Агенција за храна Archives - Република https://republika.mk/tema/agencija-za-hrana/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Sep 2023 15:53:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Агенција за храна Archives - Република https://republika.mk/tema/agencija-za-hrana/ 32 32 На рафтовите нема млеко со афлатоксин, неосновано се шири паника, тврди Агенцијата за храна https://republika.mk/zivot/zdravje/na-raftovite-nema-mleko-so-aflatoksin-neosnovano-se-shiri-panika-tvrdi-agentsijata-za-hrana/ Fri, 29 Sep 2023 15:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=686437

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации. Граѓаните да бидат спокојни, „канцерогено“ млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури – соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците“ – вели АХВ, додавајќи дека „веста“ на Трипуновски за млекото со афлатоксин е стара неколку месеци, а тој со неа денес се обидел да манипулира.

Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не е стасано во прометот – тврди Агенцијата.

Министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин, ги повика граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за собирање дневнополитички поени.

АХВ е најкомпетентна институција за тоа во државата и јас имам целосна доверба во тоа што го кажува, а и граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјави што ги даваат политичари за некаква придобивка или за дневен интерес и собирање политички поени – потенцира Бектеши.

Трипуновски денеска на Фејсбук објави дека „на 21 септември оваа година во Македонија се увезени преку 20 тони трајно млеко од Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година“ и дека ова млеко е пуштено во промет иако во него е детектиран афлатоксин М1, над максималното дозволено ниво.

The post На рафтовите нема млеко со афлатоксин, неосновано се шири паника, тврди Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ дека на рафтовите во продавниците се пласирани над 20 тони трајно млеко по потекло од соседна Србија кај кое лабораториски е детектирано присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените концентрации. Граѓаните да бидат спокојни, „канцерогено“ млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури – соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците“ – вели АХВ, додавајќи дека „веста“ на Трипуновски за млекото со афлатоксин е стара неколку месеци, а тој со неа денес се обидел да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не е стасано во прометот – тврди Агенцијата. Министерот за економија Крешник Бектеши во врска со обвинувањата дека во продавниците има над 20 тони трајно млеко од Србија со афлатоксин, ги повика граѓаните да им веруваат на институциите, а не на изјавите што ги даваат некои политичари за собирање дневнополитички поени. АХВ е најкомпетентна институција за тоа во државата и јас имам целосна доверба во тоа што го кажува, а и граѓаните треба да им веруваат на институциите, а не на изјави што ги даваат политичари за некаква придобивка или за дневен интерес и собирање политички поени – потенцира Бектеши. Трипуновски денеска на Фејсбук објави дека „на 21 септември оваа година во Македонија се увезени преку 20 тони трајно млеко од Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година“ и дека ова млеко е пуштено во промет иако во него е детектиран афлатоксин М1, над максималното дозволено ниво.

The post На рафтовите нема млеко со афлатоксин, неосновано се шири паника, тврди Агенцијата за храна appeared first on Република.

]]>
Повлечен од продажба детски прибор за јадење од бамбус https://republika.mk/vesti/ekonomija/povlechen-od-prodazhba-detski-pribor-za-jadene-od-bambus/ Tue, 10 Jan 2023 18:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=595544

Прибор за јадење кој најчесто го користат деца повлечен од македонскиот пазар. Станува збор за бамбус чинии, чашки, длабоки и чинии со прегради како и сетови од француски производител. Агенцијата за храна и ветеринарство добила предупредување од европскиот систем за небезбедна храна дека овие пластични производи кои содржат бамбусови влакна се потенцијален ризик по здравјето затоа што за повеќето адитиви од растителна основа, вклучително и бамбусот не е направена проценка за безбедност при нивна употреба во пластиката.

Пластичните производи што се продаваат како материјали за контакти со храна, кои содржат бамбус и други неовластени адитиви на база на растенија, не се во согласност со одредбите од Правилникот за посебни барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната,ој е усогласен со ЕУ Регулативата 1245/20 и која ја дополнува Регулативата (ЕУ) 10/2011 за пластични материјали во допир со храна“, информираат од АХВ.

Сите кои имаат купено вакви производи, да не ги користат или да ги вратат на местото од каде се купени.

Засега нема информација колкава количина од спорните производи е увезена и продавана на македонскиот пазар.

The post Повлечен од продажба детски прибор за јадење од бамбус appeared first on Република.

]]>

Прибор за јадење кој најчесто го користат деца повлечен од македонскиот пазар. Станува збор за бамбус чинии, чашки, длабоки и чинии со прегради како и сетови од француски производител. Агенцијата за храна и ветеринарство добила предупредување од европскиот систем за небезбедна храна дека овие пластични производи кои содржат бамбусови влакна се потенцијален ризик по здравјето затоа што за повеќето адитиви од растителна основа, вклучително и бамбусот не е направена проценка за безбедност при нивна употреба во пластиката.
Пластичните производи што се продаваат како материјали за контакти со храна, кои содржат бамбус и други неовластени адитиви на база на растенија, не се во согласност со одредбите од Правилникот за посебни барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната,ој е усогласен со ЕУ Регулативата 1245/20 и која ја дополнува Регулативата (ЕУ) 10/2011 за пластични материјали во допир со храна“, информираат од АХВ.
Сите кои имаат купено вакви производи, да не ги користат или да ги вратат на местото од каде се купени. Засега нема информација колкава количина од спорните производи е увезена и продавана на македонскиот пазар.

The post Повлечен од продажба детски прибор за јадење од бамбус appeared first on Република.

]]>
АХВ: Токсичен јогурт се повлекува од пазарот – присутни канцерогени материи https://republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-toksichen-jogurt-se-povlekuva-od-pazarot-prisutni-kancerogeni-materii/ Sun, 20 Nov 2022 20:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=576261

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.

Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб.

Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.

Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.

Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.

Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.

The post АХВ: Токсичен јогурт се повлекува од пазарот – присутни канцерогени материи appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб. Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември. Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija. Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.

The post АХВ: Токсичен јогурт се повлекува од пазарот – присутни канцерогени материи appeared first on Република.

]]>
Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко „МИЛКАНО“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-pazarot-se-povlekuvaat-20-toni-nebezbedno-mleko-milkano/ Mon, 07 Nov 2022 15:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=571013

Од малопродажба се повлекуваат 20 тони УХТ трајно млеко „МИЛКАНО“ 3,2 отсто, увезено од БиХ, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, согласно македонските прописи.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) сооошти дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба.

Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од БиХ го прифатат тоа. Во спротивно, ќе биде уништено на депонијата Дрисла.

Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.

Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „МИЛКАНО“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме да не го употребуваат, туку да го вратат на местото каде што е купен. Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „МИЛКАНО“ увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година, наведува АХВ

АХВ потсетува и дека секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

The post Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко „МИЛКАНО“ appeared first on Република.

]]>

Од малопродажба се повлекуваат 20 тони УХТ трајно млеко „МИЛКАНО“ 3,2 отсто, увезено од БиХ, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, согласно македонските прописи. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) сооошти дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба. Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од БиХ го прифатат тоа. Во спротивно, ќе биде уништено на депонијата Дрисла. Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.
Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „МИЛКАНО“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме да не го употребуваат, туку да го вратат на местото каде што е купен. Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „МИЛКАНО“ увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година, наведува АХВ
АХВ потсетува и дека секоја недоследност во однос на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

The post Од пазарот се повлекуваат 20 тони небезбедно млеко „МИЛКАНО“ appeared first on Република.

]]>
АХВ предупредува на епидемично ширење на Африканската свинска чума https://republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-predupreduva-na-epidemichno-shirenje-na-afrikanskata-svinska-chuma/ Fri, 12 Aug 2022 10:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=539557

Африканската свинска чума се шири со епидемична брзина низ фармите од источниот регион. За две недели се прошири од Каменичко, преку Кочанско до Виничка Кршла, каде на една трите поголеми фарми се потврдени случаи на заразени свињи.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се приморани како превентива хумано да ги уништат сите свињи во радиус од 3 км околу жариштето, што значи дека ќе бидат опфатени и малите одгледувалишта во кои жителите за сопствени потреби чуваат по неколку свињи. Според првичните проценки се работи за околу 400 единки. Во меѓувреме интензивно се одвива акцијата за депопулација на заразените свињи.

Од кога е почната заразата, на 27.07, од кога е прогласено, 137 мислам дека се уништени до сега, изјави Вања Кондратенко, раководител на сектор за здравствена заштита, АХВ.

Истовремено се земаат мостри од другите фарми во радиус од 10 километри околу трите жаришта, за да може да се превенира во понатамошно ширење на вирусот. Фармерите се загрижени дека заболувањето може значително да го намали бројот на свињи и да им нанесе тежок финансиски удар по домашниот буџет.

The post АХВ предупредува на епидемично ширење на Африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>

Африканската свинска чума се шири со епидемична брзина низ фармите од источниот регион. За две недели се прошири од Каменичко, преку Кочанско до Виничка Кршла, каде на една трите поголеми фарми се потврдени случаи на заразени свињи. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се приморани како превентива хумано да ги уништат сите свињи во радиус од 3 км околу жариштето, што значи дека ќе бидат опфатени и малите одгледувалишта во кои жителите за сопствени потреби чуваат по неколку свињи. Според првичните проценки се работи за околу 400 единки. Во меѓувреме интензивно се одвива акцијата за депопулација на заразените свињи.
Од кога е почната заразата, на 27.07, од кога е прогласено, 137 мислам дека се уништени до сега, изјави Вања Кондратенко, раководител на сектор за здравствена заштита, АХВ.
Истовремено се земаат мостри од другите фарми во радиус од 10 километри околу трите жаришта, за да може да се превенира во понатамошно ширење на вирусот. Фармерите се загрижени дека заболувањето може значително да го намали бројот на свињи и да им нанесе тежок финансиски удар по домашниот буџет.

The post АХВ предупредува на епидемично ширење на Африканската свинска чума appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Владата прогласи штедење, а Агенцијата за храна објави тендер за нова зграда од 8,3 милиони евра https://republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-vladata-proglasi-shtedenje-a-agencijata-za-hrana-objavi-tender-za-nova-zgrada-od-8-3-milioni-evra/ Mon, 21 Mar 2022 11:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=476050

„Антикризните мерки на оваа Влада се само на хартија. Ковачевски се фалеше дека забранил да се купува мебел откако сите министерства купија луксузни софи и фотелји, а денес гледаме дека непродуктивните трошоци се бројат во милиони евра. Агенцијата за храна и ветеринарство објави тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш, a плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното, односно согласно времените ситуации“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Според Арсовски, иако можеби е потребна нова зграда за вработените, сепак, како што нагласи, во време на криза и кога се најавува штедење од страна на самата Влада, не е неопходно сега веднаш да се отпочне со градење и трошење на толкава сума на пари.

Дополнително, дали цената е реална од 8.3 милиони евра за околу 2.600 квадрати површина или не е реална, и дали соодвествува со она кое што ќе биде изградено, тоа е друга приказна и друга тема која што треба дополнително да се разговара. Но, овие 8.3 милиони евра во овој момент можеле да се искористат за многу други потребни работи за граѓаните, со цел да им се помогне да ја пребродат оваа криза, рече Арсовски.

Тој нагласи дека Владата во изминативе месеци веќе имала потрошено 2 милиони евра на луксуз и на непродуктивни трошоци иако знаела дека ќе има сериозна економска криза.

https://youtu.be/wT8XmeTVdFw

The post Арсовски: Владата прогласи штедење, а Агенцијата за храна објави тендер за нова зграда од 8,3 милиони евра appeared first on Република.

]]>

„Антикризните мерки на оваа Влада се само на хартија. Ковачевски се фалеше дека забранил да се купува мебел откако сите министерства купија луксузни софи и фотелји, а денес гледаме дека непродуктивните трошоци се бројат во милиони евра. Агенцијата за храна и ветеринарство објави тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш, a плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното, односно согласно времените ситуации“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Според Арсовски, иако можеби е потребна нова зграда за вработените, сепак, како што нагласи, во време на криза и кога се најавува штедење од страна на самата Влада, не е неопходно сега веднаш да се отпочне со градење и трошење на толкава сума на пари.
Дополнително, дали цената е реална од 8.3 милиони евра за околу 2.600 квадрати површина или не е реална, и дали соодвествува со она кое што ќе биде изградено, тоа е друга приказна и друга тема која што треба дополнително да се разговара. Но, овие 8.3 милиони евра во овој момент можеле да се искористат за многу други потребни работи за граѓаните, со цел да им се помогне да ја пребродат оваа криза, рече Арсовски.
Тој нагласи дека Владата во изминативе месеци веќе имала потрошено 2 милиони евра на луксуз и на непродуктивни трошоци иако знаела дека ќе има сериозна економска криза. https://youtu.be/wT8XmeTVdFw

The post Арсовски: Владата прогласи штедење, а Агенцијата за храна објави тендер за нова зграда од 8,3 милиони евра appeared first on Република.

]]>