акции Archives - Република https://republika.mk/tema/akcii/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Apr 2024 17:52:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png акции Archives - Република https://republika.mk/tema/akcii/ 32 32 Уапсени 22 лица во рамките на истрагата за злоупотреба на фондовите на ЕУ за помош во пандемијата https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-22-litsa-vo-ramkite-na-istragata-za-zloupotreba-na-fondovite-na-eu-za-pomosh-vo-pandemijata/ Thu, 04 Apr 2024 17:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=762281

Во акција на полициите на Италија, Австрија, Романија и Словачка денеска беа уапсени 22 лица во рамките на истрагата поради сомнеж дека „извлекле“ стотици милиони евра од фондовите за помош на Европската унија по пандемијата.

Како што пренесуваат светските агенции, 600 милиони евра (650 милиони долари) биле дел од италијанскиот фонд по пандемијата, соопшти Европското јавно обвинителство (ЕППО). ЕППО соопшти дека се сомнева дека криминалната организација меѓу 2021 и 2023 година ги пренасочила неповратните средства од италијанскиот национален план за закрепнување.

Италијанската програма е финансирана од Фондот за опоравување и отпорност на ЕУ од повеќе милијарди евра, кој е дизајниран да им помогне на земјите од ЕУ да им помогнат на нивните економии уништени од вирусот.

Според податоците на ЕУ, италијанскиот национален план за закрепнување и отпорност е најголемиот во блокот, вреден 194,4 милијарди евра грантови и заеми и претставува 10,8 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2019 година.

EППО објави дека финансиската полиција во Венеција, Италија, извршила наредба за замрзнување на имот во вредност од над 600 милиони евра, издадена од судија на претходна постапка. Финансиската полиција во Венеција соопшти дека се запленети и луксузни станови и вили, значителни количини криптовалути, часовници Ролекс, накит Картие, злато и луксузни автомобили.

„Со поддршка на агенциите за спроведување на законот од другите инволвирани земји-членки, 22 лица беа уапсени во Италија, Австрија, Романија и Словачка“, соопшти ЕППО, истакнувајќи дека на осум осомничени им е одреден притвор, додека 14 осомничени се во домашен притвор, a на еден сметководител му е забрането да ја извршува професијата.

The post Уапсени 22 лица во рамките на истрагата за злоупотреба на фондовите на ЕУ за помош во пандемијата appeared first on Република.

]]>

Во акција на полициите на Италија, Австрија, Романија и Словачка денеска беа уапсени 22 лица во рамките на истрагата поради сомнеж дека „извлекле“ стотици милиони евра од фондовите за помош на Европската унија по пандемијата. Како што пренесуваат светските агенции, 600 милиони евра (650 милиони долари) биле дел од италијанскиот фонд по пандемијата, соопшти Европското јавно обвинителство (ЕППО). ЕППО соопшти дека се сомнева дека криминалната организација меѓу 2021 и 2023 година ги пренасочила неповратните средства од италијанскиот национален план за закрепнување. Италијанската програма е финансирана од Фондот за опоравување и отпорност на ЕУ од повеќе милијарди евра, кој е дизајниран да им помогне на земјите од ЕУ да им помогнат на нивните економии уништени од вирусот. Според податоците на ЕУ, италијанскиот национален план за закрепнување и отпорност е најголемиот во блокот, вреден 194,4 милијарди евра грантови и заеми и претставува 10,8 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2019 година. EППО објави дека финансиската полиција во Венеција, Италија, извршила наредба за замрзнување на имот во вредност од над 600 милиони евра, издадена од судија на претходна постапка. Финансиската полиција во Венеција соопшти дека се запленети и луксузни станови и вили, значителни количини криптовалути, часовници Ролекс, накит Картие, злато и луксузни автомобили. „Со поддршка на агенциите за спроведување на законот од другите инволвирани земји-членки, 22 лица беа уапсени во Италија, Австрија, Романија и Словачка“, соопшти ЕППО, истакнувајќи дека на осум осомничени им е одреден притвор, додека 14 осомничени се во домашен притвор, a на еден сметководител му е забрането да ја извршува професијата.  

The post Уапсени 22 лица во рамките на истрагата за злоупотреба на фондовите на ЕУ за помош во пандемијата appeared first on Република.

]]>
Пад на акциите на Волстрит: „Епл“ меѓу најголемите губитници https://republika.mk/vesti/svet/pad-na-aktsiite-na-volstrit-epl-megu-najgolemite-gubitnitsi/ Fri, 19 Jan 2024 10:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=734594

На Волстрит берзанските индекси паднаа бидејќи оптимизмот за намалување на каматните стапки ослабна.

„Dow Jones“ загуби 0,62 отсто, на 37.361 поен, додека „S&P 500“ се лизна за 0,37 отсто, на 4.765 поени, а индексот „Nasdaq“ 0,19 отсто, на 14.944 поени.

По силниот раст на цените на акциите на крајот на минатата година, оптимизмот на најголемата светска берза во новата година се намали, бидејќи надежите за агресивно намалување на каматните стапки од страна на ФЕД се намалија. Инвеститорите се надеваа дека централната банка ќе започне со намалување на каматните стапки во март, но тоа станува се помалку веројатно бидејќи инфлацијата останува релативно висока и економијата постојано расте.

По серијата лидери на ФЕД, гувернерот на централната банка, Кристофер Валер, изјави дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки, иако е се поуверен дека инфлацијата е на пат до целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

„Епл“ меѓу губитниците

Од 11 најважни сектори на индексот „S&P 500“, цените на акциите паднаа во 10 од нив, а највисоко кај енергетиката, за 2,4 отсто. Меѓу најголемите губитници беше банкарскиот сектор бидејќи цената на акцијата на Морган Стенли падна за повеќе од 4 отсто.

Секторот веќе беше под притисок, бидејќи голем број банки објавија послаби од очекуваните квартални деловни резултати. Со сегашниот пад од 1,2 отсто, индексот „S&P 500“ на банкарскиот сектор се лизна на најниското ниво за повеќе од еден месец.

Меѓу загубарите вчера беше и акцијата на „Епл“, со пад на цената од 1,2 отсто, откако технолошкиот гигант понуди попусти, што ретко го прави, при купувањето на „Ајфон“ во Кина поради големата конкуренција на тамошниот пазар.

И на европските берзи паднаа цените на акциите. Лондонскиот „FTSE“ индекс ослабе за 0,48 отсто, на 7.558 поени, додека франкфуртски „DAX“ се лизна за 0,30 отсто, на 16.571 поен, а париски „CAC“ 0,18 отсто, на 7.398 поени.

The post Пад на акциите на Волстрит: „Епл“ меѓу најголемите губитници appeared first on Република.

]]>

На Волстрит берзанските индекси паднаа бидејќи оптимизмот за намалување на каматните стапки ослабна. „Dow Jones“ загуби 0,62 отсто, на 37.361 поен, додека „S&P 500“ се лизна за 0,37 отсто, на 4.765 поени, а индексот „Nasdaq“ 0,19 отсто, на 14.944 поени. По силниот раст на цените на акциите на крајот на минатата година, оптимизмот на најголемата светска берза во новата година се намали, бидејќи надежите за агресивно намалување на каматните стапки од страна на ФЕД се намалија. Инвеститорите се надеваа дека централната банка ќе започне со намалување на каматните стапки во март, но тоа станува се помалку веројатно бидејќи инфлацијата останува релативно висока и економијата постојано расте. По серијата лидери на ФЕД, гувернерот на централната банка, Кристофер Валер, изјави дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки, иако е се поуверен дека инфлацијата е на пат до целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

„Епл“ меѓу губитниците

Од 11 најважни сектори на индексот „S&P 500“, цените на акциите паднаа во 10 од нив, а највисоко кај енергетиката, за 2,4 отсто. Меѓу најголемите губитници беше банкарскиот сектор бидејќи цената на акцијата на Морган Стенли падна за повеќе од 4 отсто. Секторот веќе беше под притисок, бидејќи голем број банки објавија послаби од очекуваните квартални деловни резултати. Со сегашниот пад од 1,2 отсто, индексот „S&P 500“ на банкарскиот сектор се лизна на најниското ниво за повеќе од еден месец. Меѓу загубарите вчера беше и акцијата на „Епл“, со пад на цената од 1,2 отсто, откако технолошкиот гигант понуди попусти, што ретко го прави, при купувањето на „Ајфон“ во Кина поради големата конкуренција на тамошниот пазар. И на европските берзи паднаа цените на акциите. Лондонскиот „FTSE“ индекс ослабе за 0,48 отсто, на 7.558 поени, додека франкфуртски „DAX“ се лизна за 0,30 отсто, на 16.571 поен, а париски „CAC“ 0,18 отсто, на 7.398 поени.

The post Пад на акциите на Волстрит: „Епл“ меѓу најголемите губитници appeared first on Република.

]]>
Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата https://republika.mk/vesti/svet/pad-na-aktsiite-na-epl-otkako-bankata-berklis-ja-namali-prognozata-za-kompanijata/ Wed, 03 Jan 2024 09:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=729223

Акциите на технолошкиот гигант Епл (Apple) паднаа за 3,58 отсто откако британската банка Барклис (Barclays) ги намали прогнозите за раст на акциите на компанијата од Купертино поради послабата побарувачка и побавната продажба на Ајфон (iPhone) 15 на Епл.

Барклис смета дека треба да се очекува и послаба продажба на Ајфон 16 на Епл и другите производи на оваа компанија.

На оваа вест реагираа и акциите на добавувачите на Епл од Азија, бидејќи акциите на ТСМК, која произведува напредни процесори за уредите на Епл, денеска паднаа за повеќе од два отсто, а акциите на Фокскон (Foxconn), која склопува уреди на Епл Ајфон, паднаа за 1,33 отсто.

Аналитичарот на Барклис, Тим Лонг, конкретно ги предупреди клиентите за послаба продажба на Ајфон 15 во Кина.

Продолжуваме да забележуваме слабости во продажбата на Ајфон, како и во продажбата на Мек компјутерите и Ајпад уредите на Епл, истакна Лонг.

Блумберг претходно објави дека кинеската влада издаде неформални упатства со кои ги советува кинеските владини претставници да не користат уреди на Епл.

The post Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата appeared first on Република.

]]>

Акциите на технолошкиот гигант Епл (Apple) паднаа за 3,58 отсто откако британската банка Барклис (Barclays) ги намали прогнозите за раст на акциите на компанијата од Купертино поради послабата побарувачка и побавната продажба на Ајфон (iPhone) 15 на Епл. Барклис смета дека треба да се очекува и послаба продажба на Ајфон 16 на Епл и другите производи на оваа компанија. На оваа вест реагираа и акциите на добавувачите на Епл од Азија, бидејќи акциите на ТСМК, која произведува напредни процесори за уредите на Епл, денеска паднаа за повеќе од два отсто, а акциите на Фокскон (Foxconn), која склопува уреди на Епл Ајфон, паднаа за 1,33 отсто. Аналитичарот на Барклис, Тим Лонг, конкретно ги предупреди клиентите за послаба продажба на Ајфон 15 во Кина. Продолжуваме да забележуваме слабости во продажбата на Ајфон, како и во продажбата на Мек компјутерите и Ајпад уредите на Епл, истакна Лонг. Блумберг претходно објави дека кинеската влада издаде неформални упатства со кои ги советува кинеските владини претставници да не користат уреди на Епл.

The post Пад на акциите на Епл откако банката Берклис ја намали прогнозата за компанијата appeared first on Република.

]]>
Власта се изјасни, трговците се на потег: Може да се прават акции и промоции https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-se-izjasni-trgovtsite-se-na-poteg-mozhe-da-se-pravat-aktsii-i-promotsii/ Fri, 27 Oct 2023 12:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=695594

До крајот на годинава ќе важи мерката за намалени цени на основните прехранбени производи и алкохолните и безалкохолните пијалоци што од 20 септември се продаваат со ознаката „гарантирана цена“, а укината е одлуката за забрана на акции и промоции од страна на производителите и дистрибутерите, одлучи денеска Владата.

По вчерашната конференција и дискусија со трговците на мало и на големо и производителите, како и со помош на Стопанската комора на  Македонија за да нема заблуда во делот на трговијата, денеска, на предлог на Министерството за економија, укината е Одлуката во делот на акциите имајќи во предвид дека одредени трговци на мало ја толкуваа претходната одлука како неможност за давање акции и промоции. Тоа значи дека сега и производителите и дистрибутерите ќе може да организираат такви акции со цел да ги намалат цените за потрошувачите - изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Мерката со која производите треба да имаат 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август годинава наместо до 30 ноември како што одлучи претходно Владата ќе важи до крајот на годината, до кога се очекува да стапи во сила законското решение за нефер трговски практики.

Согласно сите анализи и разговори со Државниот пазарен инспекторат и Секторот економија во Министерство за економија, а имајќи во предвид дека веќе е подготвен текстот на законот за нефер трговски практики кој треба за кратко време да биде пратен во собраниска процедура, анашите очекувања се до крајот на годината да биде усвоен, одлучивме мерката за намалување на цените и ознаката „гарантирана цена“ да продолжи до крајот на годината, односно наместо до 30 ноември да важи до крајот на годината. Дотогаш најверојатно ќе го имаме новото законско решение со нема да може да се прават злоупотреби во делот на намалување на цените - рече Бектеши.

Сите прехрабнети прозводи, како и алкохолни и безалкохолни пијалоци од Одлуката за гарантирана цена, посочи Бектеши, мора да ги имаат највисоките цени од 1 август годинава до крајот на годинава намалени со дополнителни 10 отсто согласно со донесената одлука.

The post Власта се изјасни, трговците се на потег: Може да се прават акции и промоции appeared first on Република.

Бектеши се премисли: Акции во маркетите, сепак ќе има https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-se-premisli-aktsii-vo-marketite-sepak-ke-ima/ Mon, 18 Sep 2023 11:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=682891

Одлуката дека ќе бидат забранети акциите во маркетите со кои одредени производи се нудат по значително пониски цени, сепак, ќе претрпи модификација и трговците ќе можат и на ваков начин да привлекуваат потрошувачи. Како што најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, одлуката која што утре треба да биде усвоена на владина седница „ќе има мала корекција“.

Утре ќе има мала корекција на таа одлука. Ми беше важно граѓаните да не бидат измамувани односно да се ставаат во заблуда, откако ќе бидат објавени одредени акции, кога ќе одат дома да видат дека рокот на траење е два дена и да имаат дополнителни трошоци бидејќи повеќе од 50 отсто од производите треба да ги фрлат. Такви акции нема да бидат дозволени. Но, акции за дополнително намалување од ова од ова што ние го утврдуваме ќе бидат дозволени - рече денес Бектеши на прес конференција одговарајќи на прашање на новинарите.

Тој додаде дека оние што имаат можност тоа да го направат, можат и да се промовираат себеси.

Тоа не е проблем, нам ни е важно да има намалување на цените и граѓаните да не бидат ставени во заблуда - рече Бектеши, појаснувајќи дека супермаркетите нема да можат да ставаат ознака „Акција“ за производите кои ги имаат заради истек на рокот.

„Тоа мора да се наведе, дека намалување на цената на одреден производ е поради истек на рокот. А, потоа потрошувачот сам ќе одлучи дали би го купил производот или дали има време во тој рок да ги потроши тие производи“, рече Бектеши.

The post Бектеши се премисли: Акции во маркетите, сепак ќе има appeared first on Република.

И тоа сака да ни го земе: Бектеши ги забранува акциите по маркетите https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-toa-saka-da-ni-go-zeme-bekteshi-gi-zabranuva-aktsiite-po-marketite/ Wed, 13 Sep 2023 12:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=681605

Министерството за економија предложи да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Тоа според министерот за економија Крешник Бектеши ќе доведе до линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто.

Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат замрзнати цените и на тој начин нема да можат да ги поскапат.

Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи - рече Бектеши по работниот состанок со раководителите на подрачните одделенија на Државниот пазарен инспекторат.

Нагласи дека иако има намалување на инфлацијата согласно согледувањата на Министерството за економија има уште простор за да се намалат цените и додаде дека сите завршни сметки на големите синџири на маркети покажуваат дека тие немаат намалување на нивните приходи, туку напротив имаат зголемување за претходната година.

The post И тоа сака да ни го земе: Бектеши ги забранува акциите по маркетите appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија предложи да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Тоа според министерот за економија Крешник Бектеши ќе доведе до линеарно намалување на цените за минимум 10 отсто. Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе бидат замрзнати цените и на тој начин нема да можат да ги поскапат.
Сите анализи покажуваат дека нема основ за зголемување на цените на основните прехранбени производи и од страна на трговците, но и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на светските берзи - рече Бектеши по работниот состанок со раководителите на подрачните одделенија на Државниот пазарен инспекторат.
Нагласи дека иако има намалување на инфлацијата согласно согледувањата на Министерството за економија има уште простор за да се намалат цените и додаде дека сите завршни сметки на големите синџири на маркети покажуваат дека тие немаат намалување на нивните приходи, туку напротив имаат зголемување за претходната година.

The post И тоа сака да ни го земе: Бектеши ги забранува акциите по маркетите appeared first on Република.

]]>
Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза https://republika.mk/vesti/ekonomija/zaplenetite-aktsii-na-mijalkov-na-auktsija-na-berza/ Wed, 19 Jul 2023 08:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=663007

Во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција акциите запленети од предметот „Империја“ кои се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, објави РСЕ.

Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“.

Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот.

The post Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза appeared first on Република.

]]>

Во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција акциите запленети од предметот „Империја“ кои се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, објави РСЕ. Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“. Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги ќе се продаваат во пакет. Нив сегашен сопственик е Агенцијата за конфискуван имот.

The post Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза appeared first on Република.

]]>
Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев https://republika.mk/sport/fudbal/goran-pandev-prodade-90-od-aktsiite-na-fk-akademija-pandev/ Sun, 07 May 2023 17:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=638079

На Македонската берза помина блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица, во сопственост на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација, Горан Пандев, објави „Фактор.мк“.

Податоците од Берзата велат дека се продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, околу  603.000 илјади евра.

Доколку се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, Академија Пандев има вкупно издание 2.500 акции, што значи дека преку берзанската блок трансакција е продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останати се само 250 акции.

Изразено во проценти, продадени се 90 отсто од ФК Академија Пандев за сума од 603.000 илјади евра.

Нема официјална информација за тоа кој го купи доминантниот и мнозински дел од акциите на прволигашкиот фудбалски клуб.

The post Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев appeared first on Република.

]]>

На Македонската берза помина блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица, во сопственост на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација, Горан Пандев, објави „Фактор.мк“. Податоците од Берзата велат дека се продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, околу  603.000 илјади евра. Доколку се погледнат податоците на Берзата за овој фудбалски клуб, Академија Пандев има вкупно издание 2.500 акции, што значи дека преку берзанската блок трансакција е продаден најголемиот дел од акциите, односно 2.250, а останати се само 250 акции. Изразено во проценти, продадени се 90 отсто од ФК Академија Пандев за сума од 603.000 илјади евра. Нема официјална информација за тоа кој го купи доминантниот и мнозински дел од акциите на прволигашкиот фудбалски клуб.

The post Горан Пандев продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев appeared first on Република.

]]>
Акции по ноќните клубови низ Македонија, приведени 62 лица, пронајдена дрога https://republika.mk/vesti/crna-hronika/aktsii-po-noknite-klubovi-niz-makedonija-privedeni-62-litsa-pronajdena-droga/ Sun, 19 Mar 2023 14:56:20 +0000 https://republika.mk/?p=621260

Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации, соопштија од МВР.

Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на СВР Скопје приведени се 61 лице, од кои 60 малолетници, кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, а едно лице поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, по чл.383 од Кривичниот законик.

За време на контролата откриени се вкупно четири прекршоци, по Закон за угостителска дејност на подрачјето на СВР Струмица, по Закон за пушење, Закон за лична карта и Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите на подрачјето на СВР Скопје, за кои се издадени соодветни платни налози.

The post Акции по ноќните клубови низ Македонија, приведени 62 лица, пронајдена дрога appeared first on Република.

]]>

Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации, соопштија од МВР. Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена ќеса со бела прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода и против него ќе следува соодветен поднесок. На подрачјето на СВР Скопје приведени се 61 лице, од кои 60 малолетници, кои по полноќ се затекнати во ноќен клуб и тие се предадени на родителите, а едно лице поради напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, по чл.383 од Кривичниот законик. За време на контролата откриени се вкупно четири прекршоци, по Закон за угостителска дејност на подрачјето на СВР Струмица, по Закон за пушење, Закон за лична карта и Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите на подрачјето на СВР Скопје, за кои се издадени соодветни платни налози.

The post Акции по ноќните клубови низ Македонија, приведени 62 лица, пронајдена дрога appeared first on Република.

]]>
Акциите на „Тесла“ губат вредност, цената падна под 700 долари https://republika.mk/zivot/tehnologija/akciite-na-tesla-gubat-vrednost-cenata-padna-pod-700-dolari/ Thu, 26 May 2022 07:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=507082

Акциите на компанијата „Тесла“ доживеаја дополнителен пад на берзите поради тоа што продолжуваат проблемите поврзани со производството во Кина.

Ова поттикна уште еден аналитичар да ја намали 12-месечната целна цена за акциите на овој производител на електрични автомобили.

Со производство од околу 13.000 автомобили неделно и маржи повисоки од просечните, секоја загуба во Шангај сигурно ќе има значително влијание врз маржите и заработката - вели аналитичарот Џајрам Нејтан, кој ја намали својата целна цена на акцијата од 1.150 на 800 долари.

До неодамна, акциите на „Тесла“ важеа за акции со висок раст. Тие се зголемија за повеќе од 50 отсто минатата година, а на 4 април, кога Маск објави дека поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“, достигнаа цена од 1.145 долари по акција. Оттогаш, акциите се најдоа во слободен пад, за сега да се тргуваат по 620,57 долари.

Откако Маск го откри својот удел во „Твитер“, акциите на „Тесла“ паднаа за 42 отсто во споредба со падот од 13 отсто на индексот СиП 500 и падот од 26 отсто во дискрециониот потрошувачки сектор СиП 500. Акциите на „Тесла“ се седми најлоши резултати во СиП 500.

The post Акциите на „Тесла“ губат вредност, цената падна под 700 долари appeared first on Република.

]]>

Акциите на компанијата „Тесла“ доживеаја дополнителен пад на берзите поради тоа што продолжуваат проблемите поврзани со производството во Кина. Ова поттикна уште еден аналитичар да ја намали 12-месечната целна цена за акциите на овој производител на електрични автомобили.
Со производство од околу 13.000 автомобили неделно и маржи повисоки од просечните, секоја загуба во Шангај сигурно ќе има значително влијание врз маржите и заработката - вели аналитичарот Џајрам Нејтан, кој ја намали својата целна цена на акцијата од 1.150 на 800 долари.
До неодамна, акциите на „Тесла“ важеа за акции со висок раст. Тие се зголемија за повеќе од 50 отсто минатата година, а на 4 април, кога Маск објави дека поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“, достигнаа цена од 1.145 долари по акција. Оттогаш, акциите се најдоа во слободен пад, за сега да се тргуваат по 620,57 долари. Откако Маск го откри својот удел во „Твитер“, акциите на „Тесла“ паднаа за 42 отсто во споредба со падот од 13 отсто на индексот СиП 500 и падот од 26 отсто во дискрециониот потрошувачки сектор СиП 500. Акциите на „Тесла“ се седми најлоши резултати во СиП 500.

The post Акциите на „Тесла“ губат вредност, цената падна под 700 долари appeared first on Република.

]]>
Дилема во американската јавност: Дали Илон Маск го прекрши законот по купувањето акции на Твитер и колкава е казната https://republika.mk/vesti/svet/dilema-vo-amerikanskata-javnost-dali-ilon-mask-go-prekrshi-zakonot-po-kupuvanjeto-akcii-na-tviter-i-kolkava-e-kaznata/ Wed, 06 Apr 2022 18:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=484281

Една од жешките теми во денешните изданија на американските медиуми е прашањето - дали Илон Маск повторно го прекршил американскиот закон за хартии од вредност?

Поранешни членови на американската комисија за хартии од вредност (SEC) и разни професори велат дека извршниот директор на „Тесла“ го пропуштил рокот за објавување на информацијата дека купил девет отсто од акциите на социјалната мрежа Твитер и дека доставил погрешна документација.

На 4 април, Маск откри дека купил 9,2 отсто од акциите на Твитер, што го прави најголемиот акционер во мрежата за микро-блогирање, што предизвика скок на акциите на компанијата за повеќе од 27 отсто. Во поднесок објавен на Њујоршката берза, тој навел дека купувањето е извршено на 14 март 2022 година, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот закон за хартии од вредност бара информациите за стекнување на пет отсто од акциите во една компанија да бидат обелоденети во рок од 10 дена, а во случајот на Маск, тој рок беше 24 март.

Доцнењето на објавувањето на стекнување имот може да доведе до наметнување граѓанска казна во висина до 207.183 американски долари - вели Урска Великоња, професор по право на Правниот центар на Универзитетот Џорџтаун.

Тоа не е голем финансиски удар за Маск, најбогатиот човек на светот со нето имот од 302 милијарди долари, но експертите велат дека КХВ би можела да истражи и да обвини пазарна манипулација околу купувањето акции на Твитер и да бара построги санкции во тековната истрага во врска со продажбата на акции на Тесла.

Ова не е навистина сива зона. Тој ја направи аквизицијата, но не поднесе документ во рок од 10 дена. Тоа е прекршување. Ова е јасно случај - цели Адам К. Причард, професор по право на ДИК, Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген.

Дополнително, Маск објави податоци за купувањето на формуларот „13Г“ кој е наменет за инвеститорите кои планираат пасивно да поседуваат акции, а во вторникот протече информација дека ќе добие место во одборот на Твитер за да поттикне промени во компанијата.

Тоа значи дека требало да го достави образецот „13Д“ што го користат инвеститори-активисти, извршни директори и директори кои имаат можност да влијаат на управувањето и политиката на издавачот на акции, посочуваат повеќе правници.

Елизар Клајн, копретседател на глобалната акционерска група за активизам во „Шолт Рот и Забел“, вели дека Маск користел несоодветна форма „13Г“ и затоа регулаторите имаат причина да го преиспитаат ова прашање и да одредат построга казна.

The post Дилема во американската јавност: Дали Илон Маск го прекрши законот по купувањето акции на Твитер и колкава е казната appeared first on Република.

]]>

Една од жешките теми во денешните изданија на американските медиуми е прашањето - дали Илон Маск повторно го прекршил американскиот закон за хартии од вредност? Поранешни членови на американската комисија за хартии од вредност (SEC) и разни професори велат дека извршниот директор на „Тесла“ го пропуштил рокот за објавување на информацијата дека купил девет отсто од акциите на социјалната мрежа Твитер и дека доставил погрешна документација. На 4 април, Маск откри дека купил 9,2 отсто од акциите на Твитер, што го прави најголемиот акционер во мрежата за микро-блогирање, што предизвика скок на акциите на компанијата за повеќе од 27 отсто. Во поднесок објавен на Њујоршката берза, тој навел дека купувањето е извршено на 14 март 2022 година, пренесува „Ројтерс“. Американскиот закон за хартии од вредност бара информациите за стекнување на пет отсто од акциите во една компанија да бидат обелоденети во рок од 10 дена, а во случајот на Маск, тој рок беше 24 март.
Доцнењето на објавувањето на стекнување имот може да доведе до наметнување граѓанска казна во висина до 207.183 американски долари - вели Урска Великоња, професор по право на Правниот центар на Универзитетот Џорџтаун.
Тоа не е голем финансиски удар за Маск, најбогатиот човек на светот со нето имот од 302 милијарди долари, но експертите велат дека КХВ би можела да истражи и да обвини пазарна манипулација околу купувањето акции на Твитер и да бара построги санкции во тековната истрага во врска со продажбата на акции на Тесла.
Ова не е навистина сива зона. Тој ја направи аквизицијата, но не поднесе документ во рок од 10 дена. Тоа е прекршување. Ова е јасно случај - цели Адам К. Причард, професор по право на ДИК, Правниот факултет на Универзитетот во Мичиген.
Дополнително, Маск објави податоци за купувањето на формуларот „13Г“ кој е наменет за инвеститорите кои планираат пасивно да поседуваат акции, а во вторникот протече информација дека ќе добие место во одборот на Твитер за да поттикне промени во компанијата. Тоа значи дека требало да го достави образецот „13Д“ што го користат инвеститори-активисти, извршни директори и директори кои имаат можност да влијаат на управувањето и политиката на издавачот на акции, посочуваат повеќе правници. Елизар Клајн, копретседател на глобалната акционерска група за активизам во „Шолт Рот и Забел“, вели дека Маск користел несоодветна форма „13Г“ и затоа регулаторите имаат причина да го преиспитаат ова прашање и да одредат построга казна.

The post Дилема во американската јавност: Дали Илон Маск го прекрши законот по купувањето акции на Твитер и колкава е казната appeared first on Република.

]]>
Пад на акциите на „Рио Тинто“ по одлуката на српската Влада за одземање на лиценцата https://republika.mk/vesti/svet/pad-na-akciite-na-rio-tinto-po-odlukata-na-srpskata-vlada-za-odzemanje-na-licencata/ Fri, 21 Jan 2022 11:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=447642

Акциите на компанијата „Рио Тинто“ денеска забележаа пад, откако Србија вчера донесе долука за укинување на нејзините лиценци за истражување на литиум во земјата поради еколошката загриженост, што им наштети на амбициите на оваа англо-австралиска компанија да стане најголемиот европски снабдувач на металот што се користи во електричните возила.

Одлуката на Србија доаѓа во момент кога се наближуваат општите избори во април и во време кога односите меѓу Белград и Канбера се влошија по депортацијата на тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ од Австралија.

Акциите на Рио Тинта паднаа за 4,1 отсто, откако на австралиската берза паднаа за цели 5,1 отсто, што е нејзин најголем пад во еден ден од април 2021 година. Референтниот индекс заврши со пад од 2,3 отсто.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, на прес-конференција во Белград изјави дека одлуката за повлекување на лиценците за „Рио Тинто“ е донесена по барањето на различни еколошки групи за суспендирање на литиумскиот проект „Јадар“, вреден 2,4 милијарди долари, а кој требаше да започне со производство во 2027 година, пренесуваат британските медиуми.

Илјадници лица на крајот на минатата година протестираа ширум цела Србија во знак на протест против владината поддршка за проектот, барајќи „Рио Тинто“ да ја напушти земјата и принудувајќи ја локалната општина Шабац да се откаже од планот за распределба на земјиштето за објектот.

„Рио Тинто“ веќе потроши 450 милиони долари во претходните студии за изводливост и за другите истражувања за „Јадар“ за да можеше да ја разбере природата на наоѓалиштето, соопшти компанијата во својот јулски извештај за проектот.

The post Пад на акциите на „Рио Тинто“ по одлуката на српската Влада за одземање на лиценцата appeared first on Република.

]]>

Акциите на компанијата „Рио Тинто“ денеска забележаа пад, откако Србија вчера донесе долука за укинување на нејзините лиценци за истражување на литиум во земјата поради еколошката загриженост, што им наштети на амбициите на оваа англо-австралиска компанија да стане најголемиот европски снабдувач на металот што се користи во електричните возила. Одлуката на Србија доаѓа во момент кога се наближуваат општите избори во април и во време кога односите меѓу Белград и Канбера се влошија по депортацијата на тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ од Австралија. Акциите на Рио Тинта паднаа за 4,1 отсто, откако на австралиската берза паднаа за цели 5,1 отсто, што е нејзин најголем пад во еден ден од април 2021 година. Референтниот индекс заврши со пад од 2,3 отсто. Српската премиерка, Ана Брнабиќ, на прес-конференција во Белград изјави дека одлуката за повлекување на лиценците за „Рио Тинто“ е донесена по барањето на различни еколошки групи за суспендирање на литиумскиот проект „Јадар“, вреден 2,4 милијарди долари, а кој требаше да започне со производство во 2027 година, пренесуваат британските медиуми. Илјадници лица на крајот на минатата година протестираа ширум цела Србија во знак на протест против владината поддршка за проектот, барајќи „Рио Тинто“ да ја напушти земјата и принудувајќи ја локалната општина Шабац да се откаже од планот за распределба на земјиштето за објектот. „Рио Тинто“ веќе потроши 450 милиони долари во претходните студии за изводливост и за другите истражувања за „Јадар“ за да можеше да ја разбере природата на наоѓалиштето, соопшти компанијата во својот јулски извештај за проектот.

The post Пад на акциите на „Рио Тинто“ по одлуката на српската Влада за одземање на лиценцата appeared first on Република.

]]>