албанска мафија Archives - Република https://republika.mk/tema/albanska-mafija/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 16:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png албанска мафија Archives - Република https://republika.mk/tema/albanska-mafija/ 32 32 Албанската мафија го држи пазарот со дрога во Велика Британија https://republika.mk/vesti/svet/albanskata-mafija-go-drzhi-pazarot-so-droga-vo-velika-britanija/ Sun, 08 Sep 2024 16:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=814433

Извештајот на Обединетите нации откри дека контролата на дрогата во Велика Британија ја имаат банди од Балканот и дека тие во моментов вршат „значајна контрола врз пазарот на кокаин“.

Криминалци од албанско потекло увезуваат кокаин од континентална Европа преку пристаништата во југоисточна Англија.

Фармите за канабис управувани од албанските криминални мрежи, според нивната проценка, достигнале „ниво на епидемија“ и „станале вистинска индустрија“, пишува „Дејли мејл“.

Со помош на сојузи со јужноамериканските нарко картели, овие групи ја зајакнуваат својата позиција со комбинирање на страв и смртоносно насилство, што го докажуваат со прикачување на фотографии на Интернет полни со пиштоли, дрога и многу пари.

Една од најозлогласените албански банди, која „владее“ со пазарот е Хелбанианц, чие седиште е на имотот Гаскојн во Баркинг, источен Лондон.

Сегашниот пазар на кокаин во Велика Британија вреди околу 2,3 милиони евра со околу еден милион корисници, а истражувањето на Националната агенција за криминал покажа дека криминалните групи организирани од Албанци ја контролираат речиси целата земја.

The post Албанската мафија го држи пазарот со дрога во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Извештајот на Обединетите нации откри дека контролата на дрогата во Велика Британија ја имаат банди од Балканот и дека тие во моментов вршат „значајна контрола врз пазарот на кокаин“. Криминалци од албанско потекло увезуваат кокаин од континентална Европа преку пристаништата во југоисточна Англија.
Фармите за канабис управувани од албанските криминални мрежи, според нивната проценка, достигнале „ниво на епидемија“ и „станале вистинска индустрија“, пишува „Дејли мејл“.
Со помош на сојузи со јужноамериканските нарко картели, овие групи ја зајакнуваат својата позиција со комбинирање на страв и смртоносно насилство, што го докажуваат со прикачување на фотографии на Интернет полни со пиштоли, дрога и многу пари. Една од најозлогласените албански банди, која „владее“ со пазарот е Хелбанианц, чие седиште е на имотот Гаскојн во Баркинг, источен Лондон. Сегашниот пазар на кокаин во Велика Британија вреди околу 2,3 милиони евра со околу еден милион корисници, а истражувањето на Националната агенција за криминал покажа дека криминалните групи организирани од Албанци ја контролираат речиси целата земја.

The post Албанската мафија го држи пазарот со дрога во Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Албански нарко бос од Лондон се фали дека ги исекол своите непријатели на парчиња https://republika.mk/vesti/balkan/albanski-narko-bos-od-london-se-fali-deka-gi-isekol-svoite-neprijateli-na-parchina/ Thu, 08 Feb 2024 13:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=741853

Озлогласениот албански криминалец Селамет Мехметај, кој себеси се нарекува „Ѓаволот“ и тврди дека ги распарчил своите ривали на парчиња, продолжува да се фали со своите подвизи зад решетки.

Мехметај (30) ги објави сликите на социјалните мрежи неколку дена откако  добил  мобилен телефон што бил прошверцуван во затворот.

Тој беше осуден на четири и пол години затвор во август 2023 година за водење на група за шверц за дрога од повеќе милиони фунти.

Во 2021 година, Мехметај опиша како киднапирал и ги отсекол прстите на ривалот кој му се налутил.

- Го ставив во подрумот од куќата каде што одгледувавме трева, го тепав три пати на ден, не ми даде избор, му отсеков два прста - се пофали Мехметај.

Албанскиот нарко бос водеше две фабрики за канабис скриени во домови во предградие на северен Лондон во кои има илегални имигранти.

 

The post Албански нарко бос од Лондон се фали дека ги исекол своите непријатели на парчиња appeared first on Република.

]]>

Озлогласениот албански криминалец Селамет Мехметај, кој себеси се нарекува „Ѓаволот“ и тврди дека ги распарчил своите ривали на парчиња, продолжува да се фали со своите подвизи зад решетки. Мехметај (30) ги објави сликите на социјалните мрежи неколку дена откако  добил  мобилен телефон што бил прошверцуван во затворот. Тој беше осуден на четири и пол години затвор во август 2023 година за водење на група за шверц за дрога од повеќе милиони фунти. Во 2021 година, Мехметај опиша како киднапирал и ги отсекол прстите на ривалот кој му се налутил.
- Го ставив во подрумот од куќата каде што одгледувавме трева, го тепав три пати на ден, не ми даде избор, му отсеков два прста - се пофали Мехметај.
Албанскиот нарко бос водеше две фабрики за канабис скриени во домови во предградие на северен Лондон во кои има илегални имигранти.  

The post Албански нарко бос од Лондон се фали дека ги исекол своите непријатели на парчиња appeared first on Република.

]]>
Албанската мафија владеела со Лондон од берберница која била претворена во коцкарница https://republika.mk/vesti/svet/albanskata-mafija-vladeela-so-london-od-berbernitsa-koja-bila-pretvorena-vo-kotskarnitsa/ Wed, 29 Nov 2023 12:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=717543

Едмунд и Едвард Хазири, браќа Албанци кои водеа голема операција за шверц на дрога во Лондон, беа уапсени во британската престолнина во 2022 година.

Албанците воделе големо казино за криминалци, каде влоговите се искачувале и до десетици илјади фунти дневно.

Однадвор нивното казино изгледало како обична берберница, која се наоѓа веднаш до продавница за половни апарати.

Сепак, зад затемнетите стакла и врати се наоѓало популарно казино каде дилерите на дрога и криминалците се коцкале со десетици илјади фунти додека ги служеле убави келнерки.

Браќата заработувале до 4.000 фунти дневно, а вработувале романски курири кои доставувале дрога во трите града.

Албанците живееле луксузен живот, возеле скапи автомобили, купувале Rolex часовници и носеле скапи брендови како Balenciaga, Louis Vuitton и Montclair.

 

The post Албанската мафија владеела со Лондон од берберница која била претворена во коцкарница appeared first on Република.

]]>

Едмунд и Едвард Хазири, браќа Албанци кои водеа голема операција за шверц на дрога во Лондон, беа уапсени во британската престолнина во 2022 година. Албанците воделе големо казино за криминалци, каде влоговите се искачувале и до десетици илјади фунти дневно. Однадвор нивното казино изгледало како обична берберница, која се наоѓа веднаш до продавница за половни апарати. Сепак, зад затемнетите стакла и врати се наоѓало популарно казино каде дилерите на дрога и криминалците се коцкале со десетици илјади фунти додека ги служеле убави келнерки. Браќата заработувале до 4.000 фунти дневно, а вработувале романски курири кои доставувале дрога во трите града. Албанците живееле луксузен живот, возеле скапи автомобили, купувале Rolex часовници и носеле скапи брендови како Balenciaga, Louis Vuitton и Montclair.  

The post Албанската мафија владеела со Лондон од берберница која била претворена во коцкарница appeared first on Република.

]]>
Албанската мафија крaдела од домот на Роналдо, Меси го поштедиле https://republika.mk/sport/fudbal/albanskata-mafija-kradela-od-domot-na-ronaldo-mesi-go-poshtedile/ Tue, 07 Nov 2023 07:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=698990

Познатите фудбалери кои играа во Шпанија во последните години често беа мета на разбојници.Нивните куќи биле ограбувани обично додека биле на натпревари. Шпанската полиција долго време не можеше да ги фати криминалците, а потоа топката почна да се одмотува. Се испостави дека се Албанци од Косово Еден од нив, „ел капо“ или газдата, зборувашр за шпанскиот весник „Ел Еспањол“.

Во серијалот на овој весник „Мафија што ограбува познати личности“, шефот на албанската мафија од Косово се претставувал како Алберто.

Тој ја ограбил куќата на Кристијано Роналдо во неговата родна Мадеира. Исто така, неговиот втор тим успеал да влезе во замокот на Лионел Меси во населбата на Барселона наречена Кастелдефелс, но разбојниците не одзеле ништо.

Алберто го оправда овој чин со тоа што Меси е неговиот омилен фудбалер и дека го поштедил својот дом од почит.

„Неодамна, пред околу една година влеговме во куќата. Меси тогаш веќе беше во Париз, а неговите родители живееја таму. Добро ја познавам таа област, можев, но не сакав од почит кон Меси. Го сакам и тоа е тоа. Неколку пати дури и запирав луѓе кои сакаа да упаднат во куќата на Меси“.

 

The post Албанската мафија крaдела од домот на Роналдо, Меси го поштедиле appeared first on Република.

]]>

Познатите фудбалери кои играа во Шпанија во последните години често беа мета на разбојници.Нивните куќи биле ограбувани обично додека биле на натпревари. Шпанската полиција долго време не можеше да ги фати криминалците, а потоа топката почна да се одмотува. Се испостави дека се Албанци од Косово Еден од нив, „ел капо“ или газдата, зборувашр за шпанскиот весник „Ел Еспањол“. Во серијалот на овој весник „Мафија што ограбува познати личности“, шефот на албанската мафија од Косово се претставувал како Алберто. Тој ја ограбил куќата на Кристијано Роналдо во неговата родна Мадеира. Исто така, неговиот втор тим успеал да влезе во замокот на Лионел Меси во населбата на Барселона наречена Кастелдефелс, но разбојниците не одзеле ништо. Алберто го оправда овој чин со тоа што Меси е неговиот омилен фудбалер и дека го поштедил својот дом од почит.
„Неодамна, пред околу една година влеговме во куќата. Меси тогаш веќе беше во Париз, а неговите родители живееја таму. Добро ја познавам таа област, можев, но не сакав од почит кон Меси. Го сакам и тоа е тоа. Неколку пати дури и запирав луѓе кои сакаа да упаднат во куќата на Меси“.
 

The post Албанската мафија крaдела од домот на Роналдо, Меси го поштедиле appeared first on Република.

]]>
Aлбанец во Лондон водел бордел и шверувал кокаин ,но судот не го депортрира бидејќи процениле дека е многу добар човек https://republika.mk/vesti/svet/albanets-vo-london-vodel-bordel-i-shveruval-kokain-no-sudot-ne-go-deportrira-bidejki-protsenile-deka-e-mnogu-dobar-chovek/ Tue, 30 May 2023 06:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=645965

Албанец кој беше осуден во Лондон за водење бордел, избегна депортација од Велика Британија бидејќи судијата оцени дека е „умен и вреден“ млад човек.

Кристијан Кодра (25) е осуден на две години затвор за раководење со криминална организација која се занимавала со шверц на кокаин и проститутки.

Криминалната банда на овој Албанец заработила најмалку 460.000 евра за шест месеци пред полицијата да изврши рација во куќа во центарот на Лондон во јули 2019 година.

Обвинителството се обиде да утврди дека профитот на борделот е резултат на проституција и анализираше различни трансакции, вклучувајќи ги и оние поврзани со познатиот рагбист. Неговото име се појави кога детективите прегледаа 180.000 трансакции.

И покрај осудите на Кодра за водење бордел, поседување на незаконски стекнат имот и лажни лични карти, му било кажано дека може да остане во Британија.

Судијата ја усвои жалбата за депортација врз основа на човекови права и рече дека „нема докази дека тој претставува опасност за јавноста“.

„Тој е бистар и вреден млад човек со потенцијал да придонесе многу за општеството. Тој има дом и поддршка овде. Тој би можел да работи. Верувам дека јавниот интерес не бара жалителот да биде депортиран од УК, “

Тој страдал од „тешка хемофилија“ и нема да има пристап до исто ниво на третман во Албанија – што може да влијае на неговиот животен век, проценил судот.

Кодра поднел барање за азил во Британија кога имал 15 години и му била одобрена ограничена дозвола за престој додека не побарал продолжување во 2017 година.
По првичното одбивање, тој доби дополнителни 18 месеци во јули 2019 година, а истиот месец беше уапсен за водење бордел.Инаку, криминалната организација на Кодра е осудена на вкупно 25 години затвор

The post Aлбанец во Лондон водел бордел и шверувал кокаин ,но судот не го депортрира бидејќи процениле дека е многу добар човек appeared first on Република.

]]>

Албанец кој беше осуден во Лондон за водење бордел, избегна депортација од Велика Британија бидејќи судијата оцени дека е „умен и вреден“ млад човек. Кристијан Кодра (25) е осуден на две години затвор за раководење со криминална организација која се занимавала со шверц на кокаин и проститутки. Криминалната банда на овој Албанец заработила најмалку 460.000 евра за шест месеци пред полицијата да изврши рација во куќа во центарот на Лондон во јули 2019 година. Обвинителството се обиде да утврди дека профитот на борделот е резултат на проституција и анализираше различни трансакции, вклучувајќи ги и оние поврзани со познатиот рагбист. Неговото име се појави кога детективите прегледаа 180.000 трансакции. И покрај осудите на Кодра за водење бордел, поседување на незаконски стекнат имот и лажни лични карти, му било кажано дека може да остане во Британија. Судијата ја усвои жалбата за депортација врз основа на човекови права и рече дека „нема докази дека тој претставува опасност за јавноста“.
„Тој е бистар и вреден млад човек со потенцијал да придонесе многу за општеството. Тој има дом и поддршка овде. Тој би можел да работи. Верувам дека јавниот интерес не бара жалителот да биде депортиран од УК, “
Тој страдал од „тешка хемофилија“ и нема да има пристап до исто ниво на третман во Албанија – што може да влијае на неговиот животен век, проценил судот. Кодра поднел барање за азил во Британија кога имал 15 години и му била одобрена ограничена дозвола за престој додека не побарал продолжување во 2017 година. По првичното одбивање, тој доби дополнителни 18 месеци во јули 2019 година, а истиот месец беше уапсен за водење бордел.Инаку, криминалната организација на Кодра е осудена на вкупно 25 години затвор

The post Aлбанец во Лондон водел бордел и шверувал кокаин ,но судот не го депортрира бидејќи процениле дека е многу добар човек appeared first on Република.

]]>
Kако функционира албанската мафија: Газдите на бизнисот со кокаин се преселуваат во Еквадор и Перу и земаат нов идентитет https://republika.mk/vesti/balkan/kako-funkcionira-albanskata-mafija-gazdite-na-biznisot-so-kokain-se-preseluvaat-vo-ekvador-i-peru-i-zemaat-nov-identitet/ Mon, 21 Nov 2022 20:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=576709

Во летото 2021 година, пратка со ознака „фин аспарагус“ била натоварена на камион тежок 18 тони во градот Трухиљо, во северозападниот дел на Перу. Планот бил наведената пратка да стигне до комерцијалното пристаниште Калао во Лима. Таму, пак, брод, чија крајна дестинација беше Ротердам (Холандија) - чекаше пратка зеленчук, пишува „Би-би-си“.

Сепак, товарот не го напуштил пристаништето во јужноамериканската земја бидејќи агентите на Дирекцијата за борба против дрога на перуанската национална полиција успеале да откријат дека товарот е загаден со супстанца, за која се покажало дека е течен кокаин! Откриле два тони дрога, проценета на 77 милиони долари, пишува BBC News.

 Кокаинот може да чини 500 или 700 долари во Халанга (северен Перу), а во Лима веќе има вредност од 1.300 долари. Кога ќе пристигне на пристаниште во Европа, цената се зголемува до 40.000 долари за килограм - објаснува директорот на Дирекцијата за борба против наркотици, Дирандре Дени Родригез.

Тој открива и дека во пирамидата на оваа трговија со кокаин се и двајца албански државјани: Мало Франк, познат како „Пелао“ и Мета Гентјан, попознат како „Барбас“. Тој вели дека Албанците се задолжени за финансиска и логистичка поддршка во работењето на илегалната трговија со дрога на територијата на Перу.

И двајцата Албанци влегле во Перу легално, како туристи преку границата со Еквадор, но Дирандро ги следел за време на нивниот престој во земјата.

Инаку, не е ново што во земјите од Латинска Америка има мажи со албанско потекло каде што работат моќни картели за производство и трговија со дрога, бидејќи од 2000 година членови на т.н. семејни кланови.

„Албанските мафии“ патуваат во земјите од Латинска Америка за да го прошират својот бизнис во Европа. Целта е пред се да се купи евтин кокаин, велат инспекторите.

Веќе две децении, Албанците воспоставија контакти со картели и групи за шверц на дрога во земји како Колумбија, Еквадор, Мексико и Перу.

Моќта на албанската мафија е во заедничка контрола со другите мафии, како што е италијанската, и пристаништата во Европа преку кои влегува дрога и нелегални производи.

Од трговија со хероин и оружје, до шверц на цигари, луѓе... Албанските кланови „покриле“ се.

Значајни се и врските на Албанците со моќната италијанска организација Н'дрангета од јужна Италија. Но, и тие почнаа да дејствуваат самостојно, а Италијанците не одат во Латинска Америка да го „испуштат“ евтин кокаин на големо.

 

За Албанците како браќата Луфтар, Арбен, Фатос и Рамиз Хиса, чие присуство беше откриено во Мексико, земјите од Латинска Америка нудат поволни услови за водење бизнис.

Исто така, треба да се има предвид дека споменатата зона им е привлечна за долгорочно населување, па дури и како постојан престој.

Многумина од оние што мигрираат веќе имаат криминално досие во Европа, некои се активни бегалци, што е уште поголема причина да се населат во Латинска Америка, забележуваат истражувачите за Албанците во тој дел од светот, во врска со нивните нелегални и криминални активности. . За нив преминувањето на Атлантикот значи анонимност, втора шанса.

Таму тие создаваат нови идентитети, живеат во богати затворени заедници и непречено го работат „бизнисот“.

The post Kако функционира албанската мафија: Газдите на бизнисот со кокаин се преселуваат во Еквадор и Перу и земаат нов идентитет appeared first on Република.

]]>

Во летото 2021 година, пратка со ознака „фин аспарагус“ била натоварена на камион тежок 18 тони во градот Трухиљо, во северозападниот дел на Перу. Планот бил наведената пратка да стигне до комерцијалното пристаниште Калао во Лима. Таму, пак, брод, чија крајна дестинација беше Ротердам (Холандија) - чекаше пратка зеленчук, пишува „Би-би-си“. Сепак, товарот не го напуштил пристаништето во јужноамериканската земја бидејќи агентите на Дирекцијата за борба против дрога на перуанската национална полиција успеале да откријат дека товарот е загаден со супстанца, за која се покажало дека е течен кокаин! Откриле два тони дрога, проценета на 77 милиони долари, пишува BBC News.
 Кокаинот може да чини 500 или 700 долари во Халанга (северен Перу), а во Лима веќе има вредност од 1.300 долари. Кога ќе пристигне на пристаниште во Европа, цената се зголемува до 40.000 долари за килограм - објаснува директорот на Дирекцијата за борба против наркотици, Дирандре Дени Родригез.
Тој открива и дека во пирамидата на оваа трговија со кокаин се и двајца албански државјани: Мало Франк, познат како „Пелао“ и Мета Гентјан, попознат како „Барбас“. Тој вели дека Албанците се задолжени за финансиска и логистичка поддршка во работењето на илегалната трговија со дрога на територијата на Перу. И двајцата Албанци влегле во Перу легално, како туристи преку границата со Еквадор, но Дирандро ги следел за време на нивниот престој во земјата. Инаку, не е ново што во земјите од Латинска Америка има мажи со албанско потекло каде што работат моќни картели за производство и трговија со дрога, бидејќи од 2000 година членови на т.н. семејни кланови. „Албанските мафии“ патуваат во земјите од Латинска Америка за да го прошират својот бизнис во Европа. Целта е пред се да се купи евтин кокаин, велат инспекторите. Веќе две децении, Албанците воспоставија контакти со картели и групи за шверц на дрога во земји како Колумбија, Еквадор, Мексико и Перу. Моќта на албанската мафија е во заедничка контрола со другите мафии, како што е италијанската, и пристаништата во Европа преку кои влегува дрога и нелегални производи.

Од трговија со хероин и оружје, до шверц на цигари, луѓе... Албанските кланови „покриле“ се.

Значајни се и врските на Албанците со моќната италијанска организација Н'дрангета од јужна Италија. Но, и тие почнаа да дејствуваат самостојно, а Италијанците не одат во Латинска Америка да го „испуштат“ евтин кокаин на големо.   За Албанците како браќата Луфтар, Арбен, Фатос и Рамиз Хиса, чие присуство беше откриено во Мексико, земјите од Латинска Америка нудат поволни услови за водење бизнис. Исто така, треба да се има предвид дека споменатата зона им е привлечна за долгорочно населување, па дури и како постојан престој. Многумина од оние што мигрираат веќе имаат криминално досие во Европа, некои се активни бегалци, што е уште поголема причина да се населат во Латинска Америка, забележуваат истражувачите за Албанците во тој дел од светот, во врска со нивните нелегални и криминални активности. . За нив преминувањето на Атлантикот значи анонимност, втора шанса. Таму тие создаваат нови идентитети, живеат во богати затворени заедници и непречено го работат „бизнисот“.

The post Kако функционира албанската мафија: Газдите на бизнисот со кокаин се преселуваат во Еквадор и Перу и земаат нов идентитет appeared first on Република.

]]>
Албански банди регрутираат мигранти за шверц на дрога во Велика Британија https://republika.mk/vesti/balkan/albanski-bandi-regrutiraat-migranti-za-shverc-na-droga-vo-velika-britanija/ Fri, 04 Nov 2022 10:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=569498

Албанските нарко банди користат мигрантски кампови на северот на Франција како центри за регрутирање, нудејќи им да платат за премин на оние кои сакаат да работат во „британската нарко индустрија“ по пристигнувањето, пишува Би-Би-Си.

Според податоците на британската влада, Албанците сочинуваат речиси една третина од 38.000 луѓе кои до сега оваа година пристигнале во Англија со брод преку Ла Манш.

Високи полициски и имиграциски службеници од двете страни на Каналот се загрижени поради зголемената улога на албанските посредници во организирањето на овие премини.

https://republika.mk/vesti/balkan/chetiri-albanski-semejstva-go-pokrivaat-shvercot-so-droga-vo-evropa-i-makedonija-e-del-od-rutata/

Би-Би-Си од прва рака дозна дека градовите во близина на албанскиот главен град Тирана останале речиси празни и дека многу млади Албанци биле намамени на францускиот брег.

Во францускиот град Данкерк ова лето, очевидци велат дека Албанците презеле дел од главниот мигрантски камп таму.

И малите хотели околу станицата сега се сложени прифатни центри за албанските мигранти.Нивните врати се трајно затворени за другите гости, нема персонал на повидок.

Ова се некои од местата каде албанските посредници чекаат клиенти, служејќи како клучна врска за премините со бродови во кои доминираат ирачко-курдските мрежи.

The post Албански банди регрутираат мигранти за шверц на дрога во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Албанските нарко банди користат мигрантски кампови на северот на Франција како центри за регрутирање, нудејќи им да платат за премин на оние кои сакаат да работат во „британската нарко индустрија“ по пристигнувањето, пишува Би-Би-Си. Според податоците на британската влада, Албанците сочинуваат речиси една третина од 38.000 луѓе кои до сега оваа година пристигнале во Англија со брод преку Ла Манш. Високи полициски и имиграциски службеници од двете страни на Каналот се загрижени поради зголемената улога на албанските посредници во организирањето на овие премини. https://republika.mk/vesti/balkan/chetiri-albanski-semejstva-go-pokrivaat-shvercot-so-droga-vo-evropa-i-makedonija-e-del-od-rutata/ Би-Би-Си од прва рака дозна дека градовите во близина на албанскиот главен град Тирана останале речиси празни и дека многу млади Албанци биле намамени на францускиот брег. Во францускиот град Данкерк ова лето, очевидци велат дека Албанците презеле дел од главниот мигрантски камп таму. И малите хотели околу станицата сега се сложени прифатни центри за албанските мигранти.Нивните врати се трајно затворени за другите гости, нема персонал на повидок. Ова се некои од местата каде албанските посредници чекаат клиенти, служејќи како клучна врска за премините со бродови во кои доминираат ирачко-курдските мрежи.

The post Албански банди регрутираат мигранти за шверц на дрога во Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Британска телевизија сними филм за албанската мафија во Лондон https://republika.mk/vesti/balkan/britanska-televizija-snimi-film-za-albanskata-mafija-vo-london/ Mon, 31 Oct 2022 10:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=567717

Британска телевизија сними филм за албанската мафија. Оваа нарко мафија го држи Лондон под свое и од каде се дистрибуира дрогата низ цела Велика Британија. Албанската мафија во документарецот  е наречена „крал на пеколот“.

Погледнете еден дел од филмот.

 

The post Британска телевизија сними филм за албанската мафија во Лондон appeared first on Република.

]]>

Британска телевизија сними филм за албанската мафија. Оваа нарко мафија го држи Лондон под свое и од каде се дистрибуира дрогата низ цела Велика Британија. Албанската мафија во документарецот  е наречена „крал на пеколот“. Погледнете еден дел од филмот.  

The post Британска телевизија сними филм за албанската мафија во Лондон appeared first on Република.

]]>
Британија си има мака со албанската мафија: За превласт во бизнисот со канабис не бираат средства, а ѕверствата ги објавуваат на Тик Ток https://republika.mk/vesti/svet/britanija-si-ima-maka-so-albanskata-mafija-za-prevlast-vo-biznisot-so-kanabis-ne-biraat-sredstva-a-dzverstvata-gi-objavuvaat-na-tik-tok/ Sat, 22 Oct 2022 20:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=564414

Банди на албанската мафија во Велика Британија сеат страв во предградијата во војната за превласт во бизносот со марихуана.

Бруталните видеа објавени на Тик Ток покажуваат дека бандите не бираат средства, а често моѓат да се слушнат и претепаните жртви како врескаат и молат за милост. Користат киднапирања, лажно затворање и брутално тепање за да го зацврстат својот авторитет во мрежата на засолништа за дрога во станбените згради низ целата земја. Некои од видеата имаат дури повеќе од 10.000 прегледи.

Овие снимки се објавуваат како „остро предупредување за тоа што ќе се случи со оние кои ќе изберат да ги напуштат или да ги предадат“.

Како што пишува Дејли Мејл, криминолозите сметаат дека бандите го прикажуваат крвавиот напад на социјалните мрежи за да ја покажат својата сила над ривалските криминални групи. Тоа го прават, наводно, за да привлечат нови членови на бандата.

Тајна истрага откри дека трговците со луѓе им нуделе на илегални мигранти да работат во „куќи со канабис“ за да ги платат своите долгови.

Оваа информација доаѓа откако МВР предупреди дека бранот криминални банди претставува „значителен ризик“ за националната безбедност, при што традиционалните баратели на азил се заменети со „млади работоспособни мажи“ за кои постои сомневање дека се поврзани со организиран криминал.

[caption id="attachment_564416" align="alignnone" width="640"] Тројца Албанци, Реџон Мурати (28), Глен Џафери (26) и Анис Плауку (29) (на сликата од лево надесно) беа затворени минатиот месец откако полицијата откри дека имале речиси 300.000 фунти во канабис и готовина, откако вооружени маскирани лица упаднале во нивниот дом во Бредфорд и ги нападналe[/caption]

Албанците сочинуваа околу 60 отсто од мигрантите во Британија во текот на летото, а се смета дека оваа година пристигнале дури 7.000, од ​​кои многумина биле вовлечени во бруталното криминално подземје.

Инаку, Албанија лани имала најголем број свои државјани во англиските и велшките затвори, дури 1.528 затвореници, пишува британскиот весник.

Едно видео на Тик Ток насловено „Злото доаѓа од нас“, кое има повеќе од 11.000 прегледи, покажува како Албанец испрашува затвореник со црни прстени околу очите кои се отечени за да го принудат да признае дека упаднал во нивната фабрика за канабис и да каже кој го испратил. Друг маж на истото видео е снимен како му се заканува дека ќе го тепа доколку одбие да одговори и го тера да ја отвори устата за да покаже дека веќе му се скршени забите.

The post Британија си има мака со албанската мафија: За превласт во бизнисот со канабис не бираат средства, а ѕверствата ги објавуваат на Тик Ток appeared first on Република.

]]>

Банди на албанската мафија во Велика Британија сеат страв во предградијата во војната за превласт во бизносот со марихуана. Бруталните видеа објавени на Тик Ток покажуваат дека бандите не бираат средства, а често моѓат да се слушнат и претепаните жртви како врескаат и молат за милост. Користат киднапирања, лажно затворање и брутално тепање за да го зацврстат својот авторитет во мрежата на засолништа за дрога во станбените згради низ целата земја. Некои од видеата имаат дури повеќе од 10.000 прегледи. Овие снимки се објавуваат како „остро предупредување за тоа што ќе се случи со оние кои ќе изберат да ги напуштат или да ги предадат“. Како што пишува Дејли Мејл, криминолозите сметаат дека бандите го прикажуваат крвавиот напад на социјалните мрежи за да ја покажат својата сила над ривалските криминални групи. Тоа го прават, наводно, за да привлечат нови членови на бандата. Тајна истрага откри дека трговците со луѓе им нуделе на илегални мигранти да работат во „куќи со канабис“ за да ги платат своите долгови. Оваа информација доаѓа откако МВР предупреди дека бранот криминални банди претставува „значителен ризик“ за националната безбедност, при што традиционалните баратели на азил се заменети со „млади работоспособни мажи“ за кои постои сомневање дека се поврзани со организиран криминал. [caption id="attachment_564416" align="alignnone" width="640"] Тројца Албанци, Реџон Мурати (28), Глен Џафери (26) и Анис Плауку (29) (на сликата од лево надесно) беа затворени минатиот месец откако полицијата откри дека имале речиси 300.000 фунти во канабис и готовина, откако вооружени маскирани лица упаднале во нивниот дом во Бредфорд и ги нападналe[/caption] Албанците сочинуваа околу 60 отсто од мигрантите во Британија во текот на летото, а се смета дека оваа година пристигнале дури 7.000, од ​​кои многумина биле вовлечени во бруталното криминално подземје. Инаку, Албанија лани имала најголем број свои државјани во англиските и велшките затвори, дури 1.528 затвореници, пишува британскиот весник. Едно видео на Тик Ток насловено „Злото доаѓа од нас“, кое има повеќе од 11.000 прегледи, покажува како Албанец испрашува затвореник со црни прстени околу очите кои се отечени за да го принудат да признае дека упаднал во нивната фабрика за канабис и да каже кој го испратил. Друг маж на истото видео е снимен како му се заканува дека ќе го тепа доколку одбие да одговори и го тера да ја отвори устата за да покаже дека веќе му се скршени забите.

The post Британија си има мака со албанската мафија: За превласт во бизнисот со канабис не бираат средства, а ѕверствата ги објавуваат на Тик Ток appeared first on Република.

]]>
Уапсена популарната албанска пејачка: Љиља била дел од нарко банда, паднала со уште 8 мафијаши https://republika.mk/vesti/balkan/uapsena-popularnata-albanska-pejachka-ljilja-bila-del-od-narko-banda-padnala-so-ushte-8-mafijashi/ Fri, 06 May 2022 13:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=498614

Албанската пејачка, Елза Љиља, била уапсена пред еден месец под сомнение дека е поврзана со албанска банда вмешана во трговија со дрога во Италија, пишува „Ла Република“.

Според италијанскиот весник, Љиља била уапсена под обвинение дека е некаков „финансиски советник“ и ги водела финансиските книги за оваа нарко банда. Како што се наведува, баната најмногу продавала кокаин, хашиш и марихуана.

Албанската пејачка, осомничена за поврзаност со криминални банди, двапати настапувала во Сан Ремо, во 2003 и 2007 година, а е позната поп личност во Италија.

Љиља била уапсена заедно со уште осум соработници на мафијата, се вели во извештајот на мобилниот истражен тим.

На чело на уапсената нарко група биле Фабрицио Капоња и Петрит Барди, попознат како „Тити“, кој во истражните документи е опишан како „главен субјект на албанскиот криминален свет, посветен на трговијата со дрога и поврзан со Арбен Зогу и Доријан Петоку“.

The post Уапсена популарната албанска пејачка: Љиља била дел од нарко банда, паднала со уште 8 мафијаши appeared first on Република.

]]>

Албанската пејачка, Елза Љиља, била уапсена пред еден месец под сомнение дека е поврзана со албанска банда вмешана во трговија со дрога во Италија, пишува „Ла Република“. Според италијанскиот весник, Љиља била уапсена под обвинение дека е некаков „финансиски советник“ и ги водела финансиските книги за оваа нарко банда. Како што се наведува, баната најмногу продавала кокаин, хашиш и марихуана. Албанската пејачка, осомничена за поврзаност со криминални банди, двапати настапувала во Сан Ремо, во 2003 и 2007 година, а е позната поп личност во Италија. Љиља била уапсена заедно со уште осум соработници на мафијата, се вели во извештајот на мобилниот истражен тим. На чело на уапсената нарко група биле Фабрицио Капоња и Петрит Барди, попознат како „Тити“, кој во истражните документи е опишан како „главен субјект на албанскиот криминален свет, посветен на трговијата со дрога и поврзан со Арбен Зогу и Доријан Петоку“.

The post Уапсена популарната албанска пејачка: Љиља била дел од нарко банда, паднала со уште 8 мафијаши appeared first on Република.

]]>
Разбиена албанска мафија: Кокаинот го увезувале со бродови и авиони и го растурале во цела Европа https://republika.mk/vesti/balkan/razbiena-albanska-mafija-kokainot-go-uvezuvale-so-brodovi-i-avioni-i-go-rasturale-vo-cela-evropa/ Wed, 16 Feb 2022 12:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=459348

Разбиена е една од најактивните албански мафии за шверц на кокаин, а уапсени се 45 лица , соопшти ЕВРОПОЛ. Беа спроведен преку акции во повеќе земји од Европската Унија, каде беа претресени над 80 локации, пишува порталот Kossev.info.

ЕВРОПОЛ наведува дека уапсените увезувале кокаин од Латинска Америка до различни европски пристаништа, организирале превоз со авиони, бродови, автомобили и камиони и вршеле трговија на големо преку Шпанија и други земји од Европската Унија.

Акцијата беше спроведена во Шпанија, Белгија, Хрватска, Германија, Италија и Холандија, а учествуваа над 600 полицајци.

Европравда (Агенција на Европската унија за соработка во кривичната правда) формираше мрежа за олеснување на комуникацијата меѓу судските власти, додека ЕУРОПОЛ организираше интензивна размена на информации потребни за подготовка за последната фаза од оваа истрага, се додава во соопштението.

Истрагата беше покрената во Белгија во септември 2020 година, откако беше запленета голема количина дрога и хемикалии што се користат за зачувување на кокаин.

ЕВРОПОЛ наведува дека оваа криминална мрежа формирала синџир на компании во различни земји за перење пари, вклучително и Хрватска и Шпанија, главно користејќи други луѓе како екрани.

 

The post Разбиена албанска мафија: Кокаинот го увезувале со бродови и авиони и го растурале во цела Европа appeared first on Република.

]]>

Разбиена е една од најактивните албански мафии за шверц на кокаин, а уапсени се 45 лица , соопшти ЕВРОПОЛ. Беа спроведен преку акции во повеќе земји од Европската Унија, каде беа претресени над 80 локации, пишува порталот Kossev.info. ЕВРОПОЛ наведува дека уапсените увезувале кокаин од Латинска Америка до различни европски пристаништа, организирале превоз со авиони, бродови, автомобили и камиони и вршеле трговија на големо преку Шпанија и други земји од Европската Унија. Акцијата беше спроведена во Шпанија, Белгија, Хрватска, Германија, Италија и Холандија, а учествуваа над 600 полицајци. Европравда (Агенција на Европската унија за соработка во кривичната правда) формираше мрежа за олеснување на комуникацијата меѓу судските власти, додека ЕУРОПОЛ организираше интензивна размена на информации потребни за подготовка за последната фаза од оваа истрага, се додава во соопштението. Истрагата беше покрената во Белгија во септември 2020 година, откако беше запленета голема количина дрога и хемикалии што се користат за зачувување на кокаин. ЕВРОПОЛ наведува дека оваа криминална мрежа формирала синџир на компании во различни земји за перење пари, вклучително и Хрватска и Шпанија, главно користејќи други луѓе како екрани.  

The post Разбиена албанска мафија: Кокаинот го увезувале со бродови и авиони и го растурале во цела Европа appeared first on Република.

]]>
Борба меѓу албанската мафија и Звицер за превласт со кокаинот од Јужна Америка https://republika.mk/vesti/balkan/borba-megju-albanskata-mafija-i-zvicer-za-prevlast-so-kokainot-od-juzna-amerika/ Mon, 14 Feb 2022 14:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=458422

Убиството на Албанецот Ергис Даши (34) во Еквадор ја отвори темата за подземнта борба за превласт во бизнисот со кокаин меѓу Кавачкиот клан и албанската мафија.

Се сомнева дека егзекуцијата на Албанецот ја наредил кланот од Црна Гора. Ергис Даши бил застрелан во ресторан лоциран во пристаниште во Еквадор, од каде што заминуваат големи пратки со дрога.

Даши бил врска меѓу албанската и руската мафија. Имаше двајца напаѓачи. Едниот носеше букет цвеќе, што е своевидна порака во однос на одење на гробишта. Убиениот водел таен живот во Еквадор, каде што немал досие, а се занимавал со трговија со кокаин.

Според една верзија, Албанците пријавиле во полиција дека во Црна Гора пристигнува голем товар кокаин и со тоа го прекршиле „светото правило“ да не се кодоши. Таа дрога набрзо била запленета. Се претпоставува дека се работи за точно седум тони наркотици кои биле пронајдени со натписите С.Р.Б. и Р.С.Б.

Според втората верзија на приказната, „пајтосите“ на Звицер го презеле најголемиот дел од дистрибуцијата на кокаин во Европа, откако  Кавачкиот клан бил ослабен во Црна Гора и Србија. Според упатените, тоа им пречело на Албанците во Еквадор, кои склучиле договор за соработка со овој клан.

 

The post Борба меѓу албанската мафија и Звицер за превласт со кокаинот од Јужна Америка appeared first on Република.

]]>

Убиството на Албанецот Ергис Даши (34) во Еквадор ја отвори темата за подземнта борба за превласт во бизнисот со кокаин меѓу Кавачкиот клан и албанската мафија. Се сомнева дека егзекуцијата на Албанецот ја наредил кланот од Црна Гора. Ергис Даши бил застрелан во ресторан лоциран во пристаниште во Еквадор, од каде што заминуваат големи пратки со дрога. Даши бил врска меѓу албанската и руската мафија. Имаше двајца напаѓачи. Едниот носеше букет цвеќе, што е своевидна порака во однос на одење на гробишта. Убиениот водел таен живот во Еквадор, каде што немал досие, а се занимавал со трговија со кокаин. Според една верзија, Албанците пријавиле во полиција дека во Црна Гора пристигнува голем товар кокаин и со тоа го прекршиле „светото правило“ да не се кодоши. Таа дрога набрзо била запленета. Се претпоставува дека се работи за точно седум тони наркотици кои биле пронајдени со натписите С.Р.Б. и Р.С.Б. Според втората верзија на приказната, „пајтосите“ на Звицер го презеле најголемиот дел од дистрибуцијата на кокаин во Европа, откако  Кавачкиот клан бил ослабен во Црна Гора и Србија. Според упатените, тоа им пречело на Албанците во Еквадор, кои склучиле договор за соработка со овој клан.  

The post Борба меѓу албанската мафија и Звицер за превласт со кокаинот од Јужна Америка appeared first on Република.

]]>