде го покажавте оној пристап кој што е карактеристичен за оваа Влада односно за оваа власт би рекла надмениот и арогантен пристап. Ве молам немојте да заборавате иако секојдневно како власт заборавате дека вие сте, еве сега јас лично ви се обраќам вие сте избран точно од овие пратеници во Собранието на Република Македонија. Ние ако сметате дека јавноста не треба да ги знае овие документи, државата нас ни дала безбедносни сертификати и можете тоа да го направите во затворена седница. Меѓутоа не се осмелувате - нагласи Лашкоска.

Лашкоска посочи дека знак прашалник е дали пратениците би биле примени во МНР за да ги видат документите.

Рековте во Вашето обраќање потребно се заеднички позиции, потребен ни е консензус. Господине за жал искуството со оваа власт покажавте ни ние, ниту пак јавноста не можеме да веруваме повеќе на она што го зборувате. Повеќе би рекла дека тоа што го зборувате е само популистички. Зошто? Затоа што токму ова што го зборував на почетокот вие денеска на почетокот на оваа седница го потврдивте она со недонесувањето на документите по барање на комисијата испратено писмо од претседателот на Комисијата, вие само потврдивте дека вашето зборување е само популистичко - рече Лашкоска.

Лашкоска укажа дека оваа Влада, оваа власт во јавноста дава многу лесно ветувања, кажува меѓутоа повеќе луѓето на тоа не веруваат. Затоа што голем број пати во минатото и во Собранието и во медиумите, бившиот премиер и Османи, и бившиот министер за надворешни работи даваа само празни ветувања.

The post Лашкоска до Османи: Со вашиот настап денеска само го потврдивте пристапот на оваа власт, а тоа е надмениот и арогантен пристап appeared first on Република.

Лашоска кон Османи: Нели ќе имавме интеракција?! https://republika.mk/vesti/makedonija/lashoska-kon-osmani-neli-kje-imavme-interakcija/ Fri, 28 Jan 2022 12:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=450681

Пратеничката Лашкоска го запраша Османи зошто нема интеракција како што најави на почетокот на комисијата дека ќе одговара на сите прашања на пратениците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dojde-vo-sobranie-no-ne-kaza-ni-zbor-za-paketot-5-1/

Досега Османи само еднаш излезе на реплика по говорот на претседателот на комисијата Милошоски кога дека за Бугарија е спорен македонскиот јазик во преговарачката рамка, но оти за тоа не преговараат. Останатите членови на комисијата реагираа зошто Османи не ја открива содржината на одговорите од пакетот 5+1.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-go-prashaa-osmani-da-dojdeme-kaj-vas-poedinechno-ili-grupno/

The post Лашоска кон Османи: Нели ќе имавме интеракција?! appeared first on Република.

]]>

Пратеничката Лашкоска го запраша Османи зошто нема интеракција како што најави на почетокот на комисијата дека ќе одговара на сите прашања на пратениците. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dojde-vo-sobranie-no-ne-kaza-ni-zbor-za-paketot-5-1/ Досега Османи само еднаш излезе на реплика по говорот на претседателот на комисијата Милошоски кога дека за Бугарија е спорен македонскиот јазик во преговарачката рамка, но оти за тоа не преговараат. Останатите членови на комисијата реагираа зошто Османи не ја открива содржината на одговорите од пакетот 5+1. https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-go-prashaa-osmani-da-dojdeme-kaj-vas-poedinechno-ili-grupno/

The post Лашоска кон Османи: Нели ќе имавме интеракција?! appeared first on Република.

]]>
Лашкоска: Ковачевски не доби доверба од граѓаните, доби од Заев што значи дена нема народен легитимитет https://republika.mk/vesti/makedonija/lashkoska-kovachevski-ne-dobi-doverba-od-gragjanite-dobi-od-zaev-shto-znachi-dena-nema-naroden-legitimitet/ Sun, 16 Jan 2022 20:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=445457

Димитар Ковачевски е непознат за јавноста, не добил поддршка од граѓаните на избори, ама добил доверба од Заев и затоа прифатил да биде премиер, да води влада без легитимитет, а не се соочил со политички противик, рече Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на вториот ден од расправата за состав на Влада предводена од Димитар Ковачевски.

„Ковачевски ниту во неговото излагање не се задржа на ниту еден проект. Тоа е така затоа што нема таков во програмата. Со тоа потврди дека помеѓу него и Заев ќе стои знак равенство. Но, СДСМ и се е можно и ова само во Македонија е можно“, посочи Лашкоска.

Според неа и оваа Влада како и претходната е „во живата кал во која тоне СДСМ и за Владата е едно сигурно дека ќе потонат пред да освестат дека се Влада“.

Лашкоска им порача на помалите партии од владеачката коалиција да размислат дали да го поддржат овој состав на Влада.

„Оваа Влада е континуитет на онаа која донесе само порази, висока корупција, која нема контрола на здравстената криза, економијата тоне. Оваа Влада е континуитет на Владата која ги предизвика сите кризи и токму и од оваа не може да се очекува решение“, рече Лашкоска.

Пратеничката посочи дека во оваа Влада има само ротација на кадри и ништо ново. Во тој контелст спомна дека Маричиќ кој како што рече нарачуваше пресуди и ги кажуваше пред да ги каже судот ќе ги води евроинтеграциите. Го спомена и Спасовски кој останува на чело на МВР кое не најде сила да реши ниту еден предмет, ниту оној со пасошите, ниту криминалот на Ден Дончев за кој не се знае ниту каде е.

„Во време на претходната Владата министрите ја сместија Македонија на 111 место по корупција и наместо да бидат казнети тие остануваат и во оваа Влада. Или вицепремиер за борба против корупција беше Николовски сега е само ротиран во министерство“, кажа Лашкоска.

Оттука според неа од оваа влада не се очекува подобрување ниту во еден сектор.

Лашкоска на крајот од своето обраќање го повика Ковачевски да не биде послушник на Заев посебно во надворешната политика, бидејќи тој спроведуваше особено погубни политики за Македонија во овој сегмент.

https://www.youtube.com/watch?v=bJFc7uDpehE

The post Лашкоска: Ковачевски не доби доверба од граѓаните, доби од Заев што значи дена нема народен легитимитет appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски е непознат за јавноста, не добил поддршка од граѓаните на избори, ама добил доверба од Заев и затоа прифатил да биде премиер, да води влада без легитимитет, а не се соочил со политички противик, рече Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ на вториот ден од расправата за состав на Влада предводена од Димитар Ковачевски.
„Ковачевски ниту во неговото излагање не се задржа на ниту еден проект. Тоа е така затоа што нема таков во програмата. Со тоа потврди дека помеѓу него и Заев ќе стои знак равенство. Но, СДСМ и се е можно и ова само во Македонија е можно“, посочи Лашкоска.
Според неа и оваа Влада како и претходната е „во живата кал во која тоне СДСМ и за Владата е едно сигурно дека ќе потонат пред да освестат дека се Влада“. Лашкоска им порача на помалите партии од владеачката коалиција да размислат дали да го поддржат овој состав на Влада.
„Оваа Влада е континуитет на онаа која донесе само порази, висока корупција, која нема контрола на здравстената криза, економијата тоне. Оваа Влада е континуитет на Владата која ги предизвика сите кризи и токму и од оваа не може да се очекува решение“, рече Лашкоска.
Пратеничката посочи дека во оваа Влада има само ротација на кадри и ништо ново. Во тој контелст спомна дека Маричиќ кој како што рече нарачуваше пресуди и ги кажуваше пред да ги каже судот ќе ги води евроинтеграциите. Го спомена и Спасовски кој останува на чело на МВР кое не најде сила да реши ниту еден предмет, ниту оној со пасошите, ниту криминалот на Ден Дончев за кој не се знае ниту каде е.
„Во време на претходната Владата министрите ја сместија Македонија на 111 место по корупција и наместо да бидат казнети тие остануваат и во оваа Влада. Или вицепремиер за борба против корупција беше Николовски сега е само ротиран во министерство“, кажа Лашкоска.
Оттука според неа од оваа влада не се очекува подобрување ниту во еден сектор. Лашкоска на крајот од своето обраќање го повика Ковачевски да не биде послушник на Заев посебно во надворешната политика, бидејќи тој спроведуваше особено погубни политики за Македонија во овој сегмент. https://www.youtube.com/watch?v=bJFc7uDpehE