Иако во реплика кон колегата Милошоски најавивте дека сакате интеракција меѓутоа некако се повлековте од интеракција па како да не сте заинтересирани иако сте дојдени денеска во Собранието. Како да не го сакате разговорот со пратениците. Или како што спомена професорката Силјановска Давкова најдобро и најлесно е да излезете на медиумите и да го кажете тоа што сакате да го кажете односно она со кое што сакате да ја замаете јавноста иако јавноста веќе толку ги знае проблемите и е запознаена особено со овие проблеми што не можете повеќе да ја замајувате – истакна Ане Лашкоска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за надворешни работи обраќајќи му се на Бујар Османи.

Лашкоска додаде дека таа сепак би го започнала обраќањето со коментарот на Бујар Османи кој е даден на реплика од Милошоски. Во тој коментар тој вели дека ги повикал пратениците да дојдат во МНР и таму да се видат документите.

За жал vие и денес овде го покажавте оној пристап кој што е карактеристичен за оваа Влада односно за оваа власт би рекла надмениот и арогантен пристап. Ве молам немојте да заборавате иако секојдневно како власт заборавате дека вие сте, еве сега јас лично ви се обраќам вие сте избран точно од овие пратеници во Собранието на Република Македонија. Ние ако сметате дека јавноста не треба да ги знае овие документи, државата нас ни дала безбедносни сертификати и можете тоа да го направите во затворена седница. Меѓутоа не се осмелувате – нагласи Лашкоска.

Лашкоска посочи дека знак прашалник е дали пратениците би биле примени во МНР за да ги видат документите.

Рековте во Вашето обраќање потребно се заеднички позиции, потребен ни е консензус. Господине за жал искуството со оваа власт покажавте ни ние, ниту пак јавноста не можеме да веруваме повеќе на она што го зборувате. Повеќе би рекла дека тоа што го зборувате е само популистички. Зошто? Затоа што токму ова што го зборував на почетокот вие денеска на почетокот на оваа седница го потврдивте она со недонесувањето на документите по барање на комисијата испратено писмо од претседателот на Комисијата, вие само потврдивте дека вашето зборување е само популистичко – рече Лашкоска.

Лашкоска укажа дека оваа Влада, оваа власт во јавноста дава многу лесно ветувања, кажува меѓутоа повеќе луѓето на тоа не веруваат. Затоа што голем број пати во минатото и во Собранието и во медиумите, бившиот премиер и Османи, и бившиот министер за надворешни работи даваа само празни ветувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.