амбасадори Archives - Република https://republika.mk/tema/ambasadori/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 12:21:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасадори Archives - Република https://republika.mk/tema/ambasadori/ 32 32 Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-bidat-povlecheni-ambasadorite-vo-chija-rabota-ke-se-konstatiraat-neregularnosti-najavi-mitskoski/ Fri, 23 Aug 2024 12:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=809469

Амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности ќе бидат повлечени, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Истите ќе бидат повлечени. Има такви многу. Дел од тие нерегуларности коишто се истражуваат се и нерегуларностите во Министерството за надворешни работи, постапувањето на официјалните органи кои биле дел од МНР, како и некои од амбасадорите кои, за жал, морам да кажам имаат груба злоупотреба на средства на граѓаните од Буџетот - изјави премиерот Мицкоски, кој беше во посета на Катастарот.

Амбасадорот и постојан претставник во ОН Љубомир Фрчкоски поднесе писмена оставка до Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до Министерството за надворешни работи.

Неодамна, Фрчкоски беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но како што изјави министерот Тимчо Муцунски, до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.

Муцунски исто така на разговор повика и неколкумина други амбасадори.

The post Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности ќе бидат повлечени, изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Истите ќе бидат повлечени. Има такви многу. Дел од тие нерегуларности коишто се истражуваат се и нерегуларностите во Министерството за надворешни работи, постапувањето на официјалните органи кои биле дел од МНР, како и некои од амбасадорите кои, за жал, морам да кажам имаат груба злоупотреба на средства на граѓаните од Буџетот - изјави премиерот Мицкоски, кој беше во посета на Катастарот.
Амбасадорот и постојан претставник во ОН Љубомир Фрчкоски поднесе писмена оставка до Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до Министерството за надворешни работи. Неодамна, Фрчкоски беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но како што изјави министерот Тимчо Муцунски, до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот. Муцунски исто така на разговор повика и неколкумина други амбасадори.

The post Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-ostvari-sredba-so-ambasadorite-na-drzhavite-chlenki-na-evropskata-unija/ Mon, 22 Jul 2024 14:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=799238

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.

Премиерот Мицкоски ги информираше амбасадорите за заложбите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди.

Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдија својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Македонија и изразија подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.

 

Средбата заврши со согласност за натамошно интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните односи во различни области од заеднички интерес.

 

The post Премиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата. Премиерот Мицкоски ги информираше амбасадорите за заложбите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди. Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдија својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Македонија и изразија подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.   Средбата заврши со согласност за натамошно интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните односи во различни области од заеднички интерес.  

The post Премиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Мисајловски на средби со Дрекслер, Бомгартнер и Ќехаја https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-na-sredbi-so-dreksler-bomgartner-i-kehaja/ Wed, 17 Jul 2024 20:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=797816

Средбa на министерот Мисајловски со амбасадорката на Ср Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Благодарност до амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер и одбранбеното аташе потполковник Ханс Петер Вамслер за одличната одбранбена соработка, особено во процесот на интегрирањето во НАТО упати министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба во Министерството за одбрана.

На средбата министерот Мисајловски напомена дека буџетот останува на 2% од БДП согласно заклучоците.

Во однос на Украина, Мисајловски извести дека македонската Влада ќе продолжи да ја помага и поддржува Украина.

Сојузништвото во рамки на НАТО и придонесот во операциите предводени од НАТО беа дел од денешниот разговор, на кој беше потенцирана регионалната стабилност како еден од главните фактори за натамошен просперитет на земјите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Нашата земја е јасно позиционирана и почитувана од страна на сите членки на Алијансата, што беше забележливо на сите досегашни средби и состаноци на НАТО Самитот и останува да биде доверлив партнер за соработка, заклучија соговорниците.

Средба на министерот Мисајловски со францускиот амбасадор, Сирил Баумгартнер: Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

На средбата во фокус на разговорот беше сојузништвото во рамките на НАТО, заедничкиот придонес кон целокупната политичка и безбедносна стабилност на регионот и обезбедувањето на одбранбениот Буџет согласно заклучоците на НАТО.
„Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција која е наш сојузник и долгогодишен партнер, пред се во доменот на стратешки консултации во одбраната, затоа што модернизацијата и опремувањето на Армијата е наш највисок приоритет“, рече министерот Мисајловски.

Францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер истакна дека одлична билатерална одбранбена соработка во одбраната, военото образование и јазична обука ќе продолжи и понатаму и ја потенцира француската поддршка за членство на нашата земја во Европската Унија.

На средбата министерот Мисајловски го информираше амбасадорот Бомгартнер за актуелната кризна состојба во однос на повеќето од 30 активни пожари и за помошта која доаѓа од соседните земји.

Министерот Мисајловски оствари средба со косовскиот амбасадор, Н.Е. Флоријан Ќехаја

Регионалната стабилност, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и унапредување на добрососедските односи, беа темите на разговор на денешната средба меѓу министерот за одбрана Владо Мисајловски и амбасадорот на Косово, Н.Е. Флоријан Ќехаја.

Амбасадорот Ќехаја на средбата упати благодарност за досегашната билатерална соработка помеѓу двете земји.

The post Мисајловски на средби со Дрекслер, Бомгартнер и Ќехаја appeared first on Република.

]]>

Средбa на министерот Мисајловски со амбасадорката на Ср Германија, Н.Е. Петра Дрекслер Благодарност до амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер и одбранбеното аташе потполковник Ханс Петер Вамслер за одличната одбранбена соработка, особено во процесот на интегрирањето во НАТО упати министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба во Министерството за одбрана. На средбата министерот Мисајловски напомена дека буџетот останува на 2% од БДП согласно заклучоците. Во однос на Украина, Мисајловски извести дека македонската Влада ќе продолжи да ја помага и поддржува Украина. Сојузништвото во рамки на НАТО и придонесот во операциите предводени од НАТО беа дел од денешниот разговор, на кој беше потенцирана регионалната стабилност како еден од главните фактори за натамошен просперитет на земјите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите. Нашата земја е јасно позиционирана и почитувана од страна на сите членки на Алијансата, што беше забележливо на сите досегашни средби и состаноци на НАТО Самитот и останува да биде доверлив партнер за соработка, заклучија соговорниците. Средба на министерот Мисајловски со францускиот амбасадор, Сирил Баумгартнер: Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер.
На средбата во фокус на разговорот беше сојузништвото во рамките на НАТО, заедничкиот придонес кон целокупната политичка и безбедносна стабилност на регионот и обезбедувањето на одбранбениот Буџет согласно заклучоците на НАТО.
„Остануваме посветени на продлабочување на сојузничката одбранбена соработка со Франција која е наш сојузник и долгогодишен партнер, пред се во доменот на стратешки консултации во одбраната, затоа што модернизацијата и опремувањето на Армијата е наш највисок приоритет“, рече министерот Мисајловски. Францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер истакна дека одлична билатерална одбранбена соработка во одбраната, военото образование и јазична обука ќе продолжи и понатаму и ја потенцира француската поддршка за членство на нашата земја во Европската Унија. На средбата министерот Мисајловски го информираше амбасадорот Бомгартнер за актуелната кризна состојба во однос на повеќето од 30 активни пожари и за помошта која доаѓа од соседните земји. Министерот Мисајловски оствари средба со косовскиот амбасадор, Н.Е. Флоријан Ќехаја
Регионалната стабилност, интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и унапредување на добрососедските односи, беа темите на разговор на денешната средба меѓу министерот за одбрана Владо Мисајловски и амбасадорот на Косово, Н.Е. Флоријан Ќехаја. Амбасадорот Ќехаја на средбата упати благодарност за досегашната билатерална соработка помеѓу двете земји.

The post Мисајловски на средби со Дрекслер, Бомгартнер и Ќехаја appeared first on Република.

]]>
Работна средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорите на земјите од Вишеградската група https://republika.mk/vesti/makedonija/rabotna-sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-ambasadorite-na-zemjite-od-vishegradskata-grupa/ Wed, 17 Jul 2024 15:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=797769

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари работна средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група, на која присуствуваа амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик, на Чешката Република, Јарослав Лудва, на Словачката Република, Хенрик Маркуш и заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Унгарија, Кристина Тихањи.

Соговорниците разменија мислења за натамошно продлабочување на пријателските односи и меѓусебната соработка, за процесот на македонската интеграција во Европската Унија, како и за клучните политички и безбедносни предизвици со кои се соочуваат Унијата и европскиот континент.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека земјите од Вишеградската група отсекогаш биле гласни поддржувачи на нашиот регион и промотори на политиката на проширување на Европската Унија и се заблагодари за нивната солидарност, помош и споделување на експертските искуства во евроинтегративниот процес.

Во таа насока, таа ја нагласи нагласи важноста од фер третман, соодветно и мериторно вреднување на досегашниот реформски напредок на земјава и исполнувањето на копенхагенските критериуми во процесот на евроинтеграциите.

Претседателката ја истакна подготвеноста на земјава за примена на добрите примери и практики развиени во Вишеградската група и се заблагодари за техничката помош во градење на капацитетите на граѓанското општество.

Соговорниците изразија уверување за натамошно унапредување на севкупните односи базирани на меѓусебно пријателство, разбирање и почит.

The post Работна средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорите на земјите од Вишеградската група appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари работна средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група, на која присуствуваа амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик, на Чешката Република, Јарослав Лудва, на Словачката Република, Хенрик Маркуш и заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Унгарија, Кристина Тихањи.

Соговорниците разменија мислења за натамошно продлабочување на пријателските односи и меѓусебната соработка, за процесот на македонската интеграција во Европската Унија, како и за клучните политички и безбедносни предизвици со кои се соочуваат Унијата и европскиот континент.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека земјите од Вишеградската група отсекогаш биле гласни поддржувачи на нашиот регион и промотори на политиката на проширување на Европската Унија и се заблагодари за нивната солидарност, помош и споделување на експертските искуства во евроинтегративниот процес.

Во таа насока, таа ја нагласи нагласи важноста од фер третман, соодветно и мериторно вреднување на досегашниот реформски напредок на земјава и исполнувањето на копенхагенските критериуми во процесот на евроинтеграциите.

Претседателката ја истакна подготвеноста на земјава за примена на добрите примери и практики развиени во Вишеградската група и се заблагодари за техничката помош во градење на капацитетите на граѓанското општество.

Соговорниците изразија уверување за натамошно унапредување на севкупните односи базирани на меѓусебно пријателство, разбирање и почит.

The post Работна средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорите на земјите од Вишеградската група appeared first on Република.

]]>
Израел ги повлече своите амбасадори во Норвешка, Шпанија и Ирска: Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот- тероризмот се исплаќа https://republika.mk/vesti/svet/izrael-gi-povleche-svoite-ambasadori-vo-norveshka-shpanija-i-irska-deneshnata-odluka-ispraka-poraka-do-palestintsite-i-svetot-terorizmot-se-isplaka/ Wed, 22 May 2024 11:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=780835

Израел денеска соопшти дека го отповикува израелскиот амбасадор во Шпанија, откако ги повлече своите амбасадори во Ирска и Норвешка.

Но, исто така, рече дека ги повикува амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на „укорувачки разговор“ – за време на кој тие ќе го гледаат видеото од киднапирањето на женските израелски војници на 7 октомври.

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, рече: „Историјата ќе памети дека Шпанија, Норвешка и Ирска решија да им доделат златен медал на Хамасовите убијци и силувачи, кои силуваа тинејџерки и палеа бебиња.“

„Наредив амбасадорите веднаш да бидат повикани на укорувачки разговори – за време на кои тие ќе го гледаат ужасното киднапирање на видеото од киднапирањето на женските набљудувачи за да им илустрирам каква извртена одлука донеле нивните влади.“

Тероризмот се исплаќа, рече израелскиот министер за надворешни работи

„Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот: тероризмот се исплаќа“, рече израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.

„Откако терористичката организација Хамас го изврши најголемиот масакр на Евреите од Холокаустот, по извршените грозоморни сексуални злосторства на кои сведочеше светот, овие земји избраа да ги наградат Хамас и Иран со признавање на палестинска држава.“

„Овој искривен чекор на овие земји е неправда кон споменот на жртвите од 7.10., удар врз напорите за враќање на 128-те заложници и поттик за Хамас и иранските џихадисти, што ја поткопува шансата за мир и го доведува во прашање правото на Израел за самоодбрана“.

„Им испраќам јасна порака на Ирска и Норвешка: Израел нема да отстапи против оние што го поткопуваат неговиот суверенитет и ја загрозуваат неговата безбедност“, рече Кац.

„Израел нема молчаливо да премине преку ова – нивниот чекор ќе има сериозни последици.“

The post Израел ги повлече своите амбасадори во Норвешка, Шпанија и Ирска: Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот- тероризмот се исплаќа appeared first on Република.

]]>

Израел денеска соопшти дека го отповикува израелскиот амбасадор во Шпанија, откако ги повлече своите амбасадори во Ирска и Норвешка.
Но, исто така, рече дека ги повикува амбасадорите на Ирска, Шпанија и Норвешка во Израел на „укорувачки разговор“ – за време на кој тие ќе го гледаат видеото од киднапирањето на женските израелски војници на 7 октомври. Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, рече: „Историјата ќе памети дека Шпанија, Норвешка и Ирска решија да им доделат златен медал на Хамасовите убијци и силувачи, кои силуваа тинејџерки и палеа бебиња.“ „Наредив амбасадорите веднаш да бидат повикани на укорувачки разговори – за време на кои тие ќе го гледаат ужасното киднапирање на видеото од киднапирањето на женските набљудувачи за да им илустрирам каква извртена одлука донеле нивните влади.“ Тероризмот се исплаќа, рече израелскиот министер за надворешни работи „Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот: тероризмот се исплаќа“, рече израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац. „Откако терористичката организација Хамас го изврши најголемиот масакр на Евреите од Холокаустот, по извршените грозоморни сексуални злосторства на кои сведочеше светот, овие земји избраа да ги наградат Хамас и Иран со признавање на палестинска држава.“ „Овој искривен чекор на овие земји е неправда кон споменот на жртвите од 7.10., удар врз напорите за враќање на 128-те заложници и поттик за Хамас и иранските џихадисти, што ја поткопува шансата за мир и го доведува во прашање правото на Израел за самоодбрана“. „Им испраќам јасна порака на Ирска и Норвешка: Израел нема да отстапи против оние што го поткопуваат неговиот суверенитет и ја загрозуваат неговата безбедност“, рече Кац. „Израел нема молчаливо да премине преку ова – нивниот чекор ќе има сериозни последици.“

The post Израел ги повлече своите амбасадори во Норвешка, Шпанија и Ирска: Денешната одлука испраќа порака до Палестинците и светот- тероризмот се исплаќа appeared first on Република.

]]>
Сопругите на амбасадорите виткаа сарми од лозов лист на гости во резиденцијата на Амбасадата на Турција https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/soprugite-na-ambasadorite-vitkaa-sarmi-od-lozov-list-na-gosti-vo-rezidentsijata-na-ambasadata-na-turtsija/ Tue, 21 May 2024 15:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=780562

Турската кујна еедна од највусните во светот. Ги буди сите сетила и на оние што ја консумираат и на тие што ја подготвуваат. Толку слична на нашата, македонската, па можеби затоа нема јадење што не го приготвувале по дома и нашите баби и мајки.

Сарми, ќофтиња, тиквички, мусака,ориз, полнети пиперки,таратур, алва, баклаква... што ти душа сака.

Сево ова го имаше во турската резиденција во Скопје каде што сопругата на турскиот амбасадор, Нур Улсој, по повод Неделата на турската кујна, приреди ручек со концепт ,,Вкусовите на егејскиот дел на турската кујна".

Еден од специјалитетите на турската кујна е сарма од лозов лист. По тој повод беше организиран натпревар на подготовка на сарми од лозов лист во маслиново масло во кој гостите виткаа сарми, а жири од готвачи од најпознатите скопски хотели го оценуваа приготвеното.

Најдобра во виткањето сарми беше сопругата на амбасадорот на Кина, Зуан Шунг Јунг.

Во умешноста во виткатањето сарми се покажаа сопругата на амбададорот на Словенија, Елвира Златиќ,  сопругата на словачкиот амбасадор, Жанета Маркушова, како и Јоланта Гжелчик, сопруга на полскиот амбасадор.

Најбрза натпреварувачка во виткање сарми беше пратеничката Жаклина Пешевска, која дојде во друштво со Гордана Димитриеска-Кочоска и со сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.

 

The post Сопругите на амбасадорите виткаа сарми од лозов лист на гости во резиденцијата на Амбасадата на Турција appeared first on Република.

]]>

Турската кујна еедна од највусните во светот. Ги буди сите сетила и на оние што ја консумираат и на тие што ја подготвуваат. Толку слична на нашата, македонската, па можеби затоа нема јадење што не го приготвувале по дома и нашите баби и мајки. Сарми, ќофтиња, тиквички, мусака,ориз, полнети пиперки,таратур, алва, баклаква... што ти душа сака. Сево ова го имаше во турската резиденција во Скопје каде што сопругата на турскиот амбасадор, Нур Улсој, по повод Неделата на турската кујна, приреди ручек со концепт ,,Вкусовите на егејскиот дел на турската кујна". Еден од специјалитетите на турската кујна е сарма од лозов лист. По тој повод беше организиран натпревар на подготовка на сарми од лозов лист во маслиново масло во кој гостите виткаа сарми, а жири од готвачи од најпознатите скопски хотели го оценуваа приготвеното. Најдобра во виткањето сарми беше сопругата на амбасадорот на Кина, Зуан Шунг Јунг. Во умешноста во виткатањето сарми се покажаа сопругата на амбададорот на Словенија, Елвира Златиќ,  сопругата на словачкиот амбасадор, Жанета Маркушова, како и Јоланта Гжелчик, сопруга на полскиот амбасадор. Најбрза натпреварувачка во виткање сарми беше пратеничката Жаклина Пешевска, која дојде во друштво со Гордана Димитриеска-Кочоска и со сопругата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска.  

The post Сопругите на амбасадорите виткаа сарми од лозов лист на гости во резиденцијата на Амбасадата на Турција appeared first on Република.

]]>
Полска отповикува повеќе од 50 амбасадори назначени од претходната влада https://republika.mk/vesti/svet/polska-otpovikuva-poveke-od-50-ambasadori-naznacheni-od-prethodnata-vlada/ Thu, 14 Mar 2024 11:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=754706

Полската влада одлучи да отповика повеќе од 50 амбасадори именувани од претходната влада на партијата Право и правда, а реконструкцијата на надворешната политика на земјата ја поддржа премиерот Доналд Туск, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.

„Владата верува дека неопходната промена на полските амбасадори ќе помогне на подобар и попрофесионален начин да се решат тешките предизвици со кои се соочува полската надворешна политика денес“, се вели во соопштението на Министерството.

Туск во вторник најави дека заедно со министерот за надворешни работи Радослав Сикорски ќе побара од претседателот на Полска Анджеј Дуда да спроведе промени во повеќето амбасади, пишува Политико.

„Во секој случај, ќе имаме многу големи промени во амбасадите“, рече Туск.

Тој посочи дека тоа „не е одмазда“, туку дека е важно „да се изгради тим лојален на полската држава“.

Новата про-ЕУ влада на Туск вети дека ќе ги врати демократските стандарди во земјата и ќе ги подобри односите со Брисел, истовремено отстранувајќи ги луѓето поврзани со поранешната влада од клучните позиции и, тврди Политико, ослободувајќи ги државните медиуми од политичката контрола.

Дуда, кој сè уште е лојален на партијата Право и Правда, беше критичен за некои промени, а неговиот политички конфликт со Туск најмногу се одразува во односот на новата влада кон двајцата поранешни партиски функционери, Мариуш Камински и Мациеј Васик, кои се во затвор поради злоупотреба на положбата.

The post Полска отповикува повеќе од 50 амбасадори назначени од претходната влада appeared first on Република.

]]>

Полската влада одлучи да отповика повеќе од 50 амбасадори именувани од претходната влада на партијата Право и правда, а реконструкцијата на надворешната политика на земјата ја поддржа премиерот Доналд Туск, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
„Владата верува дека неопходната промена на полските амбасадори ќе помогне на подобар и попрофесионален начин да се решат тешките предизвици со кои се соочува полската надворешна политика денес“, се вели во соопштението на Министерството.
Туск во вторник најави дека заедно со министерот за надворешни работи Радослав Сикорски ќе побара од претседателот на Полска Анджеј Дуда да спроведе промени во повеќето амбасади, пишува Политико.
„Во секој случај, ќе имаме многу големи промени во амбасадите“, рече Туск.
Тој посочи дека тоа „не е одмазда“, туку дека е важно „да се изгради тим лојален на полската држава“. Новата про-ЕУ влада на Туск вети дека ќе ги врати демократските стандарди во земјата и ќе ги подобри односите со Брисел, истовремено отстранувајќи ги луѓето поврзани со поранешната влада од клучните позиции и, тврди Политико, ослободувајќи ги државните медиуми од политичката контрола. Дуда, кој сè уште е лојален на партијата Право и Правда, беше критичен за некои промени, а неговиот политички конфликт со Туск најмногу се одразува во односот на новата влада кон двајцата поранешни партиски функционери, Мариуш Камински и Мациеј Васик, кои се во затвор поради злоупотреба на положбата.

The post Полска отповикува повеќе од 50 амбасадори назначени од претходната влада appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Непринципиелните барања и напади врз нашите идентитетски атрибути доведоа до значителен пад на поддршката за евроинтеграцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-neprintsipielnite-barana-i-napadi-vrz-nashite-identitetski-atributi-dovedoa-do-znachitelen-pad-na-poddrshkata-za-evrointegratsijata/ Sat, 10 Feb 2024 09:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=742414

Претседателот на државата Стево Пендаровски се обрати на традиционалниот годишен прием што за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија, го приреди вчеравечер во Скопје.

Пендаровски, во обраќањето, како што информираат од неговиот кабинет, порача дека зад нас е година исполнета со бројни активности и заложби за унапредување на односите меѓу Македонија и државите коишто ги претставувате и им изразил особена благодарност за нивниот ангажман и придонес.

– Ме радува што во изминатиот период го задржавме интензитетот на контактите и партнерските односи додека разговаравме за различни аспекти од билатералната и мултилатералната соработка, европската интеграција, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, реформите и политичките случувања кај нас. Во последната година од овој мој мандат како претседател имав можност да реализирам значајни посети во повеќе држави меѓу кои, Кралството Белгија, Чешката Република, Обединетите Арапски Емирати и да остварам бројни средби со мои колеги, претседатели, на маргините на различни меѓународни настани, но и да бидам домаќин на претседателите на Унгарија, на Словенија и на Косово – порачал Пендаровски.

Изминатата година, Скопје, преку завршниот министерски состанок на ОБСЕ, самитот на претседатели на држави на Брдо-Бриони процесот, министерскиот состанок на Јадранската повелба, Струга преку Преспа-форумот за дијалог и Охрид како домаќин на дијалогот Белград ─ Приштина, беа центри каде што се дискутираа и носеа важни одлуки не само за регионот, туку и за европскиот континент. Ова за нас, како мала држава е навистина од особено значење.

– Како претседател на држава којашто се наоѓа во турбулентен регион, во изминативе, безмалку пет години настојував да водам балансирана, транспарентна и предвидлива надворешна политика, во интерес на мирот и безбедноста, добрососедството, стабилноста, просперитетот и заедничките вредности коишто ги споделуваме со демократските земји. Европската интеграција на Македонија и на Западниот Балкан, постојано беа во центарот на моите заложби и на заложбите на мојот тим најблиски соработници. Во тоа верувам уште од почетоците на мојот јавен ангажман и ќе продолжам да се залагам за таа идеја до нејзината целосна реализација – порачал Пендаривски.

Зборувајќи за европската интеграција во мојот мандат, работата не ја дозавршивме, бидејќи по направените компромиси коишто не беа на штета на македонските национални интереси, ги почнавме преговорите по долги 17 години чекање со статусот на кандидат, но внатре во државата и покрај јасно исцртаниот пат и отворената врата, не успеавме да ги усвоиме уставните амандмани, со што, по успешно завршениот скрининг, ќе можевме да го продолжиме процесот со втората меѓувладина конференција.

– Сепак, по долги години со замрзнат статус, направивме крупен чекор напред и дојдовме во фаза во којашто прогресот во интеграциите сега зависи само од нас, а не од некој надворешен фактор. Во оваа смисла, целокупниот процес на интеграции покажа дека во тој потфат не сме сами, затоа што изградивме цврсти партнерски односи со безмалку сите земји-членки на Унијата, коишто ќе бидат повеќе од потребни во периодот којшто ќе следи и коишто ќе бидат гаранција дека интеграциите ќе се одвиваат во европски манир, без поставување препреки и измислување критериуми коишто немаат ништо заедничко, ниту со преговорите, ниту пак со европските вредности. Истовремено, сиот овој период на неизвесност, исполнет често со непринципиелни барања и напади врз нашите идентитетски атрибути, доведе до значителен пад на поддршката за европската интеграција, пред сè, меѓу Македонците, што треба да нè загрижува не само нас, туку и државите коишто веруваат во проширувањето на Унијата и го сметаат за клучен влог во безбедноста и просперитетот на континентот – нагласил Пендаровски.

Имајќи го ова предвид, Пендаровски, посочил дека продолжува да верува дека нашата иднина ќе биде многу попредвидлива како членка на Унијата, отколку да сме сами или да правиме обиди за интегрирање во некои други форми коишто немаат допирна точка со демократските вредности.

– Затоа сакам да го реафирмирам мојот став дека државата мора да остане на патот на европските интеграции и градењето на добрососедски односи, без оглед на тоа кој ќе биде во извршната власт по изборите во мај оваа година. Истото се однесува и на мојата визија за регионот на Западниот Балкан, којашто од првиот ден на мојот мандат беше и остана дијаметрално спротивна на идеите за промена на границите, размена на територии, концептите за големи држави, или вакви или онакви светови. Западниот Балкан, интегриран во ЕУ ќе биде безбеден, економски просперитетен и отпорен на злонамерни влијанија и тоа треба да биде приоритет за секој одговорен политичар, пред сè, кај нас, но, и во Брисел, порачал Пендаровски пред дипломатскиот кор во земјава.

Оттука доаѓаше и мојата поддршка за новата методологија за преговори, за заедничкиот регионален пазар, планот за инвестиции, планот за раст, зелената агенда и принципот на постепена интеграција, со став дека за иднината на регионот постојат убави идеи, но недостасуваат одлуки, коишто нема да останат во доменот на бирократската симболика, туку реално ќе нè придвижат напред.

-Иднината на регионот заслужува уште поголемо внимание во пресрет на предизвиците со коишто ќе се соочиме оваа година, којашто е година на избори во повеќе држави, но, и во нашите клучни стратешки партнери, ЕУ и САД. Растот на популизмот во Европа не е новина, но како никогаш до сега, популистите добиваат на политичка тежина и одлучувачка моќ во процесите во коишто е вклучена и нашата држава. Сето ова се случува на фонот на руската инвазија врз Украина, конфликтот на Блискиот Исток и тензиите во односите меѓу клучните фактори во меѓународните односи, изјавил Пендаровски.

Без оглед на исходот од сите овие изборни циклуси, длабоко сум убеден дека кохезијата во евроатлантскиот блок и процесите на натамошна интеграција и проширување на Европската Унија со регионот на Западен Балкан, мора да бидат императив за владите во Европа и во Вашингтон, доколку навистина сакаме мир и стабилност на европскиот континент.

– Во овие рамки, посебно значење има исходот од војната во Украина и поддршката којашто демократскиот свет ѝ ја дава на оваа европска земја бидејќи поразот на Украина, без сомнение, ќе биде пораз и на демократијата и широко отворање на вратите за режимите, коишто не се однесуваат демократски ниту кон своите граѓани, а уште помалку во меѓународните односи. Ние, како мала држава, уште од почетокот ја демонстриравме нашата поддршка и солидарност со херојскиот украински народ којашто мора да продолжи и да трае сè додека Украина не ги достигне своите цели во оваа неправедна војна – посочил Пендаровски.

Во однос на домашните политички прилики, мојата намера денес, нагласил Пендаровски, не е да го повторувам сето она што го говорев во моето петто годишно обраќање во Собранието, каде што јасно подвлеков како гледам на тековните политички процеси.

– Неколку недели нè делат од почетокот на предизборната кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори, од чијшто исход ќе зависи и динамиката на реформските процеси, борбата против организираниот криминал, високата корупција, реформата на јавната администрација, функционирањето на правната држава, како и соочувањето со секојдневните проблеми коишто обичниот граѓанин го прават честопати да се чувствува запоставен од оние чијшто приоритет мора да биде решавањето, имено, на тие проблеми. Ни претстои период во којшто политичките тензии и емоциите ќе растат, но, во кој не смееме да дозволиме борбата за власт да ги поткопа основите врз коишто е градено нашето општество сите овие години. Одговорноста на нас, политичарите е да не дозволиме политичките опоненти да прераснат во непријатели. Изборниот процес мора да биде фер, мирен и демократски, а следната влада да ја одразува волјата на граѓаните и нашата етничка различност, изјави Пендаровски, се вели во соопштението.

По изборите, одговорноста на политичарите ќе мора да се мери освен со исполнување на изборните ветувања, и со практичната посветеност кон натамошно хармонизирање на меѓуетничките односи и продолжувањето на европските интеграции.

– Во однос на уставните промени, идниот собраниски состав ќе мора да ја продолжи дебатата и ова прашање час поскоро да го затвори, затоа што државата мора целосно да се фокусира на решавање на секојдневните проблеми, коишто ќе ги ублажат негативните демографски трендови и нискиот животен стандард на македонските граѓани. На крајот, Ваши екселенции, дозволете ми, кревајќи ја оваа чаша, уште еднаш, да посакам благосостојба и напредок на вашите држави и организации, а вам лично, многу среќа, здравје и успеси. За успешна година!, порачал Пендаровски.

Како доајен на дипломатскиот кор, како што информираат од Кабинетот на претседателот, на приемот се обратил амбасадорот на Албанија, Фатос Река.

The post Пендаровски: Непринципиелните барања и напади врз нашите идентитетски атрибути доведоа до значителен пад на поддршката за евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски се обрати на традиционалниот годишен прием што за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија, го приреди вчеравечер во Скопје. Пендаровски, во обраќањето, како што информираат од неговиот кабинет, порача дека зад нас е година исполнета со бројни активности и заложби за унапредување на односите меѓу Македонија и државите коишто ги претставувате и им изразил особена благодарност за нивниот ангажман и придонес.
– Ме радува што во изминатиот период го задржавме интензитетот на контактите и партнерските односи додека разговаравме за различни аспекти од билатералната и мултилатералната соработка, европската интеграција, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко, реформите и политичките случувања кај нас. Во последната година од овој мој мандат како претседател имав можност да реализирам значајни посети во повеќе држави меѓу кои, Кралството Белгија, Чешката Република, Обединетите Арапски Емирати и да остварам бројни средби со мои колеги, претседатели, на маргините на различни меѓународни настани, но и да бидам домаќин на претседателите на Унгарија, на Словенија и на Косово – порачал Пендаровски. Изминатата година, Скопје, преку завршниот министерски состанок на ОБСЕ, самитот на претседатели на држави на Брдо-Бриони процесот, министерскиот состанок на Јадранската повелба, Струга преку Преспа-форумот за дијалог и Охрид како домаќин на дијалогот Белград ─ Приштина, беа центри каде што се дискутираа и носеа важни одлуки не само за регионот, туку и за европскиот континент. Ова за нас, како мала држава е навистина од особено значење. – Како претседател на држава којашто се наоѓа во турбулентен регион, во изминативе, безмалку пет години настојував да водам балансирана, транспарентна и предвидлива надворешна политика, во интерес на мирот и безбедноста, добрососедството, стабилноста, просперитетот и заедничките вредности коишто ги споделуваме со демократските земји. Европската интеграција на Македонија и на Западниот Балкан, постојано беа во центарот на моите заложби и на заложбите на мојот тим најблиски соработници. Во тоа верувам уште од почетоците на мојот јавен ангажман и ќе продолжам да се залагам за таа идеја до нејзината целосна реализација – порачал Пендаривски.
Зборувајќи за европската интеграција во мојот мандат, работата не ја дозавршивме, бидејќи по направените компромиси коишто не беа на штета на македонските национални интереси, ги почнавме преговорите по долги 17 години чекање со статусот на кандидат, но внатре во државата и покрај јасно исцртаниот пат и отворената врата, не успеавме да ги усвоиме уставните амандмани, со што, по успешно завршениот скрининг, ќе можевме да го продолжиме процесот со втората меѓувладина конференција. – Сепак, по долги години со замрзнат статус, направивме крупен чекор напред и дојдовме во фаза во којашто прогресот во интеграциите сега зависи само од нас, а не од некој надворешен фактор. Во оваа смисла, целокупниот процес на интеграции покажа дека во тој потфат не сме сами, затоа што изградивме цврсти партнерски односи со безмалку сите земји-членки на Унијата, коишто ќе бидат повеќе од потребни во периодот којшто ќе следи и коишто ќе бидат гаранција дека интеграциите ќе се одвиваат во европски манир, без поставување препреки и измислување критериуми коишто немаат ништо заедничко, ниту со преговорите, ниту пак со европските вредности. Истовремено, сиот овој период на неизвесност, исполнет често со непринципиелни барања и напади врз нашите идентитетски атрибути, доведе до значителен пад на поддршката за европската интеграција, пред сè, меѓу Македонците, што треба да нè загрижува не само нас, туку и државите коишто веруваат во проширувањето на Унијата и го сметаат за клучен влог во безбедноста и просперитетот на континентот – нагласил Пендаровски. Имајќи го ова предвид, Пендаровски, посочил дека продолжува да верува дека нашата иднина ќе биде многу попредвидлива како членка на Унијата, отколку да сме сами или да правиме обиди за интегрирање во некои други форми коишто немаат допирна точка со демократските вредности. – Затоа сакам да го реафирмирам мојот став дека државата мора да остане на патот на европските интеграции и градењето на добрососедски односи, без оглед на тоа кој ќе биде во извршната власт по изборите во мај оваа година. Истото се однесува и на мојата визија за регионот на Западниот Балкан, којашто од првиот ден на мојот мандат беше и остана дијаметрално спротивна на идеите за промена на границите, размена на територии, концептите за големи држави, или вакви или онакви светови. Западниот Балкан, интегриран во ЕУ ќе биде безбеден, економски просперитетен и отпорен на злонамерни влијанија и тоа треба да биде приоритет за секој одговорен политичар, пред сè, кај нас, но, и во Брисел, порачал Пендаровски пред дипломатскиот кор во земјава. Оттука доаѓаше и мојата поддршка за новата методологија за преговори, за заедничкиот регионален пазар, планот за инвестиции, планот за раст, зелената агенда и принципот на постепена интеграција, со став дека за иднината на регионот постојат убави идеи, но недостасуваат одлуки, коишто нема да останат во доменот на бирократската симболика, туку реално ќе нè придвижат напред. -Иднината на регионот заслужува уште поголемо внимание во пресрет на предизвиците со коишто ќе се соочиме оваа година, којашто е година на избори во повеќе држави, но, и во нашите клучни стратешки партнери, ЕУ и САД. Растот на популизмот во Европа не е новина, но како никогаш до сега, популистите добиваат на политичка тежина и одлучувачка моќ во процесите во коишто е вклучена и нашата држава. Сето ова се случува на фонот на руската инвазија врз Украина, конфликтот на Блискиот Исток и тензиите во односите меѓу клучните фактори во меѓународните односи, изјавил Пендаровски. Без оглед на исходот од сите овие изборни циклуси, длабоко сум убеден дека кохезијата во евроатлантскиот блок и процесите на натамошна интеграција и проширување на Европската Унија со регионот на Западен Балкан, мора да бидат императив за владите во Европа и во Вашингтон, доколку навистина сакаме мир и стабилност на европскиот континент. – Во овие рамки, посебно значење има исходот од војната во Украина и поддршката којашто демократскиот свет ѝ ја дава на оваа европска земја бидејќи поразот на Украина, без сомнение, ќе биде пораз и на демократијата и широко отворање на вратите за режимите, коишто не се однесуваат демократски ниту кон своите граѓани, а уште помалку во меѓународните односи. Ние, како мала држава, уште од почетокот ја демонстриравме нашата поддршка и солидарност со херојскиот украински народ којашто мора да продолжи и да трае сè додека Украина не ги достигне своите цели во оваа неправедна војна – посочил Пендаровски. Во однос на домашните политички прилики, мојата намера денес, нагласил Пендаровски, не е да го повторувам сето она што го говорев во моето петто годишно обраќање во Собранието, каде што јасно подвлеков како гледам на тековните политички процеси. – Неколку недели нè делат од почетокот на предизборната кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори, од чијшто исход ќе зависи и динамиката на реформските процеси, борбата против организираниот криминал, високата корупција, реформата на јавната администрација, функционирањето на правната држава, како и соочувањето со секојдневните проблеми коишто обичниот граѓанин го прават честопати да се чувствува запоставен од оние чијшто приоритет мора да биде решавањето, имено, на тие проблеми. Ни претстои период во којшто политичките тензии и емоциите ќе растат, но, во кој не смееме да дозволиме борбата за власт да ги поткопа основите врз коишто е градено нашето општество сите овие години. Одговорноста на нас, политичарите е да не дозволиме политичките опоненти да прераснат во непријатели. Изборниот процес мора да биде фер, мирен и демократски, а следната влада да ја одразува волјата на граѓаните и нашата етничка различност, изјави Пендаровски, се вели во соопштението. По изборите, одговорноста на политичарите ќе мора да се мери освен со исполнување на изборните ветувања, и со практичната посветеност кон натамошно хармонизирање на меѓуетничките односи и продолжувањето на европските интеграции. – Во однос на уставните промени, идниот собраниски состав ќе мора да ја продолжи дебатата и ова прашање час поскоро да го затвори, затоа што државата мора целосно да се фокусира на решавање на секојдневните проблеми, коишто ќе ги ублажат негативните демографски трендови и нискиот животен стандард на македонските граѓани. На крајот, Ваши екселенции, дозволете ми, кревајќи ја оваа чаша, уште еднаш, да посакам благосостојба и напредок на вашите држави и организации, а вам лично, многу среќа, здравје и успеси. За успешна година!, порачал Пендаровски. Како доајен на дипломатскиот кор, како што информираат од Кабинетот на претседателот, на приемот се обратил амбасадорот на Албанија, Фатос Река.

The post Пендаровски: Непринципиелните барања и напади врз нашите идентитетски атрибути доведоа до значителен пад на поддршката за евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>
Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг… https://republika.mk/vesti/makedonija/sedum-kandidadti-za-novi-ambasadori-zhernovski-vo-bukuresht-tupanchevski-vo-belgrad-nasev-vo-peking/ Fri, 20 Oct 2023 09:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=693176

Во вторник идната недела, пред Комисијата за надворешна политика вкупно седум кандидати за нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.

Поранешниот министер за правда Никола Тупанчески треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил, исто така од МНР.

Писателот и драматург Сашко Насев ќе биде новиот амбасадор во Пекинг, Кина, а поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски заминува за Букурешт, Романија.

Нов амбасадор во Берлин, Германија, ќе биде Илбер Села, актуелен директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, додека во Бразилија, Бразил, ќе замине Игор Попов од МНР.

 

The post Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг… appeared first on Република.

]]>

Во вторник идната недела, пред Комисијата за надворешна политика вкупно седум кандидати за нови амбасадори ќе ги претстават своите платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите. Поранешниот министер за правда Никола Тупанчески треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил, исто така од МНР. Писателот и драматург Сашко Насев ќе биде новиот амбасадор во Пекинг, Кина, а поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски заминува за Букурешт, Романија. Нов амбасадор во Берлин, Германија, ќе биде Илбер Села, актуелен директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, додека во Бразилија, Бразил, ќе замине Игор Попов од МНР.  

The post Седум кандидадти за нови амбасадори: Жерновски во Букурешт, Тупанчевски во Белград, Насев во Пекинг… appeared first on Република.

]]>
Mицкоски на средба со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка: Довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-ambasadorite-na-avstrija-cheshka-i-slovachka-doverbata-na-graganite-vo-pravosudnite-organi-e-na-mnogu-nisko-nivo-bidejki-vladata-na-sdsm-i-dui-gi-kontrolira-istite/ Tue, 11 Jul 2023 14:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=660131

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на ИК и пратеник Антонијо Милошоски, и координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието оствари средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија, амбасадорот на Република Чешка во Македонија Јарослав Лудва, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш.

Средбата беше од подготвителен карактер пред посетата на министрите за надворешни работи на Република Австрија, Словачка и Чешка која треба да се одржи во четврток во Македонија, соопшти партиската прес-служба.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба.

Мицкоски ги информира амбасадорите за актуелната политичка состојба во државата, посочувајќи дека „владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се гушат во криминални скандали и афери, а на сметка на тоа граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија“.

Од страна на Мицкоски е истакнато дека довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво и оправдана, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите, а како што рече за тоа најдобра потврда доаѓа и од САД. Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата дека потребни се предвремени парламентарни избори. Претседателот Мицкоски се заблагодари за досегашната поддршка и пријателскиот однос на Република Австрија, Чешка и Словачка кон Македонија, истакнувајќи дека соработката треба да продолжи и да се интензивира. На крај, претседателот Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за севкупниот дипломатски ангажман во Македонија и му посака успех на личен и професионален план, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Mицкоски на средба со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка: Довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, членот на ИК и пратеник Антонијо Милошоски, и координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието оствари средба со Георг Вуцас, амбасадор на Австрија, амбасадорот на Република Чешка во Македонија Јарослав Лудва, како и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш.
Средбата беше од подготвителен карактер пред посетата на министрите за надворешни работи на Република Австрија, Словачка и Чешка која треба да се одржи во четврток во Македонија, соопшти партиската прес-служба. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба. Мицкоски ги информира амбасадорите за актуелната политичка состојба во државата, посочувајќи дека „владата на СДСМ и Димитар Ковачевски се гушат во криминални скандали и афери, а на сметка на тоа граѓаните секојдневно тонат во сиромаштија“. Од страна на Мицкоски е истакнато дека довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво и оправдана, бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите, а како што рече за тоа најдобра потврда доаѓа и од САД. Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата дека потребни се предвремени парламентарни избори. Претседателот Мицкоски се заблагодари за досегашната поддршка и пријателскиот однос на Република Австрија, Чешка и Словачка кон Македонија, истакнувајќи дека соработката треба да продолжи и да се интензивира. На крај, претседателот Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за севкупниот дипломатски ангажман во Македонија и му посака успех на личен и професионален план, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Mицкоски на средба со амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка: Довербата на граѓаните во правосудните органи е на многу ниско ниво бидејќи владата на СДСМ и ДУИ ги контролира истите appeared first on Република.

]]>
Пратеникот Рамчиловиќ заминува за амбасадор во Црна Гора, а директорот на АНБ амбасадор во Париз https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenikot-ramchilovikj-zaminuva-za-ambasador-vo-crna-gora-a-direktorot-na-anb-ambasador-vo-pariz/ Fri, 16 Sep 2022 09:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=551340

Министерот Бујар Османи на брифингот за активностите на МНР соопшти четири амбасадорски имиња.

Нови амбасадори се Цуфи Исмаили во Брисел, во Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски.

Актуелниот директор на тајната служба АНБ Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Париз, Франција. Предлогот беше познат од порано, а ќе треба да се избере нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Ново име на листата е пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој е избран за амбасадор во Подгорица, Црна Гора.

The post Пратеникот Рамчиловиќ заминува за амбасадор во Црна Гора, а директорот на АНБ амбасадор во Париз appeared first on Република.

]]>

Министерот Бујар Османи на брифингот за активностите на МНР соопшти четири амбасадорски имиња. Нови амбасадори се Цуфи Исмаили во Брисел, во Анкара заминува поранешниот министер за одбрана и екс лидер на ЛДП Јово Манасиевски. Актуелниот директор на тајната служба АНБ Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Париз, Франција. Предлогот беше познат од порано, а ќе треба да се избере нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Ново име на листата е пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој е избран за амбасадор во Подгорица, Црна Гора.

The post Пратеникот Рамчиловиќ заминува за амбасадор во Црна Гора, а директорот на АНБ амбасадор во Париз appeared first on Република.

]]>
Пендаровски постави нови амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-postavi-novi-ambasadori-vo-slovachka-kanada-norveshka-belgija-i-bugarija/ Fri, 09 Sep 2022 15:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=549176

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Словачката Република, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија.

За амбасадор во Словачката Република е поставена Евгенија Илиева, во Канада за амбасадор е поставен Агрон Буџаку, додека во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Кучи.

 

Методија Белевски е поставен за амбасадор во Кралството Белгија, додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска.

The post Пендаровски постави нови амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Словачката Република, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија. За амбасадор во Словачката Република е поставена Евгенија Илиева, во Канада за амбасадор е поставен Агрон Буџаку, додека во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Кучи.   Методија Белевски е поставен за амбасадор во Кралството Белгија, додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска.

The post Пендаровски постави нови амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Османи бара во најкраток рок да се закаже седница за идните амбасадори https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-bara-vo-najkratok-rok-da-se-zakaze-sednica-za-idnite-ambasadori/ Tue, 23 Aug 2022 15:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=543340

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, бара во најкраток можен рок да биде закажана седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која ќе се претстават кандидатите за идни амбасадори.

Османи во статус на „Фејсбук“ пишува дека денеска упатил, како што вели, формална ургенција до претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски, „веднаш да престане ова бојкотирање на надворешната политика и стратешкиот интерес на земјата и во најкраток можен рок да биде закажана седницата за одбрана на тезите на идните амбасадори“.

Незакажувањето на седницата на Комисијата за надворешни работи при Собранието, претставува флагрантна, можам да кажам дрска злоупотреба и на Деловникот за работа на Комисијата и воопшто на учеството на Собранието како посебно тело во надворешната политика - реагира Османи на „Фејсбук“.

Како што наведува тој, претставувањето на кандидатите за амбасадори пред Собранието има посебна политичка и општествена улога во целиот процес на испраќање амбасадори во странство. Османи додава дека тоа е последниот чекор на еден долг процес во кој не само народните избраници, туку и граѓаните имаат можност директно да ги видат и слушнат идните нивни претставници во странство не само како ги образложуваат тезите, туку и како одговараат на сите поставени прашања.

Одложувањето на овој процес, особено своеволно, непотребно, и без пристојно образложение, претставува длабок политички хендикеп за надворешната политика и за остварувањето на стратешките цели на земјава. Тоа воедно создава и дополнителни предизвици за самите кандидати: проблеми за нивните семејства за нивното навремено преселување и сместување во земјата на прием; проблеми за образованието на нивните деца кои не можат навремено да се запишат во училиште, проблеми во организацијата на работата на самите дипломатски претставништва кои ја имаат организирано својата работа очекувајќи ги новите амбасадори да ги заземат своите позиции - пишува Османи.

Минатиот месец, пред членовите на Комисијата зад затворени врати, своите тези за дипломатските активности ги презентираше новоименуваниот амбасадор на Македонија во САД, Зоран Попов. Покрај него, пред Комисијата треба да се претстават и новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Словачка, Евгенија Илиева, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

The post Османи бара во најкраток рок да се закаже седница за идните амбасадори appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, бара во најкраток можен рок да биде закажана седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која ќе се претстават кандидатите за идни амбасадори. Османи во статус на „Фејсбук“ пишува дека денеска упатил, како што вели, формална ургенција до претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски, „веднаш да престане ова бојкотирање на надворешната политика и стратешкиот интерес на земјата и во најкраток можен рок да биде закажана седницата за одбрана на тезите на идните амбасадори“.
Незакажувањето на седницата на Комисијата за надворешни работи при Собранието, претставува флагрантна, можам да кажам дрска злоупотреба и на Деловникот за работа на Комисијата и воопшто на учеството на Собранието како посебно тело во надворешната политика - реагира Османи на „Фејсбук“.
Како што наведува тој, претставувањето на кандидатите за амбасадори пред Собранието има посебна политичка и општествена улога во целиот процес на испраќање амбасадори во странство. Османи додава дека тоа е последниот чекор на еден долг процес во кој не само народните избраници, туку и граѓаните имаат можност директно да ги видат и слушнат идните нивни претставници во странство не само како ги образложуваат тезите, туку и како одговараат на сите поставени прашања.
Одложувањето на овој процес, особено своеволно, непотребно, и без пристојно образложение, претставува длабок политички хендикеп за надворешната политика и за остварувањето на стратешките цели на земјава. Тоа воедно создава и дополнителни предизвици за самите кандидати: проблеми за нивните семејства за нивното навремено преселување и сместување во земјата на прием; проблеми за образованието на нивните деца кои не можат навремено да се запишат во училиште, проблеми во организацијата на работата на самите дипломатски претставништва кои ја имаат организирано својата работа очекувајќи ги новите амбасадори да ги заземат своите позиции - пишува Османи.
Минатиот месец, пред членовите на Комисијата зад затворени врати, своите тези за дипломатските активности ги презентираше новоименуваниот амбасадор на Македонија во САД, Зоран Попов. Покрај него, пред Комисијата треба да се претстават и новите амбасадори во Канада, Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи, во Словачка, Евгенија Илиева, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

The post Османи бара во најкраток рок да се закаже седница за идните амбасадори appeared first on Република.

]]>
По забрана за испорака на гас, Русија најавува дека ќе ги протера амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/po-zabrana-za-isporaka-na-gas-rusija-najavuva-deka-kje-gi-protera-ambasadorite-na-makedonija-crna-gora-i-bugarija/ Mon, 06 Jun 2022 16:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=511880

Рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе предупреди дека Русија може да ги отповика амбасадорите на  Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со Лавров.

„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата земја да ја изврши својата дипломатска должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјави тој за РИА Новости. Тој предвиде дека би можело да дојде до прекин на дипломатските односи меѓу Русија и трите земји, но, коментирајќи ја можноста за отповикување на амбасадорите, рече: „Тоа е прилично веројатно“.

Се најавува дека Русија ќе ј запре испорката на гас за трите земји кои го затворија воздушниот простор за авионот на Лавров да стигне во Белград на средба со Вучиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/rusija-najavuva-deka-kje-go-zapre-gasot-za-makedonija-otkako-vladata-ne-dozvoli-prelet-na-avionot-na-lavrov/

 

The post По забрана за испорака на гас, Русија најавува дека ќе ги протера амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија appeared first on Република.

]]>

Рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе предупреди дека Русија може да ги отповика амбасадорите на  Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со Лавров.
„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата земја да ја изврши својата дипломатска должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјави тој за РИА Новости. Тој предвиде дека би можело да дојде до прекин на дипломатските односи меѓу Русија и трите земји, но, коментирајќи ја можноста за отповикување на амбасадорите, рече: „Тоа е прилично веројатно“.
Се најавува дека Русија ќе ј запре испорката на гас за трите земји кои го затворија воздушниот простор за авионот на Лавров да стигне во Белград на средба со Вучиќ. https://republika.mk/vesti/makedonija/rusija-najavuva-deka-kje-go-zapre-gasot-za-makedonija-otkako-vladata-ne-dozvoli-prelet-na-avionot-na-lavrov/  

The post По забрана за испорака на гас, Русија најавува дека ќе ги протера амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Владата одобрила шест амбасадори, но не кажува кои https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-odobrila-shest-ambasadori-no-ne-kazuva-koi/ Sun, 03 Apr 2022 12:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=482591

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека она што е точно е дека Владата одобрила шест кандидати за амбасадори, но имиња не сакаше да открие, бидејќи законот не му го дозволувал тоа.

Не можам да кажам имиња. Тоа што можам да кажам е дека е вистина дека шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња, рече Османи.

 

The post Владата одобрила шест амбасадори, но не кажува кои appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека она што е точно е дека Владата одобрила шест кандидати за амбасадори, но имиња не сакаше да открие, бидејќи законот не му го дозволувал тоа.
Не можам да кажам имиња. Тоа што можам да кажам е дека е вистина дека шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња, рече Османи.
 

The post Владата одобрила шест амбасадори, но не кажува кои appeared first on Република.

]]>
Со овие амбасадори власта ги срами и своите граѓани и земјите каде што ги праќа https://republika.mk/vesti/makedonija/so-ovie-ambasadori-vlasta-gi-srami-i-svoite-gragjani-i-zemjite-kade-shto-gi-prakja/ Fri, 01 Apr 2022 06:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=481693

Дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На листата скандалозни одлуки за именувања на кои веќе се наоѓаат ТВ презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов. Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови. Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот кој се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори за вработувања, оваа влада го предлага да ја застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ. Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата освен партиско - политички функции немаат никаква заслуга за Македонија, ниту пак капацитет, за да бидат назначувани на вакви значајни позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и за жал создава скандал дипломатија која ја срами Македонија кај што ќе стигне.

 

The post Со овие амбасадори власта ги срами и своите граѓани и земјите каде што ги праќа appeared first on Република.

]]>

Дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На листата скандалозни одлуки за именувања на кои веќе се наоѓаат ТВ презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов. Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови. Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот кој се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори за вработувања, оваа влада го предлага да ја застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ. Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата освен партиско - политички функции немаат никаква заслуга за Македонија, ниту пак капацитет, за да бидат назначувани на вакви значајни позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и за жал создава скандал дипломатија која ја срами Македонија кај што ќе стигне.  

The post Со овие амбасадори власта ги срами и своите граѓани и земјите каде што ги праќа appeared first on Република.

]]>
Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ja-pretvori-diplomatijata-vo-zasolnishte-za-propadnati-politichari/ Thu, 31 Mar 2022 14:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=481486

„Министерот Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднатите политичари’

Со оваа објава на фејсбук Арбен Фетаи од опозициската Алијансата на Албанците реагираше кон Османи, откако владини извори соопштија дека на синоќешната владина седница поминале уште шест предлози за амбасадори.“ – јави информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ ја пренесува целосната објава на Фетаи:

„Теута Арифи амбасадор во Европската унија, Фрчковски во Обединетите Нации и Вејсел Мемеди во Рим.“
„Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари. ‘Тенка’ е работата дека ќе добиеме датум за преговори.’ – нагласи Фетаи.“

The post Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари appeared first on Република.

]]>

„Министерот Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднатите политичари’
Со оваа објава на фејсбук Арбен Фетаи од опозициската Алијансата на Албанците реагираше кон Османи, откако владини извори соопштија дека на синоќешната владина седница поминале уште шест предлози за амбасадори.“ – јави информативниот портал на албански јазик „ин7“. „Ин7“ ја пренесува целосната објава на Фетаи:
„Теута Арифи амбасадор во Европската унија, Фрчковски во Обединетите Нации и Вејсел Мемеди во Рим.“ „Бујар Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари. ‘Тенка’ е работата дека ќе добиеме датум за преговори.’ – нагласи Фетаи.“

The post Османи ја претвори дипломатијата во засолниште за пропаднати политичари appeared first on Република.

]]>
Теута Арифи амбасадор во ЕУ, Димовски од АНБ во Франција https://republika.mk/vesti/makedonija/teuta-arifi-ambasador-vo-eu-dimovski-od-anb-vo-francija/ Wed, 30 Mar 2022 18:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=481094

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ, дознава „Фокус“.

Според информациите на неделникот, актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, ќе замине на амбасадорска служба во Париз, а добро упатени извори за „Фокус“ тврдат амбасадорското место во Вашингтон ќе биде пополнето со Зоран Попов, дипломат од кариера кој е државен секретар во МНР.

Неофицијално, овие предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата.

Потоа, законската процедура предвидува издавање на агреман од земјата-домаќин каде се упатуваат.

The post Теута Арифи амбасадор во ЕУ, Димовски од АНБ во Франција appeared first on Република.

]]>

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ, дознава „Фокус“. Според информациите на неделникот, актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, ќе замине на амбасадорска служба во Париз, а добро упатени извори за „Фокус“ тврдат амбасадорското место во Вашингтон ќе биде пополнето со Зоран Попов, дипломат од кариера кој е државен секретар во МНР. Неофицијално, овие предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата. Потоа, законската процедура предвидува издавање на агреман од земјата-домаќин каде се упатуваат.

The post Теута Арифи амбасадор во ЕУ, Димовски од АНБ во Франција appeared first on Република.

]]>
Владата нема информации за амбасадорски места на Жерновски и Демири https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nema-informacii-za-ambasadorski-mesta-na-zernovski-i-demiri/ Wed, 23 Mar 2022 12:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=477146

На денешната владина прес – конференција беа изнесени информации за Оперативниот план за вработување со кој е предвидено да бидат опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари. Додека пак Мартовските пензии со дополнителните 1000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март. Владата ја разгледа и усвои информацијата за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за млади и спорт и Министерство за млади и спорт на Република Бугарија за соработка од областа на младите и спортот.

Во однос дали има назначени амбасадори кои ќе не претставуваат во други држави или предлози за Андреј Жерновски и Реџеп Демири од Владата потенцираа дека немаат информации за ова.

Немаме информации за ова, а за пополнување на останати амбасадорски места постои процедура, кога ќе се добие агреман за одредено место во дипломатски претставништа јавноста ќе биде информира - изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Инаку денеска во медиумите се појавија информации дека Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен, наводно по предлог на ДУИ. Додека дека СДСМ, го предложил Андреј Жерновски за нов македонски амбасадор во Белград

 

The post Владата нема информации за амбасадорски места на Жерновски и Демири appeared first on Република.

]]>

На денешната владина прес – конференција беа изнесени информации за Оперативниот план за вработување со кој е предвидено да бидат опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари. Додека пак Мартовските пензии со дополнителните 1000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март. Владата ја разгледа и усвои информацијата за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за млади и спорт и Министерство за млади и спорт на Република Бугарија за соработка од областа на младите и спортот. Во однос дали има назначени амбасадори кои ќе не претставуваат во други држави или предлози за Андреј Жерновски и Реџеп Демири од Владата потенцираа дека немаат информации за ова.
Немаме информации за ова, а за пополнување на останати амбасадорски места постои процедура, кога ќе се добие агреман за одредено место во дипломатски претставништа јавноста ќе биде информира - изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
Инаку денеска во медиумите се појавија информации дека Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен, наводно по предлог на ДУИ. Додека дека СДСМ, го предложил Андреј Жерновски за нов македонски амбасадор во Белград  

The post Владата нема информации за амбасадорски места на Жерновски и Демири appeared first on Република.

]]>
Власта му најде работа и на Жерновски: Го праќаат за амбасадор во Белград https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-mu-najde-rabota-i-na-zernovski-go-prakjaat-za-ambasador-vo-belgrad/ Wed, 23 Mar 2022 09:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=477024

Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен.

Предлогот е на ДУИ. На предлог на СДСМ, Андреј Жерновски е можниот нов македонски амбасадор во Белград, Република Србија, дознава МКД.мк од дипломатски извори.

The post Власта му најде работа и на Жерновски: Го праќаат за амбасадор во Белград appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Македонија за нов македонски амбасадор во Швајцарија, Берн, го предлага Реџеп Демири, актуелен генерален конзул во Минхен. Предлогот е на ДУИ. На предлог на СДСМ, Андреј Жерновски е можниот нов македонски амбасадор во Белград, Република Србија, дознава МКД.мк од дипломатски извори.

The post Власта му најде работа и на Жерновски: Го праќаат за амбасадор во Белград appeared first on Република.

]]>