Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ, дознава „Фокус“.

Според информациите на неделникот, актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, ќе замине на амбасадорска служба во Париз, а добро упатени извори за „Фокус“ тврдат амбасадорското место во Вашингтон ќе биде пополнето со Зоран Попов, дипломат од кариера кој е државен секретар во МНР.

Неофицијално, овие предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата.

Потоа, законската процедура предвидува издавање на агреман од земјата-домаќин каде се упатуваат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.