аквадукт Archives - Република https://republika.mk/tema/akvadukt/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 15:25:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аквадукт Archives - Република https://republika.mk/tema/akvadukt/ 32 32 Грчева: СДС во програмата за култура имаше реставрација на аквадуктот, ништо од тоа! https://republika.mk/vesti/skopje/grcheva-sds-vo-programata-za-kultura-imashe-restavratsija-na-akvaduktot-nishto-od-toa/ Sat, 27 Apr 2024 15:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=771698

Група ентузијасти деновиве организираа еко-акција за чистење на Скопскиот Аквадукт. За ова место во околината на Скопје, кое неправдано е запоставено од надлежните, се огласи и професорката и политичарка Солза Грчева.

Вака изгледа во Скопје римскиот аквадукт. Наместо атракција за туристите и за нас, рушевина сред буниште.
СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа!
Важно ветуваат иднина, а систематски ни ја бришат историјата и историското наследство.
На 8-ми ќе си одат и самите тие во историја!, вели Грчева.

The post Грчева: СДС во програмата за култура имаше реставрација на аквадуктот, ништо од тоа! appeared first on Република.

]]>

Група ентузијасти деновиве организираа еко-акција за чистење на Скопскиот Аквадукт. За ова место во околината на Скопје, кое неправдано е запоставено од надлежните, се огласи и професорката и политичарка Солза Грчева.
Вака изгледа во Скопје римскиот аквадукт. Наместо атракција за туристите и за нас, рушевина сред буниште. СДС имаше во програмата за култура, негова реставрација. Ништо од тоа! Важно ветуваат иднина, а систематски ни ја бришат историјата и историското наследство. На 8-ми ќе си одат и самите тие во историја!, вели Грчева.

The post Грчева: СДС во програмата за култура имаше реставрација на аквадуктот, ништо од тоа! appeared first on Република.

]]>
Наместо да го промовираме, неспособната власт не присилува да го сокриваме Скопскиот аквадукт од туристите https://republika.mk/vesti/makedonija/namesto-da-go-promovirame-nesposobnata-vlast-ne-prisiluva-da-go-sokrivame-skopskiot-akvadukt-od-turistite/ Thu, 20 Jul 2023 11:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=663501

Секогаш е подобро да се спречи, наместо да се лечи, но во Македонија имаме власт со која и лекот – го НЕМА!, вели Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ.

Разрушениот аквадукт, извадените и расфрлани камења од столбовите и лаковите, како и по некоја вреќа градежен шут, се тажен сведок за ремек-делото кое успеало да им пркоси на вековите, природните непогоди, па и на војните, но наместо денес со гордост да го промовираме, власта нè принудува да го сокриваме од очите на туристите.

Власта треба да е свесна дека аквадуктот е прогласен за културно наследство од особено значење и истиот му припаѓа на човештвото!

За жал, како и за сè друго, така и за аквадуктот имаме само најавен план за целосна реставрација и конзервација!

А ветуваа соодветна инфраструктура, сигнализација и информативни табли, зеленило, урбана опрема и сè што е потребно за локалитетот да стане достапен за посета.

Овде редно е да потсетиме на ветувањето од поранешниот градоначалник Петре Шилегов кој на оваа локација ЌЕ изградеше летна сцена со 600 до 1000 седишта и истата ЌЕ беше изведена на начин кој немало да и пречи на визурата на аквадуктот. Петре ЌЕ проектираше и ролерско-велосипедска патека до самиот аквадукт!

Но, кога се на хартија, лесно „летаат“ ветувањата, а кога ќе дојде моментот за реализација....НИШТО!

Од друга страна, не знаеме дали градоначалничката на Скопје знае дека аквадуктот е под надлежност на Градот и дали воопшто го посетила за да види во каква состојба е!

Нејсе, ако го исчисти ѓубрето, можеби и ќе се сети и на аквадуктот.

Па така, иако скопскиот аквадукт е симбол на туристичката мапа на Скопје, туристичките водичи се принудени да го избегнуваат за да ја сокријат реалната слика на оваа неспособна власт.

И додека во нашиот двор го имаме овој прекрасен споменик на културата кого би го посакала секоја земја, нашата власт не е ни свесна дека со ваков однос кон културното наследство, ниту нè посакуваат, ниту пак, ќе нè примат во ЕУ!

Оттука, не е ни чудно што од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот изработија флаери со туристичките убавини од други држави.

Убавини имаме, но кој да ги одржува и промовира?

Одговорност мора да има и ќе има, а одговорноста се вика – предвремени парламентарни избори!

The post Наместо да го промовираме, неспособната власт не присилува да го сокриваме Скопскиот аквадукт од туристите appeared first on Република.

Деспина Ковачевска ги поттикна властите да го заштитат скопскиот аквадукт https://republika.mk/vesti/kultura/despina-kovachevska-gi-pottikna-vlastite-da-go-zashtitat-skopskiot-akvadukt/ Thu, 29 Sep 2022 08:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=555536

Како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“, мобилизаторката Деспина Ковачевска изминатата година ја спроведуваше иницијативата ,,Имаме вакво нешто”, преку која ја потсети централната власт за ветената реставрација на скопскиот аквадукт.

Во рамки на иницијативата беше одржана тура на скопскиот аквадукт со археологот Оливер Бојаџиев, додека нашиот познат уметник Матеј Богдановски изработи стрип за деца. Истиот беше промовиран на работилници во училиштата за да може и најмалите да се запознаат со нашето културно богатство, но и да се зајакне нивната свесност за барање на отчет од избраните политичари за ветеното и сработеното . Властите беа отворени да дадат информации за реставрацијата и беше донесен закон кој го става аквадуктот како културно наследство од особено значење. На идните мобилизатори на заедницата би им порачала да го пронајдат она за кое мислат дека треба да се промени и преку своите иницијативи гласно да го кажат. – истакна Ковачевска.

Скопскиот аквадукт минатата година го доби највисокиот акт на заштита, што ќе овозможи трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла. Заштита на архитектурата и на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа конечно започнува и неговата физичка заштита.

Минатата година почна и првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот аквадукт, откако Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење.

Токму затоа младите мобилизатори треба да се заинтересираат и за новиот повик со вкупна сума од 6.600.000 денари преку проектот на Швајцарската Влада „Поддршка на изборните реформи во Македонија“, Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), за доделување грантови за иновативни иницијативи.

Предложените иновативни иницијативи треба да идентификуваат проблем во заедницата за кој било ветено решавање или, пак, решение за кое било ветено остварување (во изборната програма) од страна на локалната власт и/или е вклучено во тековната програма на локалната самоуправа, и да ја мобилизира заедницата да ги потсети локалните власти на нивните дадени ветувања. Тие треба да се фокусирани на локални прашања чие решавање е во надлежност на локалната власт.

Апликации формално можат да поднесат граѓански организации, а барањето за еден грант треба да изнесува најмногу 300.000 денари. Апликантите на овој повик треба да имаат предвид дека ќе се сметаат за подобни доколку испратат само една апликација најдоцна до 30 септември, онлајн: electoralreforms.mk/cm-2022/

„Поддршка на изборните реформи“ е проект на Швајцарската Влада, кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

The post Деспина Ковачевска ги поттикна властите да го заштитат скопскиот аквадукт appeared first on Република.

]]>

Како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“, мобилизаторката Деспина Ковачевска изминатата година ја спроведуваше иницијативата ,,Имаме вакво нешто”, преку која ја потсети централната власт за ветената реставрација на скопскиот аквадукт.
Во рамки на иницијативата беше одржана тура на скопскиот аквадукт со археологот Оливер Бојаџиев, додека нашиот познат уметник Матеј Богдановски изработи стрип за деца. Истиот беше промовиран на работилници во училиштата за да може и најмалите да се запознаат со нашето културно богатство, но и да се зајакне нивната свесност за барање на отчет од избраните политичари за ветеното и сработеното . Властите беа отворени да дадат информации за реставрацијата и беше донесен закон кој го става аквадуктот како културно наследство од особено значење. На идните мобилизатори на заедницата би им порачала да го пронајдат она за кое мислат дека треба да се промени и преку своите иницијативи гласно да го кажат. – истакна Ковачевска.
Скопскиот аквадукт минатата година го доби највисокиот акт на заштита, што ќе овозможи трајно зачувување на неговите вредности во културна и во историска смисла. Заштита на архитектурата и на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа конечно започнува и неговата физичка заштита. Минатата година почна и првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот аквадукт, откако Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење. Токму затоа младите мобилизатори треба да се заинтересираат и за новиот повик со вкупна сума од 6.600.000 денари преку проектот на Швајцарската Влада „Поддршка на изборните реформи во Македонија“, Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), за доделување грантови за иновативни иницијативи. Предложените иновативни иницијативи треба да идентификуваат проблем во заедницата за кој било ветено решавање или, пак, решение за кое било ветено остварување (во изборната програма) од страна на локалната власт и/или е вклучено во тековната програма на локалната самоуправа, и да ја мобилизира заедницата да ги потсети локалните власти на нивните дадени ветувања. Тие треба да се фокусирани на локални прашања чие решавање е во надлежност на локалната власт. Апликации формално можат да поднесат граѓански организации, а барањето за еден грант треба да изнесува најмногу 300.000 денари. Апликантите на овој повик треба да имаат предвид дека ќе се сметаат за подобни доколку испратат само една апликација најдоцна до 30 септември, онлајн: electoralreforms.mk/cm-2022/ „Поддршка на изборните реформи“ е проект на Швајцарската Влада, кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.

The post Деспина Ковачевска ги поттикна властите да го заштитат скопскиот аквадукт appeared first on Република.

]]>
Коцев: Да беше аквадуктот во некоја друга држава… https://republika.mk/vesti/skopje/kocev-da-beshe-akvaduktot-vo-nekoja-druga-drzava/ Sat, 28 May 2022 09:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=507926

Да беше аквадуктот во некоја друга држава ќе имаше врвулица од туристи покрај него, гордо ќе ги носевме сите гости да го посетат, ќе беше конзервиран и обезбеден под најстроги мерки, реагира актерот Сашко Коцев.

За жал кај нас е третиран само како градежна руина од некое си старо време, а за полуписмените - ...тоа бе брат такво за вода, мислам од турско време дека е, пишува Коцев.

Вчера, пак, од О2 Иницијати алармираа дека покрај овој споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, се прави крос патека за мотори.

https://republika.mk/vesti/skopje/o2-inicijativa-alarmira-se-pravi-kros-pateka-za-motori-kaj-akvaduktot/?fbclid=IwAR3ZRfMhM1RJEcy0UHy_EogTZH2GoLOvX_CZBdUrEQy8hxkRx1TjIfnNfeI

The post Коцев: Да беше аквадуктот во некоја друга држава… appeared first on Република.

]]>

Да беше аквадуктот во некоја друга држава ќе имаше врвулица од туристи покрај него, гордо ќе ги носевме сите гости да го посетат, ќе беше конзервиран и обезбеден под најстроги мерки, реагира актерот Сашко Коцев.
За жал кај нас е третиран само како градежна руина од некое си старо време, а за полуписмените - ...тоа бе брат такво за вода, мислам од турско време дека е, пишува Коцев.
Вчера, пак, од О2 Иницијати алармираа дека покрај овој споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, се прави крос патека за мотори. https://republika.mk/vesti/skopje/o2-inicijativa-alarmira-se-pravi-kros-pateka-za-motori-kaj-akvaduktot/?fbclid=IwAR3ZRfMhM1RJEcy0UHy_EogTZH2GoLOvX_CZBdUrEQy8hxkRx1TjIfnNfeI

The post Коцев: Да беше аквадуктот во некоја друга држава… appeared first on Република.

]]>
О2 Иницијатива алармира: Се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот! https://republika.mk/vesti/skopje/o2-inicijativa-alarmira-se-pravi-kros-pateka-za-motori-kaj-akvaduktot/ Fri, 27 May 2022 08:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=507499

Се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот, споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, објави на својот профил на фејсбук О2 Иницијатива.

Режимот на заштита на Аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината.

Од О2 иницијативата велат дека поднеле претставка до Управата за заштита на културно наследство, инспекторатот на град Скопје - град Скопје управува со Споменикот и треба да има изготвено план за управување и општина Карпош, на чија територија се наоѓа Аквадуктот.

Да видиме колку се почитува Одлуката за овој споменик како културно наследство од исклучително значење, велат од О2 Иницијатива.

The post О2 Иницијатива алармира: Се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот! appeared first on Република.

]]>

Се прави крос патека за мотори кај Аквадуктот, споменик прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, објави на својот профил на фејсбук О2 Иницијатива. Режимот на заштита на Аквадуктот забранува да се внесуваат капацитети или да се воведуваат нови намени што предизвикуваат бучава, вибрации и загадување на околината. Од О2 иницијативата велат дека поднеле претставка до Управата за заштита на културно наследство, инспекторатот на град Скопје - град Скопје управува со Споменикот и треба да има изготвено план за управување и општина Карпош, на чија територија се наоѓа Аквадуктот.