анџела прајс агелер Archives - Република https://republika.mk/tema/andzela-prajs-ageler/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 12:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анџела прајс агелер Archives - Република https://republika.mk/tema/andzela-prajs-ageler/ 32 32 Никол Варнес новоименуван заменик шеф на мисијата во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/nikol-varnes-novoimenuvan-zamenik-shef-na-misijata-vo-skopje/ Tue, 06 Aug 2024 12:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=803901

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите американски држави, Ангела Агелер, на која меѓу другото беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје, Никол Варнес.

Како што соопштуваат од МНР, во рамки на средбата министерот Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на САД за севкупните реформски процеси во земјата. Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата.

При тоа, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција, велат од МНР.

The post Никол Варнес новоименуван заменик шеф на мисијата во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите американски држави, Ангела Агелер, на која меѓу другото беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје, Никол Варнес. Како што соопштуваат од МНР, во рамки на средбата министерот Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на САД за севкупните реформски процеси во земјата. Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата. При тоа, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција, велат од МНР.  

The post Никол Варнес новоименуван заменик шеф на мисијата во Скопје appeared first on Република.

]]>
Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-za-sluchajot-soravija-nikoj-ne-e-nad-zakonot-i-sekoj-treba-da-odgovara-za-svoite-postapki/ Mon, 29 Jul 2024 14:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=801357

Секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно, треба внимателно да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како треба да се спроведат реформите во оваа сфера.

На прашањето да го каже својот став во однос на реформите по посетата на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип, Агелер нагласи дека ЕУ има патоказ за тоа како треба да се спроведат реформите и оти тие како Амбасада и како држава го поддржуваат.

Мојот заклучок на прашањето дали се потребни реформи во судството е: „Да, апсолутно се потребни“, рече Агелер.

Агелер денеска одговори и на прашање за можно ажурирање на „црната листа“ на САД со нови лица, при што напомена дека тоа е континуиран процес, но оти не може конкретно да каже кога тоа би се случило.

Т.н. „црна листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере, во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто, рече Агелер, но напомена дека нема конкретен датум кога тоа би се случило.

Во врска со барањето на обвинителството за меѓународна правна помош од САД за случајот „Соравиа“, во кој е вклучен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Агелер кажа дека таа нема детали, дека Амбасадата на САД има правна канцеларија, која се занимава со овие работи.

Но ќе го кажам она што и претходно сум го кажувала пред членовите на мојот тим и без разлика на овој конкретен случај, никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки, рече Агелер.

The post Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки appeared first on Република.

]]>

Секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно, треба внимателно да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како треба да се спроведат реформите во оваа сфера. На прашањето да го каже својот став во однос на реформите по посетата на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип, Агелер нагласи дека ЕУ има патоказ за тоа како треба да се спроведат реформите и оти тие како Амбасада и како држава го поддржуваат.
Мојот заклучок на прашањето дали се потребни реформи во судството е: „Да, апсолутно се потребни“, рече Агелер.
Агелер денеска одговори и на прашање за можно ажурирање на „црната листа“ на САД со нови лица, при што напомена дека тоа е континуиран процес, но оти не може конкретно да каже кога тоа би се случило.
Т.н. „црна листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере, во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто, рече Агелер, но напомена дека нема конкретен датум кога тоа би се случило.
Во врска со барањето на обвинителството за меѓународна правна помош од САД за случајот „Соравиа“, во кој е вклучен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Агелер кажа дека таа нема детали, дека Амбасадата на САД има правна канцеларија, која се занимава со овие работи.
Но ќе го кажам она што и претходно сум го кажувала пред членовите на мојот тим и без разлика на овој конкретен случај, никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки, рече Агелер.

The post Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки appeared first on Република.

]]>
Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, Судски совет треба да ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-doverbata-na-javnosta-vo-pravosudstvoto-e-shokantno-niska-sudski-sovet-treba-da-gi-kaznuva-onie-koi-shto-smetaat-deka-se-nad-zakonot-2/ Wed, 03 Jul 2024 14:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=793136

Судскиот совет е важно оружје кое што е потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет.

Агелер во своето обраќање посочи дека Судскиот совет треба да ги следи препораките на Оценската мисија, бидејќи како што рече, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска.

Ќе се согласите дека останува многу пред вас. Извештајот од Оценската мисија на ЕУ е еден вреден патоказ за реструктурирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството. Судскиот совет е едно важно оружје во арсеналот оружје што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот. Затоа што денес, како што амбасадорот Коп живописно го опиша, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, истакна Агелер.

Судскиот совет, вели Агелер, треба да го следи законот и даде отпор на политичките притисоци, затоа што, вели Македонија има добро изработени закони, како и искусни обвинители и судии.

Имате добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспорентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнаме да стигнете уште понапред на својот пат, рече Агелер.

The post Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, Судски совет треба да ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет е важно оружје кое што е потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет. Агелер во своето обраќање посочи дека Судскиот совет треба да ги следи препораките на Оценската мисија, бидејќи како што рече, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска.
Ќе се согласите дека останува многу пред вас. Извештајот од Оценската мисија на ЕУ е еден вреден патоказ за реструктурирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството. Судскиот совет е едно важно оружје во арсеналот оружје што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот. Затоа што денес, како што амбасадорот Коп живописно го опиша, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, истакна Агелер.
Судскиот совет, вели Агелер, треба да го следи законот и даде отпор на политичките притисоци, затоа што, вели Македонија има добро изработени закони, како и искусни обвинители и судии.
Имате добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспорентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнаме да стигнете уште понапред на својот пат, рече Агелер.

The post Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, Судски совет треба да ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот appeared first on Република.

]]>
Процесот за членство во ЕУ не смее да трпи политички притисоци од други земји членки, порача претседателката на средба со Агелер https://republika.mk/vesti/makedonija/protsesot-za-chlenstvo-vo-eu-ne-smee-da-trpi-politichki-pritisotsi-od-drugi-zemji-chlenki-poracha-pretsedatelkata-na-sredba-so-ageler/ Thu, 20 Jun 2024 15:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=789403

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.  На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се  разговарало за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите што ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за севкупната поддршка од САД и ја истакнала подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебната поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели.

Во тој контекст, Сиљановска-Давкова истакнала дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД во НАТО Алијансата, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет, со активно учество во заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани врз мирот во светот.

Потенцирајќи дека евроинтеграциите имаат позитивно влијание за демократската и економската консолидација на земјите од регионот, Сиљановска-Давкова ја посочила потребата од забрзана европска интеграција. Во таа насока, таа истакнала дека пристапниот процес за членство во ЕУ, мора да биде мериторно валоризиран и не смее да трпи политички притисоци од страна на други земји членки.

На средбата претседателката ја потенцирала улогата и поддршката од САД во интензивирање на реформските процеси и истакнала дека земјава и понатаму останува посветена на спроведување на реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во безбедносниот сектор, како едни од нашите највисоки приоритети.

Двете соговорнички, како што е наведено во соопштението, размениле мислења за исходот од Самитот за мир во Украина, за влијанијата и безбедносните случувања во регионот, како и за политиките во интерес на гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот на поширокиот регион.

The post Процесот за членство во ЕУ не смее да трпи политички притисоци од други земји членки, порача претседателката на средба со Агелер appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.  На средбата, соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, се  разговарало за можностите за засилување на соработката меѓу двете земји, за македонските евроатлантски интеграции, како и за потенцијалите што ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји. Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за севкупната поддршка од САД и ја истакнала подготвеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското пријателство и меѓусебната поддршка во насока на реализирање на македонските надворешно-политички цели. Во тој контекст, Сиљановска-Давкова истакнала дека како стабилен партнер и докажан сојузник на САД во НАТО Алијансата, остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет, со активно учество во заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани врз мирот во светот. Потенцирајќи дека евроинтеграциите имаат позитивно влијание за демократската и економската консолидација на земјите од регионот, Сиљановска-Давкова ја посочила потребата од забрзана европска интеграција. Во таа насока, таа истакнала дека пристапниот процес за членство во ЕУ, мора да биде мериторно валоризиран и не смее да трпи политички притисоци од страна на други земји членки. На средбата претседателката ја потенцирала улогата и поддршката од САД во интензивирање на реформските процеси и истакнала дека земјава и понатаму останува посветена на спроведување на реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во безбедносниот сектор, како едни од нашите највисоки приоритети. Двете соговорнички, како што е наведено во соопштението, размениле мислења за исходот од Самитот за мир во Украина, за влијанијата и безбедносните случувања во регионот, како и за политиките во интерес на гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот на поширокиот регион.

The post Процесот за членство во ЕУ не смее да трпи политички притисоци од други земји членки, порача претседателката на средба со Агелер appeared first on Република.

]]>
Агелер: Срдечни честитки до Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-srdechni-chestitki-do-gordana-siljanovska-davkova-za-nejziniot-istoriski-izbor-za-prva-zhena-pretsedatel/ Thu, 09 May 2024 12:46:12 +0000 https://republika.mk/?p=776379

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер на својот профил на Икс упати честитка по повод победата на Гордана Силјановска Давкова.

Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја, напиша Агелер.

The post Агелер: Срдечни честитки до Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател appeared first on Република.

Агелер до македонските граѓани: Ништо нема да се постигне со негласање https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-do-makedonskite-gragani-nishto-nema-da-se-postigne-so-neglasane/ Tue, 23 Apr 2024 17:08:21 +0000 https://republika.mk/?p=769760

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на Амбасадорка  Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.

The post Агелер до македонските граѓани: Ништо нема да се постигне со негласање appeared first on Република.

Агелер: Будно ќе ги следиме изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-budno-ke-gi-sledime-izborite/ Fri, 05 Apr 2024 06:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=762462

Македонија е во Европа. Треба да биде во ЕУ. Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни и се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, која се надева дека ова прашање ќе биде поставено за време на изборите.

Агелер во интервју за Клик Плус на ТВ 21 рече дека тие будно ќе ги следат изборите, но исто така будно ќе следат и дали има мешање од странство.

Искрено немам одреден став за претседателските избори. Мислам дека е логично што вториот круг од претседателските избори ќе биде заедно со парламентарните избори. Супер е. Будно ќе следиме се. Постои интересна динамика помеѓу албанските партии. Сите избори ги следиме будно, но следиме и дали има мешање од странство, вели Агелер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koruptsijata-e-epidemija-kantser-vo-drzhavava-veli-ageler-za-tv21/

Одговарајќи на прашање дека во последно време се почесто се слуша од политичките партии на Албанците прво уставни измени, па потоа формирање на Влада, Агелер вели дека слушнала неколку опции за тоа како би било возможно.

Јас сум го слушнала тоа, сум слушнала неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно. Верувам! Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани кога амандмани се изгласувале за време на техничка влада. Едно што научив служејќи овде е дека сè е возможно, рече американската амбасадорка.

Според неа, треба внимателно да се слуша како лидерите ја опишуваат својата визија за иднината.

Сите гласачи ги поттикнувам внимателно да слушаат што кажуваат сите, не само лидерите на најголемите партии туку и албанските партии, пратениците, кандидатите на гласачките ливчиња. Внимателно слушајте како ја опишуваат својата визија за иднината оти тоа им е важно на гласачите, вели Агелер и додава дека таа така прави во нејзината држава.

И откако ќе ги поставите тие тешки прашања, посочува таа, „народот ќе одлучи дали визијата на личноста соодветствува со тоа што јас го сакам за своето семејство“.

Одлучувам чии идеи најмногу се поклопуваат со моите, додава Агелер.

Во интервјуто за ТВ 21, американската амбасадорка одговараше и на прашање зошто американските власти не ги дале доказите за лицата ставени на нивната црна листа. Агелер потенцира дека тоа е така зашто приватноста е загарантирана со законите на САД.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-gi-prekrshime-zakonite-na-sad-ako-vi-gi-dademe-dokazite-za-litsata-na-tsrnata-lista-no-i-onaka-dokazite-vi-se-tuka/

The post Агелер: Будно ќе ги следиме изборите appeared first on Република.

]]>

Македонија е во Европа. Треба да биде во ЕУ. Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни и се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, која се надева дека ова прашање ќе биде поставено за време на изборите. Агелер во интервју за Клик Плус на ТВ 21 рече дека тие будно ќе ги следат изборите, но исто така будно ќе следат и дали има мешање од странство.
Искрено немам одреден став за претседателските избори. Мислам дека е логично што вториот круг од претседателските избори ќе биде заедно со парламентарните избори. Супер е. Будно ќе следиме се. Постои интересна динамика помеѓу албанските партии. Сите избори ги следиме будно, но следиме и дали има мешање од странство, вели Агелер.
https://republika.mk/vesti/makedonija/koruptsijata-e-epidemija-kantser-vo-drzhavava-veli-ageler-za-tv21/ Одговарајќи на прашање дека во последно време се почесто се слуша од политичките партии на Албанците прво уставни измени, па потоа формирање на Влада, Агелер вели дека слушнала неколку опции за тоа како би било возможно.
Јас сум го слушнала тоа, сум слушнала неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно. Верувам! Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани кога амандмани се изгласувале за време на техничка влада. Едно што научив служејќи овде е дека сè е возможно, рече американската амбасадорка.
Според неа, треба внимателно да се слуша како лидерите ја опишуваат својата визија за иднината.
Сите гласачи ги поттикнувам внимателно да слушаат што кажуваат сите, не само лидерите на најголемите партии туку и албанските партии, пратениците, кандидатите на гласачките ливчиња. Внимателно слушајте како ја опишуваат својата визија за иднината оти тоа им е важно на гласачите, вели Агелер и додава дека таа така прави во нејзината држава.
И откако ќе ги поставите тие тешки прашања, посочува таа, „народот ќе одлучи дали визијата на личноста соодветствува со тоа што јас го сакам за своето семејство“.
Одлучувам чии идеи најмногу се поклопуваат со моите, додава Агелер.
Во интервјуто за ТВ 21, американската амбасадорка одговараше и на прашање зошто американските власти не ги дале доказите за лицата ставени на нивната црна листа. Агелер потенцира дека тоа е така зашто приватноста е загарантирана со законите на САД. https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-gi-prekrshime-zakonite-na-sad-ako-vi-gi-dademe-dokazite-za-litsata-na-tsrnata-lista-no-i-onaka-dokazite-vi-se-tuka/  

The post Агелер: Будно ќе ги следиме изборите appeared first on Република.

]]>
Агелер: Ќе ги прекршиме законите на САД ако ви ги дадеме доказите за лицата на црната листа, но и онака – доказите ви се тука https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-gi-prekrshime-zakonite-na-sad-ako-vi-gi-dademe-dokazite-za-litsata-na-tsrnata-lista-no-i-onaka-dokazite-vi-se-tuka/ Thu, 04 Apr 2024 20:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=762354

Зошто САД не им помага на властите овде и не им ги даде сите детали? На ова прашање денеска во студиото на ТВ21 во ексклузивно интервју одговори амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

Зашто приватноста е загарантирана со законот на САД. Не можеме да ви ги дадеме доказите што ги имаме, вели амбасадорката.

Посочува дека доколку доказите се изнесат, со тоа би се прекшил законот за приватност.

Имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме ако ги отвориме случаите и ги споделиме доказите. Но поголем дел од тие докази, не сите, оти дел беа од извори во САД… Поголем дел од доказите се од овде, заклучува амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.

The post Агелер: Ќе ги прекршиме законите на САД ако ви ги дадеме доказите за лицата на црната листа, но и онака – доказите ви се тука appeared first on Република.

„Зошто нема решени случаи со корупција? Зошто за тоа потребна е храброст!“, порача американската амбасадорка https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-nema-resheni-sluchai-so-koruptsija-zoshto-za-toa-potrebna-e-hrabrost-poracha-amerikanskata-ambasadorka/ Thu, 04 Apr 2024 18:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=762277

Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер децидна е дека е потреба поголема храброст во борбата со корупцијата во земјава. Таа во интевју за ТВ21 вели дека сега е одлично време да се постави прашањето за борба со корупцијата, алудирајќи на тоа дека земјава се наоѓа во предизборен период.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koruptsijata-e-epidemija-kantser-vo-drzhavava-veli-ageler-za-tv21/

Потребна е храброст. Забележав… Знам дека на некои луѓе ова им е одвратно, но јас многу зборувам за ова. Ова е еден од тие аспекти за кои луѓето зборуваат, но некако се помирени со ситуацијата, вели амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.

Таа додава дека во САД често се вели дека во демократско општество луѓето ја добиваат владата што ја заслужуваат.

Потребно е граѓаните да излезат на гласање, да поставуваат прашања и да бараат отчет од луѓето. Тука мислам на луѓето кои работат во владата и судството. И во судството е потребно да има обвинители, судии, истражители, спроведувачи на законот кои ќе речат: „Доста е“, вели амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.

Таа потенцираше дека САД многу пари вложува во македонското судство.

Многу пари се вложуваат, но кажете ми за резултатите, заклучува амбасадорката.

The post „Зошто нема решени случаи со корупција? Зошто за тоа потребна е храброст!“, порача американската амбасадорка appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер децидна е дека е потреба поголема храброст во борбата со корупцијата во земјава. Таа во интевју за ТВ21 вели дека сега е одлично време да се постави прашањето за борба со корупцијата, алудирајќи на тоа дека земјава се наоѓа во предизборен период. https://republika.mk/vesti/makedonija/koruptsijata-e-epidemija-kantser-vo-drzhavava-veli-ageler-za-tv21/
Потребна е храброст. Забележав… Знам дека на некои луѓе ова им е одвратно, но јас многу зборувам за ова. Ова е еден од тие аспекти за кои луѓето зборуваат, но некако се помирени со ситуацијата, вели амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.
Таа додава дека во САД често се вели дека во демократско општество луѓето ја добиваат владата што ја заслужуваат.
Потребно е граѓаните да излезат на гласање, да поставуваат прашања и да бараат отчет од луѓето. Тука мислам на луѓето кои работат во владата и судството. И во судството е потребно да има обвинители, судии, истражители, спроведувачи на законот кои ќе речат: „Доста е“, вели амбасадорката Агелер во интервју за ТВ21.
Таа потенцираше дека САД многу пари вложува во македонското судство.
Многу пари се вложуваат, но кажете ми за резултатите, заклучува амбасадорката.

The post „Зошто нема решени случаи со корупција? Зошто за тоа потребна е храброст!“, порача американската амбасадорка appeared first on Република.

]]>
Агелер: На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-na-krajot-na-kraishtata-ostanuva-na-funktsionerite-i-graganite-na-ovaa-zemja-da-pobaraat-odgovornost-i-promeni/ Tue, 05 Dec 2023 18:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=720030

На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, порача денеска американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, најавувајќи дека следат нови имиња на „црната листа“ на САД од Македонија.

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.

Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.

САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени appeared first on Република.

]]>

На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, порача денеска американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, најавувајќи дека следат нови имиња на „црната листа“ на САД од Македонија. Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер.
По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.
Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.
САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.
Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени appeared first on Република.

]]>
Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-sleduvaat-poveke-naznachuvana-no-fakt-e-deka-nashite-sanktsii-ne-mozhat-da-ja-popravat-epidemijata-na-koruptsija-vo-makedonija/ Tue, 05 Dec 2023 16:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=720007

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/

По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.

Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.

САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/ По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.
Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.
САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.
Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>
Агелер: Сите знаат кои се корумпираните актери во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-site-znaat-koi-se-korumpiranite-akteri-vo-zemjava/ Mon, 20 Nov 2023 19:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=714537

Нема правна обврска за институциите да преземат акција, но се надевам дека меѓу институциите кои веќе знаат дека има корупција во овие случаи, дека навистина ќе преземат нешто, бидејќи луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат оваа корупција да биде следена, истражувана и гонета, вели амбасадорката на САД Анџела Агелер.

Зборувајќи за минатонеделното ставање лица и компании на „црната листа“ на САД, Агелер во интервју за телевизија Телма, вели дека е интересно тоа што секој пат кога назначуваат луѓе за корупција во оваа земја, секој граѓанин и секој пријател со кој разговара, вели: „се разбира“.

- Затоа што луѓето знаат, знаат кои се корумпираните актери во земјава, нагласува Агелер.

Во назначувањата кои ги видовме досега, посочува амаериканската амбасадорка, корупцијата нема тенденција да остане во една држава.

-Балканот е област која е многу поврзана и секако тоа го видовме и со назначувањата тука, но мислам дека една од важните поенти кои ги нагласивме во нашата објава минатиот четврток, кога беа објавени назначувања, е дека со кого правите бизнис, може и ќе ве погоди и вас и вашето семејство, дали се во оваа земја, или на друго место во регионот, изјави Агелер.

Агелер, меѓу другото, во интервјуто нагласи дека САД и амбасадата на САД работат многу посветено повеќе од 30 години, да го поддржат судството, на сите нивоа.

- Силно и јасно сме посветени на поддршката на институцијата, на правосудството, а не само на поединечен судија. Врховниот суд за оваа земја, и за мојата е неверојатно моќен симбол, тоа е „последниот бедем“, како што велиме ние, и од она што го дискутирав со судиите е колку е важно за сите нив, индивидуално и како тело да го следат правото кога ги донесуваат одлуките, за луѓето во оваа земја да разберат, како и зошто се носат тие одлуки, изјави Агелер.

The post Агелер: Сите знаат кои се корумпираните актери во земјава appeared first on Република.

]]>

Нема правна обврска за институциите да преземат акција, но се надевам дека меѓу институциите кои веќе знаат дека има корупција во овие случаи, дека навистина ќе преземат нешто, бидејќи луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат оваа корупција да биде следена, истражувана и гонета, вели амбасадорката на САД Анџела Агелер. Зборувајќи за минатонеделното ставање лица и компании на „црната листа“ на САД, Агелер во интервју за телевизија Телма, вели дека е интересно тоа што секој пат кога назначуваат луѓе за корупција во оваа земја, секој граѓанин и секој пријател со кој разговара, вели: „се разбира“.
- Затоа што луѓето знаат, знаат кои се корумпираните актери во земјава, нагласува Агелер.
Во назначувањата кои ги видовме досега, посочува амаериканската амбасадорка, корупцијата нема тенденција да остане во една држава.
-Балканот е област која е многу поврзана и секако тоа го видовме и со назначувањата тука, но мислам дека една од важните поенти кои ги нагласивме во нашата објава минатиот четврток, кога беа објавени назначувања, е дека со кого правите бизнис, може и ќе ве погоди и вас и вашето семејство, дали се во оваа земја, или на друго место во регионот, изјави Агелер.
Агелер, меѓу другото, во интервјуто нагласи дека САД и амбасадата на САД работат многу посветено повеќе од 30 години, да го поддржат судството, на сите нивоа.
- Силно и јасно сме посветени на поддршката на институцијата, на правосудството, а не само на поединечен судија. Врховниот суд за оваа земја, и за мојата е неверојатно моќен симбол, тоа е „последниот бедем“, како што велиме ние, и од она што го дискутирав со судиите е колку е важно за сите нив, индивидуално и како тело да го следат правото кога ги донесуваат одлуките, за луѓето во оваа земја да разберат, како и зошто се носат тие одлуки, изјави Агелер.

The post Агелер: Сите знаат кои се корумпираните актери во земјава appeared first on Република.

]]>
Судството не смее да биде под притисок на политиката, им порача амбасадорката Агелер на врховните судии https://republika.mk/vesti/makedonija/sudstvoto-ne-smee-da-bide-pod-pritisok-na-politikata-im-poracha-ambasadorkata-ageler-na-vrhovnite-sudii/ Wed, 25 Oct 2023 15:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=694988

Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите, беше истакнато на денешната средба меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и амбасадорката на САД Ангела Агелер, на која присуствуваа и другите судии од највисокиот судски орган.

Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија. Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности, посочија соговорниците.

Во таа насока, на средбата беше нагласено дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство.

Амбасадорката на САД Ангела Агелер истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес, известуваат од Врховниот суд.

The post Судството не смее да биде под притисок на политиката, им порача амбасадорката Агелер на врховните судии appeared first on Република.

Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ageler-sad-so-poddrshka-od-nad-chetiri-milioni-dolari-za-borba-protiv-koruptsijata/ Mon, 14 Aug 2023 14:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=672059

Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, забрзување на реформските процеси во земјава и борбата против корупцијата, беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со американската амбасадорка во Македонија Анџела Агелер.

На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата, рече Османи.

За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика, стои во соопштението на МНР.

The post Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, забрзување на реформските процеси во земјава и борбата против корупцијата, беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со американската амбасадорка во Македонија Анџела Агелер. На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.
Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата, рече Османи.
За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика, стои во соопштението на МНР.

The post Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Писмото на Агелер е испратено секаде каде што е потребно https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pismoto-na-ageler-e-isprateno-sekade-kade-shto-e-potrebno/ Wed, 26 Apr 2023 10:32:44 +0000 https://republika.mk/?p=634223

Писмото на американската амбасадорка Агелер е испратено секаде каде што е потребно. Владата обезбедува услови за функционирање на судовите, во делот на обезбедување на буџет, во делот на предлагање на законски решенија, кои подоцна ја унапредуваат судската пракса. Нов кривичен законик, нови закони подготвени во ренумерација на судиите и обвинителите, но се блокирани во Собранието, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, после неговото обраќање на „Самит Македонија 2025“.

Тој се согласува дека одредени судски случаи се одолговлечени.

Постапката оди со враќање кон пониски инстанци во повеќе наврати и тоа се прашања за судиите кои работат и за оние кои што управуваат со работата на судиите, додаде Ковачевски и потенцира дека се согласува со нејзините констатации.

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење, стои во отвореното писмо испратено до судските и извршните органи.

Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, стои меѓу другото во писмото на Агелер.

The post Ковачевски: Писмото на Агелер е испратено секаде каде што е потребно appeared first on Република.

]]>

Писмото на американската амбасадорка Агелер е испратено секаде каде што е потребно. Владата обезбедува услови за функционирање на судовите, во делот на обезбедување на буџет, во делот на предлагање на законски решенија, кои подоцна ја унапредуваат судската пракса. Нов кривичен законик, нови закони подготвени во ренумерација на судиите и обвинителите, но се блокирани во Собранието, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, после неговото обраќање на „Самит Македонија 2025“. Тој се согласува дека одредени судски случаи се одолговлечени. Постапката оди со враќање кон пониски инстанци во повеќе наврати и тоа се прашања за судиите кои работат и за оние кои што управуваат со работата на судиите, додаде Ковачевски и потенцира дека се согласува со нејзините констатации. Американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење, стои во отвореното писмо испратено до судските и извршните органи. Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, стои меѓу другото во писмото на Агелер.

The post Ковачевски: Писмото на Агелер е испратено секаде каде што е потребно appeared first on Република.

]]>
Хајредини: На Агелер ѝ ја затворија устата од Стејт департментот, ѝ рекоа остави тоа, кого ја интересира корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-na-ageler-ja-zatvorija-ustata-od-stejt-departmentot-rekoa-ostavi-toa-kogo-ja-interesira-koruptsijata/ Fri, 31 Mar 2023 19:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=625952

Никогаш нема да биде ништо од тоа сè додека не се реши проблемот со уставните измени, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во интервју за „Макфакс“ оценувајќи кој од македонските функционери и политичари би можел да се најде на американската црна листа.

Потсети на зборовите на американската амбасадорка Агелер, која во својата платформа се заложи прва задача да ѝ биде борбата со корупцијата во државата.

Најави дека ќе дојде тим за санкции, во ДУИ ги фати паника. Но, што се случи и дали случајно тројца високи функционери на Стејт департментот еден по еден дојдоа за да ја релативизираат состојбата и да ѝ ја затворат устата на Агелер. Ѝ рекоа, остави ја таа работа, кого го интересира корупцијата, појаснува Хајредини.

Од странците, додава тој, не може да очекуваме да ни ги решат ајдуците.

Оценува дека политичарите и функционерите, за да се спасат да не одат во затвор и да одговараат за корупција, го користат моментот за уставните измени.

Странците да кажат, дециден е Хајредини, каде на друго место има вакви регулативи како во Македонија.

Целото интервју на „Макфакс

The post Хајредини: На Агелер ѝ ја затворија устата од Стејт департментот, ѝ рекоа остави тоа, кого ја интересира корупцијата appeared first on Република.

]]>

Никогаш нема да биде ништо од тоа сè додека не се реши проблемот со уставните измени, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во интервју за „Макфакс“ оценувајќи кој од македонските функционери и политичари би можел да се најде на американската црна листа. Потсети на зборовите на американската амбасадорка Агелер, која во својата платформа се заложи прва задача да ѝ биде борбата со корупцијата во државата.
Најави дека ќе дојде тим за санкции, во ДУИ ги фати паника. Но, што се случи и дали случајно тројца високи функционери на Стејт департментот еден по еден дојдоа за да ја релативизираат состојбата и да ѝ ја затворат устата на Агелер. Ѝ рекоа, остави ја таа работа, кого го интересира корупцијата, појаснува Хајредини.
Од странците, додава тој, не може да очекуваме да ни ги решат ајдуците. Оценува дека политичарите и функционерите, за да се спасат да не одат во затвор и да одговараат за корупција, го користат моментот за уставните измени. Странците да кажат, дециден е Хајредини, каде на друго место има вакви регулативи како во Македонија. Целото интервју на „Макфакс

The post Хајредини: На Агелер ѝ ја затворија устата од Стејт департментот, ѝ рекоа остави тоа, кого ја интересира корупцијата appeared first on Република.

]]>
Агелер за ставањето на „црна листа“ поради корупција: Санкциите ќе ги направат луѓето попретпазливи и поодговорни https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-za-stavaneto-na-tsrna-lista-poradi-koruptsija-sanktsiite-ke-gi-napravat-lugeto-popretpazlivi-i-poodgovorni/ Tue, 24 Jan 2023 16:38:11 +0000 https://republika.mk/?p=600583

Санкциите ќе поттикнат подобро однесување и ќе ги натера избраните функционери, наставниците и здравствените работници да постапуваат правилно, како и да си ја вршат работата со интегритет, смета амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер.

Таа, додаде дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, може да бидат многу ефективни и охрабрувачки.

Според Агелер, санкциите носат чувство на одговорност и последици.

Сфативме дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, може да бидат многу ефективни и охрабрувачки. Тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле, бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, подвлече амбасадорката во одговорот на прашањето за воведување санкции кон лица вмешани во коруптивни зделки.

Амбасадорката Агелер изјави дека САД наметнале санкции зашто тоа е во нивен интерес и тоа се очекува од нив како суверена нација и поради тоа, одредени луѓе не смеат да влезат во САД.

Заканата од и ставањето на „црна листа“ ќе ги натера избраните функционери, функционерите во министерствата во оваа земја, наставниците, здравствените работници да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет, бидејќи ако не го прават тоа така, може да се соочат со последици. Ние се надеваме дека санкциите носат чувство на одговорност и последици. И, се надевам дека тоа ќе се всади во свеста на заедниците во оваа земја. Исто така, граѓаните го бараат тоа од оние што работат за нив, бидејќи, освен кога станува збор за бизнисмените, ние зборуваме за административни службеници, луѓе како мене, кои се ангажирани да работат за својата земја и да го прават она што е во најдобар интерес на државата, а не за лични интереси, потенцира Агелер.

The post Агелер за ставањето на „црна листа“ поради корупција: Санкциите ќе ги направат луѓето попретпазливи и поодговорни appeared first on Република.

]]>

Санкциите ќе поттикнат подобро однесување и ќе ги натера избраните функционери, наставниците и здравствените работници да постапуваат правилно, како и да си ја вршат работата со интегритет, смета амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер.
Таа, додаде дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, може да бидат многу ефективни и охрабрувачки. Според Агелер, санкциите носат чувство на одговорност и последици.
Сфативме дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, може да бидат многу ефективни и охрабрувачки. Тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле, бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, подвлече амбасадорката во одговорот на прашањето за воведување санкции кон лица вмешани во коруптивни зделки.
Амбасадорката Агелер изјави дека САД наметнале санкции зашто тоа е во нивен интерес и тоа се очекува од нив како суверена нација и поради тоа, одредени луѓе не смеат да влезат во САД.
Заканата од и ставањето на „црна листа“ ќе ги натера избраните функционери, функционерите во министерствата во оваа земја, наставниците, здравствените работници да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет, бидејќи ако не го прават тоа така, може да се соочат со последици. Ние се надеваме дека санкциите носат чувство на одговорност и последици. И, се надевам дека тоа ќе се всади во свеста на заедниците во оваа земја. Исто така, граѓаните го бараат тоа од оние што работат за нив, бидејќи, освен кога станува збор за бизнисмените, ние зборуваме за административни службеници, луѓе како мене, кои се ангажирани да работат за својата земја и да го прават она што е во најдобар интерес на државата, а не за лични интереси, потенцира Агелер.

The post Агелер за ставањето на „црна листа“ поради корупција: Санкциите ќе ги направат луѓето попретпазливи и поодговорни appeared first on Република.

]]>
Агелер: Уставните измени треба да бидат усвоени https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ustavnite-izmeni-treba-da-bidat-usvoeni/ Tue, 24 Jan 2023 15:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=600568

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Прајс Агелер, од Гостивар порача дека уставните измени треба да бидат усвоени за земјава да се придвижи напред.

Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.

Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, изјави Агелер, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC).

Амбасадорката нагласи дека е запозната со партиски ставови на пратениците, дека тие имаат гласачи и дека тие се одговорни кон нив, но смета дека „ова е во најдобар интерес на Македонија“ и на тоа мисли кога ја спомнува „тешката одлука“.

И затоа, засега тоа е предизвик, верувам дека ако се донесе таа одлука и дека пратениците треба да гласаат за да може да има напредок, изјави Агелер.

The post Агелер: Уставните измени треба да бидат усвоени appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Прајс Агелер, од Гостивар порача дека уставните измени треба да бидат усвоени за земјава да се придвижи напред. Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок.
Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но е неопходен за чекор напред. Пратениците треба да гласаат за уставните промени, за државата да може да се придвижи напред со дискусиите и процесот за интеграција и пристапување кон ЕУ. Според мене, тоа е клучно, бидејќи таму лежи успешната иднина на оваа земја, изјави Агелер, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC).
Амбасадорката нагласи дека е запозната со партиски ставови на пратениците, дека тие имаат гласачи и дека тие се одговорни кон нив, но смета дека „ова е во најдобар интерес на Македонија“ и на тоа мисли кога ја спомнува „тешката одлука“.
И затоа, засега тоа е предизвик, верувам дека ако се донесе таа одлука и дека пратениците треба да гласаат за да може да има напредок, изјави Агелер.
 
The post Агелер: Уставните измени треба да бидат усвоени appeared first on Република.

]]>
Агелер: Опасно е да се напаѓаат медиумите, многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон функционерите https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-opasno-e-da-se-napagaat-mediumite-mnogu-e-fer-novinarite-da-bidat-kritichki-nastroeni-kon-funktsionerite/ Mon, 23 Jan 2023 22:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=600175

Слободата на медиумите е многу важна за секоја земја. Тоа е еден од нашите најзначајни приоритети. Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, но особено функционерите, не треба да ги напаѓаат медиумите или пак некој новинар конкретно. Искрено, мислам дека тоа е опасно. Мислам дека тоа не е соодветно, нагласи вечерва амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер.

Таа, во интервју за ТВ „Телма”, одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците”, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма”, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор” со одговорните новинари.

Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важен, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни, рече Агелер.

Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле.

Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин, истакна Агелер.

The post Агелер: Опасно е да се напаѓаат медиумите, многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон функционерите appeared first on Република.

]]>

Слободата на медиумите е многу важна за секоја земја. Тоа е еден од нашите најзначајни приоритети. Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, но особено функционерите, не треба да ги напаѓаат медиумите или пак некој новинар конкретно. Искрено, мислам дека тоа е опасно. Мислам дека тоа не е соодветно, нагласи вечерва амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер. Таа, во интервју за ТВ „Телма”, одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците”, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма”, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор” со одговорните новинари.
Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важен, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни, рече Агелер.
Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле.
Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин, истакна Агелер.

The post Агелер: Опасно е да се напаѓаат медиумите, многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон функционерите appeared first on Република.

]]>
Агелер: Во следните месеци ќе видиме неколку имиња од листите за санкции https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-vo-slednite-mesetsi-ke-vidime-nekolku-imina-od-listite-za-sanktsii/ Mon, 23 Jan 2023 20:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=600169

Прашањето не е дека САД ќе објават една листа и ќе кажат „тоа е тоа, ова се сите имиња“. Ова е долготраен и постојан разговор помеѓу американската Амбасада овде и Вашингтон и ширум Владата во Вашингтон. Има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме. Бидејќи има постојана проверка за оние кои ние сметаме дека ги прекршиле правилата во поглед на очекувањата кои ги имаат САД за тоа дали да им дозволи влез во САД, или да се соочат со други видови на финансиски санкции, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Анг ела Агелер, осврнувајќи се на очекувањата за црната листа на САД за корумпирани лица.

Агелер во интервју за ТВ „Телма“ посочи дека некои проверки ги води Стејт департментот, некои Министерството за финанси, и други агенции исто така.

Значи тоа е постојан разговор. Немам временска рамка бидејќи Вашингтон ќе ги објави кога ќе ги заврши истрагите и заклучоците. Тесно соработуваме во развојот на случаите. Моите очекувања се дека во следните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка. Ќе повторам за да бидам јасна, тој разговор кој го водиме, кој јас го водам, кој мојот тим овде го води со Вашингтон, не бараме мислења на луѓе од оваа земја, и верувајте ми, откога дојдов овде, луѓе имаат пријавено многу, многу имиња во оваа Амбасада, на луѓе кои ги прекршиле правилата, и кои треба да бидат на некоја од листите за санкции. И ние секако дека ги разгледуваме тие – нагласи Агелер.

Амбасадорката побара трпение од страна на граѓаните и рече дека тие мора да сфатат дека станува збор за постојан процес.

Знаете, ме прашуваат за листата, и пак ќе повторам, не постои само една, но тоа можеби е и можност за луѓето помалку да бидат фокусирани на една листа, туку повеќе да бидат фокусирани на видовите на активности и постапки кои би ставиле некој на листата. Мислам дека ова е можност за правосудството сериозно да се погледне себеси, дали сте судија, или обвинител, која и да е вашата улога, и да се запрашате „дали јас се однесувам, дали си ја извршувам работата со интегритет? Дали сум под влијание на други? Дали носам одлуки засновани врз законот?“ Мислам дека сите можеме да посочиме кон неодамнешни примери каде што не ни се чини нам, или на јавноста, дека тоа се случило. Значи продолжуваат да се појавуваат примери кои изгледаат многу сомнително, пак ќе повторам, не само на САД и на Амбасадата, туку и на обичните луѓе, кои сакаат да продолжат со своите животи знаејќи дека нивната влада, дека нивните политичари дејствуваат во најдобар интерес за нив. Во најдобар интерес за граѓаните, а не во нивниот личен најдобар интерес, на судијата, на обвинителот, или на кој било, наведе Агелер.

The post Агелер: Во следните месеци ќе видиме неколку имиња од листите за санкции appeared first on Република.

]]>

Прашањето не е дека САД ќе објават една листа и ќе кажат „тоа е тоа, ова се сите имиња“. Ова е долготраен и постојан разговор помеѓу американската Амбасада овде и Вашингтон и ширум Владата во Вашингтон. Има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме. Бидејќи има постојана проверка за оние кои ние сметаме дека ги прекршиле правилата во поглед на очекувањата кои ги имаат САД за тоа дали да им дозволи влез во САД, или да се соочат со други видови на финансиски санкции, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Анг ела Агелер, осврнувајќи се на очекувањата за црната листа на САД за корумпирани лица. Агелер во интервју за ТВ „Телма“ посочи дека некои проверки ги води Стејт департментот, некои Министерството за финанси, и други агенции исто така.