алсин левент Archives - Република https://republika.mk/tema/alsin-levent/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jan 2022 12:53:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алсин левент Archives - Република https://republika.mk/tema/alsin-levent/ 32 32 „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“ рекол Левент, кој доби три години затвор за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ https://republika.mk/scena/estrada/zal-mi-e-nikogo-ne-mozam-da-poglednam-vo-ochi-rekol-levent-koj-dobi-tri-godini-zatvor-za-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-shaban-shaulikj/ Thu, 20 Jan 2022 12:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=447126

Три години и три месеци затвор му се пресудени на Турчинот Алсин Левент кој пред три години ја предизвика сообраќајната несреќа во која недалеку од градот Билефелд загинаа фолк легендата Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ. На судењето во Гитерсло, кое започна и заврши денеска, присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ.

Aдвокатотна обвинетиот Левент истакна дека неговиот штитеник знаел дека нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифатил одговорноста и признал сè.

Во еден момент, како што пренесува „Дојче веле“, синот на жртвата Мирсад Кериќ вербално го нападнал обвинетиот, но и неговиот адвокат. Според ДВ, се слушале пцовки и недолични зборови. После тоа, обвинетиот накратко им се обратил на семејствата на жртвите со зборовите: „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“.

The post „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“ рекол Левент, кој доби три години затвор за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ appeared first on Република.

]]>

Три години и три месеци затвор му се пресудени на Турчинот Алсин Левент кој пред три години ја предизвика сообраќајната несреќа во која недалеку од градот Билефелд загинаа фолк легендата Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист, музичарот Мирсад Кериќ, а со тешки повреди се здоби Слободан Стојадиновиќ. На судењето во Гитерсло, кое започна и заврши денеска, присуствуваше целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана, како и децата Михајло и Санела, но и синот на починатиот Мирсад Кериќ. Aдвокатотна обвинетиот Левент истакна дека неговиот штитеник знаел дека нема оправдување или олеснување за овој чин. Обвинетиот ја прифатил одговорноста и признал сè. Во еден момент, како што пренесува „Дојче веле“, синот на жртвата Мирсад Кериќ вербално го нападнал обвинетиот, но и неговиот адвокат. Според ДВ, се слушале пцовки и недолични зборови. После тоа, обвинетиот накратко им се обратил на семејствата на жртвите со зборовите: „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“.

The post „Жал ми е, никого не можам да погледнам во очи“ рекол Левент, кој доби три години затвор за сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ appeared first on Република.

]]>
Турчинот со книга си го крие лицето да не гледа во вдовицата на Шаулиќ додека трае судењето за несреќата https://republika.mk/scena/estrada/turchinot-so-kniga-si-go-krie-liceto-da-ne-gleda-vo-vdovicata-na-shaulikj-dodeka-trae-sudenjeto-za-nesrekjata/ Thu, 20 Jan 2022 10:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=447045

Речиси три години по сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, во Гитерсло денеска почна судењето на Турчинот Алсин Левент, кој е обвинет за двојно убиство од небрежност.

Целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана со децата Михајло и Санела, како и синот на починатиот Мирсад Кериќ, присуствуваат на судењето кое предизвикува голем интерес во јавноста до таа мера што судот доби рекорден број барања за акредитација на германски, но и претставници на медиумите од целиот регион. Поради големото присуство на медиумите, обвинетиот влезе во судницата со качулка на главата и цело време држеше книга пред себе за да не погледне во семејството.

Судењето може да заврши денеска, бидејќи Турчинот ја призна вината.

The post Турчинот со книга си го крие лицето да не гледа во вдовицата на Шаулиќ додека трае судењето за несреќата appeared first on Република.

]]>

Речиси три години по сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, во Гитерсло денеска почна судењето на Турчинот Алсин Левент, кој е обвинет за двојно убиство од небрежност. Целото семејство Шаулиќ, вдовицата Гордана со децата Михајло и Санела, како и синот на починатиот Мирсад Кериќ, присуствуваат на судењето кое предизвикува голем интерес во јавноста до таа мера што судот доби рекорден број барања за акредитација на германски, но и претставници на медиумите од целиот регион. Поради големото присуство на медиумите, обвинетиот влезе во судницата со качулка на главата и цело време држеше книга пред себе за да не погледне во семејството. Судењето може да заврши денеска, бидејќи Турчинот ја призна вината.

The post Турчинот со книга си го крие лицето да не гледа во вдовицата на Шаулиќ додека трае судењето за несреќата appeared first on Република.

]]>
Семејството на Шаулиќ првпат очи в очи со убиецот – во Германија почнува судењето за тешката сообраќајка https://republika.mk/scena/estrada/semejstvoto-na-shaulikj-prvpat-ochi-v-ochi-so-ubiecot-vo-germanija-pochnuva-sudenjeto-za-teshkata-soobrakjajka/ Thu, 13 Jan 2022 13:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=444157

Речиси три години од сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, целиот случај ќе добие судски епилог. Рочиштето на кое Турчинот Алсин Левент првпат ќе биде изведен пред лицето на правдата е закажано за 20 јануари, на Свети Јован, инаку крштевка на неговата сопруга Гордана.

Целото семејство Шаулиќ ќе оди во Германија за да присуствува на судењето, кое веќе предизвикува голем интерес во јавноста, до тој степен што до судот пристигнале рекорден број барања за акредитација на претставници на германски и медиуми од околните земји.

Ова ќе биде првпат семејството да се сретне лице в лице со човекот кој го уби Шабан.

Веруваме во судот во Германија и се надеваме на максимална казна, но колку и да е осуден, ништо не може да ни ги врати сопругот, таткото и дедото Шабан или да ја намали тагата и болката што ја чувствуваме. Двете семејства се завиени во црно и вечно ќе живеат со него, изјави вдовицата на Шабан.

Германец со турско потекло, роден во Гитерслоу, е обвинет за двојно убиство од невнимание, нанесување телесна повреда од невнимание, како и опасни дејствија во сообраќајот и возење без возачка дозвола. Според Окружниот суд, тој се изјаснил за виновен.

Српската музичка легенда Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ починаа на 17 февруари 2019 година, откако вечерта пред трагедијата настапија во Германија. Спасувачките екипи биле известени за несреќата утрото во 6 часот и 50 минути. До 9 часот и 30 минути патот бил непрооден, бидејќи пожарникарите два часа извлекувале четворица повредени од искршените автомобили.

Како што подоцна било утврдено, Алсин Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола, а бил и пијан кога со автомобил „мазда 6“ на патот А2 кај Гитерслох направил тешка сообраќајна несреќа. Како што е утврдено, Левент возел со брзина од 160 км/ч, на место каде што тогаш било дозволено да се вози 80 км/ч.

The post Семејството на Шаулиќ првпат очи в очи со убиецот – во Германија почнува судењето за тешката сообраќајка appeared first on Република.

]]>

Речиси три години од сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, целиот случај ќе добие судски епилог. Рочиштето на кое Турчинот Алсин Левент првпат ќе биде изведен пред лицето на правдата е закажано за 20 јануари, на Свети Јован, инаку крштевка на неговата сопруга Гордана. Целото семејство Шаулиќ ќе оди во Германија за да присуствува на судењето, кое веќе предизвикува голем интерес во јавноста, до тој степен што до судот пристигнале рекорден број барања за акредитација на претставници на германски и медиуми од околните земји. Ова ќе биде првпат семејството да се сретне лице в лице со човекот кој го уби Шабан.
Веруваме во судот во Германија и се надеваме на максимална казна, но колку и да е осуден, ништо не може да ни ги врати сопругот, таткото и дедото Шабан или да ја намали тагата и болката што ја чувствуваме. Двете семејства се завиени во црно и вечно ќе живеат со него, изјави вдовицата на Шабан.
Германец со турско потекло, роден во Гитерслоу, е обвинет за двојно убиство од невнимание, нанесување телесна повреда од невнимание, како и опасни дејствија во сообраќајот и возење без возачка дозвола. Според Окружниот суд, тој се изјаснил за виновен. Српската музичка легенда Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ починаа на 17 февруари 2019 година, откако вечерта пред трагедијата настапија во Германија. Спасувачките екипи биле известени за несреќата утрото во 6 часот и 50 минути. До 9 часот и 30 минути патот бил непрооден, бидејќи пожарникарите два часа извлекувале четворица повредени од искршените автомобили. Како што подоцна било утврдено, Алсин Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола, а бил и пијан кога со автомобил „мазда 6“ на патот А2 кај Гитерслох направил тешка сообраќајна несреќа. Како што е утврдено, Левент возел со брзина од 160 км/ч, на место каде што тогаш било дозволено да се вози 80 км/ч.

The post Семејството на Шаулиќ првпат очи в очи со убиецот – во Германија почнува судењето за тешката сообраќајка appeared first on Република.

]]>